трговија со дрога Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trgovija-so-droga/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Jun 2024 15:43:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трговија со дрога Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trgovija-so-droga/ 32 32 Приведени 28 лица за трговија со дрога во голема полициска акција на „тигрите“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-28-litsa-za-trgovija-so-droga-vo-golema-politsiska-aktsija-na-tigrite/ Sat, 01 Jun 2024 15:43:28 +0000 https://republika.mk/?p=783908

Вкупно 28 лица се лишени од слобода во рамки на криминалистичка истрага која од декември 2023 се спроведуваше по насоки на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, а се однесува на сузбивање на улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицата се уапсени на 31 мај и 1 јуни во голема заедничка акција на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, САЕ Тигар и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија по преземени низа координирани мерки и активности на подрачјето на Скопје.

„Во акцијата за сузбивање на улично дилерство на дрога изминатата ноќ лишени се од слобода В.Г.(46), М.В.(22) и С.Б.(21), кај кои бил пронајден кокаин, Д.Т.(24) од Кочани, како и С.В.(28) од Скопје, кај кои при претрес биле пронајдени поголеми суми пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на наркотична дрога“, стои во соопштението од МВР.

Покрај ова, како што дополнуваат, извршени се претреси на седум локации во Скопје, при што кај Ѓ.Ш.(41) од Скопје биле пронајдени марихуана, вага и други предмети поврзани со кривичното дело, кај А.П.(29) пронајден е куршум и запалка за бомба, кај Б.П.(34) се пронајдени остатоци од кокаин и други предмети поврзани со кривичното дело.

„Од слобода се лишени и А.Б.Ј., поради сомнение за уништување докази, како и М.Д.(37) од Скопје, кај кого бил пронајден кокаин“, велат оттаму.

Поголема сума пари, марихуана, лични карти и пасоши на повеќе лица оставани како залог за купопродажба на дрога, полицијата пронашла при претрес кај Ф.Д.(41) од Скопје, а при преземени мерки за негово лишување од слобода, тој не застанал на издадена наредба за запирање, при што оштетил три службени возила, извршувајќи и кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и за него е издаден распис за негово пронаоѓање и приведување.

„Покрај 28-те вкупно приведени лица, во текот на криминалистичката истрага обезбедени се повеќе материјални докази за инволвираност на лицата во улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана, за две лица е веќе поднесена кривична пријава и одредена е мерка притвор, одземен е мотоцикл хонда како и патничко возило форд мондео за кое се обезбедени докази дека било користено за продажба на кокаин“, велат од МВР.

Во текот на денешниот ден, како што дополнуваат, од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против седум лица.

The post Приведени 28 лица за трговија со дрога во голема полициска акција на „тигрите“ appeared first on Република.

]]>

Вкупно 28 лица се лишени од слобода во рамки на криминалистичка истрага која од декември 2023 се спроведуваше по насоки на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, а се однесува на сузбивање на улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи. Лицата се уапсени на 31 мај и 1 јуни во голема заедничка акција на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, САЕ Тигар и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија по преземени низа координирани мерки и активности на подрачјето на Скопје. „Во акцијата за сузбивање на улично дилерство на дрога изминатата ноќ лишени се од слобода В.Г.(46), М.В.(22) и С.Б.(21), кај кои бил пронајден кокаин, Д.Т.(24) од Кочани, како и С.В.(28) од Скопје, кај кои при претрес биле пронајдени поголеми суми пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на наркотична дрога“, стои во соопштението од МВР. Покрај ова, како што дополнуваат, извршени се претреси на седум локации во Скопје, при што кај Ѓ.Ш.(41) од Скопје биле пронајдени марихуана, вага и други предмети поврзани со кривичното дело, кај А.П.(29) пронајден е куршум и запалка за бомба, кај Б.П.(34) се пронајдени остатоци од кокаин и други предмети поврзани со кривичното дело. „Од слобода се лишени и А.Б.Ј., поради сомнение за уништување докази, како и М.Д.(37) од Скопје, кај кого бил пронајден кокаин“, велат оттаму. Поголема сума пари, марихуана, лични карти и пасоши на повеќе лица оставани како залог за купопродажба на дрога, полицијата пронашла при претрес кај Ф.Д.(41) од Скопје, а при преземени мерки за негово лишување од слобода, тој не застанал на издадена наредба за запирање, при што оштетил три службени возила, извршувајќи и кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и за него е издаден распис за негово пронаоѓање и приведување.
„Покрај 28-те вкупно приведени лица, во текот на криминалистичката истрага обезбедени се повеќе материјални докази за инволвираност на лицата во улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана, за две лица е веќе поднесена кривична пријава и одредена е мерка притвор, одземен е мотоцикл хонда како и патничко возило форд мондео за кое се обезбедени докази дека било користено за продажба на кокаин“, велат од МВР.
Во текот на денешниот ден, како што дополнуваат, од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против седум лица.  

The post Приведени 28 лица за трговија со дрога во голема полициска акција на „тигрите“ appeared first on Република.

]]>
Бајден со мексиканскиот претседател заедно бараат мерки за борба против миграцијата и трговијата со дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-so-meksikanskiot-pretsedatel-zaedno-baraat-merki-za-borba-protiv-migratsijata-i-trgovijata-so-droga/ Sat, 18 Nov 2023 10:20:48 +0000 https://republika.mk/?p=702817

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот мексикански колега Андрес Мануел Лопез Обрадор изразија заедничка желба да се справат со миграцијата и трговијата со дрога, пренесуваат странските агенции.

Бајден се состана со својот мексикански колега на крајот од четиридневната дипломатска турнеја во Кина и другите земји во Азиско-пацифичкиот регион.

Мексико и САД се обединети. Тоа може да се види во нашата соработка на полето на безбедноста - работиме рамо до рамо во борбата против трговијата со оружје, организираниот криминал и епидемијата од опиоиди, вклучувајќи го и фентанилот“, изјави американскиот претседател.

Лопез Обрадор, од своја страна, ги дефинираше односите меѓу Вашингтон и Мексико како почитувани и засновани на соработка и го пофали Бајден за неговата имиграциска политика, нарекувајќи го „исклучителен претседател“ и „човек со убедувања“.

Во однос на борбата против наркотиците, Мексико е посветено да продолжи да помага во спречување на зависноста од дрога и фентанил. Ние сме целосно свесни за штетата што ја нанесуваат на младите во САД“, додаде мексиканскиот претседател.

Како што наведуваат агенциите, САД регистрираа рекорден број илегални имигранти кои влегле на границата со Мексико откако Бајден е претседател. Многу од неговите противници го користат ова како аргумент против неговата кандидатура за реизбор за претседател на гласањето следната година. Покрај тоа, републиканците го критикуваат Бајден дека не направил доволно за да го запре трансферот на фентанил од Мексико.

The post Бајден со мексиканскиот претседател заедно бараат мерки за борба против миграцијата и трговијата со дрога appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот мексикански колега Андрес Мануел Лопез Обрадор изразија заедничка желба да се справат со миграцијата и трговијата со дрога, пренесуваат странските агенции. Бајден се состана со својот мексикански колега на крајот од четиридневната дипломатска турнеја во Кина и другите земји во Азиско-пацифичкиот регион.
Мексико и САД се обединети. Тоа може да се види во нашата соработка на полето на безбедноста - работиме рамо до рамо во борбата против трговијата со оружје, организираниот криминал и епидемијата од опиоиди, вклучувајќи го и фентанилот“, изјави американскиот претседател.
Лопез Обрадор, од своја страна, ги дефинираше односите меѓу Вашингтон и Мексико како почитувани и засновани на соработка и го пофали Бајден за неговата имиграциска политика, нарекувајќи го „исклучителен претседател“ и „човек со убедувања“.
Во однос на борбата против наркотиците, Мексико е посветено да продолжи да помага во спречување на зависноста од дрога и фентанил. Ние сме целосно свесни за штетата што ја нанесуваат на младите во САД“, додаде мексиканскиот претседател.
Како што наведуваат агенциите, САД регистрираа рекорден број илегални имигранти кои влегле на границата со Мексико откако Бајден е претседател. Многу од неговите противници го користат ова како аргумент против неговата кандидатура за реизбор за претседател на гласањето следната година. Покрај тоа, републиканците го критикуваат Бајден дека не направил доволно за да го запре трансферот на фентанил од Мексико.

The post Бајден со мексиканскиот претседател заедно бараат мерки за борба против миграцијата и трговијата со дрога appeared first on Република.

]]>
Апсење на МВР и ДЕА: 27-годишен стружанец на чело на криминална банда која продавала на дрога во Австралија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/apsenje-na-mvr-i-dea-27-godishen-struzanec-na-chelo-na-kriminalna-banda-koja-prodavala-na-droga-vo-avstralija/ Fri, 28 Oct 2022 10:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=566762

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги, Единица за недозволена трговија со дрога заедно со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во директна соработка и размена на докази со Австралиската федерална полиција и полициските сили од Западна Австралија, а во координација и со американската ДЕА, по едногодишна истрага, во Струга го лиши од слобода И.Р. (27) од Струга, со македонско-австралиско државјанство, за кого постојат основи на сомнение дека е координатор на меѓународна организирана криминална група која дејствувала главно на територијата на Австралија, користејќи софистициран начин на комуникација, преку енкриптирани телефонски уреди и договарање на зделките со дрога.

Во текот на оваа меѓународна операција во Австралија лишени се од слобода 13 лица кои биле припадници на криминални групи поврзани со групата која ја координирал И.Р., при што била запленета голема количина наркотична дрога метиламфетамин и кокаин во вредност од над 10.000.000 австралиски долари, како и голем износ на парични средства.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги, Единицата за недозволена трговија со дрога оваа операција ја спроведе заедно со Секторите за прикриени операции и меѓународна полициска соработка и Специјалната антитерористичка единица Тигар. За време на претресите кај И.Р. во Струга беа пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека се користени при извршување на кривичните дела „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл. 215 став 1 и „Злосторничко здружување“ по чл.394 ст.1 од Кривичниот законик.

Лицето е приведено и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО за ГОКК за наведените кривични дела, а од страна на Судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје одредена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена.

The post Апсење на МВР и ДЕА: 27-годишен стружанец на чело на криминална банда која продавала на дрога во Австралија appeared first on Република.

]]>

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги, Единица за недозволена трговија со дрога заедно со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во директна соработка и размена на докази со Австралиската федерална полиција и полициските сили од Западна Австралија, а во координација и со американската ДЕА, по едногодишна истрага, во Струга го лиши од слобода И.Р. (27) од Струга, со македонско-австралиско државјанство, за кого постојат основи на сомнение дека е координатор на меѓународна организирана криминална група која дејствувала главно на територијата на Австралија, користејќи софистициран начин на комуникација, преку енкриптирани телефонски уреди и договарање на зделките со дрога. Во текот на оваа меѓународна операција во Австралија лишени се од слобода 13 лица кои биле припадници на криминални групи поврзани со групата која ја координирал И.Р., при што била запленета голема количина наркотична дрога метиламфетамин и кокаин во вредност од над 10.000.000 австралиски долари, како и голем износ на парични средства. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги, Единицата за недозволена трговија со дрога оваа операција ја спроведе заедно со Секторите за прикриени операции и меѓународна полициска соработка и Специјалната антитерористичка единица Тигар. За време на претресите кај И.Р. во Струга беа пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека се користени при извршување на кривичните дела „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл. 215 став 1 и „Злосторничко здружување“ по чл.394 ст.1 од Кривичниот законик. Лицето е приведено и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО за ГОКК за наведените кривични дела, а од страна на Судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје одредена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена.

The post Апсење на МВР и ДЕА: 27-годишен стружанец на чело на криминална банда која продавала на дрога во Австралија appeared first on Република.

]]>
Уапсен стружанец шеф на наркогрупа која растурала кристален мет и кокаин низ Австралија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-struzanec-shef-na-narkogrupa-koja-rasturala-kristalen-met-i-kokain-niz-avstralija/ Fri, 28 Oct 2022 10:25:07 +0000 https://republika.mk/?p=566766

Дваесет и седумгодишен стружанец И.Р. е приведен под сомнение дека е координатор на меѓународна организирана криминална група која дејствувала главно на територијата на Австралија, како и други 13 лица поврзани со групата која ја координирал тој Запленета била голема количина наркотична дрога метиламфетамин и кокаин во вредност од над 10.000.000 австралиски долари, како и голем износ на парични средства.

МВР денеска соопшти дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги, Единица за недозволена трговија со дрога заедно со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во директна соработка и размена на докази со Австралиската федерална полиција и полициските сили од Западна Австралија, а во координација и со американската ДЕА, по едногодишна истрага, во Струга го лишиле од слобода И.Р.(27) од Струга, со македонско – австралиско државјанство, за кого постојат основи на сомнение дека е координатор на меѓународна организирана криминална група која дејствувала главно на територијата на Австралија, користејќи софистициран начин на комуникација, преку енкриптирани телефонски уреди и договарање на зделките со дрога.

Во текот на оваа меѓународна операција во Австралија лишени се од слобода 13 лица кои биле припадници на криминални групи поврзани со групата која ја координирал И.Р., при што била запленета голема количина наркотична дрога метиламфетамин и кокаин во вредност од над 10.000.000 австралиски долари, како и голем износ на парични средства, информира МВР.

Според соопштението, за време на претресите кај И.Р. во Струга биле пронајдени повеќе предмети за кои постоело сомнение дека се користени при извршување на кривичните дела „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл. 215 став 1 и „Злосторничко здружување“ по чл.394 ст.1 од Кривичниот законик.

Лицето е приведено и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО за ГОКК за наведените кривични дела, а од страна на Судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје одредена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена, стои во соопштението на полицијата.

The post Уапсен стружанец шеф на наркогрупа која растурала кристален мет и кокаин низ Австралија appeared first on Република.

]]>

Дваесет и седумгодишен стружанец И.Р. е приведен под сомнение дека е координатор на меѓународна организирана криминална група која дејствувала главно на територијата на Австралија, како и други 13 лица поврзани со групата која ја координирал тој Запленета била голема количина наркотична дрога метиламфетамин и кокаин во вредност од над 10.000.000 австралиски долари, како и голем износ на парични средства. МВР денеска соопшти дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги, Единица за недозволена трговија со дрога заедно со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во директна соработка и размена на докази со Австралиската федерална полиција и полициските сили од Западна Австралија, а во координација и со американската ДЕА, по едногодишна истрага, во Струга го лишиле од слобода И.Р.(27) од Струга, со македонско – австралиско државјанство, за кого постојат основи на сомнение дека е координатор на меѓународна организирана криминална група која дејствувала главно на територијата на Австралија, користејќи софистициран начин на комуникација, преку енкриптирани телефонски уреди и договарање на зделките со дрога.
Во текот на оваа меѓународна операција во Австралија лишени се од слобода 13 лица кои биле припадници на криминални групи поврзани со групата која ја координирал И.Р., при што била запленета голема количина наркотична дрога метиламфетамин и кокаин во вредност од над 10.000.000 австралиски долари, како и голем износ на парични средства, информира МВР.
Според соопштението, за време на претресите кај И.Р. во Струга биле пронајдени повеќе предмети за кои постоело сомнение дека се користени при извршување на кривичните дела „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл. 215 став 1 и „Злосторничко здружување“ по чл.394 ст.1 од Кривичниот законик.
Лицето е приведено и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО за ГОКК за наведените кривични дела, а од страна на Судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје одредена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена, стои во соопштението на полицијата.

The post Уапсен стружанец шеф на наркогрупа која растурала кристален мет и кокаин низ Австралија appeared first on Република.

]]>
Запленети кокаин, оружје и имот вреден два милиона евра, 45 уапсени: Меѓународна акција против албанска криминална група https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zapleneti-kokain-oruzje-i-imot-vreden-dva-miliona-evra-45-uapseni-megjunarodna-akcija-protiv-albanska-kriminalna-grupa/ Wed, 16 Feb 2022 12:36:55 +0000 https://republika.mk/?p=459338

Италијанските власти за борба против мафијата информираат дека во соработка со американските, шпанските, холандските, белгиските, хрватските и германските полициски и судски сили, реализирале мега операција, во која е разбиена криминална мафијашка организација, чии членови биле Албанци, јави албанската телевизијата „Ора њуз“.

Според истиот извор организацијата шверцувала големи количества кокаин од Јужна Америка во Европа. Шпанија и другите европски земји се користеле за сложени финансиски операции, каде што се переле парите добиени од шверцот на дрога во вредност од неколку милиони евра.

Во мега операцијата уапсени се 45 лица, извршени се претреси на 80 локации при што се запленети дрога и оружје, како и имот вреден два милиона евра. Членовите на криминалната група користеле шифрирана комуникација и редовно патувале во Дубаи, во Мексико и во Колумбија.

Во акцијата учествувале околу 600 полициски сили и специјални единици на италијанската, белгиската, хрватската, шпанската, британската, холандската и германската полиција, во координација на Европол.

The post Запленети кокаин, оружје и имот вреден два милиона евра, 45 уапсени: Меѓународна акција против албанска криминална група appeared first on Република.

]]>

Италијанските власти за борба против мафијата информираат дека во соработка со американските, шпанските, холандските, белгиските, хрватските и германските полициски и судски сили, реализирале мега операција, во која е разбиена криминална мафијашка организација, чии членови биле Албанци, јави албанската телевизијата „Ора њуз“. Според истиот извор организацијата шверцувала големи количества кокаин од Јужна Америка во Европа. Шпанија и другите европски земји се користеле за сложени финансиски операции, каде што се переле парите добиени од шверцот на дрога во вредност од неколку милиони евра. Во мега операцијата уапсени се 45 лица, извршени се претреси на 80 локации при што се запленети дрога и оружје, како и имот вреден два милиона евра. Членовите на криминалната група користеле шифрирана комуникација и редовно патувале во Дубаи, во Мексико и во Колумбија. Во акцијата учествувале околу 600 полициски сили и специјални единици на италијанската, белгиската, хрватската, шпанската, британската, холандската и германската полиција, во координација на Европол.

The post Запленети кокаин, оружје и имот вреден два милиона евра, 45 уапсени: Меѓународна акција против албанска криминална група appeared first on Република.

]]>
Запленети автомобили и имот вредни два милиони евра, 25 кг кокаин и 11 кг марихуана: Во Италија уапсени 18 Албанци https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zapleneti-avtomobili-i-imot-vredni-dva-milioni-evra-25-kg-kokain-i-11-kg-marihuana-vo-italija-uapseni-18-albanci/ Sat, 29 Jan 2022 13:06:52 +0000 https://republika.mk/?p=451179

Италијанската полиција разбила две криминални групи, чии членови се албански државјани кои се занимавале со недозволена трговија со дрога.

Уапсени се 18 лица, запленет е имот вреден два милиони евра, кој се состои од автомобили и недвижен имот, како и пари во готово. Исто така, запленети се и 25 килограми кокаин и 11 килограми марихуана - пренесуваат албанските медиуми, повикувајќи се на италијанската полиција.

Двете криминални групи вршеле шверц на дрога на територијата на Венето.

Во истрагата биле опфатени 33 лица кои оперирале и во Венеција, Падова, Тревизо и Верона, додека врските стигнувале до Ломбардија.

The post Запленети автомобили и имот вредни два милиони евра, 25 кг кокаин и 11 кг марихуана: Во Италија уапсени 18 Албанци appeared first on Република.

]]>

Италијанската полиција разбила две криминални групи, чии членови се албански државјани кои се занимавале со недозволена трговија со дрога.
Уапсени се 18 лица, запленет е имот вреден два милиони евра, кој се состои од автомобили и недвижен имот, како и пари во готово. Исто така, запленети се и 25 килограми кокаин и 11 килограми марихуана - пренесуваат албанските медиуми, повикувајќи се на италијанската полиција.
Двете криминални групи вршеле шверц на дрога на територијата на Венето. Во истрагата биле опфатени 33 лица кои оперирале и во Венеција, Падова, Тревизо и Верона, додека врските стигнувале до Ломбардија.

The post Запленети автомобили и имот вредни два милиони евра, 25 кг кокаин и 11 кг марихуана: Во Италија уапсени 18 Албанци appeared first on Република.

]]>
Запленети 1.800 килограми дрога и пресечени 16 меѓународни транспорти https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zapleneti-1-800-kilogrami-droga-i-presecheni-16-megjunarodni-transporti/ Wed, 05 Jan 2022 11:51:24 +0000 https://republika.mk/?p=440925

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, цени дека во 2021 полицијата постигнала сериозен успех во борбата против недозволена трговија со дрога.

Пресечени се 16 меѓународни транспорти на марихуана и хашиш, со одлични резултати во заплената од 1.800 килограми наркотична дрога во вкупна проценета вредност од 15 милиони евра – објави Спасовски на социјалните мрежи.

Министерот наведува дека во 2022 година врвен приоритет и натаму ќе бидат борбата против недозволената трговија со дрога, организираниот криминал и корупцијата, миграцијата, тероризмот и сајбер-криминалот.

The post Запленети 1.800 килограми дрога и пресечени 16 меѓународни транспорти appeared first on Република.