трговија на луѓе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trgovija-na-lugje/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Oct 2022 08:17:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трговија на луѓе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trgovija-na-lugje/ 32 32 Разбиена мрежа на трговија со жени и нивна сексуална експлоатација во Атина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/razbiena-mreza-na-trgovija-so-zeni-i-nivna-seksualna-eksploatacija-vo-atina/ Tue, 18 Oct 2022 08:17:34 +0000 https://republika.mk/?p=562406

Две жени жртви на трафикинг се ослободени, а девет лица се уапсени во операцијата на грчката полиција, во соработка со службеници од Генералниот секретаријат на Интерпол и полицајци од одделот за борба против трговија со луѓе на молдавската полиција, спроведена во неколку бордели во центарот на Атина, во која беше разбиена мрежа на трговија со жени од странство со цел нивна економска и сексуална експлоатација, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од грчката полиција, мрежата ги принудувала жените на проституција во борделите во нивна надлежност, била активна најмалку од крајот на 2019 година и регрутирала жени од земја од источна Европа, „искористувајќи ја нивната тешка финансиска и семејна состојба“, ги мамеле дека им е обезбедена законска работа во Грција за да патуваат во земјата со сопствена согласност .

По пристигнувањето во Грција, жените се сместувале во стан, во кој што живееле и водечките членови на мрежата, кои ги надгледувале и ги принудувале да плаќаат висока месечна кирија.

Ги принудувале да работат како проститутки во најмалку шест бордели, под изговор дека ќе треба да го платат преголемиот долг, кој жените наводно им го должеле на членовите на мрежата поради нивниот трансфер во Грција.

Поголем дел од приходите од нивните сексуална експлоатација, го задржувале криминалците.

Координирана полициска акција во борделите во центарот на Атина, била спроведена во вечерните часови во петокот на 14 октомври 2022 година, биле уапсени девет членови на мрежата, од кои двајца имале лидерска улога, приведени се седум жени, од кои две биле идентификувани како жртви на трговија со луѓе.

The post Разбиена мрежа на трговија со жени и нивна сексуална експлоатација во Атина appeared first on Република.

]]>

Две жени жртви на трафикинг се ослободени, а девет лица се уапсени во операцијата на грчката полиција, во соработка со службеници од Генералниот секретаријат на Интерпол и полицајци од одделот за борба против трговија со луѓе на молдавската полиција, спроведена во неколку бордели во центарот на Атина, во која беше разбиена мрежа на трговија со жени од странство со цел нивна економска и сексуална експлоатација, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од грчката полиција, мрежата ги принудувала жените на проституција во борделите во нивна надлежност, била активна најмалку од крајот на 2019 година и регрутирала жени од земја од источна Европа, „искористувајќи ја нивната тешка финансиска и семејна состојба“, ги мамеле дека им е обезбедена законска работа во Грција за да патуваат во земјата со сопствена согласност . По пристигнувањето во Грција, жените се сместувале во стан, во кој што живееле и водечките членови на мрежата, кои ги надгледувале и ги принудувале да плаќаат висока месечна кирија. Ги принудувале да работат како проститутки во најмалку шест бордели, под изговор дека ќе треба да го платат преголемиот долг, кој жените наводно им го должеле на членовите на мрежата поради нивниот трансфер во Грција. Поголем дел од приходите од нивните сексуална експлоатација, го задржувале криминалците. Координирана полициска акција во борделите во центарот на Атина, била спроведена во вечерните часови во петокот на 14 октомври 2022 година, биле уапсени девет членови на мрежата, од кои двајца имале лидерска улога, приведени се седум жени, од кои две биле идентификувани како жртви на трговија со луѓе.

The post Разбиена мрежа на трговија со жени и нивна сексуална експлоатација во Атина appeared first on Република.

]]>
САД ја критикуваат Бугарија дека не се бори против трговијата со луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sad-ja-kritikuvaat-bugarija-deka-ne-se-bori-protiv-trgovijata-so-lugje/ Wed, 20 Jul 2022 05:47:21 +0000 https://republika.mk/?p=531231

САД ја ставаат Бугарија под надзор затоа што не ја сфаќаат сериозно трговијата со луѓе, се вели во годишниот извештај на американскиот Стејт департмент за трговија со луѓе, објавен од таа институција.

Владата на Бугарија не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе, иако прави значителни напори во оваа насока, се вели во извештајот. Во него се забележува дека владата во Софија не покажала севкупно зголемување на напорите во споредба со претходниот период на известување, дури и земајќи го предвид влијанието на пандемијата Ковид-19 врз нејзиниот капацитет за борба против трговијата со луѓе. Властите истражуваа и осудија значително помалку трговци со луѓе, а земјата забележа најмал број пријавени истраги и пресуди откако владата почна да обезбедува податоци за трговијата со луѓе. Судовите продолжија да издаваат условни казни за повеќето осудени трговци со луѓе, што го ослабна одвраќањето и ги поткопа пошироките напори за борба против трговијата со луѓе.

Извештајот, исто така, ја критикува методологијата за идентификација на жртвите на трговија со луѓе и го нотира недостатокот на координација меѓу институциите. Се вели дека властите идентификувале 42 деца жртви на трговија со луѓе, но владата не пријавила дека помогнала ниту едно од нив. Документот, исто така, го нотира недостатокот на ресурси, законски овластувања и доволна обука на службениците за спречување на трговијата со луѓе. Конечно, корупцијата во администрацијата, спроведувањето на законот и судството продолжува да го попречува напредокот, а обвинетите за соучесништво во злосторствата за трговија со луѓе и понатаму остануваат неказнети, се заклучува во извештајот. Поради тие причини, Бугарија е намалена од „ниво 2“ на „список за следење на ниво 2“, се вели во документот. Земјите на црната листа на „ниво 3“ во извештајот се предмет на американски санкции.

The post САД ја критикуваат Бугарија дека не се бори против трговијата со луѓе appeared first on Република.

]]>

САД ја ставаат Бугарија под надзор затоа што не ја сфаќаат сериозно трговијата со луѓе, се вели во годишниот извештај на американскиот Стејт департмент за трговија со луѓе, објавен од таа институција. Владата на Бугарија не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе, иако прави значителни напори во оваа насока, се вели во извештајот. Во него се забележува дека владата во Софија не покажала севкупно зголемување на напорите во споредба со претходниот период на известување, дури и земајќи го предвид влијанието на пандемијата Ковид-19 врз нејзиниот капацитет за борба против трговијата со луѓе. Властите истражуваа и осудија значително помалку трговци со луѓе, а земјата забележа најмал број пријавени истраги и пресуди откако владата почна да обезбедува податоци за трговијата со луѓе. Судовите продолжија да издаваат условни казни за повеќето осудени трговци со луѓе, што го ослабна одвраќањето и ги поткопа пошироките напори за борба против трговијата со луѓе. Извештајот, исто така, ја критикува методологијата за идентификација на жртвите на трговија со луѓе и го нотира недостатокот на координација меѓу институциите. Се вели дека властите идентификувале 42 деца жртви на трговија со луѓе, но владата не пријавила дека помогнала ниту едно од нив. Документот, исто така, го нотира недостатокот на ресурси, законски овластувања и доволна обука на службениците за спречување на трговијата со луѓе. Конечно, корупцијата во администрацијата, спроведувањето на законот и судството продолжува да го попречува напредокот, а обвинетите за соучесништво во злосторствата за трговија со луѓе и понатаму остануваат неказнети, се заклучува во извештајот. Поради тие причини, Бугарија е намалена од „ниво 2“ на „список за следење на ниво 2“, се вели во документот. Земјите на црната листа на „ниво 3“ во извештајот се предмет на американски санкции.

The post САД ја критикуваат Бугарија дека не се бори против трговијата со луѓе appeared first on Република.

]]>