трговци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trgovci/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Oct 2024 14:07:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трговци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trgovci/ 32 32 Трговците вадат нови производи, сакаат да ја „прескокнат“ Одлуката за маржите, ДПИ најавува строги казни https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trgovtsite-vadat-novi-proizvodi-sakaat-da-ja-preskoknat-odlukata-za-marzhite-dpi-najavuva-strogi-kazni/ Sat, 05 Oct 2024 14:07:49 +0000 https://republika.mk/?p=823149

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за ограничување на маржите. Се обидуваат на секаков начин да го заобиколат законот и да остварат профит. Имаат празни рафтови и не се снабдени доволно со производите опфатени со Одлуката. Вршат и големи притисоци врз добавувачите, рече денеска на прес-конференција директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски, најавувајќи строги казни.

Екипите на ДПИ, нагласи Трајковски, се секојдневно на терен и вршат контроли. Тој на прес-конференција извади и неколку млечни производи, објаснувајќи дека маркетите на купувачите не им ги нудат оние пакувања кои претходно ги имало и кои се опфатени со Одлуката за маржите, туку некои други, со помала грамажа.

Ќе казнуваме, за никого нема да има компромис, законот ќе важи и мора да важи за сите. Им порачувам и на трговците на мало и на трговците на големо, да не се обидуваат да ги заобиколуваат законите за да не ја почитуваат Одлуката. Тоа нема да го дозволиме. Мора да имаме правичен систем и секој што сака да е дел од него е добредојден, но секој што ќе се обиде да го заобиколи, ќе биде најстрого казнет. И денеска имаме екипи на терен, а за грамажата ќе се консултираме и со АХВ. Ќе постапуваме најригорозно, зашто навистина има обиди да се заобиколат законите. Не викам дека не треба да има 194-грамско кафе. Во Одлуката е опфатено 200-грамското, нека има и од 194, но мора да го има и тоа од 200 грама. Со Одлуката е опфатен и лебот од 450 грама. Има големи добавувачи, апелирам до нив, бидејќи имаат 470-грамски леб, да произведат и 450-грамски леб. Освен кај кафето и кај киселото млеко наоѓаме 300 грамско пакување, иако со Одлуката е опфатено 400-грамско. Можно е ваквите производи да се запленат, истакна директорот.

Според него, големите маркети и со Одлуката за маржите успеваат да остварат профит, па оттука е најсно зошто се обидуваат да ги заобиколат законите.

Тие се десет милиони евра во добивка и покрај замрзнувањата и намалувањата. Не знам зошто ова го прават кога пак ќе остварат профит, рече директорот.

Од донесувањето на Одлуката за ограничувањето на маржата до 10 отсто ДПИ извршил преку 500 надзори кај над 73 категории производи и издал над 30 прекршочни платни налози во вредност од над 4,3 милиони денари.

Од почетокот на Одлуката до четвртокот беа издадени прекршочни платни налози од над два милиона денари, а само во четвртокот исто така беа издадени налози од над два милиона зашто во средата се увиде дека трговците на мало, големите ланци маркети, имаат празни рафтови и не се снабдени доволно со количините призводи како што е наведено во Одлуката. Тоа нема да го дозволиме. Се додека сум директор на ДПИ, им порачувам на трговците на мало и на големо, да не се обидуваат да ги заобиколуваат зкаоните за да не ја почитуваат Одлуката. Имам информации и дека неколку големи ланци маркети вршат големи притисоци врз добавувачите како да ги заобиколат законите и да остварат профит. Трговците на големо (снабдувачите) да не потклекнуваат на притисоците што ги вршат неколку од големите маркети за да ги заобиколат законите и да не ја почитуваат Одлуката, подвлече Трајковски.

Тој апелира до трговците, ако имаат простор, да ги намалат цените и на другите производи освен оние опфатени со Одлуката за маржите.

Владата на 20 септември годинава ја донесе Одлуката за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со која се опфатени стотина основни прехранбени производи: леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук…

The post Трговците вадат нови производи, сакаат да ја „прескокнат“ Одлуката за маржите, ДПИ најавува строги казни appeared first on Република.

]]>

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за ограничување на маржите. Се обидуваат на секаков начин да го заобиколат законот и да остварат профит. Имаат празни рафтови и не се снабдени доволно со производите опфатени со Одлуката. Вршат и големи притисоци врз добавувачите, рече денеска на прес-конференција директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски, најавувајќи строги казни. Екипите на ДПИ, нагласи Трајковски, се секојдневно на терен и вршат контроли. Тој на прес-конференција извади и неколку млечни производи, објаснувајќи дека маркетите на купувачите не им ги нудат оние пакувања кои претходно ги имало и кои се опфатени со Одлуката за маржите, туку некои други, со помала грамажа.
Ќе казнуваме, за никого нема да има компромис, законот ќе важи и мора да важи за сите. Им порачувам и на трговците на мало и на трговците на големо, да не се обидуваат да ги заобиколуваат законите за да не ја почитуваат Одлуката. Тоа нема да го дозволиме. Мора да имаме правичен систем и секој што сака да е дел од него е добредојден, но секој што ќе се обиде да го заобиколи, ќе биде најстрого казнет. И денеска имаме екипи на терен, а за грамажата ќе се консултираме и со АХВ. Ќе постапуваме најригорозно, зашто навистина има обиди да се заобиколат законите. Не викам дека не треба да има 194-грамско кафе. Во Одлуката е опфатено 200-грамското, нека има и од 194, но мора да го има и тоа од 200 грама. Со Одлуката е опфатен и лебот од 450 грама. Има големи добавувачи, апелирам до нив, бидејќи имаат 470-грамски леб, да произведат и 450-грамски леб. Освен кај кафето и кај киселото млеко наоѓаме 300 грамско пакување, иако со Одлуката е опфатено 400-грамско. Можно е ваквите производи да се запленат, истакна директорот.
Според него, големите маркети и со Одлуката за маржите успеваат да остварат профит, па оттука е најсно зошто се обидуваат да ги заобиколат законите.
Тие се десет милиони евра во добивка и покрај замрзнувањата и намалувањата. Не знам зошто ова го прават кога пак ќе остварат профит, рече директорот.
Од донесувањето на Одлуката за ограничувањето на маржата до 10 отсто ДПИ извршил преку 500 надзори кај над 73 категории производи и издал над 30 прекршочни платни налози во вредност од над 4,3 милиони денари.
Од почетокот на Одлуката до четвртокот беа издадени прекршочни платни налози од над два милиона денари, а само во четвртокот исто така беа издадени налози од над два милиона зашто во средата се увиде дека трговците на мало, големите ланци маркети, имаат празни рафтови и не се снабдени доволно со количините призводи како што е наведено во Одлуката. Тоа нема да го дозволиме. Се додека сум директор на ДПИ, им порачувам на трговците на мало и на големо, да не се обидуваат да ги заобиколуваат зкаоните за да не ја почитуваат Одлуката. Имам информации и дека неколку големи ланци маркети вршат големи притисоци врз добавувачите како да ги заобиколат законите и да остварат профит. Трговците на големо (снабдувачите) да не потклекнуваат на притисоците што ги вршат неколку од големите маркети за да ги заобиколат законите и да не ја почитуваат Одлуката, подвлече Трајковски.
Тој апелира до трговците, ако имаат простор, да ги намалат цените и на другите производи освен оние опфатени со Одлуката за маржите. Владата на 20 септември годинава ја донесе Одлуката за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со која се опфатени стотина основни прехранбени производи: леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук…

The post Трговците вадат нови производи, сакаат да ја „прескокнат“ Одлуката за маржите, ДПИ најавува строги казни appeared first on Република.

]]>
Собранието го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики, со кој се очекува намалување на цените на храната и зголемување на квалитетот на производите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sobranieto-go-izglasa-zakonot-za-zabrana-na-nefer-trgovski-praktiki-so-koj-se-ochekuva-namaluvane-na-tsenite-na-hranata-i-zgolemuvane-na-kvalitetot-na-proizvodite/ Wed, 13 Mar 2024 12:33:28 +0000 https://republika.mk/?p=754402

Собранието на Република Северна Mакедонија на денешната седница го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи

Со Законот се уредуваат условите и начинот како ќе се врши трговија со земјоделски и прехранбени производи. Неговата примена се очекува да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, а со тоа и на квалитетот на производите.

За прв пат во државата се носи вакво законско решение во кое има наведено 26 нефер трговски практики кои ќе се уредуваат.

Со овој Предлог на Закон се очекува да се елиминира неоправданиот и непропорционалниот трансфер на економски ризик од еден трговски партнер на друг; или да се наметне значителна нерамнотежа на правата и обврските на еден трговски партнер кон друг.

Надоместоците кои сега се наплаќаат во договорниот однос меѓу купувач и добавувач, кои надоместоци сериозно влијаат на малопродажната цена на штета на потрошувачите, ќе се сметаат за забранета нефер трговска практика.

Клучно во овој дел е поголемо приближување и воедначување на националната легислатива, со легислативата на земјите членки на Европската унија. Република Македонија е единствената земја од Западен Балкан кој ја транспонира оваа Директива на ЕУ, со цел да воспостави фер и рамноправни односи во однос на доминацијата на преговарачка моќ во трговијата помеѓу двајца или повеќе деловни партнери.

Со донесување на Предлог на законот се очекува да се постигнат позитивни ефекти во деловното работење кај сите оператори (купувачи и добавувачи), кои се активни во синџирот снабдување со земјоделство и храна во различни фази на производство, преработка, маркетинг, дистрибуција и малопродажба на земјоделски и прехранбени производи и соодветна примена на забраните на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.

Дополнително, законското решение обезбедува поефикасни контроли и надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата која добива дополнителна надлежност. Комисијата има за задача во првите шест месеци од стапувањето на сила на законот да ги усогласи сите нејзини акти со одредбите на овој предлог и да обезбеди ресурси на технички и технолошки квалификуван кадар за правилна и непречена контрола на одредбите кои се наведени во предлог законот.

Во Законот исто така е наведено  процентуално колку може да биде максималниот рабат кој може маркетите да го бараат од производителите и добавувачите кои сега надминуваат над 30%-40% од цената.

Со ова решение е предвидена листа на земјоделски и прехранбени производи каде рабатот ќе биде ограничен на 10% и во склоп на тоа ќе конкурираат меѓу себе ланците на супермаркети што ќе влијае во намалување на цените.

Комисијата за заштита на конкуренцијата за прв пат добива надлежност да соработува со Европската комисија и телата на земји-членки на Европската унија во постапките за идентификување нефер трговски практики, а особено да разменува информации и искуства за најдобри практики, нови случаи и нови настанати нефер трговски практики, како и мерки за извршување кои се носат во постапка за утврдување нефер трговски практики и давање помош во постапките за утврдување нефер трговски практики кои имаат прекугранична димензија.

За непочитување на законските одредби засега во предлог решението се предвидени глоби до 20 000 евра

The post Собранието го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики, со кој се очекува намалување на цените на храната и зголемување на квалитетот на производите appeared first on Република.

]]>

Собранието на Република Северна Mакедонија на денешната седница го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи Со Законот се уредуваат условите и начинот како ќе се врши трговија со земјоделски и прехранбени производи. Неговата примена се очекува да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, а со тоа и на квалитетот на производите. За прв пат во државата се носи вакво законско решение во кое има наведено 26 нефер трговски практики кои ќе се уредуваат. Со овој Предлог на Закон се очекува да се елиминира неоправданиот и непропорционалниот трансфер на економски ризик од еден трговски партнер на друг; или да се наметне значителна нерамнотежа на правата и обврските на еден трговски партнер кон друг. Надоместоците кои сега се наплаќаат во договорниот однос меѓу купувач и добавувач, кои надоместоци сериозно влијаат на малопродажната цена на штета на потрошувачите, ќе се сметаат за забранета нефер трговска практика. Клучно во овој дел е поголемо приближување и воедначување на националната легислатива, со легислативата на земјите членки на Европската унија. Република Македонија е единствената земја од Западен Балкан кој ја транспонира оваа Директива на ЕУ, со цел да воспостави фер и рамноправни односи во однос на доминацијата на преговарачка моќ во трговијата помеѓу двајца или повеќе деловни партнери. Со донесување на Предлог на законот се очекува да се постигнат позитивни ефекти во деловното работење кај сите оператори (купувачи и добавувачи), кои се активни во синџирот снабдување со земјоделство и храна во различни фази на производство, преработка, маркетинг, дистрибуција и малопродажба на земјоделски и прехранбени производи и соодветна примена на забраните на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. Дополнително, законското решение обезбедува поефикасни контроли и надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата која добива дополнителна надлежност. Комисијата има за задача во првите шест месеци од стапувањето на сила на законот да ги усогласи сите нејзини акти со одредбите на овој предлог и да обезбеди ресурси на технички и технолошки квалификуван кадар за правилна и непречена контрола на одредбите кои се наведени во предлог законот. Во Законот исто така е наведено  процентуално колку може да биде максималниот рабат кој може маркетите да го бараат од производителите и добавувачите кои сега надминуваат над 30%-40% од цената. Со ова решение е предвидена листа на земјоделски и прехранбени производи каде рабатот ќе биде ограничен на 10% и во склоп на тоа ќе конкурираат меѓу себе ланците на супермаркети што ќе влијае во намалување на цените. Комисијата за заштита на конкуренцијата за прв пат добива надлежност да соработува со Европската комисија и телата на земји-членки на Европската унија во постапките за идентификување нефер трговски практики, а особено да разменува информации и искуства за најдобри практики, нови случаи и нови настанати нефер трговски практики, како и мерки за извршување кои се носат во постапка за утврдување нефер трговски практики и давање помош во постапките за утврдување нефер трговски практики кои имаат прекугранична димензија. За непочитување на законските одредби засега во предлог решението се предвидени глоби до 20 000 евра  

The post Собранието го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики, со кој се очекува намалување на цените на храната и зголемување на квалитетот на производите appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Ќе се казни секое неетичко однесување на кој било трговец, инспекторите од задутре на терен https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-ke-se-kazni-sekoe-neetichko-odnesuvane-na-koj-bilo-trgovets-inspektorite-od-zadutre-na-teren/ Wed, 28 Feb 2024 11:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=749221

Пазарните и трудовите инспектори од задутре ќе бидат на терен и за секое евентуално зголемување на цени што излегува од секоја нормална пазарна логика соодветно ќе реагираме, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

На новинарско прашање како ќе се гарантира дека од задутре кога завршуваат владините мерки за цените на прехранбените производи тие нема да се зголемат драстично, Битиќи порача дека секое неетичко однесување на кој био трговец ќе се казни на најсериозен начин. Повторно повика да се изгласа законот за нефер трговски практики, а ако има потреба да реагират и Комисијата за заштита на конкурентноста и Организацијата за заштита на потрошувачите.

Јас сум конзистентен, секое неетичко однесување на кој било трговец ќе се казни на најсериозен начин. Што тоа ќе значи знаеме од минатото. Сметаме дека конечно лекцијата е добиена, дека во државата освен добивање бизнис и креирање профит мора да имаме морал и етика кај компаниите. Сметам дека замрзнувањето на цената е една од мерките која не содветствува со пазарната економија, сметам дека треба да се вратиме во нормалните текови на живеење, а секако останува за бизнисмените и тие да се однесуваат соодветно. Државниот трудов и Државниот пазарен инспекторат веќе од задутре ќе бидат на терен и за секое евентуално зголемување на цени кои коишто излегуваат од секоја нормална пазарна логика соодветно ќе реагираме. Тоа нема да значи дека еве ако во Собранието нема разум за носење закон за нефер трговски практики дека ние нема да реагираме - изјави Битиќи, по учеството на РЕДИ самитот 2024 во Скопје.

Според него, Комисијата за заштита на конкурентноста, како и Организацијата за заштита на потрошувачи се најповиканите коишто треба да реагираат секогаш кога има вакви случувања, а најсоодветно решение е да се изгласа законот за нефер трговски практики.

Доколку има потреба, најави дека повторно ќе појде во Комисијата за заштита на конкурентноста и лично ќе поднесе претставка за компаниите. Битиќи беше во Комисијата пред половина година и му беше најавено дека има процедури за да се поднесе претставка.

Точно дека пред шест месеци бев во Комисијата, ми рекоа дека процесот може да трае една година. Стариот состав на комисијата ја има почнато работата, веќе имаме нов состав. Ако задутре имаме индиции дека имаме такво однесување на пазарот од стопанствениците, јас, како што направив пред шест месеци, ќе отидам пак во Комисијата за заштита на конкурентност затоа што ако не можат тие да направат нешто по допрен глас еве јас ќе дадам претставка за компаниите. Сметам дека конечно е дојдено време секоја институција соодветно да реагира на се’ што треба да се реагира во нашето општество. Не можеме да бараме одговорност од тие што не се повикани. Комисијата за заштита на конкурентноста, како и Здружението на заштита на потрошувачи се најповиканите коишто треба да реагираат секогаш кога имаме вакви случувања. Како Влада дадовме фантастичен што е во собраниска процедура - законот за нефер трговски практики, којшто навистина не знам зошто се уште не го гледа денот кога би требало да се изгласа и усвои - изјави Битиќи.

Министерството за економија веќе најави дека нема да биде продолжена мерката за гарантирани цени која завршува на крајот на месецов и ќе се чека носењето на законот за забрана на нефер трговски практики со кој очекуваат да се стави ред во нелојалната конкуренција во трговијата и да доведе до намалување на цените на прехранбените производи.

Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи во декември лани, на предлог на Министерството за економија беше усвоен од Владата и доставен до Собранието.

Министерството за економија лани на 20 септември донесе Одлука за изменување на одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, како и обврска трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количество на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед што беше објавена во Службен весник и важи до 29 февруари годинава.

Одлуката се однесува на: ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg; брашно пченично тип 400 и тип 500; бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите; други пекарски производи; бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични и посни од 300 до 500 g; наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g; тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g; јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел; свинско месо без коски, од бут или некој друг дел; мелено месо свинско и јунешко; пиле свежо или замрзнато (цело); пилешки стек свеж или замрзнат; чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување; пилешка посебна салама (без слајс пакување); паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g; трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l; јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l; кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g; павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g; традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци); традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци) и свежи јајца од кокошка.

До утре е во сила и Одлуката за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало што се однесува на: светло пиво во пакување од 1,5 l во шише; газирани пијалаци (сокови) во пакување над 1 l во шише; негазирани пијалаци (сокови) во тетрапак пакување и минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1 l во шише.

Завршува важноста и на одлуките за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук според која применливата царина е 10 отсто за кромид, праз, карфиол и брокула, салата, моркови, модар патлиџан и тиквици, како и за намалување на увозните давачки за увоз на свежи домати, краставици и пиперки и за кои применливата царина е 10 отсто.

The post Битиќи: Ќе се казни секое неетичко однесување на кој било трговец, инспекторите од задутре на терен appeared first on Република.

]]>

Пазарните и трудовите инспектори од задутре ќе бидат на терен и за секое евентуално зголемување на цени што излегува од секоја нормална пазарна логика соодветно ќе реагираме, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. На новинарско прашање како ќе се гарантира дека од задутре кога завршуваат владините мерки за цените на прехранбените производи тие нема да се зголемат драстично, Битиќи порача дека секое неетичко однесување на кој био трговец ќе се казни на најсериозен начин. Повторно повика да се изгласа законот за нефер трговски практики, а ако има потреба да реагират и Комисијата за заштита на конкурентноста и Организацијата за заштита на потрошувачите.
Јас сум конзистентен, секое неетичко однесување на кој било трговец ќе се казни на најсериозен начин. Што тоа ќе значи знаеме од минатото. Сметаме дека конечно лекцијата е добиена, дека во државата освен добивање бизнис и креирање профит мора да имаме морал и етика кај компаниите. Сметам дека замрзнувањето на цената е една од мерките која не содветствува со пазарната економија, сметам дека треба да се вратиме во нормалните текови на живеење, а секако останува за бизнисмените и тие да се однесуваат соодветно. Државниот трудов и Државниот пазарен инспекторат веќе од задутре ќе бидат на терен и за секое евентуално зголемување на цени кои коишто излегуваат од секоја нормална пазарна логика соодветно ќе реагираме. Тоа нема да значи дека еве ако во Собранието нема разум за носење закон за нефер трговски практики дека ние нема да реагираме - изјави Битиќи, по учеството на РЕДИ самитот 2024 во Скопје.
Според него, Комисијата за заштита на конкурентноста, како и Организацијата за заштита на потрошувачи се најповиканите коишто треба да реагираат секогаш кога има вакви случувања, а најсоодветно решение е да се изгласа законот за нефер трговски практики. Доколку има потреба, најави дека повторно ќе појде во Комисијата за заштита на конкурентноста и лично ќе поднесе претставка за компаниите. Битиќи беше во Комисијата пред половина година и му беше најавено дека има процедури за да се поднесе претставка.
Точно дека пред шест месеци бев во Комисијата, ми рекоа дека процесот може да трае една година. Стариот состав на комисијата ја има почнато работата, веќе имаме нов состав. Ако задутре имаме индиции дека имаме такво однесување на пазарот од стопанствениците, јас, како што направив пред шест месеци, ќе отидам пак во Комисијата за заштита на конкурентност затоа што ако не можат тие да направат нешто по допрен глас еве јас ќе дадам претставка за компаниите. Сметам дека конечно е дојдено време секоја институција соодветно да реагира на се’ што треба да се реагира во нашето општество. Не можеме да бараме одговорност од тие што не се повикани. Комисијата за заштита на конкурентноста, како и Здружението на заштита на потрошувачи се најповиканите коишто треба да реагираат секогаш кога имаме вакви случувања. Како Влада дадовме фантастичен што е во собраниска процедура - законот за нефер трговски практики, којшто навистина не знам зошто се уште не го гледа денот кога би требало да се изгласа и усвои - изјави Битиќи.
Министерството за економија веќе најави дека нема да биде продолжена мерката за гарантирани цени која завршува на крајот на месецов и ќе се чека носењето на законот за забрана на нефер трговски практики со кој очекуваат да се стави ред во нелојалната конкуренција во трговијата и да доведе до намалување на цените на прехранбените производи. Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи во декември лани, на предлог на Министерството за економија беше усвоен од Владата и доставен до Собранието. Министерството за економија лани на 20 септември донесе Одлука за изменување на одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, како и обврска трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количество на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед што беше објавена во Службен весник и важи до 29 февруари годинава. Одлуката се однесува на: ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg; брашно пченично тип 400 и тип 500; бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите; други пекарски производи; бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични и посни од 300 до 500 g; наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g; тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g; јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел; свинско месо без коски, од бут или некој друг дел; мелено месо свинско и јунешко; пиле свежо или замрзнато (цело); пилешки стек свеж или замрзнат; чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување; пилешка посебна салама (без слајс пакување); паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g; трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l; јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l; кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g; павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g; традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци); традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци) и свежи јајца од кокошка. До утре е во сила и Одлуката за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало што се однесува на: светло пиво во пакување од 1,5 l во шише; газирани пијалаци (сокови) во пакување над 1 l во шише; негазирани пијалаци (сокови) во тетрапак пакување и минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1 l во шише. Завршува важноста и на одлуките за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук според која применливата царина е 10 отсто за кромид, праз, карфиол и брокула, салата, моркови, модар патлиџан и тиквици, како и за намалување на увозните давачки за увоз на свежи домати, краставици и пиперки и за кои применливата царина е 10 отсто.

The post Битиќи: Ќе се казни секое неетичко однесување на кој било трговец, инспекторите од задутре на терен appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Трговците со овошје и зеленчук ќе мора да обезбедат најмалку 70 отсто од количините што ги продавале досега https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-trgovtsite-so-ovoshje-i-zelenchuk-ke-mora-da-obezbedat-najmalku-70-otsto-od-kolichinite-shto-gi-prodavale-dosega/ Thu, 06 Apr 2023 18:45:02 +0000 https://republika.mk/?p=628117

Трговците кои продаваат овошје и зеленчук треба да прибавуваат и да продаваат 70 проценти од количините што ги продале во јануари и февруари. Ова е Одлуката што ја донесе Владата на денешната попладневна седница по предлог на Министерството за економија.

Како што соопшти Министерството за економија, оваа Одлука која следи по Одлуката за замрзнување на цените на определени видови овошје и зеленчук, е предвидено да важи до крајот на април.

Владината одлука е донесена по координативниот состанок на премиерот Димитар Ковачевски со колегите министри од ресорните министерства и претставници на надлежни институции во врска со предметното прашање, изјави министерот Крешник Бектеши.

Тој на прес-конференција јавно ги повика увозниците на овошје и зеленчук да присуствуваат на координативната средба и повтори дека законите мора да се почитуваат.

The post Бектеши: Трговците со овошје и зеленчук ќе мора да обезбедат најмалку 70 отсто од количините што ги продавале досега appeared first on Република.

]]>

Трговците кои продаваат овошје и зеленчук треба да прибавуваат и да продаваат 70 проценти од количините што ги продале во јануари и февруари. Ова е Одлуката што ја донесе Владата на денешната попладневна седница по предлог на Министерството за економија. Како што соопшти Министерството за економија, оваа Одлука која следи по Одлуката за замрзнување на цените на определени видови овошје и зеленчук, е предвидено да важи до крајот на април.
Владината одлука е донесена по координативниот состанок на премиерот Димитар Ковачевски со колегите министри од ресорните министерства и претставници на надлежни институции во врска со предметното прашање, изјави министерот Крешник Бектеши.
Тој на прес-конференција јавно ги повика увозниците на овошје и зеленчук да присуствуваат на координативната средба и повтори дека законите мора да се почитуваат.

The post Бектеши: Трговците со овошје и зеленчук ќе мора да обезбедат најмалку 70 отсто од количините што ги продавале досега appeared first on Република.

]]>
Над 15.000 евра ќе платат трговците кои не ја замрзнале цената на лебот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nad-15-000-evra-ke-platat-trgovtsite-koi-ne-ja-zamrznale-tsenata-na-lebot/ Sat, 11 Mar 2023 14:43:15 +0000 https://republika.mk/?p=618509

Дирекоторот на Пазарната инспекција, Горан Трајковски излезе со официјални информации за извршени инспекциски надзори после одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот.

По Одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот до 33 денари и Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на стоки извршени се над 300 надзори и издадени се прекршочни платни налози во вредност од 960.000 денари (околу 15.595 евра), информира Трајковски.

Директорот на ДПИ исто така посочи во периодот од 27 февруари до 5 март извршени се над 750 надзори на цела територија на Македонија и издадени се над 65 прекршочни платни налози со вредност од над 3 милиони денари.

Со одлуката на Владата од 2-ри март се определува обврска за трговците што претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење трговска дејност во соодветен регистар согласно закон, како и трговците што претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, да прибавуваат и/или да продаваат леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел).

The post Над 15.000 евра ќе платат трговците кои не ја замрзнале цената на лебот appeared first on Република.

]]>

Дирекоторот на Пазарната инспекција, Горан Трајковски излезе со официјални информации за извршени инспекциски надзори после одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот.
По Одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот до 33 денари и Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на стоки извршени се над 300 надзори и издадени се прекршочни платни налози во вредност од 960.000 денари (околу 15.595 евра), информира Трајковски.
Директорот на ДПИ исто така посочи во периодот од 27 февруари до 5 март извршени се над 750 надзори на цела територија на Македонија и издадени се над 65 прекршочни платни налози со вредност од над 3 милиони денари. Со одлуката на Владата од 2-ри март се определува обврска за трговците што претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење трговска дејност во соодветен регистар согласно закон, како и трговците што претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, да прибавуваат и/или да продаваат леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел).  

The post Над 15.000 евра ќе платат трговците кои не ја замрзнале цената на лебот appeared first on Република.

]]>
Француските трговци на страна на потрошувачите – согласни да ги намалат цените на храната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsuskite-trgovtsi-na-strana-na-potroshuvachite-soglasni-da-gi-namalat-tsenite-na-hranata/ Tue, 07 Mar 2023 13:59:09 +0000 https://republika.mk/?p=616944

Француските сопственици на големи маркети се согласија да застанат на страна на потрошувачите. На предлог на владата склучија договор за ограничување на многу цени на прехрамбените производи. Целта е да се олеснат инфлаторните притисоци за потрошувачите.

Малопродажните трговци ќе ги намалат цените но оставено е на нив да ги изберат брендовите кои ќе се продаваат поефтино, бидејќи како што им било кажано во министерството за финансии – треба да има слободна трговија.

Ова ќе ги претвори месеците од април до јуни во „квартал против инфлација“, која од февруари е зголемена за 14 ипол проценти, смета министерот, кој додава дека загубите кои ќе ги пртрпат трговците се пресметуваат во стотици милиони евра, кои пак самите се согласиле да ги поднесат.  Повеќето големи продавачи на храна во Франција учествуваа во разговорите.

Сепак, некои здруженија на потрошувачи, се скептични за „антиинфлациската“ иницијативата, која доаѓа во пресрет на уште еден ден масовен протест и штрајк против плановите на владата да го реформира пензискиот систем во Франција.За да се осигураат дека трговците на мало не ги притиснале своите добавувачи за да го надополнат недостигот од приход, инспекторите ќе бидат на терен секојдневно. избраните производи кои ќе бидат со намалени цени, ќе се означени со логото „анти-инфлациски квартал“ со боите на француското знаме.

The post Француските трговци на страна на потрошувачите – согласни да ги намалат цените на храната appeared first on Република.

]]>

Француските сопственици на големи маркети се согласија да застанат на страна на потрошувачите. На предлог на владата склучија договор за ограничување на многу цени на прехрамбените производи. Целта е да се олеснат инфлаторните притисоци за потрошувачите. Малопродажните трговци ќе ги намалат цените но оставено е на нив да ги изберат брендовите кои ќе се продаваат поефтино, бидејќи како што им било кажано во министерството за финансии – треба да има слободна трговија. Ова ќе ги претвори месеците од април до јуни во „квартал против инфлација“, која од февруари е зголемена за 14 ипол проценти, смета министерот, кој додава дека загубите кои ќе ги пртрпат трговците се пресметуваат во стотици милиони евра, кои пак самите се согласиле да ги поднесат.  Повеќето големи продавачи на храна во Франција учествуваа во разговорите. Сепак, некои здруженија на потрошувачи, се скептични за „антиинфлациската“ иницијативата, која доаѓа во пресрет на уште еден ден масовен протест и штрајк против плановите на владата да го реформира пензискиот систем во Франција.За да се осигураат дека трговците на мало не ги притиснале своите добавувачи за да го надополнат недостигот од приход, инспекторите ќе бидат на терен секојдневно. избраните производи кои ќе бидат со намалени цени, ќе се означени со логото „анти-инфлациски квартал“ со боите на француското знаме.

The post Француските трговци на страна на потрошувачите – согласни да ги намалат цените на храната appeared first on Република.

]]>
Казни за трговците во Хрватска кои неоправдано ги зголемија цените https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kazni-za-trgovtsite-vo-hrvatska-koi-neopravdano-gi-zgolemija-tsenite/ Fri, 13 Jan 2023 17:49:19 +0000 https://republika.mk/?p=596577

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска најави казни за трговците кои нема да ги вратат старите цени што неоправдано ги покачија при конверзија од куна во евро, кое на 1 јануари стана официјална валута во таа земја.

Тој на седницата на Владата рече дека тоа се однесува на тие кои неоправдано ги зголемиле цените при претворањето во евро и со тоа ја намалиле куповната моќ на граѓаните и нанеле штета на стопанството со зголемување на и така високата инфлација.

Исто така тој најави дека надлежните служби ќе ја зајакнат контролата на цените и ги повика граѓаните да продолжат да ги пријавуваат тие кои не ја почитуваат владината одлука да ги вратат цените на нивото кое важеше до 31 декември.

Освен казните, премиерот најави и можност за укинување на субвенциите за производителите на енергија.

– Во криза важна е солидарноста и одговорноста и однесувањето кое не е профитерско, рече Пленковиќ.

Помошникот на главниот државен инспектор Ведрана Филиповиќ Грчиќ рече дека инспекторите досега извршиле речиси 700 контроли, а во 178 констатирале неоправдано поскапување од 1 јануари.

Просечните поскапувања во продавниците се и до 13 отсто. Најголем пораст е забележан кај услужните дејности, а потоа во трговијата на мало, особено кај пекарските производи, кои поскапеа за 15 отсто, но некаде се забележани поскапување и до 30 отсто.

– Во продавниците, повеќе од 70 отсто од субјектите ги вратиле цените пред воведувањето на еврото. Кај фризерските услуги и услугите за нега на тело, цените во просек се зголемени за 20 отсто, а во некои случаи и за 50 отсто, додаде Филиповиќ Грчиќ.

Висината на казните се движи од 1.000 до 26.000 евра.

Во Хрватска од 1 јануари официјална валута е еврото, а куната може да се користи до недела, 15 јануари. До крајот на 2023 година, банкнотите и монетите куни ќе може да се менуваат за евра по фиксен курс од 7,5340 во пошти, деловни банки и филијали на Фина, а од 2024 година само во Хрватската народна банка.

The post Казни за трговците во Хрватска кои неоправдано ги зголемија цените appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска најави казни за трговците кои нема да ги вратат старите цени што неоправдано ги покачија при конверзија од куна во евро, кое на 1 јануари стана официјална валута во таа земја. Тој на седницата на Владата рече дека тоа се однесува на тие кои неоправдано ги зголемиле цените при претворањето во евро и со тоа ја намалиле куповната моќ на граѓаните и нанеле штета на стопанството со зголемување на и така високата инфлација. Исто така тој најави дека надлежните служби ќе ја зајакнат контролата на цените и ги повика граѓаните да продолжат да ги пријавуваат тие кои не ја почитуваат владината одлука да ги вратат цените на нивото кое важеше до 31 декември. Освен казните, премиерот најави и можност за укинување на субвенциите за производителите на енергија. – Во криза важна е солидарноста и одговорноста и однесувањето кое не е профитерско, рече Пленковиќ. Помошникот на главниот државен инспектор Ведрана Филиповиќ Грчиќ рече дека инспекторите досега извршиле речиси 700 контроли, а во 178 констатирале неоправдано поскапување од 1 јануари. Просечните поскапувања во продавниците се и до 13 отсто. Најголем пораст е забележан кај услужните дејности, а потоа во трговијата на мало, особено кај пекарските производи, кои поскапеа за 15 отсто, но некаде се забележани поскапување и до 30 отсто. – Во продавниците, повеќе од 70 отсто од субјектите ги вратиле цените пред воведувањето на еврото. Кај фризерските услуги и услугите за нега на тело, цените во просек се зголемени за 20 отсто, а во некои случаи и за 50 отсто, додаде Филиповиќ Грчиќ. Висината на казните се движи од 1.000 до 26.000 евра. Во Хрватска од 1 јануари официјална валута е еврото, а куната може да се користи до недела, 15 јануари. До крајот на 2023 година, банкнотите и монетите куни ќе може да се менуваат за евра по фиксен курс од 7,5340 во пошти, деловни банки и филијали на Фина, а од 2024 година само во Хрватската народна банка.  

The post Казни за трговците во Хрватска кои неоправдано ги зголемија цените appeared first on Република.

]]>
Плаќаме скапо за расипани производи оти трговците ги исклучуваат фрижидерите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/plakjame-skapo-za-rasipani-proizvodi-oti-trgovcite-gi-iskluchuvaat-friziderite/ Thu, 13 Oct 2022 13:12:18 +0000 https://republika.mk/?p=560690

Организацијата на потрошувачи на Македонија(ОПМ) останува на барањето да се замрзнат цените на производите, а не на маржите. Од март годинава постојано добиваат претставки од граѓаните кога влегуваат во супермаркетите, кои реагираат на цените, но и на квалитетот на производите, кои се во фрижидерите. Претседателката на ОПМ, Маријана Лончар-Велкова вели дека претставки веќе имаат, а на терен секојдневно се и инспекциите, кои утврдуваат дали трговците за да ги намалат сметките за струја ги исклучуваат фрижидерите.

Луѓето реагираат на тоа. Купиле производ, па го сликаат дека е расипан. Сега дали баш поради тоа е расипан не можеме ние да утврдиме, меѓутоа инспекторите може да бидат на терен, дури и рано сабајле да видат дали ладилниците се уклучени или не. Бидејќи може навечер илил во текот на денот да ги исклучуваат, вели Лончар-Велкова.

Посочи дека во зимскиот период очекуваат да се зголеми бројот на преставки поврзани со сметките за струја. Изминатиот период реакциите се околу цената на трансмисија на струјата, која најмногу ги буни граѓаните. Имаат и реакции од страна на граѓаните и за цената на огревното дрво, кое дефинитивно не се продава за 3.000 до 3.500 денари.

Луѓето не можат да ги најдат тие дрва по 3000денари. И јас лично барав не можев да ги најдам. И кога правевме истражување пак не најдовме. Сега ќе мора да купат помалку од потребното, за дополнително не го оптеретат буџетот. Таква цена од 3000 до 3500 денари нема, вели Лончар-Велкова.

Забележа дека треба да има и субвенции, но и поволни кредити за граѓаните кои купуваат инвертор клими и се залагаат за заштита на животна средина.

The post Плаќаме скапо за расипани производи оти трговците ги исклучуваат фрижидерите appeared first on Република.

Николовски: Воено прифитерство не смее да има, ќе ги следиме компаниите и трговците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-voeno-prifiterstvo-ne-smee-da-ima-kje-gi-sledime-kompaniite-i-trgovcite/ Thu, 07 Jul 2022 11:20:48 +0000 https://republika.mk/?p=525333

Со ребалансот на Буџетот се обезбедени околу четири милијарди денари плус за земјоделството кои ќе бидат дел од Интервентниот фонд за креирање нови мерки, но и за целосно расчисување на сите долгови по секоја основа и кон кој било корисник. Се надевам дека нема да има ретроградни сили кои ќе се обидат да ја закочат оваа работа, туку напротив, дека сите ќа дадат поддршка во Собранието - рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Во обраќањето на конститутивната седница на Советот за земјоделство и рурален развој што се одржа во Владата, Николовски порача дека секој денар обезбеден од парите на граѓаните преку Буџетот, мора транспарентно и рационално да се искористи, а воено профитерство не смее да има.

Даваме финансиска поддршка за производство дома. Испраќам јасна порака дека ќе ја следиме секоја компанија, секој трговец, зашто не може од парите на граѓаните во ваква светска криза и војна некој да прави воено профитерство и да тера бизнис. Не, сега е време да се обезбеди храна и затоа, за секој денар како инпут во земјоделството обезбеден од парите на граѓаните преку Буџетот, со ребалансот, секој ќе треба етички, морално и одговорно да се однесува. Имаме мандат да предложиме одлуки во секој момент доколку увидиме дека постојат загрозувачки елементи во нечие однесување - подвлече министерот.

The post Николовски: Воено прифитерство не смее да има, ќе ги следиме компаниите и трговците appeared first on Република.

Си продаваат по свое: Трговци не ја почитувале ограничената маржа, фрчат казни https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/si-prodavaat-po-svoe-trgovci-ne-ja-pochituvale-ogranichenata-marza-frchat-kazni/ Mon, 14 Mar 2022 15:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=472799

Пазарните инспектори за два дена кај 33 трговски субјекти утврдиле непочитување на владината мерка за намалување на трговската маржа или не поседувале дневна евиденција за дел од производите. Сите заработиле парични казни од 60 до 7.000 евра во зависност од големината на фирмата. Откако мерките стапија во сила, направени биле 160 контроли.

Кај осум субјекти од сите 33 се големи трговци и кај нив се изречени казни од 7.000 евра за правно лице и 350 евра одговорно лице. Останатите субјекти се од различен тип почнувајќи од микро, па сè до среден трговец. Само за дневната евиденција ако таа не се наоѓа во објектот, казната почнува од 60 евра до 800 евра за правно лице и од 20 до 250 евра за одговорното лице - рече Анета Димовска Симеска-Директорка на ДПИ.

Покрај трговците, контроли ќе се прават и кај производителите. Кај нив ќе се утврдува дали цената која е формирана за одреден производ е во согласност со трошоците коишто ги имаат. И министерот за економија Крешник Бектеши апелираше на почитување на одлуките, бидејќи секое повторно прекршување, според Законот за потрошувачи, предвидува и затворање на објектот до една година.
Со последната одлука, трговските маржи се намалија во трговијата на мало на 3 проценти и во трговијата на големо до 4 проценти. Целта е да се спречи уште повисок раст на цените.

The post Си продаваат по свое: Трговци не ја почитувале ограничената маржа, фрчат казни appeared first on Република.

]]>

Пазарните инспектори за два дена кај 33 трговски субјекти утврдиле непочитување на владината мерка за намалување на трговската маржа или не поседувале дневна евиденција за дел од производите. Сите заработиле парични казни од 60 до 7.000 евра во зависност од големината на фирмата. Откако мерките стапија во сила, направени биле 160 контроли.
Кај осум субјекти од сите 33 се големи трговци и кај нив се изречени казни од 7.000 евра за правно лице и 350 евра одговорно лице. Останатите субјекти се од различен тип почнувајќи од микро, па сè до среден трговец. Само за дневната евиденција ако таа не се наоѓа во објектот, казната почнува од 60 евра до 800 евра за правно лице и од 20 до 250 евра за одговорното лице - рече Анета Димовска Симеска-Директорка на ДПИ.
Покрај трговците, контроли ќе се прават и кај производителите. Кај нив ќе се утврдува дали цената која е формирана за одреден производ е во согласност со трошоците коишто ги имаат. И министерот за економија Крешник Бектеши апелираше на почитување на одлуките, бидејќи секое повторно прекршување, според Законот за потрошувачи, предвидува и затворање на објектот до една година. Со последната одлука, трговските маржи се намалија во трговијата на мало на 3 проценти и во трговијата на големо до 4 проценти. Целта е да се спречи уште повисок раст на цените.

The post Си продаваат по свое: Трговци не ја почитувале ограничената маржа, фрчат казни appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Трговците нема да имаат загуби од ограничувањето на маржите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-trgovcite-nema-da-imaat-zagubi-od-ogranichuvanjeto-na-marzite-2/ Fri, 11 Mar 2022 11:14:43 +0000 https://republika.mk/?p=471262

Ниту еден од трговците нема да има загуби од Одлуката за ограничување на маржите, имајќи предвид дека се признаваат оперативните трошоци во формирањето на цената, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Само за три производи нема да имаат добивка, а нема супермаркет или маркет што има под 300 – 400 производи. За големите и да не зборуваме - истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања откако на прес-конференција во Владата сооопшти дека стапува во сила забраната за извоз на пченица, пченка, јачмен, брашно и масло.

Според Бектеши, за време на викендот или на почетокот од идната недела ќе има конкретни резултати од анализата како се применува Одлуката на терен.

Најважно е што Одлуката е донесена во целосна соработка со коморите и е потврдено дека ќе биде одржлива по барање на големите ланци, трговците на мало и на големо - подвлече министерот.

The post Бектеши: Трговците нема да имаат загуби од ограничувањето на маржите appeared first on Република.