трговци на мало Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trgovci-na-malo/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Jun 2022 15:01:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трговци на мало Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trgovci-na-malo/ 32 32 Изменет законот за недела неработен ден: Сите трговци во туристичките места ќе може да работат во недела и на празници https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/izmenet-zakonot-za-nedela-neraboten-den-site-trgovci-vo-turistichkite-mesta-kje-moze-da-rabotat-vo-nedela-i-na-praznici/ Mon, 27 Jun 2022 14:55:39 +0000 https://republika.mk/?p=520359

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за трговија со кој се овозможува работа во недела и државни празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, објави на Фејсбук министерот за економија Крешник Бектеши.

Според министерот, со измените и дополнувањата на Законот за трговија се очекува дополнително да се поттикне економската активност во земјата, посебно во туристичките места.

Имајќи ги во предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи од почетокот на годината, а и очекувањата согласно веќе направени резервации за странски туристи кои што оваа туристичка сезона ќе ја посетат Македонија, посебно Охрид и Струга, согласно законските измени очекуваме зголемување на туристичката активност во целата земја. Измените на Законот за трговија се донесени со заеднички дијалог во инклузивен процес со сите засегнати страни, посебно во туристичкиот сектор. Работниците во трговските објекти кои ќе работат во недела и празници ќе добијат дневница поголема за 100 проценти - објави министерот.

Согласно најновите измени на Законот за трговија им се дава можност на продавниците, киосците и штандовите во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност, да работат во ден недела и на празници. Воедно, и на слободните царински продавници лоцирани на меѓународните аеродроми по царинските контролни точки и на цветните пазари, им се дава можност да работат во ден недела и на празници.

Овие законски измени стапуваат на сила веднаш откако ќе бидат објавени во Службен весник.

The post Изменет законот за недела неработен ден: Сите трговци во туристичките места ќе може да работат во недела и на празници appeared first on Република.

]]>

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за трговија со кој се овозможува работа во недела и државни празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, објави на Фејсбук министерот за економија Крешник Бектеши. Според министерот, со измените и дополнувањата на Законот за трговија се очекува дополнително да се поттикне економската активност во земјата, посебно во туристичките места.
Имајќи ги во предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи од почетокот на годината, а и очекувањата согласно веќе направени резервации за странски туристи кои што оваа туристичка сезона ќе ја посетат Македонија, посебно Охрид и Струга, согласно законските измени очекуваме зголемување на туристичката активност во целата земја. Измените на Законот за трговија се донесени со заеднички дијалог во инклузивен процес со сите засегнати страни, посебно во туристичкиот сектор. Работниците во трговските објекти кои ќе работат во недела и празници ќе добијат дневница поголема за 100 проценти - објави министерот.
Согласно најновите измени на Законот за трговија им се дава можност на продавниците, киосците и штандовите во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност, да работат во ден недела и на празници. Воедно, и на слободните царински продавници лоцирани на меѓународните аеродроми по царинските контролни точки и на цветните пазари, им се дава можност да работат во ден недела и на празници. Овие законски измени стапуваат на сила веднаш откако ќе бидат објавени во Службен весник.

The post Изменет законот за недела неработен ден: Сите трговци во туристичките места ќе може да работат во недела и на празници appeared first on Република.

]]>