Трезор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trezor/ За подобро да се разбереме Fri, 10 Nov 2023 13:01:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Трезор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trezor/ 32 32 Обвинителство изврши преквалификација за „Трезор“, судењето одложено за 24 ноември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelstvo-izvrshi-prekvalifikatsija-za-trezor-sudeneto-odlozheno-za-24-noemvri/ Fri, 10 Nov 2023 13:01:25 +0000 https://republika.mk/?p=700272

Судењето за случајот „Трезор“ одложено за 24 ноември, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

На денешната расправа, како што информираат од Кривичен, јавниот обвинител изврши прецизирање на обвинителниот акт и преквалификација на кривичното дело согласно измените на КЗ за еден од обвинетите, додека одбраната барала тоа да се примени и за останатите.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се одржа главната расправа за предметот со КОК бр. 214/22 од обвинителството означен како „Трезор“ на која Јавниот обвинител, имајќи ги предвид измените и дополнувањата на Кривичниот законик изврши прецизирање на обвинителниот акт како и преквалификација на кривичното дело од член 353 ст. 5 во став. 4, а во врска и со други членови, па врз основа на тоа побара за обвинетиот Н.С. да се примени поблагиот Закон и судот да донесе соодветна одлука во правец на измените во КЗ. Одбраната пак побара од судот поблагиот Закон да се примени и за останатите обвинети, без разлика на прецизирањето на акт, за што судот ја одложи расправата за 24.11.2023 година во 09:00 часот за кога побара и Јавниот обвинител дополнително да се прозинесе за предлогот на одбраната, информираат од Кривичен суд.

Предметот „Трезор“, се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР  Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР  Горан Грујевски.

The post Обвинителство изврши преквалификација за „Трезор“, судењето одложено за 24 ноември appeared first on Република.

]]>

Судењето за случајот „Трезор“ одложено за 24 ноември, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. На денешната расправа, како што информираат од Кривичен, јавниот обвинител изврши прецизирање на обвинителниот акт и преквалификација на кривичното дело согласно измените на КЗ за еден од обвинетите, додека одбраната барала тоа да се примени и за останатите.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се одржа главната расправа за предметот со КОК бр. 214/22 од обвинителството означен како „Трезор“ на која Јавниот обвинител, имајќи ги предвид измените и дополнувањата на Кривичниот законик изврши прецизирање на обвинителниот акт како и преквалификација на кривичното дело од член 353 ст. 5 во став. 4, а во врска и со други членови, па врз основа на тоа побара за обвинетиот Н.С. да се примени поблагиот Закон и судот да донесе соодветна одлука во правец на измените во КЗ. Одбраната пак побара од судот поблагиот Закон да се примени и за останатите обвинети, без разлика на прецизирањето на акт, за што судот ја одложи расправата за 24.11.2023 година во 09:00 часот за кога побара и Јавниот обвинител дополнително да се прозинесе за предлогот на одбраната, информираат од Кривичен суд.
Предметот „Трезор“, се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР  Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР  Горан Грујевски.

The post Обвинителство изврши преквалификација за „Трезор“, судењето одложено за 24 ноември appeared first on Република.

]]>
Министерството за финансии ќе соработува со Трезорот на САД во подобрување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на јавните финансии https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerstvoto-za-finansii-kje-sorabotuva-so-trezorot-na-sad-vo-podobruvanje-na-efikasnosta-transparentnosta-i-otchetnosta-na-javnite-finansii/ Fri, 22 Apr 2022 14:37:20 +0000 https://republika.mk/?p=492335

САД ја поддржува брзата интеграцијата на Македонија во ЕУ, при што, како сојузници во НАТО, двете земји ќе работат на заеднички проекти што се од големо значење за унапредување на соработката. Ова беше заклучено на состанокот на министерот за финансии Фатмир Бесими со вршителот на должност заменик-помошник секретар за Европа и Евроазија Брајан Меколи, советникот на секретарот на Трезорот на САД Брент Ниман и Вилијам Лари Мекдоналд заменик помошник на секретарот за техничка поддршка во Тезорот.

Воедно САД, преку Канцеларијата за техничка помош на Трезорот на САД (ОТА), ќе понуди техничка помош во зајакнувањето на управувањето со јавните финансии, ефикасноста, транспарентноста, отчетноста на јавните финансии, информираат од Министерството за финансии.

Оттаму известуваат дека Бесими на средбата истакнал дека деблокирањето на интегративниот процес позитивно ќе се одрази на севкупната стабилност и на развојот на регионот. Притоа, активниот ангажман на САД по ова прашање би бил од клучно значење.

Воедно се разговараше и за можноста од продлабочување на економската соработка и реализација на нови проекти кои би се реализирале во соработка со УСАИД и со Амбасадата на САД во земјава, велат од министерството.

Двете страни се согласиле дека во моментов клучно е решавањето на енергетската криза и одржувањето ценовна стабилност како клучни фактори за обезбедување макроекономска и финансиска стабилност.

Претходно министерот Бесими, во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка, оствари средба и со Габриел Ескобар, заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан.

The post Министерството за финансии ќе соработува со Трезорот на САД во подобрување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на јавните финансии appeared first on Република.

]]>

САД ја поддржува брзата интеграцијата на Македонија во ЕУ, при што, како сојузници во НАТО, двете земји ќе работат на заеднички проекти што се од големо значење за унапредување на соработката. Ова беше заклучено на состанокот на министерот за финансии Фатмир Бесими со вршителот на должност заменик-помошник секретар за Европа и Евроазија Брајан Меколи, советникот на секретарот на Трезорот на САД Брент Ниман и Вилијам Лари Мекдоналд заменик помошник на секретарот за техничка поддршка во Тезорот. Воедно САД, преку Канцеларијата за техничка помош на Трезорот на САД (ОТА), ќе понуди техничка помош во зајакнувањето на управувањето со јавните финансии, ефикасноста, транспарентноста, отчетноста на јавните финансии, информираат од Министерството за финансии. Оттаму известуваат дека Бесими на средбата истакнал дека деблокирањето на интегративниот процес позитивно ќе се одрази на севкупната стабилност и на развојот на регионот. Притоа, активниот ангажман на САД по ова прашање би бил од клучно значење.
Воедно се разговараше и за можноста од продлабочување на економската соработка и реализација на нови проекти кои би се реализирале во соработка со УСАИД и со Амбасадата на САД во земјава, велат од министерството.
Двете страни се согласиле дека во моментов клучно е решавањето на енергетската криза и одржувањето ценовна стабилност како клучни фактори за обезбедување макроекономска и финансиска стабилност. Претходно министерот Бесими, во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка, оствари средба и со Габриел Ескобар, заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан.

The post Министерството за финансии ќе соработува со Трезорот на САД во подобрување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на јавните финансии appeared first on Република.

]]>