тревога Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trevoga/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 08:32:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тревога Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trevoga/ 32 32 Украина прогласи висок степен на тревога https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-proglasi-visok-stepen-na-trevoga/ Mon, 11 Nov 2024 08:32:45 +0000 https://republika.mk/?p=836237

Ниту еден руски проектил денеска не стигна до Украина, откако украинските воздухопловни сили прогласија тревога поради големиот број бомбардери кои полетале од руска територија првпат по повеќе од два месеца.

Украинската војска очекуваше масовен руски напад, а Украина превентивно ја прекина струјата и ги повика жителите да отидат во засолништата.

Воздушното предупредување е поврзано со лансирање на крстосувачки ракети од стратешките бомбардери Ту-95МС, објавија на Телеграм украинските воздухопловни сили.

The post Украина прогласи висок степен на тревога appeared first on Република.

]]>

Ниту еден руски проектил денеска не стигна до Украина, откако украинските воздухопловни сили прогласија тревога поради големиот број бомбардери кои полетале од руска територија првпат по повеќе од два месеца. Украинската војска очекуваше масовен руски напад, а Украина превентивно ја прекина струјата и ги повика жителите да отидат во засолништата. Воздушното предупредување е поврзано со лансирање на крстосувачки ракети од стратешките бомбардери Ту-95МС, објавија на Телеграм украинските воздухопловни сили.

The post Украина прогласи висок степен на тревога appeared first on Република.

]]>
Франција го подигна нивото на тревога за тероризам по нападот во Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsija-go-podigna-nivoto-na-trevoga-za-terorizam-po-napadot-vo-moskva/ Mon, 25 Mar 2024 08:54:25 +0000 https://republika.mk/?p=758429

Француската влада го зголеми вчера нивото на тревога за тероризам на највисоко ниво по терористичкиот напад во руската концертна сала за кој одговорноста ја презеде Исламска држава, пренесува „Франс24“.

Одговорноста за масакрот, најсмртоносниот терористички напад во Европа, ја презеде авганистанскиот огранок на џихадистичката група.

Премиерот Габриел Атал во објава на „Х“ рече дека одлуката, која доаѓа неколку месеци пред Париз да биде домаќин на Олимписките игри, е донесена „во светло на преземањето на одговорноста на Исламската држава за нападот (во Москва) и заканите што се надвиснуваат над нашата земја“.

Најавата дојде откако претседателот Емануел Макрон одржа итен безбедносен состанок поттикнат од терористичкиот напад во петокот во кој загинаа најмалку 137 луѓе, иако црниот биланс најверојатно не е конечен.

Францускиот систем за предупредување за тероризам има три нивоа, од кои највисокото ниво се активира по напад во Франција или во странство или кога се смета дека заканата од напад е непосредна. Подогањето на нивото на тревога овозможува наметнување исклучителни безбедносни мерки како што се засилени патроли на вооружените сили на јавни места (железнички станици, аеродроми и верски места).

Франција повеќе пати беше цел на смртоносни џихадистички напади, вклучувајжи го тука и масакрот во концертната сала „Батаклан“ во 2015 година, кога екстремистите отворија оган врз посетителите на концертот и со часови држеа заложници. Земјата веќе беше во висока безбедносна готовност пред Олимпијадата и Параолимпијадата во Париз годинава, кои се очекува да привлечат милиони посетители во земјата.

Загриженоста за безбедноста е особено висока за исклучителната церемонија на отворање на 26 јули, која ќе вклучувачамци кои же пловат по реката Сена и огромни толпи кои ќе гледаат од брегот.

 

The post Франција го подигна нивото на тревога за тероризам по нападот во Москва appeared first on Република.

]]>

Француската влада го зголеми вчера нивото на тревога за тероризам на највисоко ниво по терористичкиот напад во руската концертна сала за кој одговорноста ја презеде Исламска држава, пренесува „Франс24“. Одговорноста за масакрот, најсмртоносниот терористички напад во Европа, ја презеде авганистанскиот огранок на џихадистичката група. Премиерот Габриел Атал во објава на „Х“ рече дека одлуката, која доаѓа неколку месеци пред Париз да биде домаќин на Олимписките игри, е донесена „во светло на преземањето на одговорноста на Исламската држава за нападот (во Москва) и заканите што се надвиснуваат над нашата земја“. Најавата дојде откако претседателот Емануел Макрон одржа итен безбедносен состанок поттикнат од терористичкиот напад во петокот во кој загинаа најмалку 137 луѓе, иако црниот биланс најверојатно не е конечен. Францускиот систем за предупредување за тероризам има три нивоа, од кои највисокото ниво се активира по напад во Франција или во странство или кога се смета дека заканата од напад е непосредна. Подогањето на нивото на тревога овозможува наметнување исклучителни безбедносни мерки како што се засилени патроли на вооружените сили на јавни места (железнички станици, аеродроми и верски места). Франција повеќе пати беше цел на смртоносни џихадистички напади, вклучувајжи го тука и масакрот во концертната сала „Батаклан“ во 2015 година, кога екстремистите отворија оган врз посетителите на концертот и со часови држеа заложници. Земјата веќе беше во висока безбедносна готовност пред Олимпијадата и Параолимпијадата во Париз годинава, кои се очекува да привлечат милиони посетители во земјата. Загриженоста за безбедноста е особено висока за исклучителната церемонија на отворање на 26 јули, која ќе вклучувачамци кои же пловат по реката Сена и огромни толпи кои ќе гледаат од брегот.  

The post Франција го подигна нивото на тревога за тероризам по нападот во Москва appeared first on Република.

]]>
На Крим прогласено високо ниво на закана од тероризам https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-krim-proglaseno-visoko-nivo-na-zakana-od-terorizam/ Wed, 12 Oct 2022 07:41:38 +0000 https://republika.mk/?p=559945

Во општините на Крим во близина на Кримскиот мост е прогласено високо ниво на опасност од терористички акции, соопшти лидерот на Крим, Сергеј Аксјонов.

– Со цел да се обезбеди безбедност и антитерористичка заштита на Република Крим и нејзиниот народ, ќе биде во сила жолто (високо) ниво против терористички закани, рече Аксјонов.

Тој додаде дека агенциите за спроведување на законот, безбедносните агенции, извршните и самоуправните тела преземаат дополнителни мерки за обезбедување на безбедноста на поединците, општеството и државата.

Повисоко ниво на безбедност беше прогласено откако во саботата наутро цистерна експлодираше на мостот на Крим, а пожарот зафати и воз во близина.

Во експлозијата загинаа три лица, а мостот е оштетен.

Железничкиот и патниот сообраќај беше брзо обновен.

Официјална Москва го окарактеризира овој настан како терористички чин, а како одговорна ја посочи Украина.

The post На Крим прогласено високо ниво на закана од тероризам appeared first on Република.

]]>

Во општините на Крим во близина на Кримскиот мост е прогласено високо ниво на опасност од терористички акции, соопшти лидерот на Крим, Сергеј Аксјонов. – Со цел да се обезбеди безбедност и антитерористичка заштита на Република Крим и нејзиниот народ, ќе биде во сила жолто (високо) ниво против терористички закани, рече Аксјонов. Тој додаде дека агенциите за спроведување на законот, безбедносните агенции, извршните и самоуправните тела преземаат дополнителни мерки за обезбедување на безбедноста на поединците, општеството и државата. Повисоко ниво на безбедност беше прогласено откако во саботата наутро цистерна експлодираше на мостот на Крим, а пожарот зафати и воз во близина. Во експлозијата загинаа три лица, а мостот е оштетен. Железничкиот и патниот сообраќај беше брзо обновен. Официјална Москва го окарактеризира овој настан како терористички чин, а како одговорна ја посочи Украина.

The post На Крим прогласено високо ниво на закана од тероризам appeared first on Република.

]]>
Воздушна тревога во цела Украина: Најмалку 75 проектили истрелани во денешните напади во Киев, напади има во Херсон, Лавов, Запорожје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vozdushna-trevoga-nad-cela-ukraina/ Mon, 10 Oct 2022 07:52:22 +0000 https://republika.mk/?p=559312

Украинската престолнина Киев и многу други градови се под ракетни напади, објави во понеделникот заменикот шеф на кабинетот на украинскиот претседател Кирил Тимошенко, повикувајќи ги граѓаните да останат во засолништата, а сведоците јавуваат и за експлозии во рускиот пограничен град Белгород наспроти украинскиот доминантно руски град Харков.

„Украина е под ракетен напад, имаме информации за многу погодени градови во нашата земја“, објави Тимошенко на Telegram.

Вкупно 75 проектили биле лансирани во денешните напади во повеќе украински градови, меѓу кои и во главниот град Киев, во кој, според последниот биланс, загинаа најмалку осум лица, а 24 се повредени.

Информацијата ја соопшти началникот на Генералштабот на украинската армија Валериј Залужни кој на твитер-профилот на Министерството за одбрана објави дека денеска врз Украина биле истрелани 75 проектили, а оти 41 од нив биле соборени од противвоздушната одбрана на Украина.

Според итните служби во Киев има мртви и повредени. Експлозии во понеделникот утрото имало и во Лвов, Тернопил и Житомир на западот на Украина, како и во Дњепар во централниот дел од земјата.

Густ чад се издигнува од центарот на Киев откако украинската престолнина била потресена од неколку силни детонации. Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека има мртви и ранети во експлозиите кои во понеделникот утрото ги потресле украинските градови и ја обвини Русија дека се обидува неговата земја „да ја избрише од лицето на земјата“.

„Се обидуваат да нѐ уништат и избришат од лицето на земјата… да ги уништат нашите луѓе кои спијат дома во градот Запорожје. Да ги убијат нашите луѓе кои одат на работ во Дњепар и Киев. Сирените за воздушна тревога се слушаат ширум Украина. Проектилите гаѓаат. За жал, има мртви и ранети“, изјави Зеленски на апликацијата за размена на пораки Telegram.

Киевскиот градоначалник Виталиј Кличко ги повика жителите на Киев е да побараат засолниште од руските ракетни напади.

Претходно во понеделникот утрото се слушнале неколку силни експлозии кои создале облаци од чад над центарот на Киев, но целта на нападот веднаш не беше јасен. Киев неколкупати беше гаѓан со руски проектили од почетокот на војната на 24 февруари.

Меѓутоа, денешното ракетирање, според првичните процени, се најголемите и прво по многу месеци. На една од најфреквентните крстосници во Киев има голем кратер, според очевидци. Автомобили се разнесени, згради оштетени. Два автомобила во близина на кратерот целосно се уништени, поцрнети и издупчени од шрапнели. Прозорци се разнесени на зградите на главниот киевски универзитет „Тарас Шевченко“.

„Главниот град е под напад на руските терористи! Проектили погодија објекти во центарот на градот“, објави градоначалникот Кличко на социјалните мрежи.

The post Воздушна тревога во цела Украина: Најмалку 75 проектили истрелани во денешните напади во Киев, напади има во Херсон, Лавов, Запорожје appeared first on Република.

]]>

Украинската престолнина Киев и многу други градови се под ракетни напади, објави во понеделникот заменикот шеф на кабинетот на украинскиот претседател Кирил Тимошенко, повикувајќи ги граѓаните да останат во засолништата, а сведоците јавуваат и за експлозии во рускиот пограничен град Белгород наспроти украинскиот доминантно руски град Харков. „Украина е под ракетен напад, имаме информации за многу погодени градови во нашата земја“, објави Тимошенко на Telegram. Вкупно 75 проектили биле лансирани во денешните напади во повеќе украински градови, меѓу кои и во главниот град Киев, во кој, според последниот биланс, загинаа најмалку осум лица, а 24 се повредени. Информацијата ја соопшти началникот на Генералштабот на украинската армија Валериј Залужни кој на твитер-профилот на Министерството за одбрана објави дека денеска врз Украина биле истрелани 75 проектили, а оти 41 од нив биле соборени од противвоздушната одбрана на Украина. Според итните служби во Киев има мртви и повредени. Експлозии во понеделникот утрото имало и во Лвов, Тернопил и Житомир на западот на Украина, како и во Дњепар во централниот дел од земјата. Густ чад се издигнува од центарот на Киев откако украинската престолнина била потресена од неколку силни детонации. Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека има мртви и ранети во експлозиите кои во понеделникот утрото ги потресле украинските градови и ја обвини Русија дека се обидува неговата земја „да ја избрише од лицето на земјата“. „Се обидуваат да нѐ уништат и избришат од лицето на земјата… да ги уништат нашите луѓе кои спијат дома во градот Запорожје. Да ги убијат нашите луѓе кои одат на работ во Дњепар и Киев. Сирените за воздушна тревога се слушаат ширум Украина. Проектилите гаѓаат. За жал, има мртви и ранети“, изјави Зеленски на апликацијата за размена на пораки Telegram. Киевскиот градоначалник Виталиј Кличко ги повика жителите на Киев е да побараат засолниште од руските ракетни напади. Претходно во понеделникот утрото се слушнале неколку силни експлозии кои создале облаци од чад над центарот на Киев, но целта на нападот веднаш не беше јасен. Киев неколкупати беше гаѓан со руски проектили од почетокот на војната на 24 февруари. Меѓутоа, денешното ракетирање, според првичните процени, се најголемите и прво по многу месеци. На една од најфреквентните крстосници во Киев има голем кратер, според очевидци. Автомобили се разнесени, згради оштетени. Два автомобила во близина на кратерот целосно се уништени, поцрнети и издупчени од шрапнели. Прозорци се разнесени на зградите на главниот киевски универзитет „Тарас Шевченко“. „Главниот град е под напад на руските терористи! Проектили погодија објекти во центарот на градот“, објави градоначалникот Кличко на социјалните мрежи.

The post Воздушна тревога во цела Украина: Најмалку 75 проектили истрелани во денешните напади во Киев, напади има во Херсон, Лавов, Запорожје appeared first on Република.

]]>