Трета мајка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/treta-majka/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Jun 2024 12:36:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Трета мајка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/treta-majka/ 32 32 Секој концерт е нова авантура, ново искушение и ново искуство: Уникатно музичко патување со Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ https://arhiva3.republika.mk/scena/sekoj-kontsert-e-nova-avantura-novo-iskushenie-i-novo-iskustvo-unikatno-muzichko-patuvane-so-vlatko-stefanovski-i-miroslav-tadik/ Tue, 04 Jun 2024 12:36:58 +0000 https://republika.mk/?p=784645

„Море сокол пие“, „Елено ќерко“, „Прошета се Јовка Кумановка“, „Опа-иха“, „Македонско девојче“, „Јовано, Јованке“, „Не си го продавај Кољо чифликот“... во изведба на големите виртуози на гитара, Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, на огромна радост на нивните фанови, на 1 и 2 јуни во салата на Македонската филхармонија.

Публиката во Скопје имаше можност повторно да ги слушне познатите нумери од нивниот заеднички албум „Трета мајка“, како и од „Крушево“, кои се инструментални верзии на македонски народни песни. На почетокот од вториот концерт Влатко Стефановски најави дека вечерачниот концерт воопшто нема да биде реприза на вчерашниот, бидејќи како што секој ден е различен од останатите, така и секој концерт се разликува од другите и ни посака да уживаме и доколку некој сака да ги затвори очите слободно да го стои тоа и да и се препушти на музиката.

Вечерва не е реприза од вчера. Вчера беше нешто сосема друго, а денеска ќе биде нешто сосема друго, затоа што ниту еден ден не е реприза од претходниот. Секогаш е нова авантура, секогаш е ново искушение и секогаш е ново искуство, рече Стефановски.

Ако имате потреба, затворете ги очите, ако имате потреба, отворете ги. Како и да е, само уживајте.

И навистина беше уживање, а Влатко и Мирослав звучеа маестрално. Речиси три децении соработуваат.

Вчера многу го фалев мојот пријател, на што денеска ми замери и ми рече: „Немој да ме фалиш толку многу“. Но, јас имам многу голем ќеиф да го претставувам и, на некој начин, да го откривам на публиката. Има десет и пол илјади километри помеѓу тоа каде живеам јас и каде живее тој. Мирослав доаѓа од Лос Анџелес, а потекнува од нашите краишта. Покрај тоа што е професор, тој е и градител на гитари. Сам ја има изградено гитарата на која свири вечерва. Соработувал на многу значајни проекти и со многу значајни имиња. Тој е мој многу добар пријател од 1995 година и уште малку ќе прославиме 30 години познанство, раскажа Стефановски.

Тој претходно рече дека за него секој концерт со Мирослав Тадиќ претставува мал празник на музиката, затоа што ретко се гледаат.

Тој живее во Лос Анџелес, каде што е професор, шеф на катедра за гитара на престижна музичка академија. Ние функционираме на некој чуден начин без многу вербална комуникација и договарање и проби. Така го снимивме и „Крушево“ и „Трета мајка“. Ние само се прашуваме меѓусебно – дали ја знаеш оваа тема, од кој тоналитет да ја свириме? И сè друго се подразбира. За среќа, тој е еден од најголемите фанови на македонската музика што ги познавам, рече на прес конференција Влатко Стефановски.

Имаат сличен сензибилитет, карактерно се слични, па како што рече и физички личат еден на друг.

Неговата мајка се викаше Нада, мојата исто Нада, мојата мајка беше глумица, и неговата исто така. Неверојатни коинциденции. Мирослав е неверојатен познавач на македонската народна музика, има колекција на плочи од Васка Илиева, Никола Бадев, Сариевски, Виолета Томовска. Ако му кажам да засвириме заедно некоја народна песна, веднаш ме прашува чија верзија ја сакам, рече Стефановски.

По концертот посетителите можеа и да го купат винил-изданието на „Трета мајка” потпишано од Стефановски и Тадиќ.

Редици се чекаа за купување, но и за автограм, а двајцата уметници трпеливо разговараа и им ги потпишуваа примероците на бројните присутни. На најмладиот купувач, Влатко му нацрта и лик од него и од Тадиќ на купената плоча.

Големо задоволство е да се доживее второ издание на нешто што си го работел порано и тоа сега, во подобра верзија. Тогаш беше на ЦД, а сега е на винил. Повторно винилите се во мода и на мое задоволство и на сите оние на кои им значи квалитетен звук. Кога го добив овој примерок и кога го пуштив на грамофон, ме обзеде таква носталгија, тага и возбуда што имав потреба да се расплачам, посочи со многу емоции Влатко Стефановски, на вчерашната промоција на винил-изданието на албумот „Трета мајка“.

Кога снимаме во студио, не е важна само музичката фреквенција и звукот, туку емоцијата, таа е најважна. Фреквенција произведуваат и оние кои косат трева сега во Тафталиџе. Цедето ниту музиката која ја слушаме на телефон, никогаш не може да го долови квалитетот на звукот кој се слуша на плоча, кажа Стефановски на промоцијата на албумот.

Сите кои имаа можност да присуствуваат на овој несекојдневен празник и уникатно музичко патување ќе потврдат дека секој нивен настап е настан кој долго се памети.

The post Секој концерт е нова авантура, ново искушение и ново искуство: Уникатно музичко патување со Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ appeared first on Република.

]]>

„Море сокол пие“, „Елено ќерко“, „Прошета се Јовка Кумановка“, „Опа-иха“, „Македонско девојче“, „Јовано, Јованке“, „Не си го продавај Кољо чифликот“... во изведба на големите виртуози на гитара, Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, на огромна радост на нивните фанови, на 1 и 2 јуни во салата на Македонската филхармонија. Публиката во Скопје имаше можност повторно да ги слушне познатите нумери од нивниот заеднички албум „Трета мајка“, како и од „Крушево“, кои се инструментални верзии на македонски народни песни. На почетокот од вториот концерт Влатко Стефановски најави дека вечерачниот концерт воопшто нема да биде реприза на вчерашниот, бидејќи како што секој ден е различен од останатите, така и секој концерт се разликува од другите и ни посака да уживаме и доколку некој сака да ги затвори очите слободно да го стои тоа и да и се препушти на музиката.
Вечерва не е реприза од вчера. Вчера беше нешто сосема друго, а денеска ќе биде нешто сосема друго, затоа што ниту еден ден не е реприза од претходниот. Секогаш е нова авантура, секогаш е ново искушение и секогаш е ново искуство, рече Стефановски. Ако имате потреба, затворете ги очите, ако имате потреба, отворете ги. Како и да е, само уживајте.
И навистина беше уживање, а Влатко и Мирослав звучеа маестрално. Речиси три децении соработуваат.
Вчера многу го фалев мојот пријател, на што денеска ми замери и ми рече: „Немој да ме фалиш толку многу“. Но, јас имам многу голем ќеиф да го претставувам и, на некој начин, да го откривам на публиката. Има десет и пол илјади километри помеѓу тоа каде живеам јас и каде живее тој. Мирослав доаѓа од Лос Анџелес, а потекнува од нашите краишта. Покрај тоа што е професор, тој е и градител на гитари. Сам ја има изградено гитарата на која свири вечерва. Соработувал на многу значајни проекти и со многу значајни имиња. Тој е мој многу добар пријател од 1995 година и уште малку ќе прославиме 30 години познанство, раскажа Стефановски.
Тој претходно рече дека за него секој концерт со Мирослав Тадиќ претставува мал празник на музиката, затоа што ретко се гледаат.
Тој живее во Лос Анџелес, каде што е професор, шеф на катедра за гитара на престижна музичка академија. Ние функционираме на некој чуден начин без многу вербална комуникација и договарање и проби. Така го снимивме и „Крушево“ и „Трета мајка“. Ние само се прашуваме меѓусебно – дали ја знаеш оваа тема, од кој тоналитет да ја свириме? И сè друго се подразбира. За среќа, тој е еден од најголемите фанови на македонската музика што ги познавам, рече на прес конференција Влатко Стефановски.  
Имаат сличен сензибилитет, карактерно се слични, па како што рече и физички личат еден на друг.
Неговата мајка се викаше Нада, мојата исто Нада, мојата мајка беше глумица, и неговата исто така. Неверојатни коинциденции. Мирослав е неверојатен познавач на македонската народна музика, има колекција на плочи од Васка Илиева, Никола Бадев, Сариевски, Виолета Томовска. Ако му кажам да засвириме заедно некоја народна песна, веднаш ме прашува чија верзија ја сакам, рече Стефановски.
По концертот посетителите можеа и да го купат винил-изданието на „Трета мајка” потпишано од Стефановски и Тадиќ. Редици се чекаа за купување, но и за автограм, а двајцата уметници трпеливо разговараа и им ги потпишуваа примероците на бројните присутни. На најмладиот купувач, Влатко му нацрта и лик од него и од Тадиќ на купената плоча.
Големо задоволство е да се доживее второ издание на нешто што си го работел порано и тоа сега, во подобра верзија. Тогаш беше на ЦД, а сега е на винил. Повторно винилите се во мода и на мое задоволство и на сите оние на кои им значи квалитетен звук. Кога го добив овој примерок и кога го пуштив на грамофон, ме обзеде таква носталгија, тага и возбуда што имав потреба да се расплачам, посочи со многу емоции Влатко Стефановски, на вчерашната промоција на винил-изданието на албумот „Трета мајка“. Кога снимаме во студио, не е важна само музичката фреквенција и звукот, туку емоцијата, таа е најважна. Фреквенција произведуваат и оние кои косат трева сега во Тафталиџе. Цедето ниту музиката која ја слушаме на телефон, никогаш не може да го долови квалитетот на звукот кој се слуша на плоча, кажа Стефановски на промоцијата на албумот.