трет мобилен оператор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tret-mobilen-operator/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Aug 2024 12:45:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трет мобилен оператор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tret-mobilen-operator/ 32 32 Ќе има големи напади поради новиот оператор, но подготвени сме, вели Николоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ke-ima-golemi-napadi-poradi-noviot-operator-no-podgotveni-sme-veli-nikoloski/ Mon, 19 Aug 2024 17:38:45 +0000 https://republika.mk/?p=807956

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска порача дека целта на најавите за промени во телекомуникацискиот пазар со можност за влез на трет мрежен мобилен оператор е граѓаните да добијат поквалитетни услуги за помалку пари бидејќи според него, „со сегашниот дуопол цените не само што не се намалуваат туку се зголемуваат“.

На новинарско прашање за писмото со намери што до Владата го достави операторот 4iG групација од Унгарија Николоски рече дека во наредниот период ќе се донесе стратешка одлука дали ќе се воведе трет мобилен оператор или ќе се работи на намалување на цените на постојните два оператори. Но, нагласи, факт е дека во моментов има дуопол помеѓу постојните два оператори и пазарот е идеално поделен 51:49 помеѓу првиот и вториот оператор.

Цените на услугите не само што не се намалуваат туку се зголемуваат. Нема никаков натпревар ниту во делот на нудење на подобри услуги, ниту во делот на поевтини цени за граѓаните. Се соочуваме секој ден со проблеми затоа што постои овој дуопол – дали се работи за начин на којшто се поставуваат базни станици, дали се работи за услуги коишто се испорачуваат кон граѓаните, квалитетот не е на соодветно ниво, изјави Николовски, при посетата на Кавадарци.

Праша „дали има друга држава во Европа каде што граѓаните плаќаат за кабелска телевизија, а дел од надоместот што граѓаните го плаќаат не се исплаќа на телевизиите коишто се емитуваат преку кабелска телевизија?„.

Тоа го има само во Македонија, како што само во Македонија има телевизиите да плаќаат за т.н. дигитализација на еден од овие два оператори, а вториот оператор воопшто да не нуди таква услуга што мислам дека е најдобар доказ за договорите што ги прават помеѓу себе. На крај страдаат граѓаните и затоа ние мора ова да го решиме на начин што граѓаните ќе добијат поквалитетни услуги за помалку пари, рече Николоски.

Министерот рече и дека „се подготвени за напад од двата оператора, но и дека се неколку чекори пред нив и се добро информирани“.

Кога влеговме во оваа операција бевме свесни дека ќе има голем напад од овие два оператора затоа што не им одговара да се разбие пазарот и да се воведе конкуренција, спремни сме за тој напад, ама да им кажам дека сме барем неколку чекори пред нив затоа што сме многу подобро од нив информирани и сме свесни дека тие никогаш нема јавно да излезат да го нападнат ова, туку преку одредени медиуми во коишто имаат сериозно спонзорство и издвојуваат дел од својот буџет преку реклами, ќе отвораат измислени теми од тип на не знам стратешки позиционирања. Очекувам сега нешто друго да отворат. Но, како што кажав, секогаш сме чекор пред нив од причина што тие „ги газат“ и „ги цицаат“ граѓаните, а ние сакаме граѓаните да имаат подобар квалитет за помалку пари, изјави Николоски.

На прашањето зошто унгарска компанија за која се знае дека е блиска до претседателот Орбан, Николоски одговори со прашање „Па зошто да не?. Ако сега граѓаните плаќаат 5.100 денари за одредена услуга, а утре плаќаат 3.100, според него, „што е важно кој ја дава услугата?.

Зошто граѓаните да плаќаат 5.100 за некоја услуга а да не плаќаат 3.100, а реално и со 3.100 ќе заработуваат операторите. Многу е едноставно. Стравот кај овие два оператори е дека цените драстично ќе се намалат и нема да можат да прават десетици милиони евра профит секоја година, тие пари ќе останат кај граѓаните. Во јавноста да се поставува прашање дали ќе се почитува законот, па нормално ќе се почитува. Никој не е луд да направи нешто што е надвор од законот, тоа е основна работа, тоа е основно правило. Но, суштината е многу подлабока, рече Николоски.

Министерот Николоски на 6. месецов ја информираше Владата на седница дека е пристигнато писмо со намери од унгарскиот оператор 4iG групација, откако тој претходно во Будимпешта оствари средба со претседателот на групацијата Гелерт Жасзаи.

На пазарот на мобилни комуникации во државава активни се два мобилни мрежни оператори, три виртуелни мобилни оператори и еден оператор препродавач. Нивото на пенетрација на малопродажниот пазар на мобилни комуникациски услуги изнесуваше 89,68 проценти во четвртиот кавартл на 2020 година, 93,83 проценти во четвртиот квартал од 2021 година, 105,23 проценти во четвртиот квартал од 2022 година, односно 104,53 проценти во првиот квартал од 2023 година.

Заклучно со третиот квартал од 2023 година на пазарот на моилна телефонија се регистрирани 2.074.021 активни претплатници, во кои мрежните оператори А1 Македонија и Македонски Телеком имаат удел од по 47,62 односно 47,24 проценти.

The post Ќе има големи напади поради новиот оператор, но подготвени сме, вели Николоски appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска порача дека целта на најавите за промени во телекомуникацискиот пазар со можност за влез на трет мрежен мобилен оператор е граѓаните да добијат поквалитетни услуги за помалку пари бидејќи според него, „со сегашниот дуопол цените не само што не се намалуваат туку се зголемуваат“. На новинарско прашање за писмото со намери што до Владата го достави операторот 4iG групација од Унгарија Николоски рече дека во наредниот период ќе се донесе стратешка одлука дали ќе се воведе трет мобилен оператор или ќе се работи на намалување на цените на постојните два оператори. Но, нагласи, факт е дека во моментов има дуопол помеѓу постојните два оператори и пазарот е идеално поделен 51:49 помеѓу првиот и вториот оператор.
Цените на услугите не само што не се намалуваат туку се зголемуваат. Нема никаков натпревар ниту во делот на нудење на подобри услуги, ниту во делот на поевтини цени за граѓаните. Се соочуваме секој ден со проблеми затоа што постои овој дуопол – дали се работи за начин на којшто се поставуваат базни станици, дали се работи за услуги коишто се испорачуваат кон граѓаните, квалитетот не е на соодветно ниво, изјави Николовски, при посетата на Кавадарци.
Праша „дали има друга држава во Европа каде што граѓаните плаќаат за кабелска телевизија, а дел од надоместот што граѓаните го плаќаат не се исплаќа на телевизиите коишто се емитуваат преку кабелска телевизија?„.
Тоа го има само во Македонија, како што само во Македонија има телевизиите да плаќаат за т.н. дигитализација на еден од овие два оператори, а вториот оператор воопшто да не нуди таква услуга што мислам дека е најдобар доказ за договорите што ги прават помеѓу себе. На крај страдаат граѓаните и затоа ние мора ова да го решиме на начин што граѓаните ќе добијат поквалитетни услуги за помалку пари, рече Николоски.
Министерот рече и дека „се подготвени за напад од двата оператора, но и дека се неколку чекори пред нив и се добро информирани“.
Кога влеговме во оваа операција бевме свесни дека ќе има голем напад од овие два оператора затоа што не им одговара да се разбие пазарот и да се воведе конкуренција, спремни сме за тој напад, ама да им кажам дека сме барем неколку чекори пред нив затоа што сме многу подобро од нив информирани и сме свесни дека тие никогаш нема јавно да излезат да го нападнат ова, туку преку одредени медиуми во коишто имаат сериозно спонзорство и издвојуваат дел од својот буџет преку реклами, ќе отвораат измислени теми од тип на не знам стратешки позиционирања. Очекувам сега нешто друго да отворат. Но, како што кажав, секогаш сме чекор пред нив од причина што тие „ги газат“ и „ги цицаат“ граѓаните, а ние сакаме граѓаните да имаат подобар квалитет за помалку пари, изјави Николоски.
На прашањето зошто унгарска компанија за која се знае дека е блиска до претседателот Орбан, Николоски одговори со прашање „Па зошто да не?. Ако сега граѓаните плаќаат 5.100 денари за одредена услуга, а утре плаќаат 3.100, според него, „што е важно кој ја дава услугата?. Зошто граѓаните да плаќаат 5.100 за некоја услуга а да не плаќаат 3.100, а реално и со 3.100 ќе заработуваат операторите. Многу е едноставно. Стравот кај овие два оператори е дека цените драстично ќе се намалат и нема да можат да прават десетици милиони евра профит секоја година, тие пари ќе останат кај граѓаните. Во јавноста да се поставува прашање дали ќе се почитува законот, па нормално ќе се почитува. Никој не е луд да направи нешто што е надвор од законот, тоа е основна работа, тоа е основно правило. Но, суштината е многу подлабока, рече Николоски. Министерот Николоски на 6. месецов ја информираше Владата на седница дека е пристигнато писмо со намери од унгарскиот оператор 4iG групација, откако тој претходно во Будимпешта оствари средба со претседателот на групацијата Гелерт Жасзаи. На пазарот на мобилни комуникации во државава активни се два мобилни мрежни оператори, три виртуелни мобилни оператори и еден оператор препродавач. Нивото на пенетрација на малопродажниот пазар на мобилни комуникациски услуги изнесуваше 89,68 проценти во четвртиот кавартл на 2020 година, 93,83 проценти во четвртиот квартал од 2021 година, 105,23 проценти во четвртиот квартал од 2022 година, односно 104,53 проценти во првиот квартал од 2023 година. Заклучно со третиот квартал од 2023 година на пазарот на моилна телефонија се регистрирани 2.074.021 активни претплатници, во кои мрежните оператори А1 Македонија и Македонски Телеком имаат удел од по 47,62 односно 47,24 проценти.

The post Ќе има големи напади поради новиот оператор, но подготвени сме, вели Николоски appeared first on Република.

]]>
АЕК: Со трет мобилен оператор ќе поевтинат услугите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/aek-so-tret-mobilen-operator-ke-poeftinat-uslugite/ Wed, 07 Aug 2024 19:23:05 +0000 https://republika.mk/?p=804332

Поголема конкуренција, пониски цени на услугите. Вака Агенцијата за електронски комуникации гледа на најавата за влез на трет мобилен оператор во државата. Директорот Јетон Акику вели слободни фрекфенции има бидејќи претходно веќе работеле три компании, а најголема корист од доаѓањето на нов мобилен оператор ќе имале граѓаните.

„Со трет оператор би имале уште подобри услуги и во тој смисол е добро да има трет и треба да има и најверојатно тоа би значело намалување на цените. Тоа е економска теорија, повеќе конкуренција-помали цени. Имаме празни слотови во сите френкфенциски опсези за тре оператор, пошто имавме трет. Кога се случи спојувањето на двата оператори, дел од фрекфенциите ги одземавме назад за да има можност за трет оператор“ изјави Јетон Акику, Директор на АЕК.

Владата вчера информираше дека Унгарската групација фор ај џи испратила писмо со намери да инсталира мобилна мрежа во земјава, но првиот човек на АЕК вели дека засега  не го добиле во Агнецијата. Акику појаснува дека писмото со намери не значи дека таа компанија ќе биде третиот оператор за мобилни услуги.. Ќе се распишел тендер на кој ќе можат да се пријават сите компании кои ќе ги исполнат условите.

„Ако го добиеме писмото за интерес, ние законски ќе треба да одговориме, да им кажеме кои се условите и според закон се отвара тендер и може да се појават и други кои не појавиле интерес, но може да се заинтересираат за учество. Ако се појават повеќе заинтересирани има јавно наддавање, ако се јави еден се оди на цената одредена како почетна за добивање на дозволата“, вели Јетон Акику, Директор на АЕК.

Највата дека унгарската компанија сака да инвестира во мобилна телефонија доаѓа по неполна недела откако министерот за транспорт и врски Александар Николоски објави дека се сретнал со претседателот на фор ај џи групацијата и најави дека е време за поевтини цени и конкурентски услуги.

Инаку,  според податоците на АЕК, во земјава има 2 милиони и 100 илјади активни мобилни телефонски броеви. Сопствени мрежи имаат два мобилни оператори, а услуги нудат уште четири виртуелни, но кај нив има помалку од пет отсто од вкупниот број корисници.

The post АЕК: Со трет мобилен оператор ќе поевтинат услугите appeared first on Република.

]]>

Поголема конкуренција, пониски цени на услугите. Вака Агенцијата за електронски комуникации гледа на најавата за влез на трет мобилен оператор во државата. Директорот Јетон Акику вели слободни фрекфенции има бидејќи претходно веќе работеле три компании, а најголема корист од доаѓањето на нов мобилен оператор ќе имале граѓаните. „Со трет оператор би имале уште подобри услуги и во тој смисол е добро да има трет и треба да има и најверојатно тоа би значело намалување на цените. Тоа е економска теорија, повеќе конкуренција-помали цени. Имаме празни слотови во сите френкфенциски опсези за тре оператор, пошто имавме трет. Кога се случи спојувањето на двата оператори, дел од фрекфенциите ги одземавме назад за да има можност за трет оператор“ изјави Јетон Акику, Директор на АЕК. Владата вчера информираше дека Унгарската групација фор ај џи испратила писмо со намери да инсталира мобилна мрежа во земјава, но првиот човек на АЕК вели дека засега  не го добиле во Агнецијата. Акику појаснува дека писмото со намери не значи дека таа компанија ќе биде третиот оператор за мобилни услуги.. Ќе се распишел тендер на кој ќе можат да се пријават сите компании кои ќе ги исполнат условите. „Ако го добиеме писмото за интерес, ние законски ќе треба да одговориме, да им кажеме кои се условите и според закон се отвара тендер и може да се појават и други кои не појавиле интерес, но може да се заинтересираат за учество. Ако се појават повеќе заинтересирани има јавно наддавање, ако се јави еден се оди на цената одредена како почетна за добивање на дозволата“, вели Јетон Акику, Директор на АЕК. Највата дека унгарската компанија сака да инвестира во мобилна телефонија доаѓа по неполна недела откако министерот за транспорт и врски Александар Николоски објави дека се сретнал со претседателот на фор ај џи групацијата и најави дека е време за поевтини цени и конкурентски услуги. Инаку,  според податоците на АЕК, во земјава има 2 милиони и 100 илјади активни мобилни телефонски броеви. Сопствени мрежи имаат два мобилни оператори, а услуги нудат уште четири виртуелни, но кај нив има помалку од пет отсто од вкупниот број корисници.

The post АЕК: Со трет мобилен оператор ќе поевтинат услугите appeared first on Република.

]]>
Николоски најавува трет мобилен оператор за граѓаните да добијат поевтини цени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-najavuva-tret-mobilen-operator-za-graganite-da-dobijat-poevtini-tseni/ Sun, 07 Jul 2024 14:09:34 +0000 https://republika.mk/?p=794282

Сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца за трет мобилен оператор, објави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол. Затоа мора да бараме мерки да поевтинат услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа потенцијално решение е трет мобилен оператор, објави Николоски на својот Фејсбук профил.

The post Николоски најавува трет мобилен оператор за граѓаните да добијат поевтини цени appeared first on Република.