трет мандат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tret-mandat/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Jun 2023 13:28:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трет мандат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tret-mandat/ 32 32 Ердоган положи заклетва за трет претседателски мандат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/erdogan-polozhi-zakletva-za-tret-pretsedatelski-mandat-2/ Sat, 03 Jun 2023 13:28:24 +0000 https://republika.mk/?p=647416

Реџеп Таип Ердоган денеска положи заклетва за својот трет мандат како претседател на Турција, и втор по транзицијата на земјата кон претседателски систем на управување.

По пристигнувањето пред зградата на турскиот Парламент, Ердоган најпрво ја поздрави почесната гарда која беше построена во негова чест, по што започна свечената седница на Големото национално собрание на Република Турција, со која претседаваше привремениот претседавач Девлет Бахчели.

Тој на Ердоган му врачи уверение од Врховната изборна комисија со кое се потврдува победата на Ердоган на претседателските избори одржани на 28 мај.

Ердоган потоа свечено положи заклетва зад претседателот на парламентот, со што и официјално започна новиот мандат на претседателот на државата. По полагањето заклетва, во парламентот беше интонирана химната на Република Турција.

По заклетвата во парламентот, Ердоган ќе положи венец во Антиткабир, мавзолејот на основачот и прв претседател на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, а потоа во Претседателската палата ќе започне церемонијата на инаугурација на која ќе присуствува од страна на бројни достоинственици, претседатели, премиери и други високи функционери на многу земји, вклучително и земјите од регионот.

Ердоган за првпат беше избран на функцијата претседател на изборите во 2014 година, а воедно е и првиот директно избран претседател на таа земја.

Ердоган победи во вториот круг од претседателските избори со 52,18 отсто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу 47,82 отсто, покажаа конечните резултати објавени од Врховната изборна комисија на Турција.

 

The post Ердоган положи заклетва за трет претседателски мандат appeared first on Република.

]]>

Реџеп Таип Ердоган денеска положи заклетва за својот трет мандат како претседател на Турција, и втор по транзицијата на земјата кон претседателски систем на управување. По пристигнувањето пред зградата на турскиот Парламент, Ердоган најпрво ја поздрави почесната гарда која беше построена во негова чест, по што започна свечената седница на Големото национално собрание на Република Турција, со која претседаваше привремениот претседавач Девлет Бахчели. Тој на Ердоган му врачи уверение од Врховната изборна комисија со кое се потврдува победата на Ердоган на претседателските избори одржани на 28 мај. Ердоган потоа свечено положи заклетва зад претседателот на парламентот, со што и официјално започна новиот мандат на претседателот на државата. По полагањето заклетва, во парламентот беше интонирана химната на Република Турција. По заклетвата во парламентот, Ердоган ќе положи венец во Антиткабир, мавзолејот на основачот и прв претседател на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, а потоа во Претседателската палата ќе започне церемонијата на инаугурација на која ќе присуствува од страна на бројни достоинственици, претседатели, премиери и други високи функционери на многу земји, вклучително и земјите од регионот. Ердоган за првпат беше избран на функцијата претседател на изборите во 2014 година, а воедно е и првиот директно избран претседател на таа земја. Ердоган победи во вториот круг од претседателските избори со 52,18 отсто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу 47,82 отсто, покажаа конечните резултати објавени од Врховната изборна комисија на Турција.  

The post Ердоган положи заклетва за трет претседателски мандат appeared first on Република.

]]>
Си Џинпинг по трет пат реизбран за претседател на Кина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/si-dhinping-po-tret-pat-reizbran-za-pretsedatel-na-kina/ Fri, 10 Mar 2023 07:32:04 +0000 https://republika.mk/?p=617951

Кинескиот претседател Си Џинпинг обезбеди трет петгодишен претседателски мандат.

Претседателската кандидатура на Си, која беше и единствената предложена, ја поддржаа речиси 3 000 членови на кинескиот парламент.

Ваквата одлука, која е историски преседан во земјата, ќе му овозможи на 69-годишникот да стане шеф на државата со најдолг стаж во модерна Кина, и ќе значи дека тој ќе владее до своите седумдесетти години.

На внимателно изведената церемонија во Националниот народен конгрес во Пекинг, Си ја кренал десната тупаница и ја ставил левата рака на црвена кожна копија од кинескиот устав.

Во заклетвата – емитувана во живо на државната телевизија низ целата нација – тој вети дека „ќе изгради просперитетна, силна, демократска, цивилизирана, хармонична и голема модерна социјалистичка земја“.

Назначувањето на претседателската функција од страна на кинескиот парламент доаѓа откако во октомври лани на Џинпинг му беа доделени уште пет години како шеф на кинеската комунистичка партија и на војската – двете позначајни лидерски позиции во кинеската политика.

Но, почетокот на неговиот трет претседателски мандат доаѓа кога Кина, втората по големина економија во светот, се соочува со големи предизвици – од човековите права, закрепнување од политиката за нулта-ковид, слабата глобална побарувачка, кревката доверба меѓу потрошувачите и бизнисите, па се до затегнатите односи со Вашингтон и Западот поради Тајван, како и поддршката на Пекинг за Русија.

The post Си Џинпинг по трет пат реизбран за претседател на Кина appeared first on Република.

]]>

Кинескиот претседател Си Џинпинг обезбеди трет петгодишен претседателски мандат. Претседателската кандидатура на Си, која беше и единствената предложена, ја поддржаа речиси 3 000 членови на кинескиот парламент.
Ваквата одлука, која е историски преседан во земјата, ќе му овозможи на 69-годишникот да стане шеф на државата со најдолг стаж во модерна Кина, и ќе значи дека тој ќе владее до своите седумдесетти години. На внимателно изведената церемонија во Националниот народен конгрес во Пекинг, Си ја кренал десната тупаница и ја ставил левата рака на црвена кожна копија од кинескиот устав. Во заклетвата – емитувана во живо на државната телевизија низ целата нација – тој вети дека „ќе изгради просперитетна, силна, демократска, цивилизирана, хармонична и голема модерна социјалистичка земја“. Назначувањето на претседателската функција од страна на кинескиот парламент доаѓа откако во октомври лани на Џинпинг му беа доделени уште пет години како шеф на кинеската комунистичка партија и на војската – двете позначајни лидерски позиции во кинеската политика. Но, почетокот на неговиот трет претседателски мандат доаѓа кога Кина, втората по големина економија во светот, се соочува со големи предизвици – од човековите права, закрепнување од политиката за нулта-ковид, слабата глобална побарувачка, кревката доверба меѓу потрошувачите и бизнисите, па се до затегнатите односи со Вашингтон и Западот поради Тајван, како и поддршката на Пекинг за Русија.

The post Си Џинпинг по трет пат реизбран за претседател на Кина appeared first on Република.

]]>