трет ден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tret-den/ За подобро да се разбереме Wed, 29 Nov 2023 16:23:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трет ден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tret-den/ 32 32 Трет ден се трага по 14-годишната Вања Ѓорчевска https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tret-den-se-traga-po-14-godishnata-vana-gorchevska/ Wed, 29 Nov 2023 10:12:53 +0000 https://republika.mk/?p=717472

Трет ден трае потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која исчезна на пат кон училиште во скопската населба Дебар Маало.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека потрагата деноноќно трае и дека се истражуваат сите можни мотиви и причини.

Вчера полицијата објави нејзина фотографија со опис во билтенот за исчезнати, а нејзината фотографија се споделува и на социјалните мрежи.

Вања исчезна во завчера околу 07:20 часот на пат кон училиште. Последниот сигнал од нејзиниот телефон е лоциран на улицата „Партизанска“ спроти Универзална сала.

 

The post Трет ден се трага по 14-годишната Вања Ѓорчевска appeared first on Република.

]]>

Трет ден трае потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која исчезна на пат кон училиште во скопската населба Дебар Маало. Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека потрагата деноноќно трае и дека се истражуваат сите можни мотиви и причини. Вчера полицијата објави нејзина фотографија со опис во билтенот за исчезнати, а нејзината фотографија се споделува и на социјалните мрежи. Вања исчезна во завчера околу 07:20 часот на пат кон училиште. Последниот сигнал од нејзиниот телефон е лоциран на улицата „Партизанска“ спроти Универзална сала.  

The post Трет ден се трага по 14-годишната Вања Ѓорчевска appeared first on Република.

]]>
Скопје и денеска блокирано: Трет ден протести на приватните автобуски превозници https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopje-i-deneska-blokirano-tret-den-protesti-na-privatnite-avtobuski-prevoznici/ Wed, 07 Dec 2022 08:31:55 +0000 https://republika.mk/?p=582822

Приватните автобуски превозници веќе трет ден по ред продолжуваат со протестите преку блокади на неколку од главните сообраќајни точки во главниот град. Според досегашните изјави од нивна страна, тие нема да ги отстранат автобусите се додека не се исполнат поставените барања за исплата на долгот што го побаруваат од Град Скопје. Градските власти, од друга страна, најавуваат дека денеска ќе има нов јавен повик за приватните автобуски превозници на линиите со број 20 и 22.

Град Скопје и градоначалничката Арсовска за време на овие два дена не излегоа со став во однос на протестите и барањата на приватните автобуски превозници.

Нема никаква реакција од Градот Скопје, никој ништо не кажува од нивна страна, засега блокадите ќе останат, изјави за МИА, директорот на приватниот автобуски превозник „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

Тој рече дека чекале известување од Градот за да видат што ќе прават, но нема никаков пристап или понуда за договор, и, како што нагласи, засега блокадите остануваат.

Од друга страна, од Град Скопје вчера соопштија дека денеска ќе биде објавен нов јавен повик за приватните автобуски превозниците на линиите со број 20 и 22.

Ги повикуваме сите приватни превозници да аплицираат на објавениот јавен повик, индивидуално или преку претставник на група на приватни превозници, се вели во соопштението на Градот.

Единствена разлика, како што велат од Град Скопје, е во тоа што ниту „Слобода Превоз“ ниту „Макекспрес“ нема да можат да конкурираат една година од денот на раскинување на договорот поради прекршување на одредбите од договорот од нивна страна.

Граѓаните во меѓувреме, и денеска ќе бидат принудени да најдат алтернативи во сообраќајот поради застојот на сообраќајот кој прозилегува како резултат на блокадите на приватните автобуски превозници.

Јовановски претходниот ден, побара и од останатите институции да се вклучат во наоѓање решение за овој проблем и најави дека е можно одредено проширување на протестите.

Не може граѓаните да не критикуваат нас, треба да го критикуваат изворот на овој проблем, а тоа е кај градоначалничката која дозволи ова да се случи. Не смеат граѓаните да дозволат да имаат ваков градоначалник кој не се грижи за нивниот интерес, рече Јовановски.

Во понеделникот, директорот на „Слобода превоз“ исто така изјави дека е стигнато известување за раскинување на договорот од страна на Град Скопје и со нив, откако претходниот месец беше укинат договорот со „Макекспрес“ со образложение дека не се исполнуваат условите според договорот.

Приватните автобуски превозници бараат од Град Скопје да се подмири долгот кон двете компании кој во целост изнесува преку 90 милиони денари, затоа што, како што велат, немаат средства за понатамошно функционирање поради недостиг на средства.

В.д. директорот на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, Александар Стојковски, минатата недела во интервју за МИА рече дека долгот го наследил и оти треба да биде подмирен. Но, истовремено спомена дека според последните анализи приватните превозници во последните пет години не уплаќале, односно не задолжувале никакви карти, а тоа, како што кажа, е нивна обврска според членот 5 од договорот меѓу ЈСП и приватните превозници.

 

The post Скопје и денеска блокирано: Трет ден протести на приватните автобуски превозници appeared first on Република.

]]>

Приватните автобуски превозници веќе трет ден по ред продолжуваат со протестите преку блокади на неколку од главните сообраќајни точки во главниот град. Според досегашните изјави од нивна страна, тие нема да ги отстранат автобусите се додека не се исполнат поставените барања за исплата на долгот што го побаруваат од Град Скопје. Градските власти, од друга страна, најавуваат дека денеска ќе има нов јавен повик за приватните автобуски превозници на линиите со број 20 и 22. Град Скопје и градоначалничката Арсовска за време на овие два дена не излегоа со став во однос на протестите и барањата на приватните автобуски превозници.
Нема никаква реакција од Градот Скопје, никој ништо не кажува од нивна страна, засега блокадите ќе останат, изјави за МИА, директорот на приватниот автобуски превозник „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.
Тој рече дека чекале известување од Градот за да видат што ќе прават, но нема никаков пристап или понуда за договор, и, како што нагласи, засега блокадите остануваат. Од друга страна, од Град Скопје вчера соопштија дека денеска ќе биде објавен нов јавен повик за приватните автобуски превозниците на линиите со број 20 и 22.
Ги повикуваме сите приватни превозници да аплицираат на објавениот јавен повик, индивидуално или преку претставник на група на приватни превозници, се вели во соопштението на Градот.
Единствена разлика, како што велат од Град Скопје, е во тоа што ниту „Слобода Превоз“ ниту „Макекспрес“ нема да можат да конкурираат една година од денот на раскинување на договорот поради прекршување на одредбите од договорот од нивна страна. Граѓаните во меѓувреме, и денеска ќе бидат принудени да најдат алтернативи во сообраќајот поради застојот на сообраќајот кој прозилегува како резултат на блокадите на приватните автобуски превозници. Јовановски претходниот ден, побара и од останатите институции да се вклучат во наоѓање решение за овој проблем и најави дека е можно одредено проширување на протестите.
Не може граѓаните да не критикуваат нас, треба да го критикуваат изворот на овој проблем, а тоа е кај градоначалничката која дозволи ова да се случи. Не смеат граѓаните да дозволат да имаат ваков градоначалник кој не се грижи за нивниот интерес, рече Јовановски.
Во понеделникот, директорот на „Слобода превоз“ исто така изјави дека е стигнато известување за раскинување на договорот од страна на Град Скопје и со нив, откако претходниот месец беше укинат договорот со „Макекспрес“ со образложение дека не се исполнуваат условите според договорот. Приватните автобуски превозници бараат од Град Скопје да се подмири долгот кон двете компании кој во целост изнесува преку 90 милиони денари, затоа што, како што велат, немаат средства за понатамошно функционирање поради недостиг на средства. В.д. директорот на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, Александар Стојковски, минатата недела во интервју за МИА рече дека долгот го наследил и оти треба да биде подмирен. Но, истовремено спомена дека според последните анализи приватните превозници во последните пет години не уплаќале, односно не задолжувале никакви карти, а тоа, како што кажа, е нивна обврска според членот 5 од договорот меѓу ЈСП и приватните превозници.  

The post Скопје и денеска блокирано: Трет ден протести на приватните автобуски превозници appeared first on Република.

]]>