Тренчевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trenchevska/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 20:39:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тренчевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trenchevska/ 32 32 Тренчевска: Од 2017 година до денес најниската исплатена пензија ја покачивме за 5.309 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-od-2017-godina-do-denes-najniskata-isplatena-penzija-ja-pokachivme-za-5-309-denari/ Thu, 02 May 2024 19:25:25 +0000 https://republika.mk/?p=773651

„330% повисока социјална помош, 53% повисоки пензии, 180% повисока минимална плата, 40 000 просечна плата се нашите резултати и знам дека тоа можеби не е доволно. Затоа вечерва стојам пред вас не како жена туку како ваша пријателка и комшивка како жена која работеше со интегритет и бара поддршка за број 1 на 8ми мај“ порача Тренчевска од говорницата на митингот во Радовиш.

Ко-носителката на изборна единица 4 од СДСМ, Јованка Тренчевска вечерва на радовишани им порача дека вистинскиот избор е јасен и дека само СДСМ е опција која ќе го води напредокот на општеството.

„Вие највозрасните кои гледам Ве има тука во голем број, а  со кои деновиве често се среќавав и често ме прашувавте зошто не може покачување од 5000 денари за секој од вас, Ве потсетувам дека од 2017та година до денес најниската исплатена пензија ја покачивме  за 5.309 денари, и овој месец најниската исплатена пензија изнесува 13 880 денари!  Стабилната исплата на вашите пензии ќе биде доведена во прашање со лажните ветувања на ВМРО, кои слушам деновиве дека започнаа да го раситнуваат лажното покачување на пензиите на месеци, на години и на нови методологии. Знаат и тие дека на лагата и се кратки нозете! Знаат дека 5000 линеарно е невозможно. Но дека е добро за да манипулираат со највозрасните“ рече Тренчевска.

Таа истакна дека во новиот мандат СДСМ се обврзува минималната пензија да ја покачи на 20.000 денари додека просечната пензија ќе ја покачи на 30.000 денари.

„Да продолжиме да градиме мостови посилни од ѕидовите и омразата кои ни ги наметнува ДПМНЕ“ истакна Тренчевска во нејзината покана за граѓаните за да излезат на гласање на 8ми мај.

The post Тренчевска: Од 2017 година до денес најниската исплатена пензија ја покачивме за 5.309 денари appeared first on Република.

]]>

Тренчевска денес им се обрати на пензионерите во Општина Струмица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-denes-im-se-obrati-na-penzionerite-vo-opshtina-strumitsa/ Fri, 19 Apr 2024 15:39:55 +0000 https://republika.mk/?p=768072

Коносителката на листата за пратеници на Изборна единица 4 од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска денес им се обрати на пензионерите во Општина Струмица и ја објасни изборната програма на која според неа столб е грижата за пензионерите.

„Да се потсетиме на се она што го имаме направено за вас пензионерите и да ве информираме за се она кое се обврзуваме како партија во наредниот период. Како помлади генерации сме обврзани да ви обезбедиме спокојни пензионерски денови, затоа во изминатиот период ја донесовме методологијата со која гарантираме постојан раст на пензиите. Пред нашиот мандат најниската пензија која изнесуваше околу 8000 денари, денес е покачена на скоро 14.000 денари“ изјави Тренчевска.

Таа посочи дека покрај континуираното покачување на пензиите продолжува да се исплаќа и финансиската поддршка која е директно на терет на буџетот на Министерството за труд и социјална политика и дека истата не ја загрозува исплата на пензиите.

„Најголем дел од вас се сеќаваат дека ги добивавте пензиите во 6 групи на пензионери, затоа што системот на пензиско и инвалидско осигурување на бил стабилен. Денес сите вие секој први во месецот пензиите ги имате на вашите сметки, системот е стабилен и гарантира долгорочна сигурност“ истакна Тренчевска.

Таа рече дека никогаш повеќе нема да дозволи фондот да биде нестабилен, затоа што сите предвидени мерки и политики кои се предвидуваат не се на терет на фондот, туку ќе бидат на централниот буџет.

„Се обврзуваме на минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. Воведуваме новогодишен пакет  за секој пензионер во висина од 6000 денари како, картичка за пензионерите со попуст од 30% на прехранбени производи како и изградба на најмалку 12 нови домови за стари лица“ рече Тренчевска.

The post Тренчевска денес им се обрати на пензионерите во Општина Струмица appeared first on Република.

Продолжение на кампањата – „Гласна и храбра 2“ со фокус на жени со невообичаени професии и жени земјоделки https://arhiva3.republika.mk/zivot/prodolzhenie-na-kampanata-glasna-i-hrabra-2-so-fokus-na-zheni-so-nevoobichaeni-profesii-i-zheni-zemjodelki/ Wed, 20 Mar 2024 12:35:23 +0000 https://republika.mk/?p=756723

По успешното спроведување на кампањата „Гласна и храбра“ во 2023 година со цел подигање на свеста за важноста од добросостојба на жените и нивно економско зајакнување од страна на Министерството за труд и социјална политика, предводена од министерката Јованка Тренчевска, оваа година се спроведува продолжението на кампањата – „Гласна и храбра 2“. Овој март кампањата е со фокус на жени со невообичаени професии и жени земјоделки.

Во рамки на активностите на кампањата беа спроведувани средби со жени и посети на нивните мали бизнис иновации.

Со цел да продолжи одекот на кампањата денес во Општина Валандово дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска со поддршката на градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов во паркот во Село Удово беа посадени садници со зимзелени дрва.

На акцијата за пошумување беа присутни и Заменик на претседателката на Владата на Република Македонија, задолжена за политики на добро владеење, Славица Грковска, Министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, Министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и Директорка на управа за јавни приходи, Сања Лукареска.

The post Продолжение на кампањата – „Гласна и храбра 2“ со фокус на жени со невообичаени професии и жени земјоделки appeared first on Република.

Тренчевска: Кога ќе влезеш во еден погон доколку те пречека насмевка се работи за компанија со задоволни вработени https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/trenchevska-koga-ke-vlezesh-vo-eden-pogon-dokolku-te-precheka-nasmevka-se-raboti-za-kompanija-so-zadovolni-vraboteni/ Mon, 04 Mar 2024 18:08:03 +0000 https://republika.mk/?p=751178

Дополнителната заменичка министерка, Јованка Тренчевска денес заедно со директорката за Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска ја посетија текстилната компанија „Албатрос“ управувана токму од жени. Конфекцијата според извештаите на ДИТ е без ниту една претставка во изминатиот период.

Тренчевска посетата на компанијата ја реализираше во склоп на почеток на низата активности по повод Меѓународниот ден на жената, 8ми март - „Ти не си тоа што ти кажуваат да бидеш“. Целта на активностите е да се охрабрат што повеќе жени да се вклучуваат на пазарот на трудот и да бидат економски независни.

По посетата на погонот министерката се средна со неколку вработени со цел согледување на нивното мислење во однос на висината на минималната плата и како тоа влијае на нивниот работен однос. Воедно министерката ги охрабруваше да зборуваат за нивните предлози за како тоа можат да се подобрат условите за работа и што е тоа што треба да се променува на пазарот на трудот.

The post Тренчевска: Кога ќе влезеш во еден погон доколку те пречека насмевка се работи за компанија со задоволни вработени appeared first on Република.

Тренчевска: Секое дете има право да расте во семејна и топла атмосфера https://arhiva3.republika.mk/zivot/trenchevska-sekoe-dete-ima-pravo-da-raste-vo-semejna-i-topla-atmosfera/ Mon, 12 Feb 2024 14:35:54 +0000 https://republika.mk/?p=743304

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес спроведе активност со деца од згрижувачки семејства на тема „Моите емоции, во моето семејство“ со поддршка на вработените во Јавната установа Детски дом „11 Октомври“- Скопје.

„Преку уметноста децата најдобро ги искажуваат своите емоции, затоа денес преку цртежи и боички комуницираме за емоциите. За мене е од особена важност кај децата да преовладуваат позитивните емоции кога се зборува за семејствата во кои децата се згрижени. Затоа што згрижувачкото семејство треба да биде пријатна околина за правилен раст и развој на децата“ рече Тренчевска за време на активноста.

Тренчевска ја објасни и важноста од подготвувањето на згрижувачките семејства за децата навистина да ја добиваат соодветната грижа и нивното секојдневие да поминува во топла семејна атмосфера.

„За нас како Министерство за труд и социјална политика од особена важност е децата да бидат сместени во соодветни згрижувачки семејства, затоа лицата кои се заинтересирани поминуваат преку долг процес на консултации во Центрите за згрижувачки семејства“ рече Тренчевска.

Процесот низ кој треба да поминат згрижувачките семејства започнува со контакт со Центарот за социјална работа (ЦСР) во местото на живеење и се пополнува соодветниот образец. Потоа потребно е семејството да помине низ информативна сесија каде Центарот за поддршка на згрижувачки семејства заедно со ЦСР извршуваат првична посета во домот на згрижувачот. При посетата во домот се разговара со семејството и се утврдува состојбата и потребите и воедно се оценува семејството согласно критериумите. Доколку истите се позитивни, семејството поминува низ задолжителна обука во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства. Процесот завршува со крајна проценка за подобноста на семејството.

Моментално на територијата на Република Македонија има 362 згрижувачки семејства во кои се згрижени 601 дете. Министерството за труд и социјална политика досега има спроведено две кампањи со UNICEF и СОС детско село со цел зголемување на свеста за важноста на згрижувачките семејства и зголемување на нивниот број.

The post Тренчевска: Секое дете има право да расте во семејна и топла атмосфера appeared first on Република.

Тренчевска: 662 милиони евра за пакет антикризни мерки, граѓаните остануваат во фокус https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-662-milioni-evra-za-paket-antikrizni-merki-graganite-ostanuvaat-vo-fokus/ Wed, 29 Nov 2023 11:21:59 +0000 https://republika.mk/?p=717515

„На вчерашната седница на Влада донесени антикризните мерки со кои ги таргетиравме: социјално ранливите категории на граѓани, ученици и студенти од семејства со ниски приходи, приватниот сектор. Дел од мерките ќе траат 5, 6 и 7 месеци. И овој пакет не е направен за изборите, туку за граѓаните! За да може да ги поминеме месеците кои следат. Дел од мерките почнуваат од 1ви декември, додека на мерките за кои ќе биде потребна апликација ќе бидат исплатени во втората половина од декември“ рече Тренчевска.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска на Телевизија 24 зборуваше за антикризните мерки, соопшти колку средства ќе бидат доделени и во рацете на кои граѓани ќе завршат истите. Нејзиното гостување беше со фокус на системските решенија и поддршката на најранливите категории на граѓани.

Тренчевска истакна дека резултатот на системските решенија се забележува најмногу со методологијата за пензионерите. Таа истакна дека моментално најниската пензија изнесува 13.200 и дека со постојаниот раст на пензиите во година и половина истите се зголемени во просек за 4.200 денари.

„36 милиони евра се издвоени само за пензионерите. Кога го гледаме вкупниот ефект од мерката може да се забележи дека пензионерите кои примаат најниски пензии за 5 месеци ќе добијат плус 15.000 денари на нивните сметки почнувајќи од месец декември“ изјави Тренчевска.

Министерката објасни дека за исплатата на овие средства за пензионерите на страната на Министерството за труд и социјална политика дополнително  ќе бидат објавени списоците.

Тренчевска истакна дека наспроти нереално популистичките ветувања на ВМРО за покачување на пензиите од 5000 денари, оваа Влада носи системски решенија кои ќе ја задржат стабилноста на фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Покрај мерките за пензионерите министерката зборуваше за и за ваучерите за патување и финансиските средства кои треба да ги добијат студентите и учениците како дел од деветтиот пакет на антикризни мерки.

„Ваучер за превоз ќе добијат студентите кои студираат надвор од нивното место на живеење. Во период од 7 месеци студентите во зависност од нивното место на живеење ќе добиваат од 600 до 1200 денари. Во мерките ги опфаќаме и учениците од основно и средно образование кои доаѓаат  од семејства имаат примања до 50.000 денари односно 2 минимални плати“ изјави Тренчевска.

Таа објасни дека за период од 6 месеци учениците од средно образование ќе добиваат 1.800 денари, додека учениците од основно образование ќе добиваат месечна поддршка од 1.200 денари. Тренчевска исто така дополни дека опфатени се и Корисници на надоместок заради попреченост, Самохрани родители – корисници на Гарантирана минимална помош и Родители на деца со попреченост до 26 години, кои користат посебен додаток. Таа истакна дека на овие лица ќе им се исплаќаат по 2000 денари во период од 5 месеци.

Министерката на крај истакна дека мерките се креирани во соработка со бизнис заедницата и сите останати релевантни чинители и дека целта на овој пакет на антикризни мерки е да бидат опфатени сите целни групи.

The post Тренчевска: 662 милиони евра за пакет антикризни мерки, граѓаните остануваат во фокус appeared first on Република.

]]>

„На вчерашната седница на Влада донесени антикризните мерки со кои ги таргетиравме: социјално ранливите категории на граѓани, ученици и студенти од семејства со ниски приходи, приватниот сектор. Дел од мерките ќе траат 5, 6 и 7 месеци. И овој пакет не е направен за изборите, туку за граѓаните! За да може да ги поминеме месеците кои следат. Дел од мерките почнуваат од 1ви декември, додека на мерките за кои ќе биде потребна апликација ќе бидат исплатени во втората половина од декември“ рече Тренчевска. Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска на Телевизија 24 зборуваше за антикризните мерки, соопшти колку средства ќе бидат доделени и во рацете на кои граѓани ќе завршат истите. Нејзиното гостување беше со фокус на системските решенија и поддршката на најранливите категории на граѓани. Тренчевска истакна дека резултатот на системските решенија се забележува најмногу со методологијата за пензионерите. Таа истакна дека моментално најниската пензија изнесува 13.200 и дека со постојаниот раст на пензиите во година и половина истите се зголемени во просек за 4.200 денари. „36 милиони евра се издвоени само за пензионерите. Кога го гледаме вкупниот ефект од мерката може да се забележи дека пензионерите кои примаат најниски пензии за 5 месеци ќе добијат плус 15.000 денари на нивните сметки почнувајќи од месец декември“ изјави Тренчевска. Министерката објасни дека за исплатата на овие средства за пензионерите на страната на Министерството за труд и социјална политика дополнително  ќе бидат објавени списоците. Тренчевска истакна дека наспроти нереално популистичките ветувања на ВМРО за покачување на пензиите од 5000 денари, оваа Влада носи системски решенија кои ќе ја задржат стабилноста на фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Покрај мерките за пензионерите министерката зборуваше за и за ваучерите за патување и финансиските средства кои треба да ги добијат студентите и учениците како дел од деветтиот пакет на антикризни мерки. „Ваучер за превоз ќе добијат студентите кои студираат надвор од нивното место на живеење. Во период од 7 месеци студентите во зависност од нивното место на живеење ќе добиваат од 600 до 1200 денари. Во мерките ги опфаќаме и учениците од основно и средно образование кои доаѓаат  од семејства имаат примања до 50.000 денари односно 2 минимални плати“ изјави Тренчевска. Таа објасни дека за период од 6 месеци учениците од средно образование ќе добиваат 1.800 денари, додека учениците од основно образование ќе добиваат месечна поддршка од 1.200 денари. Тренчевска исто така дополни дека опфатени се и Корисници на надоместок заради попреченост, Самохрани родители – корисници на Гарантирана минимална помош и Родители на деца со попреченост до 26 години, кои користат посебен додаток. Таа истакна дека на овие лица ќе им се исплаќаат по 2000 денари во период од 5 месеци. Министерката на крај истакна дека мерките се креирани во соработка со бизнис заедницата и сите останати релевантни чинители и дека целта на овој пакет на антикризни мерки е да бидат опфатени сите целни групи.

The post Тренчевска: 662 милиони евра за пакет антикризни мерки, граѓаните остануваат во фокус appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Преку програмите за воспитание и образование влијаеме на подобра интеграција и развој на децата https://arhiva3.republika.mk/vesti/trenchevska-preku-programite-za-vospitanie-i-obrazovanie-vlijaeme-na-podobra-integratsija-i-razvoj-na-detsata/ Tue, 28 Nov 2023 11:14:14 +0000 https://republika.mk/?p=717107

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на вториот состанок на советодавната група на РОМАКТЕД програмата. На отворањето на настанот покрај министерката Тренчевска се обратија и претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Патриција ДиЏовани и Марина Васиќ, програмската менаџерка на Совет на Европа. На состанокот се потпиша меморандум за соработка за вклучување на децата Роми во предучилишното образование. Оваа година поддршка на Министерството за труд и социјална политика во инклузијата на деца Роми во предучилишното образование и воспитание е УНИЦЕФ. Настанот е во организација на РОМАКЕД и Институтот за истражување и анализа на политики.

Тренчевска на отворањето на состанокот истакна дека за неа од особена важност е децата да добиваат можности, особено децата од ранливите семејства кои изминатите децении биле надвор од системот на предучилишно образование.

- Проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“, Министерството за труд и социјална политика го имплементира во соработка со Ромскиот образовен Фонд од Будимпешта, единиците на локална самоуправа и јавните општински установи-детски градинки од 2006 година. Целта на овој Проект е отстранување на постоечките бариери за пристап до предучилишни установи на деца Роми на возраст од 3 до 6 години, намалување на јазичните бариери, инклузија на децата и нивна социјализација, како и зајакнување на свеста кај нивните родители за важноста на раниот детски развој и образованието на нивните деца. Во текот на овие 17 години од имплементацијата на Проектот беа вклучени бесплатно околу 5.000 деца од ромската етничка заедница во 20 општини. Токму затоа со денешното потпишување на трипартитните договори се надеваме дека опфатот на деца Роми во предучилишното образование ќе се зголеми. Во интеграцијата на децата Роми во предучилишното образование оваа година наш главен партнер е УНИЦЕФ, рече Тренчевска.

Таа истакна дека во последниот Извештај за прогресот на Република Македонија на Европската Комисија, овој Проект беше посочен како успешен модел за зголемување на нивото на образование кај ромската популација и посочи дека истиот има придонесено за зголемување на стапката на запишување на децата во прво одделение кое значително го подобрува развојот на децата Роми.

- Во ова Едно општество за сите ќе продолжиме да се залагаме ниту едно дете во нашата држава да не биде изоставено од системот на предучилишно воспитание и образование и секое дета да има еднаква шанса за исполнување на својот потенцијал, рече Тренчевска.

The post Тренчевска: Преку програмите за воспитание и образование влијаеме на подобра интеграција и развој на децата appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на вториот состанок на советодавната група на РОМАКТЕД програмата. На отворањето на настанот покрај министерката Тренчевска се обратија и претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Патриција ДиЏовани и Марина Васиќ, програмската менаџерка на Совет на Европа. На состанокот се потпиша меморандум за соработка за вклучување на децата Роми во предучилишното образование. Оваа година поддршка на Министерството за труд и социјална политика во инклузијата на деца Роми во предучилишното образование и воспитание е УНИЦЕФ. Настанот е во организација на РОМАКЕД и Институтот за истражување и анализа на политики. Тренчевска на отворањето на состанокот истакна дека за неа од особена важност е децата да добиваат можности, особено децата од ранливите семејства кои изминатите децении биле надвор од системот на предучилишно образование. - Проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“, Министерството за труд и социјална политика го имплементира во соработка со Ромскиот образовен Фонд од Будимпешта, единиците на локална самоуправа и јавните општински установи-детски градинки од 2006 година. Целта на овој Проект е отстранување на постоечките бариери за пристап до предучилишни установи на деца Роми на возраст од 3 до 6 години, намалување на јазичните бариери, инклузија на децата и нивна социјализација, како и зајакнување на свеста кај нивните родители за важноста на раниот детски развој и образованието на нивните деца. Во текот на овие 17 години од имплементацијата на Проектот беа вклучени бесплатно околу 5.000 деца од ромската етничка заедница во 20 општини. Токму затоа со денешното потпишување на трипартитните договори се надеваме дека опфатот на деца Роми во предучилишното образование ќе се зголеми. Во интеграцијата на децата Роми во предучилишното образование оваа година наш главен партнер е УНИЦЕФ, рече Тренчевска. Таа истакна дека во последниот Извештај за прогресот на Република Македонија на Европската Комисија, овој Проект беше посочен како успешен модел за зголемување на нивото на образование кај ромската популација и посочи дека истиот има придонесено за зголемување на стапката на запишување на децата во прво одделение кое значително го подобрува развојот на децата Роми. - Во ова Едно општество за сите ќе продолжиме да се залагаме ниту едно дете во нашата држава да не биде изоставено од системот на предучилишно воспитание и образование и секое дета да има еднаква шанса за исполнување на својот потенцијал, рече Тренчевска.

The post Тренчевска: Преку програмите за воспитание и образование влијаеме на подобра интеграција и развој на децата appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Работната група ги доби предлозите, за финалната одлука пензионерите ќе бидат на време информирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-rabotnata-grupa-gi-dobi-predlozite-za-finalnata-odluka-penzionerite-ke-bidat-na-vreme-informirani/ Mon, 16 Oct 2023 09:27:31 +0000 https://republika.mk/?p=691633

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска утринава на утринската програма „Здраво Македонијо“ на Канал 5 Телевизија зборуваше за семејството, нејзините омилени моменти од мандатот во Министерството за труд и социјална политика како и за предизвиците со кои се соочуваат целните групи со кои работи министерството.

Тренчевска зборуваше за активностите во градинките заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, ја истакна својата посета во градинките во Белград кои имаат позитивен модел на функционирање . Таа посочи со таа посета беше увидено позитивното влијание на заедничките активности на родителите и децата во градинките. За време на гостувањето министерката зборуваше и за своето семејство и посочи дека внуците од нејзините сестри се нејзина мотивација за работа и нејзиното богатство.

Во текот на емисијата земајќи го во предвид големиот интерес на граѓаните за последните случувања со работната група и барањата на пензионерите Тренчевска соопшти за напредокот на работата во работната група.

„Работната група ги доби предлозите за мерки. Меѓутоа тоа оди на Влада како информација, ќе ги разгледаме предлозите и може ќе биде прифатено и повеќе од предлозите на работната група. Очекувам следната Влада да разговараме за ова прашање. Кога ќе биде донесена финална одлука пензионерите и медиумите ќе бидат навремено информирани за тоа што ќе биде одлучено како мерка во зимскиот период за да можеме да го подобриме животниот стандард на пензионерите“ рече Тренчевска.

The post Тренчевска: Работната група ги доби предлозите, за финалната одлука пензионерите ќе бидат на време информирани appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска утринава на утринската програма „Здраво Македонијо“ на Канал 5 Телевизија зборуваше за семејството, нејзините омилени моменти од мандатот во Министерството за труд и социјална политика како и за предизвиците со кои се соочуваат целните групи со кои работи министерството. Тренчевска зборуваше за активностите во градинките заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, ја истакна својата посета во градинките во Белград кои имаат позитивен модел на функционирање . Таа посочи со таа посета беше увидено позитивното влијание на заедничките активности на родителите и децата во градинките. За време на гостувањето министерката зборуваше и за своето семејство и посочи дека внуците од нејзините сестри се нејзина мотивација за работа и нејзиното богатство. Во текот на емисијата земајќи го во предвид големиот интерес на граѓаните за последните случувања со работната група и барањата на пензионерите Тренчевска соопшти за напредокот на работата во работната група. „Работната група ги доби предлозите за мерки. Меѓутоа тоа оди на Влада како информација, ќе ги разгледаме предлозите и може ќе биде прифатено и повеќе од предлозите на работната група. Очекувам следната Влада да разговараме за ова прашање. Кога ќе биде донесена финална одлука пензионерите и медиумите ќе бидат навремено информирани за тоа што ќе биде одлучено како мерка во зимскиот период за да можеме да го подобриме животниот стандард на пензионерите“ рече Тренчевска.

The post Тренчевска: Работната група ги доби предлозите, за финалната одлука пензионерите ќе бидат на време информирани appeared first on Република.

]]>
Протоколот за постапување со деца со дијабетес ќе придонесе за подобра едукација на сите вклучени во процесот на воспитание и образование https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/protokolot-za-postapuvane-so-detsa-so-dijabetes-ke-pridonese-za-podobra-edukatsija-na-site-vklucheni-vo-protsesot-na-vospitanie-i-obrazovanie/ Tue, 10 Oct 2023 10:39:49 +0000 https://republika.mk/?p=689850

Во Јавната установа „Раде Јовчевски Корчагин“ – објект Пепелашка во Скопје денес беше промовиран „Протоколот за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки “. На настанот присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, претседателката на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија- БАЛАНС МК, Наташа Д. Димитревска, вработени од областа на детската заштита и здравство.

Министерката Тренчевска во своето обраќање до присутните ја потенцираше заложбата на Владата и министерството за труд и социјална политика во обезбедувањето на грижа и услови за правилен раст и развој на секое дете.

„За нас секое дете е важно и секое дете заслужува да има еднаков пристап д ресурси и еднакви можности за напредок. Загрижувачки е податокот дека зачестеноста на дијабетот во светот се зголемува и истражувањата покажуваат дека токму децата се во зголемен ризик од развивање на оваа болест. За жал податоците откриваат и дека дијабетот денес е се повеќе присутен во предучилишна возраст. Оттука и важноста на Протоколот за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки “ наменет за наставниот кадар во градинките и училиштата. Верувам дека Протоколот ќе придонесе за подобра едукација на сите вклучени во процесот на воспитание и образование и ќе упатува за постапување со децата со дијабетес,“ истакна Тренчевска.

Таа ја поздрави иницијативата на Асоцијацијата за детски дијабетес-БАЛАНС МК, која со поддршка на Министерството за здравство и стручни лица од Клиниката за детски болести, го осмисли и реализираше проектот за креирање на Протоколот.

Градоначалникот Герасимовски истакна дека Општина Центар со задоволство се приклучува на овој заеднички проект на владиниот и граѓанскиот сектор, наменет за поддршка на децата со дијабетес.

„Пред нас е Протоколот со упатства за наставниот кадар, кој ќе почнува да се применува токму тука, во центарските училишта и градинки. За детскиот дијабетес , кој за жал го има се повеќе, најважна е пред се навремената и соодветна реакција на воспитувачот и наставникот. Затоа сум искрено благодарен на Асоцијацијата за детски дијабетес БАЛАНС МК, која го изработи овој Протокол во соработка со ресорните министерства и кој ќе биде водич за постапување со деца со дијабетес во градинките и училиштата,“ рече Герасимовски.

Претседателката Димитревска, информираше дека во Македонија има околу 130 илјади регистрирани лица со дијабетес, од нив околу 700 деца и адолесценти до 18 години со дијабетес.

„Протоколот е еден вид на едноставно конципиран прирачник кој содржински претставува низа од стручно подготвени упатства за најчестите проблеми и предизвици во кои може да се најде едно дете со дијабетес додека престојува во детската градинка или училиште. Овој Протокол овозможува запознавање на сите чинители во воспитно образовниот процес, со самата состојба со дијабетес Тип 1, со терапевските можности и контролата на гликемијата кај децата со дијабетес и со начините како да се препознае и реагира и помогне при акутни состојби кои дијабетесот може да ги предизвика,“ посочи Димитриевска.

The post Протоколот за постапување со деца со дијабетес ќе придонесе за подобра едукација на сите вклучени во процесот на воспитание и образование appeared first on Република.

Тренчевска: Економското зајакнување на жените е врвен приоритет на министерството https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trenchevska-ekonomskoto-zajaknuvane-na-zhenite-e-vrven-prioritet-na-ministerstvoto/ Mon, 02 Oct 2023 10:10:35 +0000 https://republika.mk/?p=687073

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на панелот „Креирање политики и мерки кои поддржуваат родова еднаквост на работно место во Македонија“ како дел од конференцијата „Родова еднаквост на работното место“. Конференцијата беше во организација на Aлијанса за родова еднаквост (Gender Equality Alliance) поддржана од Консалтинг за стратешки развој (SDC) и USAID.

„Секторот за Еднакви можности е главниот Владин механизам кој што работи на креирање на политики и спроведување на мерки во насока на имплементирање на родовата еднаквост во нашата држава. Како еден од главните чекори во исполнување на таа цел беше донесувањето на Стратегијата за родова еднаквост во 2022 година, која ќе биде со важност до 2027 година. Истата се спроведува преку акциски план на кој главните стратешки цели се да се спроведе ефикасен и ефективен механизам на национално и локално ниво за намалување на стереотипите поврзани со родовите улоги “ рече Тренчевска.

Министерката истакна дека целта е да се изгради култура на недискриминација и еднаквост во сите сфери на живеењето посочувајќи дека до крајот на 2024 година државата ќе биде во можност да ги измери и достигнувањата од мерките по претходно поставените индикатори.

Тренчевска зборуваше и за вклучувањето на жените на пазарот на труд, како дел од нејзината надлежност како Министерка за труд и социјална политика во државата.

„Од Оперативниот план за вработување како најатрактивни мерки ги издвојувам мерката за самовработување, која им овозможува на жените да отворат свои бизниси. Речиси половина од корисниците се млади девојки. Тука ќе ја спомнам мерката за стекнување на ИТ вештини каде за оваа година ја зголемивме возрасната граница од 29 на 40 години за да оствариме опфат на повеќе жени. Преку ваквите мерки вклучуваме жени кои не можат да најдат работа, можам да посочам дека успешно ги извлекуваме од системот за социјална заштита и ги интегрираме на пазарот на трудот “ рече Тренчевска.

Министерката на крај од панелот ги посочи двете кампањи на Министерството за труд и социјална политика „Гласна и храбра“ и „Остави трага“ кои ја поттикнаа дискусијата во општеството за поголемо економско зајакнување на жените. Таа истакна дека министерство во периодот кој што следи продолжува со своите заложби за унапредување на статусот на жените во државата.

The post Тренчевска: Економското зајакнување на жените е врвен приоритет на министерството appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на панелот „Креирање политики и мерки кои поддржуваат родова еднаквост на работно место во Македонија“ како дел од конференцијата „Родова еднаквост на работното место“. Конференцијата беше во организација на Aлијанса за родова еднаквост (Gender Equality Alliance) поддржана од Консалтинг за стратешки развој (SDC) и USAID. „Секторот за Еднакви можности е главниот Владин механизам кој што работи на креирање на политики и спроведување на мерки во насока на имплементирање на родовата еднаквост во нашата држава. Како еден од главните чекори во исполнување на таа цел беше донесувањето на Стратегијата за родова еднаквост во 2022 година, која ќе биде со важност до 2027 година. Истата се спроведува преку акциски план на кој главните стратешки цели се да се спроведе ефикасен и ефективен механизам на национално и локално ниво за намалување на стереотипите поврзани со родовите улоги “ рече Тренчевска. Министерката истакна дека целта е да се изгради култура на недискриминација и еднаквост во сите сфери на живеењето посочувајќи дека до крајот на 2024 година државата ќе биде во можност да ги измери и достигнувањата од мерките по претходно поставените индикатори. Тренчевска зборуваше и за вклучувањето на жените на пазарот на труд, како дел од нејзината надлежност како Министерка за труд и социјална политика во државата. „Од Оперативниот план за вработување како најатрактивни мерки ги издвојувам мерката за самовработување, која им овозможува на жените да отворат свои бизниси. Речиси половина од корисниците се млади девојки. Тука ќе ја спомнам мерката за стекнување на ИТ вештини каде за оваа година ја зголемивме возрасната граница од 29 на 40 години за да оствариме опфат на повеќе жени. Преку ваквите мерки вклучуваме жени кои не можат да најдат работа, можам да посочам дека успешно ги извлекуваме од системот за социјална заштита и ги интегрираме на пазарот на трудот “ рече Тренчевска. Министерката на крај од панелот ги посочи двете кампањи на Министерството за труд и социјална политика „Гласна и храбра“ и „Остави трага“ кои ја поттикнаа дискусијата во општеството за поголемо економско зајакнување на жените. Таа истакна дека министерство во периодот кој што следи продолжува со своите заложби за унапредување на статусот на жените во државата.  

The post Тренчевска: Економското зајакнување на жените е врвен приоритет на министерството appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Работниците остануваат на прво место, а безбедноста и здравјето при работа се број еден приоритет при креирањето политики https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-rabotnitsite-ostanuvaat-na-prvo-mesto-a-bezbednosta-i-zdravjeto-pri-rabota-se-broj-eden-prioritet-pri-kreiraneto-politiki/ Wed, 27 Sep 2023 16:21:18 +0000 https://republika.mk/?p=685735

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ја отвори меѓународната тридневна конференција „Безбедност и здравје при работа без граници“, организирана од страна на 10 невладини експертски организации од седум земји од Балканот и Министерството за труд и социјална политика во Република Македонија.

Тренчевска во своето обраќање посочи дека конференцијата „БЗР без граници“ е значајна не само по својата содржина туку и по составот на учесници. Таа го истакна меѓународниот карактер на конференцијата посочувајќи дека со размената на искуства секој во својата земја ќе може да го искористи она кое што смета дека ќе придонесе при Безбедноста и здравјето при работа на граѓаните.

-Она што според мене е особено значајно е темата на оваа конференција - странските работници, гледани низ призмата на безбедноста и здравјето при работа. Секоја од земјите од регионот се погласно периодот говори за демографските процеси, за миграциите и за недостатокот на работна сила која е клучна за придвижување и стабилност на економијата. И токму странските работници се наметнуваат како сегмент кој ни недостига и кој може да допринесе многу во секоја од нашите земји, истакна Тренчевска.

Таа посочи дека конференција од ваков формат може да придонесе во креирање на стандарди за Безбедност и здравје при работа на странските работници како една од најзначајните компоненти кои влијаат врз концептот на пристојна работа.

Министерката посака успешна работа на присутните која ќе придонесе, како што рече, за унапредување на праксите во делот на Безбедност и здравје при работа кај сите земји учеснички.

The post Тренчевска: Работниците остануваат на прво место, а безбедноста и здравјето при работа се број еден приоритет при креирањето политики appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ја отвори меѓународната тридневна конференција „Безбедност и здравје при работа без граници“, организирана од страна на 10 невладини експертски организации од седум земји од Балканот и Министерството за труд и социјална политика во Република Македонија. Тренчевска во своето обраќање посочи дека конференцијата „БЗР без граници“ е значајна не само по својата содржина туку и по составот на учесници. Таа го истакна меѓународниот карактер на конференцијата посочувајќи дека со размената на искуства секој во својата земја ќе може да го искористи она кое што смета дека ќе придонесе при Безбедноста и здравјето при работа на граѓаните. -Она што според мене е особено значајно е темата на оваа конференција - странските работници, гледани низ призмата на безбедноста и здравјето при работа. Секоја од земјите од регионот се погласно периодот говори за демографските процеси, за миграциите и за недостатокот на работна сила која е клучна за придвижување и стабилност на економијата. И токму странските работници се наметнуваат како сегмент кој ни недостига и кој може да допринесе многу во секоја од нашите земји, истакна Тренчевска. Таа посочи дека конференција од ваков формат може да придонесе во креирање на стандарди за Безбедност и здравје при работа на странските работници како една од најзначајните компоненти кои влијаат врз концептот на пристојна работа. Министерката посака успешна работа на присутните која ќе придонесе, како што рече, за унапредување на праксите во делот на Безбедност и здравје при работа кај сите земји учеснички.

The post Тренчевска: Работниците остануваат на прво место, а безбедноста и здравјето при работа се број еден приоритет при креирањето политики appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: До крајот на месецот очекувам конкретни предлози за пензиите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-do-krajot-na-mesetsot-ochekuvam-konkretni-predlozi-za-penziite/ Mon, 18 Sep 2023 11:59:58 +0000 https://republika.mk/?p=682895

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска до крајот на месецот очекува конкретни предлози во однос на пензиите, со фокус на пензионерите со ниски месечни примања.

Таа денеска одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Црвен крст Пробиштип, истакна дека работната група континуирано се состанува и оти во моментот се разгледуваат сите можности за ова прашање, нагласувајќи дека за утре е закажан состанок.

Работната група функционира во континуитет, се состануваат одржуваат средби на кои се разговара за првичните мерки кои како Влада треба да ги обезбедиме за пензионерите, со посебен фокус на пензионерите со пониски пензии. Во текот на утрешниот ден повторно е закажана средба на работната група. Сега сите институции, односно претставниците на институциите дебатираат за она што е реална состојба во државата, во работната група се споделуваат податоците за да можеме да пристапиме кон креирање социјални мерки за пензионерите со ниски пензии. Очекувам до крајот на месецот да имаме конкретни предлози, кои ќе бидат преставени и пред медумите и пред пензионерите, рече Тренчевска.

За 20 септември е најавен голем протест на пензионерите.

Одлуката за формирање на работната група беше донесена минатиот месец по состанокот на Тренчевска со Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, кој следуваше по протестот на пензионери во Скопје, на кои тие ги изнесоа своите барања, меѓу кои, линеарно зголемување од 3500 денари на сите пензии, како и продолжување на усогласување на износот согласно новата методологија воспоставена минатата година, како и одредување на минималната пензија во износ 80 отсто од минималната плата.

Целта на формирањето на работната е да предложи решенија кои ќе бидат одржливи во однос на утврдување на износот на минимална пензија, но и за други видови пакети мерки за помош и поддршка на пензионерите. Работната група е составена од претставници на МТСП, од Владата и Сојузот на пензионери и од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување

The post Тренчевска: До крајот на месецот очекувам конкретни предлози за пензиите appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска до крајот на месецот очекува конкретни предлози во однос на пензиите, со фокус на пензионерите со ниски месечни примања. Таа денеска одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Црвен крст Пробиштип, истакна дека работната група континуирано се состанува и оти во моментот се разгледуваат сите можности за ова прашање, нагласувајќи дека за утре е закажан состанок.
Работната група функционира во континуитет, се состануваат одржуваат средби на кои се разговара за првичните мерки кои како Влада треба да ги обезбедиме за пензионерите, со посебен фокус на пензионерите со пониски пензии. Во текот на утрешниот ден повторно е закажана средба на работната група. Сега сите институции, односно претставниците на институциите дебатираат за она што е реална состојба во државата, во работната група се споделуваат податоците за да можеме да пристапиме кон креирање социјални мерки за пензионерите со ниски пензии. Очекувам до крајот на месецот да имаме конкретни предлози, кои ќе бидат преставени и пред медумите и пред пензионерите, рече Тренчевска.
За 20 септември е најавен голем протест на пензионерите. Одлуката за формирање на работната група беше донесена минатиот месец по состанокот на Тренчевска со Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, кој следуваше по протестот на пензионери во Скопје, на кои тие ги изнесоа своите барања, меѓу кои, линеарно зголемување од 3500 денари на сите пензии, како и продолжување на усогласување на износот согласно новата методологија воспоставена минатата година, како и одредување на минималната пензија во износ 80 отсто од минималната плата. Целта на формирањето на работната е да предложи решенија кои ќе бидат одржливи во однос на утврдување на износот на минимална пензија, но и за други видови пакети мерки за помош и поддршка на пензионерите. Работната група е составена од претставници на МТСП, од Владата и Сојузот на пензионери и од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување

The post Тренчевска: До крајот на месецот очекувам конкретни предлози за пензиите appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Продолжуваме да работиме за подобра иднина на младите во нашата држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-prodolzhuvame-da-rabotime-za-podobra-idnina-na-mladite-vo-nashata-drzhava/ Wed, 13 Sep 2023 14:06:03 +0000 https://republika.mk/?p=681644

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска потпиша Меморандум за разбирање со Небојша Мојсоски, раководител на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности во Република Македонија.

Како што соопшти МТСП, Тренчевска воедно одржа средба со Кристофер Доџ в.д. директорот на УСАИД на канцеларијата за економски развој.

Министерството за труд и социјална политика заедно со УСАИД во моментот работи на промоција на мерките и програмите од Оперативниот план за активни мерки и програми од 2023 година со цел поголема вклученост на младите на пазарот на трудот.

Тренчевска истакна дека иднината на државата треба да се гради со млади лица кои се општествено вклучени и се активни на пазарот на трудот. Таа посочи дека подобрувањето на квалитетот на живот на младите е приоритет на работата на Министерството.

-Меморандумот што се потпиша помеѓу Министерството за труд и социјална политика и организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници има за цел соработка во делот на активности коишто водат кон младинско учество, развој на вештини и вработување, поттикнувајќи ги младите да учествуваат во активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот (преку обуки, практикантство,  можности за вработување и сл.) коишто се конкретно наменети за младите, како дел од Оперативен план и активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година, се наведува во соопштението од МТСП.

На состанокот било дискутирано и прашањето за родовата еднаквост и поголема инклузија на лицата со попреченост како и нивното приклучување на пазарот на трудот. Било истакнато дека делокругот на активности и соработка може да биде проширен на овие две теми.

The post Тренчевска: Продолжуваме да работиме за подобра иднина на младите во нашата држава appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска потпиша Меморандум за разбирање со Небојша Мојсоски, раководител на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности во Република Македонија. Како што соопшти МТСП, Тренчевска воедно одржа средба со Кристофер Доџ в.д. директорот на УСАИД на канцеларијата за економски развој. Министерството за труд и социјална политика заедно со УСАИД во моментот работи на промоција на мерките и програмите од Оперативниот план за активни мерки и програми од 2023 година со цел поголема вклученост на младите на пазарот на трудот. Тренчевска истакна дека иднината на државата треба да се гради со млади лица кои се општествено вклучени и се активни на пазарот на трудот. Таа посочи дека подобрувањето на квалитетот на живот на младите е приоритет на работата на Министерството. -Меморандумот што се потпиша помеѓу Министерството за труд и социјална политика и организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници има за цел соработка во делот на активности коишто водат кон младинско учество, развој на вештини и вработување, поттикнувајќи ги младите да учествуваат во активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот (преку обуки, практикантство,  можности за вработување и сл.) коишто се конкретно наменети за младите, како дел од Оперативен план и активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година, се наведува во соопштението од МТСП. На состанокот било дискутирано и прашањето за родовата еднаквост и поголема инклузија на лицата со попреченост како и нивното приклучување на пазарот на трудот. Било истакнато дека делокругот на активности и соработка може да биде проширен на овие две теми.

The post Тренчевска: Продолжуваме да работиме за подобра иднина на младите во нашата држава appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Интегрирањето на родовата перспектива е наша обврска во процесот на пристапување во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/trenchevska-integriraneto-na-rodovata-perspektiva-e-nasha-obvrska-vo-protsesot-na-pristapuvane-vo-eu/ Wed, 13 Sep 2023 07:49:13 +0000 https://republika.mk/?p=681445

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Дејвид Гир и претставници од регионот се обратија на регионалниот форум: родова еднаквост во пристапувањето на Европската Унија.

„Интегрирањето на родовата перспектива е наша обврска во процесот на пристапување во ЕУ и во сродните реформски процеси затоа посветуваме особено внимание од сите аспекти. Ова се рефлектира и во Стратегијата за Родова еднаквост 2022-2027 која ја усвои Собранието на Република Македонија како и во Националниот акциски план за родова еднаквост 2022-2024 година. За да можеме да го интегрираме ова прашање потребна е поголема сензитивност како и знаење за родовата еднаквост. Затоа и го воспоставивме Ресурсниот центар за креирање на родови политики и родово одговорно буџетирање. Центарот го отворивме во март 2022 година во рамки на проектот поддржан од UN Woman. Ова е прв ваков центар во регионот кој служи за градење на капацитетите на јавната администрација на национално и локално ниво. Во изминатиот период спроведени се 32 обука со 420 учесници“ истакна Тренчевска.

Таа посочи дека еднаквоста на жените и мажите во контекст на општеството во Македонија денес најдобро се изразува преку односот помеѓу политиката или политичкиот естаблишмент, односно како Владата и Собранието се однесуваат на ова прашање. Во таа насока Министерката истакна дека во континуитет Собранието усвојува збир на закони, стратегии и други документи за антидискриминација, со кои се прави исчекор кон исполнување на обврските на државата Македонија преку усогласување на нејзината регулатива со регулативите на ЕУ.

Тренчевска го затвори своето обраќање повикувајќи на кршење на стереотипот дека само жените треба да се едуцираат кога се работи на прашањето за родовата еднаквост правата на жените и на мажите и родово базираното насилство, туку дека сите треба да бидат подеднакво вклучени.

The post Тренчевска: Интегрирањето на родовата перспектива е наша обврска во процесот на пристапување во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Дејвид Гир и претставници од регионот се обратија на регионалниот форум: родова еднаквост во пристапувањето на Европската Унија.   „Интегрирањето на родовата перспектива е наша обврска во процесот на пристапување во ЕУ и во сродните реформски процеси затоа посветуваме особено внимание од сите аспекти. Ова се рефлектира и во Стратегијата за Родова еднаквост 2022-2027 која ја усвои Собранието на Република Македонија како и во Националниот акциски план за родова еднаквост 2022-2024 година. За да можеме да го интегрираме ова прашање потребна е поголема сензитивност како и знаење за родовата еднаквост. Затоа и го воспоставивме Ресурсниот центар за креирање на родови политики и родово одговорно буџетирање. Центарот го отворивме во март 2022 година во рамки на проектот поддржан од UN Woman. Ова е прв ваков центар во регионот кој служи за градење на капацитетите на јавната администрација на национално и локално ниво. Во изминатиот период спроведени се 32 обука со 420 учесници“ истакна Тренчевска.   Таа посочи дека еднаквоста на жените и мажите во контекст на општеството во Македонија денес најдобро се изразува преку односот помеѓу политиката или политичкиот естаблишмент, односно како Владата и Собранието се однесуваат на ова прашање. Во таа насока Министерката истакна дека во континуитет Собранието усвојува збир на закони, стратегии и други документи за антидискриминација, со кои се прави исчекор кон исполнување на обврските на државата Македонија преку усогласување на нејзината регулатива со регулативите на ЕУ.   Тренчевска го затвори своето обраќање повикувајќи на кршење на стереотипот дека само жените треба да се едуцираат кога се работи на прашањето за родовата еднаквост правата на жените и на мажите и родово базираното насилство, туку дека сите треба да бидат подеднакво вклучени.    

The post Тренчевска: Интегрирањето на родовата перспектива е наша обврска во процесот на пристапување во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Старите лица од општина Босилово добија нов центар за дневен престој https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/starite-litsa-od-opshtina-bosilovo-dobija-nov-tsentar-za-dneven-prestoj/ Mon, 04 Sep 2023 16:02:00 +0000 https://republika.mk/?p=678694

Пензионерите и постарите лица кои живеат во општина Босилово за првпат добиваат Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење. Центарот е лоциран во населеното место Турново и ќе може секојдневно да го посетуваат до 24 корисници, каде преку различен вид активности кои ќе се спроведуваат под надзор на стручни лица, добиваат можност за квалитетен, активен живот и социјализација.

Отворањето на овој центар се реализира преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој го имплементира Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска Банка, во рамки на социјалната реформа која започна да се спроведува во 2019 година. Една од клучните цели на оваа реформа е зголемување на достапноста на социјалните услуги на локално ниво, до оние граѓани на кои тие им се најпотребни.

„Центрите за дневен престој на стари лица за активно стареење се еден тип на социјална услуга која е наменета за активните стари лица и им овозможуваат на старите лица низ разновидни активности да бидат ангажирани, да се дружат, како и квалитетно да го исполнат нивното време. Јас сум многу задоволна што денеска ќе ја врачиме лиценцата за вршење дејност на третиот центар за дневен престој на стари лица и верувам дека истиот ќе им носи многу дружба и активности на жителите од село Турново. Задоволството е поголемо што се работи за рурална средина и тоа покажува дека ние сме посветени на изградба на систем на социјални услуги низ целата земја, со акцент на одалечените места.“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Со новиот центар за дневен престој на стари лица со активно стареење во Турново ќе управува општинската организација на Црвениот крст во Струмица, кој од Министерството за труд и социјална политика ја доби соодветната дозвола за вршење дејност од областа на социјалната заштита.

Од Црвениот Крст Струмица искажаа задоволство што заедно со општина Босилово се добитници на грант за развој на оваа услуга и потенцираа дека ќе го искористат своето знаење и искуство за да креираат активности кои ќе внесат свежина и радост во секојдневниот живот на корисниците, помагајќи им квалитетно и активно да го поминат третото доба.

Значајна придобивка од социјалната реформа е и децентрализацијата на социјалната заштита која се спроведува преку пренос на ингеренциите за спроведување на социјалните услуги од централно на општинско ниво. Една од улогите на општините во овој процес е да ги препознаат потребите и барањата на жителите во нивните заедници и, заедно со потенцијалите даватели на услуги, да подготват соодветни проекти за развој на социјални услуги со кои ќе настапат пред ресорното министерство и за кои, доколку ги исполнат неопходните предуслови, добиваат соодветна финансиска поддршка.

„Горд сум што Босилово е една од општините чии проекти за развој на нови социјални услуги беа избрани како најдобри и чија реализација е овозможена од страна на Министерството за труд и социјална политика. Тоа покажува дека сме направиле добра проценка на потребите на нашите сограѓани и добро сме ги идентификувале оние што заслужуваат посебно внимание и поддршка. Постарите граѓани од нашата општина секако спаѓаат во таа група и затоа денеска сум особено задоволен што заедно со ресорното министерството и давателот на услугата – Црвениот крст од Струмица, започнуваме со исполнување на оваа наша заложба“, оцени градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев.

Инаку, во рамки на Компонентата 1 од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, досега е обезбедена соодветна поддршка за реализација на 34 поединечни проекти за воведување социјални услуги во 41 општина ширум земјата. Покрај отворање дневни центри за активно стареење, со овие проекти дадена е и конкретна поддршка за развој на друг вид нови социјални услуги, како што се: дневни центри за престој на лица и деца со попреченост, центри за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост, како и развој на услугите лична асистенција, помош и нега во домот и други. За давање на овие социјални услуги досега се обучени и лиценцирани над 300 лица, а истите се достапни за повеќе од 1200 корисници.

The post Старите лица од општина Босилово добија нов центар за дневен престој appeared first on Република.

]]>

Пензионерите и постарите лица кои живеат во општина Босилово за првпат добиваат Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење. Центарот е лоциран во населеното место Турново и ќе може секојдневно да го посетуваат до 24 корисници, каде преку различен вид активности кои ќе се спроведуваат под надзор на стручни лица, добиваат можност за квалитетен, активен живот и социјализација. Отворањето на овој центар се реализира преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој го имплементира Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска Банка, во рамки на социјалната реформа која започна да се спроведува во 2019 година. Една од клучните цели на оваа реформа е зголемување на достапноста на социјалните услуги на локално ниво, до оние граѓани на кои тие им се најпотребни. „Центрите за дневен престој на стари лица за активно стареење се еден тип на социјална услуга која е наменета за активните стари лица и им овозможуваат на старите лица низ разновидни активности да бидат ангажирани, да се дружат, како и квалитетно да го исполнат нивното време. Јас сум многу задоволна што денеска ќе ја врачиме лиценцата за вршење дејност на третиот центар за дневен престој на стари лица и верувам дека истиот ќе им носи многу дружба и активности на жителите од село Турново. Задоволството е поголемо што се работи за рурална средина и тоа покажува дека ние сме посветени на изградба на систем на социјални услуги низ целата земја, со акцент на одалечените места.“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Со новиот центар за дневен престој на стари лица со активно стареење во Турново ќе управува општинската организација на Црвениот крст во Струмица, кој од Министерството за труд и социјална политика ја доби соодветната дозвола за вршење дејност од областа на социјалната заштита. Од Црвениот Крст Струмица искажаа задоволство што заедно со општина Босилово се добитници на грант за развој на оваа услуга и потенцираа дека ќе го искористат своето знаење и искуство за да креираат активности кои ќе внесат свежина и радост во секојдневниот живот на корисниците, помагајќи им квалитетно и активно да го поминат третото доба. Значајна придобивка од социјалната реформа е и децентрализацијата на социјалната заштита која се спроведува преку пренос на ингеренциите за спроведување на социјалните услуги од централно на општинско ниво. Една од улогите на општините во овој процес е да ги препознаат потребите и барањата на жителите во нивните заедници и, заедно со потенцијалите даватели на услуги, да подготват соодветни проекти за развој на социјални услуги со кои ќе настапат пред ресорното министерство и за кои, доколку ги исполнат неопходните предуслови, добиваат соодветна финансиска поддршка. „Горд сум што Босилово е една од општините чии проекти за развој на нови социјални услуги беа избрани како најдобри и чија реализација е овозможена од страна на Министерството за труд и социјална политика. Тоа покажува дека сме направиле добра проценка на потребите на нашите сограѓани и добро сме ги идентификувале оние што заслужуваат посебно внимание и поддршка. Постарите граѓани од нашата општина секако спаѓаат во таа група и затоа денеска сум особено задоволен што заедно со ресорното министерството и давателот на услугата – Црвениот крст од Струмица, започнуваме со исполнување на оваа наша заложба“, оцени градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев. Инаку, во рамки на Компонентата 1 од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, досега е обезбедена соодветна поддршка за реализација на 34 поединечни проекти за воведување социјални услуги во 41 општина ширум земјата. Покрај отворање дневни центри за активно стареење, со овие проекти дадена е и конкретна поддршка за развој на друг вид нови социјални услуги, како што се: дневни центри за престој на лица и деца со попреченост, центри за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост, како и развој на услугите лична асистенција, помош и нега во домот и други. За давање на овие социјални услуги досега се обучени и лиценцирани над 300 лица, а истите се достапни за повеќе од 1200 корисници.

The post Старите лица од општина Босилово добија нов центар за дневен престој appeared first on Република.

]]>
Ковачевски ќе отвори нова детска градинка во Карпош 3 и ќе изврши увид на градежни работи во Карпош 4 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ke-otvori-nova-detska-gradinka-vo-karposh-3-i-ke-izvrshi-uvid-na-gradezhni-raboti-vo-karposh-4/ Thu, 31 Aug 2023 07:49:34 +0000 https://republika.mk/?p=677461

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на 31.08.2023 година (четврток) во 11:30 часот ќе присуствуваат и ќе се обратат на пуштање во употреба на новиот објект „Први стапки“ во состав на детската градинка ЈОУДГ „Орце Николов“ - Карпош 3.

The post Ковачевски ќе отвори нова детска градинка во Карпош 3 и ќе изврши увид на градежни работи во Карпош 4 appeared first on Република.

Тренчевска: Преку креирање социјални политики водиме грижа за креирање повеќе можности за пензионерите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-preku-kreirane-sotsijalni-politiki-vodime-grizha-za-kreirane-poveke-mozhnosti-za-penzionerite/ Mon, 28 Aug 2023 12:55:54 +0000 https://republika.mk/?p=676606

Грижата за пензионерите и нашите највозрасни граѓани е многу поширока од само еден сегмент. Подигањето на животниот стандард на пензионерите и создавање можност за поквалитетен живот е можно само доколку се создаваат повеќе можности во различни сфери на општественото живеење, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска на  официјалното  врачување на дозволата за социјална услуга -  Дневен центар за престој на стари лица со активно стареење во Крива Паланка.

Како Министерство за труд и социјална политика (МТСП), додаде, сме подеднакво посветени на сите сегменти и наша цел е да создадеме рамка за поголема социјализација, активен живот и што поголемо вклучување на оваа категорија граѓани во општеството.

Општина Крива Паланка денеска доби модерен центар што ќе одговори на потребите на граѓаните.

-Од денеска пензионерите од Крива Паланка ќе имаат можност за поголема социјализација и активности во текот на денот преку овој центар, а досегашното искуство покажува дека овие центри се вистински одговор на потребите на граѓаните и дека оваа социјална услуга се користи многу и дава одлични резултати. Преку креирање социјални политики водиме грижа за креирање повеќе можности за пензионерите,  меѓу другото, потврда е и фактот што социјалната реформа покрај дневни центри, тука е и помош и нега во домот, наменета токму за лицата над 65 години. Затоа ги повикувам пензионерите да ја користат оваа услуга, а ние како Влада ќе продолжиме да работиме на создавање нови можности, да ги следиме ефектите и да ги подобриме социјалните услуги, кои се проширени и се имплементираат во 44 општини. Достапни се услугите и во најоддалечни места, а оваа услуга овде се воспоставува благодарение на визијата на општината и Црвениот крст што ја имаат за своите највозрасни сограѓани, рече Тренчевска.

Проектот е вреден 5,7 милиони денари, обезбедени преку проектот за подобрување на социјални услуги на МТСП, дел кофинансира и општината.

Градоначалникот, Сашко Митовски, рече дека Општина Крива Паланка е пример за работењето во областа на социјалата, една е од првите општини со формиран  Локален совет за социјална заштита  и усвоен социјален план за период 2021/2024- кој ги лоцира, мапира и тековно работи на решавање на проблемите од социјалната сфера на сите категории социјално загрозени граѓани.

-Отворањето на дневниот центар  значи  подобри и поквалитетни социјални услуги, збогатен и зголемен видот на услуги за највозрасната категорија граѓани. Црвениот крст како давател на услуги дава исклучителен придонес и е наш партнер во  грижата за возрасните, подеднакво како и за останатите категории лица. Акцентот на грижа за возрасните е нешто по што исто така предничи нашата општината, пример за тоа е што веќе трета година активно работи Нега центар во ОО Црвен крст, отворен во рамки на проектот „Одговорни институции-среќни граѓани“, што Општина Крива Паланка и Црвен крст го реализираа со финансиска поддршка од 11 милиони денари од Министерството за труд и социјална политика. Нега центарот има 20 лиценцирани негуватели кои пружаат услуги на над 80 корисници од општината, а во фаза на лиценцирање се уште 15 негуватели што веќе ја поминаа обуката и ќе го надополнат кадарот што ќе работи за грижа на возрасните, рече Митовски.

Општина Крива Паланка, додаде, изготви  и проект за изградба на Дом за стари лица,  постојано сме во корелација со плановите на Министерството за труд и социјална политика и истиот  веќе ставен во програмата на Министерството.

Секретарот на ОО Црвен крст, Крива Паланка, Дарко Пешовски, од име на органзиацијата-давател на услугите, рече дека стареењето е привилегија што многумина не ја имаат.

-Оваа мисла ја менува перспективата,  а Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење - го менува животот. Во име на сегашните и многу идни генерации кои ќе минуваат пријатни часови овде,  благодариме на сите за  придонесот да ги  разубават  моментите на дружење, заедништво  и спокој на нашите највозрасни жители. Како организација на Црвен крст го подигнавме нивото на одговорност, а  Општина Крива Паланка покажа зрелост и грижа за сите, рече Пешовски.

The post Тренчевска: Преку креирање социјални политики водиме грижа за креирање повеќе можности за пензионерите appeared first on Република.

]]>

Грижата за пензионерите и нашите највозрасни граѓани е многу поширока од само еден сегмент. Подигањето на животниот стандард на пензионерите и создавање можност за поквалитетен живот е можно само доколку се создаваат повеќе можности во различни сфери на општественото живеење, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска на  официјалното  врачување на дозволата за социјална услуга -  Дневен центар за престој на стари лица со активно стареење во Крива Паланка. Како Министерство за труд и социјална политика (МТСП), додаде, сме подеднакво посветени на сите сегменти и наша цел е да создадеме рамка за поголема социјализација, активен живот и што поголемо вклучување на оваа категорија граѓани во општеството. Општина Крива Паланка денеска доби модерен центар што ќе одговори на потребите на граѓаните. -Од денеска пензионерите од Крива Паланка ќе имаат можност за поголема социјализација и активности во текот на денот преку овој центар, а досегашното искуство покажува дека овие центри се вистински одговор на потребите на граѓаните и дека оваа социјална услуга се користи многу и дава одлични резултати. Преку креирање социјални политики водиме грижа за креирање повеќе можности за пензионерите,  меѓу другото, потврда е и фактот што социјалната реформа покрај дневни центри, тука е и помош и нега во домот, наменета токму за лицата над 65 години. Затоа ги повикувам пензионерите да ја користат оваа услуга, а ние како Влада ќе продолжиме да работиме на создавање нови можности, да ги следиме ефектите и да ги подобриме социјалните услуги, кои се проширени и се имплементираат во 44 општини. Достапни се услугите и во најоддалечни места, а оваа услуга овде се воспоставува благодарение на визијата на општината и Црвениот крст што ја имаат за своите највозрасни сограѓани, рече Тренчевска. Проектот е вреден 5,7 милиони денари, обезбедени преку проектот за подобрување на социјални услуги на МТСП, дел кофинансира и општината. Градоначалникот, Сашко Митовски, рече дека Општина Крива Паланка е пример за работењето во областа на социјалата, една е од првите општини со формиран  Локален совет за социјална заштита  и усвоен социјален план за период 2021/2024- кој ги лоцира, мапира и тековно работи на решавање на проблемите од социјалната сфера на сите категории социјално загрозени граѓани. -Отворањето на дневниот центар  значи  подобри и поквалитетни социјални услуги, збогатен и зголемен видот на услуги за највозрасната категорија граѓани. Црвениот крст како давател на услуги дава исклучителен придонес и е наш партнер во  грижата за возрасните, подеднакво како и за останатите категории лица. Акцентот на грижа за возрасните е нешто по што исто така предничи нашата општината, пример за тоа е што веќе трета година активно работи Нега центар во ОО Црвен крст, отворен во рамки на проектот „Одговорни институции-среќни граѓани“, што Општина Крива Паланка и Црвен крст го реализираа со финансиска поддршка од 11 милиони денари од Министерството за труд и социјална политика. Нега центарот има 20 лиценцирани негуватели кои пружаат услуги на над 80 корисници од општината, а во фаза на лиценцирање се уште 15 негуватели што веќе ја поминаа обуката и ќе го надополнат кадарот што ќе работи за грижа на возрасните, рече Митовски. Општина Крива Паланка, додаде, изготви  и проект за изградба на Дом за стари лица,  постојано сме во корелација со плановите на Министерството за труд и социјална политика и истиот  веќе ставен во програмата на Министерството. Секретарот на ОО Црвен крст, Крива Паланка, Дарко Пешовски, од име на органзиацијата-давател на услугите, рече дека стареењето е привилегија што многумина не ја имаат. -Оваа мисла ја менува перспективата,  а Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење - го менува животот. Во име на сегашните и многу идни генерации кои ќе минуваат пријатни часови овде,  благодариме на сите за  придонесот да ги  разубават  моментите на дружење, заедништво  и спокој на нашите највозрасни жители. Како организација на Црвен крст го подигнавме нивото на одговорност, а  Општина Крива Паланка покажа зрелост и грижа за сите, рече Пешовски.

The post Тренчевска: Преку креирање социјални политики водиме грижа за креирање повеќе можности за пензионерите appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: До крајот на годината се очекува предлог-решение за Законот за плати во јавниот сектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-do-krajot-na-godinata-se-ochekuva-predlog-reshenie-za-zakonot-za-plati-vo-javniot-sektor/ Thu, 24 Aug 2023 11:42:21 +0000 https://republika.mk/?p=675386

Минситерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска очекува Предлог решението за законот за плати во јавниот сектор да биде изготвено до крајот на годинава.

-Го донесовме Општиот колективен договор, го потпишавме заедно со Сојузот на синдикати на Македонија врз основа на методологијата која што е вклучена во овој Општ колективен договор секако Законот за плати во јавниот сектор е надлежност на МИОА. Пред некој ден разговарав со министерот за информатичко општество и во наредниот период ќе седне работната група ќе ја вгради методологијата и останатите одредби и ќе работи на законот за плати во јавниот сектор. Верувам дека до крајот на годината ќе имаме предлог-решение кое што ќе биде достапно на самата јавност, рече Тренчевска на новинарско прашање по пуштањето во употреба на нова градинка во Општина Пробиштип.

Преку Законот за плати во јавниот сектор се очекува да се дефинираат платите на вработените во јавниот сектор и да се утврдат правилата по кои во иднина тие ќе се уредуваат преку утврдена методологијата за системско решавање на динамиката на раст.

The post Тренчевска: До крајот на годината се очекува предлог-решение за Законот за плати во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>

Минситерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска очекува Предлог решението за законот за плати во јавниот сектор да биде изготвено до крајот на годинава. -Го донесовме Општиот колективен договор, го потпишавме заедно со Сојузот на синдикати на Македонија врз основа на методологијата која што е вклучена во овој Општ колективен договор секако Законот за плати во јавниот сектор е надлежност на МИОА. Пред некој ден разговарав со министерот за информатичко општество и во наредниот период ќе седне работната група ќе ја вгради методологијата и останатите одредби и ќе работи на законот за плати во јавниот сектор. Верувам дека до крајот на годината ќе имаме предлог-решение кое што ќе биде достапно на самата јавност, рече Тренчевска на новинарско прашање по пуштањето во употреба на нова градинка во Општина Пробиштип. Преку Законот за плати во јавниот сектор се очекува да се дефинираат платите на вработените во јавниот сектор и да се утврдат правилата по кои во иднина тие ќе се уредуваат преку утврдена методологијата за системско решавање на динамиката на раст.

The post Тренчевска: До крајот на годината се очекува предлог-решение за Законот за плати во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>
Ковачевски ќе пушти во употреба нова градинка во Пробиштип https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ke-pushti-vo-upotreba-nova-gradinka-vo-probishtip/ Thu, 24 Aug 2023 08:12:23 +0000 https://republika.mk/?p=675213

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ќе присуствуваат и ќе се обратат на пуштање во употреба на новиот објект „Срничка“ во состав на детската градинка „Гоце Делчев“ во Општина Пробиштип.

The post Ковачевски ќе пушти во употреба нова градинка во Пробиштип appeared first on Република.

Средба Тренчевска- Памер: Одличната соработка и пријателските односи помеѓу двете држави продолжуваат, Австрија е наш голем поддржувач во социјалните политики и трудот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-trenchevska-pamer-odlichnata-sorabotka-i-prijatelskite-odnosi-pomegu-dvete-drzhavi-prodolzhuvaat-avstrija-e-nash-golem-poddrzhuvach-vo-sotsijalnite-politiki-i-trudot/ Tue, 22 Aug 2023 18:53:08 +0000 https://republika.mk/?p=674730

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во земјава Н.Е Мартин Памер.

Министерката му посака добредојде на амбасадорот Памер, успешна работа и продолжување на досегашната одлична соработка во областите кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

Соговорниците зборуваа за прашања од социјалната сфера, вработувањето и пазарот на труд,  детската заштита, семејното насилство и механизмите за заштита од насилство.

Министерката Тренчевска информираше за состојбата во државата, социјалните права и сервиси наменети за ранливите категории на граѓани, осврнувајќи се на социјалната реформа и придобивките од нејзиното воведување.

„Системот на социјална заштита е флексибилен, за да може да ги прими сите оние граѓани кои ќе станат социјално ранливи. Но, целта на социјалната реформа не е тие да останат во системот, туку да ги активираме на пазарот на труд. На активацијата на корисниците на Гарантирана минимална помош, засилено ќе работиме наредниот период заедно со Агенцијата за вработување, Центрите за социјална работа и со поддршка на европските партнери,“ истакна Тренчевска.

На средбата се разговараше и за недостигот на работна сила, како и за мерките од Оперативниот план за активни програми и мерки, со кои на невработените лица им се помага  преку различни обуки да станат поконкурентни на пазарот на труд, но и мерките за самовработување односно започнување на сопствен бизнис.

Се разговараше и за ромите како една од најранливите категории на граѓани и насоченоста на оваа Влада за целосна инклузија на сите етнички заедници во општеството да бидат активни чинители во сите сфери.

Министерката информираше и за состојбата со насилството во државата механизмите за заштита од насилство, носењето на  Закон за заштита од насилство врз жените и семејно насилство, воспоставувањето на шелтер центрите за жртвите од насилство, советувалиштата, мултисекторскиот пристап на институциите, при што ја истакна и важноста од подигањето на свеста за насилството и важноста од неговото пријавување.

На тема згрижување и згрижувачки семејства министерката Тренчевска истакна дека добрите практики и искуства токму од Република Австрија се особено значајни за напредок во ова поле и во Република Македонија.

Двете страни изразија уверување за продолжување на досегашната одлична соработка.

The post Средба Тренчевска- Памер: Одличната соработка и пријателските односи помеѓу двете држави продолжуваат, Австрија е наш голем поддржувач во социјалните политики и трудот appeared first on Република.