трејлер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trejler/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jan 2024 20:28:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трејлер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trejler/ 32 32 Објавен трејлер за филмот „Back to Black“: Приказна за животот на Ејми Вајнхаус https://arhiva3.republika.mk/scena/film/objaven-trejler-za-filmot-back-to-black-prikazna-za-zhivotot-na-ejmi-vajnhaus/ Thu, 11 Jan 2024 20:28:20 +0000 https://republika.mk/?p=732136

„StudioCanal“ и „Monumental Pictures“ го објавија првиот официјален трејлер за „Back To Black“, биографскиот филм на Ејми Вајнхаус.

Режисер на филмот е Сем Тејлор Џонсон, а Ејми Вајнхаус и нејзините години живот во Лондон, како и нејзиниот пат до славата, верно ги долови актерката Мариса Абела.

Покрај Абела, во филмот „Back To Black“ играат и Џек О’Конел како поранешниот сопруг на Ејми, Блејк Филдер Сивил, Еди Марсан како нејзиниот татко Мич, Џулиет Кауан како нејзината мајка Џенис и Лесли Менвил како нејзината баба Синтија.

Филмот, кој има одобрение од семејството, содржи многу нејзини хит песни, снимени и изведени од Абела, пренесува NME.

Откривањето талент како Мариса Абела е како да се најде златен прав. Во моментот кога погледна во камерата на нејзината прва аудиција, знаев дека е совршена актерка за улогата на Ејми Вајнхаус. Вложуваше огромен труд и работеше многу, внимаваше на секој детал и вежбаше секој ден, со часови, за да може да пее во текот на целиот филм. Таа не ја игра Ејми, Ејми живее во неа – изјави режисерот на филмот, Тејлор Џонсон.

Тејлор Џонсон претходно го режираше биографскиот филм за Џон Ленон, како и првиот филм од франшизата „Педесет нијанси сиво“. Мет Гринхалг го напиша сценариото за филмот „Back To Black“.

Воодушевени сме што StudioCanal, Focus Features и Monumental го снимаат овој филм прославувајќи го извонредното музичко наследство на нашата ќерка Ејми и прикажувајќи го нејзиниот талент на начин на кој таа заслужува – изјавија родителите на Ејми Вајвхаус кон крајот на минатата година.

„Back To Black“ ќе се прикажува во кината низ Велика Британија и Ирска на 12 април 2024 година.

https://www.youtube.com/watch?v=Uuuzmeyw3mc

The post Објавен трејлер за филмот „Back to Black“: Приказна за животот на Ејми Вајнхаус appeared first on Република.

]]>

„StudioCanal“ и „Monumental Pictures“ го објавија првиот официјален трејлер за „Back To Black“, биографскиот филм на Ејми Вајнхаус. Режисер на филмот е Сем Тејлор Џонсон, а Ејми Вајнхаус и нејзините години живот во Лондон, како и нејзиниот пат до славата, верно ги долови актерката Мариса Абела. Покрај Абела, во филмот „Back To Black“ играат и Џек О’Конел како поранешниот сопруг на Ејми, Блејк Филдер Сивил, Еди Марсан како нејзиниот татко Мич, Џулиет Кауан како нејзината мајка Џенис и Лесли Менвил како нејзината баба Синтија. Филмот, кој има одобрение од семејството, содржи многу нејзини хит песни, снимени и изведени од Абела, пренесува NME.
Откривањето талент како Мариса Абела е како да се најде златен прав. Во моментот кога погледна во камерата на нејзината прва аудиција, знаев дека е совршена актерка за улогата на Ејми Вајнхаус. Вложуваше огромен труд и работеше многу, внимаваше на секој детал и вежбаше секој ден, со часови, за да може да пее во текот на целиот филм. Таа не ја игра Ејми, Ејми живее во неа – изјави режисерот на филмот, Тејлор Џонсон.
Тејлор Џонсон претходно го режираше биографскиот филм за Џон Ленон, како и првиот филм од франшизата „Педесет нијанси сиво“. Мет Гринхалг го напиша сценариото за филмот „Back To Black“.
Воодушевени сме што StudioCanal, Focus Features и Monumental го снимаат овој филм прославувајќи го извонредното музичко наследство на нашата ќерка Ејми и прикажувајќи го нејзиниот талент на начин на кој таа заслужува – изјавија родителите на Ејми Вајвхаус кон крајот на минатата година.
„Back To Black“ ќе се прикажува во кината низ Велика Британија и Ирска на 12 април 2024 година. https://www.youtube.com/watch?v=Uuuzmeyw3mc

The post Објавен трејлер за филмот „Back to Black“: Приказна за животот на Ејми Вајнхаус appeared first on Република.

]]>
Принцот Хари со интригантен трејлер за нов документарец на Нетфликс https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/printsot-hari-so-intriganten-trejler-za-nov-dokumentarets-na-netfliks/ Thu, 17 Aug 2023 19:50:38 +0000 https://republika.mk/?p=673159

Принцот Хари неодамна го најави својот нов документарен филм наречен „Heart of Invictus“, а сега е објавен и првиот официјален трејлер.

Филмот, кој ќе се прикажува на Нетфликс од 30 август, е производ на наводниот договор од 80 милиони фунти меѓу семејството на принцот Хари и стриминг гигантот, каде споменатиот гигант наводно платил три милиони фунти за филмските права на романот, кој во продукцијата ќе му помогне војводата од Сасекс, пишува DailyMail.

The post Принцот Хари со интригантен трејлер за нов документарец на Нетфликс appeared first on Република.

]]>

Принцот Хари неодамна го најави својот нов документарен филм наречен „Heart of Invictus“, а сега е објавен и првиот официјален трејлер. Филмот, кој ќе се прикажува на Нетфликс од 30 август, е производ на наводниот договор од 80 милиони фунти меѓу семејството на принцот Хари и стриминг гигантот, каде споменатиот гигант наводно платил три милиони фунти за филмските права на романот, кој во продукцијата ќе му помогне војводата од Сасекс, пишува DailyMail.

The post Принцот Хари со интригантен трејлер за нов документарец на Нетфликс appeared first on Република.

]]>
Објавен трејлерот за македонскиот филм „Преекспонирано“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/objaven-trejlerot-za-makedonskiot-film-preeksponirano/ Wed, 19 Apr 2023 08:35:22 +0000 https://republika.mk/?p=631997

Oбјавен е трејлерот за македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова кој наскоро ќе се најде во македонските кина.

Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, кој се одржа од 13 до 22 ноември, минатата година. Азиската премиера, пак, се одржа на Меѓународниот филмски фестивал во Пуне, Индија од 2 до 9 февруари оваа година.

https://www.youtube.com/watch?v=GaCzZClK2ks

The post Објавен трејлерот за македонскиот филм „Преекспонирано“ appeared first on Република.

]]>

Oбјавен е трејлерот за македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова кој наскоро ќе се најде во македонските кина. Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, кој се одржа од 13 до 22 ноември, минатата година. Азиската премиера, пак, се одржа на Меѓународниот филмски фестивал во Пуне, Индија од 2 до 9 февруари оваа година. https://www.youtube.com/watch?v=GaCzZClK2ks

The post Објавен трејлерот за македонскиот филм „Преекспонирано“ appeared first on Република.

]]>
Објaвен трејлерот и музиката на македонскиот филм „Гласот на тишината/ Rebirth: Voice of silence“ на Илија Павлов https://arhiva3.republika.mk/scena/film/objaven-trejlerot-i-muzikata-na-makedonskiot-film-glasot-na-tishinata-rebirth-voice-of-silence-na-ilija-pavlov/ Wed, 12 Apr 2023 07:06:41 +0000 https://republika.mk/?p=630007

Деновиве е објaвен трејлерот и музиката на македонскиот филм ГЛАСОТ НА ТИШИНАТА / REBIRTH: VOICE OF SILENCE на Илија Павлов.

Станува збор за прв игран долгометражен филм на Илија Павлов, а музиката е на полскиот композитор Tadeusz Wnuk, познат како HEYHATO.

ГЛАСОТ НА ТИШИНАТА / REBIRTH: VOICE OF SILENCE  имаше европска премиера на CINEDAYS, Фестивалот на европски филм, а светската премиера беше во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.

Проекцијата на првиот долгометражен филм на Павлов можеше да се проследи во Кинотека, Котур и 3Д кино Битола, а како што информира авторот, во моментов се договара и негова интернационална дистрибуција.

Освен во Скопје и во Битола, најавува проекции и во други македонски кина, за да може да биде достапен на поширока публика.

Павлов во моментов работи на својот втор долгометражен филм насловен ЕМИЛ, ВРАТИ СЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=JXIQ1dO0Z9w

 

The post Објaвен трејлерот и музиката на македонскиот филм „Гласот на тишината/ Rebirth: Voice of silence“ на Илија Павлов appeared first on Република.

]]>

Деновиве е објaвен трејлерот и музиката на македонскиот филм ГЛАСОТ НА ТИШИНАТА / REBIRTH: VOICE OF SILENCE на Илија Павлов. Станува збор за прв игран долгометражен филм на Илија Павлов, а музиката е на полскиот композитор Tadeusz Wnuk, познат како HEYHATO. ГЛАСОТ НА ТИШИНАТА / REBIRTH: VOICE OF SILENCE  имаше европска премиера на CINEDAYS, Фестивалот на европски филм, а светската премиера беше во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Проекцијата на првиот долгометражен филм на Павлов можеше да се проследи во Кинотека, Котур и 3Д кино Битола, а како што информира авторот, во моментов се договара и негова интернационална дистрибуција. Освен во Скопје и во Битола, најавува проекции и во други македонски кина, за да може да биде достапен на поширока публика. Павлов во моментов работи на својот втор долгометражен филм насловен ЕМИЛ, ВРАТИ СЕ. https://www.youtube.com/watch?v=JXIQ1dO0Z9w  

The post Објaвен трејлерот и музиката на македонскиот филм „Гласот на тишината/ Rebirth: Voice of silence“ на Илија Павлов appeared first on Република.

]]>
Објавен трејлерот за „Тетрис“- филм за руската игра што го освои Западот https://arhiva3.republika.mk/scena/film/objaven-trejlerot-za-tetris-film-za-ruskata-igra-shto-go-osvoi-zapadot/ Tue, 21 Feb 2023 09:02:12 +0000 https://republika.mk/?p=611395

Приказната за тоа како можеби најпознатата игра во историјата, Tetris, стана глобален феномен, е основата на претстојниот филм на платформата Apple TV+.

Филмот ќе се појави на стриминг сервисот на 31 март, а Apple штотуку го објави првиот трејлер.

Tetris ја раскажува приказната за тоа како настанала една од најголемите видеоигри во светот. Тарон Егертон го глуми Хенк Роџерс, холандски претприемач кој толку многу се заљубува во игратa што патува во Советскиот Сојуз за време на крајот на Студената војна за да ги обезбеди своите права за дистрибуција на Tetris на Game Boy и други конзоли.

Советскиот софтверски инженер Алексеј Пајитнов (го игра Никита Јефремов) ја создал играта за време на Студената војна, но бидејќи бил вработен во владата, на почетокот не добивал никаков надомест. На површината, тоа можеби не звучи како најверодостојната премиса за трилер, но правата за играта се нашле заплеткани во конфликтот меѓу комунизмот и капитализмот, во кој источните и западните земји фундаментално беа разидени околу концептите како „профит“ и „интелектуална сопственост“.

Динамичниот трејлер на звуците на рок класикот The ​​Final Countdown нагласува дел од таа инхерентна тензија. Роџерс наидува на отпор од британски медиумски магнат кој ја сака играта, агенти на КГБ, па дури и Михаил Горбачов.

Tetris е во режија на Џон С. Берд, а продуценти се Метју Вон, Џилијан Бери, Клаудија Вон, Лен Блаватник и Грегор Камерон.

https://www.youtube.com/watch?v=VTFX3FXsnKg

The post Објавен трејлерот за „Тетрис“- филм за руската игра што го освои Западот appeared first on Република.

]]>

Приказната за тоа како можеби најпознатата игра во историјата, Tetris, стана глобален феномен, е основата на претстојниот филм на платформата Apple TV+. Филмот ќе се појави на стриминг сервисот на 31 март, а Apple штотуку го објави првиот трејлер. Tetris ја раскажува приказната за тоа како настанала една од најголемите видеоигри во светот. Тарон Егертон го глуми Хенк Роџерс, холандски претприемач кој толку многу се заљубува во игратa што патува во Советскиот Сојуз за време на крајот на Студената војна за да ги обезбеди своите права за дистрибуција на Tetris на Game Boy и други конзоли. Советскиот софтверски инженер Алексеј Пајитнов (го игра Никита Јефремов) ја создал играта за време на Студената војна, но бидејќи бил вработен во владата, на почетокот не добивал никаков надомест. На површината, тоа можеби не звучи како најверодостојната премиса за трилер, но правата за играта се нашле заплеткани во конфликтот меѓу комунизмот и капитализмот, во кој источните и западните земји фундаментално беа разидени околу концептите како „профит“ и „интелектуална сопственост“. Динамичниот трејлер на звуците на рок класикот The ​​Final Countdown нагласува дел од таа инхерентна тензија. Роџерс наидува на отпор од британски медиумски магнат кој ја сака играта, агенти на КГБ, па дури и Михаил Горбачов. Tetris е во режија на Џон С. Берд, а продуценти се Метју Вон, Џилијан Бери, Клаудија Вон, Лен Блаватник и Грегор Камерон. https://www.youtube.com/watch?v=VTFX3FXsnKg

The post Објавен трејлерот за „Тетрис“- филм за руската игра што го освои Западот appeared first on Република.

]]>
Објавен е првиот трејлер за новиот документарец за Дејвид Боуви, “Moonage Daydream” https://arhiva3.republika.mk/scena/film/objaven-e-prviot-trejler-za-noviot-dokumentarec-za-dejvid-bouvi-moonage-daydream/ Wed, 25 May 2022 09:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=506667

Долго најавуваниот документарен филм за Дејвид Боуви, „Moonage Daydream“ на режисерот Брет Морген, го доби првиот трејлер. Според официјалниот опис, овој документарец нема да се базира само на кариерата на познатиот музичар, туку ќе го истражува неговото „креативно и духовно патување“.

Самиот трејлер прикажува извадоци од изведбата на Дејвид Боуви, а според извршниот продуцент и поранешен претседател на Warner Bros, Бил Гербер, филмот е „звучна и визуелна екстраваганција што треба да се доживее на големото платно со врвно аудио. ”

Боуви не може да се дефинира. Мора да се доживее – изјавил режисерот Брет Морген по прикажувањето на филмот на настанот CinemaCon.

Кога станува збор за филмот „Moonage Daydream“, тој содржи 48 песни на Боуви, како и никогаш порано видени снимки од концертите на музичарот.

Филмот пристигнува низ светот во септември оваа година.

https://www.youtube.com/watch?v=L61SJbLhTqE

The post Објавен е првиот трејлер за новиот документарец за Дејвид Боуви, “Moonage Daydream” appeared first on Република.

]]>

Долго најавуваниот документарен филм за Дејвид Боуви, „Moonage Daydream“ на режисерот Брет Морген, го доби првиот трејлер. Според официјалниот опис, овој документарец нема да се базира само на кариерата на познатиот музичар, туку ќе го истражува неговото „креативно и духовно патување“. Самиот трејлер прикажува извадоци од изведбата на Дејвид Боуви, а според извршниот продуцент и поранешен претседател на Warner Bros, Бил Гербер, филмот е „звучна и визуелна екстраваганција што треба да се доживее на големото платно со врвно аудио. ”
Боуви не може да се дефинира. Мора да се доживее – изјавил режисерот Брет Морген по прикажувањето на филмот на настанот CinemaCon.
Кога станува збор за филмот „Moonage Daydream“, тој содржи 48 песни на Боуви, како и никогаш порано видени снимки од концертите на музичарот. Филмот пристигнува низ светот во септември оваа година. https://www.youtube.com/watch?v=L61SJbLhTqE

The post Објавен е првиот трејлер за новиот документарец за Дејвид Боуви, “Moonage Daydream” appeared first on Република.

]]>