Трчај Лола трчај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trchaj-lola-trchaj/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Apr 2024 14:16:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Трчај Лола трчај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trchaj-lola-trchaj/ 32 32 Великаните на „Браќа Манаки“ во Кинотека: „Трчај Лола, трчај“ вечерва во чест на Франк Грибе добитник на Специјалната награда на жирито на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2000 година https://arhiva3.republika.mk/scena/film/velikanite-na-braka-manaki-vo-kinoteka-trchaj-lola-trchaj-vecherva-vo-chest-na-frank-gribe-dobitnik-na-spetsijalnata-nagrada-na-zhirito-na-iffk-braka-manaki-vo-2000-godina/ Wed, 17 Apr 2024 15:10:53 +0000 https://republika.mk/?p=767200

Последниот филм во април од ретроспективата ВЕЛИКАНИТЕ НА БРАЌА МАНАКИ е култниот ТРЧАЈ ЛОЛА, ТРЧАЈ на Том Тиквер, добитник на Film Independent Spirit наградата за најдобар странски филм во 2000 година.

Кинематографер е ФРАНК ГРИБЕ, добитник на Специјалната награда на жирито на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2000 година токму за овој филм.

17 АПРИЛ (СРЕДА) 20:00ч
ЛАУРЕАТИТЕ НА МАНАКИ
ТРЧАЈ ЛОЛА, ТРЧАЈ
(Lola Rennt)
Игран филм, Германија
1998, 80 мин, 35мм
Режија: Том Тиквер (Tom Tykwer)
Сценарио: Том Тиквер (Tom Tykwer)
Улоги: Франка Потенте, Мориц Блеибтру, Херберт Кнауп, Нина Петри (Franka Potente, Moritz Bleibtreu, Herbert Knaup, Nina Petri)
Директор на фотографија: Франк Гриебе (Frank Griebe)

Лола има само дваесетина минути да обезбеди 100.000 германски марки и да ги предаде на нејзиниот дечко Мани, во спротивно тој ќе мора да ограби банка и да се соочи со негативните последици од неговите одлуки. Преплетувајќи се во своевидна хиперлинк структура, нарацијата ни прикажува три можни сценарија во зависност од брзината и одлучноста на главната хероина.

Првиот голем и препознатлив наслов на германскиот филмски автор Том Тиквер е вистинско ремек-дело и еден од дефинирачките филмови на последната декада на дваесеттиот век, во иста лига со култниот ТРЕИНСПОТИНГ на Дени Бојл. Кревајќи ја постмодерната естетика карактеристична за тие години на едно друго ниво, Тиквер во наративната структура вметнува сериозни филозофски прашања за слободата на волјата, детерминизмот, улогата на случајноста во текот на нашите животи. Си поигрува и со тогаш популарната т.н теорија на хаосот и ефектот на пеперутката. На препознатлив начин, преку брзата естетика на прото видео игрите, Тиквер како режисер и сценарист се осврнува и на метафизиката на секојдневието, презентирајќи ги традиционалните филозофски теми како либертаријанизмот, епистемиологијата, судбината како битен фактор. Како коавтор на музичката предлошка во филмот, Тиквер дијалектички ја поставува релацијата помеѓу ритамот, репетицијата и интервалот како еден од главните мотиви во делото. Со текот на годините, проследувачите и аналитичарите сè повеќе ги препознаваа овие димензии на RUN LOLA RUN, обработувајќи го во различни научни дела и докторски дисертации.
Критиката речиси едногласно го пофали филмот, особено креативната игра на сериозните филозофски теми со модерна, динамична и пред сè гледлива визуелна надградба.

Филмот се здоби и со многу престижни награди и номинации на филмските фестивали од кои се издвојува наградата од публиката на фестивалот САНДЕНС и наградата за најдобар филм на фестивалот во Сиетл, САД. Во 2010, магазинот Empire го прогласи ова остварување за едно од стоте најдобри во светската кинематографија. Повеќе од четврт век по неговата премиера, RUN LOLA RUN сè уште го привлекува вниманието на филмските фанови и кино-истражувачи, правејќи го токму овој наслов еден од одбележувачките за кино историјата во последниве неколку децении.

 

The post Великаните на „Браќа Манаки“ во Кинотека: „Трчај Лола, трчај“ вечерва во чест на Франк Грибе добитник на Специјалната награда на жирито на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2000 година appeared first on Република.

]]>

Последниот филм во април од ретроспективата ВЕЛИКАНИТЕ НА БРАЌА МАНАКИ е култниот ТРЧАЈ ЛОЛА, ТРЧАЈ на Том Тиквер, добитник на Film Independent Spirit наградата за најдобар странски филм во 2000 година.

Кинематографер е ФРАНК ГРИБЕ, добитник на Специјалната награда на жирито на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2000 година токму за овој филм.

17 АПРИЛ (СРЕДА) 20:00ч ЛАУРЕАТИТЕ НА МАНАКИ ТРЧАЈ ЛОЛА, ТРЧАЈ (Lola Rennt) Игран филм, Германија 1998, 80 мин, 35мм Режија: Том Тиквер (Tom Tykwer) Сценарио: Том Тиквер (Tom Tykwer) Улоги: Франка Потенте, Мориц Блеибтру, Херберт Кнауп, Нина Петри (Franka Potente, Moritz Bleibtreu, Herbert Knaup, Nina Petri) Директор на фотографија: Франк Гриебе (Frank Griebe) Лола има само дваесетина минути да обезбеди 100.000 германски марки и да ги предаде на нејзиниот дечко Мани, во спротивно тој ќе мора да ограби банка и да се соочи со негативните последици од неговите одлуки. Преплетувајќи се во своевидна хиперлинк структура, нарацијата ни прикажува три можни сценарија во зависност од брзината и одлучноста на главната хероина. Првиот голем и препознатлив наслов на германскиот филмски автор Том Тиквер е вистинско ремек-дело и еден од дефинирачките филмови на последната декада на дваесеттиот век, во иста лига со култниот ТРЕИНСПОТИНГ на Дени Бојл. Кревајќи ја постмодерната естетика карактеристична за тие години на едно друго ниво, Тиквер во наративната структура вметнува сериозни филозофски прашања за слободата на волјата, детерминизмот, улогата на случајноста во текот на нашите животи. Си поигрува и со тогаш популарната т.н теорија на хаосот и ефектот на пеперутката. На препознатлив начин, преку брзата естетика на прото видео игрите, Тиквер како режисер и сценарист се осврнува и на метафизиката на секојдневието, презентирајќи ги традиционалните филозофски теми како либертаријанизмот, епистемиологијата, судбината како битен фактор. Како коавтор на музичката предлошка во филмот, Тиквер дијалектички ја поставува релацијата помеѓу ритамот, репетицијата и интервалот како еден од главните мотиви во делото. Со текот на годините, проследувачите и аналитичарите сè повеќе ги препознаваа овие димензии на RUN LOLA RUN, обработувајќи го во различни научни дела и докторски дисертации. Критиката речиси едногласно го пофали филмот, особено креативната игра на сериозните филозофски теми со модерна, динамична и пред сè гледлива визуелна надградба. Филмот се здоби и со многу престижни награди и номинации на филмските фестивали од кои се издвојува наградата од публиката на фестивалот САНДЕНС и наградата за најдобар филм на фестивалот во Сиетл, САД. Во 2010, магазинот Empire го прогласи ова остварување за едно од стоте најдобри во светската кинематографија. Повеќе од четврт век по неговата премиера, RUN LOLA RUN сè уште го привлекува вниманието на филмските фанови и кино-истражувачи, правејќи го токму овој наслов еден од одбележувачките за кино историјата во последниве неколку децении.  

The post Великаните на „Браќа Манаки“ во Кинотека: „Трчај Лола, трчај“ вечерва во чест на Франк Грибе добитник на Специјалната награда на жирито на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2000 година appeared first on Република.

]]>