трчај бе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trchaj-be/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 12:10:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трчај бе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trchaj-be/ 32 32 За време на трката „Трчај, бе 2024“, утре посебен режим на сообраќај во Битола https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/za-vreme-na-trkata-trchaj-be-2024-utre-poseben-rezhim-na-soobrakaj-vo-bitola/ Sat, 21 Sep 2024 12:10:30 +0000 https://republika.mk/?p=818485

Утре во Битола, од 7:30 до 11:30 часот, од почеток до завршување на спортската манифестација „Трчај, бе“ ќе се применува посебен режим на сообраќај.

Од СВР-Битола информираат дека посебниот режим на сообраќај ќе се одвива на булеварот „1-ви Мај“ во близина на Саат Кула од страна на Музичкото училиште во Битола до кружниот тек кај Педагошки факултет, потоа улица „Генерал Васко Карангелевски“ до кружниот тек кај маркетот „Веро“, а режим на сообраќај ќе има и на улиците „11-та Македонска Дивизија“ до базен Довлеџик, улица „Филип Втори Македонски“ до кружниот тек кај месноста Дулие, улица „Баталјон Стив Наумов“, улица „Прилепска“ до ул. „4-ти Ноември“ и од крстосницата на улица „Солунска“ до „Широк Сокак“.

Годинава во Битола на „Трчај, бе“ има 1.800 учесници од 25 држави, меѓу нив и учесници од Филипини, Индија, САД, Ерменија, Португалија, Шпанија, Бразил, Мексико, Австралија, Пакистан, Нигерија...

Организаторот апелира граѓаните да ги ослободат паркинг местата кај плоштад „Магнолија“, Саат Кула и на улицата „Солунска“ кај Широк Сокак, да ги набљудуваат и поздрават учесниците на трката „Трчај, бе“ и националното првенство во полумаратон, што утре ќе се одржи во Битола.

The post За време на трката „Трчај, бе 2024“, утре посебен режим на сообраќај во Битола appeared first on Република.

]]>

Утре во Битола, од 7:30 до 11:30 часот, од почеток до завршување на спортската манифестација „Трчај, бе“ ќе се применува посебен режим на сообраќај. Од СВР-Битола информираат дека посебниот режим на сообраќај ќе се одвива на булеварот „1-ви Мај“ во близина на Саат Кула од страна на Музичкото училиште во Битола до кружниот тек кај Педагошки факултет, потоа улица „Генерал Васко Карангелевски“ до кружниот тек кај маркетот „Веро“, а режим на сообраќај ќе има и на улиците „11-та Македонска Дивизија“ до базен Довлеџик, улица „Филип Втори Македонски“ до кружниот тек кај месноста Дулие, улица „Баталјон Стив Наумов“, улица „Прилепска“ до ул. „4-ти Ноември“ и од крстосницата на улица „Солунска“ до „Широк Сокак“. Годинава во Битола на „Трчај, бе“ има 1.800 учесници од 25 држави, меѓу нив и учесници од Филипини, Индија, САД, Ерменија, Португалија, Шпанија, Бразил, Мексико, Австралија, Пакистан, Нигерија... Организаторот апелира граѓаните да ги ослободат паркинг местата кај плоштад „Магнолија“, Саат Кула и на улицата „Солунска“ кај Широк Сокак, да ги набљудуваат и поздрават учесниците на трката „Трчај, бе“ и националното првенство во полумаратон, што утре ќе се одржи во Битола.  

The post За време на трката „Трчај, бе 2024“, утре посебен режим на сообраќај во Битола appeared first on Република.

]]>
Професионалци и рекреативци ја трчаа Битола https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/profesionalci-i-rekreativci-ja-trchaa-bitola/ Mon, 05 Sep 2022 07:35:22 +0000 https://republika.mk/?p=547496

Најмасовниот спортски настан, кој по четврт пат ја става Битола на мапата на градови со трки, синоќа се одржа пред бројна публика која од раните утрински часови на патеките ги бодреше 1.500 учесници, од дури 17 држави. Атлетски ѕвезди, пасионирани рекреативци, јавни личности, политичари, компаниски тимови, а трчаа заедно и цели семејства и поединци кои одлучија да ги истрчаат битолските улици, па преку Широк Сокак да влезат во целта со своите миленици.

Ако минатата година, градот домаќин беше балканска метропола на трчањето, заради одржувањето на Балканското првенство во полумаратон, од оваа може да се каже дека развива настан кој брзо може да стане спортска туристичка дестинација, од пошироки размери, на која годинава зедоа учество бројни тимови на меѓународни компании, кои токму овој настан го избраа за викенд тим билдинг активности.

Уште кога ја планиравме првата ТРЧАЈ БЕ, пред повеќе од четири години најголемиот предизвик ни беше, како да направиме трка од која сите ќе бидат задоволни. Започнувајќи од професионалните и рекреативни тркачи, до публиката и спонзорите. Од првата година учесниците се среќни, тоа е факт, но растот на трката буди сериозен интерес кај спонзорите што зборува за потенцијалите за раст на настанот. Во градот немаше нити едно слободно место во хотелите, угостителите имаа исто за овој период од годината зголемена фреквенција. Неколку илјадна публика, специјално излезена низ улиците и кафулињата во градот за да ги бодри тркачите, од раните утрински часови  и оваа година е најубавиот знак дека сме го направиле вистинскиот потег. Градот Битола, го сака ТРЧАЈ БЕ”- истакна Никола Димитровски, директор на трката.

На патеките, организаторот имаше предвидено офф програма на која настапија над 50 музичари и артисти, за музичко бодрење на тркачите, пред Општина Битола настапи битолскиот бенд Паркети, а на главната бина Оливер Јосифовски со формација од врвни музичари изведоа музика од филмот Стела. 

Годинава, 21К трката беше селектирана од Атлетската федерација на Македонија да биде Национално првенство.

Покрај во полумаратон, учесниците трчаа и на пет и десет километри, учествуваа врвни атлетичари, рекреативци и вљубеници во трачањето, а најдобрите добија награди во фонд вреден 5.000 евра.

Преглед на резултатите:

Национално првенство во полумаратон:

Жени

1. Тамара Јолевска Попов 01:36:21

2. Весна Кираџиева 01:42:10

3. Жената Богатиновска Илиева 01:42:22

Мажи:

1. Дарио Ивановски 01:07:56

2. Жан Тосев 01:16:37

3. Мартин Трајановски 01:16:53

Трчај Бе 21к

Жени:

1. Миљана Ристиќ 01:28:07

2. Тамара Јолевска Попов 01:36:21

3. Весна Кираџиева 01:42:10

Мажи:

1. Дарио Ивановски 01:07:56

2. Tirron Mamusha 01:13:47

3.Жан Тосев 01:16:37

Трчај Бе 10к

Жени:

1. Адријана Поп Арсова 35:51

2. Душица Јанковиќ 44:11

3. Билјана Сивева 44:26

Мажи:

1. Иван Пешовски 33:30

2. Димитар Петровски 34:50

3. Миле Иванов 34:58

Трчај Бе 5к

Жени: 

1. Николина Милевска Велјановска 20:24

2. Јана Стефановска 20:59

3. Радмила Јованова 21:05

Мажи:

1. Атанас Епов 16:06

2. Кристијан Наумовски 16:24

3. Григоријан Никовски 16:30

Беа доделени пехари и дипломи за екипи, признанија по возрасни групи, беа наградени најмладиот и највозрасниот учесник, а посебни награди добија и најбрзиот битолчанец и најбрзата битолчанка.

The post Професионалци и рекреативци ја трчаа Битола appeared first on Република.

На „Трчај бе“ во Битола денеска се натпреваруваат 1.400 атлетичари https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/na-trchaj-be-vo-bitola-deneska-se-natprevaruvaat-1-400-atletichari/ Sun, 04 Sep 2022 06:26:01 +0000 https://republika.mk/?p=547233

Илјада и четиристотини атлетичари од 12 земји од светот ќе учествуваат денеска во трката низ улиците во Битола наречена „Трчај бе“, која годинава е и Национално првенство во полумаратон, кое стои официјално во календарот на Атлетската федерација.

Врвни атлетичари од повеќе земји и домашни вљубеници во трчањето ќе трчаат на трите патеки долги пет, десет и 21 км низ Битола. Ќе биде и големо и масовно издание. Полумаратонот кој минатата година го организиравме за прв пат и беше Балканско првенство, годинава ја продолжува традицијата да биде ставен на атлетската листа настани како Национално првенство и тоа е голем комплимент за нас како организатори. Пријавена е целата македонска атлетска елита, на листата имаме и атлетичари од странство, бројни компании кои токму овој викенд ги испланираа своите тим билдинг активности и се разбира учесници рекреативци, истакна Никола Димитровски, директор на трката.

Според организаторите, Битола веќе неколку месеци интензивно се подготвува да ги пречека учесниците и гостите, кои во градот под Пелистер по четврт пат ќе направат празник на трчањето. Се подготвува и придружна програма, која ќе направи вистински спортско-забавен хепенинг во градот по патеките, а на главната сцена настап ќе има и Љубојна. Во градот нема веќе слободно хотелско сместување, заради големиот број на гости и натпреварувачи, што е убав пример на спортски туризам кој носи профит за градот домаќин на трката.

Во „Трчај бе“ бројни спонзори препознаа проект кој е интересен за нивна презентација и таа поддршка е значајна за да се изведе квалитетно овој голем и масовен настан. Убаво е кога гледате како компаниите и граѓаните се свесни што ова носи за градот и како настан, но и како концепт кој носи профит во многу придружни сектори, освен туризмот, додаде Димитровски.

The post На „Трчај бе“ во Битола денеска се натпреваруваат 1.400 атлетичари appeared first on Република.