трансродово лице Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/transrodovo-lice/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jul 2023 19:16:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трансродово лице Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/transrodovo-lice/ 32 32 Бог нѐ сака такви какви што сме: Папата Франциск до трансродово лице https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bog-n-saka-takvi-kakvi-shto-sme-papata-frantsisk-do-transrodovo-litse/ Tue, 25 Jul 2023 20:13:22 +0000 https://republika.mk/?p=665269

„Бог нѐ сака такви какви што сме“, изјави папата Франциск, обраќајќи се на трансродово лице, објавија ватиканските медиуми.

Неговите зборови беа кажани во подкаст во кој тој слушаше и одговараше на аудио пораки пред католичкиот младински фестивал во Португалија следната недела.

Една од пораките дојде од Гиона, Италијанка на дваесетина години, која рече дека е растргната од „дихотомијата меѓу нејзината католичка вера и нејзиниот трансродов идентитет“.

Папата одговори дека Господ е секогаш со нас, „дури и кога сме грешници, тој ни се приближува за да ни помогне“.

„Господ нѐ сака такви какви што сме. Тоа е луда Божја љубов“, рекол папата Франциск.

Католичката црква посочува дека членовите на ЛГБТ заедницата треба да се третираат со почит, сочувство и чувствителност и дека треба да се почитуваат нивните човекови права.

Односот на црквата кон ЛГБТ заедницата, жените и католиците кои се развеле и повторно се венчале во црква ќе биде тема на светската средба на бискупите што треба да се одржи во октомври годинава и во 2024 година.

The post Бог нѐ сака такви какви што сме: Папата Франциск до трансродово лице appeared first on Република.

]]>

„Бог нѐ сака такви какви што сме“, изјави папата Франциск, обраќајќи се на трансродово лице, објавија ватиканските медиуми.
Неговите зборови беа кажани во подкаст во кој тој слушаше и одговараше на аудио пораки пред католичкиот младински фестивал во Португалија следната недела. Една од пораките дојде од Гиона, Италијанка на дваесетина години, која рече дека е растргната од „дихотомијата меѓу нејзината католичка вера и нејзиниот трансродов идентитет“. Папата одговори дека Господ е секогаш со нас, „дури и кога сме грешници, тој ни се приближува за да ни помогне“.
„Господ нѐ сака такви какви што сме. Тоа е луда Божја љубов“, рекол папата Франциск.
Католичката црква посочува дека членовите на ЛГБТ заедницата треба да се третираат со почит, сочувство и чувствителност и дека треба да се почитуваат нивните човекови права. Односот на црквата кон ЛГБТ заедницата, жените и католиците кои се развеле и повторно се венчале во црква ќе биде тема на светската средба на бискупите што треба да се одржи во октомври годинава и во 2024 година.

The post Бог нѐ сака такви какви што сме: Папата Франциск до трансродово лице appeared first on Република.

]]>
Карпошкото ОУ „Братство“ ги повика децата на Денот на трансродовите лица да дојдат облечени во „разновидни бои за да се прослави убавината на различен спектар на човечкиот ум“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/karposhkoto-ou-bratstvo-gi-povika-detsata-na-denot-na-transrodovite-litsa-da-dojdat-oblecheni-vo-raznovidni-boi-za-da-se-proslavi-ubavinata-na-razlichen-spektar-na-chovechkiot-um/ Wed, 29 Mar 2023 13:13:04 +0000 https://republika.mk/?p=625099

Родителите на децата кои одат во основното училиште „Братство“ во Општина Карпош се затечени од соопштението што се споделува во училиштето, а со кое се бара децаа да дојдат облечени во шарени бои на 31 март и на 3 април за да го прослават Меѓународниот ден на аутизмот, 2 април, кој се паѓа в недела.

Она што ги револтира родителите, е што 31 март, всушност е Меѓународен ден на видливоста на трансродовите лица, и родителите сметаат дека на овој начин се манипулира со нивните деца.

Советот на родители најостро реагира на манипулативноста со која се служи училиштето и наставниците на 31 март децата да дојдат облечени во шарени бои со што ги поттикнувате на прифаќање на нешто неприродно, ненаучно и сосема надвор од нашите традиционални вредности и сфаќања. Сметаме дека овој повик е безобразан и срамен! Дали можеби имавте в план да им поделите и знаменца во бои на виножитото? Свесни ли сте дека ја поддржувате трансродовата агенда, велат родителите во реакцијата до училиштето.

Родителите преку наставниците биле известени денеска дека в петок на 31март 2023 г. се охрабруваат децата да дојдат облечени во „разновидни бои за да се прослави убавината на различен спектар на човечкиот ум“, а в понеделник на 3 април 2023 г. облечени „во црвено заради поддршка на децата со аутизам“.

Разбираме дека можеби не се има познавање за горенаведените факти, но нејасно е како училиштето стимулира вакви нешта без претходно да истражи, за што се потребни пет минути и интернет врска. Бараме ПОД ИТНО да се отстрани соопштението од училиштето и на сите наставници и ученици да им се каже дека тоа што претходно им е соопштено за петок, 31.3.2023г., НЕ ВАЖИ! Доколку утре, 29.3.2023 наведеното соопштение не биде отстрането и не бидат наставниците и учениците известени дека кажаното за петок да дојдат облечени во шарени бои не важи, Ве известуваме дека сите медиуми ќе бидат известени за оваа манипулација, стои во реакцијата на родителите, испратена денеска и до медиумите.

The post Карпошкото ОУ „Братство“ ги повика децата на Денот на трансродовите лица да дојдат облечени во „разновидни бои за да се прослави убавината на различен спектар на човечкиот ум“ appeared first on Република.

]]>

Родителите на децата кои одат во основното училиште „Братство“ во Општина Карпош се затечени од соопштението што се споделува во училиштето, а со кое се бара децаа да дојдат облечени во шарени бои на 31 март и на 3 април за да го прослават Меѓународниот ден на аутизмот, 2 април, кој се паѓа в недела. Она што ги револтира родителите, е што 31 март, всушност е Меѓународен ден на видливоста на трансродовите лица, и родителите сметаат дека на овој начин се манипулира со нивните деца.
Советот на родители најостро реагира на манипулативноста со која се служи училиштето и наставниците на 31 март децата да дојдат облечени во шарени бои со што ги поттикнувате на прифаќање на нешто неприродно, ненаучно и сосема надвор од нашите традиционални вредности и сфаќања. Сметаме дека овој повик е безобразан и срамен! Дали можеби имавте в план да им поделите и знаменца во бои на виножитото? Свесни ли сте дека ја поддржувате трансродовата агенда, велат родителите во реакцијата до училиштето.
Родителите преку наставниците биле известени денеска дека в петок на 31март 2023 г. се охрабруваат децата да дојдат облечени во „разновидни бои за да се прослави убавината на различен спектар на човечкиот ум“, а в понеделник на 3 април 2023 г. облечени „во црвено заради поддршка на децата со аутизам“.
Разбираме дека можеби не се има познавање за горенаведените факти, но нејасно е како училиштето стимулира вакви нешта без претходно да истражи, за што се потребни пет минути и интернет врска. Бараме ПОД ИТНО да се отстрани соопштението од училиштето и на сите наставници и ученици да им се каже дека тоа што претходно им е соопштено за петок, 31.3.2023г., НЕ ВАЖИ! Доколку утре, 29.3.2023 наведеното соопштение не биде отстрането и не бидат наставниците и учениците известени дека кажаното за петок да дојдат облечени во шарени бои не важи, Ве известуваме дека сите медиуми ќе бидат известени за оваа манипулација, стои во реакцијата на родителите, испратена денеска и до медиумите.

The post Карпошкото ОУ „Братство“ ги повика децата на Денот на трансродовите лица да дојдат облечени во „разновидни бои за да се прослави убавината на различен спектар на човечкиот ум“ appeared first on Република.

]]>
Трансродова затвореничка забременила две други затворенички https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/transrodova-zatvorenichka-zabremenila-dve-drugi-zatvorenichki/ Tue, 19 Jul 2022 08:15:42 +0000 https://republika.mk/?p=530878

Трансродова затвореничка, од која забремениле две други затворенички во единствениот женски затвор во американската сојузна држава Њу Џерси, е преместена во машки затвор. Таа, инаку, е родена како биолошки маж.

Имено, Деми Мајнор, која отслужува 30-годишна затворска казна за прободување на нејзиниот поранешен старател, во јуни беше префрлена од женскиот казнено-поправен дом „Една Мејхан“ во поправниот дом за млади лица – „Гарден стејт“. Таа, притоа, се жали на кршење на нејзините права и во објава на својот блог тврди дека по преместувањето, се обидела и да се обеси.

Прифатив дека сум во машка институција, но не прифатив дека сум ништо друго освен жена, која случајно е трансродова!, нагласи таа.

Мајнор го обвини затворот дека ѝ нанел „непоправлива психолошка болка“ изложувајќи ја на овие предизвикувачки ситуации.

Не умеам да живеам како маж и одбивам кога било да им се вратам на таквите навики или однесување“, пишува таа на својот блог, жалејќи се и на тоа што новиот затвор нема клима-уред, ни кабловска телевизија и не дозволува видеоповици, како ниту ЛГБТК-групации. – „Психички не сум своја и ја губам својата суштина. Деми, која сака да се шминка и да се дружи со другарките, не смее тука, додаде таа.

Мајнор била префрлена откако било откриено дека „таа“ е одговорна за бременоста на две затворенички. Установата со 800 затворенички, инаку, почна да прима трансродови жени – вклучително и онакви на кои допрва треба да им биде извршена операција за промена на полот, по тужба минатата година. Сега има 27 транс-затвореници.

Мајнор во 2020 година ја започна својата родова транзиција.

The post Трансродова затвореничка забременила две други затворенички appeared first on Република.

]]>

Трансродова затвореничка, од која забремениле две други затворенички во единствениот женски затвор во американската сојузна држава Њу Џерси, е преместена во машки затвор. Таа, инаку, е родена како биолошки маж. Имено, Деми Мајнор, која отслужува 30-годишна затворска казна за прободување на нејзиниот поранешен старател, во јуни беше префрлена од женскиот казнено-поправен дом „Една Мејхан“ во поправниот дом за млади лица – „Гарден стејт“. Таа, притоа, се жали на кршење на нејзините права и во објава на својот блог тврди дека по преместувањето, се обидела и да се обеси.
Прифатив дека сум во машка институција, но не прифатив дека сум ништо друго освен жена, која случајно е трансродова!, нагласи таа.
Мајнор го обвини затворот дека ѝ нанел „непоправлива психолошка болка“ изложувајќи ја на овие предизвикувачки ситуации.
Не умеам да живеам како маж и одбивам кога било да им се вратам на таквите навики или однесување“, пишува таа на својот блог, жалејќи се и на тоа што новиот затвор нема клима-уред, ни кабловска телевизија и не дозволува видеоповици, како ниту ЛГБТК-групации. – „Психички не сум своја и ја губам својата суштина. Деми, која сака да се шминка и да се дружи со другарките, не смее тука, додаде таа.
Мајнор била префрлена откако било откриено дека „таа“ е одговорна за бременоста на две затворенички. Установата со 800 затворенички, инаку, почна да прима трансродови жени – вклучително и онакви на кои допрва треба да им биде извршена операција за промена на полот, по тужба минатата година. Сега има 27 транс-затвореници. Мајнор во 2020 година ја започна својата родова транзиција.

The post Трансродова затвореничка забременила две други затворенички appeared first on Република.

]]>
По скандалите со Лиа Томас, трансродовите лица нема да смеат да пливаат во женска категорија https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/po-skandalite-so-lia-tomas-transrodovite-lica-nema-da-smeat-da-plivaat-vo-zenska-kategorija/ Mon, 20 Jun 2022 14:26:34 +0000 https://republika.mk/?p=517704

Меѓународната федерација за пливање и ватерполо (ФИНА) го официјализираше новото правило, според кое трансродовите лица повеќе нема да можат да се натпреваруваат во женска конкуренција.

Овој проблем доби посебно внимание кога Американката Лиа Томас со рекордно време ја освои националната колеџ титула во САД, а три години претходно се натпреваруваше во машка конкуренција.  Ова наиде на отпор кај јавноста и самите учесници, а ФИНА реши да ги промени правилата.

Новите правила кои се донесени со цел да гарантираат фер пливање за пливачките, се усвоени со 71% гласови „за“ од 152 членки на ФИНА. Така, трансродовите лица, со акцент на оние кои го промениле полот од машки во женски, повеќе нема да можат да се натпреваруваат со жени, туку ФИНА ќе воспостави посебна категорија наречена „отворено“, во која ќе се натпреваруваат трансродовите лица.

Исклучок ќе бидат само оние лица кои до 12-годишна возраст го промениле полот.

The post По скандалите со Лиа Томас, трансродовите лица нема да смеат да пливаат во женска категорија appeared first on Република.

]]>

Меѓународната федерација за пливање и ватерполо (ФИНА) го официјализираше новото правило, според кое трансродовите лица повеќе нема да можат да се натпреваруваат во женска конкуренција. Овој проблем доби посебно внимание кога Американката Лиа Томас со рекордно време ја освои националната колеџ титула во САД, а три години претходно се натпреваруваше во машка конкуренција.  Ова наиде на отпор кај јавноста и самите учесници, а ФИНА реши да ги промени правилата. Новите правила кои се донесени со цел да гарантираат фер пливање за пливачките, се усвоени со 71% гласови „за“ од 152 членки на ФИНА. Така, трансродовите лица, со акцент на оние кои го промениле полот од машки во женски, повеќе нема да можат да се натпреваруваат со жени, туку ФИНА ќе воспостави посебна категорија наречена „отворено“, во која ќе се натпреваруваат трансродовите лица. Исклучок ќе бидат само оние лица кои до 12-годишна возраст го промениле полот.

The post По скандалите со Лиа Томас, трансродовите лица нема да смеат да пливаат во женска категорија appeared first on Република.

]]>
Tрансродовo лице доби забрана да учествува на женски велосипедски трки во Британија https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/transrodovo-lice-dobi-zabrana-da-uchestvuva-na-zenski-velosepidski-trki-vo-britanskiot-shampionat/ Thu, 31 Mar 2022 06:51:38 +0000 https://republika.mk/?p=481162

Дваесет и едногодишното трансродово лице, Емили Бриџис, нема да може да учествува на турнирот во женското првенство во велосипедизам во Омниум и Медисон на Велика Британија, што ќе се одржи од 1 до 2 април во Дерби.

Натпреварот требаше да биде прв во женски спорт за поранешниот машки јуниорски светски рекордер.

Сепак, апликацијата на Бриџис беше блокирана од страна на Меѓународната велосипедска унија (УЦИ), бидејќи 12-месечниот период на тестирање на тестостерон на Емили сè уште не е завршен и „таа“ сè уште е заведена како маж во базата на податоци на „УЦИ ИД“.

Бриџис победи во машката трка за поени на британскиот универзитетски шампионат во Глазгов минатиот месец и изјави дека тоа е „нејзиниот“ последен машки старт.

The post Tрансродовo лице доби забрана да учествува на женски велосипедски трки во Британија appeared first on Република.

]]>

Дваесет и едногодишното трансродово лице, Емили Бриџис, нема да може да учествува на турнирот во женското првенство во велосипедизам во Омниум и Медисон на Велика Британија, што ќе се одржи од 1 до 2 април во Дерби. Натпреварот требаше да биде прв во женски спорт за поранешниот машки јуниорски светски рекордер. Сепак, апликацијата на Бриџис беше блокирана од страна на Меѓународната велосипедска унија (УЦИ), бидејќи 12-месечниот период на тестирање на тестостерон на Емили сè уште не е завршен и „таа“ сè уште е заведена како маж во базата на податоци на „УЦИ ИД“. Бриџис победи во машката трка за поени на британскиот универзитетски шампионат во Глазгов минатиот месец и изјави дека тоа е „нејзиниот“ последен машки старт.

The post Tрансродовo лице доби забрана да учествува на женски велосипедски трки во Британија appeared first on Република.

]]>
Oва е новиот прв човек за енергетика во администрацијата на Џо Бајден https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ova-e-noviot-prv-chovek-za-energetika-vo-administracijata-na-dzo-bajden/ Fri, 18 Feb 2022 14:13:12 +0000 https://republika.mk/?p=460506

Американскиот претседател Џо Бајден го именуваше Сем Бринтон на висока позиција во Министерството за енергетика, со што тој стана првиот службеник на американската влада кој се изјаснува како родово неутрална личност. Позицијата што ќе ја врши се фокусира на чувањето гориво и отпад во канцеларијата за нуклеарна енергија.

Бринтон не е посветен само на нуклеарниот отпад, тој е и ЛГБТ активист и дрег-изведувач кој обожава долги фустани и високи потпетици. Јаките кармини во комбинација со мустаќите се еден од неговите заштитни знаци, па не поминува незабележан на ниту еден настан.

Да, знам дека нема да биде лесно. Да, разбирам дека ова е голем предизвик. Да, можам да го прифатам, вели Бринтон за својата нова работа.

View this post on Instagram

A post shared by Sam Brinton (@radioactivenerd1)

На страна неговата „гласна“ појава и тестирање на границите на толеранцијата, Бринтон има две дипломи од Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ).

The post Oва е новиот прв човек за енергетика во администрацијата на Џо Бајден appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден го именуваше Сем Бринтон на висока позиција во Министерството за енергетика, со што тој стана првиот службеник на американската влада кој се изјаснува како родово неутрална личност. Позицијата што ќе ја врши се фокусира на чувањето гориво и отпад во канцеларијата за нуклеарна енергија. Бринтон не е посветен само на нуклеарниот отпад, тој е и ЛГБТ активист и дрег-изведувач кој обожава долги фустани и високи потпетици. Јаките кармини во комбинација со мустаќите се еден од неговите заштитни знаци, па не поминува незабележан на ниту еден настан.