трансродови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/transrodovi/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Jul 2023 17:23:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трансродови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/transrodovi/ 32 32 Русија изгласа Закон со кој се забрана за промена на полот и посвојување деца од трансродови лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-izglasa-zakon-so-koj-se-zabrana-za-promena-na-polot-i-posvojuvane-detsa-od-transrodovi-litsa/ Wed, 19 Jul 2023 17:23:19 +0000 https://republika.mk/?p=663256

Русија денеска го одобри законот со кој се забрануваат операции за промена на полот, ќе биде дозволено поништување на бракови во кои едно лице „го променило полот“ и им забранува на трансродовите лица да станат згрижувачи или посвоители на деца .
Горниот дом на рускиот Парламент денеска едногласно го усвои овој закон, па сега останува само претседателот Владимир Путин да го потпише законот.

Законот забранува какви било „медицински интервенции насочени кон промена на полот на лицето“ и промена на полот во официјалните документи и јавните евиденции.

Пратениците ја опишуваат мерката како заштита на Русија од „западната антисемејна идеологија“

Во 2013 година, Кремљ го усвои првиот закон за ограничување на правата на ЛГБТК+ – законот за „геј пропаганда“, кој забранува какво било јавно одобрување на „нетрадиционални сексуални односи“ меѓу малолетници

The post Русија изгласа Закон со кој се забрана за промена на полот и посвојување деца од трансродови лица appeared first on Република.

]]>

Русија денеска го одобри законот со кој се забрануваат операции за промена на полот, ќе биде дозволено поништување на бракови во кои едно лице „го променило полот“ и им забранува на трансродовите лица да станат згрижувачи или посвоители на деца . Горниот дом на рускиот Парламент денеска едногласно го усвои овој закон, па сега останува само претседателот Владимир Путин да го потпише законот. Законот забранува какви било „медицински интервенции насочени кон промена на полот на лицето“ и промена на полот во официјалните документи и јавните евиденции. Пратениците ја опишуваат мерката како заштита на Русија од „западната антисемејна идеологија“ Во 2013 година, Кремљ го усвои првиот закон за ограничување на правата на ЛГБТК+ – законот за „геј пропаганда“, кој забранува какво било јавно одобрување на „нетрадиционални сексуални односи“ меѓу малолетници

The post Русија изгласа Закон со кој се забрана за промена на полот и посвојување деца од трансродови лица appeared first on Република.

]]>
Руските пратеници усвоија закон против трансродовите лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskite-pratenitsi-usvoija-zakon-protiv-transrodovite-litsa/ Fri, 14 Jul 2023 10:59:25 +0000 https://republika.mk/?p=661280

Руските парламентарци денеска усвоија закон со кој се забранува промена на полот и посвојување деца од трансродови лица.

Оваа одлука ќе ги заштити нашите граѓани, нашите деца, рече претседателот на Долниот дом на Парламентот (Дума), Вјачеслав Володин.

Промени во граѓанскиот статус, хируршки операции и хормонски третмани беа достапни во Русија по распадот на Советскиот Сојуз.

Сепак, од почетокот на руската инвазија на Украина, руските власти почнаа да воведуваат конзервативни мерки, особено против ЛГБТ заедницата.

Како образложение се наведува желбата да се елиминира однесувањето кое е „девијантно и увезено од Запад“.

Предлог-законот помина на третото и последно читање. Сега тоа треба да биде потврдено од Горниот дом на Парламентот, Советот на Федерацијата. Потоа следи потписот на претседателот Владимир Путин за да стапи во сила.

The post Руските пратеници усвоија закон против трансродовите лица appeared first on Република.

]]>

Руските парламентарци денеска усвоија закон со кој се забранува промена на полот и посвојување деца од трансродови лица. Оваа одлука ќе ги заштити нашите граѓани, нашите деца, рече претседателот на Долниот дом на Парламентот (Дума), Вјачеслав Володин. Промени во граѓанскиот статус, хируршки операции и хормонски третмани беа достапни во Русија по распадот на Советскиот Сојуз. Сепак, од почетокот на руската инвазија на Украина, руските власти почнаа да воведуваат конзервативни мерки, особено против ЛГБТ заедницата. Како образложение се наведува желбата да се елиминира однесувањето кое е „девијантно и увезено од Запад“. Предлог-законот помина на третото и последно читање. Сега тоа треба да биде потврдено од Горниот дом на Парламентот, Советот на Федерацијата. Потоа следи потписот на претседателот Владимир Путин за да стапи во сила.

The post Руските пратеници усвоија закон против трансродовите лица appeared first on Република.

]]>