транспортери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/transporteri/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Feb 2024 10:30:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png транспортери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/transporteri/ 32 32 Пасошите за транспортерите и за превозниците ќе се издаваат на „брза лента“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pasoshite-za-transporterite-i-za-prevoznitsite-ke-se-izdavaat-na-brza-lenta/ Sat, 24 Feb 2024 10:30:04 +0000 https://republika.mk/?p=747758

Транспортерите и превозниците од земјава што поседуваат сертификати за професионални возачи ќе можат по брза постапка да извадат патни исправи, истакна вчера Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски. Со тоа им се излегува во пресрет на барањата на транспортерите и превозниците.

– По барање на здруженијата обезбедуваме брза лента за издавање патни документи на сите транспортери и превозници што поседуваат сертификати за професионални возачи. Покажуваме посветеност и поддршка, бидејќи транспортната дејност е една од најзначајните гранки што учествуваат во домашниот БДП – вели Бочварски.

Тој истакна дека ќе биде оформен список на професионални возачи и со сертификат за професионален возач ќе биде доставен од Министерството за транспорт и врски, па потоа до МВР.

– Оние што треба да бидат повикани за фотографирање, веднаш ќе бидат фотографирани. Ова е од исклучително значење за економијата, која не смее да трпи. Не се работи за голем број, но колкав и да е бројот, Министерството ќе постапи веднаш и ќе ги испрати на обработка – изјави министерот Бочварски.

The post Пасошите за транспортерите и за превозниците ќе се издаваат на „брза лента“ appeared first on Република.

]]>

Транспортерите и превозниците од земјава што поседуваат сертификати за професионални возачи ќе можат по брза постапка да извадат патни исправи, истакна вчера Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски. Со тоа им се излегува во пресрет на барањата на транспортерите и превозниците.
– По барање на здруженијата обезбедуваме брза лента за издавање патни документи на сите транспортери и превозници што поседуваат сертификати за професионални возачи. Покажуваме посветеност и поддршка, бидејќи транспортната дејност е една од најзначајните гранки што учествуваат во домашниот БДП – вели Бочварски.
Тој истакна дека ќе биде оформен список на професионални возачи и со сертификат за професионален возач ќе биде доставен од Министерството за транспорт и врски, па потоа до МВР.
– Оние што треба да бидат повикани за фотографирање, веднаш ќе бидат фотографирани. Ова е од исклучително значење за економијата, која не смее да трпи. Не се работи за голем број, но колкав и да е бројот, Министерството ќе постапи веднаш и ќе ги испрати на обработка – изјави министерот Бочварски.

The post Пасошите за транспортерите и за превозниците ќе се издаваат на „брза лента“ appeared first on Република.

]]>
Со порталите „admin.transport“ и „etransport“ ќе се користат податоци од базата на транспортери https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/so-portalite-admin-transport-i-etransport-kje-se-koristat-podatoci-od-bazata-na-transporteri/ Wed, 02 Nov 2022 06:39:08 +0000 https://republika.mk/?p=568486

Владата на седница ја разгледа информацијата од Министерството за транспорт и врски за објава на сервис на платформата за интероперабилност и јавен портал за користење на податоци од базата на транспортери во Министерството, при вршење контрола од страна на контролните органи и граѓаните, соопшти владината прес-служба.

Министерството за транспорт и врски информираше дека со цел постигнување на поголема транспарентност и подигнување на свеста кај сите учесници во патниот сообраќај, пристапено e кон регистрирање сервис на платформата за интероперабилност и посебен јавен портал „admin.transport” наменет за дел од институциите, преку којшто ќе може да се проверат податоците внесени во базата на Министерството, од страна на контролните органи како и јавен портал „etransport”, преку којшто граѓаните ќе имаат можност за пристап до одредени податоци.

Со можностите што ги дава новата платформа, се овозможува електронска контрола на постоењето и веродостојноста на издадените сертификати и лиценци кои ги проверуваат контролните органи. Со електронската проверка на веродостојноста на приложените документи, се заменува процедурата за нивна хартиена проверка, како и побрзо и поефикасно извршување на проверките на надлежните контролни органи.

На контролните органи им се овозможува пристап до фирмите коишто се во евиденцијата на превозници, податоци за нивните лиценци, податоци за возила коишто ги поседуваат, податоци за изводи од лиценци коишто припаѓаат на одредено возило и податоци за вработени возачи – со што контролните служби ќе можат да проверат дали лицето е вработено или не во фирмата превозник, како и дали поседува сертификат за професионална компетентност на возач, што е неопходен документ при вршење меѓународен превоз на патници или стоки во патниот сообраќај.

Јавниот портал „etransport” ќе овозможи пристап на граѓаните до податоците што се однесуваат на поседувањето лиценци и изводи од лиценци за вршење на превоз на патници и стоки, како и капацитетот и еколошкиот стандард на возилата.

The post Со порталите „admin.transport“ и „etransport“ ќе се користат податоци од базата на транспортери appeared first on Република.

]]>

Владата на седница ја разгледа информацијата од Министерството за транспорт и врски за објава на сервис на платформата за интероперабилност и јавен портал за користење на податоци од базата на транспортери во Министерството, при вршење контрола од страна на контролните органи и граѓаните, соопшти владината прес-служба. Министерството за транспорт и врски информираше дека со цел постигнување на поголема транспарентност и подигнување на свеста кај сите учесници во патниот сообраќај, пристапено e кон регистрирање сервис на платформата за интероперабилност и посебен јавен портал „admin.transport” наменет за дел од институциите, преку којшто ќе може да се проверат податоците внесени во базата на Министерството, од страна на контролните органи како и јавен портал „etransport”, преку којшто граѓаните ќе имаат можност за пристап до одредени податоци. Со можностите што ги дава новата платформа, се овозможува електронска контрола на постоењето и веродостојноста на издадените сертификати и лиценци кои ги проверуваат контролните органи. Со електронската проверка на веродостојноста на приложените документи, се заменува процедурата за нивна хартиена проверка, како и побрзо и поефикасно извршување на проверките на надлежните контролни органи. На контролните органи им се овозможува пристап до фирмите коишто се во евиденцијата на превозници, податоци за нивните лиценци, податоци за возила коишто ги поседуваат, податоци за изводи од лиценци коишто припаѓаат на одредено возило и податоци за вработени возачи – со што контролните служби ќе можат да проверат дали лицето е вработено или не во фирмата превозник, како и дали поседува сертификат за професионална компетентност на возач, што е неопходен документ при вршење меѓународен превоз на патници или стоки во патниот сообраќај. Јавниот портал „etransport” ќе овозможи пристап на граѓаните до податоците што се однесуваат на поседувањето лиценци и изводи од лиценци за вршење на превоз на патници и стоки, како и капацитетот и еколошкиот стандард на возилата.

The post Со порталите „admin.transport“ и „etransport“ ќе се користат податоци од базата на транспортери appeared first on Република.

]]>
Колона од руски камиони долга 80 километри заглави на граница во обид да ја напушти ЕУ поради санкциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kolona-od-ruski-kamioni-dolga-80-kilometri-zaglavi-na-granica-vo-obid-da-ja-napushti-eu-poradi-sankciite/ Tue, 19 Apr 2022 21:00:20 +0000 https://republika.mk/?p=490759

Последниот пакет санкции од Европската Унија кон Русија вклучува и забрана за движење на руски и белоруски камиони на територија на Унијата, освен оние кои превезуваат лекови, пошта или нафтени деривати. Рокот за спроведување на оваа мерка измина викендов, што предизвика огромен хаос на границите.

Агенцијата „Ројтерс“, преку снимки од дронови, ги прикажа километриските редици на границата меѓу Полска и Белорусија, каде што се формираа колони на камиони, долги и до 80 километри, во обид да ја напуштат европската почва по стапувањето во сила на овие санкции. Поради огромните гужви, чекањето за излез од ЕУ достигнуваше и до 33 часа. Нешто слично се случуваше и на границите на Литванија.

Во неделата беше крајниот рок за камионите од Русија и Белорусија да ја напуштат ЕУ, но има илјадници товарни возила кои сè уште се на тлото на ЕУ по изминувањето на крајниот рок. Тоа, пак, го отвора прашањето што ќе се случува со овие камиони.

Според „Би-Би-Си“, една од можностите е дека тие би биле запленети од националните власти, можност поради која Полска се плаши дека Русија и Белорусија може реципрочно да го направат истото со полските камиони во нивните земји. Вакво нешто изјави полски функционер како претставник на транспортните групи.

Според полската агенција ПАП, веќе во понеделникот, надвор од крајниот рок, просечното време на чекање било намалено на околу три часа, при што околу 50 камиони чекале да преминат во Белорусија на границата со Корошчин. Заплената не се случи, но рокот за усогласување со наведените санкции беше продолжен.

Белорусија, од своја страна, постапи на сличен начин, забранувајќи камиони од Европската Унија да циркулираат на нејзина територија.

The post Колона од руски камиони долга 80 километри заглави на граница во обид да ја напушти ЕУ поради санкциите appeared first on Република.

]]>

Последниот пакет санкции од Европската Унија кон Русија вклучува и забрана за движење на руски и белоруски камиони на територија на Унијата, освен оние кои превезуваат лекови, пошта или нафтени деривати. Рокот за спроведување на оваа мерка измина викендов, што предизвика огромен хаос на границите. Агенцијата „Ројтерс“, преку снимки од дронови, ги прикажа километриските редици на границата меѓу Полска и Белорусија, каде што се формираа колони на камиони, долги и до 80 километри, во обид да ја напуштат европската почва по стапувањето во сила на овие санкции. Поради огромните гужви, чекањето за излез од ЕУ достигнуваше и до 33 часа. Нешто слично се случуваше и на границите на Литванија. Во неделата беше крајниот рок за камионите од Русија и Белорусија да ја напуштат ЕУ, но има илјадници товарни возила кои сè уште се на тлото на ЕУ по изминувањето на крајниот рок. Тоа, пак, го отвора прашањето што ќе се случува со овие камиони. Според „Би-Би-Си“, една од можностите е дека тие би биле запленети од националните власти, можност поради која Полска се плаши дека Русија и Белорусија може реципрочно да го направат истото со полските камиони во нивните земји. Вакво нешто изјави полски функционер како претставник на транспортните групи. Според полската агенција ПАП, веќе во понеделникот, надвор од крајниот рок, просечното време на чекање било намалено на околу три часа, при што околу 50 камиони чекале да преминат во Белорусија на границата со Корошчин. Заплената не се случи, но рокот за усогласување со наведените санкции беше продолжен. Белорусија, од своја страна, постапи на сличен начин, забранувајќи камиони од Европската Унија да циркулираат на нејзина територија.

The post Колона од руски камиони долга 80 километри заглави на граница во обид да ја напушти ЕУ поради санкциите appeared first on Република.

]]>