трансплантација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/transplantacija/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Nov 2024 14:38:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трансплантација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/transplantacija/ 32 32 Двајцата пациенти кои добија органи од починат дарител се во добра состојба https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dvajtsata-patsienti-koi-dobija-organi-od-pochinat-daritel-se-vo-dobra-sostojba/ Sat, 16 Nov 2024 14:38:00 +0000 https://republika.mk/?p=838554

Двајцата пациенти кај кои беше извршена трансплантација на органи од починат донор се во добра општа состојба.

Овие денови за нив се грижеа медицинските тимови на Клиниките за нефрологија, урологија и КАРИЛ. Интервенциите се успешни, со уреден постоперативен тек и пациентите се веќе пуштени на домашно лекување. Им посакуваме успешно закрепнување, вели проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за транплантација.

Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа.

Огромна благодарност за сите медицински тимови и болнички координатори вклучени во трансплантацијата, велат и од Министерството за здравство.

The post Двајцата пациенти кои добија органи од починат дарител се во добра состојба appeared first on Република.

]]>

Двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрези од починат донатор https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dvajtsa-patsienti-so-retka-krvna-grupa-dobija-bubrezi-od-pochinat-donator/ Fri, 01 Nov 2024 12:00:56 +0000 https://republika.mk/?p=833078

Во текот на вчерашниот ден на хируршките клиники во Скопје e изведена уште една трансплантација на органи од починат донатор, соопштија од Министерството за здравство.

Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа.

Во тек на изминатото деноноќие извршивме трансплантација од починат донатор. Изразувам посебна благодарност на семеството на дарителот, кои во најболен момент на лична загуба, се одлучија да ги донираат органите, покажувајќи силна емпатија и човекољубие кон пациентите кои чекаат трансплантација. Пациентите кои примија органи се со уреден постоперативен тек. Им посакувам брзо закрепнување и долг живот. Изразувам благодарност и на медицинските тимови од сите клиники кои беа вклучени во процесот на трансплантација, изјави проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

[caption id="attachment_833081" align="alignnone" width="1030"] Поради ретката крвна група, овојпат на националните листи немаше реципиенти за другите органи, велат од Министерството за здравство / Фото: МЗ[/caption]

За жал, поради ретката крвна група, овојпат на националните листи немаше реципиенти за другите органи, велат од МЗ.

Трансплантацијата за најголем дел од пациентите е единствена шанса за живот. За други, пак, е можност за поквалитетен живот. Но, таа не може да се случи доколку не постои актот на органодарување. Само благодарение на храброста, несебичноста и емпатијата на семејствата на донорите, трансплантацијата е возможна. Да се подари органи, значи да се подари некому втора шанса за живот, додаваат од Министерството.

На 7 октомври Македонија го одбележа Европскиот ден на органодонаторство со 85 донирани органи за неполни четири години, од кои 38 бубрега, 11 срца, четири црни дроба и 32 коскени ткива.

Во 2020 година беше направена првата трансплантација на срце во Македонија, една година подцина, во 2021 се изврши првата трансплантација на коскени ткива, а во 2022 беше направена првата трансплантација на црн дроб.

The post Двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрези од починат донатор appeared first on Република.

Доделени наградите на професионалните дизајнери и на средношколците за најдобри дела на тема трансплантација и органодарување https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dodeleni-nagradite-na-profesionalnite-dizajneri-i-na-srednoshkoltsite-za-najdobri-dela-na-tema-transplantatsija-i-organodaruvane/ Wed, 27 Mar 2024 11:02:31 +0000 https://republika.mk/?p=759248

Професионалните дизајнери, Ана Тасева, Гоце Велески и Воскресија Андреевска и средношколците Амра Седиковиќ, Давид Манасијевиќ и Адријана Мирчевска, се шесте автори, креативци кои ги понесоа наградите за најдобри решенија на Повиците за визуелни дела за дизјанери и за средношколци - на тема: трансплантација и органодонорство.

Ним, вчеравечер, во Ист Гејт, во Зелената оаза, им беа доделени наградите за креативниот влог кој допрва има за цел да поттикнува отворено размислување и разговор за значењето на органодонорството.

Од над 120 дела пристигнати на конкурсот, 20 внимателно избрани уметнички дела нудат единствена перспектива на приказната за органодонорство и трансплантација, истражувајќи ги темите на надежта, издржливоста и убавината на давањето. Сите дела се извонреден приказ на креативност и сочувство што го слави длабокото влијание на донирањето органи и трансплантацијата. Со дела од искусни дизајнери и од ветувачки таленти, оваа изложба е доказ за моќта на уметноста да инспирира промени.

Изложба е повеќе од само уметнички потфат - таа е витален дел од определеноста на општеството да го поддржи системот за трансплантација во Република Македонија.

Изложбата ја отвори евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир.

Да се дарува орган е еден од најблагородните чинови што може да се направат. Донирајќи орган, вие донирате живот на друго лице. Благодарност до сите што учествуваа во Повиците, талентот е евидентен. Горди сме на поддршката што ја обезбедуваме оваа земја да добие првокласен систем за трансплантација и органодарување, систем усогласен со највисоките стандарди. Ќе продолжиме и понатаму да работиме со сите засегнаи страни сѐ со цел трансплантацијата на органи да биде на највисокото ниво за сите граѓани на земјава. Ова е можност да ве охрабриме да ја пренесете пораката и да зборувате со вашите најблиски, со вашите семејства, колеги на работа, соседи, за придобивките што ги носи донирањето на органи. Доколку бидеме свесни – можеме заеднички да спасиме животи, изјави Гир.

За најдобрите решенија и за делата кои беа дел од изложбата, одлучуваше петчлено жири кое го сочинуваа, Дита Старова Ќерими, ликовен уметник, Зоран Кардула, дизајнер, Томислав Георгиев, фотограф, Маја Мојсова Мијовска, Национален координатор за трансплантација, Радмила Живановиќ, психолог.

[caption id="attachment_759262" align="alignnone" width="723"] фото: Томислав Герогиев[/caption]

Во своето образложение жирито вели дека пристигнатите дела, манифестираат голема посветеност на авторите, без разлика на нивната возраст и професионален бекграунд.

Извонреден приказ на креативност и сочувство што го слави длабокото влијание на донирањето органи и трансплантацијата. Со дела од искусни дизајнери и од ветувачки таленти, оваа изложба е доказ за моќта на уметноста да инспирира промени. Од над 120 дела пристигнати на конкурсот, 15 внимателно избрани уметнички дела нудат единствена перспектива на приказната за органодонорство и трансплантација, истражувајќи ги темите на надежта, издржливоста и убавината на давањето. Авторите креирале дела полни со надеж и со асоцијации за поинаква, посветла иднина. Во едно брзо време на живеење, навистина дале значаен придонес во комуникацијата на една ваква осетлива тема“, стои во описот за изложбените дела на авторите.

Поздравни обраќања на изложбата покрај евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, националната координаторка за трансплантација, Маја Мојсова Мијовска, и Адријана Георгиев, од Министерството за здравство кои укажаа на важноста од подигнување на јавната свест за органодонорството и трансплантацијата, и тоа не само како медицинска дејност, туку и од аспект на хуманост, емпатија, надеж.

Одлуките што се носат навистина не се лесни, но, треба да бидеме информирани. Донорите, семејствата на донорите, со своите одлуки, носат една нова надеж, поинаква човечка димензија на дарувањето. Тоа е начинот да покажеме и една друга перспектива, наспрема свртеноста кон себе и индивидуализираноста. Сакаме и на младите да им ја пренесеме пораката дека не постојат табу-теми и теми за кои се плашиме да зборуваме. Неопходен ни е разговор дури и на тие теми и притоа мора да градиме ставови. Некогаш животот нè носи во ситуации кога ни е потребно да се донесат важни одлуки. Органодарувањето е една од тие одлуки“, вели д-р Мојсова.

Според Георгиев, трансплантацијата е медицински процес, но истовремено е и еден општествен процес што отвора важни прашања како што се хуманост, емпатија и љубов.

Кога зборуваме за трансплантацијата неминовно зборуваме и за органодонорство. Зборуваме за хуманост, за љубов, за грижа, за одлуки кои менуваат нечиј живот. Живот за жал не може да се купи, ама ете, може да се подари. И тоа е таа убава страна на трансплантацијата до која ние секогаш се држиме. Како што вели слоганот на едно од побеничките решенија, моќта да се промени крајот на нечија приказна и да се најде утеха за сопствената болка и за тоа дека дел од нивните блиски продолжува на некој начин да живее. Тоа ново пулсирање на животот, помислата дека некој некаде живее подобро, за миг, носи утеха и некакво спокојство. Тоа е врвен знак на хуманост, емпатија, на љубов. Грижа за другиот, кое само по себе е и значењето на животот, сподели Георгиев.

Ана Тасева е дизајнерката која ја понесе наградата за најдобар постер.

[caption id="attachment_759263" align="alignnone" width="472"] Ана Тасева - најдобар постер, професионални дизајнери[/caption]

Ми беше задоволство што бев дел од овој проект, а самата инспирација беше процес на истражување, зошто прв пат работев на оваа тема. Целта ми беше да се постигне доза на надеж, постерот да биде минималистички, а во слоганот, да се даде повеќе значење, изјави Ана.

Наградата за најдобро лого отиде во рацете на Гоце Велески.

[caption id="attachment_759264" align="alignnone" width="1225"] Гоце Велески - најдобро лого, професионални дизајнери[/caption]

Во овие 15 години колку што се занимавам со графички дизајнер имам направено сигурно четирицифрена бројка на логоа, ама ова ми е во топ две. Се надевам ќе трае доволно долго, за моите две деца да речат „Е, ова го правеше татко ми на времето“, потенцираше Велески.

Наградата, пак, за најдобро лого ѝ припадна на дизајнерката Воскресија Андреевска. Нејзиниот слоган „Промени го крајот на нечија приказна“, ќе биде присутен во тековната брендинг кампања на сите решенија, и ќе има за цел да поттикне дискусија за една тема која е од огромно значење за сите нас.

[caption id="attachment_759266" align="alignnone" width="605"] Воскресија Андреевска - најдобар слоган, професионлни дизајнери[/caption]

Првата награда кај средношколците ја понесе Амра Седиковиќ.

[caption id="attachment_759267" align="alignnone" width="843"] Амра Седиковиќ, прва награда средношколци[/caption]

Чест ми е што бев дел од овој конкурс и што можам да поттикнам свест за оваа табу тема, како многу важна. Инспирацијата ми беше трудот и пожртвуваноста на медицинсскиот персонал, и сакав да покажам дека секој има шанса да даде, донесе, направи нешто добро во овој свет, порача Амра.

[caption id="attachment_759280" align="alignnone" width="818"] Давид Манасијевиќ, втора награда средношколци[/caption]

Втората награда отиде кај Давид Манасијевиќ, а третата кај Адријана Мирчевска.
И двајцата порачаа дека ова било одлична можност да си ги проверат и докажат своите способности во графичкиот дизајн, но, и да ја испратат пораката дека органодарувањето е важно за сите нас.

[caption id="attachment_759284" align="alignnone" width="467"] Адријана Мирчевска, трета награда, средношколци[/caption]

Изложбата беше реализирана во партнерство со Ист Гејт и „Нептун Македонија“.

Настанот е дел од проектот „Поддршка на системот за трансплантација“, финансиран од Европската унија, во кој краен корисник е Министерството за здравство.

The post Доделени наградите на професионалните дизајнери и на средношколците за најдобри дела на тема трансплантација и органодарување appeared first on Република.

]]>

Професионалните дизајнери, Ана Тасева, Гоце Велески и Воскресија Андреевска и средношколците Амра Седиковиќ, Давид Манасијевиќ и Адријана Мирчевска, се шесте автори, креативци кои ги понесоа наградите за најдобри решенија на Повиците за визуелни дела за дизјанери и за средношколци - на тема: трансплантација и органодонорство. Ним, вчеравечер, во Ист Гејт, во Зелената оаза, им беа доделени наградите за креативниот влог кој допрва има за цел да поттикнува отворено размислување и разговор за значењето на органодонорството. Од над 120 дела пристигнати на конкурсот, 20 внимателно избрани уметнички дела нудат единствена перспектива на приказната за органодонорство и трансплантација, истражувајќи ги темите на надежта, издржливоста и убавината на давањето. Сите дела се извонреден приказ на креативност и сочувство што го слави длабокото влијание на донирањето органи и трансплантацијата. Со дела од искусни дизајнери и од ветувачки таленти, оваа изложба е доказ за моќта на уметноста да инспирира промени. Изложба е повеќе од само уметнички потфат - таа е витален дел од определеноста на општеството да го поддржи системот за трансплантација во Република Македонија. Изложбата ја отвори евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир.
Да се дарува орган е еден од најблагородните чинови што може да се направат. Донирајќи орган, вие донирате живот на друго лице. Благодарност до сите што учествуваа во Повиците, талентот е евидентен. Горди сме на поддршката што ја обезбедуваме оваа земја да добие првокласен систем за трансплантација и органодарување, систем усогласен со највисоките стандарди. Ќе продолжиме и понатаму да работиме со сите засегнаи страни сѐ со цел трансплантацијата на органи да биде на највисокото ниво за сите граѓани на земјава. Ова е можност да ве охрабриме да ја пренесете пораката и да зборувате со вашите најблиски, со вашите семејства, колеги на работа, соседи, за придобивките што ги носи донирањето на органи. Доколку бидеме свесни – можеме заеднички да спасиме животи, изјави Гир.
За најдобрите решенија и за делата кои беа дел од изложбата, одлучуваше петчлено жири кое го сочинуваа, Дита Старова Ќерими, ликовен уметник, Зоран Кардула, дизајнер, Томислав Георгиев, фотограф, Маја Мојсова Мијовска, Национален координатор за трансплантација, Радмила Живановиќ, психолог. [caption id="attachment_759262" align="alignnone" width="723"] фото: Томислав Герогиев[/caption] Во своето образложение жирито вели дека пристигнатите дела, манифестираат голема посветеност на авторите, без разлика на нивната возраст и професионален бекграунд.
Извонреден приказ на креативност и сочувство што го слави длабокото влијание на донирањето органи и трансплантацијата. Со дела од искусни дизајнери и од ветувачки таленти, оваа изложба е доказ за моќта на уметноста да инспирира промени. Од над 120 дела пристигнати на конкурсот, 15 внимателно избрани уметнички дела нудат единствена перспектива на приказната за органодонорство и трансплантација, истражувајќи ги темите на надежта, издржливоста и убавината на давањето. Авторите креирале дела полни со надеж и со асоцијации за поинаква, посветла иднина. Во едно брзо време на живеење, навистина дале значаен придонес во комуникацијата на една ваква осетлива тема“, стои во описот за изложбените дела на авторите.
Поздравни обраќања на изложбата покрај евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, националната координаторка за трансплантација, Маја Мојсова Мијовска, и Адријана Георгиев, од Министерството за здравство кои укажаа на важноста од подигнување на јавната свест за органодонорството и трансплантацијата, и тоа не само како медицинска дејност, туку и од аспект на хуманост, емпатија, надеж.
Одлуките што се носат навистина не се лесни, но, треба да бидеме информирани. Донорите, семејствата на донорите, со своите одлуки, носат една нова надеж, поинаква човечка димензија на дарувањето. Тоа е начинот да покажеме и една друга перспектива, наспрема свртеноста кон себе и индивидуализираноста. Сакаме и на младите да им ја пренесеме пораката дека не постојат табу-теми и теми за кои се плашиме да зборуваме. Неопходен ни е разговор дури и на тие теми и притоа мора да градиме ставови. Некогаш животот нè носи во ситуации кога ни е потребно да се донесат важни одлуки. Органодарувањето е една од тие одлуки“, вели д-р Мојсова.
Според Георгиев, трансплантацијата е медицински процес, но истовремено е и еден општествен процес што отвора важни прашања како што се хуманост, емпатија и љубов.
Кога зборуваме за трансплантацијата неминовно зборуваме и за органодонорство. Зборуваме за хуманост, за љубов, за грижа, за одлуки кои менуваат нечиј живот. Живот за жал не може да се купи, ама ете, може да се подари. И тоа е таа убава страна на трансплантацијата до која ние секогаш се држиме. Како што вели слоганот на едно од побеничките решенија, моќта да се промени крајот на нечија приказна и да се најде утеха за сопствената болка и за тоа дека дел од нивните блиски продолжува на некој начин да живее. Тоа ново пулсирање на животот, помислата дека некој некаде живее подобро, за миг, носи утеха и некакво спокојство. Тоа е врвен знак на хуманост, емпатија, на љубов. Грижа за другиот, кое само по себе е и значењето на животот, сподели Георгиев.
Ана Тасева е дизајнерката која ја понесе наградата за најдобар постер. [caption id="attachment_759263" align="alignnone" width="472"] Ана Тасева - најдобар постер, професионални дизајнери[/caption]
Ми беше задоволство што бев дел од овој проект, а самата инспирација беше процес на истражување, зошто прв пат работев на оваа тема. Целта ми беше да се постигне доза на надеж, постерот да биде минималистички, а во слоганот, да се даде повеќе значење, изјави Ана.
Наградата за најдобро лого отиде во рацете на Гоце Велески. [caption id="attachment_759264" align="alignnone" width="1225"] Гоце Велески - најдобро лого, професионални дизајнери[/caption]
Во овие 15 години колку што се занимавам со графички дизајнер имам направено сигурно четирицифрена бројка на логоа, ама ова ми е во топ две. Се надевам ќе трае доволно долго, за моите две деца да речат „Е, ова го правеше татко ми на времето“, потенцираше Велески.
Наградата, пак, за најдобро лого ѝ припадна на дизајнерката Воскресија Андреевска. Нејзиниот слоган „Промени го крајот на нечија приказна“, ќе биде присутен во тековната брендинг кампања на сите решенија, и ќе има за цел да поттикне дискусија за една тема која е од огромно значење за сите нас. [caption id="attachment_759266" align="alignnone" width="605"] Воскресија Андреевска - најдобар слоган, професионлни дизајнери[/caption] Првата награда кај средношколците ја понесе Амра Седиковиќ. [caption id="attachment_759267" align="alignnone" width="843"] Амра Седиковиќ, прва награда средношколци[/caption]
Чест ми е што бев дел од овој конкурс и што можам да поттикнам свест за оваа табу тема, како многу важна. Инспирацијата ми беше трудот и пожртвуваноста на медицинсскиот персонал, и сакав да покажам дека секој има шанса да даде, донесе, направи нешто добро во овој свет, порача Амра.
[caption id="attachment_759280" align="alignnone" width="818"] Давид Манасијевиќ, втора награда средношколци[/caption] Втората награда отиде кај Давид Манасијевиќ, а третата кај Адријана Мирчевска. И двајцата порачаа дека ова било одлична можност да си ги проверат и докажат своите способности во графичкиот дизајн, но, и да ја испратат пораката дека органодарувањето е важно за сите нас. [caption id="attachment_759284" align="alignnone" width="467"] Адријана Мирчевска, трета награда, средношколци[/caption] Изложбата беше реализирана во партнерство со Ист Гејт и „Нептун Македонија“. Настанот е дел од проектот „Поддршка на системот за трансплантација“, финансиран од Европската унија, во кој краен корисник е Министерството за здравство.  

The post Доделени наградите на професионалните дизајнери и на средношколците за најдобри дела на тема трансплантација и органодарување appeared first on Република.

]]>
Д-р Мојсова: Дарителите на органи се семејни и општестевени херои, спасуваат животи, нив и на нивните семејства им се поклониваме https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-mojsova-daritelite-na-organi-se-semejni-i-opshtesteveni-heroi-spasuvaat-zhivoti-niv-i-na-nivnite-semejstva-im-se-poklonivame/ Thu, 21 Mar 2024 08:18:18 +0000 https://republika.mk/?p=756879

Во просториите на „Еurope House“, во Струмица и во Велес, вчера и денес се одржа дебата со претставници од средните училишта на тема органодонорство, како дел од активностите на ЕУ проектот за подигнување на јавната свест за органодонорството и трансплантацијата во земјава. Целта на средбите беше да се укаже на важноста на трансплантацијата, не само како медицинска дејност, туку и од аспект на хуманост, љубов, емпатија, надеж.

На дебатите покрај ученици од гимназијата „Димитар Влахов“ од Струмица и учениците од средните училишта „Кочо Рацин“, „Димитрија Чуповски“, „Јовче Тесличков“ и „Коле Неделковски“, од Велес, присуствуваа и Националниот координатор за трансплантација на органи и ткива, д-р Маја Мојсова Мијовска, заменик националниот координатор д-р Билјана Андоновска и Адријана Георгиев, Раководителка на Програмата за трансплантација на органи и ткива при Министерството за здравство.

Вие, младите, сте идната сила на ова општество и токму со вас е важно да се разговара за овие сегменти од живеењето. Одлуките кои се носат, навистина не се лесни, но, треба да сме информирани. Донорите, семејствата на донорите, со своите одлуки, носат една нова надеж, поинаква човечка димензија на дарувањето. Тоа е начинот да покажеме и една друга перспектива, наспрема свртеноста кон себе си и индивидуализираноста. Сакаме на младите да им ја пренесеме пораката дека не постојат табу теми и теми за кои се плашиме да зборуваме. Неопходен ни е разговор дури и на тие теми и мораме притоа да градиме ставови. Некогаш животот нѐ носи во ситуации кога ни е потребно да се донесат важни одлуки. Органодарувањето е една од тие одлуки - вели д-р Мојсова.

Дарителите на органи се херои, и семејни, но и општествени. Спасуваат животи, менуваат приказни, дел се од највисоките хумани чинови за кои знае човештвото. Нив и на нивните семејства им се поклониваме, објаснува д-р Мојсова.

Трансплантација е медицински процес, но во исто време е и еден општествен процес кој отвара прашања како што се хуманоста, емпатијата и љубовта. Семејставата кои носат одлука да ги донираат органите од своите блиски, чувствуваат некаква утеха во тоа дека дел од нивните блиски продолжуваат на некој начин да живеат и во исто време ја менуваат животната приказна на други луѓе, кои не ги ни познаваат, а ете им подаруваат живот. Тоа е врвен знак на хуманост, емпатија, на љубов. Грижа за другиот, што само по себе, е и значењето на животот, сподели Георгиев.

На средбата се отворија и прашања за начините на кои се станува донор, за етичките принципи на органодарувањето, за возрасната граница на донорите и реципиентите, за заштитата на личните податоци, и уште многу други поттеми.

Заменик националниот координатор д-р Билјана Андоновска ги објасни начините на станување дарител на органи, и укажа на важноста од разговорите и дискусиите на оваа тема, кои потоа резултираат со зголемена согласност. Македонија, вели, е на мапата на земјите во подем на органодарители.

Додека во короната секаде паѓаше бројот на органодарители, во нашата земја тој број имаше пик. Како земја, имаме принцип на претпоставена согласност за органодарување, но, секогаш последниот збор го има семејството. Неговата согласност ни е најважна, вели таа.

Еден донор може да спаси осум животи, а во поглед на трансплантација на ткива може да биде подобрен животот и на стотина други пациенти.

Органодарителите се често луѓе кои и цел живот помагале на други, и тоа го прават после смртта. Семејствата често носат одлуки врз основа на тоа какви луѓе сме биле додека сме живееле. Со трансплантацијата се дава, се продолжува живот, но, и го подобруваме квалитет на животот, нагласи Андоновска.

Исто како што беше неодамна во Скопје, и во овие градови младите изразија голема заинтересираност и отвореност да разговараат на една тема која е олицетворение на тенката линија помеѓу животот и смртта. Поставуваа прашања, споделуваа ставови, поттикнуваа дискусија.

Учениците имаа можност да погледнат и кусо документарно видео со фокус на органодонорството и трансплантацијата, но, и да дадат свој фидбек за пристигнати решенија на Повикот за визуелни дела за средношколци и професионални дизајнери на тема органодонорство, чии победници ќе се соопштат наскоро.

Фасцинирана сум од сѐ што слушнав. Темата е мрачна, но, многу ме допре. Верувам дека ваквите средби придонесуваат да научиме многу повеќе за процесите, но, и за човечноста, за надежта, за љубовта, изјави една од ученичките.

Настанот е дел од проектот „Поддршка на системот за трансплантација“, финансиран од ЕУ во кој Министерството за здравство е краен корисник. Модератор на настанот беше Небојша Илијевски, проектен консултант за комуникации.

Фото: Иван Каратанов и Зоранчо Јордев

The post Д-р Мојсова: Дарителите на органи се семејни и општестевени херои, спасуваат животи, нив и на нивните семејства им се поклониваме appeared first on Република.

]]>

Во просториите на „Еurope House“, во Струмица и во Велес, вчера и денес се одржа дебата со претставници од средните училишта на тема органодонорство, како дел од активностите на ЕУ проектот за подигнување на јавната свест за органодонорството и трансплантацијата во земјава. Целта на средбите беше да се укаже на важноста на трансплантацијата, не само како медицинска дејност, туку и од аспект на хуманост, љубов, емпатија, надеж. На дебатите покрај ученици од гимназијата „Димитар Влахов“ од Струмица и учениците од средните училишта „Кочо Рацин“, „Димитрија Чуповски“, „Јовче Тесличков“ и „Коле Неделковски“, од Велес, присуствуваа и Националниот координатор за трансплантација на органи и ткива, д-р Маја Мојсова Мијовска, заменик националниот координатор д-р Билјана Андоновска и Адријана Георгиев, Раководителка на Програмата за трансплантација на органи и ткива при Министерството за здравство.
Вие, младите, сте идната сила на ова општество и токму со вас е важно да се разговара за овие сегменти од живеењето. Одлуките кои се носат, навистина не се лесни, но, треба да сме информирани. Донорите, семејствата на донорите, со своите одлуки, носат една нова надеж, поинаква човечка димензија на дарувањето. Тоа е начинот да покажеме и една друга перспектива, наспрема свртеноста кон себе си и индивидуализираноста. Сакаме на младите да им ја пренесеме пораката дека не постојат табу теми и теми за кои се плашиме да зборуваме. Неопходен ни е разговор дури и на тие теми и мораме притоа да градиме ставови. Некогаш животот нѐ носи во ситуации кога ни е потребно да се донесат важни одлуки. Органодарувањето е една од тие одлуки - вели д-р Мојсова.
Дарителите на органи се херои, и семејни, но и општествени. Спасуваат животи, менуваат приказни, дел се од највисоките хумани чинови за кои знае човештвото. Нив и на нивните семејства им се поклониваме, објаснува д-р Мојсова.
Трансплантација е медицински процес, но во исто време е и еден општествен процес кој отвара прашања како што се хуманоста, емпатијата и љубовта. Семејставата кои носат одлука да ги донираат органите од своите блиски, чувствуваат некаква утеха во тоа дека дел од нивните блиски продолжуваат на некој начин да живеат и во исто време ја менуваат животната приказна на други луѓе, кои не ги ни познаваат, а ете им подаруваат живот. Тоа е врвен знак на хуманост, емпатија, на љубов. Грижа за другиот, што само по себе, е и значењето на животот, сподели Георгиев.
На средбата се отворија и прашања за начините на кои се станува донор, за етичките принципи на органодарувањето, за возрасната граница на донорите и реципиентите, за заштитата на личните податоци, и уште многу други поттеми. Заменик националниот координатор д-р Билјана Андоновска ги објасни начините на станување дарител на органи, и укажа на важноста од разговорите и дискусиите на оваа тема, кои потоа резултираат со зголемена согласност. Македонија, вели, е на мапата на земјите во подем на органодарители.
Додека во короната секаде паѓаше бројот на органодарители, во нашата земја тој број имаше пик. Како земја, имаме принцип на претпоставена согласност за органодарување, но, секогаш последниот збор го има семејството. Неговата согласност ни е најважна, вели таа.
Еден донор може да спаси осум животи, а во поглед на трансплантација на ткива може да биде подобрен животот и на стотина други пациенти.
Органодарителите се често луѓе кои и цел живот помагале на други, и тоа го прават после смртта. Семејствата често носат одлуки врз основа на тоа какви луѓе сме биле додека сме живееле. Со трансплантацијата се дава, се продолжува живот, но, и го подобруваме квалитет на животот, нагласи Андоновска.
Исто како што беше неодамна во Скопје, и во овие градови младите изразија голема заинтересираност и отвореност да разговараат на една тема која е олицетворение на тенката линија помеѓу животот и смртта. Поставуваа прашања, споделуваа ставови, поттикнуваа дискусија. Учениците имаа можност да погледнат и кусо документарно видео со фокус на органодонорството и трансплантацијата, но, и да дадат свој фидбек за пристигнати решенија на Повикот за визуелни дела за средношколци и професионални дизајнери на тема органодонорство, чии победници ќе се соопштат наскоро.
Фасцинирана сум од сѐ што слушнав. Темата е мрачна, но, многу ме допре. Верувам дека ваквите средби придонесуваат да научиме многу повеќе за процесите, но, и за човечноста, за надежта, за љубовта, изјави една од ученичките.
Настанот е дел од проектот „Поддршка на системот за трансплантација“, финансиран од ЕУ во кој Министерството за здравство е краен корисник. Модератор на настанот беше Небојша Илијевски, проектен консултант за комуникации. Фото: Иван Каратанов и Зоранчо Јордев

The post Д-р Мојсова: Дарителите на органи се семејни и општестевени херои, спасуваат животи, нив и на нивните семејства им се поклониваме appeared first on Република.

]]>
Органодарувањето некогаш е живот, а некогаш продолжување на животот, вели д-р Маја Мојсова, национален координатор за трансплантација https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/organodaruvaneto-nekogash-e-zhivot-a-nekogash-prodolzhuvane-na-zhivotot-veli-d-r-maja-mojsova-natsionalen-koordinator-za-transplantatsija/ Wed, 28 Feb 2024 13:23:44 +0000 https://republika.mk/?p=749267

Органодарувањето некогаш е живот, а некогаш продолжување на животот, вели проф. д-р Маја Мојсова, национален координатор за трансплантација во Македонија. Таа вчера заедно со д-р Билјана Андоновска, заменик национален координатор за трансплантација, Адријана Георгиев, раководителка на програмата за трансплантација на органи, ткива при Министерство за здравство и д-р Даница Авсец која со години го водеше Словенија Трансплант учестуваа на дебата со ученици од средните училишта на тема органодонорство, како дел од кампањата за подигнување на јавната свест за органодонорството и трансплантацијата во земјава.

Дебатата се одржа во просториите на „Еurope house“ Скопје, каде што пристуваа средношколци од СУГС „Раде Јовчевски - Корчагин“, СУГС „Јосип Броз Тито“, СГГУС „Здравко Цветковски“, ДСУЛУД „Лазар Личеноски“, „Панче Караѓозов“ и претставници од Сојузот на средношколци.

За жал, никој од нас не е вечен. Неопходен ни е разговор на теми од кои нема да се плашиме, и ќе градиме ставови. Некогаш животот нѐ носи во ситуации кога ни е потребно соочување и важни одлуки. Органодарувањето некогаш е живот, а некогаш продолжување на животот. Дарувањето после мозочна смрт значи уште поголема љубов од дарувањата во рамки на семејството. Лесно е да ги сакаме нашите членови од семејство, блиско и далечно, рече д-р Мојсова.

Според неа, младите во суштина го познаваат принципот на органодонорство и трансплантација.

Идејата на оваа средба со учениците е да го доближиме процесот кој можеби изгледа страшно, дури и за повеќето здравствени работници, не само за средношколците. Сметам дека треба да допреме до младите какао идна сила на ова општество – да се информирани, да носат сопствени одлуки. Но, кога се дарува на непознати приматели - зборуваме за човечката димензија на љубовта, која ги надминува границите на нашето семејство. Генерално, сѐ се сведува на тоа да си помагаме едни со други. Блиските секогаш треба да носат одлуки со кои ќе бидат во мир, и ќе бидат во согласност со нивните душевни и човечки особини - нагласи д-р Мојсова.

Оваа средба е во склоп на повиците за визуелни дела, постери, слоган и лого за професионални дизајнери и за средношколци, што се организираат со цел да се брендира кампања која ќе ја покаже важноста на трансплантацијата не само како медицинска дејност туку и од аспект на хуманост, љубов, емпатија, надеж.

Настанот е дел од проектот „Поддршка на системот за донирање и трансплантација на органи во Македонија“, финансиран од ЕУ и подготвен во соработка со Министерството за здравство . Модератр на настанот беше Небојша Илијевски, консултант за комуникации.

Д-р Авсец воедно е тим лидер на проектот за трансплантација и органодонорство, што во моментот се спроведува во Македонија и ги пренесе на средношколците словенечките искуства на оваа тема.

„Хуманост“, „Спасување животи“, „Здравје“, „Немам зборови“, „Добротворност“, „Храброст“, „Добро дело“, „Шанса“, „Најголема форма на дарување“, беа само дел од одговорите на прашањето: Која е првата асоцијација што ви доаѓа на памет кога ќе се спомене „органдарување“?

Младите манифестираа голема љубопитност и отвореност да разговараат на една тема која е олицетворение на тенката линија помеѓу животот и смртта. Поставуваа прашања, споделуваа ставови, поттикнуваа дискусија.

[caption id="attachment_749269" align="alignnone" width="1000"] фото: Томислав Герогиев„Кога згаснува еден живот, срцето може да чука кај некој друг, и со тоа спасуваме нечиј живот“. „Голем број болести наоѓаат решение во органодонорството и трансплантацијата“. „Дарувањето органи не мора да значи да биде постмортално, туку може да биде и додека сме живи, како што е донирањето коскена срцевина“. „Донирање органи најчесто го поврзуваме во рамки на семејството, но, тоа, можеме да го правиме и додека сме живи и да спасуваме живот(и)“.[/caption]

Ова се само дел од пораките кои произлегоа од дискусијата.

Со Повиците сакаме да ја видиме вашата перцепција за органодонорството - како емоција, како креација. Затоа што, органодонорството не носи само медицинска димензија, туку нѐ допира и малку поинаку. Помага во спасување на животи, ама помага и во спасување на човечност која ја има меѓу нас, и се обидуваме да ја одржиме. Вашите размислувања и решенија очекуваме да создадат кампањата која во наредните месеци ќе има за цел да ја подигнува свеста кај сите нас на оваа тема – во целата земја, нагласи Адријана Георгиев од Министерството за здравство.

На аспектот ‘согласност’ се осврна асс. д-р Андоновска. Сподели статистика која вели дека несогласувањето за органодаување, на светско ниво, изнесува од 16 до 40 отсто, а дека тој процент кај нас изнесува 28 отсто.

На оваа средба младите имаа можност да слушнат и за сликата за органодонорство и трансплантација во Словенија, каде согласноста изминатата година изнесувала високи 79 отсто, што значи и над просекот што го прават земјите членки на Еуротрансплант.

- Градењето свест за органодонорство е константа, приказна без крај. Секогаш одново работиме на оваа тема. Луѓето, генерациите се менуваат, потребна е постојана едукација.

Трансплантацијата често е и табу тема, зошто носи неочекувана смрт, тешка комуникација, но, има начини како да се преброди, и како да дадеме простор на ново знаење. Главната поента е создавање поддржувачка околина и култура, со ширење на фактите, потребите и резултатите во ова поле. Неопходно е да развиваме доверба, и тоа преку различни начини и алатки на комуникација, нагласи Авсец.

На средбата се отворија и прашања за начините на кои се станува донор, за етичките принципи на органодарувањето, за возрасната граница на донорите и реципиентите, за заштитата на личните податоци, и уште многу други поттеми.

„Не треба да има табу теми. Пред сѐ, треба да сме благодарни што сме здрави. Но, оваа средба ми ги прошири видиците за органодарителството. И ако порано мислев дека тоа е нешто што е врзано само во кругот на семејството, сега на тоа гледам многу поинаку, и дефинитивно почесто ќе разговарам и со блиските, и со врсниците“, беше само една од пораките што ја заокружија средбата.

Следни вакви средби се планирани во март, во Велес и во Струмица.

The post Органодарувањето некогаш е живот, а некогаш продолжување на животот, вели д-р Маја Мојсова, национален координатор за трансплантација appeared first on Република.

]]>

Органодарувањето некогаш е живот, а некогаш продолжување на животот, вели проф. д-р Маја Мојсова, национален координатор за трансплантација во Македонија. Таа вчера заедно со д-р Билјана Андоновска, заменик национален координатор за трансплантација, Адријана Георгиев, раководителка на програмата за трансплантација на органи, ткива при Министерство за здравство и д-р Даница Авсец која со години го водеше Словенија Трансплант учестуваа на дебата со ученици од средните училишта на тема органодонорство, како дел од кампањата за подигнување на јавната свест за органодонорството и трансплантацијата во земјава. Дебатата се одржа во просториите на „Еurope house“ Скопје, каде што пристуваа средношколци од СУГС „Раде Јовчевски - Корчагин“, СУГС „Јосип Броз Тито“, СГГУС „Здравко Цветковски“, ДСУЛУД „Лазар Личеноски“, „Панче Караѓозов“ и претставници од Сојузот на средношколци.
За жал, никој од нас не е вечен. Неопходен ни е разговор на теми од кои нема да се плашиме, и ќе градиме ставови. Некогаш животот нѐ носи во ситуации кога ни е потребно соочување и важни одлуки. Органодарувањето некогаш е живот, а некогаш продолжување на животот. Дарувањето после мозочна смрт значи уште поголема љубов од дарувањата во рамки на семејството. Лесно е да ги сакаме нашите членови од семејство, блиско и далечно, рече д-р Мојсова.
Според неа, младите во суштина го познаваат принципот на органодонорство и трансплантација.
Идејата на оваа средба со учениците е да го доближиме процесот кој можеби изгледа страшно, дури и за повеќето здравствени работници, не само за средношколците. Сметам дека треба да допреме до младите какао идна сила на ова општество – да се информирани, да носат сопствени одлуки. Но, кога се дарува на непознати приматели - зборуваме за човечката димензија на љубовта, која ги надминува границите на нашето семејство. Генерално, сѐ се сведува на тоа да си помагаме едни со други. Блиските секогаш треба да носат одлуки со кои ќе бидат во мир, и ќе бидат во согласност со нивните душевни и човечки особини - нагласи д-р Мојсова.
Оваа средба е во склоп на повиците за визуелни дела, постери, слоган и лого за професионални дизајнери и за средношколци, што се организираат со цел да се брендира кампања која ќе ја покаже важноста на трансплантацијата не само како медицинска дејност туку и од аспект на хуманост, љубов, емпатија, надеж. Настанот е дел од проектот „Поддршка на системот за донирање и трансплантација на органи во Македонија“, финансиран од ЕУ и подготвен во соработка со Министерството за здравство . Модератр на настанот беше Небојша Илијевски, консултант за комуникации. Д-р Авсец воедно е тим лидер на проектот за трансплантација и органодонорство, што во моментот се спроведува во Македонија и ги пренесе на средношколците словенечките искуства на оваа тема. „Хуманост“, „Спасување животи“, „Здравје“, „Немам зборови“, „Добротворност“, „Храброст“, „Добро дело“, „Шанса“, „Најголема форма на дарување“, беа само дел од одговорите на прашањето: Која е првата асоцијација што ви доаѓа на памет кога ќе се спомене „органдарување“? Младите манифестираа голема љубопитност и отвореност да разговараат на една тема која е олицетворение на тенката линија помеѓу животот и смртта. Поставуваа прашања, споделуваа ставови, поттикнуваа дискусија. [caption id="attachment_749269" align="alignnone" width="1000"] фото: Томислав Герогиев„Кога згаснува еден живот, срцето може да чука кај некој друг, и со тоа спасуваме нечиј живот“. „Голем број болести наоѓаат решение во органодонорството и трансплантацијата“. „Дарувањето органи не мора да значи да биде постмортално, туку може да биде и додека сме живи, како што е донирањето коскена срцевина“. „Донирање органи најчесто го поврзуваме во рамки на семејството, но, тоа, можеме да го правиме и додека сме живи и да спасуваме живот(и)“.[/caption] Ова се само дел од пораките кои произлегоа од дискусијата.
Со Повиците сакаме да ја видиме вашата перцепција за органодонорството - како емоција, како креација. Затоа што, органодонорството не носи само медицинска димензија, туку нѐ допира и малку поинаку. Помага во спасување на животи, ама помага и во спасување на човечност која ја има меѓу нас, и се обидуваме да ја одржиме. Вашите размислувања и решенија очекуваме да создадат кампањата која во наредните месеци ќе има за цел да ја подигнува свеста кај сите нас на оваа тема – во целата земја, нагласи Адријана Георгиев од Министерството за здравство.
На аспектот ‘согласност’ се осврна асс. д-р Андоновска. Сподели статистика која вели дека несогласувањето за органодаување, на светско ниво, изнесува од 16 до 40 отсто, а дека тој процент кај нас изнесува 28 отсто. На оваа средба младите имаа можност да слушнат и за сликата за органодонорство и трансплантација во Словенија, каде согласноста изминатата година изнесувала високи 79 отсто, што значи и над просекот што го прават земјите членки на Еуротрансплант. - Градењето свест за органодонорство е константа, приказна без крај. Секогаш одново работиме на оваа тема. Луѓето, генерациите се менуваат, потребна е постојана едукација. Трансплантацијата често е и табу тема, зошто носи неочекувана смрт, тешка комуникација, но, има начини како да се преброди, и како да дадеме простор на ново знаење. Главната поента е создавање поддржувачка околина и култура, со ширење на фактите, потребите и резултатите во ова поле. Неопходно е да развиваме доверба, и тоа преку различни начини и алатки на комуникација, нагласи Авсец. На средбата се отворија и прашања за начините на кои се станува донор, за етичките принципи на органодарувањето, за возрасната граница на донорите и реципиентите, за заштитата на личните податоци, и уште многу други поттеми. „Не треба да има табу теми. Пред сѐ, треба да сме благодарни што сме здрави. Но, оваа средба ми ги прошири видиците за органодарителството. И ако порано мислев дека тоа е нешто што е врзано само во кругот на семејството, сега на тоа гледам многу поинаку, и дефинитивно почесто ќе разговарам и со блиските, и со врсниците“, беше само една од пораките што ја заокружија средбата. Следни вакви средби се планирани во март, во Велес и во Струмица.

The post Органодарувањето некогаш е живот, а некогаш продолжување на животот, вели д-р Маја Мојсова, национален координатор за трансплантација appeared first on Република.

]]>
Во тек се обуки и едукација на здравствениот персонал што работи на трансплантација на органи https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-tek-se-obuki-i-edukatsija-na-zdravstveniot-personal-shto-raboti-na-transplantatsija-na-organi/ Tue, 27 Feb 2024 14:17:56 +0000 https://republika.mk/?p=748969

Во тек е едукација и обука на здравственот персонал вклучен во Програмата за трансплантација, како и активности за зголемување на јавната свест за донирање органи, изјави министерот за здравство Илир Демири.

Тој денеска присуствуваше на стручен состанок посветен на подобрување на Националниот систем за трансплантација.

Демири упати благодарност до сите експерти кои во континуитет даваат стручен придонес во овој процес, а посебно до тимот на проектот за подобрување на националниот систем за трансплантација во земјава.

Трансплантациите во земјава се вршат во јавното здравство во универзитетските клиники. На Клиниката за урологија, во јануари, годинава ја одбележавме јубилејната 500-та трансплантација на бубрег во јавното здравство, а за првпат пред 4 години беше направена и трансплантација на срце, рече Демири.

Демири потенцираше дека органодарителството претставува едно од најголемите достигнувања во медицината.

Органодарителството спасува животи и горд сум што свесноста и важноста сѐ повеќе се зголемува. Продолжуваме да водиме вистинска грижа за пациентите и за здравствените работници“, изјави Демири.

The post Во тек се обуки и едукација на здравствениот персонал што работи на трансплантација на органи appeared first on Република.

]]>

Во тек е едукација и обука на здравственот персонал вклучен во Програмата за трансплантација, како и активности за зголемување на јавната свест за донирање органи, изјави министерот за здравство Илир Демири. Тој денеска присуствуваше на стручен состанок посветен на подобрување на Националниот систем за трансплантација. Демири упати благодарност до сите експерти кои во континуитет даваат стручен придонес во овој процес, а посебно до тимот на проектот за подобрување на националниот систем за трансплантација во земјава.
Трансплантациите во земјава се вршат во јавното здравство во универзитетските клиники. На Клиниката за урологија, во јануари, годинава ја одбележавме јубилејната 500-та трансплантација на бубрег во јавното здравство, а за првпат пред 4 години беше направена и трансплантација на срце, рече Демири.
Демири потенцираше дека органодарителството претставува едно од најголемите достигнувања во медицината.
Органодарителството спасува животи и горд сум што свесноста и важноста сѐ повеќе се зголемува. Продолжуваме да водиме вистинска грижа за пациентите и за здравствените работници“, изјави Демири.

The post Во тек се обуки и едукација на здравствениот персонал што работи на трансплантација на органи appeared first on Република.

]]>
Тројца пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот, направена уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/trojtsa-patsienti-dobija-zdravi-organi-i-shansa-za-nov-zhivot-napravena-ushte-edna-transplantatsija-na-srtse-i-bubrezi-od-pochinat-donor/ Wed, 27 Dec 2023 13:18:52 +0000 https://republika.mk/?p=727118

Направена е уште една трансплантација на срце и бубрези во земјава, соопшти Министерството за здравство.

Благодарение на хуманоста на едно семејство кое и покрај болката од загубата на член од семејството, успеа да собере храброст и да се одлучи да спаси не еден туку неколку животи, денес тројца пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити.

Меџити упати огромна благодарност до семејството на донорот и изразува длабоко сочувство за нивната загуба, но и почит за нивната одлука, за нивната хуманост и храброст.

Живот може да се подари само ако за тоа имате доволно љубов и емпатија во себе. Благодарност и за целиот тим кој изминативе 24 часа без прекин работеше и сѐ уште работи на клиниките вклучени во трансплантацијата, вели министерот Меџити.

The post Тројца пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот, направена уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор appeared first on Република.

Почина и второто лице кое имаше трансплантација на свинско срце https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochina-i-vtoroto-litse-koe-imashe-transplantatsija-na-svinsko-srtse/ Wed, 01 Nov 2023 14:00:16 +0000 https://republika.mk/?p=697111

Лоренс Фаусет, вториот човек на кој му беше извршена трансплантација на генетски модифицирано свинско срце, почина шест недели по експерименталната процедура.

Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд, каде што е спроведена експерименталната процедура, објави дека во последните денови срцето почнало да покажува знаци на отфрлање, пренесува загрепски „N1“.

Последната желба беше максимално да го искористиме она што го научивме од ова искуство, за другите да добијат шанса за ново срце кога човечкиот орган не е достапен. Потоа на тимот од лекари и медицински сестри собран околу него му кажа дека не сака сите нас. Неизмерно ќе ни недостига, изјави Бартли Грифит од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд, кој ја изврши експерименталната операција.

Лоренс Фаусет (58) првпат беше примен во болница на 14 септември откако претрпе срцева слабост, а шест дена подоцна беше подложен на експериментална трансплантација.

„Единствената вистинска надеж што ми остана е да одам со свинско срце, ксенотрансплантација“, рече Фаусет во болницата во интерно интервју неколку дена пред операцијата.

„Немаме никакви очекувања освен што се надеваме дека ќе поминеме повеќе време заедно“, изјави тогаш неговата сопруга Ен Фаусет.

Во неделите по трансплантацијата, лекарите известија дека тој постигнал значителен напредок, вклучително и учество во физикална терапија и поминување време со своето семејство. Еден месец по операцијата, лекарите рекоа дека веруваат дека неговото срце работи одлично и дека ги повлекле сите лекови за срце.

Во моментов, немаме докази за инфекција или докази за отфрлање“, рече тогаш Грифит.

Фаусет беше третиран со експериментален третман со антитела за дополнително да се спречи отфрлање на органот. Сепак, ова е „најзначајниот предизвик во традиционалните трансплантации кои вклучуваат човечки органи“, велат од болницата.

По смртта на нејзиниот сопруг, Ен им се заблагодари на сите вклучени во грижата за нејзиниот сопруг. „Лари го започна ова патување со отворен ум и целосна доверба во д-р Грифит и неговиот тим. Знаеше дека неговото време со нас е кратко и дека ова е неговата последна шанса да направи нешто за другите“, рече таа.

Според официјалните податоци, повеќе од 113.000 луѓе се на списокот за трансплантација на органи во САД, вклучувајќи повеќе од 3.300 луѓе на кои им треба срце. Групата „Donate Life America“ вели дека 17 луѓе умираат секој ден чекајќи донатор.

The post Почина и второто лице кое имаше трансплантација на свинско срце appeared first on Република.

]]>

Лоренс Фаусет, вториот човек на кој му беше извршена трансплантација на генетски модифицирано свинско срце, почина шест недели по експерименталната процедура. Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд, каде што е спроведена експерименталната процедура, објави дека во последните денови срцето почнало да покажува знаци на отфрлање, пренесува загрепски „N1“. Последната желба беше максимално да го искористиме она што го научивме од ова искуство, за другите да добијат шанса за ново срце кога човечкиот орган не е достапен. Потоа на тимот од лекари и медицински сестри собран околу него му кажа дека не сака сите нас. Неизмерно ќе ни недостига, изјави Бартли Грифит од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд, кој ја изврши експерименталната операција. Лоренс Фаусет (58) првпат беше примен во болница на 14 септември откако претрпе срцева слабост, а шест дена подоцна беше подложен на експериментална трансплантација. „Единствената вистинска надеж што ми остана е да одам со свинско срце, ксенотрансплантација“, рече Фаусет во болницата во интерно интервју неколку дена пред операцијата. „Немаме никакви очекувања освен што се надеваме дека ќе поминеме повеќе време заедно“, изјави тогаш неговата сопруга Ен Фаусет. Во неделите по трансплантацијата, лекарите известија дека тој постигнал значителен напредок, вклучително и учество во физикална терапија и поминување време со своето семејство. Еден месец по операцијата, лекарите рекоа дека веруваат дека неговото срце работи одлично и дека ги повлекле сите лекови за срце. Во моментов, немаме докази за инфекција или докази за отфрлање“, рече тогаш Грифит. Фаусет беше третиран со експериментален третман со антитела за дополнително да се спречи отфрлање на органот. Сепак, ова е „најзначајниот предизвик во традиционалните трансплантации кои вклучуваат човечки органи“, велат од болницата. По смртта на нејзиниот сопруг, Ен им се заблагодари на сите вклучени во грижата за нејзиниот сопруг. „Лари го започна ова патување со отворен ум и целосна доверба во д-р Грифит и неговиот тим. Знаеше дека неговото време со нас е кратко и дека ова е неговата последна шанса да направи нешто за другите“, рече таа. Според официјалните податоци, повеќе од 113.000 луѓе се на списокот за трансплантација на органи во САД, вклучувајќи повеќе од 3.300 луѓе на кои им треба срце. Групата „Donate Life America“ вели дека 17 луѓе умираат секој ден чекајќи донатор.

The post Почина и второто лице кое имаше трансплантација на свинско срце appeared first on Република.

]]>
Здравството на една држава се оценува според трансплантацијата: Во земјава 140 лица чекаат за трансплантација на бубрези, околу 15 за срце и околу 14 за црн дроб https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zdravstvoto-na-edna-drzhava-se-otsenuva-spored-transplantatsijata-vo-zemjava-140-litsa-chekaat-za-transplantatsija-na-bubrezi-okolu-15-za-srtse-i-okolu-14-za-tsrn-drob/ Sat, 21 Oct 2023 09:58:36 +0000 https://republika.mk/?p=693547

За трансплантација на бубрези во земјава чекаат 140 пациенти, околу 15 за трансплантација на срце и околу 14 за црн дроб. Надлежните велат медицински персонал има, но, потребно е да се едуцираат уште екипи, а треба да се работи и на зголемување на свеста за органодарителство, иако на овој план е направен напредок во изминатиот период.

Процесот на трансплантација од починат донор во Македонија почна во 2015 година, по донесените законски измени што ја дефинираат оваа материја. Најголем напредок е направен во 2020 година со почнување на мултиорганската трансплантација или трансплантација на повеќе органи од еден донор. Таа година е направена и првата трансплантација на срце, следната се направени првите трансплантации од коскени ткива, а минатата, 2022 година, за првпат е направена трансплантација на црн дроб.

За период од три години, 19 семејства дале согласност за донирање и трансплантирани се 67 органи и тоа 34 бубрези, три црни дроба, девет срца и 20 коскени ткива.

Националната координаторка за трансплантација Маја Мојсова-Мијовска е задоволна од напредокот што е постигнат, но, статистички гледано, во споредба со европските земји, кога станува збор за органодарителството, нашата држава е сѐ уште на ниско ниво.

Ако се споредуваме со Европа, сѐ уште сме на ниско ниво. Ние имаме само едно бебе кое го родивме, го проодивме, значи сѐ уште не е независно. Нас ни треба систем и генерално проектот што во суштина сега ќе го работиме заедно со Европска Унија, е на ниво на едукација, кампања особено за здравствениот персонал, бидејќи навистина е мал бројот на здравствниот персонал што работи на оваа проблематика. Би сакале да го прошириме и сметаме дека тоа ќе ни биде од голема помош за да направиме еден солиден систем, една здрава база на системот, којшто потоа би работел со некаква динамика, вели Мојсова-Мијовска во изјава за МИА.

Според неа, можеби граѓаните се информирани, но, таа верува дека има уште многу непознати работи за нив.

Тие работи треба да ги дообјасниме како стручни лица и да зборуваме отворено за оваа работа. Верувам дека ние лекарите, најмногу можеме да го доближеме до граѓаните, не само медицинскиот, туку и емотивниот дел. Се надевам на успешни наредни години, во кои ќе се градиме и ние, ќе изградиме нешто повеќе, вели Мојсова-Мијовска, додавајќи дека свеста за органодарителството во земјава се зголемува.

Заменик националниот координатор за трансплантација, Билјана Андоновска, вели дека проблем е недостигот на органи.

Во 2022 година, 39.000 трансплантации се одработени на европско ниво, меѓутоа 48.000 се нови пациенти запишани на листите за чекање на орган. Ние со секоја нова трансплантација, учиме и повторуваме за човечките вредности - достоинство, желба да се помогне, човекољубие. Кампањата на Европската Унија за 2023 година гласи „Вашата сегашност е нивна иднина“. Донорите никогаш нема да бидат заборавени, нивните срца, само ќе бидат дел и ќе чукаат во друг организам, вели Андоновска.

Здравството на една држава се оценува според трансплантацијата

Трансплантацијата е многу важна, согласно на што се оценува здравството на една држава.

Ова, меѓу другото, беше кажано на презентацијата на проектот „Поддршка на системот на трансплантација“, финансиран од Европската Унија, што стартуваше месецов.

Дека навистина сево ова ја враќа довербата во медицината, потврдуваат и пациентите со трансплантирани органи.

Среќен сум што имам ново срце, што почнав нов живот. Да не постоеше донирање, немаше да бидам толку среќен и немаше да ми биде толку убаво. Многу е тешко да се чека што било, а замислете колку е тешко да се чека да се добие срце. Јас дочекав, имав таква среќа. Се заблагодарувам на фамилијата на човекот од кого добив срце, во контакт сум со неговите блиски. Најчовечки се прифативме, открива  Дарко Голубовски.

Како што му било кажано, неговиот донор уште додека бил жив, изразил желба дека ако му се случи нешто, неговите органи да бидат донирани, за да спасат нечиј живот.

Навистина, тој го спаси мојот живот. Што да кажам, уште кога ми се јавија и ми кажаа дека има донор, бев многу среќен. Моето срце го изгубив, ми останува, ова срце да го чувам. Денот кога добив ново срце, е мој нов роденден, нов живот, вели Голубовски, посакувајќи им на сите да добијат нова шанса.

The post Здравството на една држава се оценува според трансплантацијата: Во земјава 140 лица чекаат за трансплантација на бубрези, околу 15 за срце и околу 14 за црн дроб appeared first on Република.

]]>

За трансплантација на бубрези во земјава чекаат 140 пациенти, околу 15 за трансплантација на срце и околу 14 за црн дроб. Надлежните велат медицински персонал има, но, потребно е да се едуцираат уште екипи, а треба да се работи и на зголемување на свеста за органодарителство, иако на овој план е направен напредок во изминатиот период. Процесот на трансплантација од починат донор во Македонија почна во 2015 година, по донесените законски измени што ја дефинираат оваа материја. Најголем напредок е направен во 2020 година со почнување на мултиорганската трансплантација или трансплантација на повеќе органи од еден донор. Таа година е направена и првата трансплантација на срце, следната се направени првите трансплантации од коскени ткива, а минатата, 2022 година, за првпат е направена трансплантација на црн дроб. За период од три години, 19 семејства дале согласност за донирање и трансплантирани се 67 органи и тоа 34 бубрези, три црни дроба, девет срца и 20 коскени ткива. Националната координаторка за трансплантација Маја Мојсова-Мијовска е задоволна од напредокот што е постигнат, но, статистички гледано, во споредба со европските земји, кога станува збор за органодарителството, нашата држава е сѐ уште на ниско ниво.
Ако се споредуваме со Европа, сѐ уште сме на ниско ниво. Ние имаме само едно бебе кое го родивме, го проодивме, значи сѐ уште не е независно. Нас ни треба систем и генерално проектот што во суштина сега ќе го работиме заедно со Европска Унија, е на ниво на едукација, кампања особено за здравствениот персонал, бидејќи навистина е мал бројот на здравствниот персонал што работи на оваа проблематика. Би сакале да го прошириме и сметаме дека тоа ќе ни биде од голема помош за да направиме еден солиден систем, една здрава база на системот, којшто потоа би работел со некаква динамика, вели Мојсова-Мијовска во изјава за МИА.
Според неа, можеби граѓаните се информирани, но, таа верува дека има уште многу непознати работи за нив.
Тие работи треба да ги дообјасниме како стручни лица и да зборуваме отворено за оваа работа. Верувам дека ние лекарите, најмногу можеме да го доближеме до граѓаните, не само медицинскиот, туку и емотивниот дел. Се надевам на успешни наредни години, во кои ќе се градиме и ние, ќе изградиме нешто повеќе, вели Мојсова-Мијовска, додавајќи дека свеста за органодарителството во земјава се зголемува.
Заменик националниот координатор за трансплантација, Билјана Андоновска, вели дека проблем е недостигот на органи.
Во 2022 година, 39.000 трансплантации се одработени на европско ниво, меѓутоа 48.000 се нови пациенти запишани на листите за чекање на орган. Ние со секоја нова трансплантација, учиме и повторуваме за човечките вредности - достоинство, желба да се помогне, човекољубие. Кампањата на Европската Унија за 2023 година гласи „Вашата сегашност е нивна иднина“. Донорите никогаш нема да бидат заборавени, нивните срца, само ќе бидат дел и ќе чукаат во друг организам, вели Андоновска.

Здравството на една држава се оценува според трансплантацијата

Трансплантацијата е многу важна, согласно на што се оценува здравството на една држава. Ова, меѓу другото, беше кажано на презентацијата на проектот „Поддршка на системот на трансплантација“, финансиран од Европската Унија, што стартуваше месецов. Дека навистина сево ова ја враќа довербата во медицината, потврдуваат и пациентите со трансплантирани органи.
Среќен сум што имам ново срце, што почнав нов живот. Да не постоеше донирање, немаше да бидам толку среќен и немаше да ми биде толку убаво. Многу е тешко да се чека што било, а замислете колку е тешко да се чека да се добие срце. Јас дочекав, имав таква среќа. Се заблагодарувам на фамилијата на човекот од кого добив срце, во контакт сум со неговите блиски. Најчовечки се прифативме, открива  Дарко Голубовски.
Како што му било кажано, неговиот донор уште додека бил жив, изразил желба дека ако му се случи нешто, неговите органи да бидат донирани, за да спасат нечиј живот.
Навистина, тој го спаси мојот живот. Што да кажам, уште кога ми се јавија и ми кажаа дека има донор, бев многу среќен. Моето срце го изгубив, ми останува, ова срце да го чувам. Денот кога добив ново срце, е мој нов роденден, нов живот, вели Голубовски, посакувајќи им на сите да добијат нова шанса.

The post Здравството на една држава се оценува според трансплантацијата: Во земјава 140 лица чекаат за трансплантација на бубрези, околу 15 за срце и околу 14 за црн дроб appeared first on Република.

]]>
Во Велика Британија извршена прва трансплантација на матка https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/prva-transplantatsija-na-matka-vo-velika-britanija/ Thu, 24 Aug 2023 17:03:35 +0000 https://republika.mk/?p=675378

Оваа процедура претставува голем напредок за илјадници Британки кои инаку не би можеле да забременат.

Четириесетгодишна донаторка, која веќе има две деца, несебично ја „подари“ својата матка на помалата сестра која сака да основа семејство со сопругот, но поради здравствената состојба е родена без матка.

Во комплицираната операција за отстранување на матката од донаторот и вградување на нејзината сестра учествуваа два тима и осум хирурзи кои работеа во соседни операциони сали и траеше вкупно повеќе од 17 часа, пишува „Дејли Меил“.

Иако операцијата траела подолго од планираното, таа поминала добро и вградената матка е „целосно функционална“, велат хирурзите кои ја извршиле трансплантацијата.

Операцијата е извршена во болницата Черчил во Оксфорд.

Жената која ја добила матката изјавила дека е „презадоволна“ од тоа како се одвивале работите и дека е „многу, многу возбудена“ поради можноста да стане мајка.

The post Во Велика Британија извршена прва трансплантација на матка appeared first on Република.

]]>

Оваа процедура претставува голем напредок за илјадници Британки кои инаку не би можеле да забременат. Четириесетгодишна донаторка, која веќе има две деца, несебично ја „подари“ својата матка на помалата сестра која сака да основа семејство со сопругот, но поради здравствената состојба е родена без матка. Во комплицираната операција за отстранување на матката од донаторот и вградување на нејзината сестра учествуваа два тима и осум хирурзи кои работеа во соседни операциони сали и траеше вкупно повеќе од 17 часа, пишува „Дејли Меил“. Иако операцијата траела подолго од планираното, таа поминала добро и вградената матка е „целосно функционална“, велат хирурзите кои ја извршиле трансплантацијата. Операцијата е извршена во болницата Черчил во Оксфорд. Жената која ја добила матката изјавила дека е „презадоволна“ од тоа како се одвивале работите и дека е „многу, многу возбудена“ поради можноста да стане мајка.  

The post Во Велика Британија извршена прва трансплантација на матка appeared first on Република.

]]>
Утринава на Хируршките клиники извршена уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и на коскени ткива https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/utrinava-na-hirurshkite-kliniki-izvrshena-ushte-edna-transplantatsija-na-tsrn-drob-bubrezi-i-na-koskeni-tkiva/ Wed, 04 Jan 2023 11:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=593525

Утринава на Хируршките клиники е извршена уште една трансплантација на црн дроб, потоа на бубрези и на коскени ткива, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Експлантацијата на органите почнала рано утрово на Хируршките клиники, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт дало согласнот за донирање, велат од МЗ.

Новата година ја започнуваме со уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива, откако вчера попчадне семејство на пациентска со мозочна смрт даде согласност за донирање органи. Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива. Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат, истакна министерот за здравство д-р Беким Сали.

Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали.

Нè радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот. Новата година ја започнуваме со акт на хуманост и добрина. Со надеж и верба, потенцира Сали.

На 25 ноември минатата година првпат во историјата на македонското здравство беше извршена трансплантација на црн дроб од починат донор, на Клиниката за дигестивна хирурија. Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство се согласи да ги донира органите.

https://republika.mk/zivot/zdravje/prvpat-vo-makedonskoto-zdravstvo-izvrshena-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor-na-klinikata-za-digestivna-hirurgija/

Докторите, сестрите и целиот медицински персонал од Клиниката за дигестивна хирурија, кои ја направија првата трансплантација на црн дроб од починат донор во историјата на македонскотo здравство, не можеа да ги задржат солзите радосници по успешната операција во која е спасен животот на 60-годишен пациент со хронична болест на црниот дроб.

https://republika.mk/vesti/makedonija/solzi-radosnici-posle-prvata-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor/

По три недели 60-годишниот пациент кому му беше извршена првата трансплантација на црн дроб во Македонија ја напушти Клиниката и си замина дома.

https://republika.mk/zivot/zdravje/pacientot-si-zaminuva-doma-bevme-uigrani-kako-da-ni-e-100-ta-intervencija-kaza-prof-d-r-karadzov-koj-go-predvodeshe-timot-koj-ja-izvrshi-prvata-transplantacija-na-crn-drob/

The post Утринава на Хируршките клиники извршена уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и на коскени ткива appeared first on Република.

]]>

Утринава на Хируршките клиники е извршена уште една трансплантација на црн дроб, потоа на бубрези и на коскени ткива, соопшти Министерството за здравство (МЗ). Експлантацијата на органите почнала рано утрово на Хируршките клиники, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт дало согласнот за донирање, велат од МЗ.
Новата година ја започнуваме со уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива, откако вчера попчадне семејство на пациентска со мозочна смрт даде согласност за донирање органи. Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива. Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат, истакна министерот за здравство д-р Беким Сали.
Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали.
Нè радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот. Новата година ја започнуваме со акт на хуманост и добрина. Со надеж и верба, потенцира Сали.
На 25 ноември минатата година првпат во историјата на македонското здравство беше извршена трансплантација на црн дроб од починат донор, на Клиниката за дигестивна хирурија. Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство се согласи да ги донира органите. https://republika.mk/zivot/zdravje/prvpat-vo-makedonskoto-zdravstvo-izvrshena-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor-na-klinikata-za-digestivna-hirurgija/ Докторите, сестрите и целиот медицински персонал од Клиниката за дигестивна хирурија, кои ја направија првата трансплантација на црн дроб од починат донор во историјата на македонскотo здравство, не можеа да ги задржат солзите радосници по успешната операција во која е спасен животот на 60-годишен пациент со хронична болест на црниот дроб. https://republika.mk/vesti/makedonija/solzi-radosnici-posle-prvata-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor/ По три недели 60-годишниот пациент кому му беше извршена првата трансплантација на црн дроб во Македонија ја напушти Клиниката и си замина дома. https://republika.mk/zivot/zdravje/pacientot-si-zaminuva-doma-bevme-uigrani-kako-da-ni-e-100-ta-intervencija-kaza-prof-d-r-karadzov-koj-go-predvodeshe-timot-koj-ja-izvrshi-prvata-transplantacija-na-crn-drob/

The post Утринава на Хируршките клиники извршена уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и на коскени ткива appeared first on Република.

]]>
Солзи радосници после првата трансплантација на црн дроб од починат донор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/solzi-radosnici-posle-prvata-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor/ Fri, 25 Nov 2022 19:07:03 +0000 https://republika.mk/?p=578362

Докторите, сестрите и целиот медицински персонал од Клиниката за дигестивна хирурија, кои денеска ја направија првата трансплантација на црн дроб од починат донор во историјата на македонскотo здравство, не можеа да ги задржат солзите радосници по успешната операција во која е спасен живото на 60-годишен пациент со хронична болест на црниот дроб. Тој доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство вчера се согласи да ги донира органите.

Покрај црн дроб, се вршат и трансплантации на бубрези кај двајца пациенти со бубрежна болест.

Би сакал од мое лично име и од името на целиот персонал вклучен во трансплантациите да се заблагодарам на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден, туку три животи. Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари. Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата кои изминтите 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите.Особена благодарност до професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист не само во делот на дигестивната хирургија туку и во целокупното здравство, истакна министерот за здравство, д-р Беким Сали.

The post Солзи радосници после првата трансплантација на црн дроб од починат донор appeared first on Република.

]]>

Докторите, сестрите и целиот медицински персонал од Клиниката за дигестивна хирурија, кои денеска ја направија првата трансплантација на црн дроб од починат донор во историјата на македонскотo здравство, не можеа да ги задржат солзите радосници по успешната операција во која е спасен живото на 60-годишен пациент со хронична болест на црниот дроб. Тој доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство вчера се согласи да ги донира органите. Покрај црн дроб, се вршат и трансплантации на бубрези кај двајца пациенти со бубрежна болест.
Би сакал од мое лично име и од името на целиот персонал вклучен во трансплантациите да се заблагодарам на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден, туку три животи. Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари. Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата кои изминтите 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите.Особена благодарност до професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист не само во делот на дигестивната хирургија туку и во целокупното здравство, истакна министерот за здравство, д-р Беким Сали.

The post Солзи радосници после првата трансплантација на црн дроб од починат донор appeared first on Република.

]]>
Првпат имаме листа на чекање на пациенти за трансплантација од починат дарител, вели директорката на Клиниката за нефрологија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/prvpat-imame-lista-na-chekanje-na-pacienti-za-transplantacija-od-pochinat-daritel-veli-direktorkata-na-klinikata-za-nefrologija/ Wed, 16 Nov 2022 12:51:31 +0000 https://republika.mk/?p=574497

Заврши реконструкцијата на хоспиталниот оддел на Универзитетската клиника за нефрологија – Скопје, со што, како што информираше денеска директорката на Клиниката, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ, се заокружува комплетното реновирање на објектот.

Најголема благодарност до моите колеги, медицинари, доктори, сестри, техничари, помошен медицински персонал, што успешно ја спроведовме работата и никого не вративме од пациентите. Набавивме опрема што е за специфични пациенти, со специфична дијализа и техники, но најголем исчекор се направи во областа на трансплантација кога успеавме во најтешки услови да реновираме, но и да ја надградиме базата и првпат имаме листа на чекање на пациенти за трансплантација од починат дарител, рече Рамбабова Бушљетиќ и се заблагодари на националниот координатор за трансплантација, д-р Маја Мојсова и на колегите од Клиниката за урологија и нејзиниот директор, д-р Сашо Дохчев.

Клиниката во овој период изврши 26 кадаверични трансплантации и 30 трансплантации од жив дарител и тоа во услови на пандемија.

На Клиниката за нефролгија е реновирана површина од околу 750 квадратни метри каде се наоѓаат интензивните делови, делот за трансплантација и васкуларни пристапи.

Успеавме да завршиме во краток период и во период на ковид-пандемија, со буџет од самата Клиника, но и поддршка од Министерството кое го покачи буџетот, со цел да ги надминеме долговите, но и да реновираме значаен сегмент во здравствената дејност, изјави Рамбабова Бушљетиќ.

Клиниката од ноември 2020 година до февруари 2022 била ковид-оддел, каде се лекувале околу 26 пациенти со кислородна поддршка.

Министерот за здравство Беким Сали информираше дека при реконструкцијата на хоспиталниот дел е направена замена на покривниот дел, целосно е реновиран и реконструиран одделот и се набавени нови болнички кревети.

Со ова се заокружува комплетното реновирање на Клиниката, од околу 1400 квадратни метри, поделени на два ката. Реконструкцијата почна во јануари 2020 година. Во периодот на почетокот на пандемијата беше комплетно реновиран интензивниот дел, каде се наоѓа интензивната нега, салата за васкуларни пристапи, делот за акутна хемодијализа, делот за хронична хемодијализа и одделот за трансплантација на бубрег, изјави Сали.

Тој додаде дека целосно е заменета апаратурата и има нови апарати за дијализа, од кои дел се обезбедени од буџетот на Клиниката, а дел од Министерството. Целосно е заменета опремата во салата за васкуларни пристапи, набавен е нов ЕХО апарат, а има и нов инвентар за болничките соби, како и за персоналот на Клиниката.

The post Првпат имаме листа на чекање на пациенти за трансплантација од починат дарител, вели директорката на Клиниката за нефрологија appeared first on Република.

]]>

Заврши реконструкцијата на хоспиталниот оддел на Универзитетската клиника за нефрологија – Скопје, со што, како што информираше денеска директорката на Клиниката, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ, се заокружува комплетното реновирање на објектот.
Најголема благодарност до моите колеги, медицинари, доктори, сестри, техничари, помошен медицински персонал, што успешно ја спроведовме работата и никого не вративме од пациентите. Набавивме опрема што е за специфични пациенти, со специфична дијализа и техники, но најголем исчекор се направи во областа на трансплантација кога успеавме во најтешки услови да реновираме, но и да ја надградиме базата и првпат имаме листа на чекање на пациенти за трансплантација од починат дарител, рече Рамбабова Бушљетиќ и се заблагодари на националниот координатор за трансплантација, д-р Маја Мојсова и на колегите од Клиниката за урологија и нејзиниот директор, д-р Сашо Дохчев.
Клиниката во овој период изврши 26 кадаверични трансплантации и 30 трансплантации од жив дарител и тоа во услови на пандемија. На Клиниката за нефролгија е реновирана површина од околу 750 квадратни метри каде се наоѓаат интензивните делови, делот за трансплантација и васкуларни пристапи.
Успеавме да завршиме во краток период и во период на ковид-пандемија, со буџет од самата Клиника, но и поддршка од Министерството кое го покачи буџетот, со цел да ги надминеме долговите, но и да реновираме значаен сегмент во здравствената дејност, изјави Рамбабова Бушљетиќ.
Клиниката од ноември 2020 година до февруари 2022 била ковид-оддел, каде се лекувале околу 26 пациенти со кислородна поддршка. Министерот за здравство Беким Сали информираше дека при реконструкцијата на хоспиталниот дел е направена замена на покривниот дел, целосно е реновиран и реконструиран одделот и се набавени нови болнички кревети.
Со ова се заокружува комплетното реновирање на Клиниката, од околу 1400 квадратни метри, поделени на два ката. Реконструкцијата почна во јануари 2020 година. Во периодот на почетокот на пандемијата беше комплетно реновиран интензивниот дел, каде се наоѓа интензивната нега, салата за васкуларни пристапи, делот за акутна хемодијализа, делот за хронична хемодијализа и одделот за трансплантација на бубрег, изјави Сали.
Тој додаде дека целосно е заменета апаратурата и има нови апарати за дијализа, од кои дел се обезбедени од буџетот на Клиниката, а дел од Министерството. Целосно е заменета опремата во салата за васкуларни пристапи, набавен е нов ЕХО апарат, а има и нов инвентар за болничките соби, како и за персоналот на Клиниката.  

The post Првпат имаме листа на чекање на пациенти за трансплантација од починат дарител, вели директорката на Клиниката за нефрологија appeared first on Република.

]]>
Извршена уште една трансплантација: 46-годишен пациент со тешка срцева болест доби срце од починат донор https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/izvrshena-ushte-edna-transplantacija-46-godishen-pacient-so-teshka-srceva-bolest-dobi-srce-od-pochinat-donor/ Thu, 22 Sep 2022 16:00:33 +0000 https://republika.mk/?p=553240

Денеска на Клиниката за кардиохирургија била извршена трансплантација на срце од починат донор. Освен трансплантацијата на срце, на Клиниката за урологија се прават две трансплантации на бубрег, а во наредните недели пациенти со коскени тумори и тешки повреди ќе имаат можност за квалитетно лекување.

Рано утрово на Клиниката за државна кардиохирургија, 46 годишен пациент со тешка срцева болест доби срце од починат донор и нова шанса за живот. Во моментот, на Клиниката за урологија се прават две трансплантации на бубрег кај млади пациенти со бубрежна слабост кои беа долги години на дијализа. Дополнително во наредните недели пациенти со коскени тумори и тешки повреди ќе имаат можност за квалитетно лекување, објави Министерството за здравство на својот профил на Фејсбук.

МЗ искажа голема благодарност до семејството на донорот, до нејзинте три исклучително хумани ќерки кои во моменти на најголема тага одлучија да ги донираат органите и да спасат не еден, туку неколку животи.

Уште еднаш ни покажаа дека хуманоста и добрината се доблести кои треба да ги чуваме и негуваме. Би сакал да се заблагодарам и на уште едно семејство на младо момче кои вчера и покрај својата голема болка исто така изразија подготвеност да ги донираат органите.
Овие две семејства ја ставија емпатијата над сопствената болка и траума и благодарение на нив не еден туку неколку пациенти добија шанса за нов живот, вели министерот за здравство Белим Сали.

Во трансплантациите учестуваат лекари од клиниките за КАРИЛ, неврохирургија, кардиохирургија, урологија, нефрологија, кардиологија, трансфузиологија, рендген, ортопедија, како и до болничките координатори и до националниот координатор за трансплантација, кои заедно изминативе 24 часа работеа и се уште работат.

На пациентите кои добија орган и посакувам побрзо опоравување, напиша Сали.

The post Извршена уште една трансплантација: 46-годишен пациент со тешка срцева болест доби срце од починат донор appeared first on Република.

]]>

Денеска на Клиниката за кардиохирургија била извршена трансплантација на срце од починат донор. Освен трансплантацијата на срце, на Клиниката за урологија се прават две трансплантации на бубрег, а во наредните недели пациенти со коскени тумори и тешки повреди ќе имаат можност за квалитетно лекување.
Рано утрово на Клиниката за државна кардиохирургија, 46 годишен пациент со тешка срцева болест доби срце од починат донор и нова шанса за живот. Во моментот, на Клиниката за урологија се прават две трансплантации на бубрег кај млади пациенти со бубрежна слабост кои беа долги години на дијализа. Дополнително во наредните недели пациенти со коскени тумори и тешки повреди ќе имаат можност за квалитетно лекување, објави Министерството за здравство на својот профил на Фејсбук.
МЗ искажа голема благодарност до семејството на донорот, до нејзинте три исклучително хумани ќерки кои во моменти на најголема тага одлучија да ги донираат органите и да спасат не еден, туку неколку животи.
Уште еднаш ни покажаа дека хуманоста и добрината се доблести кои треба да ги чуваме и негуваме. Би сакал да се заблагодарам и на уште едно семејство на младо момче кои вчера и покрај својата голема болка исто така изразија подготвеност да ги донираат органите. Овие две семејства ја ставија емпатијата над сопствената болка и траума и благодарение на нив не еден туку неколку пациенти добија шанса за нов живот, вели министерот за здравство Белим Сали.
Во трансплантациите учестуваат лекари од клиниките за КАРИЛ, неврохирургија, кардиохирургија, урологија, нефрологија, кардиологија, трансфузиологија, рендген, ортопедија, како и до болничките координатори и до националниот координатор за трансплантација, кои заедно изминативе 24 часа работеа и се уште работат.
На пациентите кои добија орган и посакувам побрзо опоравување, напиша Сали.

The post Извршена уште една трансплантација: 46-годишен пациент со тешка срцева болест доби срце од починат донор appeared first on Република.

]]>
Двајца пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dvajca-pacienti-na-dijaliza-kje-dobijat-bubrezi-od-pochinat-donor/ Sun, 08 May 2022 11:53:03 +0000 https://republika.mk/?p=499442

Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор чие семејство вчера попладне даде согласност за да ги донира органите. Дополнително, во наредните денови ќе следуваат трансплантации на коскени ткива кај пацинети кои се лекуваат на Клиниката за Ортопедија, објави Министерството за здравство.

Националниот координатот д-р Маја Мојсова Мијовска, болничките координатори заедно со екипите од Клиниката за Неврохирургија, КАРИЛ, Рентген иститутот, Клиниката за трансфузиологија, Клиниката за нефрологија, Клиниката за кардиологија и хируршките клиники за Урологија и Ортопедија викендов успешно ја прават третата по ред трансплантација од почетокот на годинава.

Благодарност до семејството на пациентката, особено до нејзината млада храбра ќерка чија храброст, хуманост и добрина ни донесоа ден полн надеж и живот за најмалку двајца пациенти.
Уште еднаш големо сочуство за нивната загуба и благодарност за нивната хуманост, велат од Министерството за здравство.

The post Двајца пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор appeared first on Република.

]]>

Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор чие семејство вчера попладне даде согласност за да ги донира органите. Дополнително, во наредните денови ќе следуваат трансплантации на коскени ткива кај пацинети кои се лекуваат на Клиниката за Ортопедија, објави Министерството за здравство. Националниот координатот д-р Маја Мојсова Мијовска, болничките координатори заедно со екипите од Клиниката за Неврохирургија, КАРИЛ, Рентген иститутот, Клиниката за трансфузиологија, Клиниката за нефрологија, Клиниката за кардиологија и хируршките клиники за Урологија и Ортопедија викендов успешно ја прават третата по ред трансплантација од почетокот на годинава.
Благодарност до семејството на пациентката, особено до нејзината млада храбра ќерка чија храброст, хуманост и добрина ни донесоа ден полн надеж и живот за најмалку двајца пациенти. Уште еднаш големо сочуство за нивната загуба и благодарност за нивната хуманост, велат од Министерството за здравство.

The post Двајца пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор appeared first on Република.

]]>
На Клиниката за ортопедија за една недела направени три трансплантации на коскени ткива од починат донор https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/na-klinikata-za-ortopedija-za-edna-nedela-napraveni-tri-transplantacii-na-koskeni-tkiva-od-pochinat-donor/ Thu, 24 Mar 2022 12:27:46 +0000 https://republika.mk/?p=477685

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ, минатата недела успешно се направени три имплантации на коскени ткива од починат донор кај пациенти со различни заболувања, соопштија од Министерството за здравство.

Кај 16 годишна девојка со повреда здобиена при спортски натпревар, д-р Алан Андоновски направи успешна реконструкција на предниот вкрстен лигамент со лигамент од починат донор.

Кај 49-годишен пациент повреден при пад од 13 метри, во септември 2020 година, кој бил опериран во повеќе наврати и кај кој се настанати компликации, д-р Александар Савески со коскено ткиво од починат донатор направи премостување на несраснатиот дел на фрактурата.

Третата трансплантација е кај 27 годишен пациент со малигна болест- Јуинг сарком. Откако го отстрани заболен дел на коската, д-р Резарат Далипи го замени со здраво коскено ткиво од починат донор.

За период од една година колку што Клиниката за ортопедија е вклучена во Програмата за трансплантација на органи и ткива на Министерството за здравство, направени се пет експантации и 14 имплантации на коскени ткива кај пациенти со сериозни болести предзивикани од трауматски повреди или од малигна болест и со тоа е отворено ново поглавје во трансплантациската медицина во ортопедијата.

За многу пациенти особено на тие со малигна болест, добивањето здраво коскено ткиво од починат донор значи можност за нов и подобар живот, велат од МЗ.

The post На Клиниката за ортопедија за една недела направени три трансплантации на коскени ткива од починат донор appeared first on Република.

]]>

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ, минатата недела успешно се направени три имплантации на коскени ткива од починат донор кај пациенти со различни заболувања, соопштија од Министерството за здравство. Кај 16 годишна девојка со повреда здобиена при спортски натпревар, д-р Алан Андоновски направи успешна реконструкција на предниот вкрстен лигамент со лигамент од починат донор. Кај 49-годишен пациент повреден при пад од 13 метри, во септември 2020 година, кој бил опериран во повеќе наврати и кај кој се настанати компликации, д-р Александар Савески со коскено ткиво од починат донатор направи премостување на несраснатиот дел на фрактурата. Третата трансплантација е кај 27 годишен пациент со малигна болест- Јуинг сарком. Откако го отстрани заболен дел на коската, д-р Резарат Далипи го замени со здраво коскено ткиво од починат донор. За период од една година колку што Клиниката за ортопедија е вклучена во Програмата за трансплантација на органи и ткива на Министерството за здравство, направени се пет експантации и 14 имплантации на коскени ткива кај пациенти со сериозни болести предзивикани од трауматски повреди или од малигна болест и со тоа е отворено ново поглавје во трансплантациската медицина во ортопедијата.
За многу пациенти особено на тие со малигна болест, добивањето здраво коскено ткиво од починат донор значи можност за нов и подобар живот, велат од МЗ.

The post На Клиниката за ортопедија за една недела направени три трансплантации на коскени ткива од починат донор appeared first on Република.

]]>
Почина човекот на кого му беше трансплатирано срце од свиња https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pochina-chovekot-na-kogo-mu-beshe-transplatirano-srce-od-svinja/ Wed, 09 Mar 2022 16:30:27 +0000 https://republika.mk/?p=470226

Првиот човек на кој му беше пресадено срце од свиња почина два месеци по револуционерниот експеримент, соопшти денеска болницата во Мериленд, чии експерти ја извршиле оваа комплицирана процедура.

Дејвид Бенет (57) почина вчера во Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд. Лекарите не ја наведоа точната причина за смртта, само рекоа дека неговата состојба почнала да се влошува неколку дена претходно.

Синот на Бенет ја пофали болницата што го понудила последниот експеримент, велејќи дека семејството се надева дека тоа ќе помогне во понатамошните напори да се стави крај на недостигот на органи.

Ние сме благодарни за секој иновативен момент, секој луд сон, секоја непроспиена ноќ вложена во овој историски напор, рече синот на Дејвид, Бенет Јуниор по операцијата во соопштението објавено од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд.

Се надеваме дека оваа приказна може да биде почеток на надежта, а не крај.

Лекарите со децении се обидуваат еден ден да искористат животински органи за спасувачка трансплантација. Бенет, мајстор од Хагерстаун, Мериленд, беше кандидат за овој последен обид само затоа што инаку се соочи со сигурна смрт – тој беше несоодветен за трансплантација на човечко срце, приковани за кревет и апарати за спасување животи.

По операцијата на 7 јануари, синот на Бенет изјави за АП дека неговиот татко знаел дека нема гаранција дека ќе успее.

Претходните обиди за такви трансплантации – или ксенотрансплантација – беа неуспешни во голема мера затоа што телата на пациентот брзо го отфрлија органот од животните. Овој пат, хирурзите од Мериленд користеле генетски модифицирано свинско срце; Научниците го модифицирале животното за да ги отстранат гените од свињите кои предизвикуваат експресно отфрлање и додале човечки гени за да му помогнат на телото да го прифати трансплантираниот орган.

Во почетокот, свинското срце функционирало, а болницата во Мериленд периодично објавувала информации дека Бенет полека закрепнува. Минатиот месец болницата објави видео на кое се гледа како Дејвид Бенет го гледа „Супер Боул“ од болничкиот кревет додека паралелно вежба под надзор на физиотерапевт.

Многу сме погодени од смртта на господинот Бенет. Тој се покажа како храбар и благороден пациент кој се бореше до крај – изјави д-р Бартли Грифит.

The post Почина човекот на кого му беше трансплатирано срце од свиња appeared first on Република.

]]>

Првиот човек на кој му беше пресадено срце од свиња почина два месеци по револуционерниот експеримент, соопшти денеска болницата во Мериленд, чии експерти ја извршиле оваа комплицирана процедура. Дејвид Бенет (57) почина вчера во Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд. Лекарите не ја наведоа точната причина за смртта, само рекоа дека неговата состојба почнала да се влошува неколку дена претходно. Синот на Бенет ја пофали болницата што го понудила последниот експеримент, велејќи дека семејството се надева дека тоа ќе помогне во понатамошните напори да се стави крај на недостигот на органи.
Ние сме благодарни за секој иновативен момент, секој луд сон, секоја непроспиена ноќ вложена во овој историски напор, рече синот на Дејвид, Бенет Јуниор по операцијата во соопштението објавено од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд. Се надеваме дека оваа приказна може да биде почеток на надежта, а не крај.
Лекарите со децении се обидуваат еден ден да искористат животински органи за спасувачка трансплантација. Бенет, мајстор од Хагерстаун, Мериленд, беше кандидат за овој последен обид само затоа што инаку се соочи со сигурна смрт – тој беше несоодветен за трансплантација на човечко срце, приковани за кревет и апарати за спасување животи. По операцијата на 7 јануари, синот на Бенет изјави за АП дека неговиот татко знаел дека нема гаранција дека ќе успее. Претходните обиди за такви трансплантации – или ксенотрансплантација – беа неуспешни во голема мера затоа што телата на пациентот брзо го отфрлија органот од животните. Овој пат, хирурзите од Мериленд користеле генетски модифицирано свинско срце; Научниците го модифицирале животното за да ги отстранат гените од свињите кои предизвикуваат експресно отфрлање и додале човечки гени за да му помогнат на телото да го прифати трансплантираниот орган. Во почетокот, свинското срце функционирало, а болницата во Мериленд периодично објавувала информации дека Бенет полека закрепнува. Минатиот месец болницата објави видео на кое се гледа како Дејвид Бенет го гледа „Супер Боул“ од болничкиот кревет додека паралелно вежба под надзор на физиотерапевт.