Трајче Чатмов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trajche-chatmov/ За подобро да се разбереме Thu, 18 May 2023 09:00:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Трајче Чатмов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trajche-chatmov/ 32 32 Од утре делата на Трајче Чатмов на изложба во ,,Бифе Тафталиџе” https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/od-utre-delata-na-trajche-chatmov-na-izlozhba-vo-bife-taftalidhe/ Thu, 18 May 2023 09:00:09 +0000 https://republika.mk/?p=642157

На 19-ти месецов уметникот Трајче Чатмов ќе одржи изложба во ,,Бифе Тафталиџе” со почеток од 20 часот.

Иако Чатмов позади себе има безброј изложби во својата плодна, 25 годишна кариера, сепак ова е прва изложба од ваков вид. На неа ќе бидат изложени 40 до 50 дела… слики, цртежи и скици нацртани на хартија во комбинирана техника, а како што вели уметникот истите се работени во последнава година.

– Јас и Шоте ќе ја отвориме оваа мала (по формат), скромна (лажно скромна), но уверувам интересна изложба на мои слики, скици и цртежи, а ако не ви се допадне поставката….тогаш журката ќе ве расположи, истакна Чатмов.

Чатмов во својата долгогодишна кариера има учествувано во неколку групни изложби низ цела Македонија, како и надвор од границите на нашата земја, како дел од проектот „Мостови”, во Германија, Полска, Словенија, Србија, Јапонија, Бугарија и други.

Во својата богата кариера како сликар се има занимавано и со фотографија, анимирани филмови и документарни филмови, за што има добиено и неколку награди во доцните 90ти години од минатиот век.

Чатмов има дипломирано и магистрирано на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

The post Од утре делата на Трајче Чатмов на изложба во ,,Бифе Тафталиџе” appeared first on Република.

]]>

На 19-ти месецов уметникот Трајче Чатмов ќе одржи изложба во ,,Бифе Тафталиџе” со почеток од 20 часот.

Иако Чатмов позади себе има безброј изложби во својата плодна, 25 годишна кариера, сепак ова е прва изложба од ваков вид. На неа ќе бидат изложени 40 до 50 дела… слики, цртежи и скици нацртани на хартија во комбинирана техника, а како што вели уметникот истите се работени во последнава година. – Јас и Шоте ќе ја отвориме оваа мала (по формат), скромна (лажно скромна), но уверувам интересна изложба на мои слики, скици и цртежи, а ако не ви се допадне поставката….тогаш журката ќе ве расположи, истакна Чатмов. Чатмов во својата долгогодишна кариера има учествувано во неколку групни изложби низ цела Македонија, како и надвор од границите на нашата земја, како дел од проектот „Мостови”, во Германија, Полска, Словенија, Србија, Јапонија, Бугарија и други. Во својата богата кариера како сликар се има занимавано и со фотографија, анимирани филмови и документарни филмови, за што има добиено и неколку награди во доцните 90ти години од минатиот век. Чатмов има дипломирано и магистрирано на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

The post Од утре делата на Трајче Чатмов на изложба во ,,Бифе Тафталиџе” appeared first on Република.

]]>
Трајче Чатмов од 9 до 30 ноември изложува во Ликовниот салон во Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/trajche-chatmov-od-9-do-30-noemvri-izlozuva-vo-likovniot-salon-vo-veles/ Wed, 09 Nov 2022 08:30:42 +0000 https://republika.mk/?p=571237

Сликите на македонскиот уметник Трајче Чатмов од 9 до 30 ноември ќе бидат изложени во Ликовниот салон во Велес, по повод Денот на ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор. Чатмов во родниот град се претставува по пауза од неколку години, но како што вели, ова претставување за него има посебно значење.

Претставувањето во Велес е дел од серијата мои изложби во градовите низ Македонија. Претходно изложбата беше поставена во Скопје, Охрид и Куманово. Се работи за дела работени во изминатите две години. Претставувањето во родниот Велес за мене има големо значење. Се работи за моментот што сум роден и израснат во овој град и еве сега пред луѓето од родниот град ќе ги претставам делата. Отворањето на изложбата е на 9 Ноември – денот на ослободување на градот Велес од фашистичкиот окупатор, вели Чатмов.

Пред велешани ќе бидат изложени околу четириесетина дела на авторот, а поставката ќе биде отворена за посета до 30 ноември.

The post Трајче Чатмов од 9 до 30 ноември изложува во Ликовниот салон во Велес appeared first on Република.

Изложбата „Интимно понирање“ од Трајче Чатмов во Куќата на Робевци https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozbata-intimno-poniranje-od-trajche-chatmov-vo-kukjata-na-robevci/ Thu, 30 Jun 2022 17:41:21 +0000 https://republika.mk/?p=521721

Утре во 20 часот, во галеријата во Куќата на Робевци, ќе биде отворена самостојната изложба ,,Интимно Понирање,,од авторот Трајче Чатмов.

Ќе бидат изложени 20-тина дела работени во последната година во техника акрил на платно . Слики кои досега не биле изложени и кои се продолжување на циклусот ,,Интимно Понирање,, но и слики со една нова колористична гама . За неговиот последен циклус на дела професорот Гоце Наневски ќе каже : Дали закопувањето на контаминирана земја со цезиум во земјена дупка, е чин со кој ја спасуваш останатата земја и се на неа? Дали ако носиш парче од некое свое дело во џебот го носиш и целото дело? Дали ако си говориш себе си на некој неразбирлив јазик, е разговор со самиот себе? Дали возењето со ист автомобил во кој се возел друг човек значи дека си се возел со истиот човек?

Понекогаш е полесно нештата да ги предвидиш одколку да ги погледнеш наназад. Добро е да гледаш нанапред со сликата. Малку гледаме нанапред иако иднината го бара тоа од нас. Сакаме да ја менуваме иднината, таа е мистериозна, таа нуди дарови и слики.

Погледот на минатото е поглед на слика од коцки и кругови(намерно не велам топки), таа не учи и ја има моќта да не охрабри. Можните истории ги нуди само иднината, оној момент кога ќе го разбереме тоа, разбираме зошто минатото е такво. Сакаме ли некако наназад да ја (по)влечеме иднината? Дали можеме да бидеме во исто време и во минатото и во иднината? По некаква логика тоа е (не)можно, или ако еден лист хартија го превиткате на пола, две точки од него ќе се најдат на исто место.
Создавањето уметност врз почва полна со „храна” е убаво. Дискусијата за создавањето уметност секогаш треба да го има предвид времето во кое таа е создадена. Дискусијата за создавањето уметност секогаш треба да ги има предвид општествените услови во кои таа е создадена. Нема добри услови за создавање уметност. Добрите услови се одтаде уметноста.

The post Изложбата „Интимно понирање“ од Трајче Чатмов во Куќата на Робевци appeared first on Република.

]]>

Утре во 20 часот, во галеријата во Куќата на Робевци, ќе биде отворена самостојната изложба ,,Интимно Понирање,,од авторот Трајче Чатмов. Ќе бидат изложени 20-тина дела работени во последната година во техника акрил на платно . Слики кои досега не биле изложени и кои се продолжување на циклусот ,,Интимно Понирање,, но и слики со една нова колористична гама . За неговиот последен циклус на дела професорот Гоце Наневски ќе каже : Дали закопувањето на контаминирана земја со цезиум во земјена дупка, е чин со кој ја спасуваш останатата земја и се на неа? Дали ако носиш парче од некое свое дело во џебот го носиш и целото дело? Дали ако си говориш себе си на некој неразбирлив јазик, е разговор со самиот себе? Дали возењето со ист автомобил во кој се возел друг човек значи дека си се возел со истиот човек? Понекогаш е полесно нештата да ги предвидиш одколку да ги погледнеш наназад. Добро е да гледаш нанапред со сликата. Малку гледаме нанапред иако иднината го бара тоа од нас. Сакаме да ја менуваме иднината, таа е мистериозна, таа нуди дарови и слики. Погледот на минатото е поглед на слика од коцки и кругови(намерно не велам топки), таа не учи и ја има моќта да не охрабри. Можните истории ги нуди само иднината, оној момент кога ќе го разбереме тоа, разбираме зошто минатото е такво. Сакаме ли некако наназад да ја (по)влечеме иднината? Дали можеме да бидеме во исто време и во минатото и во иднината? По некаква логика тоа е (не)можно, или ако еден лист хартија го превиткате на пола, две точки од него ќе се најдат на исто место. Создавањето уметност врз почва полна со „храна” е убаво. Дискусијата за создавањето уметност секогаш треба да го има предвид времето во кое таа е создадена. Дискусијата за создавањето уметност секогаш треба да ги има предвид општествените услови во кои таа е создадена. Нема добри услови за создавање уметност. Добрите услови се одтаде уметноста.    

The post Изложбата „Интимно понирање“ од Трајче Чатмов во Куќата на Робевци appeared first on Република.

]]>
Изложба на Трајче Чатмов во галеријата во Куќата на Робевци https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-na-trajche-chatmov-vo-galerijata-vo-kukjata-na-robevci/ Thu, 30 Jun 2022 09:13:57 +0000 https://republika.mk/?p=521464

Утре, на први јули, в петок во 20 часот, во галеријата во Куќата на Робевци, ќе биде отворена самостојната изложба „Интимно понирање“ од авторот Трајче Чатмов. Ќе бидат изложени дваесетина дела работени во последната година во техника акрил на платно. Слики кои досега не биле изложени и кои се продолжување на циклусот ,„Интимно Понирање“ но и слики со една нова колористична гама.

За неговиот последен циклус на дела професорот Гоце Наневски ќе каже:

Дали закопувањето на контаминирана земја со цезиум во земјена дупка, е чин со кој ја спасуваш останатата земја и се на неа? Дали ако носиш парче од некое свое дело во џебот го носиш и целото дело? Дали ако си говориш себе си на некој неразбирлив јазик, е разговор со самиот себe? Дали возењето со ист автомобил во кој се возел друг човек значи дека си се возел со истиот човек?

Понекогаш е полесно нештата да ги предвидиш одколку да ги погледнеш наназад. Добро е да гледаш нанапред со сликата. Малку гледаме нанапред иако иднината го бара тоа од нас. Сакаме да ја менуваме иднината, таа е мистериозна, таа нуди дарови и слики.

Погледот на минатото е поглед на слика од коцки и кругови(намерно не велам топки), таа не учи и ја има моќта да не охрабри. Можните истории ги нуди само иднината, оној момент кога ќе го разбереме тоа, разбираме зошто минатото е такво. Сакаме ли некако наназад да ја (по)влечеме иднината? Дали можеме да бидеме во исто време и во минатото и во иднината? По некаква логика тоа е (не)можно, или ако еден лист хартија го превиткате на пола, две точки од него ќе се најдат на исто место.

Создавањето уметност врз почва полна со „храна” е убаво. Дискусијата за создавањето уметност секогаш треба да го има предвид времето во кое таа е создадена. Дискусијата за создавањето уметност секогаш треба да ги има предвид општествените услови во кои таа е создадена. Нема добри услови за создавање уметност. Добрите услови се одтаде уметноста.

Диктатурата е едно од местата во кои се создавало уметност. Медиумскиот “розев” мрак исто така. Мракот и светлината се услови во кои е подеднакво создавано. Мракот и светлината се како просторот и формата. Просторот ја дефинира формата. Сликарството кога е различно има можност да биде објаснето. Почитта е етички-ликовен момент. Сликарството има моќ да учи. Без учење нема сликарство. Рефлектирањето вон сликарството е утопија. Рефлектирањето во сликарството е историја или повеќе можни истории.

Еднаш напишав: „Предзнаењата се одлични” и „Легендите се за читање”.
Сега дополнувам: „Читајте ги сликите на Чатмов!”

The post Изложба на Трајче Чатмов во галеријата во Куќата на Робевци appeared first on Република.

]]>

Утре, на први јули, в петок во 20 часот, во галеријата во Куќата на Робевци, ќе биде отворена самостојната изложба „Интимно понирање“ од авторот Трајче Чатмов. Ќе бидат изложени дваесетина дела работени во последната година во техника акрил на платно. Слики кои досега не биле изложени и кои се продолжување на циклусот ,„Интимно Понирање“ но и слики со една нова колористична гама. За неговиот последен циклус на дела професорот Гоце Наневски ќе каже: Дали закопувањето на контаминирана земја со цезиум во земјена дупка, е чин со кој ја спасуваш останатата земја и се на неа? Дали ако носиш парче од некое свое дело во џебот го носиш и целото дело? Дали ако си говориш себе си на некој неразбирлив јазик, е разговор со самиот себe? Дали возењето со ист автомобил во кој се возел друг човек значи дека си се возел со истиот човек? Понекогаш е полесно нештата да ги предвидиш одколку да ги погледнеш наназад. Добро е да гледаш нанапред со сликата. Малку гледаме нанапред иако иднината го бара тоа од нас. Сакаме да ја менуваме иднината, таа е мистериозна, таа нуди дарови и слики. Погледот на минатото е поглед на слика од коцки и кругови(намерно не велам топки), таа не учи и ја има моќта да не охрабри. Можните истории ги нуди само иднината, оној момент кога ќе го разбереме тоа, разбираме зошто минатото е такво. Сакаме ли некако наназад да ја (по)влечеме иднината? Дали можеме да бидеме во исто време и во минатото и во иднината? По некаква логика тоа е (не)можно, или ако еден лист хартија го превиткате на пола, две точки од него ќе се најдат на исто место. Создавањето уметност врз почва полна со „храна” е убаво. Дискусијата за создавањето уметност секогаш треба да го има предвид времето во кое таа е создадена. Дискусијата за создавањето уметност секогаш треба да ги има предвид општествените услови во кои таа е создадена. Нема добри услови за создавање уметност. Добрите услови се одтаде уметноста. Диктатурата е едно од местата во кои се создавало уметност. Медиумскиот “розев” мрак исто така. Мракот и светлината се услови во кои е подеднакво создавано. Мракот и светлината се како просторот и формата. Просторот ја дефинира формата. Сликарството кога е различно има можност да биде објаснето. Почитта е етички-ликовен момент. Сликарството има моќ да учи. Без учење нема сликарство. Рефлектирањето вон сликарството е утопија. Рефлектирањето во сликарството е историја или повеќе можни истории. Еднаш напишав: „Предзнаењата се одлични” и „Легендите се за читање”. Сега дополнувам: „Читајте ги сликите на Чатмов!”

The post Изложба на Трајче Чатмов во галеријата во Куќата на Робевци appeared first on Република.

]]>
Оставам во уметноста да ме води алтерегото https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ostavam-vo-umetnosta-da-me-vodi-alteregoto/ Thu, 05 May 2022 10:37:54 +0000 https://republika.mk/?p=497914

Во скопската галерија „Ел Греко“ е отворена изложба на дела од Трајче Чатмов на која се претставении дваесеттина слики работени во последната година во техниката акрил на платно. Сликите досега не биле изложувани. Дел од нив се продолжение на циклусот „Интимно понирање“, но има и дека една нова колористична гама.

Создавањето уметност врз почва полна со „храна“ е убаво. Дискусијата за создавањето уметност секогаш треба да го има предвид времето во кое таа е создадена. Дискусијата за создавањето уметност секогаш треба да ги има предвид општествените услови во кои таа е создадена. Нема добри услови за создавање уметност. Добрите услови се отаде уметноста. Диктатурата е едно од местата во кои се создавало уметност. Медиумскиот „розов“ мрак исто така. Мракот и светлината се услови во кои е подеднакво создавано. Мракот и светлината се како просторот и формата. Просторот ја дефинира формата. Сликарството кога е различно има можност да биде објаснето. Почитта е етички-ликовен момент. Сликарството има моќ да учи. Без учење нема сликарство. Рефлектирањето вон сликарството е утопија. Рефлектирањето во сликарството е историја или повеќе можни истории. Еднаш напишав: „Предзнаењата се одлични“ и „Легендите се за читање“. Сега дополнувам: „Читајте ги сликите на Чатмов“, вели за изложбата скулпторот и универзитетски професор Гоце Наневски.

Трајче Чатмов (1971 г.) ја започнува академската наобразба во 1992 година, со запишување на Факултетот за ликовни уметности во класата на професорката Ана Темкова. Своето усовршување го продолжува повторно во областа на уметноста, но овој пат проширена во делот на филозофијата и своите постдипломски студии ги завршува под менторство на професорот Родољуб Анастасов – сликарство и филозофија (естетика) под менторство на професорот Кирил Темков. Имал самостојни изложби во Скопје, Велес, Битола, Врање и во Белград (Србија), а учествувал и на повеќе групни изложби низ Македонија и надвор: Германија, Полска, Словенија, Србија, Бугарија, Дубаи… Покрај со сликарство, се занимава и со фотографија, анимиран филм и документарен филм за што и има добиено неколку награди во 1997/8 година (најдобра камера и најдобра режија за краткиот документарен филм „Времиња“). Разговаравме за творештвото, инспирацијата, искуствата од пандемијата...

Изложбата под наслов „Интимно понирање“ деновиве беше отворена во галеријата „Ел Греко“. Станува збор за неизложени дела, но колку се на број и колкав период ги работевте?

Станува збор за дваесетина дела работени во изминатата година во техника акрил на платно.

Ќе речете дека овие слики имаат нова колоритна гама...Кажете ни нешто повеќе за инспирацијата, колоритот, од каде идеите за ова интмно понирање?

Да несвесно, ја имам сменето малку колоритната гама .Едноставно некако таа експесија сум ја смирил со понеутрални тонови иако да бидам . Секако ненамерно бидејќи сликам онака како што во моментот чуствувам и го сликам она што во моментот ми е инспирација и потик , го сликам тоа што ќе ме предизвика . Обично никогаш не се држам до една тематика , на моменти дури кога ќе ги погледам сликите што сум ги насликал во низа се целосно контраверзни една со друга мислам на мотивот. Но во секој случај се ,,интимно понирање,, заради моментот на интимност во приказната или приказот кој го работам вдахнувајќи го најинтимниот момент на својата несвесност.

Изминатиов период го одбележа пандемијата која остави трага на секој од нас. Се одрази ли на Вашето сликање?

Пандемијата во секој случај остави белег на сите нас колку и да сме свесни или не , но искрено оној момент на изолација и затвореност не ми беше тежок ,напротив ми отвори простор да се свртам кон себеси и да изработам солидна бројка на слики која минатата година ја изложив , а оваа изложба е продолжеток на тој циклус.

Какви поуки извлековте од овој период што е зад нас?

Изминатиов период не само за мене туку и глобално беше период во кој во кој што имавме прилика да ја согледаме и видиме целата несовршеност на човекот како свесно битие , имавме можност да ги видиме сите аномалии како на самиот поединец така и на општеството кое сме го создале. Можевме да ги согледаме сите лаги и вистини, затоа што човекот кога е затворен и ја нема слободата му преостанува само да се сврти кон себеси и конечно да почне да размислува за суштинските работи на опстојувањето.

Сликарството има моќ да учи, вели Гоце Наневски во каталогот за Вашата изложба. Што учите Вие од сликарството?

За мене сликарството е начин на моја нарација , пошто нели има некои работи кои што неможеш да ги искажеш со зборови па така се обидувам преку визуелизација да си ја раскажам мојата приказна.

Покрај сликарството, се занимавате и со фотографија, но сте автор и на анимиран и документарен филм. Дали подготвувате нешто ново од овие дејности?

Да сум се занимавал и со други медиуми , но , што знам секогаш тоа сум го правел од моментален потик , она што тогаш сум сакал да го прикажам или кажам сум сметал дека најдобро така ќе биде раскажано , дали филм, фотографија, анимација или слика некако ми нема лично значење , па одтаму и неможам да кажам за некои наредни планови , едноставно оставам во уметноста да ме води алтерегото.

The post Оставам во уметноста да ме води алтерегото appeared first on Република.

]]>

Во скопската галерија „Ел Греко“ е отворена изложба на дела од Трајче Чатмов на која се претставении дваесеттина слики работени во последната година во техниката акрил на платно. Сликите досега не биле изложувани. Дел од нив се продолжение на циклусот „Интимно понирање“, но има и дека една нова колористична гама.
Создавањето уметност врз почва полна со „храна“ е убаво. Дискусијата за создавањето уметност секогаш треба да го има предвид времето во кое таа е создадена. Дискусијата за создавањето уметност секогаш треба да ги има предвид општествените услови во кои таа е создадена. Нема добри услови за создавање уметност. Добрите услови се отаде уметноста. Диктатурата е едно од местата во кои се создавало уметност. Медиумскиот „розов“ мрак исто така. Мракот и светлината се услови во кои е подеднакво создавано. Мракот и светлината се како просторот и формата. Просторот ја дефинира формата. Сликарството кога е различно има можност да биде објаснето. Почитта е етички-ликовен момент. Сликарството има моќ да учи. Без учење нема сликарство. Рефлектирањето вон сликарството е утопија. Рефлектирањето во сликарството е историја или повеќе можни истории. Еднаш напишав: „Предзнаењата се одлични“ и „Легендите се за читање“. Сега дополнувам: „Читајте ги сликите на Чатмов“, вели за изложбата скулпторот и универзитетски професор Гоце Наневски.
Трајче Чатмов (1971 г.) ја започнува академската наобразба во 1992 година, со запишување на Факултетот за ликовни уметности во класата на професорката Ана Темкова. Своето усовршување го продолжува повторно во областа на уметноста, но овој пат проширена во делот на филозофијата и своите постдипломски студии ги завршува под менторство на професорот Родољуб Анастасов – сликарство и филозофија (естетика) под менторство на професорот Кирил Темков. Имал самостојни изложби во Скопје, Велес, Битола, Врање и во Белград (Србија), а учествувал и на повеќе групни изложби низ Македонија и надвор: Германија, Полска, Словенија, Србија, Бугарија, Дубаи… Покрај со сликарство, се занимава и со фотографија, анимиран филм и документарен филм за што и има добиено неколку награди во 1997/8 година (најдобра камера и најдобра режија за краткиот документарен филм „Времиња“). Разговаравме за творештвото, инспирацијата, искуствата од пандемијата... Изложбата под наслов „Интимно понирање“ деновиве беше отворена во галеријата „Ел Греко“. Станува збор за неизложени дела, но колку се на број и колкав период ги работевте?
Станува збор за дваесетина дела работени во изминатата година во техника акрил на платно.
Ќе речете дека овие слики имаат нова колоритна гама...Кажете ни нешто повеќе за инспирацијата, колоритот, од каде идеите за ова интмно понирање?
Да несвесно, ја имам сменето малку колоритната гама .Едноставно некако таа експесија сум ја смирил со понеутрални тонови иако да бидам . Секако ненамерно бидејќи сликам онака како што во моментот чуствувам и го сликам она што во моментот ми е инспирација и потик , го сликам тоа што ќе ме предизвика . Обично никогаш не се држам до една тематика , на моменти дури кога ќе ги погледам сликите што сум ги насликал во низа се целосно контраверзни една со друга мислам на мотивот. Но во секој случај се ,,интимно понирање,, заради моментот на интимност во приказната или приказот кој го работам вдахнувајќи го најинтимниот момент на својата несвесност.
Изминатиов период го одбележа пандемијата која остави трага на секој од нас. Се одрази ли на Вашето сликање?
Пандемијата во секој случај остави белег на сите нас колку и да сме свесни или не , но искрено оној момент на изолација и затвореност не ми беше тежок ,напротив ми отвори простор да се свртам кон себеси и да изработам солидна бројка на слики која минатата година ја изложив , а оваа изложба е продолжеток на тој циклус.
Какви поуки извлековте од овој период што е зад нас?
Изминатиов период не само за мене туку и глобално беше период во кој во кој што имавме прилика да ја согледаме и видиме целата несовршеност на човекот како свесно битие , имавме можност да ги видиме сите аномалии како на самиот поединец така и на општеството кое сме го создале. Можевме да ги согледаме сите лаги и вистини, затоа што човекот кога е затворен и ја нема слободата му преостанува само да се сврти кон себеси и конечно да почне да размислува за суштинските работи на опстојувањето.
Сликарството има моќ да учи, вели Гоце Наневски во каталогот за Вашата изложба. Што учите Вие од сликарството?
За мене сликарството е начин на моја нарација , пошто нели има некои работи кои што неможеш да ги искажеш со зборови па така се обидувам преку визуелизација да си ја раскажам мојата приказна.
Покрај сликарството, се занимавате и со фотографија, но сте автор и на анимиран и документарен филм. Дали подготвувате нешто ново од овие дејности?
Да сум се занимавал и со други медиуми , но , што знам секогаш тоа сум го правел од моментален потик , она што тогаш сум сакал да го прикажам или кажам сум сметал дека најдобро така ќе биде раскажано , дали филм, фотографија, анимација или слика некако ми нема лично значење , па одтаму и неможам да кажам за некои наредни планови , едноставно оставам во уметноста да ме води алтерегото.
     
The post Оставам во уметноста да ме води алтерегото appeared first on Република.

]]>
Во галеријата “Ел Греко“: Досега неизложени дела на Трајче Чатмов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-galerijata-el-greko-dosega-neizlozeni-dela-na-trajche-chatmov/ Mon, 02 May 2022 15:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=496348

Сликарството има моќ да учи. Без учење, нема сликарство. Рефлектирањето вон сликарството е утопија. Рефлектирањето во сликарството е историја или повеќе можни истории. Еднаш напишав: ‘Предзнаењата се одлични’ и ‘Легендите се за читање’. Сега дополнувам: ‘Читајте ги сликите на Чатмов!’”, напиша професорот Гоце Наневски во најавата на најновата изложба на уметникот Трајче Чатмов.

Создавањето уметност врз почва полна со ‘храна’ е убаво. Дискусијата за создавањето уметност секогаш треба да го има предвид времето во кое е создадена таа. Дискусијата за создавањето уметност секогаш треба да ги има предвид општествените услови во кои е создадена таа. Нема добри услови за создавање уметност. Добрите услови се отаде уметноста…”

Изложбата на Чатмов која претставува продолжување на циклусот насловен „Интимно понирање“ ќе биде изложена на 3 мај со почеток во 20 часот, во „Ел Греко“ во Скопје, една од првите професионални галерии во Скопје која игра важна улога во промовирањето на македонската современа уметност.

Ќе бидат изложени 20-ина дела работени во последната година, во техниката акрил на платно. Јавноста ќе има можност да види слики кои досега не биле изложени и кои се продолжување на циклусот ‘Интимно понирање’, но и слики со една нова колористична гама“, вели уметникот Чатмов.

The post Во галеријата “Ел Греко“: Досега неизложени дела на Трајче Чатмов appeared first on Република.