традиционална храна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/traditsionalna-hrana/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Dec 2023 08:08:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png традиционална храна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/traditsionalna-hrana/ 32 32 Саем на македонска традиционална храна „Домашно, природно, вкусно“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/saem-na-makedonska-traditsionalna-hrana-domashno-prirodno-vkusno/ Sat, 16 Dec 2023 08:08:00 +0000 https://republika.mk/?p=723521

Саем на македонска традиционална храна под наслов „Домашно, природно, вкусно“ денеска од 10 часот до 22 часот ќе се одржи во Скопје Сити мол.

На Саемот ќе имате прекрасна можност да го искусите најдоброто од домашно произведените продукти, изложени од нашите рурални жени, млади земјоделци и лица со попречености. Оваа иницијатива е во организација на Националната федерација на фармери и Скопје Сити мол, поддржана од проектот „Поддршка на пазарните врски за руралното население со акцент на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи“. Проектот се реализира со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, во рамките на проектот „Поддршка на диверзификацијата на економските антивности во руралните подрачја на Југоисточна Европа (SEDRA II)“, велат од Националната федерација на фармери.

Организаторите додаваат дека саемот не е само прилика да уживате во вкусната македонска традиционална храна, туку и можност за образование и поддршка. На 20 штандови ќе бидат изложени најразновидни производи како што се лутеници, ајвар, природни сокови, путери, мармалади, маџун, мед, домашна храна, ракотворби и домашно произведена козметика.

Во рамките на овој настан, ќе се одржи и работилница со наслов „И ние, лицата со попреченост, имаме право на еднаквост и пристап до сите услуги и можности“. Целта на работилницата е да ја подигне свеста за предизвиците што ги искусуваат лицата со попреченост од руралните средини и да ги промовира правата и благосостојбата на овие лица во нашето општество.

The post Саем на македонска традиционална храна „Домашно, природно, вкусно“ appeared first on Република.

]]>

Саем на македонска традиционална храна под наслов „Домашно, природно, вкусно“ денеска од 10 часот до 22 часот ќе се одржи во Скопје Сити мол.
На Саемот ќе имате прекрасна можност да го искусите најдоброто од домашно произведените продукти, изложени од нашите рурални жени, млади земјоделци и лица со попречености. Оваа иницијатива е во организација на Националната федерација на фармери и Скопје Сити мол, поддржана од проектот „Поддршка на пазарните врски за руралното население со акцент на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи“. Проектот се реализира со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, во рамките на проектот „Поддршка на диверзификацијата на економските антивности во руралните подрачја на Југоисточна Европа (SEDRA II)“, велат од Националната федерација на фармери.
Организаторите додаваат дека саемот не е само прилика да уживате во вкусната македонска традиционална храна, туку и можност за образование и поддршка. На 20 штандови ќе бидат изложени најразновидни производи како што се лутеници, ајвар, природни сокови, путери, мармалади, маџун, мед, домашна храна, ракотворби и домашно произведена козметика. Во рамките на овој настан, ќе се одржи и работилница со наслов „И ние, лицата со попреченост, имаме право на еднаквост и пристап до сите услуги и можности“. Целта на работилницата е да ја подигне свеста за предизвиците што ги искусуваат лицата со попреченост од руралните средини и да ги промовира правата и благосостојбата на овие лица во нашето општество.

The post Саем на македонска традиционална храна „Домашно, природно, вкусно“ appeared first on Република.

]]>