тотал енерџи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/total-enerdzi/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Oct 2022 07:36:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тотал енерџи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/total-enerdzi/ 32 32 Вице Заев управител во фирмата на татко му Панче за производство на електрична енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vice-zaev-upravitel-vo-firmata-na-tatko-mu-panche-za-proizvodstvo-na-elektrichna-energija/ Fri, 07 Oct 2022 07:35:21 +0000 https://republika.mk/?p=558221

Вице Заев, братот на поранешниот премиер Зоран Заев, стана управител на новоформирана компанија за производство на електрична енергија регистрирана изминатиот период - Солар Грин Енерџи, пренесува „Фактор“.

Претпријатието е со адреса на улица Гоце Делчев во Струмица, а сопственик е Панче Заев, таткото на Вице Заев и на поранешниот премиер. Паричниот влог е 5.000 евра, а дејноста е „производство на електрична енергија“.

Не е познато кои извори за производство на електрична енергија ќе ги користат таткото и братот на Зоран Заев.

Поранешниот премиер досега единствено има потврдено дека Тотал Енерџи, фирмата чиј сопственик е неговиот 18-годишен син Душко Заев ќе продава струја произведена од фотонапонски панели.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dushko-zaev-na-18-godini-stana-sopstvenik-na-firma-za-elektrichna-energija/

The post Вице Заев управител во фирмата на татко му Панче за производство на електрична енергија appeared first on Република.

]]>

Вице Заев, братот на поранешниот премиер Зоран Заев, стана управител на новоформирана компанија за производство на електрична енергија регистрирана изминатиот период - Солар Грин Енерџи, пренесува „Фактор“. Претпријатието е со адреса на улица Гоце Делчев во Струмица, а сопственик е Панче Заев, таткото на Вице Заев и на поранешниот премиер. Паричниот влог е 5.000 евра, а дејноста е „производство на електрична енергија“. Не е познато кои извори за производство на електрична енергија ќе ги користат таткото и братот на Зоран Заев. Поранешниот премиер досега единствено има потврдено дека Тотал Енерџи, фирмата чиј сопственик е неговиот 18-годишен син Душко Заев ќе продава струја произведена од фотонапонски панели. https://republika.mk/vesti/makedonija/dushko-zaev-na-18-godini-stana-sopstvenik-na-firma-za-elektrichna-energija/

The post Вице Заев управител во фирмата на татко му Панче за производство на електрична енергија appeared first on Република.

]]>
Афера во Франција: Нафтена компанија ги снабдувала Русите со авиогориво https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/afera-vo-francija-naftena-kompanija-gi-snabduvala-rusite-so-aviogorivo/ Thu, 25 Aug 2022 19:37:45 +0000 https://republika.mk/?p=544167

Францускиот министер за транспорт, Клеман Бон, ги коментираше последните случувања околу нафтената компанија „Тотал енерџи“ (Total Energy).

Бон изјави дека медиумскиот напис оти француската нафтена компанија била вклучена во снабдувањето на руската војска со авионско гориво преку заедничко вложување со руски „Новатек“ е „исклучително сериозно“ прашање што бара разјаснување.

Бон, кој посочи дека нема доволно информации за да го коментира ова прашање, е првиот француски владин функционер кој ги коментира наводите на весникот „Монд“, што може да го поткопа притисокот на претседателот Емануел Макрон за мир во Украина, пренесува „Ројтерс“.

„Монд“ во средата објави дека „Тотал енерџи“, преку својот удел во заедничко вложување со руската „Новатек“, бил вклучен во испораките на гасен кондензат за производство на гориво за авиони што можеби го користеле руските воени авиони во Украина.

Ова е исклучително сериозна тема, затоа треба да се провери дали имало доброволно или неволно заобиколување на санкциите или испорака на енергија произведена од француска или друга компанија - изјави Бон за телевизијата „Франс 2“.

Тој не наведе дали е потребно да се покрене официјална истрага.

Манон Обри, членка на Европскиот парламент од „Непокорена Франција“, една од главните опозициски партии во Франција, ја повика владата да заземе став по ова прашање, велејќи дека „Франција повеќе не може да замижува“.

Имаме француска компанија која стана индиректен соучесник во убиствена војна - изјави таа за радиото „Френс инфо“.

„Тотал Енерџи“, кој за разлика од другите големи западни конкуренти ги задржа своите средства во Русија и покрај критиките, изјави дека не користи инфраструктура за снабдување на руската војска и дека нема никакво знаење за какво било потенцијално производство на гориво за авиони од страна на нејзините деловни партнери.

„Монд“ во извештајот пишува дека млазното гориво било доставено до две руски воздушни бази, за кои се верува дека биле вклучени во воздушните напади во Украина, а било произведено од гасен кондензат доставен од „Тернефтегаз“, во кој „Тотал енерџи“ има 49 отсто од сопственичките акции.

The post Афера во Франција: Нафтена компанија ги снабдувала Русите со авиогориво appeared first on Република.

]]>

Францускиот министер за транспорт, Клеман Бон, ги коментираше последните случувања околу нафтената компанија „Тотал енерџи“ (Total Energy). Бон изјави дека медиумскиот напис оти француската нафтена компанија била вклучена во снабдувањето на руската војска со авионско гориво преку заедничко вложување со руски „Новатек“ е „исклучително сериозно“ прашање што бара разјаснување. Бон, кој посочи дека нема доволно информации за да го коментира ова прашање, е првиот француски владин функционер кој ги коментира наводите на весникот „Монд“, што може да го поткопа притисокот на претседателот Емануел Макрон за мир во Украина, пренесува „Ројтерс“. „Монд“ во средата објави дека „Тотал енерџи“, преку својот удел во заедничко вложување со руската „Новатек“, бил вклучен во испораките на гасен кондензат за производство на гориво за авиони што можеби го користеле руските воени авиони во Украина.
Ова е исклучително сериозна тема, затоа треба да се провери дали имало доброволно или неволно заобиколување на санкциите или испорака на енергија произведена од француска или друга компанија - изјави Бон за телевизијата „Франс 2“.
Тој не наведе дали е потребно да се покрене официјална истрага. Манон Обри, членка на Европскиот парламент од „Непокорена Франција“, една од главните опозициски партии во Франција, ја повика владата да заземе став по ова прашање, велејќи дека „Франција повеќе не може да замижува“.
Имаме француска компанија која стана индиректен соучесник во убиствена војна - изјави таа за радиото „Френс инфо“.
„Тотал Енерџи“, кој за разлика од другите големи западни конкуренти ги задржа своите средства во Русија и покрај критиките, изјави дека не користи инфраструктура за снабдување на руската војска и дека нема никакво знаење за какво било потенцијално производство на гориво за авиони од страна на нејзините деловни партнери. „Монд“ во извештајот пишува дека млазното гориво било доставено до две руски воздушни бази, за кои се верува дека биле вклучени во воздушните напади во Украина, а било произведено од гасен кондензат доставен од „Тернефтегаз“, во кој „Тотал енерџи“ има 49 отсто од сопственичките акции.

The post Афера во Франција: Нафтена компанија ги снабдувала Русите со авиогориво appeared first on Република.

]]>