Тоше Проески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toshe-proeski/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Oct 2024 06:06:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тоше Проески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toshe-proeski/ 32 32 Седумнаесет години од загинувањето на Тоше Проески https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/sedumnaeset-godini-od-zaginuvaneto-na-toshe-proeski/ Wed, 16 Oct 2024 06:06:48 +0000 https://republika.mk/?p=827349

Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред седумнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

Една од традициите за сеќавање на Тоше е маратонот кој маратонците од Нова Градишка го трчаат до Крушево. И оваа година четиринаесет учесници го трчаат 17-тиот маратон во чест на Тоше.

Маратонот почна завчера од Нова Градишка, пред неговото спомен обележје, а денеска, на годишнината од неговото загинување, ќе пристигнат во Крушево.

Се очекува маратонците да пристигнат околу пладне во Крушево, каде ќе бидат пречекани од учениците од основното и средно училиште кои ќе даруваат 500 рози во чест на Тоше Проески.

Крајната цел на маратонците е вечното почивалиште на Тоше Проески, споменичното обележје на Гумење во Крушево.

По повод 17 годишнината од смртта на Тоше, Скопскиот Брас Квинтет во соработка со Скопскиот Брас Фестивал, ќе одржи два концерта во Хрватска.

Едниот концерт ќе се одржи вечер во македонската православна црква Св. „Злата Мегленска“ во Загреб, а на 18. октомври концерт ќе биде одржан во ХКД на Шушак во Ријека.

Во Националната опера и балет во Скопје, на 12-ти овој месец, беше одржан интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“, во организација на Естрада Мултимедија Центар.

На настанот учествуваа млади музичари од нашата држава, од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Русија, Украина, Малта и Израел, кои беа оцененувани од страна на жирито составено од бендот на Тоше.

Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран (The Hardest Thing).

Тодор Проески - Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик.

Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

Објави седум албуми - неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот - „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007. 

The post Седумнаесет години од загинувањето на Тоше Проески appeared first on Република.

]]>

Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред седумнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Една од традициите за сеќавање на Тоше е маратонот кој маратонците од Нова Градишка го трчаат до Крушево. И оваа година четиринаесет учесници го трчаат 17-тиот маратон во чест на Тоше. Маратонот почна завчера од Нова Градишка, пред неговото спомен обележје, а денеска, на годишнината од неговото загинување, ќе пристигнат во Крушево. Се очекува маратонците да пристигнат околу пладне во Крушево, каде ќе бидат пречекани од учениците од основното и средно училиште кои ќе даруваат 500 рози во чест на Тоше Проески. Крајната цел на маратонците е вечното почивалиште на Тоше Проески, споменичното обележје на Гумење во Крушево. По повод 17 годишнината од смртта на Тоше, Скопскиот Брас Квинтет во соработка со Скопскиот Брас Фестивал, ќе одржи два концерта во Хрватска. Едниот концерт ќе се одржи вечер во македонската православна црква Св. „Злата Мегленска“ во Загреб, а на 18. октомври концерт ќе биде одржан во ХКД на Шушак во Ријека. Во Националната опера и балет во Скопје, на 12-ти овој месец, беше одржан интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“, во организација на Естрада Мултимедија Центар. На настанот учествуваа млади музичари од нашата држава, од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Русија, Украина, Малта и Израел, кои беа оцененувани од страна на жирито составено од бендот на Тоше. Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран (The Hardest Thing). Тодор Проески - Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ. Објави седум албуми - неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот - „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007. 

The post Седумнаесет години од загинувањето на Тоше Проески appeared first on Република.

]]>
Улрамаратонците пристигнаа во Нова Градишка, ќе го почнат 17-тиот маратон за Тоше https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ulramaratontsite-pristignaa-vo-nova-gradishka-ke-go-pochnat-17-tiot-maraton-za-toshe/ Mon, 14 Oct 2024 11:49:30 +0000 https://republika.mk/?p=826588

Маратонците на 17-тиот ултрамаратон во чест на Тоше Проески пристигнаа во Нова Градишка, Хрватска и во попладневните часови ќе го почнат ултрамаратонот кој од Нова Градишка, преку Србија, во Македонија, на 16 октомври напладне треба да го завршат во Крушево, на 17-годишнината од трагичното загинување на нашата и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески. Тоше загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.

Маратонците вчера пристигнаа во Загреб, Хрватска. Беа пречекани од претставниците на македонското друштво, а во македонската православна црква во Загреб, ги пречека протојереј ставрофор, отец Кирко Велински и се одржа света литургија за помен на Тоше.

Му се заблагодаруваме на отец Кирко кој сите овие години ни дава посебна енергија за исполнување на нашата цел. Воедно посебна благодарност и од фановите на Тоше во Хрватска кои не забораваат да ја укажат почита кон Тоше, вели Наум Капричевски кој го води овој ултрамаратон сите изминати години.

Како што информира Капричевски, во 16:30 часот 14-те ултрамаратонци ќе положат свежи цвеќиња на спомен-обележјето посветено на Тоше во Нова Градишка, а од 17 часот ќе го почнат годинашниов Ултрамаратон. Цела Хрватска ќе ја поминат штафетно, низ Србија ќе се возат со возила, и се очекува утре, на 15 октомври околу 13 часот да пристигнат на граничниот премин Табановце и да влезат во Македонија. Утре околу 18 часот, маратонците ќе бидат на плоштадот во Скопје, а потоа од 20 часот го продолжуваат ултрамаратонот. Ќе поминат кај Велес, Градско, Росоман, Прилеп за на 16 октомври, в среда напладне да пристигнат во Крушево. Во родниот град на Тоше ќе бидат пречекани од учениците од основното и средно училиште кои ќе даруваат 500 рози во чест на Тоше Проески. Крајната цел на маратонците е вечното почивалиште на Тоше Проески, споменичното обележје на Гумење во Крушево.

The post Улрамаратонците пристигнаа во Нова Градишка, ќе го почнат 17-тиот маратон за Тоше appeared first on Република.

]]>

Маратонците на 17-тиот ултрамаратон во чест на Тоше Проески пристигнаа во Нова Градишка, Хрватска и во попладневните часови ќе го почнат ултрамаратонот кој од Нова Градишка, преку Србија, во Македонија, на 16 октомври напладне треба да го завршат во Крушево, на 17-годишнината од трагичното загинување на нашата и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески. Тоше загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска. Маратонците вчера пристигнаа во Загреб, Хрватска. Беа пречекани од претставниците на македонското друштво, а во македонската православна црква во Загреб, ги пречека протојереј ставрофор, отец Кирко Велински и се одржа света литургија за помен на Тоше.
Му се заблагодаруваме на отец Кирко кој сите овие години ни дава посебна енергија за исполнување на нашата цел. Воедно посебна благодарност и од фановите на Тоше во Хрватска кои не забораваат да ја укажат почита кон Тоше, вели Наум Капричевски кој го води овој ултрамаратон сите изминати години.
Како што информира Капричевски, во 16:30 часот 14-те ултрамаратонци ќе положат свежи цвеќиња на спомен-обележјето посветено на Тоше во Нова Градишка, а од 17 часот ќе го почнат годинашниов Ултрамаратон. Цела Хрватска ќе ја поминат штафетно, низ Србија ќе се возат со возила, и се очекува утре, на 15 октомври околу 13 часот да пристигнат на граничниот премин Табановце и да влезат во Македонија. Утре околу 18 часот, маратонците ќе бидат на плоштадот во Скопје, а потоа од 20 часот го продолжуваат ултрамаратонот. Ќе поминат кај Велес, Градско, Росоман, Прилеп за на 16 октомври, в среда напладне да пристигнат во Крушево. Во родниот град на Тоше ќе бидат пречекани од учениците од основното и средно училиште кои ќе даруваат 500 рози во чест на Тоше Проески. Крајната цел на маратонците е вечното почивалиште на Тоше Проески, споменичното обележје на Гумење во Крушево.

The post Улрамаратонците пристигнаа во Нова Градишка, ќе го почнат 17-тиот маратон за Тоше appeared first on Република.

]]>
Интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/internatsionalen-natprevar-vo-peene-pesnite-na-toshe-proeski/ Sat, 12 Oct 2024 06:42:08 +0000 https://republika.mk/?p=825743

Во Националната опера и балет денеска ќе се одржи интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“, во организација на Естрада Мултимедија Центар.

Како што е најавено, на настанот ќе учествуваат млади музичари од нашата држава, од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Русија, Украина, Малта и Израел.

Натреварувачите ќе настапат прво во полуфиналето, а потоа ќе следува и финале во кое ќе учествуваат сите оние кои ќе бидат најдобро оценети од страна на жирито, кое ќе биде составено од бендот на Тоше.

The post Интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“ appeared first on Република.

]]>

Во Националната опера и балет денеска ќе се одржи интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“, во организација на Естрада Мултимедија Центар. Како што е најавено, на настанот ќе учествуваат млади музичари од нашата држава, од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Русија, Украина, Малта и Израел. Натреварувачите ќе настапат прво во полуфиналето, а потоа ќе следува и финале во кое ќе учествуваат сите оние кои ќе бидат најдобро оценети од страна на жирито, кое ќе биде составено од бендот на Тоше.

The post Интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“ appeared first on Република.

]]>
Интернационален натпревар во пеење на песните на Тоше Проески во Скопје https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/internatsionalen-natprevar-vo-peene-na-pesnite-na-toshe-proeski-vo-skopje/ Thu, 26 Sep 2024 10:54:57 +0000 https://republika.mk/?p=819828

На 12. Октомври 2024 година, во Македонската опера и балет, а во организација на „Естрада Мултимедија Центар“ за првпат ќе се одржи интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“.

На настанот ќе учествуваат млади музичари од Македонија, од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, но и подалечните земји како Русија, Украина, Малта, Израел…

Натреварувачите ќе настапат прво во полуфиналето, а потоа ќе следува и финале во кое ќе учествуваат сите оние кои ќе бидат најдобро оценети од страна на жирито, составено од бендот на Тоше.

Влезниците кои се во ограничен број веќе се пуштени во продажба преку сервисот мктикетс.мк и се продаваат по цена од 400 денари за билет.

Организаторите најавуваат дека овој настан ќе ги обедини најдобрите млади музичари и пејачи од Македонија и пошироко, кои во живо ќе ги изведуваат безвременските хитови на Тоше Проески. Билетите се ограничени, па се препорачува заинтересираните да ги обезбедат своите места што е можно поскоро и да бидат дел од овој емотивен музички спектакл.

The post Интернационален натпревар во пеење на песните на Тоше Проески во Скопје appeared first on Република.

]]>

На 12. Октомври 2024 година, во Македонската опера и балет, а во организација на „Естрада Мултимедија Центар“ за првпат ќе се одржи интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“. На настанот ќе учествуваат млади музичари од Македонија, од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, но и подалечните земји како Русија, Украина, Малта, Израел… Натреварувачите ќе настапат прво во полуфиналето, а потоа ќе следува и финале во кое ќе учествуваат сите оние кои ќе бидат најдобро оценети од страна на жирито, составено од бендот на Тоше. Влезниците кои се во ограничен број веќе се пуштени во продажба преку сервисот мктикетс.мк и се продаваат по цена од 400 денари за билет. Организаторите најавуваат дека овој настан ќе ги обедини најдобрите млади музичари и пејачи од Македонија и пошироко, кои во живо ќе ги изведуваат безвременските хитови на Тоше Проески. Билетите се ограничени, па се препорачува заинтересираните да ги обезбедат своите места што е можно поскоро и да бидат дел од овој емотивен музички спектакл.

The post Интернационален натпревар во пеење на песните на Тоше Проески во Скопје appeared first on Република.

]]>
Тоше Проески Трибјут концерт во Дом на млади во Штип https://arhiva3.republika.mk/scena/toshe-proeski-tribjut-kontsert-vo-dom-na-mladi-vo-shtip/ Wed, 05 Jun 2024 07:17:58 +0000 https://republika.mk/?p=784885

Во Дом на млади во Штип, утре со почеток во 10:00 часот ќе се одржи целодневен настан посветен на нашиот Тоше Проески кој ќе кулминира со трибјут концерт во негова чест на кој ќе учествуваат преку 15 видни имиња од македонската музичка сцена.

Програма:
10:00 – 16:00 – крводарителска акција “Биди хуман како Тоше”
19:30 – ЕКСКЛУЗИВНА ПРЕМИЕРА на најновиот документарен филм за Тоше во српска продукција
20:30 – настап на дечињата од “Весело Штурче” кои ќе настапат со повеќе рефрени од Тоше
21:00 Увод на главниот концерт со настап на специјални гости кои ќе настапат со инструментален перформанс
21:30 ГЛАВЕН КОНЦЕРТ со повеќе од 15 музички ѕвезди

 

Настапуваат:
Димитар Андоновски, Александар Тарабунов, Александра Јанева, Симона Поповска, Лара, Зоран Илиев, Бени Шакири, Марија Данева, Ламбе Алабаковски, Мите Стоилков, Јоце Панов, Мартинијан Кириловски, Андријана Јаневска, Мариано Коста, Коки Јанков…

Водител на настанот: Миро Кацаров

The post Тоше Проески Трибјут концерт во Дом на млади во Штип appeared first on Република.

]]>

Во Дом на млади во Штип, утре со почеток во 10:00 часот ќе се одржи целодневен настан посветен на нашиот Тоше Проески кој ќе кулминира со трибјут концерт во негова чест на кој ќе учествуваат преку 15 видни имиња од македонската музичка сцена. Програма: 10:00 – 16:00 – крводарителска акција “Биди хуман како Тоше” 19:30 – ЕКСКЛУЗИВНА ПРЕМИЕРА на најновиот документарен филм за Тоше во српска продукција 20:30 – настап на дечињата од “Весело Штурче” кои ќе настапат со повеќе рефрени од Тоше 21:00 Увод на главниот концерт со настап на специјални гости кои ќе настапат со инструментален перформанс 21:30 ГЛАВЕН КОНЦЕРТ со повеќе од 15 музички ѕвезди   Настапуваат: Димитар Андоновски, Александар Тарабунов, Александра Јанева, Симона Поповска, Лара, Зоран Илиев, Бени Шакири, Марија Данева, Ламбе Алабаковски, Мите Стоилков, Јоце Панов, Мартинијан Кириловски, Андријана Јаневска, Мариано Коста, Коки Јанков… Водител на настанот: Миро Кацаров

The post Тоше Проески Трибјут концерт во Дом на млади во Штип appeared first on Република.

]]>
Светол патот, татко мој: Почина таткото на Тоше Проески, веста ја објави ќерка му Дора https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/svetol-patot-tatko-moj-pochina-tatkoto-na-toshe-proeski-vesta-ja-objavi-kerka-mu-dora/ Thu, 02 May 2024 09:26:13 +0000 https://republika.mk/?p=773321

Почина Никола Проески.

Веста за смртта на таткото на Тоше Проески ја објави неговата ќерка Дора.

„Светол патот, татко мој“ – напиша таа на Фејсбук.

По смртта на Тоше на 16 октомври 2007 година, неговите родители водеа тивок живот подалеку од очите на јавноста.

The post Светол патот, татко мој: Почина таткото на Тоше Проески, веста ја објави ќерка му Дора appeared first on Република.

]]>

Почина Никола Проески. Веста за смртта на таткото на Тоше Проески ја објави неговата ќерка Дора. „Светол патот, татко мој“ – напиша таа на Фејсбук. По смртта на Тоше на 16 октомври 2007 година, неговите родители водеа тивок живот подалеку од очите на јавноста.

The post Светол патот, татко мој: Почина таткото на Тоше Проески, веста ја објави ќерка му Дора appeared first on Република.

]]>
Почина таткото на Тоше Проески https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochina-tatkoto-na-toshe-proeski/ Thu, 02 May 2024 08:09:43 +0000 https://republika.mk/?p=773270

Почина Никола, таткото на Тоше Проески. Тажната вест ја сподели неговата ќерка Дора.

Светол патот татко мој, пишува таа.

The post Почина таткото на Тоше Проески appeared first on Република.

]]>

Почина Никола, таткото на Тоше Проески. Тажната вест ја сподели неговата ќерка Дора.
Светол патот татко мој, пишува таа.

The post Почина таткото на Тоше Проески appeared first on Република.

]]>
Често се прашувам што би било ако го задржев само уште еден час, вели Бејби за последната емисија со Тоше https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/chesto-se-prashuvam-shto-bi-bilo-ako-go-zadrzhev-samo-ushte-eden-chas-veli-bejbi-za-poslednata-emisija-so-toshe/ Sat, 02 Mar 2024 09:10:46 +0000 https://republika.mk/?p=750052

Често се прашувам што би било ако го задржев Тоше само уште еден час пред да тргне на пат, вели Весна Бејби Петрушевска зборувајќи за снимањето на последното интервју со македонскиот пејач, ден пред трагичната несреќа. Актерката во интервју за „Еден на Еден“ открива дека тој често ѝ се жалел дека го боли ногата и дека неодмна собрала храброст и по долго време ги посетила неговите родители во Крушево.

https://youtu.be/Nv8hANvgiKU?si=ESgCkL10kaxlWWYr

The post Често се прашувам што би било ако го задржев само уште еден час, вели Бејби за последната емисија со Тоше appeared first on Република.

]]>

Често се прашувам што би било ако го задржев Тоше само уште еден час пред да тргне на пат, вели Весна Бејби Петрушевска зборувајќи за снимањето на последното интервју со македонскиот пејач, ден пред трагичната несреќа. Актерката во интервју за „Еден на Еден“ открива дека тој често ѝ се жалел дека го боли ногата и дека неодмна собрала храброст и по долго време ги посетила неговите родители во Крушево. https://youtu.be/Nv8hANvgiKU?si=ESgCkL10kaxlWWYr

The post Често се прашувам што би било ако го задржев само уште еден час, вели Бејби за последната емисија со Тоше appeared first on Република.

]]>
Промоција на проектот „Ој девојче“ на диџеј Деловски и етно групата Синтезис https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/promotsija-na-proektot-oj-devojche-na-didhej-delovski-i-etno-grupata-sintezis/ Sun, 28 Jan 2024 08:31:31 +0000 https://republika.mk/?p=737653

Во „Интермецо бар“ во Скопје вечерва ќе биде промовиран проектот „Ој девојче“ на музичкиот продуцент и диџеј Деловски и етно групата Синтезис кој е издаден на 25 јануари, роденденот на Тоше Проески.

Голема чест и задоволство ни е да Ви го претставиме нашиот нов проект - колаборација и преработка на една од најпознатите Македонски етно музички изданија „Ој девојче“, на кој што решивме да ги оставиме оригиналните вокали од нашиот најголем непробол - Тоше Проески. Наша цел со ова музичко издание е да се вратат националните и етничките вредности, како и да ја негуваме етно музиката на начин на кој што и доликува. Деловски успеа да го преработи ова издание, да му даде еден нов, модерен сјај и шмек, кој со сигурност ќе стане хит, велат од Синтезис.

The post Промоција на проектот „Ој девојче“ на диџеј Деловски и етно групата Синтезис appeared first on Република.

]]>

Во „Интермецо бар“ во Скопје вечерва ќе биде промовиран проектот „Ој девојче“ на музичкиот продуцент и диџеј Деловски и етно групата Синтезис кој е издаден на 25 јануари, роденденот на Тоше Проески.
Голема чест и задоволство ни е да Ви го претставиме нашиот нов проект - колаборација и преработка на една од најпознатите Македонски етно музички изданија „Ој девојче“, на кој што решивме да ги оставиме оригиналните вокали од нашиот најголем непробол - Тоше Проески. Наша цел со ова музичко издание е да се вратат националните и етничките вредности, како и да ја негуваме етно музиката на начин на кој што и доликува. Деловски успеа да го преработи ова издание, да му даде еден нов, модерен сјај и шмек, кој со сигурност ќе стане хит, велат од Синтезис.

The post Промоција на проектот „Ој девојче“ на диџеј Деловски и етно групата Синтезис appeared first on Република.

]]>
Сестрата на Тоше сподели фотографија од домот, торта и натпис кој ја кине душата https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/sestrata-na-toshe-spodeli-fotografija-od-domot-torta-i-natpis-koj-ja-kine-dushata/ Thu, 25 Jan 2024 14:36:36 +0000 https://republika.mk/?p=736822

Сите се сеќаваме на нашиот Тоше Проески. На денот на неговото раѓање, се огласи и неговата сестра Дора, која сподели фотографија од роденденска торта со запалени свеќи, додека во позадината е фотографијата на Тоше, а зборовите на тортата ја кинат душата.

Тешко е да се живее без душа, а душа моја си ти - пишува на роденденската торта посветена на настраданиот Тоше.

Иако не е меѓу нас, бидејќи прерано го напушти овој живот, со само 26 години, неговата скромност, хуманост и големината на неговото срце засекогаш е врежана во нашите сеќавања.

The post Сестрата на Тоше сподели фотографија од домот, торта и натпис кој ја кине душата appeared first on Република.

]]>

Сите се сеќаваме на нашиот Тоше Проески. На денот на неговото раѓање, се огласи и неговата сестра Дора, која сподели фотографија од роденденска торта со запалени свеќи, додека во позадината е фотографијата на Тоше, а зборовите на тортата ја кинат душата.
Тешко е да се живее без душа, а душа моја си ти - пишува на роденденската торта посветена на настраданиот Тоше.
Иако не е меѓу нас, бидејќи прерано го напушти овој живот, со само 26 години, неговата скромност, хуманост и големината на неговото срце засекогаш е врежана во нашите сеќавања.

The post Сестрата на Тоше сподели фотографија од домот, торта и натпис кој ја кине душата appeared first on Република.

]]>
Oд демо снимка направена пред 20 години, со помош на ВИ, објавена нова песна на Тоше Проески https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/od-demo-snimka-napravena-pred-20-godini-so-pomosh-na-vi-objavena-nova-pesna-na-toshe-proeski/ Thu, 25 Jan 2024 12:29:43 +0000 https://republika.mk/?p=736723

Со помош на новата технологија во вештачката интелигенција, од демо снимка направена пред 20 години, денеска на неговиот роденден е објавена нова песна од прерано загинатиот Тоше Проески. „Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе“… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна од најголема македонска музичка ѕвезда, оставена како аманет на радио-водителот, диџеј, продуцент и пред сè пријател на Тоше, Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс. Тој одлучи демо снимката комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

https://youtu.be/mpizP1g2dBo?si=Gj34MQMbJ6YdjJcI

Првата демо снимка е направена во септември 2004 година во домашното студио на Кирил.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс). Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД, Костадин Камчев -„Студио Моцарт” од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

Голема благодарност до целата екипа кои што несебично помогна во реализацијата на песната; Давор Јордановски, Дарко Тасев, Иле Спасев, Јован Јованов и Александар Тасиќ од Лесковац. Посебна благодарност до Александар Трајановски кој што ја донесе песната во Македонија и му ја понуди на Тоше, изјави Кирил.

За спотот се погрижи екипата на „Студио 351” од Кавадарци.

The post Oд демо снимка направена пред 20 години, со помош на ВИ, објавена нова песна на Тоше Проески appeared first on Република.

]]>

Со помош на новата технологија во вештачката интелигенција, од демо снимка направена пред 20 години, денеска на неговиот роденден е објавена нова песна од прерано загинатиот Тоше Проески. „Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе“… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна од најголема македонска музичка ѕвезда, оставена како аманет на радио-водителот, диџеј, продуцент и пред сè пријател на Тоше, Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс. Тој одлучи демо снимката комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени. https://youtu.be/mpizP1g2dBo?si=Gj34MQMbJ6YdjJcI Првата демо снимка е направена во септември 2004 година во домашното студио на Кирил. Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс). Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД, Костадин Камчев -„Студио Моцарт” од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.
Голема благодарност до целата екипа кои што несебично помогна во реализацијата на песната; Давор Јордановски, Дарко Тасев, Иле Спасев, Јован Јованов и Александар Тасиќ од Лесковац. Посебна благодарност до Александар Трајановски кој што ја донесе песната во Македонија и му ја понуди на Тоше, изјави Кирил.
За спотот се погрижи екипата на „Студио 351” од Кавадарци.

The post Oд демо снимка направена пред 20 години, со помош на ВИ, објавена нова песна на Тоше Проески appeared first on Република.

]]>
Крушево пееше „со љубов за Тоше“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/krushevo-peeshe-so-lubov-za-toshe/ Fri, 06 Oct 2023 06:27:41 +0000 https://republika.mk/?p=688397

Со наслов „Со љубов за Тоше“ на платото пред спомен-куќата „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево синоќа се одржа концерт на кој 10-тина изведувачи од земјава и странство ги изведоа песните на Тоше Проески пред емотивната публика од повеќе краишта на Македонија и од соседните земји. Концертот се одржа по втор пат во организација на Спомен-куќата „Тодор Проески“.

-Еве веќе втора година се потсетуваме на последниот голем концерт на Тоше проески кој го одржа на 5 октомври 2007 година во Скопје, токму во салата која сега го носи неговото име. како спомен-куќа сакаме да ги одбележуваме и датумите кои значат радост, просперитет и дефинитивно 5 октомври е еден од најзначајните датуми во кариерата на Тоше, со големиот концерт. На овој чекор се одлучивме зашто сѐ уште неговите песни живеат во нашите срца, а Тоше живее преку нив и нѐ сплотува сите, изјави Лефкија Гажоска, директорка на спомен-куќата Тодор Проески.

За изведувачите, ова е навраќање кон големината на Тоше- и како пејач и како човек со големо срце.

-Ова е навраќање на неговата големина, во обид да ги допреме неговите песни. Едноставно, ние ќе ги уживаме неговите мелодии и додека пееме го чувствуваме него и сето она што нам ни го даде - и како музика и како дела, рече Александра Трајческа, млада изведувачкакоја ги испеа песните „Излажи ме“ и „Рани на усните“.

За првпат, младиот изведувач Џингис Мемедоски ја изведе „Тајно моја“ на знаковен јазик.

-Треба да го негуваме, почитуваме неговото дело што ни го остави Тоше, да ги следиме неговиот пат, музиката, начинот на живот за да бидеме подобри, рече Зоран илиев кој ги изведе песните на Тоше: „Усни на усни“ и „По тебе“.

На концертот на платото пред спомен-куќата пред бројната публика од повеќе краишта од земјава и од странство  со песните на Тоше настапија и: Александра Јанева, Димитар Андоновски, Славица Ангелова, Мите Стоилков, Никола Зацески, Инвиктус Бенд, Бојан Маровиќ и Фрајле.

Тоше Проески загина пред 16 години, во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, единаест дена по неговиот голем концерт во Скопје.

The post Крушево пееше „со љубов за Тоше“ appeared first on Република.

]]>

Со наслов „Со љубов за Тоше“ на платото пред спомен-куќата „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево синоќа се одржа концерт на кој 10-тина изведувачи од земјава и странство ги изведоа песните на Тоше Проески пред емотивната публика од повеќе краишта на Македонија и од соседните земји. Концертот се одржа по втор пат во организација на Спомен-куќата „Тодор Проески“. -Еве веќе втора година се потсетуваме на последниот голем концерт на Тоше проески кој го одржа на 5 октомври 2007 година во Скопје, токму во салата која сега го носи неговото име. како спомен-куќа сакаме да ги одбележуваме и датумите кои значат радост, просперитет и дефинитивно 5 октомври е еден од најзначајните датуми во кариерата на Тоше, со големиот концерт. На овој чекор се одлучивме зашто сѐ уште неговите песни живеат во нашите срца, а Тоше живее преку нив и нѐ сплотува сите, изјави Лефкија Гажоска, директорка на спомен-куќата Тодор Проески. За изведувачите, ова е навраќање кон големината на Тоше- и како пејач и како човек со големо срце. -Ова е навраќање на неговата големина, во обид да ги допреме неговите песни. Едноставно, ние ќе ги уживаме неговите мелодии и додека пееме го чувствуваме него и сето она што нам ни го даде - и како музика и како дела, рече Александра Трајческа, млада изведувачкакоја ги испеа песните „Излажи ме“ и „Рани на усните“. За првпат, младиот изведувач Џингис Мемедоски ја изведе „Тајно моја“ на знаковен јазик. -Треба да го негуваме, почитуваме неговото дело што ни го остави Тоше, да ги следиме неговиот пат, музиката, начинот на живот за да бидеме подобри, рече Зоран илиев кој ги изведе песните на Тоше: „Усни на усни“ и „По тебе“. На концертот на платото пред спомен-куќата пред бројната публика од повеќе краишта од земјава и од странство  со песните на Тоше настапија и: Александра Јанева, Димитар Андоновски, Славица Ангелова, Мите Стоилков, Никола Зацески, Инвиктус Бенд, Бојан Маровиќ и Фрајле. Тоше Проески загина пред 16 години, во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, единаест дена по неговиот голем концерт во Скопје.

The post Крушево пееше „со љубов за Тоше“ appeared first on Република.

]]>
16 години од неговиот последен настап: Концерт посветен на Тоше Проески во Крушево https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/16-godini-od-negoviot-posleden-nastap-kontsert-posveten-na-toshe-proeski-vo-krushevo/ Thu, 05 Oct 2023 05:55:02 +0000 https://republika.mk/?p=688015

На денот на последниот концерт на Тоше Проески, 5 октомври, вечерва на Гумење ќе се одржи концерт „Со љубов за Тоше“.

Пред спомен куќата „Тодор Проески“, во Крушево, на вториот по ред концерт ќе настапат „Фрајле“, Бојан Маровиќ, Александра Јанева, Димитар Андоновски, Славица Ангелова, Мите Стоилков, Александра Трајческа, Никола Зацески, Зоран Илиев и „Инвиктус бенд“.

На концертот ќе ги пееме неговите безвременски хитови - „Со љубов за Тоше“, најавуваат од тимот „Krusevo Advisor“.

The post 16 години од неговиот последен настап: Концерт посветен на Тоше Проески во Крушево appeared first on Република.

]]>

На денот на последниот концерт на Тоше Проески, 5 октомври, вечерва на Гумење ќе се одржи концерт „Со љубов за Тоше“. Пред спомен куќата „Тодор Проески“, во Крушево, на вториот по ред концерт ќе настапат „Фрајле“, Бојан Маровиќ, Александра Јанева, Димитар Андоновски, Славица Ангелова, Мите Стоилков, Александра Трајческа, Никола Зацески, Зоран Илиев и „Инвиктус бенд“.
На концертот ќе ги пееме неговите безвременски хитови - „Со љубов за Тоше“, најавуваат од тимот „Krusevo Advisor“.

The post 16 години од неговиот последен настап: Концерт посветен на Тоше Проески во Крушево appeared first on Република.

]]>
И Тоше Проески меѓу иконите на светците во „неговиот“ манастир Свето Преображение во Крушево https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/i-toshe-proeski-megu-ikonite-na-svettsite-vo-negoviot-manastir-sveto-preobrazhenie-vo-krushevo/ Sun, 24 Sep 2023 16:46:41 +0000 https://republika.mk/?p=684762

Кога му требаше духовна поткрепа пред настапите и новите песни, Тоше Проески ја наоѓаше во манастирот Свето Преображение Господово во Крушево. Иако неизграден, тој беше поттик на Проевски кој силно се залагаше за негово довршување.

Денеска по три децении градење, Манастирот Свето Преображение Господово, односно манастирот на Тоше беше осветен. Во црквата беше насликан и ликот на Тоше Проески под кој е ставен и каменот на кој пејачот постојано му се поклонувал при посетите на манастирот.

Крушевско – демирхисарскиот Митрополит Г. Јован донесе одлука за негово осветување по завршувањето на градбата која траеше со децени. Чинот на осветување го изврши Архиепископот г.г. Стефан во сослужение на повеќе архиереи на МПЦ-ОА.

– Манастирскиот храм во Манастирот Свето Преображение Господово во Крушево, со Божјата помош и благодат, после долги години на градба ја достигна состојбата да биде осветен. Најзаслужно име за подигањето на целиот манастирски комплекс е името на покојниот Тоше Проески, беше наведено во соопштението на Крушевско – демирхисарската епархија.

Во осветувањето, заедно со Архиепископот Г.Г. Стефан, во сослужение беа и повеќе Архиереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.


фото: Телма

The post И Тоше Проески меѓу иконите на светците во „неговиот“ манастир Свето Преображение во Крушево appeared first on Република.

]]>

Кога му требаше духовна поткрепа пред настапите и новите песни, Тоше Проески ја наоѓаше во манастирот Свето Преображение Господово во Крушево. Иако неизграден, тој беше поттик на Проевски кој силно се залагаше за негово довршување. Денеска по три децении градење, Манастирот Свето Преображение Господово, односно манастирот на Тоше беше осветен. Во црквата беше насликан и ликот на Тоше Проески под кој е ставен и каменот на кој пејачот постојано му се поклонувал при посетите на манастирот. Крушевско – демирхисарскиот Митрополит Г. Јован донесе одлука за негово осветување по завршувањето на градбата која траеше со децени. Чинот на осветување го изврши Архиепископот г.г. Стефан во сослужение на повеќе архиереи на МПЦ-ОА. – Манастирскиот храм во Манастирот Свето Преображение Господово во Крушево, со Божјата помош и благодат, после долги години на градба ја достигна состојбата да биде осветен. Најзаслужно име за подигањето на целиот манастирски комплекс е името на покојниот Тоше Проески, беше наведено во соопштението на Крушевско – демирхисарската епархија. Во осветувањето, заедно со Архиепископот Г.Г. Стефан, во сослужение беа и повеќе Архиереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
фото: Телма

The post И Тоше Проески меѓу иконите на светците во „неговиот“ манастир Свето Преображение во Крушево appeared first on Република.

]]>
Копров за Тоше: За него бев Господ, а ми дојде со потпишан договор https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/koprov-za-toshe-za-nego-bev-gospod-a-mi-dojde-so-potpishan-dogovor/ Mon, 27 Feb 2023 21:38:32 +0000 https://republika.mk/?p=613941

Григор Копров е еден од најпознатите македонски поп композитори. Работел со многу ѕвезди како Маја Оџаклиевска, Тоше Проески, Владо Јаневски, Марјан Стојановски, Мартин Вучиќ, Каролина Гочева и Андријана Јаневска. Toj во емисијата раскажа за прв пат како дошло до соработка и прекинот со Тоше Проески.

Ова по првпат го зборувам јавно, дојдоа двајцата и јас му се обраќам на татко му Никола. Јас одлучив уште пред да дојдат дека ќе го земам.

Му викам: Никола, ова е дете јас со тебе разговарам, во вашите фамилијарни работи јас немам намера да се мешам, но единствен услов јас да му ја водам кариерата негова што се однесува до музиката.

Тука викам ова е единствен услов, јас ќе инвестирам во него, ќе правиме се што треба. Па вие Копров сте Господ Бог ова она, се изгушкавме..и дојде првата песна „Усни на усни“ – лу дница во државата.

Втората „Сонце во твоите руси коси“, третата „Бакнежи“ и се дотука и тука застанувам. За понатаму имам што да кажам но сега не.

И со овие три песни го молам пошто Владо правеше промоција, правеше концерти во Македонија како најголема ѕвезда во моментот и му викам те молам ќе го земеш Тоше како предгрупа.

И го зеде. И Тоше со три песни малтене подобро поминуваше него Владо. Ми се јавува Владо од Прилеп и ми вика абе ти го контролираш детево? Зашто бе Владо? Па вика сака да потпише татко му договор. И дојде во саботата во Универзална со потпишан договор, инаку Господ бев за него..

Морам да кажам..Авалон му ја водеше кариерата фантастично. Го имаа како свое дете, се се промени со Лилија, заклучува Григор Копров.

The post Копров за Тоше: За него бев Господ, а ми дојде со потпишан договор appeared first on Република.

]]>

Григор Копров е еден од најпознатите македонски поп композитори. Работел со многу ѕвезди како Маја Оџаклиевска, Тоше Проески, Владо Јаневски, Марјан Стојановски, Мартин Вучиќ, Каролина Гочева и Андријана Јаневска. Toj во емисијата раскажа за прв пат како дошло до соработка и прекинот со Тоше Проески. Ова по првпат го зборувам јавно, дојдоа двајцата и јас му се обраќам на татко му Никола. Јас одлучив уште пред да дојдат дека ќе го земам. Му викам: Никола, ова е дете јас со тебе разговарам, во вашите фамилијарни работи јас немам намера да се мешам, но единствен услов јас да му ја водам кариерата негова што се однесува до музиката.
Тука викам ова е единствен услов, јас ќе инвестирам во него, ќе правиме се што треба. Па вие Копров сте Господ Бог ова она, се изгушкавме..и дојде првата песна „Усни на усни“ – лу дница во државата.
Втората „Сонце во твоите руси коси“, третата „Бакнежи“ и се дотука и тука застанувам. За понатаму имам што да кажам но сега не. И со овие три песни го молам пошто Владо правеше промоција, правеше концерти во Македонија како најголема ѕвезда во моментот и му викам те молам ќе го земеш Тоше како предгрупа.
И го зеде. И Тоше со три песни малтене подобро поминуваше него Владо. Ми се јавува Владо од Прилеп и ми вика абе ти го контролираш детево? Зашто бе Владо? Па вика сака да потпише татко му договор. И дојде во саботата во Универзална со потпишан договор, инаку Господ бев за него..
Морам да кажам..Авалон му ја водеше кариерата фантастично. Го имаа како свое дете, се се промени со Лилија, заклучува Григор Копров.

The post Копров за Тоше: За него бев Господ, а ми дојде со потпишан договор appeared first on Република.

]]>
Дора Проеска: Секој твој роденден Тоше е наша воздишка https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dora-proeska-sekoj-tvoj-rodenden-toshe-e-nasha-vozdishka/ Wed, 25 Jan 2023 07:59:08 +0000 https://republika.mk/?p=600694

Секој твој роденден Тоше е наша воздишка, пишува на тортата од неговото семејство по повод денот на раѓањето на Тоше Проески, која на социјалните мрежи ја сподели неговата сестра Дора.

Денеска се навршуваат 42 години од раѓањето на македонскиот музичар и хуманист.

Во спомен на неговиот роденден, под мотото „За Тоше со Љубов“ денеска, по деветнаесетти пат, Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Македонија – Општинска организација Центар во соработка со ИТМ ќе ја организираат традиционалната крводарителската акција. Крводарителската акција ќе се реализира во холот на Дом на АРМ од 09:00 до 17:00 часот.

Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост, наведуваат од Црвен крст.

До сега, на овие акции се реализирани повеќе од 5.300 единици крв.

Исто така со крводарителска акција, но и со почит на неговото вечно почивалиште, промоција на уметнички дела и музичко-сценски настан насловен „Ангел си ти“ денеска во Спомен-домот „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево ќе се одбележи неговиот роденден и во родниот град. 

Хуманитарната крводарителска акција, во организација на Црвениот крст од Крушево, ќе се одржува во Спомен-куќата и ќе трае од 9 до 16 часот. Во 10.30 е посетата на вечното почивалите на Тоше на Гумење, а од 11 часот е изложбата на дела на уметницата Марија Бојкоска од ликовната школа „Тоциновски“ од Скопје.

Во Спомен-домот „Тодор Проески“ ќе бидат промовирани делата од 26. Керамичка колонија од Велес. За 42-риот роденден на Тоше ќе бидат промоврани и 42 маички печатени со победнички мотив.

Напладне е сценско-музичкиот настан насловен „Ангел си ти“. Музички рефрени од Тоше ќе изведат Андријана Јанеска и Бојан Стојков во придружба на „Џез сценарио“ од Битола, во аранжман на професорот по пијано и диригирање Вангел Мажески.

Крај вечното почивалиште на Тоше Проески ќе бидат и неговите обожуватели и приврзаници кои секогаш доаѓаат од земјава и Балканот.

Тоше Проески го загуби животот на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска. Имаше само 26 години.

Спомен-куќата „Тодор Проески“ ги чува спомените за големата музичка ѕвезда и е најпосетуваниот музеј на овие простори.

The post Дора Проеска: Секој твој роденден Тоше е наша воздишка appeared first on Република.

]]>

Секој твој роденден Тоше е наша воздишка, пишува на тортата од неговото семејство по повод денот на раѓањето на Тоше Проески, која на социјалните мрежи ја сподели неговата сестра Дора. Денеска се навршуваат 42 години од раѓањето на македонскиот музичар и хуманист. Во спомен на неговиот роденден, под мотото „За Тоше со Љубов“ денеска, по деветнаесетти пат, Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Македонија – Општинска организација Центар во соработка со ИТМ ќе ја организираат традиционалната крводарителската акција. Крводарителската акција ќе се реализира во холот на Дом на АРМ од 09:00 до 17:00 часот.
Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост, наведуваат од Црвен крст.
До сега, на овие акции се реализирани повеќе од 5.300 единици крв. Исто така со крводарителска акција, но и со почит на неговото вечно почивалиште, промоција на уметнички дела и музичко-сценски настан насловен „Ангел си ти“ денеска во Спомен-домот „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево ќе се одбележи неговиот роденден и во родниот град.  Хуманитарната крводарителска акција, во организација на Црвениот крст од Крушево, ќе се одржува во Спомен-куќата и ќе трае од 9 до 16 часот. Во 10.30 е посетата на вечното почивалите на Тоше на Гумење, а од 11 часот е изложбата на дела на уметницата Марија Бојкоска од ликовната школа „Тоциновски“ од Скопје. Во Спомен-домот „Тодор Проески“ ќе бидат промовирани делата од 26. Керамичка колонија од Велес. За 42-риот роденден на Тоше ќе бидат промоврани и 42 маички печатени со победнички мотив. Напладне е сценско-музичкиот настан насловен „Ангел си ти“. Музички рефрени од Тоше ќе изведат Андријана Јанеска и Бојан Стојков во придружба на „Џез сценарио“ од Битола, во аранжман на професорот по пијано и диригирање Вангел Мажески. Крај вечното почивалиште на Тоше Проески ќе бидат и неговите обожуватели и приврзаници кои секогаш доаѓаат од земјава и Балканот. Тоше Проески го загуби животот на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска. Имаше само 26 години. Спомен-куќата „Тодор Проески“ ги чува спомените за големата музичка ѕвезда и е најпосетуваниот музеј на овие простори.

The post Дора Проеска: Секој твој роденден Тоше е наша воздишка appeared first on Република.

]]>
Изложба во чест на Тоше во Музејот на македонската борба за самостојност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-vo-chest-na-toshe-vo-muzejot-na-makedonskata-borba-za-samostojnost/ Wed, 16 Nov 2022 21:21:14 +0000 https://republika.mk/?p=574660

Во Музејот на македонската борба за самостојност вечерва е отворена изложбата „Спомен куќа на Тоше - чувар на спомените, животот и делото на најголемата македонска поп икона“ на која се прикажани 15 форекси и 15 фотографии на платно заедно со два дела од облеката на Тоше, како и неговиот омилен музички инструмент, гитарата.

Директорката на Музеј на македонската борба за самостојност, Даниела Николова, кажа дека преку изложбата на 15 форекси и 15 фотографии на кванс платно, посетителите ќе имаат можност да го проследат животниот пат на Тоше Проески.

Времето поминува, но спомените остануваат вечни. Да се сеќаваме на ликот и делото на Тоше и понатаму и секогаш да ја пренесуваме неговата порака за љубов, несебичност и хуманост, бидејќи само така ќе го задржиме споменот за него, истакна Николова.

Директорката на НУ Спомен куќа на Тодор Проески, Лефкија Гажоска, ја објасни причината зошто проектот е насловен „Спомен куќата на Тоше - чувар на спомените“.

Спомен куќата има посебно место во животите на сите фанови на Тоше и на едно место ќе можат да видат се што е поврзано со него, појасни Гажоска.

Изложбата на која се претставени животот и делото на Тоше почнувајќи од неговото детство до последните постхумни награди и албуми, ќе биде отворена за јавноста до 23 ноември, а проектот е реализиран со поддршка на Министерството за култура.

 

The post Изложба во чест на Тоше во Музејот на македонската борба за самостојност appeared first on Република.

]]>

Во Музејот на македонската борба за самостојност вечерва е отворена изложбата „Спомен куќа на Тоше - чувар на спомените, животот и делото на најголемата македонска поп икона“ на која се прикажани 15 форекси и 15 фотографии на платно заедно со два дела од облеката на Тоше, како и неговиот омилен музички инструмент, гитарата. Директорката на Музеј на македонската борба за самостојност, Даниела Николова, кажа дека преку изложбата на 15 форекси и 15 фотографии на кванс платно, посетителите ќе имаат можност да го проследат животниот пат на Тоше Проески.
Времето поминува, но спомените остануваат вечни. Да се сеќаваме на ликот и делото на Тоше и понатаму и секогаш да ја пренесуваме неговата порака за љубов, несебичност и хуманост, бидејќи само така ќе го задржиме споменот за него, истакна Николова.
Директорката на НУ Спомен куќа на Тодор Проески, Лефкија Гажоска, ја објасни причината зошто проектот е насловен „Спомен куќата на Тоше - чувар на спомените“.
Спомен куќата има посебно место во животите на сите фанови на Тоше и на едно место ќе можат да видат се што е поврзано со него, појасни Гажоска.
Изложбата на која се претставени животот и делото на Тоше почнувајќи од неговото детство до последните постхумни награди и албуми, ќе биде отворена за јавноста до 23 ноември, а проектот е реализиран со поддршка на Министерството за култура.  

The post Изложба во чест на Тоше во Музејот на македонската борба за самостојност appeared first on Република.

]]>
Изложба во чест на Тоше Проески во Музејот на македонската борба https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-vo-chest-na-toshe-proeski-vo-muzejot-na-makedonskata-borba/ Tue, 15 Nov 2022 10:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=573937

Изложбата „Спомен куќата на Тоше - чувар на спомените, животот и делото на најголемата македонска поп икона“ ќе биде поставена на 16 ноември (среда) во 18 часот во Музејот на македонската борба за самостојност.

На изложбата ќе биде претставен животот и делото на Тоше почнувајќи од детството до последните постхумни награди и албуми.

Изложбата е во организација на НУ Спомен куќа на Тодор Проески – Крушево и ќе биде отворена за јавноста до 23 ноември.

Проектот се реализира со поддршка од Министерството за култура.

The post Изложба во чест на Тоше Проески во Музејот на македонската борба appeared first on Република.

]]>

Изложбата „Спомен куќата на Тоше - чувар на спомените, животот и делото на најголемата македонска поп икона“ ќе биде поставена на 16 ноември (среда) во 18 часот во Музејот на македонската борба за самостојност. На изложбата ќе биде претставен животот и делото на Тоше почнувајќи од детството до последните постхумни награди и албуми. Изложбата е во организација на НУ Спомен куќа на Тодор Проески – Крушево и ќе биде отворена за јавноста до 23 ноември. Проектот се реализира со поддршка од Министерството за култура.

The post Изложба во чест на Тоше Проески во Музејот на македонската борба appeared first on Република.

]]>
Дончиќ во возилото го слуша нашиот Тоше https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/donchikj-vo-voziloto-go-slusha-nashiot-toshe/ Tue, 25 Oct 2022 09:22:15 +0000 https://republika.mk/?p=565323

Словенечката звезда Лука Дончиќ докажа дека ја сака музиката македонската звезда Тоше Проески. Тој објави фотографија додека патува кон салата каде Далас ги игра своите мечеви. Во возилото ечи никој друг туку песната на Тоше „Ако ме погледаш у очи“.

Секоја чест за ова момче.

 

The post Дончиќ во возилото го слуша нашиот Тоше appeared first on Република.

]]>

Словенечката звезда Лука Дончиќ докажа дека ја сака музиката македонската звезда Тоше Проески. Тој објави фотографија додека патува кон салата каде Далас ги игра своите мечеви. Во возилото ечи никој друг туку песната на Тоше „Ако ме погледаш у очи“. Секоја чест за ова момче.  

The post Дончиќ во возилото го слуша нашиот Тоше appeared first on Република.

]]>
„Сè има смисла откако се врати во мојот живот“: Вака гласела последната порака што Тоше и ја испратил на Андријана Будимир https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/se-ima-smisla-otkako-se-vrati-vo-mojot-zivot-vaka-glasela-poslednata-poraka-shto-toshe-i-ja-ispratil-na-andrijana-budimir/ Mon, 17 Oct 2022 08:31:55 +0000 https://republika.mk/?p=561947

Тоше Проески кој  загина на автопатот во Хрватска а последната порака што ја испратил пред судирот била упатена до Андријана Будимир и гласи.

- Мојата единствена принцеза, те сакам многу, па ќе те чувам во сон. Сè има смисла откако се врати во мојот живот. Те сакам, објави „Објектив.рс“.

Андријана по трагедијата се повлечеи не даваше никакви изјави.

Денеска таа е среќно мажена жена и мајка на едно момче Максим и работи како ракометен тренер.

The post „Сè има смисла откако се врати во мојот живот“: Вака гласела последната порака што Тоше и ја испратил на Андријана Будимир appeared first on Република.

]]>

Тоше Проески кој  загина на автопатот во Хрватска а последната порака што ја испратил пред судирот била упатена до Андријана Будимир и гласи.
- Мојата единствена принцеза, те сакам многу, па ќе те чувам во сон. Сè има смисла откако се врати во мојот живот. Те сакам, објави „Објектив.рс“.
Андријана по трагедијата се повлечеи не даваше никакви изјави. Денеска таа е среќно мажена жена и мајка на едно момче Максим и работи како ракометен тренер.

The post „Сè има смисла откако се врати во мојот живот“: Вака гласела последната порака што Тоше и ја испратил на Андријана Будимир appeared first on Република.

]]>