торонто Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toronto/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jul 2024 07:39:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png торонто Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toronto/ 32 32 Торонто поплавен, спасени 14 луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/toronto-poplaven-spaseni-14-luge/ Wed, 17 Jul 2024 07:39:20 +0000 https://republika.mk/?p=797582

Најмалку 14 луѓе се спасени поради рекордно количество врнежи кои поплавија делови од Торонто и оставија повеќе од 167.000 домови без струја.

„Environment Canada“ (Environment Canada) вчера објави дека во Торонто паднале речиси 100 милиметри дожд, со што го надмина дневниот рекорд на градот поставен во 1941 година, пишува Би-Би-Си. Неколку летови беа одложени или откажани од аеродромот „Били Бишоп“, на островите Торонто поради невремето.

Главниот автопат кој минува покрај реката Дон е блокиран во двата правци поради поплави. Затворен беше и автопатот Онтарио, а полицијата соопшти дека најверојатно ќе остане затворен уште еден ден.

Противпожарната служба во Торонто добила бројни повици од луѓе заглавени во лифтовите поради прекини на струја.

За три часа имавме 25 отсто повеќе дожд отколку што вообичаено би имало во цел јули со сите бури“, изјави метеорологот Дејв Филипс.

Управата за заштита на Торонто и регионот предупреди дека областите во близина на брегот, реките и потоците во градот се особено подложни на поплави.

Градоначалничката на Торонто, Оливија Чоу, рече дека градот инвестира во напорите за чистење за да се осигура дека поплавите како оние во 2013 година нема да се повторат во иднина. Таа година, најмалку 300.000 луѓе останаа без струја во Торонто, а повеќе од 1.000 луѓе беа спасени од поплавен воз.

The post Торонто поплавен, спасени 14 луѓе appeared first on Република.

]]>

Најмалку 14 луѓе се спасени поради рекордно количество врнежи кои поплавија делови од Торонто и оставија повеќе од 167.000 домови без струја. „Environment Canada“ (Environment Canada) вчера објави дека во Торонто паднале речиси 100 милиметри дожд, со што го надмина дневниот рекорд на градот поставен во 1941 година, пишува Би-Би-Си. Неколку летови беа одложени или откажани од аеродромот „Били Бишоп“, на островите Торонто поради невремето. Главниот автопат кој минува покрај реката Дон е блокиран во двата правци поради поплави. Затворен беше и автопатот Онтарио, а полицијата соопшти дека најверојатно ќе остане затворен уште еден ден. Противпожарната служба во Торонто добила бројни повици од луѓе заглавени во лифтовите поради прекини на струја.
За три часа имавме 25 отсто повеќе дожд отколку што вообичаено би имало во цел јули со сите бури“, изјави метеорологот Дејв Филипс.
Управата за заштита на Торонто и регионот предупреди дека областите во близина на брегот, реките и потоците во градот се особено подложни на поплави. Градоначалничката на Торонто, Оливија Чоу, рече дека градот инвестира во напорите за чистење за да се осигура дека поплавите како оние во 2013 година нема да се повторат во иднина. Таа година, најмалку 300.000 луѓе останаа без струја во Торонто, а повеќе од 1.000 луѓе беа спасени од поплавен воз.

The post Торонто поплавен, спасени 14 луѓе appeared first on Република.

]]>
На настап во Торонто, Мадона го поздрави Бостон https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/na-nastap-vo-toronto-madona-go-pozdravi-boston/ Wed, 17 Jan 2024 11:40:23 +0000 https://republika.mk/?p=733961

Мадона пееше и во Торонто во рамките на својата турнеја „Celebration“, но кога излезе на сцената го поздрави Бостон, па брзо почна да се „пере“ поради грешката што ја направи.„Дали си подготвен, Бостон?“, извика таа, а потоа опцу, кога сфати што направила.

Дали се налутивте што реков Бостон? Се извинувам. Какво е ова еб.но срање?

 

Тоа би било како некој од вас да каже: „Еј, Лејди Гага ќе настапи вечерва. Не би го сакала тоа. Немам ништо против неа, згора на тоа, ја сакам. Ги сакам сите што се пониски од мене…, го продолжи говорот, и успеа да ги насмее присутните на концертот.

@lastwrestlinghistorian #fyp #foryourpage #trending #madonna #celebrationtour #madonnamusic #madonnatotonto #ladygaga ♬ original sound - Alan

The post На настап во Торонто, Мадона го поздрави Бостон appeared first on Република.

]]>

Мадона пееше и во Торонто во рамките на својата турнеја „Celebration“, но кога излезе на сцената го поздрави Бостон, па брзо почна да се „пере“ поради грешката што ја направи.„Дали си подготвен, Бостон?“, извика таа, а потоа опцу, кога сфати што направила.
Дали се налутивте што реков Бостон? Се извинувам. Какво е ова еб.но срање?   Тоа би било како некој од вас да каже: „Еј, Лејди Гага ќе настапи вечерва. Не би го сакала тоа. Немам ништо против неа, згора на тоа, ја сакам. Ги сакам сите што се пониски од мене…, го продолжи говорот, и успеа да ги насмее присутните на концертот.
@lastwrestlinghistorian #fyp #foryourpage #trending #madonna #celebrationtour #madonnamusic #madonnatotonto #ladygaga ♬ original sound - Alan

The post На настап во Торонто, Мадона го поздрави Бостон appeared first on Република.

]]>
Никола Маџиров беше член на жирито за светската награда „Грифин поетри прајз“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nikola-madhirov-beshe-chlen-na-zhirito-za-svetskata-nagrada-grifin-poetri-prajz/ Fri, 16 Jun 2023 11:21:35 +0000 https://republika.mk/?p=652108

Македонскиот поет Никола Маџиров беше член на жирото на најголемата светска награда со меѓународен карактер за поетска книга напишана или преведена на англиски јазик, „Грифин поетри прајз“, која на 7 јуни беше доделена во Торонто, Канада, а ја доби американскиот поет Роџер Ривс.

Наградата за најдобра книга напишана или преведена на англиски јазик за 2022/2023 година, која изнесува 100.000 американски долари, му беше доделена на авторот на свечена церемонија во „Корнер хол“ во Торонто, а Маџиров присуствуваше на церемонијата.

На церемонијата, пред околу илјада посетители во „Корнер хол“ во Торонто, веста дека добитник на наградата е Роџер Ривс ја соопштивме заедно со членката на жирито од САД, добитничка на „Пулицер“ и американска национална лауреатка за поезија, Наташа Третвеј. Истата вечер беше соопштено и името на добитничката на наградата за животно дело за оваа година – ирско-американската поетеса Фени Хоу, која им се придружи на Томас Транстромер, Адам Загајевски, Х.М. Енценсбергер, Ко Ун, Дерек Волкот, Шејмас Хини, Аделиа Прадо, Адриен Рич… – вели Маџиров по враќањето од Торонто.

Петте автори што влегоа во потесна конкуренција добија по 10.000 канадски долари и учество на свечената церемонија, а беше доделена и награда за најдобра дебитантска поетска книга во Канада. Другите двајца членови на жирито се американската поетеса Наташа Третвеј, американска национална лауреатка за 2012-2014 година и добитничка на „Пулицер“, и канадскиот поет Грегори Скофилд.

Наградата за животно дело, пак, досега ја имаат добиено неколку добитници на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“, како Ко Ун (2008), Х.М. Енцесбергер (2009), Адам Загајевски (2016) или нобеловците Томас Транстромер (2007), Шејмас Хини (2012), Дерек Волкот (2015) и други.

Во конкуренција за најдобра поетска книга напишана или преведена на англиски јазик беа шестотини книги од автори од многу земји. Една од основачите на наградата и добитничка на „Златниот венец“, Маргарет Етвуд, вели дека „Грифин поетри прајз“ ги афирмира и охрабрува поетите веќе дваесет и две години и дека „поезијата не е минорна форма на уметноста, таа е казанот на човечкиот јазик“. Наградата се доделува од 2000 година.

The post Никола Маџиров беше член на жирито за светската награда „Грифин поетри прајз“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот поет Никола Маџиров беше член на жирото на најголемата светска награда со меѓународен карактер за поетска книга напишана или преведена на англиски јазик, „Грифин поетри прајз“, која на 7 јуни беше доделена во Торонто, Канада, а ја доби американскиот поет Роџер Ривс. Наградата за најдобра книга напишана или преведена на англиски јазик за 2022/2023 година, која изнесува 100.000 американски долари, му беше доделена на авторот на свечена церемонија во „Корнер хол“ во Торонто, а Маџиров присуствуваше на церемонијата.
На церемонијата, пред околу илјада посетители во „Корнер хол“ во Торонто, веста дека добитник на наградата е Роџер Ривс ја соопштивме заедно со членката на жирито од САД, добитничка на „Пулицер“ и американска национална лауреатка за поезија, Наташа Третвеј. Истата вечер беше соопштено и името на добитничката на наградата за животно дело за оваа година – ирско-американската поетеса Фени Хоу, која им се придружи на Томас Транстромер, Адам Загајевски, Х.М. Енценсбергер, Ко Ун, Дерек Волкот, Шејмас Хини, Аделиа Прадо, Адриен Рич… – вели Маџиров по враќањето од Торонто.
Петте автори што влегоа во потесна конкуренција добија по 10.000 канадски долари и учество на свечената церемонија, а беше доделена и награда за најдобра дебитантска поетска книга во Канада. Другите двајца членови на жирито се американската поетеса Наташа Третвеј, американска национална лауреатка за 2012-2014 година и добитничка на „Пулицер“, и канадскиот поет Грегори Скофилд. Наградата за животно дело, пак, досега ја имаат добиено неколку добитници на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“, како Ко Ун (2008), Х.М. Енцесбергер (2009), Адам Загајевски (2016) или нобеловците Томас Транстромер (2007), Шејмас Хини (2012), Дерек Волкот (2015) и други. Во конкуренција за најдобра поетска книга напишана или преведена на англиски јазик беа шестотини книги од автори од многу земји. Една од основачите на наградата и добитничка на „Златниот венец“, Маргарет Етвуд, вели дека „Грифин поетри прајз“ ги афирмира и охрабрува поетите веќе дваесет и две години и дека „поезијата не е минорна форма на уметноста, таа е казанот на човечкиот јазик“. Наградата се доделува од 2000 година.

The post Никола Маџиров беше член на жирито за светската награда „Грифин поетри прајз“ appeared first on Република.

]]>
Ова е најлудата улична тепачка на сите времиња: Со жив питон го млати противникот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ova-e-najludata-ulichna-tepachka-na-site-vremina-so-zhiv-piton-go-mlati-protivnikot/ Sun, 21 May 2023 18:45:37 +0000 https://republika.mk/?p=643348

Човек (45) од Торонто е уапсен откако во текот на улична тепачка нападнал друг маж со питон.

Полицијата претходно добила пријава дека маж им се заканувал на минувачите со змија во близина на една крстосница малку пред полноќ.

Дошло до физичка пресметка и мажот го употреби питонот да ја нападне жртвата“, се наведува во соопштение од полицијата.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа како мажот замавнува со змијата и со неа го удира другиот маж. Жртвата се обидува да се одбрани, но мажот продолжува да го тепа со змијата.

https://twitter.com/crazyclipsonly/status/1657482303906480130?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1657482303906480130%7Ctwgr%5E66c7dbc8a3bba6760c3ba2e896934c7cb4b2f305%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fpublish.twitter.com%2F%3Fquery%3Dhttps3A2F2Ftwitter.com2Fcrazyclipsonly2Fstatus2F1657482303906480130widget%3DTweet

Набрзо потоа доаѓа полицијата и ја прекинува тепачката и ги тера мажите да легнат на земја. На видеото се гледа како питонот се обидува да побегне.

Мажот е обвинет за напад со оружје и злоставување на животното. Се појавил пред судот по пат на видеолинк и одреден му е притвор.

The post Ова е најлудата улична тепачка на сите времиња: Со жив питон го млати противникот appeared first on Република.

]]>

Човек (45) од Торонто е уапсен откако во текот на улична тепачка нападнал друг маж со питон. Полицијата претходно добила пријава дека маж им се заканувал на минувачите со змија во близина на една крстосница малку пред полноќ.
Дошло до физичка пресметка и мажот го употреби питонот да ја нападне жртвата“, се наведува во соопштение од полицијата.
На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа како мажот замавнува со змијата и со неа го удира другиот маж. Жртвата се обидува да се одбрани, но мажот продолжува да го тепа со змијата. https://twitter.com/crazyclipsonly/status/1657482303906480130?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1657482303906480130%7Ctwgr%5E66c7dbc8a3bba6760c3ba2e896934c7cb4b2f305%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fpublish.twitter.com%2F%3Fquery%3Dhttps3A2F2Ftwitter.com2Fcrazyclipsonly2Fstatus2F1657482303906480130widget%3DTweet Набрзо потоа доаѓа полицијата и ја прекинува тепачката и ги тера мажите да легнат на земја. На видеото се гледа како питонот се обидува да побегне. Мажот е обвинет за напад со оружје и злоставување на животното. Се појавил пред судот по пат на видеолинк и одреден му е притвор.

The post Ова е најлудата улична тепачка на сите времиња: Со жив питон го млати противникот appeared first on Република.

]]>
Oсум тинејџерки до смрт изболе бездомник, се истражува дали го убиле само за се прослават на „Тик ток“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/osum-tinejdzerki-do-smrt-izbole-bezdomnik-se-istrazuva-dali-go-ubile-samo-za-se-proslavat-na-tik-tok/ Wed, 21 Dec 2022 11:54:15 +0000 https://republika.mk/?p=588361

Осум тинејџерки,  на возраст меѓу 13 и 16 години, се обвинети за убиство од небрежност, откако до смрт изболе бездомник на улиците во Торонто, Канада, пишува „Дејли мејл“. Девојките со нож го нападнале 59-годишниот Кени во неделата рано наутро.

Детективот Тери Браун од Полициската единица за убиства во Торонто вели дека девојките не го познавале човекот, туку дека само сакале да украдат шише со алкохол од него.

Очевидец рекол дека во моментот на нападот, кој се случил на раскрсницата на Универзитетската авенија и улицата Јорк, Кени бил во друштво со пријателка.

Тие седеа на клупа, пиеја и пушеа цигара, кога дојдоа тинејџерките и се обидоа да го украдат малото шише со алкохол од Кени. По нападот ги видов како стојат до влезот во метрото, се расправаа и врескаа, раскажал тој.

Еден полицаец им рекол на новинарите дека девојките се однесувале „како диви животни“.

Сите беа многу млади. Го нападнаа човекот како диви животни. Тој се обиде да се одбрани, но тие уште толку му се нафрлија. Тој си ја гледаше својата работа, никому не му пречеше, раскажал тој за кандските емдиуми.

Детективот Браун додал дека дури и полицијата била шокирана од злосторството.

Во полицијата сум речиси 35 години и мислев дека сум видел сè. Некој кој не е шокиран од вакво нешто веројатно веќе кренал раце. Осум млади девојки, не постари од 16 години. Ако тоа не го сметаме за алармантно и шокантно, тогаш сите сме во голема неволја, рече тој.

Некои од девојките правеле проблеми и претходно истата вечер. Тој не сакаше да открие повеќе детали, но потврди дека девојките кои живеат на различни места во градот и одат во различни училишта се запознале преку социјалните мрежи.

Браун вели дека тинејџерките го нападнале како група, но одби да каже дали целиот инцидент е снимен, но додаде дека полицијата истражува дали има слични снимки на интернет.

Можеби овие млади девојки сакаа да станат познати на социјалните мрежи. Сите тие се подеднакво виновни. Нема сомнеж дека тие работеле во група, како еден ентитет, кога решиле да нападнат, вели детективот.

 

The post Oсум тинејџерки до смрт изболе бездомник, се истражува дали го убиле само за се прослават на „Тик ток“ appeared first on Република.

]]>

Осум тинејџерки,  на возраст меѓу 13 и 16 години, се обвинети за убиство од небрежност, откако до смрт изболе бездомник на улиците во Торонто, Канада, пишува „Дејли мејл“. Девојките со нож го нападнале 59-годишниот Кени во неделата рано наутро. Детективот Тери Браун од Полициската единица за убиства во Торонто вели дека девојките не го познавале човекот, туку дека само сакале да украдат шише со алкохол од него. Очевидец рекол дека во моментот на нападот, кој се случил на раскрсницата на Универзитетската авенија и улицата Јорк, Кени бил во друштво со пријателка.

Тие седеа на клупа, пиеја и пушеа цигара, кога дојдоа тинејџерките и се обидоа да го украдат малото шише со алкохол од Кени. По нападот ги видов како стојат до влезот во метрото, се расправаа и врескаа, раскажал тој.

Еден полицаец им рекол на новинарите дека девојките се однесувале „како диви животни“.
Сите беа многу млади. Го нападнаа човекот како диви животни. Тој се обиде да се одбрани, но тие уште толку му се нафрлија. Тој си ја гледаше својата работа, никому не му пречеше, раскажал тој за кандските емдиуми.
Детективот Браун додал дека дури и полицијата била шокирана од злосторството.
Во полицијата сум речиси 35 години и мислев дека сум видел сè. Некој кој не е шокиран од вакво нешто веројатно веќе кренал раце. Осум млади девојки, не постари од 16 години. Ако тоа не го сметаме за алармантно и шокантно, тогаш сите сме во голема неволја, рече тој.
Некои од девојките правеле проблеми и претходно истата вечер. Тој не сакаше да открие повеќе детали, но потврди дека девојките кои живеат на различни места во градот и одат во различни училишта се запознале преку социјалните мрежи. Браун вели дека тинејџерките го нападнале како група, но одби да каже дали целиот инцидент е снимен, но додаде дека полицијата истражува дали има слични снимки на интернет.
Можеби овие млади девојки сакаа да станат познати на социјалните мрежи. Сите тие се подеднакво виновни. Нема сомнеж дека тие работеле во група, како еден ентитет, кога решиле да нападнат, вели детективот.
 

The post Oсум тинејџерки до смрт изболе бездомник, се истражува дали го убиле само за се прослават на „Тик ток“ appeared first on Република.

]]>
Потоп за фаворитите на Мастерсот во Монтреал https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/potop-za-favoritite-na-mastersot-vo-montreal/ Thu, 11 Aug 2022 08:54:24 +0000 https://republika.mk/?p=538981

Првите тројца фаворити на Мастерсот во Монтреал загубија во својот прв натпревар на турнирот. Даниил Медведев (1) загуби од Ник Кирјос, Карлос Алкарас (2) од Томи Пол, а Стефанос Циципас (3) од Џек Дрејпер.

Последен пат првите три носители на Мастерс беа елиминирани по првото коло во 1999 година во Индијан Велс. Тогаш тоа беа Пит Сампрас, Евгениј Кафелников и Алекс Корета.

Генерално, до третото коло во Монтреал, останаа тројца најдобри од Топ 10: Каспер Руд (7), Феликс Оже-Алиасиме (9) и Хуберт Хуркач (10).

По ваквиот епилог, Надал на 22 август може да го престигне Медведев и да стане прв светски рекет по Мастерсот во Синсинати.  Русинот не одбрани 1.000 поени на Мастерсот во Монтреал Во понеделник, на најновата ранг-листа, тој ќе има само 125 поени предност пред Александар Зверев, но Германецот нема да може да го помине бидејќи ќе го пропушти Мастерсот во Синсинати, каде треба да ја одбрани титулата и 1.000 поени. Но, Рафаел Надал може да стане лидер на рејтингот. За да го направи ова мора да ја освои титулата, а Медведев да загуби пред четвртфиналето

The post Потоп за фаворитите на Мастерсот во Монтреал appeared first on Република.

]]>

Првите тројца фаворити на Мастерсот во Монтреал загубија во својот прв натпревар на турнирот. Даниил Медведев (1) загуби од Ник Кирјос, Карлос Алкарас (2) од Томи Пол, а Стефанос Циципас (3) од Џек Дрејпер. Последен пат првите три носители на Мастерс беа елиминирани по првото коло во 1999 година во Индијан Велс. Тогаш тоа беа Пит Сампрас, Евгениј Кафелников и Алекс Корета. Генерално, до третото коло во Монтреал, останаа тројца најдобри од Топ 10: Каспер Руд (7), Феликс Оже-Алиасиме (9) и Хуберт Хуркач (10). По ваквиот епилог, Надал на 22 август може да го престигне Медведев и да стане прв светски рекет по Мастерсот во Синсинати.  Русинот не одбрани 1.000 поени на Мастерсот во Монтреал Во понеделник, на најновата ранг-листа, тој ќе има само 125 поени предност пред Александар Зверев, но Германецот нема да може да го помине бидејќи ќе го пропушти Мастерсот во Синсинати, каде треба да ја одбрани титулата и 1.000 поени. Но, Рафаел Надал може да стане лидер на рејтингот. За да го направи ова мора да ја освои титулата, а Медведев да загуби пред четвртфиналето

The post Потоп за фаворитите на Мастерсот во Монтреал appeared first on Република.

]]>