Торонто експрес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toronto-ekspres/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jun 2024 21:21:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Торонто експрес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toronto-ekspres/ 32 32 Театарско патување со „Торонто експрес“ на фестивалот „Видик“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/teatarsko-patuvane-so-toronto-ekspres-na-festivalot-vidik/ Wed, 12 Jun 2024 16:09:11 +0000 https://republika.mk/?p=786761

На 12 јуни во 20 часот ќе биде одиграна комедијата „Торонто експрес“. Претставата, со Александар Микиќ во главната улога, е работена според мотивите од книгата „Торонто експрес (Тибам штркот)“ на авторот Зоран Спасов-Ѕоф. Книгата „Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“ е документаристичка стрип-проза, „водич за идните печалбари и тазе имигранти“, како што вели самиот автор, или литерарен прирачник за заминување, но и за враќање од Канада. Напишана на скопски сленг, книгата нуди една нова форма на битовост, на модерно печалбарство, актуализирајќи го вековниот проблем на иселувањето на нашиот народ на еден автентичен, самосвоен и мошне читлив, ведар и духовит начин. Новите „печалбари“ се академски музичари кои разнесуваат пици, машински инженери – „конобари“ по свадби, ортопеди – стручњаци за гипс-картон... Нивните (не)употребливи дипломи чекаат во куферите зафрлени во подрумите на големите изнајмени куќи во Канада.

The post Театарско патување со „Торонто експрес“ на фестивалот „Видик“ appeared first on Република.

]]>

„Торонто експрес“ и „Срам“ вечерва на интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/toronto-ekspres-i-sram-vecherva-na-internatsionalniot-festival-na-monodramata-vo-bitola/ Mon, 15 May 2023 07:54:00 +0000 https://republika.mk/?p=640845

Интернационалниот театарски фестивал на монодрамата во Битола продолжува со гостување на Македонскиот народен театар кој учествува со монодрамата „Торонто експрес“ од авторот Зоран Спасов-Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, а во изведба на актерот Александар Микиќ.

„Торонто експрес“ е една од најбараните и најпродаваните претстави од репертоарот на МНТ, а овојпат на Фестивалот ќе биде одиграна со публика на големата сцена во Битола како и со превод на англиски јазик, соопштија од Македонскиот народен театар.

Според програмата, покрај монодрамата „Торотнто експрес“, во вечерениот термин ќе биде одиграна монодрамата „Срам“ во која автор, режисер и актер е Ангела Стојановска.

Интернационалниот театарски фестивал на монодрамата во Битола е натпреварувачки и претставите ги оценува жири-комисија во која членуваат Нина Мазур, Николај Урумов и Сашко Коцев.

The post „Торонто експрес“ и „Срам“ вечерва на интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола appeared first on Република.

]]>

Интернационалниот театарски фестивал на монодрамата во Битола продолжува со гостување на Македонскиот народен театар кој учествува со монодрамата „Торонто експрес“ од авторот Зоран Спасов-Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, а во изведба на актерот Александар Микиќ. „Торонто експрес“ е една од најбараните и најпродаваните претстави од репертоарот на МНТ, а овојпат на Фестивалот ќе биде одиграна со публика на големата сцена во Битола како и со превод на англиски јазик, соопштија од Македонскиот народен театар. Според програмата, покрај монодрамата „Торотнто експрес“, во вечерениот термин ќе биде одиграна монодрамата „Срам“ во која автор, режисер и актер е Ангела Стојановска. Интернационалниот театарски фестивал на монодрамата во Битола е натпреварувачки и претставите ги оценува жири-комисија во која членуваат Нина Мазур, Николај Урумов и Сашко Коцев.

The post „Торонто експрес“ и „Срам“ вечерва на интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола appeared first on Република.

]]>
„Торонто експрес“ на 24. Интернационален фестивал на монодрамата во Битола https://arhiva3.republika.mk/scena/toronto-ekspres-na-24-internatsionalen-festival-na-monodramata-vo-bitola/ Fri, 12 May 2023 08:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=640004

На 24. Интернационален театарски фестивал на монодрамата во Битола Македонскиот народен театар учествува со монодрамата „Торонто експрес“ од авторот Зоран Спасов-Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, а во изведба на актерот Александар Микиќ, која ќе се одигра на 15 мај на големата сцена во Центарот за култура.

На фестивалската програма што почнува на 12 мај ќе учествуваат професионални актери од единаесет земји (Црна Гора, Естонија, Косово, Израел, Србија, Монголија, Италија, Шпанија, Хрватска, Литванија и РС Македонија), а ќе бидат изведени тринаесет монодрами од кои три од РС Македонија, а две ќе бидат надвор од програмата.
„Торонто експрес“ е една од најбараните и најпродаваните претстави од репертоарската програма на МНТ, а овој пат на Фестивалот ќе биде одиграна со публика на сцена, како и со титл на англиски јазик.

Како што известија од Фестивалот, жири комисијата оваа година ќе биде во состав: Нина Мазур (која на состанокот на УНЕСКО е изгласана за потпретседател на интернационалната монодрама), Николај Урумов (актер и режисер од Р Бугарија) и нашиот актер Сашко Коцев.

The post „Торонто експрес“ на 24. Интернационален фестивал на монодрамата во Битола appeared first on Република.

„Торонто експрес“ учествува на 24. Интернационален фестивал на монодрамата во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/toronto-ekspres-uchestvuva-na-24-internatsionalen-festival-na-monodramata-vo-bitola/ Fri, 12 May 2023 08:10:49 +0000 https://republika.mk/?p=640005

На 24. Интернационален театарски фестивал на монодрамата во Битола Македонскиот народен театар (МНТ) учествува со монодрамата „Торонто експрес“ од авторот Зоран Спасов-Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, а во изведба на актерот Александар Микиќ, која ќе се одигра на 15 мај на големата сцена во Центарот за култура.

На фестивалската програма што почнува на 12 мај ќе учествуваат професионални актери од единаесет земји (Црна Гора, Естонија, Косово, Израел, Србија, Монголија, Италија, Шпанија, Хрватска, Литванија и Македонија), а ќе бидат изведени тринаесет монодрами од кои три од Македонија, а две ќе бидат надвор од програмата.

„Торонто експрес“ е една од најбараните и најпродаваните претстави од репертоарската програма на МНТ, а овој пат на Фестивалот ќе биде одиграна со публика на сцена, како и со титл на англиски јазик.

Како што известија од Фестивалот, жири комисијата оваа година ќе биде во состав: Нина Мазур (која на состанокот на УНЕСКО е изгласана за потпретседател на интернационалната монодрама), Николај Урумов (актер и режисер од Р Бугарија) и нашиот актер Сашко Коцев.

The post „Торонто експрес“ учествува на 24. Интернационален фестивал на монодрамата во Битола appeared first on Република.

]]>

На 24. Интернационален театарски фестивал на монодрамата во Битола Македонскиот народен театар (МНТ) учествува со монодрамата „Торонто експрес“ од авторот Зоран Спасов-Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, а во изведба на актерот Александар Микиќ, која ќе се одигра на 15 мај на големата сцена во Центарот за култура. На фестивалската програма што почнува на 12 мај ќе учествуваат професионални актери од единаесет земји (Црна Гора, Естонија, Косово, Израел, Србија, Монголија, Италија, Шпанија, Хрватска, Литванија и Македонија), а ќе бидат изведени тринаесет монодрами од кои три од Македонија, а две ќе бидат надвор од програмата. „Торонто експрес“ е една од најбараните и најпродаваните претстави од репертоарската програма на МНТ, а овој пат на Фестивалот ќе биде одиграна со публика на сцена, како и со титл на англиски јазик. Како што известија од Фестивалот, жири комисијата оваа година ќе биде во состав: Нина Мазур (која на состанокот на УНЕСКО е изгласана за потпретседател на интернационалната монодрама), Николај Урумов (актер и режисер од Р Бугарија) и нашиот актер Сашко Коцев.

The post „Торонто експрес“ учествува на 24. Интернационален фестивал на монодрамата во Битола appeared first on Република.

]]>
Монодрамата „Торонто експрес“ со Александар Микиќ вечерва на „Скопско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/monodramata-toronto-ekspres-so-aleksandar-mikikj-vecherva-na-skopsko-leto/ Thu, 23 Jun 2022 07:17:08 +0000 https://republika.mk/?p=518712

Монодрамата „Торонто експрес“, со актерот Александар Микиќ работена по мотивите од збирката есеи „Тибам штркот“ на авторот Зоран Спасов Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, ќе биде изведена вечерва во 20.30 часот на малата сцена на Македонскиот народен театар. Гостувањето е на „Скопско лето“.

Комедијата „Торонто експрес“ е работена според надградената верзија на книгата „Тибам штркот“, која авторот Спасов ја објавил пред 13 години. Тоа е обид да се види Канада со македонски очи, но и да се доловат измешаните чувства на љубов, среќа, тага, радост, носталгија. Зошто луѓето сакаат да си заминат од Македонија и да избегаат во Канада е едно од главните прашања што ги отвора претставата.

Сè што е напишано во книгата навистина се случило, независно дали тоа се авторовите или случки на блиски пријатели, истакна Зоран Спасов-Ѕоф. Претставата е работена според истоимената книга што се состои од кратки есеи и 20-ина раскази.

Идејата за да се постави ова литературно дело на сцената на МНТ е токму на актерот Микиќ.

Во период кога планирале да работат нешто друго, но пандемијата на коронавирусот им ги сменила плановите, режисерот Симонов го прифатил предлогот на актерот Микиќ да се обидат да го постават делото „Тибам штркот“ на Зоран Спасов Ѕоф.

Во адаптацијата и драматизацијата на текстот соработувал и Благоја Бошковски Буцко.

The post Монодрамата „Торонто експрес“ со Александар Микиќ вечерва на „Скопско лето“ appeared first on Република.

]]>

Монодрамата „Торонто експрес“, со актерот Александар Микиќ работена по мотивите од збирката есеи „Тибам штркот“ на авторот Зоран Спасов Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, ќе биде изведена вечерва во 20.30 часот на малата сцена на Македонскиот народен театар. Гостувањето е на „Скопско лето“. Комедијата „Торонто експрес“ е работена според надградената верзија на книгата „Тибам штркот“, која авторот Спасов ја објавил пред 13 години. Тоа е обид да се види Канада со македонски очи, но и да се доловат измешаните чувства на љубов, среќа, тага, радост, носталгија. Зошто луѓето сакаат да си заминат од Македонија и да избегаат во Канада е едно од главните прашања што ги отвора претставата. Сè што е напишано во книгата навистина се случило, независно дали тоа се авторовите или случки на блиски пријатели, истакна Зоран Спасов-Ѕоф. Претставата е работена според истоимената книга што се состои од кратки есеи и 20-ина раскази. Идејата за да се постави ова литературно дело на сцената на МНТ е токму на актерот Микиќ. Во период кога планирале да работат нешто друго, но пандемијата на коронавирусот им ги сменила плановите, режисерот Симонов го прифатил предлогот на актерот Микиќ да се обидат да го постават делото „Тибам штркот“ на Зоран Спасов Ѕоф. Во адаптацијата и драматизацијата на текстот соработувал и Благоја Бошковски Буцко.

The post Монодрамата „Торонто експрес“ со Александар Микиќ вечерва на „Скопско лето“ appeared first on Република.

]]>
За три недели се распродаде првиот тираж на „Торонто експрес“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/za-tri-nedeli-se-rasprodade-prviot-tiraz-na-toronto-ekspres/ Mon, 10 Jan 2022 11:39:19 +0000 https://republika.mk/?p=442553

За само три недели се распродаде првиот отпечатен тираж од книгата „Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“ од Зоран Спасов - Ѕоф. Книгата е во издание на Попули, дел од „Арс Ламина - публикации”, а со купување на книгата читателите добиваат и бесплатен ваучер за истоимената театарска претстава која се игра во Македонскиот народен театар, со Александар Микиќ во главната улога и во режија на Јордан Симонов. Овој спој на книга и театар, како што вeли авторот, има за цел да ја промовира македонската култура.

Овој текст претставува прв обид да се спојат книгата и театарот. Уште на самиот почеток, сите три страни, јас како автор, издавачот „Арс Ламина” и Македонскиот Народен Театар, се договоривме да го сработиме овој проект без профит, со една единствена цел - промоција на македонската култура. Продадениот прв тираж и распродадените театарски претстави кажуваат дека сме успеале. Мене како автор овој успех ме прави посебно среќен затоа што, заедно со издавачот, го повторивме минатогодишниот успех кога романот „Тито - мојот претпоследен херој” стана хит и беше печатен во неколку тиражи, рече Sоф.

„Торонто експрес“ е ново, дополнето издание на популарната книга и литературен првенец на Ѕоф, „Тибам штркот“, а илустрациите на корицата и во внатрешноста на книгата се на стрип-авторот Михајло Димитриевски – Тxе Мичо. Делото претставува документаристичка стрип-проза; еден вид фотонарација со блиц, зум и слободен кадар и фокус; „водич за идните печалбари и тазе имигранти“, како што вели самиот автор, или литерарен прирачник за заминување, но и за враќање од Канада. Ова е приказна што брзо и неосетно влегува под кожа: популарна, ефектна, штосна, документарна и есеизирана; приказна што „шверцува“ нашинство и носталгија во далечниот, среден свет каде што објективно тоа не е предвидено. Напишана на скопски сленг, книгава нуди една нова форма на битовост, на модерно печалбарство, актуализирајќи го вековниот проблем на иселувањето на нашиот народ на еден автентичен, самосвоен и мошне читлив, ведар и духовит начин.

Вториот тираж од книгата е отпечатен и е веќе достапен во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн.

Во промотивниот период, со секој купен примерок од книгата „Торонто експрес“, во книжарниците „Литература.мк“, следува ваучер за влезница за некоја од изведбите на претставата „Торонто експрес“. Ваучерите можат да се заменат за влезници во билетарницата на МНТ.

The post За три недели се распродаде првиот тираж на „Торонто експрес“ appeared first on Република.

]]>

За само три недели се распродаде првиот отпечатен тираж од книгата „Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“ од Зоран Спасов - Ѕоф. Книгата е во издание на Попули, дел од „Арс Ламина - публикации”, а со купување на книгата читателите добиваат и бесплатен ваучер за истоимената театарска претстава која се игра во Македонскиот народен театар, со Александар Микиќ во главната улога и во режија на Јордан Симонов. Овој спој на книга и театар, како што вeли авторот, има за цел да ја промовира македонската култура.
Овој текст претставува прв обид да се спојат книгата и театарот. Уште на самиот почеток, сите три страни, јас како автор, издавачот „Арс Ламина” и Македонскиот Народен Театар, се договоривме да го сработиме овој проект без профит, со една единствена цел - промоција на македонската култура. Продадениот прв тираж и распродадените театарски претстави кажуваат дека сме успеале. Мене како автор овој успех ме прави посебно среќен затоа што, заедно со издавачот, го повторивме минатогодишниот успех кога романот „Тито - мојот претпоследен херој” стана хит и беше печатен во неколку тиражи, рече Sоф.
„Торонто експрес“ е ново, дополнето издание на популарната книга и литературен првенец на Ѕоф, „Тибам штркот“, а илустрациите на корицата и во внатрешноста на книгата се на стрип-авторот Михајло Димитриевски – Тxе Мичо. Делото претставува документаристичка стрип-проза; еден вид фотонарација со блиц, зум и слободен кадар и фокус; „водич за идните печалбари и тазе имигранти“, како што вели самиот автор, или литерарен прирачник за заминување, но и за враќање од Канада. Ова е приказна што брзо и неосетно влегува под кожа: популарна, ефектна, штосна, документарна и есеизирана; приказна што „шверцува“ нашинство и носталгија во далечниот, среден свет каде што објективно тоа не е предвидено. Напишана на скопски сленг, книгава нуди една нова форма на битовост, на модерно печалбарство, актуализирајќи го вековниот проблем на иселувањето на нашиот народ на еден автентичен, самосвоен и мошне читлив, ведар и духовит начин. Вториот тираж од книгата е отпечатен и е веќе достапен во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн. Во промотивниот период, со секој купен примерок од книгата „Торонто експрес“, во книжарниците „Литература.мк“, следува ваучер за влезница за некоја од изведбите на претставата „Торонто експрес“. Ваучерите можат да се заменат за влезници во билетарницата на МНТ.

The post За три недели се распродаде првиот тираж на „Торонто експрес“ appeared first on Република.

]]>