тормозење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tormozene/ За подобро да се разбереме Wed, 17 May 2023 20:09:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тормозење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tormozene/ 32 32 Училишните педагози и психолози да се ослободат од административните обврски и да се фокусираат на менталното здравје и добросостојба на учениците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchilishnite-pedagozi-i-psiholozi-da-se-oslobodat-od-administrativnite-obvrski-i-da-se-fokusiraat-na-mentalnoto-zdravje-i-dobrosostojba-na-uchenitsite/ Wed, 17 May 2023 20:09:17 +0000 https://republika.mk/?p=641924

Верувам дека преку професионално ангажирање на сите стручни соработници ќе обезбедиме безбедна клима за работа во училиштата. Поддршката во овие ситуации е важна и за учениците и за училишниот кадар. Затоа е битно вашата работа да е во склад со професијата и да ви се овозможи непречена секојдневна работа за градење на клима за напредување во училиштата. Во овие услови стана видливо дека треба да дојде до нова структура на вашата работа и ослободување од административни обврски во училиштето.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната обука  за јакнење на вештините за поддршка на менталното здравје на учениците, што активот на стручни соработници на Град Скопје ја организираше за педагози и психолози во просториите на СУГС „Зеф Љуш Марку“ во Скопје, со поддршка на УНИЦЕФ.

„Го поздравувам трудот и професионализмот на активот на стручни соработници на ниво на Град Скопје, бидејќи преку нивното обезбедување на насоки до своите колеги во училиштата тие влијаат да се изгради стабилен однос во овие вознемирувачки ситуации. Стручните соработници треба да се активни чинители во решавање на проблеми поврзани со образованието и добростојбата на учениците, тие се мостот и до наставниците и до родителите“, рече Шаќири.

https://republika.mk/vesti/makedonija/so-fast-fud-reshenija-nema-da-go-reshime-problemot-so-bulingot-vo-uchilishtata/

Тој истакна дека верува во професионализмот на стручните служби во училиштата и дека ги поддржува напорите за континуирано професионално растење.

„Врз вас има и дополнителен терет да се обезбеди поддршка на учениците и вработените за надминување на последиците од пандемијата со Корона вирусот кога многу нешта се сменија, и тоа во начинот на комуникација, во начинот на совладување на образовните предизвици и во начинот за грижа за себе и за другите. Затоа е важно во училиштата да има просторија во која ќе може доверливо да се разговара својот училиштен психолог“, кажа министерот за образование.

Шаќири во своето обраќање упати и апел до училишните раководства во рамки на Годишната програма за работа да развијат и дополнително зајакнат превентивни програми за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, злоупотреба и запуштање, спречување дискриминација, соработка со родителите односно старателите.

The post Училишните педагози и психолози да се ослободат од административните обврски и да се фокусираат на менталното здравје и добросостојба на учениците appeared first on Република.

]]>

Верувам дека преку професионално ангажирање на сите стручни соработници ќе обезбедиме безбедна клима за работа во училиштата. Поддршката во овие ситуации е важна и за учениците и за училишниот кадар. Затоа е битно вашата работа да е во склад со професијата и да ви се овозможи непречена секојдневна работа за градење на клима за напредување во училиштата. Во овие услови стана видливо дека треба да дојде до нова структура на вашата работа и ослободување од административни обврски во училиштето. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната обука  за јакнење на вештините за поддршка на менталното здравје на учениците, што активот на стручни соработници на Град Скопје ја организираше за педагози и психолози во просториите на СУГС „Зеф Љуш Марку“ во Скопје, со поддршка на УНИЦЕФ.
„Го поздравувам трудот и професионализмот на активот на стручни соработници на ниво на Град Скопје, бидејќи преку нивното обезбедување на насоки до своите колеги во училиштата тие влијаат да се изгради стабилен однос во овие вознемирувачки ситуации. Стручните соработници треба да се активни чинители во решавање на проблеми поврзани со образованието и добростојбата на учениците, тие се мостот и до наставниците и до родителите“, рече Шаќири.
https://republika.mk/vesti/makedonija/so-fast-fud-reshenija-nema-da-go-reshime-problemot-so-bulingot-vo-uchilishtata/ Тој истакна дека верува во професионализмот на стручните служби во училиштата и дека ги поддржува напорите за континуирано професионално растење.