тор индустрис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tor-industris/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Mar 2024 10:27:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тор индустрис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tor-industris/ 32 32 Финасиер на УЧК ја презема фирмата на Дрин Ахмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/finasier-na-uchk-ja-prezema-firmata-na-drin-ahmeti/ Thu, 14 Mar 2024 10:27:56 +0000 https://republika.mk/?p=754666

Oткако Тор индустрис на Дрин Ахмети објави дека фирмата ја презема компанијата Тексас американ интернешнл холдингс (Texas American International Holdings Inc.), емисијата„Код“ објави дека во јули лани, Ник Назар Мехмеди основал фирма со влог од 3 милиони евра и со седиште на истата адреса како Тор. Ник Мехмеди е сопственик на стриптиз барови во Далас, Тексас, а скопската фирма му се вика Американ инвестментс и е регистрирана за консултантски услуги.

Мехмеди е и финансиер на УЧК и во деведесеттите години во неколку наврати испраќал пари во Приштина.

Дрин Ахмети таму стана директор лани на први септември, односно по примена позајмица од страна на фирмата на Ник Мехмеди од основачкиот влог од три милиони евра.

Во обвинителството водат две предистраги за Тор и Дрин Ахмети, едната е за Соравиа и купувањето на овој деловен центар која е проширена и во која има и други проверки за имот и за финансиски трансакции. Втората е во скопското обвинителство и се однесува на 749 парчиња пиротехника и огномети кои еден ден пред Нова Година беа најдени во гепекот на автомобилот на Дрин Ахмети.

The post Финасиер на УЧК ја презема фирмата на Дрин Ахмети appeared first on Република.

]]>

Oткако Тор индустрис на Дрин Ахмети објави дека фирмата ја презема компанијата Тексас американ интернешнл холдингс (Texas American International Holdings Inc.), емисијата„Код“ објави дека во јули лани, Ник Назар Мехмеди основал фирма со влог од 3 милиони евра и со седиште на истата адреса како Тор. Ник Мехмеди е сопственик на стриптиз барови во Далас, Тексас, а скопската фирма му се вика Американ инвестментс и е регистрирана за консултантски услуги. Мехмеди е и финансиер на УЧК и во деведесеттите години во неколку наврати испраќал пари во Приштина. Дрин Ахмети таму стана директор лани на први септември, односно по примена позајмица од страна на фирмата на Ник Мехмеди од основачкиот влог од три милиони евра. Во обвинителството водат две предистраги за Тор и Дрин Ахмети, едната е за Соравиа и купувањето на овој деловен центар која е проширена и во која има и други проверки за имот и за финансиски трансакции. Втората е во скопското обвинителство и се однесува на 749 парчиња пиротехника и огномети кои еден ден пред Нова Година беа најдени во гепекот на автомобилот на Дрин Ахмети.

The post Финасиер на УЧК ја презема фирмата на Дрин Ахмети appeared first on Република.

]]>
Дрин Ахмети се повлекува од раководната функција на „Тор индустрис“, соопшти компанијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drin-ahmeti-se-povlekuva-od-rakovodnata-funktsija-na-tor-industris-soopshti-kompanijata/ Wed, 13 Mar 2024 18:40:19 +0000 https://republika.mk/?p=754522

Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, основач и сопственик на „Тор индустрис“, компанијата која го купи трговскиот центар „Соравија“, до крајот на годинава ќе се повлече од раководната функција во компанијата, соопштија денеска од „Тор индустрис“.

Според соопштението, новите сопственик е американската компанија „Тексас американ интернешенал холдингс“.

Дрин Ахмеди, извршниот директор кој беше на чело на компанијата како основач и сопственик на „Тор индустрис“, водејќи ја компанијата низ различни фази на раст и реструктуирање, ќе се повлече до крајот на годината, стои во соопштението.

Во него се дополнува дека одлуката доаѓа како дел од планот за транзиција на стратешкото лидерство, кој обезбедува непречено и ефективно пренесување на одговорностите на новиот менаџерски тим назначен од „Американ интернешенал холдингс“ во Тексас.

Интеграцијата на „Тор индустрис“ во американската компанија претставува хармонично усогласување на вредностите и стратешките цели на двете фирми и се отвораат нови патишта за иновации, проширување на пазарот и подобри понуди на услуги за клиентите, се дополнува во соопштението.

Оттаму најавуваат дека дополнителни детали за транзициите на раководните позиции ќе бидат споделени со јавноста во догледно време.

Компанијата на вкукот на Али Ахмети беше во фокусот на јавноста откако го купи трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје. Покрај „Тор индустрис“, Дрин Ахмети поседува и други бизниси.

The post Дрин Ахмети се повлекува од раководната функција на „Тор индустрис“, соопшти компанијата appeared first on Република.

]]>

Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, основач и сопственик на „Тор индустрис“, компанијата која го купи трговскиот центар „Соравија“, до крајот на годинава ќе се повлече од раководната функција во компанијата, соопштија денеска од „Тор индустрис“. Според соопштението, новите сопственик е американската компанија „Тексас американ интернешенал холдингс“.
Дрин Ахмеди, извршниот директор кој беше на чело на компанијата како основач и сопственик на „Тор индустрис“, водејќи ја компанијата низ различни фази на раст и реструктуирање, ќе се повлече до крајот на годината, стои во соопштението.
Во него се дополнува дека одлуката доаѓа како дел од планот за транзиција на стратешкото лидерство, кој обезбедува непречено и ефективно пренесување на одговорностите на новиот менаџерски тим назначен од „Американ интернешенал холдингс“ во Тексас.
Интеграцијата на „Тор индустрис“ во американската компанија претставува хармонично усогласување на вредностите и стратешките цели на двете фирми и се отвораат нови патишта за иновации, проширување на пазарот и подобри понуди на услуги за клиентите, се дополнува во соопштението.
Оттаму најавуваат дека дополнителни детали за транзициите на раководните позиции ќе бидат споделени со јавноста во догледно време. Компанијата на вкукот на Али Ахмети беше во фокусот на јавноста откако го купи трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје. Покрај „Тор индустрис“, Дрин Ахмети поседува и други бизниси.

The post Дрин Ахмети се повлекува од раководната функција на „Тор индустрис“, соопшти компанијата appeared first on Република.

]]>