топол оброк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/topol-obrok/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Sep 2022 16:06:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png топол оброк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/topol-obrok/ 32 32 По 4 години разбиен монополот на СДСМ во Општина Аеродром поврзан со набавка на ужина и топол оброк во основните училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/po-4-godini-razbien-monopolot-na-sdsm-vo-opshtina-aerodrom-povrzan-so-nabavka-na-uzina-i-topol-obrok-vo-osnovnite-uchilishta/ Fri, 09 Sep 2022 16:06:54 +0000 https://republika.mk/?p=549222

После четири години, конечно е разбиен монополот кој СДСМ го создаде во Општина Аеродром. Монопол овозможен од партијата, поврзан со набавка на ужина и топол оброк во основните училишта. Наместо монопол и селекција на една фирма која ќе го врши снабдувањето, од оваа година е воведен нов модел кој става крај на минатата злоупотреба на власта, стои во пораката која утрово ја испраќаат од Општина Аеродром во соопштение испратено до медиумите.

Оттаму додаваат дека новиот модел покрај тоа што стави крај на оваа злоупотреба на локалната власт, истовремено обезбеди и можност за секое училиште заедно со советот на родители и училишниот одбор, да избере каква храна ќе добијат нивните деца. На овој начин, приоритетот се става на децата, а не на профитот и партиски калкулации, како што тоа СДСМ го правеше до сега.

СДСМ пред само два дена ширеше лажни и тендециозни информации на оваа тема, погодени од фактот што нивната шема на монопол после четири години е разбиена. Во таа смисла, заклучно со денешниот ден, сите основни училишта на територија на Општината имаат склучено договор за снабдување со топол оброк и ужина. Децата се нашиот приоритет, а искоренувањето на корупцијата стратешка определба на општината Аеродром. Веќе една година, работиме плански, организирани и транспарентно. Граѓаните знаат дека Општина Аеродром ја искоренува корупцијата и дека дојде крајот на сомнителни тендери, за кои и повеќе институции во моментот водат соодветни истраги – велат од општина Аеродром.

The post По 4 години разбиен монополот на СДСМ во Општина Аеродром поврзан со набавка на ужина и топол оброк во основните училишта appeared first on Република.

]]>

Топол оброк за учениците си обезбедуваат училиштата, а не општината, му возврати Муцунски на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/topol-obrok-za-uchenicite-si-obezbeduvaat-uchilishtata-a-ne-opshtinata-mu-vozvrati-mucunski-na-sdsm/ Wed, 07 Sep 2022 16:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=548425

СДСМ со своите партиски соопштенија уште еднаш го докажува аматеризмот, несериозноста и крајното непознавање на тоа како функционира локалната самоуправа. Денеска, локалниот огранок на СДСМ во Аеродром во јавноста пласираше дезинформација, според која градоначалникот Муцунски и општинската администрација се виновни за недостигот на ужина и топол оброк во основните училишта, се вели во реакцијата од Општина Аеродром на обвинувањата на СДСМ дека училиштата се без топол оброк. 

„Општина Аеродром целосно ги отфрла овие обвинувања и истовремено би сакале да ги подучиме дека за набавката на топол оброк и ужина во училиштата, одговорни се самите училишта, а не Општина Аеродром како институција кон која тие неколкупати неосновано го вперуваат прстот. Во овој момент во неколку основни училишта е во завршна фаза процедурата за обезбедување на топол оброк во соработка со училишниот одбор и советот на родители.

Евидентни се загриженоста и разочараноста од тоа што со четиригодишно неработење, СДСМ во Аеродром ја изгуби шансата да ја продолжи праксата која самите ја наметнаа, а која предвидуваше сомнителни тендери и игнорирање на конкуренцијата во корист на еден снабдувач.

Главната функција на опозицијата е да биде коректив на локалната самоуправа, а не гласник за ширење на дезинформации и неосновани обвинувања“, се вели во реакцијата од општина Аеродром.

Општина Аеродром и Тимчо Муцунски ја дочекаа новата учебна година без обезбедена ужина за учениците во основните училишта. Веќе четврти ден од почетокот на учебната година учениците од речиси сите училишта останаа без топол оброк кој до лани го добиваа во организација на училиштата. Согласно бројните поплаки кои пристигнуваат од нашите сограѓани, во сите основни училишта освен во Ѓорѓија Пулевски, дадени им се насоки на родителите дека до 15 септември ќе мораат самите да обезбедат по два оброка дневно за своето дете, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека според податоците достапни преку електронскиот систем на Бирото за јавни набавки, ниту Општина Аеродром ниту основните училишта на територија на општината до овој момент немаат распишано оглас за избор на оператор за услугата топол оброк за основните училишта.

„Тимчо Муцунски и Општина Аеродром им должат одговори на граѓаните. Кога планираат да распишат оглас за јавна набавка за топол оброк за учениците во основните училишта? Уште колку долго родителите на овие ученици ќе мораат да обезбедуваат по два оброка дневно за своите деца?“, реагираат од партијата.

Од СДСМ прашуваат кои се причините што огласот не е распишан на време и јавната набавка не е завршена пред почетокот на учебната година? На кој начин планира да ја спроведе јавната набавка за услугата топол оброк имајќи предвид дека на електронскиот систем за јавни набавки на БЈН во моментов нема ниту еден активен оглас за оброк во училиштата на територија на општина Аеродром?

„Тимчо Муцунски им вети на граѓаните дека по неговиот избор за градоначалник проблемот со навременото обезбедување ужина за учениците во основните училишта ќе биде надминат.

Ова е уште едно неостварено изборно ветување на Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ. Учебната година започна, а ужина за учениците од основните училишта до овој момент нема“, се вели во соопштението од СДСМ.

The post Топол оброк за учениците си обезбедуваат училиштата, а не општината, му возврати Муцунски на СДСМ appeared first on Република.

]]>

СДСМ со своите партиски соопштенија уште еднаш го докажува аматеризмот, несериозноста и крајното непознавање на тоа како функционира локалната самоуправа. Денеска, локалниот огранок на СДСМ во Аеродром во јавноста пласираше дезинформација, според која градоначалникот Муцунски и општинската администрација се виновни за недостигот на ужина и топол оброк во основните училишта, се вели во реакцијата од Општина Аеродром на обвинувањата на СДСМ дека училиштата се без топол оброк. 
„Општина Аеродром целосно ги отфрла овие обвинувања и истовремено би сакале да ги подучиме дека за набавката на топол оброк и ужина во училиштата, одговорни се самите училишта, а не Општина Аеродром како институција кон која тие неколкупати неосновано го вперуваат прстот. Во овој момент во неколку основни училишта е во завршна фаза процедурата за обезбедување на топол оброк во соработка со училишниот одбор и советот на родители. Евидентни се загриженоста и разочараноста од тоа што со четиригодишно неработење, СДСМ во Аеродром ја изгуби шансата да ја продолжи праксата која самите ја наметнаа, а која предвидуваше сомнителни тендери и игнорирање на конкуренцијата во корист на еден снабдувач. Главната функција на опозицијата е да биде коректив на локалната самоуправа, а не гласник за ширење на дезинформации и неосновани обвинувања“, се вели во реакцијата од општина Аеродром. Општина Аеродром и Тимчо Муцунски ја дочекаа новата учебна година без обезбедена ужина за учениците во основните училишта. Веќе четврти ден од почетокот на учебната година учениците од речиси сите училишта останаа без топол оброк кој до лани го добиваа во организација на училиштата. Согласно бројните поплаки кои пристигнуваат од нашите сограѓани, во сите основни училишта освен во Ѓорѓија Пулевски, дадени им се насоки на родителите дека до 15 септември ќе мораат самите да обезбедат по два оброка дневно за своето дете, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека според податоците достапни преку електронскиот систем на Бирото за јавни набавки, ниту Општина Аеродром ниту основните училишта на територија на општината до овој момент немаат распишано оглас за избор на оператор за услугата топол оброк за основните училишта.
„Тимчо Муцунски и Општина Аеродром им должат одговори на граѓаните. Кога планираат да распишат оглас за јавна набавка за топол оброк за учениците во основните училишта? Уште колку долго родителите на овие ученици ќе мораат да обезбедуваат по два оброка дневно за своите деца?“, реагираат од партијата.
Од СДСМ прашуваат кои се причините што огласот не е распишан на време и јавната набавка не е завршена пред почетокот на учебната година? На кој начин планира да ја спроведе јавната набавка за услугата топол оброк имајќи предвид дека на електронскиот систем за јавни набавки на БЈН во моментов нема ниту еден активен оглас за оброк во училиштата на територија на општина Аеродром?
„Тимчо Муцунски им вети на граѓаните дека по неговиот избор за градоначалник проблемот со навременото обезбедување ужина за учениците во основните училишта ќе биде надминат. Ова е уште едно неостварено изборно ветување на Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ. Учебната година започна, а ужина за учениците од основните училишта до овој момент нема“, се вели во соопштението од СДСМ.

The post Топол оброк за учениците си обезбедуваат училиштата, а не општината, му возврати Муцунски на СДСМ appeared first on Република.

]]>