топловод Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toplovod/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Sep 2023 14:30:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png топловод Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toplovod/ 32 32 Се очекува во наредните денови ЕСМ ќе почне со поставување на топловодните цевки под мостот „Беласица“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/se-ochekuva-vo-narednite-denovi-esm-ke-pochne-so-postavuvane-na-toplovodnite-tsevki-pod-mostot-belasitsa/ Tue, 26 Sep 2023 15:22:21 +0000 https://republika.mk/?p=685395

Доколку не бидат поставени топловодните цевки на мостот „Беласица“, цената на парното греење, како што кажа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, ќе доживее цунами, затоа што топинската енергија што се добива од централата ТЕ-ТО е неколкукратно поевтина во однос на она што би се добивало од другите топлани кои работат на другите енергенси, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски посочи дека активно се работи и дека не би требало да се доцни.

Мислам дека во наредните денови ЕСМ ќе треба да започне со поставување на нови цевки, тоа значи одредена подготовка на долниот дел од мостот неврзано со конструкцијата на мостот и врз основа на таа подготовка, која се прави врз претходно вештачење, ќе можат да започнат со поставување на цевките. Доколку не се успее во тој процес, тогаш ќе има проблем греењето во Скопје, но сметам дека не треба тоа да се случи, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Владата.

Според него, потребна е континуирана комуникација меѓу ЕСМ и Град Скопје.

ЕСМ има многу сериозно пристапено кон овој проблем. Ќе биде потребна дневна комуникација со Град Скопје прво во делот на санирање односно подготовка на подлогите за поставување на цевките, издавање на сооветни дозволи. Сметам дека има време тоа да биде направено. Штом се направи тоа ќе ја олесни работата на Регулаторна комисија за да може да одреди цена на топлинска енергија, рече Ковачевски.

Целосната реконструкција на мостот, како што посочи, не е поврзана со топловодот.

The post Се очекува во наредните денови ЕСМ ќе почне со поставување на топловодните цевки под мостот „Беласица“ appeared first on Република.

]]>

Доколку не бидат поставени топловодните цевки на мостот „Беласица“, цената на парното греење, како што кажа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, ќе доживее цунами, затоа што топинската енергија што се добива од централата ТЕ-ТО е неколкукратно поевтина во однос на она што би се добивало од другите топлани кои работат на другите енергенси, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски. Ковачевски посочи дека активно се работи и дека не би требало да се доцни.
Мислам дека во наредните денови ЕСМ ќе треба да започне со поставување на нови цевки, тоа значи одредена подготовка на долниот дел од мостот неврзано со конструкцијата на мостот и врз основа на таа подготовка, која се прави врз претходно вештачење, ќе можат да започнат со поставување на цевките. Доколку не се успее во тој процес, тогаш ќе има проблем греењето во Скопје, но сметам дека не треба тоа да се случи, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Владата.
Според него, потребна е континуирана комуникација меѓу ЕСМ и Град Скопје.
ЕСМ има многу сериозно пристапено кон овој проблем. Ќе биде потребна дневна комуникација со Град Скопје прво во делот на санирање односно подготовка на подлогите за поставување на цевките, издавање на сооветни дозволи. Сметам дека има време тоа да биде направено. Штом се направи тоа ќе ја олесни работата на Регулаторна комисија за да може да одреди цена на топлинска енергија, рече Ковачевски.
Целосната реконструкција на мостот, како што посочи, не е поврзана со топловодот.

The post Се очекува во наредните денови ЕСМ ќе почне со поставување на топловодните цевки под мостот „Беласица“ appeared first on Република.

]]>
Почна отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/pochna-otstranuvaneto-na-opozhareniot-toplovod-na-mostot-belasitsa/ Fri, 14 Jul 2023 11:24:59 +0000 https://republika.mk/?p=661303

Почнаа теренските активностите за отстранување на опожарениот топловод на мостот „Беласица”. ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе вложи максимални напори демонтажата да се заврши во најкраток можен рок.

Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании.

И покрај опожарувањето на мостот Беласица, во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа, се вели во соопштението на ЕСМ.

The post Почна отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица“ appeared first on Република.

]]>

Почнаа теренските активностите за отстранување на опожарениот топловод на мостот „Беласица”. ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе вложи максимални напори демонтажата да се заврши во најкраток можен рок. Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании. И покрај опожарувањето на мостот Беласица, во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа, се вели во соопштението на ЕСМ.

The post Почна отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица“ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Изградбата на топловодот од РЕК до Битола се одвива побрзо од планираното https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-izgradbata-na-toplovodot-od-rek-do-bitola-se-odviva-pobrzo-od-planiranoto/ Sat, 26 Nov 2022 11:43:59 +0000 https://republika.mk/?p=578477

Изградбата на топловодот од РЕК до Битола се одвива побрзо од планираното, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски при извршениот увид во градежните работи на топловодот.

Задоволни сме од динамиката со која економскиот оператор ги изведува градежните работи за изградба на топловодот од РЕК Битола до градот Битола. Првата фаза од проектот кој се очекуваше 40 години ќе успееме да ја завршиме за нецели две години и жителите на Битола во 20025/2026 година конечно ќе добијат орагнизирано снабдување со топлинска енергија - вели Ковачевски.

Топловодниот систем веќе се наоѓа во предградието на Битола, по што ќе следува втората фаза од изградбата, а тоа е поставување на секундарна мрежа низ градот.

Проектот за изградба на топловод од РЕК до Битола, Новаци и Могила има и еколошка и економска оправданост. Граѓаните ќе добијат еколошки почист енергенс за затоплување на домовите, кој ќе биде економски исплатлив. Земјоделците, пак, од Пелагонија ќе добијат можност за користење на топлинската енергија од РЕК Битола за оранжериско производство - вели Ковачевски.

За проектот Топлификација на Битола, Могила и Новаци се користи кредит од германската KFW банка во вредност од над 40 милиони евра, а дополнително АД ЕСМ ќе инвестира 7 милиони евра сопствени средства.

The post Ковачевски: Изградбата на топловодот од РЕК до Битола се одвива побрзо од планираното appeared first on Република.