топлотен удар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toploten-udar/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jul 2024 11:21:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png топлотен удар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toploten-udar/ 32 32 Жена почина од топлотен удар на Кипар, во серизона состојба и 25-годишна девојка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zhena-pochina-od-toploten-udar-na-kipar-vo-serizona-sostojba-i-25-godishna-devojka/ Mon, 22 Jul 2024 11:21:50 +0000 https://republika.mk/?p=799172

Поради високите температури на Кипар, 64-годишна жена починала од топлотен удар, а три други се хоспитализирани, изјави за кипарската новинска агенција портпаролот на Државната организација за здравствени услуги Хараламбос Харилау, јави дописничката на МИА од Атина.

Според портпаролот, трите жени на возраст од 25, 67 и 80 години се во сериозна состојба, а поради топлотниот бран во изминатите денови „има зголемен број случаи на топлотна исцрпеност“ на сите возрасти од деца до стари лица.

The post Жена почина од топлотен удар на Кипар, во серизона состојба и 25-годишна девојка appeared first on Република.

]]>

Поради високите температури на Кипар, 64-годишна жена починала од топлотен удар, а три други се хоспитализирани, изјави за кипарската новинска агенција портпаролот на Државната организација за здравствени услуги Хараламбос Харилау, јави дописничката на МИА од Атина. Според портпаролот, трите жени на возраст од 25, 67 и 80 години се во сериозна состојба, а поради топлотниот бран во изминатите денови „има зголемен број случаи на топлотна исцрпеност“ на сите возрасти од деца до стари лица.

The post Жена почина од топлотен удар на Кипар, во серизона состојба и 25-годишна девојка appeared first on Република.

]]>
Како да препознаете дали некој се онесвестил поради топлотен удар или има срцев удар https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kako-da-prepoznaete-dali-nekoj-se-onesvestil-poradi-toploten-udar-ili-ima-srtsev-udar/ Thu, 20 Jun 2024 19:10:15 +0000 https://republika.mk/?p=789439

Бојана Бањевиќ, специјалист за прва помош во Црвениот крст на Србија, за ТВ Прва објаснува како да препознаеме дали некој колабирал поради топлотен удар или се онесвестил поради срцев удар.

Многу лесно се разликува, главната разлика е во дишењето. Ако лицето не дише, тоа значи дека дошло до срцев удар и треба што поскоро да започнеме со реанимација. Ако лицето дише, а е во несвест, според моменталните временски услови, може да заклучиме дека станува збор сончев удар и дека дошло до колапс. Тогаш процедурата е друга, рече таа.

Бањевиќ нагласи дека во случај на срцев удар треба веднаш да се повика брза помош, а во меѓувреме да се прави масажа на срцето.

Ако некој се онесвестил од топлина, пак, во тој момент е најважно да се обезбеди сенка, за да не се грижиме за тој човек на сонце. Обезбедуваме сенка, му ги креваме нозете и го миеме со вода, односно ги освежуваме малку зглобовите и кога ќе почне да се освести, прво го враќаме во седечка положба и му даваме освежителен пијалок, објасни таа.

The post Како да препознаете дали некој се онесвестил поради топлотен удар или има срцев удар appeared first on Република.

]]>

Бојана Бањевиќ, специјалист за прва помош во Црвениот крст на Србија, за ТВ Прва објаснува како да препознаеме дали некој колабирал поради топлотен удар или се онесвестил поради срцев удар.
Многу лесно се разликува, главната разлика е во дишењето. Ако лицето не дише, тоа значи дека дошло до срцев удар и треба што поскоро да започнеме со реанимација. Ако лицето дише, а е во несвест, според моменталните временски услови, може да заклучиме дека станува збор сончев удар и дека дошло до колапс. Тогаш процедурата е друга, рече таа.
Бањевиќ нагласи дека во случај на срцев удар треба веднаш да се повика брза помош, а во меѓувреме да се прави масажа на срцето.
Ако некој се онесвестил од топлина, пак, во тој момент е најважно да се обезбеди сенка, за да не се грижиме за тој човек на сонце. Обезбедуваме сенка, му ги креваме нозете и го миеме со вода, односно ги освежуваме малку зглобовите и кога ќе почне да се освести, прво го враќаме во седечка положба и му даваме освежителен пијалок, објасни таа.

The post Како да препознаете дали некој се онесвестил поради топлотен удар или има срцев удар appeared first on Република.

]]>
Тајланд: Над 30 починати годинава од топлотен удар, температурите над 52 степени https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/tajland-nad-30-pochinati-godinava-od-toploten-udar-temperaturite-nad-52-stepeni/ Thu, 25 Apr 2024 12:48:13 +0000 https://republika.mk/?p=770986

Во главниот град на Тајланд, Бангкок денеска е издадено ново предупредување поради екстремните температури на воздухот. Според метеоролозите денеска се очекува температурата да се искачи над 52 Целзиусови степени.

Министерството за здравство вчера соопшти дека 30 лица починале од топлотниот бран во периодот од 1 јануари до 17 април, што е многу загрижувачко во споредба со 37 смртни случаи во цела 2023 година.

Во Бангкок вчера беа измерени 40,1 степени Целзиусови.

Бран екстремна топлина зафати делови од Јужна и Југоисточна Азија оваа недела, принудувајќи ги училиштата ширум Филипини да ја прекинат наставата, а верниците во Бангладеш да се молат за дожд.

 

The post Тајланд: Над 30 починати годинава од топлотен удар, температурите над 52 степени appeared first on Република.

]]>

Во главниот град на Тајланд, Бангкок денеска е издадено ново предупредување поради екстремните температури на воздухот. Според метеоролозите денеска се очекува температурата да се искачи над 52 Целзиусови степени. Министерството за здравство вчера соопшти дека 30 лица починале од топлотниот бран во периодот од 1 јануари до 17 април, што е многу загрижувачко во споредба со 37 смртни случаи во цела 2023 година. Во Бангкок вчера беа измерени 40,1 степени Целзиусови. Бран екстремна топлина зафати делови од Јужна и Југоисточна Азија оваа недела, принудувајќи ги училиштата ширум Филипини да ја прекинат наставата, а верниците во Бангладеш да се молат за дожд.  

The post Тајланд: Над 30 починати годинава од топлотен удар, температурите над 52 степени appeared first on Република.

]]>
Топлотниот удар е поопасен од сончаницата, но и двете треба да се сфатат сериозно: Носете шешири и капи! https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/toplotniot-udar-e-poopasen-od-sonchanitsata-no-i-dvete-treba-da-se-sfatat-seriozno-nosete-sheshiri-i-kapi/ Thu, 17 Aug 2023 09:51:14 +0000 https://republika.mk/?p=672942

Носете шешири и капи, пијте многу течности, барајте сенка и избегнувајте активности на отворено. Ова се златните правила за време на високи температури за да се спречи сончев или топлотен удар.

Во двата случаи, високите температури му штетат на телото. Едноставно кажано, сончаницата влијае „само“ на главата - односно на мозокот. Остатокот од телото е во ред“, вели Франк Ербгут, претседател на Германската фондација за мозок. Топлотниот удар предизвикува колапс на целиот систем за терморегулација на телото и може да биде фатален.

Но, тоа не значи дека сончевиот удар не е сериозна состојба. Ербгут нагласува дека често има незабележлива транзиција од сончаница до топлотен удар.

Во споредба со топлотниот удар, сончаницата бара изложување на сончева светлина. Топлотниот удар може да се случи „во црна темница“ ако температурите се многу високи, рече Бернд Бетигер, раководител на Одделот за анестезиологија и медицина за интензивна нега во Универзитетската болница во Келн и федерален координатор на лекарите на германскиот Црвен крст.

Топлотен удар

Температурата на нашето тело е обично околу 37 Целзиусови степени. Топлотните бранови за време на кои ноќните температури остануваат високи го ставаат телото под голем стрес. Може да дојде до точка да не можете да се оладите со потење, особено ако не пиете доволно течности.

„Телото повеќе не е во состојба да ја исфрли топлината“, објаснува Ербгут. Така, температурата на телото се зголемува и температурата на телото се зголемува до 40 степени Целзиусови или повеќе, што влијае на различни телесни системи. „Прво колабираат системите за коагулација и циркулација“, додава Ербгут.

Во оваа смисла, важно е да се знае дека крвните садови се шират на високи температури, зголемувајќи го протокот на прегреана крв во кожата, каде што топлината се расфрла во околината со испарување на потта. Ова ја лади и кожата и крвта во близина на нејзината површина, која потоа тече до подлабоките делови на телото на пониски температури.

Но, ако дојде до топлотен удар, „крвта се коагулира“. „Малите згрутчувања ги затнуваат малите крвни садови“, рече Ербгут. Бубрезите, заедно со црниот дроб и срцето, повеќе не можат да функционираат правилно. Во најлош случај, може да дојде до откажување на повеќе органи.

„Влажната топлина е многу полоша од сувата топлина“, додаде Ербгут, бидејќи зголемената водена пареа во воздухот го намалува испарувањето на потта на кожата, а со тоа и способноста на телото да се лади.

Симптомите на топлотен удар вклучуваат ненадеен замор, главоболка и чувство на вртоглавица, рече Ербгут. „Тие можат да напредуваат до гадење, повраќање и губење на свеста“, додаде тој.

Ботингер вели дека топла и сува кожа и забрзаниот пулс се исто така предупредувачки знаци.

Доколку постои сомневање дека некој доживеал топлотен удар, неопходно е да се повика брза помош. Пред да пристигнат болничарите, лицето треба да биде преместено во сенка што е можно поскоро, препорачува Ботигер.

Тогаш е потребно да се излади телото на човекот, но мразот не треба да се нанесува директно на кожата бидејќи може да дојде до смрзнатини, предупреди Ербгут. Наместо тоа, се препорачуваат коцки мраз завиткани во крпа и ладни облоги.

Ако лицето е сè уште свесно, треба да му се понуди пијалок - вода, овошен чај или сок измешан со минерална вода, рече Бетигер.

Болничарите може да му дадат на лицето интравенска инфузија за ладење. Ако системот за коагулација на жртвата веќе е колабиран, во болница се даваат антикоагуланси.

Сончаница

Во случај на сонаница „менингите (тенки слоеви на ткиво што го покриваат и штитат мозокот) и мозокот се загреваат. Покачување од само еден или два степен е доволно за да предизвика еден вид менингитис (воспаление на менингите), “ објаснува Ербгут. „Мозокот не е најсилниот орган“, додаде тој.

Луѓето кои немаат или имаат многу малку коса, како што се постарите, бебињата и малите деца, се изложени на особен ризик. „Врвот на черепот на доенчето е тенок“, истакнува Бетигер.

Некои симптоми на сончаницасе слични на оние на топлотниот удар, како што се главоболки и вртоглавица. Други симптоми се болка и вкочанетост во вратот, чувствителност на светлина, црвенило на лицето, објаснува Ботигер.

Симптомите може да се појават само неколку часа по долг престој на сонце, на пример висока температура кај малите деца.

Ако постои сомневање дека некој може да има сончаница, треба да се тргне од сонце и да се стави во сенка. Телото треба да се лади со влажни крпи, а најдобро е да се подигне горниот дел од телото. Тие треба да внесуваат и многу течности.

Ако состојбата на лицето се влоши и почне да губи свест, треба да се повика брза помош.

The post Топлотниот удар е поопасен од сончаницата, но и двете треба да се сфатат сериозно: Носете шешири и капи! appeared first on Република.

]]>

Носете шешири и капи, пијте многу течности, барајте сенка и избегнувајте активности на отворено. Ова се златните правила за време на високи температури за да се спречи сончев или топлотен удар. Во двата случаи, високите температури му штетат на телото. Едноставно кажано, сончаницата влијае „само“ на главата - односно на мозокот. Остатокот од телото е во ред“, вели Франк Ербгут, претседател на Германската фондација за мозок. Топлотниот удар предизвикува колапс на целиот систем за терморегулација на телото и може да биде фатален. Но, тоа не значи дека сончевиот удар не е сериозна состојба. Ербгут нагласува дека често има незабележлива транзиција од сончаница до топлотен удар. Во споредба со топлотниот удар, сончаницата бара изложување на сончева светлина. Топлотниот удар може да се случи „во црна темница“ ако температурите се многу високи, рече Бернд Бетигер, раководител на Одделот за анестезиологија и медицина за интензивна нега во Универзитетската болница во Келн и федерален координатор на лекарите на германскиот Црвен крст. Топлотен удар Температурата на нашето тело е обично околу 37 Целзиусови степени. Топлотните бранови за време на кои ноќните температури остануваат високи го ставаат телото под голем стрес. Може да дојде до точка да не можете да се оладите со потење, особено ако не пиете доволно течности. „Телото повеќе не е во состојба да ја исфрли топлината“, објаснува Ербгут. Така, температурата на телото се зголемува и температурата на телото се зголемува до 40 степени Целзиусови или повеќе, што влијае на различни телесни системи. „Прво колабираат системите за коагулација и циркулација“, додава Ербгут. Во оваа смисла, важно е да се знае дека крвните садови се шират на високи температури, зголемувајќи го протокот на прегреана крв во кожата, каде што топлината се расфрла во околината со испарување на потта. Ова ја лади и кожата и крвта во близина на нејзината површина, која потоа тече до подлабоките делови на телото на пониски температури. Но, ако дојде до топлотен удар, „крвта се коагулира“. „Малите згрутчувања ги затнуваат малите крвни садови“, рече Ербгут. Бубрезите, заедно со црниот дроб и срцето, повеќе не можат да функционираат правилно. Во најлош случај, може да дојде до откажување на повеќе органи. „Влажната топлина е многу полоша од сувата топлина“, додаде Ербгут, бидејќи зголемената водена пареа во воздухот го намалува испарувањето на потта на кожата, а со тоа и способноста на телото да се лади. Симптомите на топлотен удар вклучуваат ненадеен замор, главоболка и чувство на вртоглавица, рече Ербгут. „Тие можат да напредуваат до гадење, повраќање и губење на свеста“, додаде тој. Ботингер вели дека топла и сува кожа и забрзаниот пулс се исто така предупредувачки знаци. Доколку постои сомневање дека некој доживеал топлотен удар, неопходно е да се повика брза помош. Пред да пристигнат болничарите, лицето треба да биде преместено во сенка што е можно поскоро, препорачува Ботигер. Тогаш е потребно да се излади телото на човекот, но мразот не треба да се нанесува директно на кожата бидејќи може да дојде до смрзнатини, предупреди Ербгут. Наместо тоа, се препорачуваат коцки мраз завиткани во крпа и ладни облоги. Ако лицето е сè уште свесно, треба да му се понуди пијалок - вода, овошен чај или сок измешан со минерална вода, рече Бетигер. Болничарите може да му дадат на лицето интравенска инфузија за ладење. Ако системот за коагулација на жртвата веќе е колабиран, во болница се даваат антикоагуланси. Сончаница Во случај на сонаница „менингите (тенки слоеви на ткиво што го покриваат и штитат мозокот) и мозокот се загреваат. Покачување од само еден или два степен е доволно за да предизвика еден вид менингитис (воспаление на менингите), “ објаснува Ербгут. „Мозокот не е најсилниот орган“, додаде тој. Луѓето кои немаат или имаат многу малку коса, како што се постарите, бебињата и малите деца, се изложени на особен ризик. „Врвот на черепот на доенчето е тенок“, истакнува Бетигер. Некои симптоми на сончаницасе слични на оние на топлотниот удар, како што се главоболки и вртоглавица. Други симптоми се болка и вкочанетост во вратот, чувствителност на светлина, црвенило на лицето, објаснува Ботигер. Симптомите може да се појават само неколку часа по долг престој на сонце, на пример висока температура кај малите деца. Ако постои сомневање дека некој може да има сончаница, треба да се тргне од сонце и да се стави во сенка. Телото треба да се лади со влажни крпи, а најдобро е да се подигне горниот дел од телото. Тие треба да внесуваат и многу течности. Ако состојбата на лицето се влоши и почне да губи свест, треба да се повика брза помош.

The post Топлотниот удар е поопасен од сончаницата, но и двете треба да се сфатат сериозно: Носете шешири и капи! appeared first on Република.

]]>
Викендов се очекуваат 44 степени во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vikendov-se-ochekuvaat-44-stepeni-vo-grtsija/ Tue, 11 Jul 2023 07:52:45 +0000 https://republika.mk/?p=659920

Со состаноци во надлежните Министерства, со препораки до граѓаните за заштита, но и со специјални простории со клима уреди од општините, Грција се подготвува за топлотниот бран „Клеон“ што ќе ја зафати земјата и се очекува, според прогнозите, во периодот од петок до недела температурите да бидат од 42 до 44 степени Целзиусови, јави дописничката на МИА од Атина.

По состанокот во Министерството за труд и социјала на Грција, беше упатена силна препорака до работодавците во периодот меѓу 12 и 17 часот да се намали обемот на работа и/или да се прекине за оние кои работат на отворено или се изложени на високите температури.

Министерството за здравство излезе со препораки и совети до граѓаните како да се заштитат од високите температури, додека пак Министерството за животна средина и енергетика одржа состанок за да нема проблеми во снабдувањето со електрична енергија и повикаа на разумно користење на електричните уреди во периодот меѓу 20 и 22 часот.

Паралелно, денеска, вонреден состанок ќе се одржи и во Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција.

Прогнозите во земјата се дека температурата, од утре постепено ќе почне да се зголемува, ќе кулминира за време на викендот, а метеоролозите не ја исклучуваат можноста топлотниот бран „Клеон“ да трае и една седмица.

The post Викендов се очекуваат 44 степени во Грција appeared first on Република.

]]>

Со состаноци во надлежните Министерства, со препораки до граѓаните за заштита, но и со специјални простории со клима уреди од општините, Грција се подготвува за топлотниот бран „Клеон“ што ќе ја зафати земјата и се очекува, според прогнозите, во периодот од петок до недела температурите да бидат од 42 до 44 степени Целзиусови, јави дописничката на МИА од Атина. По состанокот во Министерството за труд и социјала на Грција, беше упатена силна препорака до работодавците во периодот меѓу 12 и 17 часот да се намали обемот на работа и/или да се прекине за оние кои работат на отворено или се изложени на високите температури. Министерството за здравство излезе со препораки и совети до граѓаните како да се заштитат од високите температури, додека пак Министерството за животна средина и енергетика одржа состанок за да нема проблеми во снабдувањето со електрична енергија и повикаа на разумно користење на електричните уреди во периодот меѓу 20 и 22 часот. Паралелно, денеска, вонреден состанок ќе се одржи и во Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција. Прогнозите во земјата се дека температурата, од утре постепено ќе почне да се зголемува, ќе кулминира за време на викендот, а метеоролозите не ја исклучуваат можноста топлотниот бран „Клеон“ да трае и една седмица.

The post Викендов се очекуваат 44 степени во Грција appeared first on Република.

]]>
Туристи во Грција оставиле бебе во автомобил, полицијата го скршила прозорецот за да го спаси https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/turisti-vo-grtsija-ostavile-bebe-vo-avtomobil-politsijata-go-skrshila-prozoretsot-za-da-go-spasi/ Mon, 10 Jul 2023 16:39:43 +0000 https://republika.mk/?p=659822

Грчката полиција во неделата околу 20 часот го скршила прозорецот на паркиран автомобил на Крит за да извади бебе чии родители го оставиле заклучено.

Детето, кое било изложено на ризик од топлотен удар, плачело во автомобил паркиран во градот Ханија. По некое време до автомобилот стигнале и родителите кои со второто дете излегле на прошетка и разгледување.

Како што јавуваат грчките медиуми, се работи за брачен пар од Јапонија, кои биле приведени во полициска станица поради изложување на дете на опасност.

 

The post Туристи во Грција оставиле бебе во автомобил, полицијата го скршила прозорецот за да го спаси appeared first on Република.

]]>

Грчката полиција во неделата околу 20 часот го скршила прозорецот на паркиран автомобил на Крит за да извади бебе чии родители го оставиле заклучено. Детето, кое било изложено на ризик од топлотен удар, плачело во автомобил паркиран во градот Ханија. По некое време до автомобилот стигнале и родителите кои со второто дете излегле на прошетка и разгледување. Како што јавуваат грчките медиуми, се работи за брачен пар од Јапонија, кои биле приведени во полициска станица поради изложување на дете на опасност.  

The post Туристи во Грција оставиле бебе во автомобил, полицијата го скршила прозорецот за да го спаси appeared first on Република.

]]>
Најмалку 100 луѓе во Мексико починаа поради топлото време, температурата се искачила до 50 степени https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/najmalku-100-luge-vo-meksiko-pochinaa-poradi-toploto-vreme-temperaturata-se-iskachila-do-50-stepeni/ Fri, 30 Jun 2023 07:49:02 +0000 https://republika.mk/?p=656739

Најмалку сто луѓе починаа во изминатите две недели во Мексико поради топлото време. Температурата на воздухот во некои делови од земјата се искачи приближно до 50 степени Целзиусови, соопшти Министерството за здравство.

Тринеделниот топлотен бран овој месец ја оптовари електричната мрежа со рекордна потрошувачка, а во некои области е прекината и наставата.

Повеќе од две третини од смртните случаи се случиле во периодот од 18 до 24 јуни, а останатите претходната недела. Во истиот период минатата година регистриран е само еден смртен случај предизвикан од топлото време.

Околу 64 отсто од смртните случаи се случиле во северната држава Нуево Леон, која граничи со Тексас.

Изминатите денови температурата на воздухот се намали откако почна сезоната на дождови, но во северниот дел на Мексико сè уште преовладува топлото време. Во градот Акончи, мексиканската државата Сонора пред два дена измерени се рекордни 49 степени Целзиусови.

 

The post Најмалку 100 луѓе во Мексико починаа поради топлото време, температурата се искачила до 50 степени appeared first on Република.

]]>

Најмалку сто луѓе починаа во изминатите две недели во Мексико поради топлото време. Температурата на воздухот во некои делови од земјата се искачи приближно до 50 степени Целзиусови, соопшти Министерството за здравство. Тринеделниот топлотен бран овој месец ја оптовари електричната мрежа со рекордна потрошувачка, а во некои области е прекината и наставата. Повеќе од две третини од смртните случаи се случиле во периодот од 18 до 24 јуни, а останатите претходната недела. Во истиот период минатата година регистриран е само еден смртен случај предизвикан од топлото време. Околу 64 отсто од смртните случаи се случиле во северната држава Нуево Леон, која граничи со Тексас. Изминатите денови температурата на воздухот се намали откако почна сезоната на дождови, но во северниот дел на Мексико сè уште преовладува топлото време. Во градот Акончи, мексиканската државата Сонора пред два дена измерени се рекордни 49 степени Целзиусови.  

The post Најмалку 100 луѓе во Мексико починаа поради топлото време, температурата се искачила до 50 степени appeared first on Република.

]]>
Осум лица починаа од топлотен бран во Мексико https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/osum-litsa-pochinaa-od-toploten-bran-vo-meksiko/ Sat, 17 Jun 2023 14:35:48 +0000 https://republika.mk/?p=652472

Осум лица починаа во третиот топлотен бран што го погоди Мексико од средината на април, соопшти Министерството за здравство на Мексико каде во главниот град Мексико Сити температурите неделава достигнаа рекордни 35 степени Целзиусови.

Седум жртви починале од топлотен удар и една од дехидрација во периодот од 14 април до 12 јуни, се вели во соопштението на Министерството.

Во североисточниот град Монтереј, температурите надминаа 40 степени Целзиусови, притисокот на водата во домовите опадна, а зголемената побарувачка за електрична енергија поради вклучени клима уреди доведе до прекин на електричната енергија.

Владата на државата Нуево Леон, во која се наоѓа Монтереј, го ограничи времето што децата го поминуваат на училиште на два часа дневно. Минатата година Мексико прогласи вонредна состојба поради сушата во делови од земјата поради топлотниот бран и недостигот на дожд што ги исцрпи акумулациите.

 

The post Осум лица починаа од топлотен бран во Мексико appeared first on Република.

]]>

Осум лица починаа во третиот топлотен бран што го погоди Мексико од средината на април, соопшти Министерството за здравство на Мексико каде во главниот град Мексико Сити температурите неделава достигнаа рекордни 35 степени Целзиусови. Седум жртви починале од топлотен удар и една од дехидрација во периодот од 14 април до 12 јуни, се вели во соопштението на Министерството. Во североисточниот град Монтереј, температурите надминаа 40 степени Целзиусови, притисокот на водата во домовите опадна, а зголемената побарувачка за електрична енергија поради вклучени клима уреди доведе до прекин на електричната енергија. Владата на државата Нуево Леон, во која се наоѓа Монтереј, го ограничи времето што децата го поминуваат на училиште на два часа дневно. Минатата година Мексико прогласи вонредна состојба поради сушата во делови од земјата поради топлотниот бран и недостигот на дожд што ги исцрпи акумулациите.  

The post Осум лица починаа од топлотен бран во Мексико appeared first on Република.

]]>
Оваа земја е најранлива на топлотен удар; Температурите се искачуваат до 51°C https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ovaa-zemja-e-najranliva-na-toploten-udar-temperaturite-se-iskachuvaat-do-51-c/ Mon, 05 Jun 2023 09:15:53 +0000 https://republika.mk/?p=647921

Амнести интернешнал по повод Светскиот ден на животната средина објави која земја е најранлива кога станува збор за топлотниот удар. Според нивните податоци се работи за Пакистан.

Како што наведуваат во својот извештај, многу жители на таа земја се премногу сиромашни за да си дозволат заштита од високите температури.

Лекарите забележуваат се повеќе случаи на топлотен удар, вртоглавица и отежнато дишење, а се повеќе пациенти мора да се лекуваат во итната медицинска помош, посочува АИ. Во исто време, експертите стравуваат дека екстремните временски настани ќе зачестат поради климатските промени.

Минатата пролет во Пакистан беше особено жешка, со рекордни температури кои набрзина достигнаа 51 Целзиусов степен во градот Јакобабад, додека летото донесе рекордни врнежи од дожд и поплави во третина од земјата.

Многу граѓани со ниски примања работат на отворено, дури и при екстремни жештини, што значи дека се особено ранливи на климатските промени, објаснува АИ.

Исто така, повеќе од 40 милиони луѓе немаат постојан пристап до струја, што значи дека не можат да користат клима уреди или вентилатори.

Маргинализираните социјални групи се изложени на опасни по живот последици од климатските промени, а температурите ќе продолжат да растат, предупреди заменик-регионалниот директор на Амнести за Јужна Азија, Динусика Дисанајака.

Затоа Амнести ја повикува пакистанската влада да подготви план за градовите кои ќе ги заштитат жителите од високите температури, а богатите земји да ги намалат емисиите и да му помогнат на Пакистан да се прилагоди на климатските промени.

The post Оваа земја е најранлива на топлотен удар; Температурите се искачуваат до 51°C appeared first on Република.

]]>

Амнести интернешнал по повод Светскиот ден на животната средина објави која земја е најранлива кога станува збор за топлотниот удар. Според нивните податоци се работи за Пакистан. Како што наведуваат во својот извештај, многу жители на таа земја се премногу сиромашни за да си дозволат заштита од високите температури. Лекарите забележуваат се повеќе случаи на топлотен удар, вртоглавица и отежнато дишење, а се повеќе пациенти мора да се лекуваат во итната медицинска помош, посочува АИ. Во исто време, експертите стравуваат дека екстремните временски настани ќе зачестат поради климатските промени. Минатата пролет во Пакистан беше особено жешка, со рекордни температури кои набрзина достигнаа 51 Целзиусов степен во градот Јакобабад, додека летото донесе рекордни врнежи од дожд и поплави во третина од земјата. Многу граѓани со ниски примања работат на отворено, дури и при екстремни жештини, што значи дека се особено ранливи на климатските промени, објаснува АИ. Исто така, повеќе од 40 милиони луѓе немаат постојан пристап до струја, што значи дека не можат да користат клима уреди или вентилатори. Маргинализираните социјални групи се изложени на опасни по живот последици од климатските промени, а температурите ќе продолжат да растат, предупреди заменик-регионалниот директор на Амнести за Јужна Азија, Динусика Дисанајака. Затоа Амнести ја повикува пакистанската влада да подготви план за градовите кои ќе ги заштитат жителите од високите температури, а богатите земји да ги намалат емисиите и да му помогнат на Пакистан да се прилагоди на климатските промени.

The post Оваа земја е најранлива на топлотен удар; Температурите се искачуваат до 51°C appeared first on Република.

]]>
Бебе почина од топлотен удар, родителите го оставиле во автомобил за да одат на миса https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bebe-pochina-od-toploten-udar-roditelite-go-ostavile-vo-avtomobil-za-da-odat-na-misa/ Wed, 31 May 2023 11:47:12 +0000 https://republika.mk/?p=646455

Единаесетмесечно девојче почина од топлотен удар откако била оставена заклучена во автомобил над три часа, додека родителите присуствувале на црковна миса. Несреќата се случила во Палм Беј, Флорида во неделата, 28 мај, кога температурата била 27 степени, но во вжештеното возило достигнала околу 38 степени.

Кога завршила мисата, родителите биле шокирани кога виделе дека нивната ќерка е во несвест.

Брза помош набрзо пристигнала на лице место и го пренела девојчето во локалната болница. Сепак, лекарите набрзо констатирале смрт на девојчето.

Полицијата се уште го истражува инцидентот и засега родителите не се уапсени.

Неколку дена пред оваа трагедија, едногодишно дете починало во Вашингтон откако било оставено во автомобил повеќе од девет часа, потсетува „Мирор“.

 

The post Бебе почина од топлотен удар, родителите го оставиле во автомобил за да одат на миса appeared first on Република.

]]>

Единаесетмесечно девојче почина од топлотен удар откако била оставена заклучена во автомобил над три часа, додека родителите присуствувале на црковна миса. Несреќата се случила во Палм Беј, Флорида во неделата, 28 мај, кога температурата била 27 степени, но во вжештеното возило достигнала околу 38 степени. Кога завршила мисата, родителите биле шокирани кога виделе дека нивната ќерка е во несвест. Брза помош набрзо пристигнала на лице место и го пренела девојчето во локалната болница. Сепак, лекарите набрзо констатирале смрт на девојчето. Полицијата се уште го истражува инцидентот и засега родителите не се уапсени. Неколку дена пред оваа трагедија, едногодишно дете починало во Вашингтон откако било оставено во автомобил повеќе од девет часа, потсетува „Мирор“.  

The post Бебе почина од топлотен удар, родителите го оставиле во автомобил за да одат на миса appeared first on Република.

]]>
Жителите на Тајланд добија предупредување да не излегуваат на отворено поради екстремните жештини https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zhitelite-na-tajland-dobija-predupreduvane-da-ne-izleguvaat-na-otvoreno-poradi-ekstremnite-zheshtini/ Sat, 22 Apr 2023 17:42:18 +0000 https://republika.mk/?p=633065

Тајландските власти обајвија предупредување до жителите во големи делови од земјата, вклучително и главниот град Бангкок, да избегнуваат излегување на отворено поради екстремните жештини. Ваквото предупредување доаѓа откако во Бангкок биле измерени 54 степени Целзиусови.

Поради тоа, властите ги предупредуваат жителите да избегнуваат активности на отворено и да бидат свесни за опасноста од топлотен удар.

Поголеми делови од Азија пријавуваат екстремни жештини овој месец, со рекордни температури во некои земји.

Во Бангладеш и делови од Индија, поради жештините се зголеми потрошувачката на електрична енергија, што резултираше со прекини на снабдувањето и недостиг на електрична енергија за милиони луѓе.

The post Жителите на Тајланд добија предупредување да не излегуваат на отворено поради екстремните жештини appeared first on Република.

]]>

Тајландските власти обајвија предупредување до жителите во големи делови од земјата, вклучително и главниот град Бангкок, да избегнуваат излегување на отворено поради екстремните жештини. Ваквото предупредување доаѓа откако во Бангкок биле измерени 54 степени Целзиусови. Поради тоа, властите ги предупредуваат жителите да избегнуваат активности на отворено и да бидат свесни за опасноста од топлотен удар. Поголеми делови од Азија пријавуваат екстремни жештини овој месец, со рекордни температури во некои земји. Во Бангладеш и делови од Индија, поради жештините се зголеми потрошувачката на електрична енергија, што резултираше со прекини на снабдувањето и недостиг на електрична енергија за милиони луѓе.

The post Жителите на Тајланд добија предупредување да не излегуваат на отворено поради екстремните жештини appeared first on Република.

]]>