топлотен бран Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toploten-bran/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 12:44:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png топлотен бран Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toploten-bran/ 32 32 Шеснаесет решенија за забрана за работа за непочитување на препораките за заштита од топлотниот бран https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/shesnaeset-reshenija-za-zabrana-za-rabota-za-nepochituvane-na-preporakite-za-zashtita-od-toplotniot-bran-2/ Wed, 14 Aug 2024 12:44:16 +0000 https://republika.mk/?p=806506

Државните инспектори за труд вчера и завчера изрекле 16 решенија за забрана за работа за непочитување на препораките за заштита од топлотниот бран, откако затекнале активности на работници директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот, информираа за МИА од Државниот инспекторат за труд (ДИТ).

Во тек на инспекциските надзори спроведени на 12 и 13 август, деновите за кои Владата донесе препораки, изречени се и 19 решенија со наредба за почитување на препораките за превенција и заштита на работниците при работа во услови на топлотен бран.

Согласно прогласената портокалова фаза и препораките за работа во услови на топлотен бран, државните инспектори за труд вчера извршиле вкупно 139 инспекциски надзори, односно 125 вонредни надзори и 14 контроли и во дејностите каде работниците се изложени на неповолни микроклиматски услови, односно директна изложеност на високи температури на отворено или каде во текот на работењето се изложени на топлинско зрачење. Притоа на работодавачите им издале 11 решенија со наредба за почитување на препораките, како и седум решенија за забрана за работа за затекнување на активности каде работниците се директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот.

Од ДИТ информираа дека завчера се спроведени 145 инспекциски надзори од кои 129 вонредни и 15 контролни надзори кои резултирале со осум решенија со наредба за почитување на препораките и девет решенија за забрана за работа.

Во тек на претходните топлотни бранови летово во тек на 1140 инспекциски надзори на ДИТ биле изрешени 95 решенија со наредба за почитување на препораките, како и 79 решенија за забрана за работа. Во сите случаи каде е изречена забрана за работа во наведениот временски интервал, како што информираат од Инспекторатот, работодавачите ја почитувале забраната за работа односно прекинале со работни активности.

Со владините препораки за намалување на ризиците од високите температури беа ослободени од работни обврски бремените жени и лицата на возраст над 60 години, а работодавачите добија обврска да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Препорака имаше и за почитвање на законските прописи со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници.

The post Шеснаесет решенија за забрана за работа за непочитување на препораките за заштита од топлотниот бран appeared first on Република.

]]>

Државните инспектори за труд вчера и завчера изрекле 16 решенија за забрана за работа за непочитување на препораките за заштита од топлотниот бран, откако затекнале активности на работници директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот, информираа за МИА од Државниот инспекторат за труд (ДИТ). Во тек на инспекциските надзори спроведени на 12 и 13 август, деновите за кои Владата донесе препораки, изречени се и 19 решенија со наредба за почитување на препораките за превенција и заштита на работниците при работа во услови на топлотен бран. Согласно прогласената портокалова фаза и препораките за работа во услови на топлотен бран, државните инспектори за труд вчера извршиле вкупно 139 инспекциски надзори, односно 125 вонредни надзори и 14 контроли и во дејностите каде работниците се изложени на неповолни микроклиматски услови, односно директна изложеност на високи температури на отворено или каде во текот на работењето се изложени на топлинско зрачење. Притоа на работодавачите им издале 11 решенија со наредба за почитување на препораките, како и седум решенија за забрана за работа за затекнување на активности каде работниците се директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот. Од ДИТ информираа дека завчера се спроведени 145 инспекциски надзори од кои 129 вонредни и 15 контролни надзори кои резултирале со осум решенија со наредба за почитување на препораките и девет решенија за забрана за работа. Во тек на претходните топлотни бранови летово во тек на 1140 инспекциски надзори на ДИТ биле изрешени 95 решенија со наредба за почитување на препораките, како и 79 решенија за забрана за работа. Во сите случаи каде е изречена забрана за работа во наведениот временски интервал, како што информираат од Инспекторатот, работодавачите ја почитувале забраната за работа односно прекинале со работни активности. Со владините препораки за намалување на ризиците од високите температури беа ослободени од работни обврски бремените жени и лицата на возраст над 60 години, а работодавачите добија обврска да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Препорака имаше и за почитвање на законските прописи со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници.

The post Шеснаесет решенија за забрана за работа за непочитување на препораките за заштита од топлотниот бран appeared first on Република.

]]>
Покрај понеделник и вторник мерките на Владата за топлотниот бран ќе се однесуваат и на среда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pokraj-ponedelnik-i-vtornik-merkite-na-vladata-za-toplotniot-bran-ke-se-odnesuvaat-i-na-sreda/ Sun, 11 Aug 2024 14:35:22 +0000 https://republika.mk/?p=805496

Поради најавениот интензитет и траење на топлониот бран, Владата ја информира јавноста дека покрај предвидените понеделник и вторник, истите мерки се однесуваат и на среда 14 август.

За овие три дена, од 12.08.2024 до 14.08.2024 година (понеделник, вторник и среда) важат истите дополнителни мерки за превенција, и тоа:

1. Oслободување од работни обврски за најралнивите групи на населениението: бремените жени и лица на возраст над 60 години. Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

2. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

3. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

4. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомни лица.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-so-itni-merki-poradi-toplotniot-bran/

The post Покрај понеделник и вторник мерките на Владата за топлотниот бран ќе се однесуваат и на среда appeared first on Република.

]]>

Поради најавениот интензитет и траење на топлониот бран, Владата ја информира јавноста дека покрај предвидените понеделник и вторник, истите мерки се однесуваат и на среда 14 август. За овие три дена, од 12.08.2024 до 14.08.2024 година (понеделник, вторник и среда) важат истите дополнителни мерки за превенција, и тоа: 1. Oслободување од работни обврски за најралнивите групи на населениението: бремените жени и лица на возраст над 60 години. Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. 2. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. 3. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. 4. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомни лица. https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-so-itni-merki-poradi-toplotniot-bran/

The post Покрај понеделник и вторник мерките на Владата за топлотниот бран ќе се однесуваат и на среда appeared first on Република.

]]>
Се враќа многу топлото време, од среда портокалова фаза на повеќе места ширум земјата https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/se-vraka-mnogu-toploto-vreme-od-sreda-portokalova-faza-na-poveke-mesta-shirum-zemjata/ Sun, 11 Aug 2024 10:43:44 +0000 https://republika.mk/?p=805417

Претежно сончево и многу топло време нѐ очекува од утре до крајот на седмицата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Топлото време е под влијание на многу топла воздушна маса од југ, а особено топло ќе биде до среда, кога дневната температура наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови и на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

И покрај високите температури, од УХМР соопштуваат дека од среда до петок во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

The post Се враќа многу топлото време, од среда портокалова фаза на повеќе места ширум земјата appeared first on Република.

]]>

Претежно сончево и многу топло време нѐ очекува од утре до крајот на седмицата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Топлото време е под влијание на многу топла воздушна маса од југ, а особено топло ќе биде до среда, кога дневната температура наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови и на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. И покрај високите температури, од УХМР соопштуваат дека од среда до петок во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

The post Се враќа многу топлото време, од среда портокалова фаза на повеќе места ширум земјата appeared first on Република.

]]>
Од понеделник портокалова фаза: Повторно температура над 40 степени https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/od-ponedelnik-portokalova-faza-povtorno-temperatura-nad-40-stepeni/ Sat, 10 Aug 2024 15:06:09 +0000 https://republika.mk/?p=805257

До крајот на денот сончево и топло со мала до умерена облачност, особено во источните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови каде повремено ќе надминува 50 км/час.

Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 39 степени.УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Температура ќе биде до 36 степени.

За следните денови синоптичарите најавуваат сончево и многу топло, особено во почетокот на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Максималната температура наместа ќе надминува 40 степени.
Од среда попладне, а особено во четврток ќе се зголемуваат условите за појава на пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме.

The post Од понеделник портокалова фаза: Повторно температура над 40 степени appeared first on Република.

]]>

До крајот на денот сончево и топло со мала до умерена облачност, особено во источните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови каде повремено ќе надминува 50 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 39 степени.УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Температура ќе биде до 36 степени. За следните денови синоптичарите најавуваат сончево и многу топло, особено во почетокот на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Максималната температура наместа ќе надминува 40 степени. Од среда попладне, а особено во четврток ќе се зголемуваат условите за појава на пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме.

The post Од понеделник портокалова фаза: Повторно температура над 40 степени appeared first on Република.

]]>
Јулскиот топлотен бран во Грција најдолг досега во земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/julskiot-toploten-bran-vo-grtsija-najdolg-dosega-vo-zemjata/ Fri, 26 Jul 2024 08:09:20 +0000 https://republika.mk/?p=800384

Топлотниот бран што од 8 до 23 јули ја зафати Грција со времетраење од 16 дена е најдолгиот регистриран во земјата, надминувајќи го ланскиот рекорд од 15 последователни дена со екстремно високи температури, согласно податоците од националната опсерваторија и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина.

Оваа година, за време топлотниот бран над 100 метеоролошки станици во земјата регистрирале максимални температури од 37 степени во 16 последователни дена.

Сепак, не биле регистрирани екстремните температури како што беше случај лани кога во неколку области достигна и надмина 45 степени Целзиусови.

Во јули 2024 година највисоката температура била 43,1 степен.

Навистина е импресивно што најдолгите топлотни бранови во современата метеоролошка историја кај нас се случија во две последователни години, лани и годинава, коментираат од порталот Метео, анализирајќи ги податоците од јули 2023 и јули 2024 година.

The post Јулскиот топлотен бран во Грција најдолг досега во земјата appeared first on Република.

]]>

Топлотниот бран што од 8 до 23 јули ја зафати Грција со времетраење од 16 дена е најдолгиот регистриран во земјата, надминувајќи го ланскиот рекорд од 15 последователни дена со екстремно високи температури, согласно податоците од националната опсерваторија и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина. Оваа година, за време топлотниот бран над 100 метеоролошки станици во земјата регистрирале максимални температури од 37 степени во 16 последователни дена. Сепак, не биле регистрирани екстремните температури како што беше случај лани кога во неколку области достигна и надмина 45 степени Целзиусови. Во јули 2024 година највисоката температура била 43,1 степен. Навистина е импресивно што најдолгите топлотни бранови во современата метеоролошка историја кај нас се случија во две последователни години, лани и годинава, коментираат од порталот Метео, анализирајќи ги податоците од јули 2023 и јули 2024 година.

The post Јулскиот топлотен бран во Грција најдолг досега во земјата appeared first on Република.

]]>
По петнаесетдневниот топлотен бран во Грција, од денеска пад на температурите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/po-petnaesetdnevniot-toploten-bran-vo-grtsija-od-deneska-pad-na-temperaturite/ Tue, 23 Jul 2024 08:01:41 +0000 https://republika.mk/?p=799414

Особено високи температури биле регистрирани вчера во Грција што е петнаесетти ден по ред од топлотниот бран што ја зафати земјата со максималните температури од речиси 42 степени Целзиусови, според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, додека пак од денеска се најавува пад на температурите, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на вчерашниот ден, најтопли области биле Тесалија, централна Грција и југоисточниот дел на Пелопонез.

Највисока била температурата во Стилида во централна Грција (41,9 степени), додека пак 189 од 513 активни метеоролошки станици во земјата регистрирале темература од над 37 степени, а во 13 станици температурата била над 40 степени.

The post По петнаесетдневниот топлотен бран во Грција, од денеска пад на температурите appeared first on Република.

]]>

Особено високи температури биле регистрирани вчера во Грција што е петнаесетти ден по ред од топлотниот бран што ја зафати земјата со максималните температури од речиси 42 степени Целзиусови, според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, додека пак од денеска се најавува пад на температурите, јави дописничката на МИА од Атина. Во текот на вчерашниот ден, најтопли области биле Тесалија, централна Грција и југоисточниот дел на Пелопонез. Највисока била температурата во Стилида во централна Грција (41,9 степени), додека пак 189 од 513 активни метеоролошки станици во земјата регистрирале темература од над 37 степени, а во 13 станици температурата била над 40 степени.

The post По петнаесетдневниот топлотен бран во Грција, од денеска пад на температурите appeared first on Република.

]]>
Што велат климатолозите за топлотниот бран во Европа? https://arhiva3.republika.mk/zivot/shto-velat-klimatolozite-za-toplotniot-bran-vo-evropa/ Sat, 20 Jul 2024 13:47:10 +0000 https://republika.mk/?p=798749

Топлотниот бран траеше речиси две недели низ Европа, а европските и регионалните, па и домашните метеоролози предвидуваат дека температурите ќе паднат со објаснување зошто толку долго траеше овој топлотен бран, пренесе Кликс.ба (Klix.ba).

Екстремните горештини што зафатија многу јужни и источноевропски земји овој месец делумно беа предизвикани од бранот топол воздух од Северна Африка. Повеќе луѓе починаа во Италија, а предупредувањата за екстремна топлина остануваат во сила за земјите од Португалија до Романија и Кипар.

-Сето тоа е поврзано со прилично постојаните временски шеми од големи размери. Јужните и источните делови на Европа беа под она што ние го нарекуваме гребен на висок притисок, исто така познат како топлинска купола, во основа голема површина на висок притисок со многу многу топол воздух што не се движи многу, објаснува Ларс Ловински, метеоролог во метеоролошката служба „Weather & Radar“.

Температурите беа околу шест до дванаесет степени над просекот за овој период од годината, поттикнувајќи шумски пожари и барајќи рекордна потрошувачка на енергија. Некои области усвоија посебни планови за греење, вклучително и отворање на климатизирани простори и забрана за работа на отворено за да се заштитат луѓето.

Несезонското топло време ќе се задржи уште неколку дена, според „Weather & Radar“, при што температурите повторно ќе достигнат од 35 до 40 степени Целзиусови во Србија, Италија, Албанија, Грција, Романија и Бугарија.

-Но, добрата вест е дека најлошото од оваа екстремна топлина сега е зад нас. Овој упад на постуден и посвеж воздух на почетокот на следната недела, исто така, може да предизвика силни грмотевици, особено низ Балканот, вели Ловински, а трендот следната недела укажува на постепен пад на температурите што повеќе ќе личат на временските услови за овој период од годината.

Но, предвидувањето на топлотните бранови - особено нивниот интензитет и времетраење - останува предизвик, а експертите не се сигурни што се очекува до крајот на летото. Сепак, постариот метеоролог на „AccuWeather“, Тајлер Ројс, вели дека е малку веројатно дека ќе видиме повторување на топлината оваа недела.

-Екстремните, а понекогаш и рекордни температури што ги видовме во изминатите неколку дена се исто така јасен показател дека климатските промени ја влошуваат оваа топлина. Топлинските бранови сега имаат тенденција да бидат поинтензивни, а тоа ги вклучува и ноќните температури. Соопштувањето на тој ризик и како да се подготват луѓето, животните и инфраструктурата (на пример, климатизацијата и дополнителното оптоварување на електричните мрежи) станува се поважно, рече тој.

The post Што велат климатолозите за топлотниот бран во Европа? appeared first on Република.

]]>

Топлотниот бран траеше речиси две недели низ Европа, а европските и регионалните, па и домашните метеоролози предвидуваат дека температурите ќе паднат со објаснување зошто толку долго траеше овој топлотен бран, пренесе Кликс.ба (Klix.ba). Екстремните горештини што зафатија многу јужни и источноевропски земји овој месец делумно беа предизвикани од бранот топол воздух од Северна Африка. Повеќе луѓе починаа во Италија, а предупредувањата за екстремна топлина остануваат во сила за земјите од Португалија до Романија и Кипар.
-Сето тоа е поврзано со прилично постојаните временски шеми од големи размери. Јужните и источните делови на Европа беа под она што ние го нарекуваме гребен на висок притисок, исто така познат како топлинска купола, во основа голема површина на висок притисок со многу многу топол воздух што не се движи многу, објаснува Ларс Ловински, метеоролог во метеоролошката служба „Weather & Radar“.
Температурите беа околу шест до дванаесет степени над просекот за овој период од годината, поттикнувајќи шумски пожари и барајќи рекордна потрошувачка на енергија. Некои области усвоија посебни планови за греење, вклучително и отворање на климатизирани простори и забрана за работа на отворено за да се заштитат луѓето. Несезонското топло време ќе се задржи уште неколку дена, според „Weather & Radar“, при што температурите повторно ќе достигнат од 35 до 40 степени Целзиусови во Србија, Италија, Албанија, Грција, Романија и Бугарија.
-Но, добрата вест е дека најлошото од оваа екстремна топлина сега е зад нас. Овој упад на постуден и посвеж воздух на почетокот на следната недела, исто така, може да предизвика силни грмотевици, особено низ Балканот, вели Ловински, а трендот следната недела укажува на постепен пад на температурите што повеќе ќе личат на временските услови за овој период од годината.
Но, предвидувањето на топлотните бранови - особено нивниот интензитет и времетраење - останува предизвик, а експертите не се сигурни што се очекува до крајот на летото. Сепак, постариот метеоролог на „AccuWeather“, Тајлер Ројс, вели дека е малку веројатно дека ќе видиме повторување на топлината оваа недела.
-Екстремните, а понекогаш и рекордни температури што ги видовме во изминатите неколку дена се исто така јасен показател дека климатските промени ја влошуваат оваа топлина. Топлинските бранови сега имаат тенденција да бидат поинтензивни, а тоа ги вклучува и ноќните температури. Соопштувањето на тој ризик и како да се подготват луѓето, животните и инфраструктурата (на пример, климатизацијата и дополнителното оптоварување на електричните мрежи) станува се поважно, рече тој.

The post Што велат климатолозите за топлотниот бран во Европа? appeared first on Република.

]]>
Хрватите бесплатно ќе се разладуваат во базените, а ќе може без влезници да ги посетат и музеите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatite-besplatno-ke-se-razladuvaat-vo-bazenite-a-ke-mozhe-bez-vleznitsi-da-gi-posetat-i-muzeite/ Tue, 16 Jul 2024 17:46:34 +0000 https://republika.mk/?p=797486

Градските власти во Загреб соопштија дека поради топлотниот бран што трае веќе извесно време, ќе им овозможат и следниов викенд бесплатен влез во градските базени и градските музеи на сите жители на главниот град на Хрватска.

Бесплатен влез во базените ќе биде можен од петок 19 јули до недела 21 јули во пет грaдски базени.

Следниот викенд бесплатен влез ќе биде овозможен и во климатизираните музеи на Загреб, и тоа Археолошки и етнографски музеј, Музеј на град Загреб и Музеј на современа уметност.

Во случај на нови топлотни бранови ова лето, институцијата Управа со спортски објекти, градски музеи и Град Загреб ќе ја разгледаат можноста за бесплатен влез во градските базени и градските музеи и во другите викенди, со цел граѓаните полесно се справуваат со горештините.

The post Хрватите бесплатно ќе се разладуваат во базените, а ќе може без влезници да ги посетат и музеите appeared first on Република.

]]>

Градските власти во Загреб соопштија дека поради топлотниот бран што трае веќе извесно време, ќе им овозможат и следниов викенд бесплатен влез во градските базени и градските музеи на сите жители на главниот град на Хрватска. Бесплатен влез во базените ќе биде можен од петок 19 јули до недела 21 јули во пет грaдски базени. Следниот викенд бесплатен влез ќе биде овозможен и во климатизираните музеи на Загреб, и тоа Археолошки и етнографски музеј, Музеј на град Загреб и Музеј на современа уметност. Во случај на нови топлотни бранови ова лето, институцијата Управа со спортски објекти, градски музеи и Град Загреб ќе ја разгледаат можноста за бесплатен влез во градските базени и градските музеи и во другите викенди, со цел граѓаните полесно се справуваат со горештините.

The post Хрватите бесплатно ќе се разладуваат во базените, а ќе може без влезници да ги посетат и музеите appeared first on Република.

]]>
Во Црна Гора, БИХ и делови од Хрватска црвено предупредување за топлотен бран https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-tsrna-gora-bih-i-delovi-od-hrvatska-tsrveno-predupreduvane-za-toploten-bran/ Tue, 16 Jul 2024 08:26:33 +0000 https://republika.mk/?p=797273

Земјите од регионот и денеска се под метеоролошки предупредувања за топлотен бран. Во цела Црна Гора и БиХ, како и делови од Хрватска е прогласено црвено предупредување за топлотен бран, а предвидените температури на места ќе достигнат и над 40 Целзиусови степени.

Кога станува збор за Хрватска, најтопло утрово беше во Дубровник, 27,5 степени. Хрватските метеоролози прогнозираат дека жештините ќе продолжат и во вториот дел од неделата, особено на Јадранот, додека во внатрешноста почестите врнежи ќе донесат времено освежување, кое особено ќе биде изразено во петок.

Републичкиот хидрометеоролошки завод на Република Српска издаде предупредување поради продолжување на топлотниот бран на целото подрачје. Температурата на воздухот денеска ќе се движи до 42 Целзиусови степени.

Црвеното предупредување има и на територијата на целата Федерација Босна и Херцеговина, а температурите во Мостарскиот регион ќе достигнат околу 42 Целзиусови степени, во вишеградскиот регион максимална температура на воздухот ќе се движи меѓу 37 и 42 степени, а на планините околу 30 степени.

Граѓаните се повикуваат да преземат мерки на претпазливост во текот на најтоплиот дел од денот и да не се изложуваат на големи напори. Посебно предупредувањето се однесува на постарите лица и лицата со нарушено здравје и децата. Не е исклучена појава на невреме во планинските предели.

Во цела Црна Гора е прогласен црвен аларм поради многу топол бран, со тоа што попладне локално може да се очекува облачност. Максималната температура се прогнозира од 36 до 43 степени, а УВ индексот ќе биде висок - 10.

Многу топло време со температури околу и над 41 степен денеска ќе има и на територијата на Македонија, а исто време се предвидува и за наредните денови. Поради топлотниот бран Владата одлучи бремените жени и лицата над 60 години да бидат ослободени од работни обврски до четврток. На работодавачите им се препорачува да ги реорганизираат работните активности за да се избегнат градежните и другите физички активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а градинките да не ги изнесуваат децата надвор во тој период од денот.

 

The post Во Црна Гора, БИХ и делови од Хрватска црвено предупредување за топлотен бран appeared first on Република.

]]>

Земјите од регионот и денеска се под метеоролошки предупредувања за топлотен бран. Во цела Црна Гора и БиХ, како и делови од Хрватска е прогласено црвено предупредување за топлотен бран, а предвидените температури на места ќе достигнат и над 40 Целзиусови степени. Кога станува збор за Хрватска, најтопло утрово беше во Дубровник, 27,5 степени. Хрватските метеоролози прогнозираат дека жештините ќе продолжат и во вториот дел од неделата, особено на Јадранот, додека во внатрешноста почестите врнежи ќе донесат времено освежување, кое особено ќе биде изразено во петок. Републичкиот хидрометеоролошки завод на Република Српска издаде предупредување поради продолжување на топлотниот бран на целото подрачје. Температурата на воздухот денеска ќе се движи до 42 Целзиусови степени. Црвеното предупредување има и на територијата на целата Федерација Босна и Херцеговина, а температурите во Мостарскиот регион ќе достигнат околу 42 Целзиусови степени, во вишеградскиот регион максимална температура на воздухот ќе се движи меѓу 37 и 42 степени, а на планините околу 30 степени. Граѓаните се повикуваат да преземат мерки на претпазливост во текот на најтоплиот дел од денот и да не се изложуваат на големи напори. Посебно предупредувањето се однесува на постарите лица и лицата со нарушено здравје и децата. Не е исклучена појава на невреме во планинските предели. Во цела Црна Гора е прогласен црвен аларм поради многу топол бран, со тоа што попладне локално може да се очекува облачност. Максималната температура се прогнозира од 36 до 43 степени, а УВ индексот ќе биде висок - 10. Многу топло време со температури околу и над 41 степен денеска ќе има и на територијата на Македонија, а исто време се предвидува и за наредните денови. Поради топлотниот бран Владата одлучи бремените жени и лицата над 60 години да бидат ослободени од работни обврски до четврток. На работодавачите им се препорачува да ги реорганизираат работните активности за да се избегнат градежните и другите физички активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а градинките да не ги изнесуваат децата надвор во тој период од денот.  

The post Во Црна Гора, БИХ и делови од Хрватска црвено предупредување за топлотен бран appeared first on Република.

]]>
Еве до кога Македонија ќе биде под топлотен бран https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/eve-do-koga-makedonija-ke-bide-pod-toploten-bran/ Sun, 14 Jul 2024 09:29:41 +0000 https://republika.mk/?p=796592

Деновиве Македонија се наоѓа под топлотен бран каде температурите одат до 43 степени.

Времето е сончево и многу топло, а ваквото време се очекува да продолжи до четврток, следната недела.

The post Еве до кога Македонија ќе биде под топлотен бран appeared first on Република.

]]>

Деновиве Македонија се наоѓа под топлотен бран каде температурите одат до 43 степени. Времето е сончево и многу топло, а ваквото време се очекува да продолжи до четврток, следната недела.

The post Еве до кога Македонија ќе биде под топлотен бран appeared first on Република.

]]>
Топлотен бран во Македонија, екипи на Црвен крст ќе патролираат низ центарот на градот и на автбуските станици меѓу 11 и 16 часот, ќе делат вода https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/toploten-bran-vo-makedonija-ekipi-na-tsrven-krst-ke-patroliraat-niz-tsentarot-na-gradot-i-na-avtbuskite-stanitsi-megu-11-i-16-chasot-ke-delat-voda/ Thu, 20 Jun 2024 07:46:43 +0000 https://republika.mk/?p=789208

Црвениот крст на град Скопје презема мерки за заштита на граѓаните за време на најавените екстремни температури преку изготвување на акционен план. Планот вклучува теренски активности кои целат на справување со топлотните бранови, базирани на претходни искуства.

Мобилни тимови, составени од лекари или парамедици, ќе обиколуваат низ градот, дистрибуирајќи вода и флаери со совети за справување со жештините. Исто така, ќе се мери крвен притисок на граѓаните кои изразат здравствени проблеми, со обезбедување транспорт до медицински установи кога е потребно.

Во наредните денови, 20 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи ќе учествуваат во овие активности, со шест возила кои ќе патролираат низ централните делови на градот и кај автобуски станици. Овие активности ќе се спроведуваат меѓу 11 и 16 часот и ќе продолжат во зависност од временските услови.

Дополнително, Црвениот крст ќе се грижи и за здравствената состојба на бездомниците, преку осигурување на контактен телефон за дојави за лица погодени од топлотниот бран. Финансиската поддршка за овие активности е обезбедена од Државна лотарија, што овозможува поефикасно извршување на планираните мерки.

 

The post Топлотен бран во Македонија, екипи на Црвен крст ќе патролираат низ центарот на градот и на автбуските станици меѓу 11 и 16 часот, ќе делат вода appeared first on Република.

]]>

Црвениот крст на град Скопје презема мерки за заштита на граѓаните за време на најавените екстремни температури преку изготвување на акционен план. Планот вклучува теренски активности кои целат на справување со топлотните бранови, базирани на претходни искуства. Мобилни тимови, составени од лекари или парамедици, ќе обиколуваат низ градот, дистрибуирајќи вода и флаери со совети за справување со жештините. Исто така, ќе се мери крвен притисок на граѓаните кои изразат здравствени проблеми, со обезбедување транспорт до медицински установи кога е потребно. Во наредните денови, 20 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи ќе учествуваат во овие активности, со шест возила кои ќе патролираат низ централните делови на градот и кај автобуски станици. Овие активности ќе се спроведуваат меѓу 11 и 16 часот и ќе продолжат во зависност од временските услови. Дополнително, Црвениот крст ќе се грижи и за здравствената состојба на бездомниците, преку осигурување на контактен телефон за дојави за лица погодени од топлотниот бран. Финансиската поддршка за овие активности е обезбедена од Државна лотарија, што овозможува поефикасно извршување на планираните мерки.  

The post Топлотен бран во Македонија, екипи на Црвен крст ќе патролираат низ центарот на градот и на автбуските станици меѓу 11 и 16 часот, ќе делат вода appeared first on Република.

]]>
Од денеска 40 степени: Не излегувајте надвор без потреба, пијте многу течности https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/od-deneska-40-stepeni-ne-izleguvajte-nadvor-bez-potreba-pijte-mnogu-technosti/ Wed, 19 Jun 2024 06:03:04 +0000 https://republika.mk/?p=788903

 Од денеска до недела, како што соопштија од УХМР, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.

-Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво, се додава во соопштението од УХМР.

Сончево и топло со слаб ветер од северен правец ќе биде времето до крајот на денот. Најтопло денеска е во Демир Капија и Гевгелија каде максималната температура достигна 40 степени.

По најавите за топлотниот бран што се очекува да ја зафати земјава Владата на барање на Министерството за здравство, донесе препораки во кои се предвидува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно бремените жени и лицата на возраст над 60 години, а во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

Исто така, Владата препорачува единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица.

Владата на вчерашната 52-ра седница, ја донесе Уредбата со законска сила за изменување и дополнување, односно за ребаланс на Буџетот на Република Македонија за 2020 година. Детално об

Владата ги потсетува работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници.

Институтот за јавно здравје, пак, на својата веб-страницата предупредува дека секоја година, високите температури влијаат на здравјето на многу луѓе, особено постарите лица, новороденчињата, луѓето кои работат на отворено и хронично болните. Затоа од Институтот препорачуваат дека за време на топлотните периоди, важно е да се оддржи свежина, за да се избегнат негативните здравствени ефекти на топлината.

Општина Кисела Вода, заедно со Општинската Организација на Црвен крст–Кисела Вода, започнаа со спроведување на проектот ‘’Топлотен бран 2023’’. 

-Избегнувајте излегување и вршење напорна активност за време на најжешкото време од денот од 11-17 часот. Искористете ги предностите на специјалното време на шопинг за ранливите групи кога и да е достапно. Останете во сенка, не оставајте деца или животни во паркирани возила, и доколку е потребно и можно, поминете 2-3 часа на ден на ладно место. Доколку УВ индексот е повисок од 8, задолжително да се користи крема со заштитен фактор, капа и наочари со заштита од УВ зрачење, како и да се внимава движењето надвор да биде во сенка. УВ зрачењето и топлината се најсилни во периодот помеѓу 10 и 14 часот и се препорачува во тој период да биде што е можно помала изложеноста на сонце. Воедно, посетителите на плажа треба да имаат предвид дека белиот песок и другите светли површини рефлектираат УВ зрачење и може двојно да ја зголемат изложеноста на зрачењето, се вели во препораките од ИЈЗ.

Оттаму додаваат дека граѓаните треба да ги чуваат своите домови ладни, да го користст ноќниот воздух за да го оладат домот со природно проветрување кога надворешните температури ќе се намалат, како и да ја намалат ја оптовареноста на топлина во станот или куќата во текот на денот со користење на ролетни и исклучување што е можно повеќе електрични уреди, велат од ИЈЗ.

Тие прпорачуваат граѓаните правилно да го хидрират своето тело, да користат светла, бела, лесна и лабава облека и постелнина, да практикуваат ладни тушеви или бањи и да пијат безбедна вода редовно, но и да избегнуваат пијалоци со шеќер, алкохолни пијалоци или кофеини.

Југоисточна Европа ја зафати топлотен бран поради кој луѓето се собираат на бреговите, покрај фонтаните во градовите и на климатизирани локации за да се оладат.

-Избегнувајте изложеност на сонце или на температури повисоки од 38°C, бидејќи и го зголемува ризикот од изгореници и болести поврзани со топлината. Додека се грижите за себе, планирајте да проверите на семејството, пријателите и соседите кои поминуваат поголем дел од своето време сами. На ранливите луѓе можеби им треба помош во жешките денови, и ако некој што го познавате е во опасност, помогнете им да добијат совет и поддршка додека ги почитуваат препораките за физичко растојание. Лицата кои користат редовна терапија треба да се консултираат со матичните лекари и фармацевтите за евентуалните влијанија од терапевтиците на способмоста за регулирање на телесната температура, се вели во препораките.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката, а ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови и пред употребата истата да се загрее на + 100 степени. Се препорачува да се избегнуваат производи кои не се термички обработени.

The post Од денеска 40 степени: Не излегувајте надвор без потреба, пијте многу течности appeared first on Република.

]]>

 Од денеска до недела, како што соопштија од УХМР, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени. -Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво, се додава во соопштението од УХМР. Сончево и топло со слаб ветер од северен правец ќе биде времето до крајот на денот. Најтопло денеска е во Демир Капија и Гевгелија каде максималната температура достигна 40 степени. По најавите за топлотниот бран што се очекува да ја зафати земјава Владата на барање на Министерството за здравство, донесе препораки во кои се предвидува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно бремените жени и лицата на возраст над 60 години, а во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Исто така, Владата препорачува единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица. Владата на вчерашната 52-ра седница, ја донесе Уредбата со законска сила за изменување и дополнување, односно за ребаланс на Буџетот на Република Македонија за 2020 година. Детално об Владата ги потсетува работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници. Институтот за јавно здравје, пак, на својата веб-страницата предупредува дека секоја година, високите температури влијаат на здравјето на многу луѓе, особено постарите лица, новороденчињата, луѓето кои работат на отворено и хронично болните. Затоа од Институтот препорачуваат дека за време на топлотните периоди, важно е да се оддржи свежина, за да се избегнат негативните здравствени ефекти на топлината. Општина Кисела Вода, заедно со Општинската Организација на Црвен крст–Кисела Вода, започнаа со спроведување на проектот ‘’Топлотен бран 2023’’. 
-Избегнувајте излегување и вршење напорна активност за време на најжешкото време од денот од 11-17 часот. Искористете ги предностите на специјалното време на шопинг за ранливите групи кога и да е достапно. Останете во сенка, не оставајте деца или животни во паркирани возила, и доколку е потребно и можно, поминете 2-3 часа на ден на ладно место. Доколку УВ индексот е повисок од 8, задолжително да се користи крема со заштитен фактор, капа и наочари со заштита од УВ зрачење, како и да се внимава движењето надвор да биде во сенка. УВ зрачењето и топлината се најсилни во периодот помеѓу 10 и 14 часот и се препорачува во тој период да биде што е можно помала изложеноста на сонце. Воедно, посетителите на плажа треба да имаат предвид дека белиот песок и другите светли површини рефлектираат УВ зрачење и може двојно да ја зголемат изложеноста на зрачењето, се вели во препораките од ИЈЗ.
Оттаму додаваат дека граѓаните треба да ги чуваат своите домови ладни, да го користст ноќниот воздух за да го оладат домот со природно проветрување кога надворешните температури ќе се намалат, како и да ја намалат ја оптовареноста на топлина во станот или куќата во текот на денот со користење на ролетни и исклучување што е можно повеќе електрични уреди, велат од ИЈЗ. Тие прпорачуваат граѓаните правилно да го хидрират своето тело, да користат светла, бела, лесна и лабава облека и постелнина, да практикуваат ладни тушеви или бањи и да пијат безбедна вода редовно, но и да избегнуваат пијалоци со шеќер, алкохолни пијалоци или кофеини. Југоисточна Европа ја зафати топлотен бран поради кој луѓето се собираат на бреговите, покрај фонтаните во градовите и на климатизирани локации за да се оладат. -Избегнувајте изложеност на сонце или на температури повисоки од 38°C, бидејќи и го зголемува ризикот од изгореници и болести поврзани со топлината. Додека се грижите за себе, планирајте да проверите на семејството, пријателите и соседите кои поминуваат поголем дел од своето време сами. На ранливите луѓе можеби им треба помош во жешките денови, и ако некој што го познавате е во опасност, помогнете им да добијат совет и поддршка додека ги почитуваат препораките за физичко растојание. Лицата кои користат редовна терапија треба да се консултираат со матичните лекари и фармацевтите за евентуалните влијанија од терапевтиците на способмоста за регулирање на телесната температура, се вели во препораките. Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката, а ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови и пред употребата истата да се загрее на + 100 степени. Се препорачува да се избегнуваат производи кои не се термички обработени.

The post Од денеска 40 степени: Не излегувајте надвор без потреба, пијте многу течности appeared first on Република.

]]>
Портокалова фаза: Не излегувајте меѓу 11 и 17 часот, возрасните и бремените да се ослободат од работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/portokalova-faza-ne-izleguvajte-megu-11-i-17-chasot-vozrasnite-i-bremenite-da-se-oslobodat-od-rabota/ Tue, 18 Jun 2024 19:22:36 +0000 https://republika.mk/?p=788886

Владата на Република Македонија, на барање на Министерството за здравство, донесе препораки во врска со новиот топлотен бран што се очекува од утре да ја зафати целата држава, откако од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на УХМР се добиени информации дека од утре до 23 јуни (недела), целата територија на Република Македонија ќе биде зафатена од топлотен бран од портокалова фаза.

Во препораките што ги усвои Владата на денешната седница за намалување на ризиците од високите температури, се предвидува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно бремените жени и лицата на возраст над 60 години, а во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

Исто така, Владата препорачува единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица.

Во денешното соопштение од владината прес-служба се додава дека со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, Владата ги потсетува работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

The post Портокалова фаза: Не излегувајте меѓу 11 и 17 часот, возрасните и бремените да се ослободат од работа appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија, на барање на Министерството за здравство, донесе препораки во врска со новиот топлотен бран што се очекува од утре да ја зафати целата држава, откако од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на УХМР се добиени информации дека од утре до 23 јуни (недела), целата територија на Република Македонија ќе биде зафатена од топлотен бран од портокалова фаза. Во препораките што ги усвои Владата на денешната седница за намалување на ризиците од високите температури, се предвидува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно бремените жени и лицата на возраст над 60 години, а во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Исто така, Владата препорачува единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица. Во денешното соопштение од владината прес-служба се додава дека со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, Владата ги потсетува работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

The post Портокалова фаза: Не излегувајте меѓу 11 и 17 часот, возрасните и бремените да се ослободат од работа appeared first on Република.

]]>
Италија ја зафати топлотен бран, најавени 44 степени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/italija-ja-zafati-toploten-bran-najaveni-44-stepeni/ Mon, 17 Jun 2024 16:27:41 +0000 https://republika.mk/?p=788497

Италија летово ја зафати првиот голем топлотен бран, кој пристигна со африкански антициклон, зголемувајќи ја температурата на 40 степени Целзиусови, 10 степени над сезонските просеци.

Веб-страницата viLMeteo.it предвидува дека бранот сахарска жештина наскоро ќе ја зафати цела Италија, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

Основачот на таа веб-страница, метеорологот Антонио Сано изјави дека денеска и утре живата во термометарот ќе скокне на 32 до 34 степени Целзиусови во централна и северна Италија, а уште потопло ќе биде на Сицилија и Сардинија.

„Од среда до петок ќе биде уште потопло“, најави Сано.

Се очекува во Рим, Неапол, Фиренца температурата да достигне 40 степени, а на Сардинија и Сицилија таа да биде во интервал од 42 до 44 степени.

„Следниот викенд африканскиот антициклон ќе ја загуби силата“, рече Сано, додавајќи дека многу силните врнежи од дожд кои се очекуваат на север ќе ги намалат температурите во сите региони.

Во текот на изминатиот викенд плажите беа преполни со Италијанци кои побараа засолниште од жештините покрај бреговите на морето и езерата, а се очекува гужвите да бидат уште поголеми оваа недела поради почетокот на училишниот распуст и поради зголемената температура.

The post Италија ја зафати топлотен бран, најавени 44 степени appeared first on Република.

]]>

Италија летово ја зафати првиот голем топлотен бран, кој пристигна со африкански антициклон, зголемувајќи ја температурата на 40 степени Целзиусови, 10 степени над сезонските просеци. Веб-страницата viLMeteo.it предвидува дека бранот сахарска жештина наскоро ќе ја зафати цела Италија, пренесе италијанската новинска агенција АНСА. Основачот на таа веб-страница, метеорологот Антонио Сано изјави дека денеска и утре живата во термометарот ќе скокне на 32 до 34 степени Целзиусови во централна и северна Италија, а уште потопло ќе биде на Сицилија и Сардинија. „Од среда до петок ќе биде уште потопло“, најави Сано. Се очекува во Рим, Неапол, Фиренца температурата да достигне 40 степени, а на Сардинија и Сицилија таа да биде во интервал од 42 до 44 степени. „Следниот викенд африканскиот антициклон ќе ја загуби силата“, рече Сано, додавајќи дека многу силните врнежи од дожд кои се очекуваат на север ќе ги намалат температурите во сите региони. Во текот на изминатиот викенд плажите беа преполни со Италијанци кои побараа засолниште од жештините покрај бреговите на морето и езерата, а се очекува гужвите да бидат уште поголеми оваа недела поради почетокот на училишниот распуст и поради зголемената температура.

The post Италија ја зафати топлотен бран, најавени 44 степени appeared first on Република.

]]>
Топлотниот бран ги затвори училиштата и градинките во Грција, како и Акропол во Атина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/toplotniot-bran-gi-zatvori-uchilishtata-i-gradinkite-vo-grtsija-kako-i-akropol-vo-atina/ Wed, 12 Jun 2024 08:00:02 +0000 https://republika.mk/?p=786818

Во периодот од 12 до 17 часот Акропол ќе биде затворен за посетители, а затворени денеска и утре ќе бидат и училиштата и градинките во повеќе делови на Грција, поради топлотниот бран што ја зафати земјата, а се очекува да кулминира во текот на утрешниот ден, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за култура на Грција, утрово соопштија дека поради високите температури, Акропол пет часа ќе биде затворен.

Општините во повеќе делови на земјата, меѓу кои и во Атина, донесоа одлука училиштата и градинките денеска и утре да останат затворени.

Грција од вчера ја зафати топлотен бран со екстремно високи температури што до петок ќе достигнат до 43 степени Целзиусови, а надлежните министерства објавија мерки за заштита на граѓаните, меѓу кои можност за работа од дома за државните службеници, но и за вработените во приватниот сектор, доколку е изводливо.

Според порталот Метео на Националната опсерваторија во Атина, рано утрово 63 од вкупно 502 метеоролошки станици во Грција регистрирале температури над 30 степени, додека пак на островите Наксос, Родос и Крит во 8.10 часот утрово температурата била од 32,3 до 34,6 степени Целзиусови.

Според грчките метеоролози ова е првиот топлотен бран во првата половина на јуни во последните најмалку 50 години.

Паралелно, поради високите температури, зголемена и опасност од пожари.

The post Топлотниот бран ги затвори училиштата и градинките во Грција, како и Акропол во Атина appeared first on Република.

]]>

Во периодот од 12 до 17 часот Акропол ќе биде затворен за посетители, а затворени денеска и утре ќе бидат и училиштата и градинките во повеќе делови на Грција, поради топлотниот бран што ја зафати земјата, а се очекува да кулминира во текот на утрешниот ден, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за култура на Грција, утрово соопштија дека поради високите температури, Акропол пет часа ќе биде затворен. Општините во повеќе делови на земјата, меѓу кои и во Атина, донесоа одлука училиштата и градинките денеска и утре да останат затворени. Грција од вчера ја зафати топлотен бран со екстремно високи температури што до петок ќе достигнат до 43 степени Целзиусови, а надлежните министерства објавија мерки за заштита на граѓаните, меѓу кои можност за работа од дома за државните службеници, но и за вработените во приватниот сектор, доколку е изводливо. Според порталот Метео на Националната опсерваторија во Атина, рано утрово 63 од вкупно 502 метеоролошки станици во Грција регистрирале температури над 30 степени, додека пак на островите Наксос, Родос и Крит во 8.10 часот утрово температурата била од 32,3 до 34,6 степени Целзиусови. Според грчките метеоролози ова е првиот топлотен бран во првата половина на јуни во последните најмалку 50 години. Паралелно, поради високите температури, зголемена и опасност од пожари.

The post Топлотниот бран ги затвори училиштата и градинките во Грција, како и Акропол во Атина appeared first on Република.

]]>
Бремените жени и повозрасните од 60 години да не одат на работа, во градинките да не се излегува надвор: Одредени препораки за справување со жешкото време https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bremenite-zheni-i-povozrasnite-od-60-godini-da-ne-odat-na-rabota-vo-gradinkite-da-ne-se-izleguva-nadvor-odredeni-preporaki-za-spravuvane-so-zheshkoto-vremesprav/ Mon, 10 Jun 2024 19:24:50 +0000 https://republika.mk/?p=786353

Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран утре и задутре ќе бидат зафатена од високи температури од портокалова фаза, поради што Владата, на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница и донесе соодветни препораки.

Како што е посочено во соопштението, Владата ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението за територијата на овие градови.

Според одлуката, се препорачува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно бремените жени и лицата на возраст над 60 години.

Во градинките да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, Владата ги потсетува работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Во овој период, 11.06.2024 година (вторник) и 12.06.2024 година (среда) најавено е и дека териториите на Скопскиот и Вардарскиот регион ќе бидат зафатени од високи температури, но од жолта фаза (алерт - подготвеност). Во овие региони ќе важат општите препораки, коишто ќе ги соопшти Министерството за здравство, се посочува во соопштението од владината прес-служба.

The post Бремените жени и повозрасните од 60 години да не одат на работа, во градинките да не се излегува надвор: Одредени препораки за справување со жешкото време appeared first on Република.

]]>

Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран утре и задутре ќе бидат зафатена од високи температури од портокалова фаза, поради што Владата, на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница и донесе соодветни препораки. Како што е посочено во соопштението, Владата ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението за територијата на овие градови. Според одлуката, се препорачува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во градинките да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, Владата ги потсетува работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.
Во овој период, 11.06.2024 година (вторник) и 12.06.2024 година (среда) најавено е и дека териториите на Скопскиот и Вардарскиот регион ќе бидат зафатени од високи температури, но од жолта фаза (алерт - подготвеност). Во овие региони ќе важат општите препораки, коишто ќе ги соопшти Министерството за здравство, се посочува во соопштението од владината прес-служба.

The post Бремените жени и повозрасните од 60 години да не одат на работа, во градинките да не се излегува надвор: Одредени препораки за справување со жешкото време appeared first on Република.

]]>
Топлотен бран доаѓа кон Македонија, температури кон 40 https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/toploten-bran-doaga-kon-makedonija-temperaturi-kon-40/ Thu, 30 May 2024 08:53:20 +0000 https://republika.mk/?p=783053

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. УВ индексот ќе биде 6.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, од пладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Од петок под влијание на јужно воздушно струење времето ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме.

УХМР најавува дека во сабота нè сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се движи од 9°C до 16°C, додека пак максималната 26°C до 34°C.

Во недела, ќе имаме сончево и топло време, додека пакм во попладневните часови се очекува локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се движи од 10°C до 18°C, додека пак максималната 28°C до 35°C.

По викендот, во понеделник се очекува иста временска прогноза, но малку потопло. Минималната температура ќе се движи од 11°C до 20°C, додека пак максималната од 29°C до 36°C.

The post Топлотен бран доаѓа кон Македонија, температури кон 40 appeared first on Република.

]]>

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. УВ индексот ќе биде 6. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, од пладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени. Од петок под влијание на јужно воздушно струење времето ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме. УХМР најавува дека во сабота нè сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се движи од 9°C до 16°C, додека пак максималната 26°C до 34°C. Во недела, ќе имаме сончево и топло време, додека пакм во попладневните часови се очекува локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се движи од 10°C до 18°C, додека пак максималната 28°C до 35°C. По викендот, во понеделник се очекува иста временска прогноза, но малку потопло. Минималната температура ќе се движи од 11°C до 20°C, додека пак максималната од 29°C до 36°C.

The post Топлотен бран доаѓа кон Македонија, температури кон 40 appeared first on Република.

]]>
Пакистан го зафати невиден топлотен бран https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pakistan-go-zafati-neviden-toploten-bran/ Thu, 23 May 2024 12:43:13 +0000 https://republika.mk/?p=781231

Топлотниот бран што зафати поголем дел од Пакистан принуди стотици луѓе да побараат медицинска помош, училиштата се затворени, а властите ги повикуваат луѓето да останат во затворени простории, да останат хидрирани и да избегнуваат непотребни патувања, соопштија локалните власти.

Некои места забележаа температури до 49 степени Целзиусови, лекарите рекоа дека лекувале стотици пациенти во градот Лахоре, додека голем број луѓе биле донесени во болниците во областите Хајдерабад, Ларкана и Јакобабад во јужната провинција Синд.

Локалните власти на една недела ги затворија сите училишта во провинцијата Пенџаб.

Деновиве дневните температури се за осум степени Целзиусови повисоки од просечната за мај, што предизвикува страв од поплави на северозападот од земјата поради топењето на глечерите од планините Каракорам и Хималаите.

Пакистан вели дека и покрај тоа што придонесува помалку од еден процент од емисиите на јаглерод, земјата го сноси најголемиот товар од глобалните климатски катастрофи.

Експертите велат дека неодамнешните промени во временските шеми се резултат на климатските промени предизвикани од човекот.

 

The post Пакистан го зафати невиден топлотен бран appeared first on Република.

]]>

Топлотниот бран што зафати поголем дел од Пакистан принуди стотици луѓе да побараат медицинска помош, училиштата се затворени, а властите ги повикуваат луѓето да останат во затворени простории, да останат хидрирани и да избегнуваат непотребни патувања, соопштија локалните власти. Некои места забележаа температури до 49 степени Целзиусови, лекарите рекоа дека лекувале стотици пациенти во градот Лахоре, додека голем број луѓе биле донесени во болниците во областите Хајдерабад, Ларкана и Јакобабад во јужната провинција Синд. Локалните власти на една недела ги затворија сите училишта во провинцијата Пенџаб. Деновиве дневните температури се за осум степени Целзиусови повисоки од просечната за мај, што предизвикува страв од поплави на северозападот од земјата поради топењето на глечерите од планините Каракорам и Хималаите. Пакистан вели дека и покрај тоа што придонесува помалку од еден процент од емисиите на јаглерод, земјата го сноси најголемиот товар од глобалните климатски катастрофи. Експертите велат дека неодамнешните промени во временските шеми се резултат на климатските промени предизвикани од човекот.  

The post Пакистан го зафати невиден топлотен бран appeared first on Република.

]]>
Топлотен бран во Австралија, се зголемува ризикот од шумски пожари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/toploten-bran-vo-avstralija-se-zgolemuva-rizikot-od-shumski-pozhari/ Sat, 09 Dec 2023 11:15:44 +0000 https://republika.mk/?p=721239

Југоисточна Австралија денеска беше погодена од топлотен бран што го зголеми ризикот од шумски пожари и ги натера властите да забранат палење оган низ големи делови на Нов Јужен Велс.

Националната метеоролошка служба предвиде максимална температура во Сиднеј, најнаселениот град во Австралија, од 40 степени Целзиусови, речиси 15 степени над просечното високо ниво во градот за декември.

Премиерот Ентони Албанезе во Сиднеј рече дека „време е да се грижиме еден за друг и да останеме безбедни“.

-Ова е потсетник дека климатските промени не се шега, рече Албанезе.

Топлината го зголемува ризикот од шумски пожари во веќе ризичната сезона на пожари во текот на австралиското лето од декември до февруари поради временскиот феномен Ел Нино, обично поврзан со екстремни пожари, циклони и суши.

The post Топлотен бран во Австралија, се зголемува ризикот од шумски пожари appeared first on Република.

]]>

Југоисточна Австралија денеска беше погодена од топлотен бран што го зголеми ризикот од шумски пожари и ги натера властите да забранат палење оган низ големи делови на Нов Јужен Велс. Националната метеоролошка служба предвиде максимална температура во Сиднеј, најнаселениот град во Австралија, од 40 степени Целзиусови, речиси 15 степени над просечното високо ниво во градот за декември. Премиерот Ентони Албанезе во Сиднеј рече дека „време е да се грижиме еден за друг и да останеме безбедни“. -Ова е потсетник дека климатските промени не се шега, рече Албанезе. Топлината го зголемува ризикот од шумски пожари во веќе ризичната сезона на пожари во текот на австралиското лето од декември до февруари поради временскиот феномен Ел Нино, обично поврзан со екстремни пожари, циклони и суши.

The post Топлотен бран во Австралија, се зголемува ризикот од шумски пожари appeared first on Република.

]]>
Зголемена смртност во Италија по топлотниот бран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zgolemena-smrtnost-vo-italija-po-toplotniot-bran/ Tue, 08 Aug 2023 07:54:23 +0000 https://republika.mk/?p=669848

Централните и јужните региони на Италија забележаа седум отсто повеќе смртни случаи од вообичаено во јули по топлотниот бран, покажаа податоците на Министерството за здравство, додека пожарникарите во понеделник се бореа со шумските пожари во Сардинија и град и поплави на североистокот на земјата.

Италија е на врвот на листата земји погодени од екстремни временски услови, откако топлотниот бран ја погоди јужна Европа минатиот месец, при што високите температури доведоа до зголемен ризик од пожари и смртни случаи.

Во последните месечни податоци, италијанското Министерство за здравство ги забележа ефектите на екстремните температури врз стапката на смртност во земјата во јули во споредба со просечната стапка забележана за истиот период од 2015 до 2019 година.

The post Зголемена смртност во Италија по топлотниот бран appeared first on Република.

]]>

Централните и јужните региони на Италија забележаа седум отсто повеќе смртни случаи од вообичаено во јули по топлотниот бран, покажаа податоците на Министерството за здравство, додека пожарникарите во понеделник се бореа со шумските пожари во Сардинија и град и поплави на североистокот на земјата. Италија е на врвот на листата земји погодени од екстремни временски услови, откако топлотниот бран ја погоди јужна Европа минатиот месец, при што високите температури доведоа до зголемен ризик од пожари и смртни случаи. Во последните месечни податоци, италијанското Министерство за здравство ги забележа ефектите на екстремните температури врз стапката на смртност во земјата во јули во споредба со просечната стапка забележана за истиот период од 2015 до 2019 година.

The post Зголемена смртност во Италија по топлотниот бран appeared first on Република.

]]>