топло Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toplo/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 09:47:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png топло Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toplo/ 32 32 И натаму стабилно време со ниски утрински температури https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/i-natamu-stabilno-vreme-so-niski-utrinski-temperaturi/ Tue, 22 Oct 2024 09:47:47 +0000 https://republika.mk/?p=829690

Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нулата, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени.

 

The post И натаму стабилно време со ниски утрински температури appeared first on Република.

]]>

Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нулата, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени.  

The post И натаму стабилно време со ниски утрински температури appeared first on Република.

]]>
Сончево и топло, попладне краткотраен пороен дожд https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/sonchevo-i-toplo-popladne-kratkotraen-poroen-dozhd/ Tue, 03 Sep 2024 07:22:15 +0000 https://republika.mk/?p=812516

Времето денеска ќе биде сончево и топло со променлива облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне облачноста ќе се зголеми и претежно во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, поголема попладне. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период со претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме.

 

The post Сончево и топло, попладне краткотраен пороен дожд appeared first on Република.

]]>

Времето денеска ќе биде сончево и топло со променлива облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне облачноста ќе се зголеми и претежно во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, поголема попладне. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени Целзиусови. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период со претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме.  

The post Сончево и топло, попладне краткотраен пороен дожд appeared first on Република.

]]>
До крајот на денот многу топло, температура до 41 степен https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/do-krajot-na-denot-mnogu-toplo-temperatura-do-41-stepen/ Thu, 15 Aug 2024 11:14:04 +0000 https://republika.mk/?p=806852

До крајот на денот, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Температурата ќе биде до 40 степени.

Во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. За време на викендот и во почетокот на следната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање, соопштуваат од УХМР.

The post До крајот на денот многу топло, температура до 41 степен appeared first on Република.

]]>

До крајот на денот, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Температурата ќе биде до 40 степени. Во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. За време на викендот и во почетокот на следната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање, соопштуваат од УХМР.

The post До крајот на денот многу топло, температура до 41 степен appeared first on Република.

]]>
Жештината не се предава: Идната недела портокалово ниво за опасност од високи температури https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/zheshtinata-ne-se-predava-idnata-nedela-portokalovo-nivo-za-opasnost-od-visoki-temperaturi/ Fri, 09 Aug 2024 10:11:17 +0000 https://republika.mk/?p=804901

Од УХМР се огласија по повод температурите во идниот период. Од таму велат дела следните денови времето ќе биде сончево и многу топло, особено на почетокот на идната недела. Идната недела ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Во вторник се очекува температурата да достигне 40 степени.

Според УХМР, за време на викендот ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и максимална температура од 38 степени, а во Скопје сончево и топло со мала облачност и температура до 37 степени.

The post Жештината не се предава: Идната недела портокалово ниво за опасност од високи температури appeared first on Република.

]]>

Од УХМР се огласија по повод температурите во идниот период. Од таму велат дела следните денови времето ќе биде сончево и многу топло, особено на почетокот на идната недела. Идната недела ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Во вторник се очекува температурата да достигне 40 степени. Според УХМР, за време на викендот ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и максимална температура од 38 степени, а во Скопје сончево и топло со мала облачност и температура до 37 степени.

The post Жештината не се предава: Идната недела портокалово ниво за опасност од високи температури appeared first on Република.

]]>
Од топлото се деформирала дел од пруга во Хрватска https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/od-toploto-se-deformirala-del-od-pruga-vo-hrvatska/ Thu, 18 Jul 2024 09:40:48 +0000 https://republika.mk/?p=797993

Многу високите температури изминатите денови деформираа дел од пругата на релација Оштарије – Книн – Сплит, но штетата набргу беше санирана.

Работниците на хрватските железници веднаш излегоа на терен. Додека пругата се санира, патниците се превезуваа со автобуси.

По неколкучасовна работа, делницата повторно беше пуштена за сообраќај.

 

The post Од топлото се деформирала дел од пруга во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Многу високите температури изминатите денови деформираа дел од пругата на релација Оштарије – Книн – Сплит, но штетата набргу беше санирана. Работниците на хрватските железници веднаш излегоа на терен. Додека пругата се санира, патниците се превезуваа со автобуси. По неколкучасовна работа, делницата повторно беше пуштена за сообраќај.  

The post Од топлото се деформирала дел од пруга во Хрватска appeared first on Република.

]]>
Денеска и утре многу топло, во петок и за викенд се најавува локален дожд, грмежи и ветер https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/deneska-i-utre-mnogu-toplo-vo-petok-i-za-vikend-se-najavuva-lokalen-dozhd-grmezhi-i-veter/ Wed, 17 Jul 2024 10:20:17 +0000 https://republika.mk/?p=797649

Во следните два дена ќе се задржи многу топло време со максимални температури кои го дефинираат портокаловото ниво за опасност од високи температури, најавуваат од УХМР.

Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура од сабота ќе опадне за 3 до 4 степени во споредба со денешната.

 

The post Денеска и утре многу топло, во петок и за викенд се најавува локален дожд, грмежи и ветер appeared first on Република.

]]>

Во следните два дена ќе се задржи многу топло време со максимални температури кои го дефинираат портокаловото ниво за опасност од високи температури, најавуваат од УХМР. Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура од сабота ќе опадне за 3 до 4 степени во споредба со денешната.  

The post Денеска и утре многу топло, во петок и за викенд се најавува локален дожд, грмежи и ветер appeared first on Република.

]]>
Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/balkanot-deneska-e-najtopliot-del-od-evropa/ Wed, 10 Jul 2024 07:49:23 +0000 https://republika.mk/?p=795173

Во земјите од регионот денеска се активирани црвени или портокалови метео аларми кои предупредуваат на многу високи температури, а метеоролозите повикуваат на почитување на правилата во дадените временски услови.

Температурата синоќа беше 30 степени во Дубровник, 29 степени во Сплит, а 28 степени во Риека. Врвот на топлотниот бран во Хрватска е најавен за денеска. Во поголем дел од земјата ќе биде многу топло, а само три хрватски региони Осиек, Карловац и Госпиќ немаат издадено предупредување за екстремно високи температури.

Во сите земји од регионот е издадено предупредување за многу висок УВ индекс.

Во Република Српска и Федерацијата Босна и Херцеговина денеска се очекува температурите да достигнат до 39 Целзиусови степени, а во сила е портокалово предупредување. На повеќе места се очекува и тропска ноќ бидејќи минималната температура ќе се задржи над 20 степени.

„Преземете нешто, се очекуваат екстремно високи температури. Заштитете се себеси, децата и постарите лица. Постапувајте според советите издадени од надлежните органи“, предупредија метеоролозите.

Во Црна Гора ќе биде сончево и многу топло, а прогнозираната температура до 39 степени, во Подгорица дури 40 степени Морето ќе биде брановидно, а температурата ќе биде 25 степени.

Во Косово и денеска ќе се задржат високи температури до 36 степени, а здравствените власти предупредуваат да не се излегува на отворено во периодот од 10 до 16 часот и препорачуваат лесна облека, избегнување тешка храна и хидратација.

Исклучително топло време ќе се задржи и во Македонија, а метеоролозите најавија дожд со грмежи и град за крајот на денот во западниот дел од земјата.

The post Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа appeared first on Република.

]]>

Во земјите од регионот денеска се активирани црвени или портокалови метео аларми кои предупредуваат на многу високи температури, а метеоролозите повикуваат на почитување на правилата во дадените временски услови. Температурата синоќа беше 30 степени во Дубровник, 29 степени во Сплит, а 28 степени во Риека. Врвот на топлотниот бран во Хрватска е најавен за денеска. Во поголем дел од земјата ќе биде многу топло, а само три хрватски региони Осиек, Карловац и Госпиќ немаат издадено предупредување за екстремно високи температури. Во сите земји од регионот е издадено предупредување за многу висок УВ индекс. Во Република Српска и Федерацијата Босна и Херцеговина денеска се очекува температурите да достигнат до 39 Целзиусови степени, а во сила е портокалово предупредување. На повеќе места се очекува и тропска ноќ бидејќи минималната температура ќе се задржи над 20 степени. „Преземете нешто, се очекуваат екстремно високи температури. Заштитете се себеси, децата и постарите лица. Постапувајте според советите издадени од надлежните органи“, предупредија метеоролозите. Во Црна Гора ќе биде сончево и многу топло, а прогнозираната температура до 39 степени, во Подгорица дури 40 степени Морето ќе биде брановидно, а температурата ќе биде 25 степени. Во Косово и денеска ќе се задржат високи температури до 36 степени, а здравствените власти предупредуваат да не се излегува на отворено во периодот од 10 до 16 часот и препорачуваат лесна облека, избегнување тешка храна и хидратација. Исклучително топло време ќе се задржи и во Македонија, а метеоролозите најавија дожд со грмежи и град за крајот на денот во западниот дел од земјата.

The post Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа appeared first on Република.

]]>
Останете дома или движете се под сенка: Денеска сончево и многу топло https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/ostanete-doma-ili-dvizhete-se-pod-senka-deneska-sonchevo-i-mnogu-toplo/ Sun, 30 Jun 2024 06:58:48 +0000 https://republika.mk/?p=791967

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Минималната температура е во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени Целзиусви. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека времето во понеделник кон крајот на денот, а особено во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град. Потоа во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер.

The post Останете дома или движете се под сенка: Денеска сончево и многу топло appeared first on Република.

]]>

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Минималната температура е во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени Целзиусви. УВ индексот ќе биде 9. Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени Целзиусови. Од УХМР информираат дека времето во понеделник кон крајот на денот, а особено во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град. Потоа во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер.

The post Останете дома или движете се под сенка: Денеска сончево и многу топло appeared first on Република.

]]>
Во недела ќе биде многу топло https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vo-nedela-ke-bide-mnogu-toplo/ Sat, 29 Jun 2024 16:14:52 +0000 https://republika.mk/?p=791908

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Од УХМР информираат дека времето во понеделник кон крајот на денот, а особено во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град. Потоа во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер.

 

The post Во недела ќе биде многу топло appeared first on Република.

]]>

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9. Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени. Од УХМР информираат дека времето во понеделник кон крајот на денот, а особено во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град. Потоа во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер.  

The post Во недела ќе биде многу топло appeared first on Република.

]]>
Викендов и во понеделник сончево и топло, од вторник пороен дожд, грмежи и ветер https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vikendov-i-vo-ponedelnik-sonchevo-i-toplo-od-vtornik-poroen-dozhd-grmezhi-i-veter/ Fri, 28 Jun 2024 10:57:06 +0000 https://republika.mk/?p=791537

Викендов и во понеделник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во вторник се очекува повторно дестабилизирање на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

The post Викендов и во понеделник сончево и топло, од вторник пороен дожд, грмежи и ветер appeared first on Република.

]]>

Викендов и во понеделник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во вторник се очекува повторно дестабилизирање на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

The post Викендов и во понеделник сончево и топло, од вторник пороен дожд, грмежи и ветер appeared first on Република.

]]>
Денеска сончево и топло, утре и задутре дожд и грмежи https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/deneska-sonchevo-i-toplo-utre-i-zadutre-dozhd-i-grmezhi/ Sun, 16 Jun 2024 08:06:33 +0000 https://republika.mk/?p=788035

Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Се очекува да дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.

Минималната температура се движи во интервал од девет до 17 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува осум.

За Скопје синоптичарите, исто така, прогнозираат сончево и топло време со мала облачност и слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Минималната температура во главниот град се спушти до 14, a максималната дневна ќе достигне до 34 Целзиусови степени.

Според УХМР, во првите два дена од следната седмица се очекува локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во попладневите часови. Од средината на следната неделата повторно ќе следи период на стабилно и топло време со постепен пораст на дневната температура.

 

The post Денеска сончево и топло, утре и задутре дожд и грмежи appeared first on Република.

]]>

Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Се очекува да дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура се движи во интервал од девет до 17 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува осум. За Скопје синоптичарите, исто така, прогнозираат сончево и топло време со мала облачност и слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Минималната температура во главниот град се спушти до 14, a максималната дневна ќе достигне до 34 Целзиусови степени. Според УХМР, во првите два дена од следната седмица се очекува локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во попладневите часови. Од средината на следната неделата повторно ќе следи период на стабилно и топло време со постепен пораст на дневната температура.  

The post Денеска сончево и топло, утре и задутре дожд и грмежи appeared first on Република.

]]>
Грција зоврива, пет часа затворени археолошките локалитети во Атина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grtsija-zovriva-pet-chasa-zatvoreni-arheoloshkite-lokaliteti-vo-atina/ Thu, 13 Jun 2024 07:39:04 +0000 https://republika.mk/?p=787109

Археолошките локалитети во Атина, меѓу кои и Акропол во периодот од 12 до 17 часот, ќе бидат затворени поради високите температури, а во текот на денешниот ден, според метеоролозите, ќе кулминира топлотниот бран, јави дописничката на МИА од Атина.

Во повеќе делови на Грција, прогнозите се дека температурата ќе биде над 40 степени.

Од Министерството за култура утрово соопштија дека археолошките локалитети пет часа ќе бидат затворени и препорачаа при посета на археолошките локалитети, „посетителите да ги преземат неопходните мерки на заштита за да избегнат здравствени проблеми како топлотна исцрпеност и топлотен удар“.

Поради високите температури, Акропол и вчера беше затворен од 12 до 17 часот.

The post Грција зоврива, пет часа затворени археолошките локалитети во Атина appeared first on Република.

]]>

Археолошките локалитети во Атина, меѓу кои и Акропол во периодот од 12 до 17 часот, ќе бидат затворени поради високите температури, а во текот на денешниот ден, според метеоролозите, ќе кулминира топлотниот бран, јави дописничката на МИА од Атина. Во повеќе делови на Грција, прогнозите се дека температурата ќе биде над 40 степени. Од Министерството за култура утрово соопштија дека археолошките локалитети пет часа ќе бидат затворени и препорачаа при посета на археолошките локалитети, „посетителите да ги преземат неопходните мерки на заштита за да избегнат здравствени проблеми како топлотна исцрпеност и топлотен удар“. Поради високите температури, Акропол и вчера беше затворен од 12 до 17 часот.

The post Грција зоврива, пет часа затворени археолошките локалитети во Атина appeared first on Република.

]]>
Подгответе се за пеколот кој доаѓа: УХМР со прогноза за следните денови, еве кога ќе биде најтопло https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/podgotvete-se-za-pekolot-koj-doaga-uhmr-so-prognoza-za-slednite-denovi-eve-koga-ke-bide-najtoplo/ Tue, 04 Jun 2024 10:49:41 +0000 https://republika.mk/?p=784625

Во следните денови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде до 38 степени, соопшти УХМР.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе изнесува 16, а максималната 31 степен.

Најтопло ќе биде в понеделник, со максимална температура од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

The post Подгответе се за пеколот кој доаѓа: УХМР со прогноза за следните денови, еве кога ќе биде најтопло appeared first on Република.

]]>

Во следните денови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде до 38 степени, соопшти УХМР. Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе изнесува 16, а максималната 31 степен. Најтопло ќе биде в понеделник, со максимална температура од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

The post Подгответе се за пеколот кој доаѓа: УХМР со прогноза за следните денови, еве кога ќе биде најтопло appeared first on Република.

]]>
За Велигден ќе биде сончево и потопло https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/za-veligden-ke-bide-sonchevo-i-potoplo/ Fri, 03 May 2024 14:15:10 +0000 https://republika.mk/?p=773829

Во недела и понеделник времето во земјава за најголемиот хртистикански празник Велигден ќе биде претежно сончево и потопло, соопшти Управата за хидро - метеоролошки работи.

Во вторник локално ќе има изолирана појава на пороен дожд и ретки грмежи. Под влијание на нов влажен бран во среда и четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

Утре времето ќе биде променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температурата ќе се движи од 1 до 11 степени Целзиусови, а максималната дневна од 9 до 21 степени. Во Скопје слично време со температура до 20 степени.

The post За Велигден ќе биде сончево и потопло appeared first on Република.

]]>

Во недела и понеделник времето во земјава за најголемиот хртистикански празник Велигден ќе биде претежно сончево и потопло, соопшти Управата за хидро - метеоролошки работи. Во вторник локално ќе има изолирана појава на пороен дожд и ретки грмежи. Под влијание на нов влажен бран во среда и четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Утре времето ќе биде променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температурата ќе се движи од 1 до 11 степени Целзиусови, а максималната дневна од 9 до 21 степени. Во Скопје слично време со температура до 20 степени.

The post За Велигден ќе биде сончево и потопло appeared first on Република.

]]>
За викендот сончево и топло, од вторник заладување и дожд https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/za-vikendot-sonchevo-i-toplo-od-vtornik-zaladuvane-i-dozhd/ Fri, 12 Apr 2024 13:51:15 +0000 https://republika.mk/?p=765394

До почетокот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, соопшти УХМР.

Температурите за време на викендот ќе достигнат до 30 степени.

Во вторник во текот на ноќта, а особено во среда под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме проследени со грмежи и силен ветер. Температурите од среда ќе бидат во опаѓање.

The post За викендот сончево и топло, од вторник заладување и дожд appeared first on Република.

]]>

До почетокот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, соопшти УХМР. Температурите за време на викендот ќе достигнат до 30 степени. Во вторник во текот на ноќта, а особено во среда под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме проследени со грмежи и силен ветер. Температурите од среда ќе бидат во опаѓање.

The post За викендот сончево и топло, од вторник заладување и дожд appeared first on Република.

]]>
Земјата соборува глобални рекорди за топлина десет месеци по ред https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/zemjata-soboruva-globalni-rekordi-za-toplina-deset-mesetsi-po-red/ Tue, 09 Apr 2024 07:58:48 +0000 https://republika.mk/?p=764022

Службата за мониторинг на климатските промени на ЕУ, Коперник, во вторникот објави дека овогодинешниот март бил најтопол досега, ставајќи крај на 10-месечната серија во која секој последователен месец поставува нов температурен рекорд, при што температурите на површината на морето достигнуваат нов апсолутен месечен рекорд за глобалната морска температура.

Секој од последните десет месеци е рангиран како најтопол некогаш забележан во светот во споредба со соодветниот месец во претходните години, според Месечниот билтен на Коперник.

Затоа, не само десеттиот последователен месец го собори сопствениот топлотен рекорд, туку и „глобалната просечна температура во последните 12 месеци е највисока досега забележана“ и го надминува прединдустрискиот просек за 1,58 степени Целзиусови поради децениските емисиите на стакленички гасови, чиј ефект е од средината на 2023 година, особено нагласени од феноменот Ел Нињо, изјави Саманта Бурџис, заменик-шеф на Службата за климатски промени Коперник.

„Тоа е долгорочен тренд со исклучителни рекорди за кои сме многу загрижени“, рече Бурџис, додавајќи дека следењето и „проучувањето на ваквите записи месец по месец навистина ни покажува дека нашата клима многу брзо се менува“.

Сетот на податоци на Коперник датира од 1940 година, а научниците го споредија со други релевантни податоци за да потврдат дека минатиот месец беше најтоплиот март од прединдустриската ера.

2023 година веќе беше најтоплата година на планетата според светските рекорди кои постојат од 1850 година.

Екстремните временски услови и исклучителните температури направија хаос на глобално ниво оваа година. Сушата предизвикана од климатските промени во прашумите на Амазон меѓу јануари и март поттикна рекорден број шумски пожари во Венецуела, а сушата во јужна Африка ги уништи посевите и остави милиони луѓе да се соочат со глад.

Рекордно затоплување на површината на морето

Бурџис рече дека податоците за морињата и океаните „не се помалку шокантни“, бидејќи новиот глобален рекорд на температурата на површината на океаните поставен во февруари беше повторно надминат во март.

Океаните покриваат 70 отсто од планетата и ја одржуваат површината на Земјата погодна за живеење, апсорбирајќи 90 отсто од вишокот топлина произведена од загадувањето со јаглерод диоксид што произлегува од човековата активност од почетокот на индустриската ера.

Научниците минатиот месец предупредија дека поради затоплувањето на океаните на јужната хемисфера ќе дојде до масовно белење на коралите и дека тоа може да биде најопасно во историјата на планетата.

Примарната причина за екстремната топлина се емисиите на стакленички гасови предизвикани од човекот, според билтенот Коперник.

Други фактори кои влијаат на зголемувањето на температурата се Ел Нињо, природен метеоролошки феномен поврзан со затоплувањето на површинските води на источниот екваторијален Тихи Океан, кое се случува циклично во период од три или осум години.

Ел Нињо го достигна својот врв во декември и јануари и сега слабее, што може да помогне да се прекине жешката серија кон крајот на годината.

Потоплите океани значат повеќе влага во атмосферата. Научниците велат дека воздухот генерално може да задржи околу седум проценти повеќе водена пареа за секој Целзиусов степен на пораст на температурата.

Ова резултира со сè понепредвидливи временски услови, како што се жестоки ветрови и обилни дождови.

 

The post Земјата соборува глобални рекорди за топлина десет месеци по ред appeared first on Република.

]]>

Службата за мониторинг на климатските промени на ЕУ, Коперник, во вторникот објави дека овогодинешниот март бил најтопол досега, ставајќи крај на 10-месечната серија во која секој последователен месец поставува нов температурен рекорд, при што температурите на површината на морето достигнуваат нов апсолутен месечен рекорд за глобалната морска температура. Секој од последните десет месеци е рангиран како најтопол некогаш забележан во светот во споредба со соодветниот месец во претходните години, според Месечниот билтен на Коперник. Затоа, не само десеттиот последователен месец го собори сопствениот топлотен рекорд, туку и „глобалната просечна температура во последните 12 месеци е највисока досега забележана“ и го надминува прединдустрискиот просек за 1,58 степени Целзиусови поради децениските емисиите на стакленички гасови, чиј ефект е од средината на 2023 година, особено нагласени од феноменот Ел Нињо, изјави Саманта Бурџис, заменик-шеф на Службата за климатски промени Коперник. „Тоа е долгорочен тренд со исклучителни рекорди за кои сме многу загрижени“, рече Бурџис, додавајќи дека следењето и „проучувањето на ваквите записи месец по месец навистина ни покажува дека нашата клима многу брзо се менува“. Сетот на податоци на Коперник датира од 1940 година, а научниците го споредија со други релевантни податоци за да потврдат дека минатиот месец беше најтоплиот март од прединдустриската ера. 2023 година веќе беше најтоплата година на планетата според светските рекорди кои постојат од 1850 година. Екстремните временски услови и исклучителните температури направија хаос на глобално ниво оваа година. Сушата предизвикана од климатските промени во прашумите на Амазон меѓу јануари и март поттикна рекорден број шумски пожари во Венецуела, а сушата во јужна Африка ги уништи посевите и остави милиони луѓе да се соочат со глад. Рекордно затоплување на површината на морето Бурџис рече дека податоците за морињата и океаните „не се помалку шокантни“, бидејќи новиот глобален рекорд на температурата на површината на океаните поставен во февруари беше повторно надминат во март. Океаните покриваат 70 отсто од планетата и ја одржуваат површината на Земјата погодна за живеење, апсорбирајќи 90 отсто од вишокот топлина произведена од загадувањето со јаглерод диоксид што произлегува од човековата активност од почетокот на индустриската ера. Научниците минатиот месец предупредија дека поради затоплувањето на океаните на јужната хемисфера ќе дојде до масовно белење на коралите и дека тоа може да биде најопасно во историјата на планетата. Примарната причина за екстремната топлина се емисиите на стакленички гасови предизвикани од човекот, според билтенот Коперник. Други фактори кои влијаат на зголемувањето на температурата се Ел Нињо, природен метеоролошки феномен поврзан со затоплувањето на површинските води на источниот екваторијален Тихи Океан, кое се случува циклично во период од три или осум години. Ел Нињо го достигна својот врв во декември и јануари и сега слабее, што може да помогне да се прекине жешката серија кон крајот на годината. Потоплите океани значат повеќе влага во атмосферата. Научниците велат дека воздухот генерално може да задржи околу седум проценти повеќе водена пареа за секој Целзиусов степен на пораст на температурата. Ова резултира со сè понепредвидливи временски услови, како што се жестоки ветрови и обилни дождови.  

The post Земјата соборува глобални рекорди за топлина десет месеци по ред appeared first on Република.

]]>
Утре и во петок дожд, викендот сончево и топло https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/utre-i-vo-petok-dozhd-vikendot-sonchevo-i-toplo/ Wed, 28 Feb 2024 10:52:47 +0000 https://republika.mk/?p=749218

Утре ќе има локални врнежи од дожд, а во текот на ноќта и во петок врнежи од дожд ќе има на повеќе места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и јужните делови (над 20 л/м2).

Според прогнозите на Управата за хидометеоролошки работи, утре ќе дува засилен, а во петок повремено силен ветер (над 60 км/час) од јужен правец. За време на викендот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.

Времето денеска променливо облачно и релативно топло. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени.

Времето во Скопје облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 18 степени.

 

The post Утре и во петок дожд, викендот сончево и топло appeared first on Република.

]]>

Утре ќе има локални врнежи од дожд, а во текот на ноќта и во петок врнежи од дожд ќе има на повеќе места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и јужните делови (над 20 л/м2). Според прогнозите на Управата за хидометеоролошки работи, утре ќе дува засилен, а во петок повремено силен ветер (над 60 км/час) од јужен правец. За време на викендот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Времето денеска променливо облачно и релативно топло. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени. Времето во Скопје облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 18 степени.  

The post Утре и во петок дожд, викендот сончево и топло appeared first on Република.

]]>
И нареднава недела ќе биде прилично топло https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/i-narednava-nedela-ke-bide-prilichno-toplo/ Sat, 30 Dec 2023 14:44:10 +0000 https://republika.mk/?p=728231

УХМР информира дека продолжува периодот на релативно топло време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и пониски дневни температури. Во вторник и среда ќе има повремен локален дожд, а ќе дува и слаб, во западните делови умерен ветер од југозападен правец.

Максималните температури идната недела ќе се движат од 14 до 16 степени.

The post И нареднава недела ќе биде прилично топло appeared first on Република.

]]>

УХМР информира дека продолжува периодот на релативно топло време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и пониски дневни температури. Во вторник и среда ќе има повремен локален дожд, а ќе дува и слаб, во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Максималните температури идната недела ќе се движат од 14 до 16 степени.

The post И нареднава недела ќе биде прилично топло appeared first on Република.

]]>
До среда променливо облачно до повремен дожд, потоа стабилно и топло https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/do-sreda-promenlivo-oblachno-do-povremen-dozhd-potoa-stabilno-i-toplo/ Mon, 09 Oct 2023 09:55:39 +0000 https://republika.mk/?p=689485

Утре ќе има повремено зголемена облачност, а попладне во западните делови и во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер.

Од среда ќе продолжи стабилно време со студени утра, а релативно топло преку денот, соопшти УХМР.

Минималната утринска температура ќе се спушти до два, а максималната дневна ќе достигне 30 степени.

The post До среда променливо облачно до повремен дожд, потоа стабилно и топло appeared first on Република.

]]>

Утре ќе има повремено зголемена облачност, а попладне во западните делови и во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер. Од среда ќе продолжи стабилно време со студени утра, а релативно топло преку денот, соопшти УХМР. Минималната утринска температура ќе се спушти до два, а максималната дневна ќе достигне 30 степени.

The post До среда променливо облачно до повремен дожд, потоа стабилно и топло appeared first on Република.

]]>
Ги преживеавме трите најжешки месеци досега, а допрва доаѓаат нови проблеми https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/gi-prezhiveavme-trite-najzheshki-mesetsi-dosega-a-doprva-doagaat-novi-problemi/ Sun, 17 Sep 2023 09:48:21 +0000 https://republika.mk/?p=682563

Ако ова лето ви беше исклучително жешко, не сте единствени. Тоа е глобален феномен, а Светската метеоролошка организација (СМО) објави дека штотуку ги поминавме најжешките три месеци, од почетокот на јуни до август, откако се води ваква статистика.

Нашата планета штотуку мина низ топла сезона, најжешкото лето некогаш забележано. Климатските промени започнаа.

Научниците долго време предупредуваат дека нашата зависност од фосилни горива ќе доведе до тоа и дека растечките температури бараат итна акција.

Државниците мора да најдат решение за климатските промени. Сè уште можеме да го избегнеме најлошото, но немаме повеќе време за губење, ги пренесе WMO во своето соопштение, зборовите на генералниот секретар Антонио Гутереш.

Во секој од овие три месеци, температурите на морската површина соборуваа рекорди, а морскиот мраз на Антарктикот достигна рекордно ниско ниво за овој период од годината.

Во јули многу земји забележаа рекордно високи температури, а само во Мексико повеќе од 200 луѓе загинаа како последица на горештините.

Споменатата температура на површината на морето и океанот всушност забележа рекорди во последните пет месеци, односно и во април и мај.

Просечната глобална температура на морињата во август достигна 20,98 степени, а претходниот рекорд од март 2016 година беше надминат во секој ден во август.

Меѓутоа, она што загрижува не се рекордите, туку траењето на ваквата состојба и влијанието што вака високите температури го имаат и врз луѓето и врз природата, а се очигледни се последиците врз целиот климатски систем.

Според податоците на WMO, август бил убедливо најтоплиот август досега, но го надминал и рекордот најтопол месец досега, овогодинешниот јули.

Како што објави WMO, температурата на копното и морето беше за степен и пол потопла од просечната забележана помеѓу 1850 и 1900 година. Ситуацијата може да стане уште потешка кога Ел Нињо ќе тргне во акција.

Како што е познато, станува збор за климатски феномен во кој од пацифичкото крајбрежје на Јужна Америка се шири појас со топли води, што често носи повисоки температури на глобално ниво, но и екстремни временски услови и други опасни појави како топлотни удари, пожари, поплави…

Оваа година Ел Нињо се појави во тропските предели на Тихиот Океан за прв пат во последните седум години, така што постои многу голема веројатност дека затоплувањето на океанот ќе продолжи до крајот на 2023 година.

 

The post Ги преживеавме трите најжешки месеци досега, а допрва доаѓаат нови проблеми appeared first on Република.

]]>

Ако ова лето ви беше исклучително жешко, не сте единствени. Тоа е глобален феномен, а Светската метеоролошка организација (СМО) објави дека штотуку ги поминавме најжешките три месеци, од почетокот на јуни до август, откако се води ваква статистика. Нашата планета штотуку мина низ топла сезона, најжешкото лето некогаш забележано. Климатските промени започнаа. Научниците долго време предупредуваат дека нашата зависност од фосилни горива ќе доведе до тоа и дека растечките температури бараат итна акција. Државниците мора да најдат решение за климатските промени. Сè уште можеме да го избегнеме најлошото, но немаме повеќе време за губење, ги пренесе WMO во своето соопштение, зборовите на генералниот секретар Антонио Гутереш. Во секој од овие три месеци, температурите на морската површина соборуваа рекорди, а морскиот мраз на Антарктикот достигна рекордно ниско ниво за овој период од годината. Во јули многу земји забележаа рекордно високи температури, а само во Мексико повеќе од 200 луѓе загинаа како последица на горештините. Споменатата температура на површината на морето и океанот всушност забележа рекорди во последните пет месеци, односно и во април и мај. Просечната глобална температура на морињата во август достигна 20,98 степени, а претходниот рекорд од март 2016 година беше надминат во секој ден во август. Меѓутоа, она што загрижува не се рекордите, туку траењето на ваквата состојба и влијанието што вака високите температури го имаат и врз луѓето и врз природата, а се очигледни се последиците врз целиот климатски систем. Според податоците на WMO, август бил убедливо најтоплиот август досега, но го надминал и рекордот најтопол месец досега, овогодинешниот јули. Како што објави WMO, температурата на копното и морето беше за степен и пол потопла од просечната забележана помеѓу 1850 и 1900 година. Ситуацијата може да стане уште потешка кога Ел Нињо ќе тргне во акција. Како што е познато, станува збор за климатски феномен во кој од пацифичкото крајбрежје на Јужна Америка се шири појас со топли води, што често носи повисоки температури на глобално ниво, но и екстремни временски услови и други опасни појави како топлотни удари, пожари, поплави… Оваа година Ел Нињо се појави во тропските предели на Тихиот Океан за прв пат во последните седум години, така што постои многу голема веројатност дека затоплувањето на океанот ќе продолжи до крајот на 2023 година.  

The post Ги преживеавме трите најжешки месеци досега, а допрва доаѓаат нови проблеми appeared first on Република.

]]>