топло време Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toplo-vreme/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 09:34:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png топло време Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toplo-vreme/ 32 32 Топлотниот бран неповолен за земјоделството, наводнувањето приоритет https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/toplotniot-bran-nepovolen-za-zemjodelstvoto-navodnuvaneto-prioritet/ Wed, 14 Aug 2024 09:00:50 +0000 https://republika.mk/?p=806410

Топлотниот бран со температури над 40 степени што ја зафати државава е неповолен за земјоделството. Потребите за вода се големи, посебно за пролетните и окопните култури, а највеќе за пченката и сончогледот кој е во фаза на исполнување на зрното.

Според агрометеоролозите, приоритет на земјоделците во овој период треба да биде наводнувањето, но мора да продолжи и примената на агротехничките мерки.

-Овие временски услови се непогодни за сите култури, освен за некои видови овошки кои се во фаза на берба и зреење на плодовите. Повремените врнежи на некои места во претходниот период не ја подобрија состојбата со влага во почвата, која е потребна за посевите во овој период од годината. Затоа, приоритет на земјоделските производители треба да биде снабдувањето на културите со потребното количество вода, нагласуваат агрометеоролозите од УХМР.

Потсетуваат и дека е неопходно да се посвети поголемо внимание на заштитата од појава на пламеница кај виновата лоза.

The post Топлотниот бран неповолен за земјоделството, наводнувањето приоритет appeared first on Република.

]]>

Топлотниот бран со температури над 40 степени што ја зафати државава е неповолен за земјоделството. Потребите за вода се големи, посебно за пролетните и окопните култури, а највеќе за пченката и сончогледот кој е во фаза на исполнување на зрното. Според агрометеоролозите, приоритет на земјоделците во овој период треба да биде наводнувањето, но мора да продолжи и примената на агротехничките мерки. -Овие временски услови се непогодни за сите култури, освен за некои видови овошки кои се во фаза на берба и зреење на плодовите. Повремените врнежи на некои места во претходниот период не ја подобрија состојбата со влага во почвата, која е потребна за посевите во овој период од годината. Затоа, приоритет на земјоделските производители треба да биде снабдувањето на културите со потребното количество вода, нагласуваат агрометеоролозите од УХМР. Потсетуваат и дека е неопходно да се посвети поголемо внимание на заштитата од појава на пламеница кај виновата лоза.

The post Топлотниот бран неповолен за земјоделството, наводнувањето приоритет appeared first on Република.

]]>
МЗ: Ослободување од работа на ранливите категории, избегнување сонце, носење светла облека https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/mz-osloboduvane-od-rabota-na-ranlivite-kategorii-izbegnuvane-sontse-nosene-svetla-obleka/ Sun, 11 Aug 2024 17:47:40 +0000 https://republika.mk/?p=805550

Од утре до среда, територијата на цела држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалово ниво на опасност од високи температури и согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, се преземат акции предвидени за фаза 2 – „Портокалово ниво“ на топлотни бранови, информираат од Министерството за здравство.

По тој повод, Владата ги усвои препораките на Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури.

– Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови, од 12 до 14 август, предвидено е ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно: бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во истиот период, работодавците да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот, известуваат од Министерството за здравство.

Оттаму, меѓу другото, посочуваат единиците на локална самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица.

– Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, велат од Министерството.

Се апелира населението да ги почитува општите мерки за заштита на здравјето, како што се, во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред сè климатизирани), при неопходен престој на отворен простор во овој период да се најде можност за почести одмори под сенка. Да се носи светла и лесна облека, при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крем со висок заштитен фактор.

– Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мрсна храна.
Да се внесуваат повеќе течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.
Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува: задолжително миење на зеленчукот и овошјето пред нивна употреба; термичка подготовка на храната и нејзино консумирање веднаш по подготовката, како и избегнување термички необработени производи, нагласуваат од Министерството за здравство.

The post МЗ: Ослободување од работа на ранливите категории, избегнување сонце, носење светла облека appeared first on Република.

]]>

Од утре до среда, територијата на цела држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалово ниво на опасност од високи температури и согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, се преземат акции предвидени за фаза 2 – „Портокалово ниво“ на топлотни бранови, информираат од Министерството за здравство. По тој повод, Владата ги усвои препораките на Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури. – Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови, од 12 до 14 август, предвидено е ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно: бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во истиот период, работодавците да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот, известуваат од Министерството за здравство. Оттаму, меѓу другото, посочуваат единиците на локална самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица. – Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, велат од Министерството. Се апелира населението да ги почитува општите мерки за заштита на здравјето, како што се, во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред сè климатизирани), при неопходен престој на отворен простор во овој период да се најде можност за почести одмори под сенка. Да се носи светла и лесна облека, при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крем со висок заштитен фактор. – Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мрсна храна. Да се внесуваат повеќе течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри. Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува: задолжително миење на зеленчукот и овошјето пред нивна употреба; термичка подготовка на храната и нејзино консумирање веднаш по подготовката, како и избегнување термички необработени производи, нагласуваат од Министерството за здравство.

The post МЗ: Ослободување од работа на ранливите категории, избегнување сонце, носење светла облека appeared first on Република.

]]>
Од среда портокалова фаза на повеќе места https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/od-sreda-portokalova-faza-na-poveke-mesta/ Sun, 11 Aug 2024 12:37:24 +0000 https://republika.mk/?p=805452

Претежно сончево и многу топло време нѐ очекува од утре до крајот на седмицата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Топлото време е под влијание на многу топла воздушна маса од југ, а особено топло ќе биде до среда, кога дневната температура наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови и на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

И покрај високите температури, од УХМР соопштуваат дека од среда до петок во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

The post Од среда портокалова фаза на повеќе места appeared first on Република.

]]>

Претежно сончево и многу топло време нѐ очекува од утре до крајот на седмицата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Топлото време е под влијание на многу топла воздушна маса од југ, а особено топло ќе биде до среда, кога дневната температура наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови и на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. И покрај високите температури, од УХМР соопштуваат дека од среда до петок во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

The post Од среда портокалова фаза на повеќе места appeared first on Република.

]]>
Екстремните горештини убиваат 175.000 луѓе годишно во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ekstremnite-goreshtini-ubivaat-175-000-luge-godishno-vo-evropa/ Thu, 01 Aug 2024 16:08:21 +0000 https://republika.mk/?p=802435

Екстремните горештини убиваат најмалку 175.000 луѓе годишно во Европа, каде температурите и понатаму рапидно растат, предупреди Светската здравствена организација.

Европа е меѓу регионите со најбрзо затоплување во светот, а температурите се зголемуваат околу двојно побрзо од глобалниот просек, предупреди денеска директорот на СЗО за Европа, Ханс-Хенри П. Клуге.

-Топлинскиот стрес е водечка причина за смртта поврзана со климата во регионот. „Екстремните температури ги влошуваат хроничните состојби, вклучувајќи кардиоваскуларни, респираторни и цереброваскуларни болести, ментално здравје и состојби поврзани со дијабетес“, рече Клуге.

Европскиот регион на СЗО вклучува 53 земји во Европа и Кавказ, заедно со централноазиските земји како Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан.

Проценките на СЗО покажуваат дека во светот имало околу 489.000 смртни случаи поврзани со жештини секоја година во периодот од 2000 до 2019 година. Во европскиот регион учествувале 36 отсто од тие смртни случаи, или во просек 176.040 секоја година. Севкупно, смртните случаи поврзани со жештини во регионот се зголемија за околу 30 проценти во текот на изминатите две децении.

Клуге ги повика земјите да развијат акциски планови за топлина и здравје, кои се „клучен процес на адаптација“ за да ги направат заедниците поотпорни на топлотните бранови.

-Во моментов, повеќе од 20 земји во регионот имаат слични планови, но тоа „не е доволно за да се заштитат сите заедници“, предупреди Клуге.

The post Екстремните горештини убиваат 175.000 луѓе годишно во Европа appeared first on Република.

]]>

Екстремните горештини убиваат најмалку 175.000 луѓе годишно во Европа, каде температурите и понатаму рапидно растат, предупреди Светската здравствена организација. Европа е меѓу регионите со најбрзо затоплување во светот, а температурите се зголемуваат околу двојно побрзо од глобалниот просек, предупреди денеска директорот на СЗО за Европа, Ханс-Хенри П. Клуге. -Топлинскиот стрес е водечка причина за смртта поврзана со климата во регионот. „Екстремните температури ги влошуваат хроничните состојби, вклучувајќи кардиоваскуларни, респираторни и цереброваскуларни болести, ментално здравје и состојби поврзани со дијабетес“, рече Клуге. Европскиот регион на СЗО вклучува 53 земји во Европа и Кавказ, заедно со централноазиските земји како Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан. Проценките на СЗО покажуваат дека во светот имало околу 489.000 смртни случаи поврзани со жештини секоја година во периодот од 2000 до 2019 година. Во европскиот регион учествувале 36 отсто од тие смртни случаи, или во просек 176.040 секоја година. Севкупно, смртните случаи поврзани со жештини во регионот се зголемија за околу 30 проценти во текот на изминатите две децении. Клуге ги повика земјите да развијат акциски планови за топлина и здравје, кои се „клучен процес на адаптација“ за да ги направат заедниците поотпорни на топлотните бранови. -Во моментов, повеќе од 20 земји во регионот имаат слични планови, но тоа „не е доволно за да се заштитат сите заедници“, предупреди Клуге.

The post Екстремните горештини убиваат 175.000 луѓе годишно во Европа appeared first on Република.

]]>
Следните денови сончево и топло, утре попладне краткотраен дожд https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/slednite-denovi-sonchevo-i-toplo-utre-popladne-kratkotraen-dozhd/ Sun, 28 Jul 2024 10:38:17 +0000 https://republika.mk/?p=800997

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево и топло. Само утре во попладневните часови наместа облачноста ќе се зголеми, особено во планинските подрачја каде ќе има услови за краткотраен дожд.

Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи утре и во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 60 km/h).

Времето денеска сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. Времето во Скопје сончево и топло со слаб северен ветер.

The post Следните денови сончево и топло, утре попладне краткотраен дожд appeared first on Република.

]]>

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево и топло. Само утре во попладневните часови наместа облачноста ќе се зголеми, особено во планинските подрачја каде ќе има услови за краткотраен дожд. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи утре и во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 60 km/h). Времето денеска сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. Времето во Скопје сончево и топло со слаб северен ветер.

The post Следните денови сончево и топло, утре попладне краткотраен дожд appeared first on Република.

]]>
Повторно високи температури, Метеоцентар со детална прогноза и најава кога да очекувате освежување https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/povtorno-visoki-temperaturi-meteotsentar-so-detalna-prognoza-i-najava-koga-da-ochekuvate-osvezhuvane/ Sat, 27 Jul 2024 08:54:01 +0000 https://republika.mk/?p=800595

Во следните денови ќе преовладува сончево време со постепен пораст на температурата. На почетокот на следната седмица повторно ќе дува умерен до засилен северен ветер проследен со мало преодно наоблачување.

Прогноза за 28.07.2024
Минимална температура: 10°C до 20°C
Максимална температура: 32°C до 39°C

Сончево и топло со слаб променлив ветер. UV=9

Прогноза за 29.07.2024
Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 33°C до 40°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој особено долж Повардарието повремено ќе засилува. UV=8

Прогноза за 30.07.2024
Минимална температура: 13°C до 23°C
Максимална температура: 31°C до 38°C

Претежно сончево и топло со умерен до засилен северен ветер. UV=8

The post Повторно високи температури, Метеоцентар со детална прогноза и најава кога да очекувате освежување appeared first on Република.

]]>

Во следните денови ќе преовладува сончево време со постепен пораст на температурата. На почетокот на следната седмица повторно ќе дува умерен до засилен северен ветер проследен со мало преодно наоблачување. Прогноза за 28.07.2024 Минимална температура: 10°C до 20°C Максимална температура: 32°C до 39°C Сончево и топло со слаб променлив ветер. UV=9 Прогноза за 29.07.2024 Минимална температура: 12°C до 22°C Максимална температура: 33°C до 40°C Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој особено долж Повардарието повремено ќе засилува. UV=8 Прогноза за 30.07.2024 Минимална температура: 13°C до 23°C Максимална температура: 31°C до 38°C Претежно сончево и топло со умерен до засилен северен ветер. UV=8

The post Повторно високи температури, Метеоцентар со детална прогноза и најава кога да очекувате освежување appeared first on Република.

]]>
Гутереш: Човештвото е жртва на екстремна топлотна епидемија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/guteresh-choveshtvoto-e-zhrtva-na-ekstremna-toplotna-epidemija/ Thu, 25 Jul 2024 18:30:56 +0000 https://republika.mk/?p=800300

Човештвото е жртва на „екстремна топлотна епидемија“, предупреди денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повикувајќи на мерки за ограничување на влијанието на топлотните бранови кои се зголемуваат поради климатските промени.

Ако има едно нешто што го обединува нашиот поделен свет, тоа е што станува се потопол … Милијарди луѓе се соочуваат со епидемија на екстремни горештини, изложени на топлотни бранови кои се сè поубиствени, со температури кои надминуваат 50 степени Целзиусови, изјави Гутереш.

Според европската мрежа Коперникус, 21, 22 и 24 јули оваа година биле најтоплите денови досега регистрирани во светот.

„Осакатувачка топлина е насекаде. Милијарди луѓе ширум светот венеат под сè посилните топлотни бранови предизвикани главно од климатската криза предизвикана од фосилни горива. Повеќе од 70 отсто од глобалната работна сила – 2,4 милијарди луѓе – сега се изложени на висок ризик од екстремни горештини. Најпогодени се најранливите заедници“, се вели во повикот за акција на Гутереш објавен од ОН.

Како одговор на брзиот пораст на обемот, интензитетот, зачестеноста и времетраењето на екстремните горештини, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска повика на итни и заеднички напори за зајакнување на меѓународната соработка за справување со екстремните горештини во четири критични области: Грижа за ранливите, заштита на работниците, зголемување на отпорноста на економиите и општествата со користење на податоци и наука, ограничување на порастот на температурата на 1,5 степен Целзиусов со постепено укинување на фосилните горива и зголемување на инвестициите во обновливи извори на енергија.


(МИА)

The post Гутереш: Човештвото е жртва на екстремна топлотна епидемија appeared first on Република.

]]>

Човештвото е жртва на „екстремна топлотна епидемија“, предупреди денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повикувајќи на мерки за ограничување на влијанието на топлотните бранови кои се зголемуваат поради климатските промени. Ако има едно нешто што го обединува нашиот поделен свет, тоа е што станува се потопол … Милијарди луѓе се соочуваат со епидемија на екстремни горештини, изложени на топлотни бранови кои се сè поубиствени, со температури кои надминуваат 50 степени Целзиусови, изјави Гутереш. Според европската мрежа Коперникус, 21, 22 и 24 јули оваа година биле најтоплите денови досега регистрирани во светот.
„Осакатувачка топлина е насекаде. Милијарди луѓе ширум светот венеат под сè посилните топлотни бранови предизвикани главно од климатската криза предизвикана од фосилни горива. Повеќе од 70 отсто од глобалната работна сила – 2,4 милијарди луѓе – сега се изложени на висок ризик од екстремни горештини. Најпогодени се најранливите заедници“, се вели во повикот за акција на Гутереш објавен од ОН.
Како одговор на брзиот пораст на обемот, интензитетот, зачестеноста и времетраењето на екстремните горештини, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска повика на итни и заеднички напори за зајакнување на меѓународната соработка за справување со екстремните горештини во четири критични области: Грижа за ранливите, заштита на работниците, зголемување на отпорноста на економиите и општествата со користење на податоци и наука, ограничување на порастот на температурата на 1,5 степен Целзиусов со постепено укинување на фосилните горива и зголемување на инвестициите во обновливи извори на енергија.
(МИА)

The post Гутереш: Човештвото е жртва на екстремна топлотна епидемија appeared first on Република.

]]>
Како полесно да заспиете кога надвор не се дише од жешко https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kako-polesno-da-zaspiete-koga-nadvor-ne-se-dishe-od-zheshko/ Sat, 20 Jul 2024 17:13:11 +0000 https://republika.mk/?p=798618

Екстремните температури и топлината која држи уште долго во ноќта, направи проблеми за многу луѓе кои се борат со несоница. Премногу топлото време и постојаното потење едноставно им го нарушуваат сонот на многумина.

Постојат неколку мали трикови со кои ќе ви се подобри сонот:

Дури и преку ден, затемнете ја спалната соба. Ова ќе спречи прегревање, но и ќе ви овозможи подобро да спиете. Човечкото тело едноставно се буди кога ќе го погоди првиот зрак светлина, а во лето денот трае исклучително долго.

Погрижете се да се истуширате со топол туш пред спиење.

Најдете средство против комарци со убав мирис и ставете го во спалната соба.

Оставете го клима уредот да работи цел ден и намалете ја температурата пред вечер, а исклучете го во текот на ноќта.

При варење, телото произведува енергија и се загрева. Тоа не се големи разлики во температурата, но во лето значи се. Затоа, јадете лесно сварлива храна и избегнувајте шеќери и масти пред спиење.

The post Како полесно да заспиете кога надвор не се дише од жешко appeared first on Република.

]]>

Екстремните температури и топлината која држи уште долго во ноќта, направи проблеми за многу луѓе кои се борат со несоница. Премногу топлото време и постојаното потење едноставно им го нарушуваат сонот на многумина. Постојат неколку мали трикови со кои ќе ви се подобри сонот: Дури и преку ден, затемнете ја спалната соба. Ова ќе спречи прегревање, но и ќе ви овозможи подобро да спиете. Човечкото тело едноставно се буди кога ќе го погоди првиот зрак светлина, а во лето денот трае исклучително долго. Погрижете се да се истуширате со топол туш пред спиење. Најдете средство против комарци со убав мирис и ставете го во спалната соба. Оставете го клима уредот да работи цел ден и намалете ја температурата пред вечер, а исклучете го во текот на ноќта. При варење, телото произведува енергија и се загрева. Тоа не се големи разлики во температурата, но во лето значи се. Затоа, јадете лесно сварлива храна и избегнувајте шеќери и масти пред спиење.

The post Како полесно да заспиете кога надвор не се дише од жешко appeared first on Република.

]]>
Зголемен бројот на повици и интервенции на Итната помош во Велес https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zgolemen-brojot-na-povitsi-i-interventsii-na-itnata-pomosh-vo-veles/ Wed, 17 Jul 2024 20:56:17 +0000 https://republika.mk/?p=797820

Деновиве со летните горештини и превисоките температири над 41 степен целзиусов лошо се одразуваат на здравјето на населението што  предизвика и зголем број на повиците од граѓаните,  како и прегледите во амбуланта и на терен од екипите на Итна медицинска помош. Од први до 15 јули, годинава, направени се вкупно 1.056 прегледи во амбуланта и на терен. За само 15 дена,  направени се 302 прегледи во амбуланта преку ден и 466 прегледи преку ноќ, додека на терен се направени 162 прегледи преку ден и 126 преку ноќ. Услуги на терен од страна на сестра направени се вкупно 184 од кои 174 преку ден и 10 прегледи преку ноќ, информира д-р Василка  Пановска Поп–Стефанова началник на службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом  Велес.

Таа потенцира дека поради превисоките температири  многу  често граѓаните  колабираат,  а воедно  зголемен  е и бројот на повици од хронични пациенти,на кои здравјето им се влошува поради превисоките температури.

-Се јавуваат  и пациенти со покачен крвен притисок, како и пациенти кои имаат дијареа и повраќање, а има повици и од хроничните болни информира  д-р Пановска Поп-Стефанова.

Воедно таа  апелира до граѓаните да не излегуваат од своите домови во период од 10:00 до 17:00 часот кога се  највисоки температури, да конзумираат што повеќе течности, а  најмногу вода и сок од цеден лимон, како и  добро измиено овошје и зеленчук и да избегнуваат масна храна.

Доколку сепак имаат потреба да излезат од дома, да носат светла облека.Хронично болните пациенти редовно да ја примаат својата терапија и за било каква промена на здравствената состојба да се консултираат со лекар.

The post Зголемен бројот на повици и интервенции на Итната помош во Велес appeared first on Република.

]]>

Деновиве со летните горештини и превисоките температири над 41 степен целзиусов лошо се одразуваат на здравјето на населението што  предизвика и зголем број на повиците од граѓаните,  како и прегледите во амбуланта и на терен од екипите на Итна медицинска помош. Од први до 15 јули, годинава, направени се вкупно 1.056 прегледи во амбуланта и на терен. За само 15 дена,  направени се 302 прегледи во амбуланта преку ден и 466 прегледи преку ноќ, додека на терен се направени 162 прегледи преку ден и 126 преку ноќ. Услуги на терен од страна на сестра направени се вкупно 184 од кои 174 преку ден и 10 прегледи преку ноќ, информира д-р Василка  Пановска Поп–Стефанова началник на службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом  Велес. Таа потенцира дека поради превисоките температири  многу  често граѓаните  колабираат,  а воедно  зголемен  е и бројот на повици од хронични пациенти,на кои здравјето им се влошува поради превисоките температури. -Се јавуваат  и пациенти со покачен крвен притисок, како и пациенти кои имаат дијареа и повраќање, а има повици и од хроничните болни информира  д-р Пановска Поп-Стефанова. Воедно таа  апелира до граѓаните да не излегуваат од своите домови во период од 10:00 до 17:00 часот кога се  највисоки температури, да конзумираат што повеќе течности, а  најмногу вода и сок од цеден лимон, како и  добро измиено овошје и зеленчук и да избегнуваат масна храна. Доколку сепак имаат потреба да излезат од дома, да носат светла облека.Хронично болните пациенти редовно да ја примаат својата терапија и за било каква промена на здравствената состојба да се консултираат со лекар.

The post Зголемен бројот на повици и интервенции на Итната помош во Велес appeared first on Република.

]]>
Десет до петнаесет колапси дневно и зголемен број сообраќајки https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/deset-do-petnaeset-kolapsi-dnevno-i-zgolemen-broj-soobrakajki/ Sun, 14 Jul 2024 11:53:09 +0000 https://republika.mk/?p=796639

Итната медицинска помош бележи интервенции за 10 до 15 колапси дневно, како и интервенции за зголемен број на сообраќајни незгоди.

– Викендов, имаме интервенирано на 10 сообраќајки, од нив седум, во петокот. Колапси на јавни места – работно место, автобуска станица, автобуси и така натаму, паднати по скали, се вкупно 15 интервенции, од кои повеќето се во работен ден, поточно во петокот имавме вкупно осум интервенции, вели во изјава за МИА доктор Рихад Реџепи, шеф на смена во Итната медицинска помош во Скопје.

Од петокот до изутринава до седум часот имале вкупно 152 интервенции.

– Од нив, 52 од прв степен на итност, 80 од втор степен на итност. Само за вчерашниот ден, за 24 часа, бележиме вкупно 77 интервенции, од прв степен на итност 23, а 42 од втор степен на итност, посочува доктор Реџепи.

The post Десет до петнаесет колапси дневно и зголемен број сообраќајки appeared first on Република.

]]>

Итната медицинска помош бележи интервенции за 10 до 15 колапси дневно, како и интервенции за зголемен број на сообраќајни незгоди.
– Викендов, имаме интервенирано на 10 сообраќајки, од нив седум, во петокот. Колапси на јавни места – работно место, автобуска станица, автобуси и така натаму, паднати по скали, се вкупно 15 интервенции, од кои повеќето се во работен ден, поточно во петокот имавме вкупно осум интервенции, вели во изјава за МИА доктор Рихад Реџепи, шеф на смена во Итната медицинска помош во Скопје.
Од петокот до изутринава до седум часот имале вкупно 152 интервенции.
– Од нив, 52 од прв степен на итност, 80 од втор степен на итност. Само за вчерашниот ден, за 24 часа, бележиме вкупно 77 интервенции, од прв степен на итност 23, а 42 од втор степен на итност, посочува доктор Реџепи.

The post Десет до петнаесет колапси дневно и зголемен број сообраќајки appeared first on Република.

]]>
Повеќе вода – помалку здравствени проблеми со горештините https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/poveke-voda-pomalku-zdravstveni-problemi-so-goreshtinite/ Sun, 14 Jul 2024 08:09:46 +0000 https://republika.mk/?p=796558

Летото и високите температури значат поголема потреба од хидратација, т.е. пиење вода. Соодветниот внос на течности во текот на летните месеци е клучен за одржување на оптималното здравје и спречување дехидрација.

Налето, телото се соочува со повисоки температури што го поттикнуваат потењето како природен механизам за ладење. Тоа значи губење поголеми количини вода и електролити. Затоа, соодветната хидратација, поточно надоместувањето течности, помага во одржување на енергијата, концентрацијата и општото лично чувство на благосостојба.

Последици од недоволно внесување течности: Дехидрација

Благата, лесна дехидрација се одликува со сува уста, жед, намален волумен на урина, темно жолта урина, главоболка и замор. Тешката дехидрација може да доведе до вртоглавица, забрзан пулс, конфузија, па дури и несвестица.

Топлотен удар

Недоволната хидратација ја зголемува и опасноста од топлотен удар. Тоа е сериозна состојба што бара итна медицинска помош. Симптомите вклучуваат висока телесна температура, црвена и сува кожа, забрзано дишење, забрзан пулс и губење свест.

Оштетување на бубрезите

Премалку вода значи и поголема опасност од појава на камен во бубрегот.

Совети за одржување на соодветно ниво на хидратација

Неретко, во текот на денот, човекот не успева да внесе доволно течности, поради зафатеност со работа и други обврски. Затоа се важни следните совети.

Пијте доволно вода. Се препорачува внес на најмалку осум чаши вода дневно, па и повеќе кога температурите се прекумерно високи или кога човекот е физички поактивен.

Храна со висок идел на вода... Овошјето и зеленчукот со висока содржина на вода, како што се лубеницата, краставиците, јагодите и портокалите, можат дополнително да помогнат да останете хидрирани.

Секогаш носете шише вода со вас. Така, пиењето вода ќе биде доволно и редовно.

Избегнувајте прекумерно внесување кофеин и алкохол. Тие дејствуваат како диуретици, зголемувајќи го губењето на течности од телото. Умереноста тука е клучна.

Пијте вода пред, за време и после спортска, понапорна рекреативна, професионална и други физички активности.

Прилагодете го внесот на течности на временските услови. Поголем внес на течности во топлите и влажни денови го надоместува она што го губиме со потењето.

Хидратацијата е клучна за одржување на здравјето и благосостојбата, особено налето. Редовното пиење вода, внесувањето повеќе храна богата со вода, а помалку кофеин и алкохол, ќе помогне да останете свежи и полни со енергија.

The post Повеќе вода – помалку здравствени проблеми со горештините appeared first on Република.

]]>

Летото и високите температури значат поголема потреба од хидратација, т.е. пиење вода. Соодветниот внос на течности во текот на летните месеци е клучен за одржување на оптималното здравје и спречување дехидрација. Налето, телото се соочува со повисоки температури што го поттикнуваат потењето како природен механизам за ладење. Тоа значи губење поголеми количини вода и електролити. Затоа, соодветната хидратација, поточно надоместувањето течности, помага во одржување на енергијата, концентрацијата и општото лично чувство на благосостојба. Последици од недоволно внесување течности: Дехидрација Благата, лесна дехидрација се одликува со сува уста, жед, намален волумен на урина, темно жолта урина, главоболка и замор. Тешката дехидрација може да доведе до вртоглавица, забрзан пулс, конфузија, па дури и несвестица. Топлотен удар Недоволната хидратација ја зголемува и опасноста од топлотен удар. Тоа е сериозна состојба што бара итна медицинска помош. Симптомите вклучуваат висока телесна температура, црвена и сува кожа, забрзано дишење, забрзан пулс и губење свест. Оштетување на бубрезите Премалку вода значи и поголема опасност од појава на камен во бубрегот. Совети за одржување на соодветно ниво на хидратација Неретко, во текот на денот, човекот не успева да внесе доволно течности, поради зафатеност со работа и други обврски. Затоа се важни следните совети. Пијте доволно вода. Се препорачува внес на најмалку осум чаши вода дневно, па и повеќе кога температурите се прекумерно високи или кога човекот е физички поактивен. Храна со висок идел на вода... Овошјето и зеленчукот со висока содржина на вода, како што се лубеницата, краставиците, јагодите и портокалите, можат дополнително да помогнат да останете хидрирани. Секогаш носете шише вода со вас. Така, пиењето вода ќе биде доволно и редовно. Избегнувајте прекумерно внесување кофеин и алкохол. Тие дејствуваат како диуретици, зголемувајќи го губењето на течности од телото. Умереноста тука е клучна. Пијте вода пред, за време и после спортска, понапорна рекреативна, професионална и други физички активности. Прилагодете го внесот на течности на временските услови. Поголем внес на течности во топлите и влажни денови го надоместува она што го губиме со потењето. Хидратацијата е клучна за одржување на здравјето и благосостојбата, особено налето. Редовното пиење вода, внесувањето повеќе храна богата со вода, а помалку кофеин и алкохол, ќе помогне да останете свежи и полни со енергија.

The post Повеќе вода – помалку здравствени проблеми со горештините appeared first on Република.

]]>
Високи темпeратури, до крајот на следната недела портокалова фаза https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/visoki-temperaturi-do-krajot-na-slednata-nedela-portokalova-faza/ Sat, 13 Jul 2024 07:24:38 +0000 https://republika.mk/?p=796294

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне во крајните западни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе бид во интервал од 14 до 22 степени, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степени. УВ индексот ќе изнесува 10.

Во Скопје сончево и многу топло со мала локална облачност. Минималната темепратура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 40степени.

Во наредните денови, според УХМР, ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Во недела во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

The post Високи темпeратури, до крајот на следната недела портокалова фаза appeared first on Република.

]]>

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне во крајните западни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе бид во интервал од 14 до 22 степени, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степени. УВ индексот ќе изнесува 10. Во Скопје сончево и многу топло со мала локална облачност. Минималната темепратура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 40степени. Во наредните денови, според УХМР, ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Во недела во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

The post Високи темпeратури, до крајот на следната недела портокалова фаза appeared first on Република.

]]>
Владата донесе препораки поради горештините, бремените жени и возрасните над 60 години се ослободени од работа од 12 до 18 јули, забрана за работа на отворено https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-donese-preporaki-poradi-goreshtinite-bremenite-zheni-i-vozrasnite-nad-60-godini-se-oslobodeni-od-rabota-od-12-do-18-juli-zabrana-za-rabota-na-otvoreno/ Thu, 11 Jul 2024 12:29:18 +0000 https://republika.mk/?p=795842

Владата поради топлото време донесе препораки за ослободување од работа на неколку категории граѓани и забрана за физичка активност на отворено

Владата на денешната онлајн седница по добиената информација за високите температури во кои што се наоѓа државата, ги усвои следните препораки, мерки и превенција за заштита.

Од работни обврски се ослободуваат бремените жени и лица на возраст над 60 години во период од 12.07.2024 година (петок) до 18.07.2024 година (четврток).

Исто така во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење на градежни и други физички активности на отворено во период од 11 часот до 17 часот.

Воедно, на владина седница се донесе одлука за детските градинки да не се практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во период од 11 часот до 17 часот.

Исто така, Владата препорачува до единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и на бездомници, a со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик за здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Владата на Република Македонија постојано ја следи состојбата поврзана со високите временски температури и за таа цел навремено презема соодветни мерки за заштита на населението, велат од Влада.

 

The post Владата донесе препораки поради горештините, бремените жени и возрасните над 60 години се ослободени од работа од 12 до 18 јули, забрана за работа на отворено appeared first on Република.

]]>

Владата поради топлото време донесе препораки за ослободување од работа на неколку категории граѓани и забрана за физичка активност на отворено Владата на денешната онлајн седница по добиената информација за високите температури во кои што се наоѓа државата, ги усвои следните препораки, мерки и превенција за заштита. Од работни обврски се ослободуваат бремените жени и лица на возраст над 60 години во период од 12.07.2024 година (петок) до 18.07.2024 година (четврток). Исто така во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење на градежни и други физички активности на отворено во период од 11 часот до 17 часот. Воедно, на владина седница се донесе одлука за детските градинки да не се практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во период од 11 часот до 17 часот. Исто така, Владата препорачува до единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и на бездомници, a со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик за здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.
Владата на Република Македонија постојано ја следи состојбата поврзана со високите временски температури и за таа цел навремено презема соодветни мерки за заштита на населението, велат од Влада.
 

The post Владата донесе препораки поради горештините, бремените жени и возрасните над 60 години се ослободени од работа од 12 до 18 јули, забрана за работа на отворено appeared first on Република.

]]>
Топлото време предвреме ќе ги обере бостанот и доматите https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/toploto-vreme-predvreme-ke-gi-obere-bostanot-i-domatite/ Wed, 10 Jul 2024 11:39:34 +0000 https://republika.mk/?p=795326

Топлотниот бран, со температури до 40 степени Целзиусови, пред време ќе собере дел од градинарското производство во Струмичко.
Според градинарите и експертите, на удар најмногу се културите на отворено, како што е бостанот и доматите засеани под пластеници.

Градинарите велат дека веќе бележат штета кај доматите во пластениците, бидејќи под влијание на топлината се случува цветот да се исфрли, а кај плодовите, кои се во фаза за зреење, доаѓа до згрчување.

Најважно е навреме да се преземат мерки со поставување на заштитни мрежи и да се врши засенчување, а наводнувањето да се врши во вечерните часови, вели Ристо Велков, земјоделец од село Василево.

Според него, засега на топлотниот бран е отпорна пиперката, но треба да се нимава и со нејзиното одгледување во вакви услови.

Експертите посочуваат дека климатските промени од година во година се повеќе го погодуваат земјоделското производство.

Покрај штетите во пластеничкото производство, каде температурата во текот на денот достигнува и над 60 степени Целзиусови и затоа културите не можат да врзат цвет и да се формира плод, големи штети има и кај овошните насади и лозјата. Според најавите топлотниот бран ќе трае и во наредните денови и тоа може да предизвика уште поголеми штети, смета д-р Ристо Вучков, експерт за заштита на растенијата.

Ескпертите советуваат земјоделците да се придржуваат кон пропишаните мерки за заштита, бидејќи топлото време е идеално за развој на болести.

Освен со топлотниот бран, земјоделците од регионот се соочуваат и со штети предизвикани од невреме проследено со град, како што беше на 2 јули кога настрадаа посеви во валандовско и гевгелиско.

The post Топлото време предвреме ќе ги обере бостанот и доматите appeared first on Република.

]]>

Топлотниот бран, со температури до 40 степени Целзиусови, пред време ќе собере дел од градинарското производство во Струмичко. Според градинарите и експертите, на удар најмногу се културите на отворено, како што е бостанот и доматите засеани под пластеници. Градинарите велат дека веќе бележат штета кај доматите во пластениците, бидејќи под влијание на топлината се случува цветот да се исфрли, а кај плодовите, кои се во фаза за зреење, доаѓа до згрчување. Најважно е навреме да се преземат мерки со поставување на заштитни мрежи и да се врши засенчување, а наводнувањето да се врши во вечерните часови, вели Ристо Велков, земјоделец од село Василево. Според него, засега на топлотниот бран е отпорна пиперката, но треба да се нимава и со нејзиното одгледување во вакви услови. Експертите посочуваат дека климатските промени од година во година се повеќе го погодуваат земјоделското производство. Покрај штетите во пластеничкото производство, каде температурата во текот на денот достигнува и над 60 степени Целзиусови и затоа културите не можат да врзат цвет и да се формира плод, големи штети има и кај овошните насади и лозјата. Според најавите топлотниот бран ќе трае и во наредните денови и тоа може да предизвика уште поголеми штети, смета д-р Ристо Вучков, експерт за заштита на растенијата. Ескпертите советуваат земјоделците да се придржуваат кон пропишаните мерки за заштита, бидејќи топлото време е идеално за развој на болести. Освен со топлотниот бран, земјоделците од регионот се соочуваат и со штети предизвикани од невреме проследено со град, како што беше на 2 јули кога настрадаа посеви во валандовско и гевгелиско.

The post Топлото време предвреме ќе ги обере бостанот и доматите appeared first on Република.

]]>
Задолжително да се носи капа, крем за сончање, да се избегнува топла, зачинета и солена храна, ИЈЗ со совети за жештините https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zadolzhitelno-da-se-nosi-kapa-krem-za-sonchane-da-se-izbegnuva-topla-zachineta-i-solena-hrana-ijz-so-soveti-za-zheshtinite/ Tue, 09 Jul 2024 15:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=795024

Граѓаните со себе да носат шише вода, да се разладуваат со вентилатори или клима уреди, да носат лесна, светла и комотна облека, да се тушираат со посвежа или млака вода кога чувствуваат дека им е топло, да се носи капа, шешир или чадор за заштита, доволно да се спие, да се јаде овошје и салати, да се избегнуваат алкохол, кафе, чај, како и топла, зачинета и солена храна што може да дехидрира, препорачува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

УХМР денеска соопшти дека продолжува периодот на сончево и многу топло време. Дневната температура ќе биде и над 30 степени, наместа и повеќе од 40 степени. Особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица, кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Кога станува збор за патувањата, од ИЈЗ препорачуваат граѓаните да се информираат за општата здравствена состојба, заразните заболувањa и потенцијалните ризици по здравјето во подрачјето каде се планира да се патува.

– Најмалку еден месец пред да заминете на планираното патување проверете ги препораките за профилактична терапија – на пример лекови за маларија и-или вакцинација – на пример против жолта треска, во подрачјето во кое планирате да патувате. Осигурајте се дека сте ги примиле вашите рутински вакцини, особено бидете во тек со вакциналниот статус на децата со кои патувате. Доколку имате потреба од дополнителни сознанија, консултирајте го вашиот избран лекар или надлежниот Центар за јавно здравје. Подгответе ја вашата „здравствена чанта“ – сет за прва помош, лекови за хронична терапија -доколку има, антипиретици, аналгетици, лекови за гастроинтестинални проблеми и сè што мислите дека можеби е тешко да се најде во вашата дестинација, пишува на веб-страницата.

Задолжително да се понесе средства за заштита од инсекти, крем за сончање со заштитен УВ-фактор над 30, алкохолни дезинфекциони средства и здравствената книшка.

Од ИЈЗ нагласуваат дека доколку се следат четири правила, може да се намали веројатноста од инфекција.

– Користете репеленти. Нанесете репеленти – средства што одбиваат комарци, за тропски области, на пример на база на DEET 30 – 50% или icardine , на непокриените делови на кожата од телото, избегнувајќи ги слузниците – очи, нос, уста – дење и ноќе, внатре и на отворено. Користете ги строго според упатствата на производот. Запомнете: репелентот треба да го нанесувате доволно често во зависност од потењето и изложеноста на вода – по капење, пливање, нанесете го по користење на препарати со заштитен УВ-фактор – кога се користат истовремено, бремени жени, доилки и деца постари од два месеца не треба да користат репеленти на база на DEET или icardine, имајте доволна залиха на репеленти поради можен недостиг, е првото правило на ИЈЗ.

Второто е носење соодветни облека и обувки за време на патувањето.

– Облеката треба да биде во светла боја, со долги ракави и ногавици, а секогаш кога е можно, носете чорапи и чевли за да биде покриена што поголем дел од површината на телото. Имајте на ум дека комарците касаат дење и ноќе, на отворено и на затворено. Комарците кои ги пренесуваат инфекциите со зика, денга и чикунгуња се најактивни во текот на денот и во самрак, а комарците кои пренесуваат маларија се најактивни во приквечерие и навечер, нагласуваат од ИЈЗ.

Трето правило, според Институтот, е да се користат заштитни мрежи, или граѓаните да одмораат во климатизирани простории.

– За време на патувањето, спијте и одморете се во климатизирани простории или простории со заштитни мрежи на прозорците и вратите. Доколку спиете на отворено или во простории заштитени од комарци, задолжително спијте под заштитна мреза за спиење, натопена со инсектициди, препорачуваат од ИЈЗ.

И последното, но, не и помалку важно, доколку граѓаните се разболат, да побараат медицинска помош.

– Ако за време на патувањето развиете треска – 38°С и повеќе, или други симптоми, побарајте медицинска помош. Маларијата и другите тропски болести можат да бидат сериозни и треба веднаш да се лекуваат. Останете безбедни за време на активности на вода. Ако вашите летни патувања вклучуваат активности на вода, бидете внимателни кога пливате, пловете или нуркате, особено во земјите каде што службите за итни случаи можеби не се брзо достапни или нема спасувачи. Избегнувајте пливање во реки. Инфекциите како што се шистозомијаза и лептоспироза се пренесуваат со контакт со слатка вода, пишува на веб-страницата.

Наведено е дека граѓаните треба да бидат внимателни дали водното тело ги има следните карактеристики: присутност на бариери кои го контролираат пристапот до вода, безбеден простор за деца од претшколска возраст далеку, дали има спасител на плажата и дали има систем за информирање на квалитетот на водата за капење, како и оти водното тело за капење треба да биде осигурано и безбедно за пливање за сите категории на граѓани, со соодветна означеност на безбедната длабочина. Поставување и спроведување на безбедни прописи за пловење, превоз на патници вклучително и носење на лична опрема за безбедност – елек за спасување.

– По враќањето од летни патувања, ако се разболите во рок од три недели, задолжително кажете му на вашиот лекар каде и кога сте патувале и кога сте се разболеле. Кај лица кои развиваат симптоми на зика болест, маларија и друго, неопходно е да се спроведат мерки за заштита од каснување од комарци – заштитни мрежи за кревети, прозорци и врати. Доброволното дарување крв се одложува за одредено време по враќањето, нагласуваат од Институтот.

Потребно е да се преземат следните чекори за заштита.

– Претпочитајте да пиете безбедна вода за пиење. Водата за пиење треба да биде без мраз, заради превенција од заразни заболувања и настинки. Носете капа со широк обод и очила за сонце со заштитен УВ фактор. Носете широка, лесна и памучна облека со светла – бела боја. Планирајте активности на отворено во поладни периоди од денот, пред 11 и после 17 часот. Одмарајте често и обидете се да останете во сенка кога сте на отворено. Ако правите напорни активности на топло, како што се планинарење или возење велосипед, обидете се да се прилагодите на надворешната температура пред таа активност со вежбање еден час дневно на топло. Ако сте во затворен простор со вклучено ладење од клима уредот, пред да излезете надвор во топла средина исклучете ја климата барем половина час пред тоа, за да полесно се адаптирате на темепературната разлика, гласат препораките на ИЈЗ.

 

The post Задолжително да се носи капа, крем за сончање, да се избегнува топла, зачинета и солена храна, ИЈЗ со совети за жештините appeared first on Република.

]]>

Граѓаните со себе да носат шише вода, да се разладуваат со вентилатори или клима уреди, да носат лесна, светла и комотна облека, да се тушираат со посвежа или млака вода кога чувствуваат дека им е топло, да се носи капа, шешир или чадор за заштита, доволно да се спие, да се јаде овошје и салати, да се избегнуваат алкохол, кафе, чај, како и топла, зачинета и солена храна што може да дехидрира, препорачува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). УХМР денеска соопшти дека продолжува периодот на сончево и многу топло време. Дневната температура ќе биде и над 30 степени, наместа и повеќе од 40 степени. Особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица, кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Кога станува збор за патувањата, од ИЈЗ препорачуваат граѓаните да се информираат за општата здравствена состојба, заразните заболувањa и потенцијалните ризици по здравјето во подрачјето каде се планира да се патува. – Најмалку еден месец пред да заминете на планираното патување проверете ги препораките за профилактична терапија – на пример лекови за маларија и-или вакцинација – на пример против жолта треска, во подрачјето во кое планирате да патувате. Осигурајте се дека сте ги примиле вашите рутински вакцини, особено бидете во тек со вакциналниот статус на децата со кои патувате. Доколку имате потреба од дополнителни сознанија, консултирајте го вашиот избран лекар или надлежниот Центар за јавно здравје. Подгответе ја вашата „здравствена чанта“ – сет за прва помош, лекови за хронична терапија -доколку има, антипиретици, аналгетици, лекови за гастроинтестинални проблеми и сè што мислите дека можеби е тешко да се најде во вашата дестинација, пишува на веб-страницата. Задолжително да се понесе средства за заштита од инсекти, крем за сончање со заштитен УВ-фактор над 30, алкохолни дезинфекциони средства и здравствената книшка. Од ИЈЗ нагласуваат дека доколку се следат четири правила, може да се намали веројатноста од инфекција. – Користете репеленти. Нанесете репеленти – средства што одбиваат комарци, за тропски области, на пример на база на DEET 30 – 50% или icardine , на непокриените делови на кожата од телото, избегнувајќи ги слузниците – очи, нос, уста – дење и ноќе, внатре и на отворено. Користете ги строго според упатствата на производот. Запомнете: репелентот треба да го нанесувате доволно често во зависност од потењето и изложеноста на вода – по капење, пливање, нанесете го по користење на препарати со заштитен УВ-фактор – кога се користат истовремено, бремени жени, доилки и деца постари од два месеца не треба да користат репеленти на база на DEET или icardine, имајте доволна залиха на репеленти поради можен недостиг, е првото правило на ИЈЗ. Второто е носење соодветни облека и обувки за време на патувањето. – Облеката треба да биде во светла боја, со долги ракави и ногавици, а секогаш кога е можно, носете чорапи и чевли за да биде покриена што поголем дел од површината на телото. Имајте на ум дека комарците касаат дење и ноќе, на отворено и на затворено. Комарците кои ги пренесуваат инфекциите со зика, денга и чикунгуња се најактивни во текот на денот и во самрак, а комарците кои пренесуваат маларија се најактивни во приквечерие и навечер, нагласуваат од ИЈЗ. Трето правило, според Институтот, е да се користат заштитни мрежи, или граѓаните да одмораат во климатизирани простории. – За време на патувањето, спијте и одморете се во климатизирани простории или простории со заштитни мрежи на прозорците и вратите. Доколку спиете на отворено или во простории заштитени од комарци, задолжително спијте под заштитна мреза за спиење, натопена со инсектициди, препорачуваат од ИЈЗ. И последното, но, не и помалку важно, доколку граѓаните се разболат, да побараат медицинска помош. – Ако за време на патувањето развиете треска – 38°С и повеќе, или други симптоми, побарајте медицинска помош. Маларијата и другите тропски болести можат да бидат сериозни и треба веднаш да се лекуваат. Останете безбедни за време на активности на вода. Ако вашите летни патувања вклучуваат активности на вода, бидете внимателни кога пливате, пловете или нуркате, особено во земјите каде што службите за итни случаи можеби не се брзо достапни или нема спасувачи. Избегнувајте пливање во реки. Инфекциите како што се шистозомијаза и лептоспироза се пренесуваат со контакт со слатка вода, пишува на веб-страницата. Наведено е дека граѓаните треба да бидат внимателни дали водното тело ги има следните карактеристики: присутност на бариери кои го контролираат пристапот до вода, безбеден простор за деца од претшколска возраст далеку, дали има спасител на плажата и дали има систем за информирање на квалитетот на водата за капење, како и оти водното тело за капење треба да биде осигурано и безбедно за пливање за сите категории на граѓани, со соодветна означеност на безбедната длабочина. Поставување и спроведување на безбедни прописи за пловење, превоз на патници вклучително и носење на лична опрема за безбедност – елек за спасување. – По враќањето од летни патувања, ако се разболите во рок од три недели, задолжително кажете му на вашиот лекар каде и кога сте патувале и кога сте се разболеле. Кај лица кои развиваат симптоми на зика болест, маларија и друго, неопходно е да се спроведат мерки за заштита од каснување од комарци – заштитни мрежи за кревети, прозорци и врати. Доброволното дарување крв се одложува за одредено време по враќањето, нагласуваат од Институтот. Потребно е да се преземат следните чекори за заштита. – Претпочитајте да пиете безбедна вода за пиење. Водата за пиење треба да биде без мраз, заради превенција од заразни заболувања и настинки. Носете капа со широк обод и очила за сонце со заштитен УВ фактор. Носете широка, лесна и памучна облека со светла – бела боја. Планирајте активности на отворено во поладни периоди од денот, пред 11 и после 17 часот. Одмарајте често и обидете се да останете во сенка кога сте на отворено. Ако правите напорни активности на топло, како што се планинарење или возење велосипед, обидете се да се прилагодите на надворешната температура пред таа активност со вежбање еден час дневно на топло. Ако сте во затворен простор со вклучено ладење од клима уредот, пред да излезете надвор во топла средина исклучете ја климата барем половина час пред тоа, за да полесно се адаптирате на темепературната разлика, гласат препораките на ИЈЗ.  

The post Задолжително да се носи капа, крем за сончање, да се избегнува топла, зачинета и солена храна, ИЈЗ со совети за жештините appeared first on Република.

]]>
Совети од ИЈЗ за справување со топлото време – пијте вода, избегнувајте алкохол, носете лесна облека https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/soveti-od-ijz-za-spravuvane-so-toploto-vreme-pijte-voda-izbegnuvajte-alkohol-nosete-lesna-obleka/ Tue, 09 Jul 2024 11:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=794963

Топлото време често значи поголем ризик од болести поврзани со топлина, повеќе активности на отворено и повеќе убоди од инсекти.

Институтот за јавно здравје објави неколку совети за справување и заштита од топлото време.

УХМР најавува дека Македонија до средина на следната недела ќе биде во портокалова фаза, а температурите ќе достигнат и над 40 степени.

Особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

 

The post Совети од ИЈЗ за справување со топлото време – пијте вода, избегнувајте алкохол, носете лесна облека appeared first on Република.

]]>

Топлото време често значи поголем ризик од болести поврзани со топлина, повеќе активности на отворено и повеќе убоди од инсекти. Институтот за јавно здравје објави неколку совети за справување и заштита од топлото време. УХМР најавува дека Македонија до средина на следната недела ќе биде во портокалова фаза, а температурите ќе достигнат и над 40 степени. Особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.  

The post Совети од ИЈЗ за справување со топлото време – пијте вода, избегнувајте алкохол, носете лесна облека appeared first on Република.

]]>
Сашко Коцев: Во училницата на моето дете ми пријдоа да ме поздрават 19 снемогнати, препотени, дехидрирани, сварени дечиња… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sashko-kotsev-vo-uchilnitsata-na-moeto-dete-mi-prijdoa-da-me-pozdravat-19-snemognati-prepoteni-dehidrirani-svareni-dechina/ Wed, 12 Jun 2024 14:34:05 +0000 https://republika.mk/?p=786974

Бев во училницата на моето дете. Ми пријдоа да ме поздрават 19 снемогнати,препотени,дехидрирани,сварени дечиња...секако и учителката не беше во подобро расположение! Зошто 17.06? Зошто???????, пишува Сашко Коцев на својот фејсбук профил.

The post Сашко Коцев: Во училницата на моето дете ми пријдоа да ме поздрават 19 снемогнати, препотени, дехидрирани, сварени дечиња… appeared first on Република.

]]>

Бев во училницата на моето дете. Ми пријдоа да ме поздрават 19 снемогнати,препотени,дехидрирани,сварени дечиња...секако и учителката не беше во подобро расположение! Зошто 17.06? Зошто???????, пишува Сашко Коцев на својот фејсбук профил.

The post Сашко Коцев: Во училницата на моето дете ми пријдоа да ме поздрават 19 снемогнати, препотени, дехидрирани, сварени дечиња… appeared first on Република.

]]>
Дали топлото ќе ги распушти и основците, ќе реши министерот за образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-toploto-ke-gi-raspushti-i-osnovtsite-ke-reshi-ministerot-za-obrazovanie/ Tue, 11 Jun 2024 11:38:48 +0000 https://republika.mk/?p=786560

Ќе видиме што ќе одлучи министерот, изјави државниот советник во Министерството за образование и наука Сафет Незири прашан дали МОН ќе одговори позитивно на иницијативата на родителите кои поради топлото време бараат учебната година за основците да заврши порано од 17 јуни или децата да имаат скратени часови во наредните неколку дена.

На новинарско прашање дали Министерството треба да прифати ваква иницијатива, првиот човек на Детската амбасада „Меѓаши“ Драги Змијанац одговори доколку нема согласност од МОН, а родителите инсистираат, тогаш треба компромисно решение во кое приоритет ќе биде најдобриот интерес на децата – тие да не губат часови, но и да го совладаат материјалот.

Според Змијанац, одлуката е, главно, кај менаџментот на училиштата кој, како што рече, треба да изнајде креативни решенија за одвивање на наставата и дека таа може да се одвива и на отворено.

Има креативни начини како тоа да се направи, може на отворено. И за време на пандемијата предлагавме да не се затвораат училиштата, да бидат отворени училишните дворови, кои се големи, со тенди итн. и може многу поедноставно да се изучува материјалот, рече Змијанац по промоцијата на публикацијата „Модули за мировно образование во средното образование“.

The post Дали топлото ќе ги распушти и основците, ќе реши министерот за образование appeared first on Република.

]]>

Ќе видиме што ќе одлучи министерот, изјави државниот советник во Министерството за образование и наука Сафет Незири прашан дали МОН ќе одговори позитивно на иницијативата на родителите кои поради топлото време бараат учебната година за основците да заврши порано од 17 јуни или децата да имаат скратени часови во наредните неколку дена. На новинарско прашање дали Министерството треба да прифати ваква иницијатива, првиот човек на Детската амбасада „Меѓаши“ Драги Змијанац одговори доколку нема согласност од МОН, а родителите инсистираат, тогаш треба компромисно решение во кое приоритет ќе биде најдобриот интерес на децата – тие да не губат часови, но и да го совладаат материјалот. Според Змијанац, одлуката е, главно, кај менаџментот на училиштата кој, како што рече, треба да изнајде креативни решенија за одвивање на наставата и дека таа може да се одвива и на отворено. Има креативни начини како тоа да се направи, може на отворено. И за време на пандемијата предлагавме да не се затвораат училиштата, да бидат отворени училишните дворови, кои се големи, со тенди итн. и може многу поедноставно да се изучува материјалот, рече Змијанац по промоцијата на публикацијата „Модули за мировно образование во средното образование“.

The post Дали топлото ќе ги распушти и основците, ќе реши министерот за образование appeared first on Република.

]]>
Натпросечното топло време во Македонија продолжува и следната недела https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/natprosechnoto-toplo-vreme-vo-makedonija-prodolzhuva-i-slednata-nedela/ Sun, 18 Feb 2024 19:53:38 +0000 https://republika.mk/?p=745465

И во текот на следната недела продолжува натпросечното топло време во Македонија, но и пошироко во регионот. Меѓутоа ќе има нешто повеќе облачност, а повремено ќе има услови и за сосема слаб локален дожд, особено во вторник.

Ветерот ќе биде сосема слаб и од променлив правец, но одсега гледано, за време на следниот викенд ќе започне да засилува ветерот од јужен правец.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите места од Македонија.

The post Натпросечното топло време во Македонија продолжува и следната недела appeared first on Република.

]]>

И во текот на следната недела продолжува натпросечното топло време во Македонија, но и пошироко во регионот. Меѓутоа ќе има нешто повеќе облачност, а повремено ќе има услови и за сосема слаб локален дожд, особено во вторник. Ветерот ќе биде сосема слаб и од променлив правец, но одсега гледано, за време на следниот викенд ќе започне да засилува ветерот од јужен правец. Во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите места од Македонија.

The post Натпросечното топло време во Македонија продолжува и следната недела appeared first on Република.

]]>
Сончево и топло, температура до 37 степени https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/sonchevo-i-toplo-temperatura-do-37-stepeni/ Wed, 02 Aug 2023 07:26:02 +0000 https://republika.mk/?p=667775

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до петок ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурата.

The post Сончево и топло, температура до 37 степени appeared first on Република.

]]>

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени Целзиусови. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до петок ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурата.

The post Сончево и топло, температура до 37 степени appeared first on Република.

]]>