топлина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toplina/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Jul 2023 17:22:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png топлина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toplina/ 32 32 Совети за како да имате посвеж дом во лето, но без превисоки сметки https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/soveti-za-kako-da-imate-posvezh-dom-vo-leto-no-bez-previsoki-smetki/ Sat, 01 Jul 2023 17:22:24 +0000 https://republika.mk/?p=657207

Одредени подробности при уредувањето на домот може да станат „проблем“ во лето, покрај високите температури и да придонесат за дополнително загревање на внатрешноста на куќата. Тука спаѓаат изборот на бои, употреба на одредени апарати и несоодветна изолација.

При високите дневни температури и силна сончева енергија, лекарите ги советуваат луѓето да го ограничат своето време надвор. Сепак, неретко во домот е потопло отколку надвор.

Ви нудиме неколку совети за тоа како да ви биде посвежо во домот.

Погрешни и вистински бои

Говорејќи за надворешноста на куќата, Гудел Дејвид, стручњак за домови и основач на компанијата за бојадиување „Пејнтс акрилик“ (Paints Acrylic) советува да се избегнуваат каква било потемна боја за надворешните ѕидови од куќата.

Темните бои апсорбираат повеќе топлина отколку светлите бои, така што ако ја обоите надворешноста на вашата куќа во темна боја, многу веројатно е оти ќе се чувствувате потопло внатре. Наместо тоа, се препорачува посветла или рефлектирачка боја за надворешноста на вашиот дом - како бела, беж или сива, објаснува тој.

Апарати кои произведуваат топлина

Многу од секојдневните активности во домаќинството создаваат повеќе топлина. Тука спаѓаат готвење, сушење алишта, па дури и вклучување на машината за миење садови. Се разбира, не треба да се престане со тие работи, но познавачите едноставно предлагаат да не се користат тие уреди во најжешките делови од денот. Оваа промена може да направи забележителна разлика во вкупната температура дома.

Премногу сончева светлина

Многумина претпочитаат повеќе природна светлина во секојдневниот простор, особено во долгите летни денови, но и тука не треба да се претера.

И прекумерната сончева светлина создава потопла средина во домот. Препораките, секако, говорат за завеси и ролетни за заштита од Сонцето. Како и топлината, така и сончевата светлина треба да се зачува ограничена.

Несоодветна изолација

Уште една честа грешка што придонесува за дополнителна топлина во просторот за домување, е лошата изолација. Том Алан, стручњак за греење, водовод и апарати смета дека сопствениците на куќи треба да додадат изолационен материјал на ѕидовите, покривот и прозорците.

Но, тоа мора да се направи стручно. Најдобро е да се консултирате со професионалец, за да ги одредите најдобрите можности за изолација за Вашиот дом, забележува тој.

Прениска температурата во разладувањето на домот

Логично е да се претпостави дека поставувањето на температурата на термометарот на клима-уредот на што пониско ниво - ќе доведе до побрзо ладење на домот... Сепак, според стручњаците, тоа е огромна заблуда. Тоа само прави клима-уредот да работи со поголема сила и подолго, зголемувајќи ја температурата што ја испушта, како и трошоците за енергија.

The post Совети за како да имате посвеж дом во лето, но без превисоки сметки appeared first on Република.

]]>

Одредени подробности при уредувањето на домот може да станат „проблем“ во лето, покрај високите температури и да придонесат за дополнително загревање на внатрешноста на куќата. Тука спаѓаат изборот на бои, употреба на одредени апарати и несоодветна изолација. При високите дневни температури и силна сончева енергија, лекарите ги советуваат луѓето да го ограничат своето време надвор. Сепак, неретко во домот е потопло отколку надвор. Ви нудиме неколку совети за тоа како да ви биде посвежо во домот.

Погрешни и вистински бои

Говорејќи за надворешноста на куќата, Гудел Дејвид, стручњак за домови и основач на компанијата за бојадиување „Пејнтс акрилик“ (Paints Acrylic) советува да се избегнуваат каква било потемна боја за надворешните ѕидови од куќата.
Темните бои апсорбираат повеќе топлина отколку светлите бои, така што ако ја обоите надворешноста на вашата куќа во темна боја, многу веројатно е оти ќе се чувствувате потопло внатре. Наместо тоа, се препорачува посветла или рефлектирачка боја за надворешноста на вашиот дом - како бела, беж или сива, објаснува тој.

Апарати кои произведуваат топлина

Многу од секојдневните активности во домаќинството создаваат повеќе топлина. Тука спаѓаат готвење, сушење алишта, па дури и вклучување на машината за миење садови. Се разбира, не треба да се престане со тие работи, но познавачите едноставно предлагаат да не се користат тие уреди во најжешките делови од денот. Оваа промена може да направи забележителна разлика во вкупната температура дома.

Премногу сончева светлина

Многумина претпочитаат повеќе природна светлина во секојдневниот простор, особено во долгите летни денови, но и тука не треба да се претера. И прекумерната сончева светлина создава потопла средина во домот. Препораките, секако, говорат за завеси и ролетни за заштита од Сонцето. Како и топлината, така и сончевата светлина треба да се зачува ограничена.

Несоодветна изолација

Уште една честа грешка што придонесува за дополнителна топлина во просторот за домување, е лошата изолација. Том Алан, стручњак за греење, водовод и апарати смета дека сопствениците на куќи треба да додадат изолационен материјал на ѕидовите, покривот и прозорците.
Но, тоа мора да се направи стручно. Најдобро е да се консултирате со професионалец, за да ги одредите најдобрите можности за изолација за Вашиот дом, забележува тој.

Прениска температурата во разладувањето на домот

Логично е да се претпостави дека поставувањето на температурата на термометарот на клима-уредот на што пониско ниво - ќе доведе до побрзо ладење на домот... Сепак, според стручњаците, тоа е огромна заблуда. Тоа само прави клима-уредот да работи со поголема сила и подолго, зголемувајќи ја температурата што ја испушта, како и трошоците за енергија.

The post Совети за како да имате посвеж дом во лето, но без превисоки сметки appeared first on Република.

]]>
Топлотниот бран во Европа продолжува да предизвикува разорни шумски пожари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/toplotniot-bran-vo-evropa-prodolzuva-da-predizvikuva-razorni-shumski-pozari/ Mon, 18 Jul 2022 07:56:57 +0000 https://republika.mk/?p=530533

Топлотниот бран што ја зафати западна Европа продолжува да предизвикува разорни шумски пожари. Овој топлотен бран е втор за нешто повеќе од еден месец во Европа. Според научниците, зголемувањето на овие појави е директна последица на глобалното затоплување, а емисиите на стакленички гасови го зголемуваат нивниот интензитет, времетраење и зачестеност.

Во Франција, Грција, Португалија, Шпанија, пожарите изгореа илјадници хектари, принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови, а минатата недела зедоа животи на неколку пожарникари и спасувачи. Засега нема пријавени жртви во пожарите во Франција и во Шпанија, но, властите во Мадрид соопштија дека високите температури предизвикале стотици смртни случаи.

Во југозападна Франција од вторникот изгореа речиси 11.000 хектари шума. Француската метеоролошка служба прогласи црвен код за опасност од горештини во 15 департмани во западниот дел на земјата, што е знак за врв на екстремни горештини.

Денеска може да биде еден од најтоплите денови во Франција. Жештините се зголемуваат, топлотниот бран се шири низ државата, предупредува државната метеоролошка служба и очекува уривање на многу температурни рекорди, особено на западот и југозападот од државата.

Во Тест де Буш „ситуацијата се влошува. Пожарот стигна до морето и се движи кон југ“, се вели во соопштението на префектурата на Твитер, каде се повикува на „екстремна претпазливост“. Двата големи пожари кои беснеат шест дена во Франција доведоа до евакуација на околу 16.200 луѓе.

Околу 20 шумски пожари сè уште беснеат во Шпанија и се надвор од контрола во различни делови на земјата. Во најјужниот дел на земјата, синоќа е ставен под контрола пожарот што избувна во петокот во планините во близина на Малага.

Според локалните власти, пожарот уништил речиси 2.000 хектари и принудил евакуација на повеќе од 3.000 жители.

Температурите вчера достигнаа 39 степени во Мадрид, 39,7 степени во Севиља и максимални 43,4 степени во Дон Бенито кај Бадахоз.

Педесетгодишен маж починал вчера од топлотен удар додека се шетал на улица во Торехон де Ардос, во близина на Мадрид, соопшти службата за итни случаи. Кога пристигнала итната помош, мажот бил во „кардиореспираторен застој“ и со телесна температура од 40 степени. Претходниот ден во Мадрид, 60-годишен работник на патишта почина од топлотен удар. Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека од 10 до 14 јули заклучно, како последица на екстремно високите температури, починале 237 лица.

Во Португалија завладеја затишје: вчера, за првпат од 8 јули, температурите не надминаа 40 степени, соопшти националната метеоролошка служба, откако во четвртокот го достигна јулскиот рекорд од 47 степени. Според португалската служба за цивилна заштита, само еден голем пожар, во близина на Чавес во најсеверниот дел на земјата, се смета за активен и „практично под контрола“ во 90 отсто од неговиот периметар.

Сепак, речиси целата територија на Португалија е под „максимален“, „многу висок“ или „висок“ ризик од пожар, особено во централните и северните региони.

Според најновите податоци на португалските власти, во пожарите од минатата недела загинале две лица, а околу 60 се повредени. Од почетокот на топлотниот бран изгореа меѓу 12.000 и 15.000 хектари шума.

The post Топлотниот бран во Европа продолжува да предизвикува разорни шумски пожари appeared first on Република.

]]>

Топлотниот бран што ја зафати западна Европа продолжува да предизвикува разорни шумски пожари. Овој топлотен бран е втор за нешто повеќе од еден месец во Европа. Според научниците, зголемувањето на овие појави е директна последица на глобалното затоплување, а емисиите на стакленички гасови го зголемуваат нивниот интензитет, времетраење и зачестеност. Во Франција, Грција, Португалија, Шпанија, пожарите изгореа илјадници хектари, принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови, а минатата недела зедоа животи на неколку пожарникари и спасувачи. Засега нема пријавени жртви во пожарите во Франција и во Шпанија, но, властите во Мадрид соопштија дека високите температури предизвикале стотици смртни случаи. Во југозападна Франција од вторникот изгореа речиси 11.000 хектари шума. Француската метеоролошка служба прогласи црвен код за опасност од горештини во 15 департмани во западниот дел на земјата, што е знак за врв на екстремни горештини. Денеска може да биде еден од најтоплите денови во Франција. Жештините се зголемуваат, топлотниот бран се шири низ државата, предупредува државната метеоролошка служба и очекува уривање на многу температурни рекорди, особено на западот и југозападот од државата. Во Тест де Буш „ситуацијата се влошува. Пожарот стигна до морето и се движи кон југ“, се вели во соопштението на префектурата на Твитер, каде се повикува на „екстремна претпазливост“. Двата големи пожари кои беснеат шест дена во Франција доведоа до евакуација на околу 16.200 луѓе. Околу 20 шумски пожари сè уште беснеат во Шпанија и се надвор од контрола во различни делови на земјата. Во најјужниот дел на земјата, синоќа е ставен под контрола пожарот што избувна во петокот во планините во близина на Малага. Според локалните власти, пожарот уништил речиси 2.000 хектари и принудил евакуација на повеќе од 3.000 жители. Температурите вчера достигнаа 39 степени во Мадрид, 39,7 степени во Севиља и максимални 43,4 степени во Дон Бенито кај Бадахоз. Педесетгодишен маж починал вчера од топлотен удар додека се шетал на улица во Торехон де Ардос, во близина на Мадрид, соопшти службата за итни случаи. Кога пристигнала итната помош, мажот бил во „кардиореспираторен застој“ и со телесна температура од 40 степени. Претходниот ден во Мадрид, 60-годишен работник на патишта почина од топлотен удар. Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека од 10 до 14 јули заклучно, како последица на екстремно високите температури, починале 237 лица. Во Португалија завладеја затишје: вчера, за првпат од 8 јули, температурите не надминаа 40 степени, соопшти националната метеоролошка служба, откако во четвртокот го достигна јулскиот рекорд од 47 степени. Според португалската служба за цивилна заштита, само еден голем пожар, во близина на Чавес во најсеверниот дел на земјата, се смета за активен и „практично под контрола“ во 90 отсто од неговиот периметар. Сепак, речиси целата територија на Португалија е под „максимален“, „многу висок“ или „висок“ ризик од пожар, особено во централните и северните региони. Според најновите податоци на португалските власти, во пожарите од минатата недела загинале две лица, а околу 60 се повредени. Од почетокот на топлотниот бран изгореа меѓу 12.000 и 15.000 хектари шума.

The post Топлотниот бран во Европа продолжува да предизвикува разорни шумски пожари appeared first on Република.

]]>