„Топлик“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toplik/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Jun 2023 13:04:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Топлик“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toplik/ 32 32 Јанакиески: Предметот „Топлик“ го водеше ненадлежен јавен обвинител https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janakieski-predmetot-toplik-go-vodeshe-nenadlezhen-javen-obvinitel/ Thu, 08 Jun 2023 13:15:50 +0000 https://republika.mk/?p=648928

Миле Јанакиески на крајот на своето обраќање на јавната седница на Апелација се оосврна и на работата обвинителот во овој случај Бурим Рустеми. Според него, Рустеми цело време бил ненадлжежен да го застапува овој случај.

Овој предмет го водеше ненадлежен јавен обвинител. Виш јавен обвинител врз база на согласност од Вилма го застапува предметот. Не постои во новиот закон за ЈО инструмент согласност од јавен обвинител на организиран а пак никако да може да овласти виш oбвинител.

The post Јанакиески: Предметот „Топлик“ го водеше ненадлежен јавен обвинител appeared first on Република.

]]>

Пауновска и Рускоска едногласни: Затезната камата не е на штета на буџетот; Димовски осуден токму за тоа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/paunovska-i-ruskoska-ednoglasni-zateznata-kamata-ne-e-na-shteta-na-budzetot-dimovski-osuden-tokmu-za-toa/ Fri, 04 Nov 2022 18:11:58 +0000 https://republika.mk/?p=569668

Затезна камата никогаш не може да биде штета на буџетот, согласни се тројца oд кандидатите за прв човек во Јавното обвинителство. Во дебатна емисија на  А1.он со Вилма Рускоска, Деса Пауновска и Ермон Есени, меѓу другото одговараат и на прашања за случајот „Топлик“.

Во случајот „Топлик“, кој од Обвинителството за организиран криминал го наследи од СЈО, за изградба на комплексот „Сончев град“, четири обвинети беа осудени токму за затезна камата која од Буџетот била исплатена на фирмата „Сан сити“ како камата за раскинат договор.

Затезна камата никогаш не може да биде штета на буџетот и тоа потврдуваат и пресуди од Врховниот суд. Ако нема штета, може да има предмет само ако има елементи на некое друго кривично дело, но не на злоупотреба на став 5, децидна е обвинителката Деса Пауновска.

Се оди да се утврди реалната штета, после ако бараат камата или затезна камата тоа е веќе предмет на Државното правобранителство да си ги застапува интересите на државата. Затезна камата не може да биде нанесување на штета на буџетот, одговара и Рускоска.

Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гаќев и Весна Томчевска се осудени токму обратно.

Ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески е осуден на 3 години и 6 месеци за случајот „Топлик“, каде што од Обвинителството беше гонет за злоупотреба на службената положба и овластување.

Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гаќев и Весна Томчевска, сите членови на Комисијата која спроведувала јавно наддавање за „Сончев град“, се осудени на условни казни од две години затвор доколку во следните пет сторат друго кривично дело.

Покрај ова, осудените треба да ја платат и штетата од околу еден милион евра, пари што државата ги исплатила на фирмата „Сан Сити“, како камата за раскинатиот договор за изградба на комплексот „Сончев град“.

Обвинението го застапуваше обвинителот Бурим Рустеми, кој беше задоволен од казните освен од казната на Димовски, за која најавуваше дека ќе ја обжали.

The post Пауновска и Рускоска едногласни: Затезната камата не е на штета на буџетот; Димовски осуден токму за тоа appeared first on Република.

]]>

Затезна камата никогаш не може да биде штета на буџетот, согласни се тројца oд кандидатите за прв човек во Јавното обвинителство. Во дебатна емисија на  А1.он со Вилма Рускоска, Деса Пауновска и Ермон Есени, меѓу другото одговараат и на прашања за случајот „Топлик“. Во случајот „Топлик“, кој од Обвинителството за организиран криминал го наследи од СЈО, за изградба на комплексот „Сончев град“, четири обвинети беа осудени токму за затезна камата која од Буџетот била исплатена на фирмата „Сан сити“ како камата за раскинат договор.
Затезна камата никогаш не може да биде штета на буџетот и тоа потврдуваат и пресуди од Врховниот суд. Ако нема штета, може да има предмет само ако има елементи на некое друго кривично дело, но не на злоупотреба на став 5, децидна е обвинителката Деса Пауновска. Се оди да се утврди реалната штета, после ако бараат камата или затезна камата тоа е веќе предмет на Државното правобранителство да си ги застапува интересите на државата. Затезна камата не може да биде нанесување на штета на буџетот, одговара и Рускоска.
Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гаќев и Весна Томчевска се осудени токму обратно. Ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески е осуден на 3 години и 6 месеци за случајот „Топлик“, каде што од Обвинителството беше гонет за злоупотреба на службената положба и овластување. Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гаќев и Весна Томчевска, сите членови на Комисијата која спроведувала јавно наддавање за „Сончев град“, се осудени на условни казни од две години затвор доколку во следните пет сторат друго кривично дело. Покрај ова, осудените треба да ја платат и штетата од околу еден милион евра, пари што државата ги исплатила на фирмата „Сан Сити“, како камата за раскинатиот договор за изградба на комплексот „Сончев град“. Обвинението го застапуваше обвинителот Бурим Рустеми, кој беше задоволен од казните освен од казната на Димовски, за која најавуваше дека ќе ја обжали.  

The post Пауновска и Рускоска едногласни: Затезната камата не е на штета на буџетот; Димовски осуден токму за тоа appeared first on Република.

]]>
Рустеми задоволен од пресудата за „Топлик”, одбраната смета дека судството го допрело дното https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/rustemi-zadovolen-od-presudata-za-toplik-odbranata-smeta-deka-sudstvoto-go-doprelo-dnoto/ Tue, 05 Apr 2022 13:23:15 +0000 https://republika.mk/?p=483647

Јавниот обвинител Бурим Рустеми, во својство на застапник на обвинението за случајот „Топлик”, жалба, како што најави, најверојатно ќе поднесе за пресудата против лицето Димитар Димовски, кој од Кривичниот суд – Скопје, денеска беше осуден на условна казна од две години затвор ако во следните пет години не стори ново кривично дело.

Генерално сум задоволен од казната на обвинетите, освен што сметам дека најверојатно можам да се жалам за еден од обвинетите за кој не сум задоволен од изречената казна – тоа е лицето Димитар Димовски, затоа што видно од изведените докази сметам дека тој имал значајна одговорност во кривично-правниот настан. Тоа произлегува од дел на исказите на сведоците кои наведуваат дека од негова страна и од страна на првообвинетиот доживеале притисок во нивната работа, рече обвинителот Рустеми.

Адвокатот на третообвинетиот Димовски, (заменик претседател на Комисијата за јавно надавање во Министерството за транспорт и врски), Панчо Тошковски најави дека ќе поднесе жалба на денешната пресуда, наведувајќи дека, како што рече, македонското судство денес го допре дното.

Денеска се потврди како секој еден човек во Република Македонија за кое било дејствие што ќе го преземе во својот живот доколку има соодветни инструкции во рамки на одредени дејствија на крајот на денот може да се најде на осудителна клупа и да биде осуден без разлика дали е виновен или не за она што го направил, без разлика дали има штета или нема штета, без разлика дали во кривичната постапка дојде оштетен и кажа дека јас сум оштетен во оваа постапка, без разлика дали јавниот обвинител има законско овластување да ја води постапката или нема, изјави адвокат Тошковски.

The post Рустеми задоволен од пресудата за „Топлик”, одбраната смета дека судството го допрело дното appeared first on Република.

Миле Јанакиески осуден на три и пол години затвор во случајот ,,Топлик” https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mile-janakieski-osuden-na-tri-i-pol-godini-zatvor-vo-sluchajot-toplik/ Tue, 05 Apr 2022 12:05:38 +0000 https://republika.mk/?p=483583

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како првообвинет во случајот „Топлик”, денеска од Основниот кривичен суд Скопје е прогласен за виновен и осуден на три години и шест месеци затвор.

Судечкиот совет предводен од судијата Осман Шабани на претседателот на Комисијата за јавно наддавање, обвинетиот Томе Ѓурчилов му изрече затворска казна во траење од три години затвор, додека останатите обвинети членови на Комисијата, Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гаќев и Весна Томчевска добија условни казни затвор од две години кои нема да се извршат доколку во рок од пет години не сторат ново кривично дело.

Застапник на обвинението во случајот „Топлик“, кој се однесува на продажба на градежно земјиште за изградба на населбата „Сончев Град“ во Општина Сопиште, е обвинителот Бурим Рустеми.

Првото рочиште за случајот „Топлик” се одржа на 30 јануари 2018 година. Според обвинителниот акт првообвинетите Миле Јанакиески, како службено лице – министер за транспорт и врски, и обвинетите Томе Ѓурчилов, Димитар Димовски Марица Тасева, Димитар Гаќев и Весна Томчевска како службени лица – членови на Комисијата за јавни наддавањa при Министерството како соизвршители со искористување на својата службена положба, свесни дека поради нивното сторување може да настапат штетни последици, се согласиле со нејзиното настапување, нанеле штета на средствата од буџетот на Република Македонија во износ од 64.206.839 денари.

The post Миле Јанакиески осуден на три и пол години затвор во случајот ,,Топлик” appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како првообвинет во случајот „Топлик”, денеска од Основниот кривичен суд Скопје е прогласен за виновен и осуден на три години и шест месеци затвор. Судечкиот совет предводен од судијата Осман Шабани на претседателот на Комисијата за јавно наддавање, обвинетиот Томе Ѓурчилов му изрече затворска казна во траење од три години затвор, додека останатите обвинети членови на Комисијата, Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гаќев и Весна Томчевска добија условни казни затвор од две години кои нема да се извршат доколку во рок од пет години не сторат ново кривично дело. Застапник на обвинението во случајот „Топлик“, кој се однесува на продажба на градежно земјиште за изградба на населбата „Сончев Град“ во Општина Сопиште, е обвинителот Бурим Рустеми. Првото рочиште за случајот „Топлик” се одржа на 30 јануари 2018 година. Според обвинителниот акт првообвинетите Миле Јанакиески, како службено лице – министер за транспорт и врски, и обвинетите Томе Ѓурчилов, Димитар Димовски Марица Тасева, Димитар Гаќев и Весна Томчевска како службени лица – членови на Комисијата за јавни наддавањa при Министерството како соизвршители со искористување на својата службена положба, свесни дека поради нивното сторување може да настапат штетни последици, се согласиле со нејзиното настапување, нанеле штета на средствата од буџетот на Република Македонија во износ од 64.206.839 денари.

The post Миле Јанакиески осуден на три и пол години затвор во случајот ,,Топлик” appeared first on Република.

]]>
Јанакиески: Не само што нема штета на Буџетот туку со спогодбата се успеа државата да се заштити од исплата на пет милиони евра штета и камата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janakieski-ne-samo-shto-nema-shteta-na-budzetot-tuku-so-spogodbata-se-uspea-drzavata-da-se-zashtiti-od-isplata-na-pet-milioni-evra-shteta-i-kamata/ Wed, 16 Feb 2022 19:25:57 +0000 https://republika.mk/?p=459061

Обвинет сум дека сум формирал комисија-нема доказ за тоа доставен и изведен! Обвинет сум дека сум ги знаел информациите од првиот Записник - не постои ниту вербален ниту материјален доказ дека тој Записник е доставен до мене, ниту пак истиот е насловен до мене Обвинет сум дека на комисијата сум и кажал да објави и спроведе јавно надавање за градежно земјиште – таков доказ не е доставен и изведен ниту пак комисијата врши објава!

Обвинет сум дека сум дал согласност на јавна објава - таков доказ не е доставен и изведен .

Обвинет сум дека иако сум знаел во 2007 година дека неможе да се реализира договорот сум потпишал Договор за купопродажба на градежно земјиште во 2007 година. Фактите покажауваат дека договоро е спроведен за што постои Решение и издадени се имотни листови. Но исто така и за ова тврдење не е доставен доказ.

Се товарам за дејствија во 2007 година дека сум бил свесен дека во 2013 година ќе сум нанесол штета на Буџетот на РСМ со тоа што МТВ постапило по Судкса одлука и исплатило затезна камата со кој износ е оштетен Буџетот а апсурдноста да биде поголема е дека јас тој налог не сум го потпишал – за што доставен и изведен е доказ. Судската одлука – Спогодба со сила на извршност не сум ја донел јас, ја донел суд, ја потпишал ДП Александар Маринчевски врз основа не на моја согласност туку врз основа на согласност на ВРМ.
Апсурдноста е и во тоа што сеуште на крајот на овој процес јас не знам каде е мојата вина и за што, резимира во својата одбрана за случајот „Топлик“ поранешниот министер Миле Јанакиски.

Тој потсетува дека услов за исполнување на битието на ова кривично дело е постоење на штета.

Прашањето кое се поставува пред Вас е дали исплата на Законска затезна камата дури и по судска одлука е штета. Законот за Облигациони односи јасно разликува што е штета, а што е Законска затезна камата. Несакам да навлегувам верувам дека многу добро ги познавате законите и знаете дека ЗК исплатена по судска одлука не е штета и не е кривично дело.

Тој дообјаснува дека во оваа насока е и мислењето кое ЈО го има дадено на Информација доставена до ВРСМ од страна на ДП за склучување на Спогодбата – доказ доставен и изведен пред овој суд!

Јавното обвинителство дало позитивно мислење на спогодбата по која е исплатена законска затезна камата а потоа СЈО, кое исто така е обвинителство, гони за исплата на затезна камата. А на сето ова, МТВ дава мислење да се склучи спогодбата доколку не се предизвикува штета на Буџетот, а обвинителство гони вработени во МТВ, а влакно не им фали на тие што ја склучиле спогодбата и што предложиле склучување на Спогодбата!

Јанакиески му се обрати на судијата кој на 24.9.2021 година на реплика на Адвокатот Гоце Цоневски рече ,,Да немаше камата сега немаше да има предмет”.

Тој потсетува дека за постоење на штета обвинителството не достави вештачење истата да се утврди, а исто така значајно е да истакнам дека ниту еден државен орган што е обрска согласно закон не пријави штета вклучувајќи ја Владата, МФ што е почетна точка за водење на кривична постапка.

МТВ најпрво даде мислење дека нема штета – доставен и изведен доказ во оваа постапка, за наредниот ден, што е евидентирано во исказот на сведокот Анета Јорданова, МТВ кажува дека доколку судот не осуди тогаш би пријавиле штета што не е законска форма, бидејќи ЗКП не познава условено пријавување на штета односно дека некој би барал штета само ако судот пресуди вина.
Јас единствено можам да извлечам заклучок дека никој несака да се потпише на документ или да дојде и да предјави штета по основ на законска камата исплатена по судска одлука.
За напоменување е и фактот дека МТВ не е надлежно за евентуално предјавување на штата до ДП од причини што согласно законските прописи во РСМ – МТВ е само буџетски корисник, истото нема надлежност да предјавува евентуална штета на Буџет на РСМ. Државниот правобранител во конкретниов предмет не го застапува МТВ туку ги штити имотно правните интереси на РСМ што по сила на закон единствена институција која може да му даде согласност на ДП за предјавување на некаква штета е единствено ВРСМ. Во овој контекст е и дописот од ДП до ВРСМ кој е доставен до судот. ВРСМ нема одговорено на ДП и таков одговор не е доставен до судот.

Јанакиески е убеден дека во овој предмет не постои ни еден доказ кој може да доведе до осудителна пресуда од кој може да се утврди вина.

Со самата Спогодба која впрочем ја склучува Државното правобранителство, а МТВ дава согласност само доколку не се нанесува штета на Буџетот на РМ, според она што го истакнал ДП на седница на ВРСМ максимално се заштитени интересите на РМ и во иднина нема да се ненасуваат штети, за што Владата на крај одлучувала.

Па ако законска затезна камата е штета почитувани судии почитувана јавност зошто само јас да одговарам за законска затезна камата кога последниве 11 години т.е за анализираниот период од 2010 до 31.08.2021 година, може да се констатира дека просечен годишен одлив од буџетот по наведените основи е во износ од 877.876.161,00 денари или секоја година во просек се исплаќаат фантастични 14.274.409 евра или за анализираниов период 150.мил евра, во кој период судовите кои треба да донесат пресуда имаат исплатено околу 5 мил евра законска затезна камата. И апсурдот да биде уште поголем налогот за исплата на таа затезна камата не е потпишан од мене.Замислете колку кривични постапки можат да се водат по овој основ дека некој нешто знаел и некој нешто предвидел за 10 години во иднина .Искрено се надевам дека судскиот систем ќе го обезбеди владеењето на правото.

Тој накратко ја објасни и економската анализа.

Сакам да истакнам дека не само што нема штета на Буџетот туку со Спогодбата се успеало државата да се заштити од исплата на 5 мил евра штета и камата на штета, во Буџетот на општината се задржани исплатените средства од данок на имот во висина од 6.682.824,50 денари или околу 110.000 евра а можеби и најбитно со уплатените средства во Буџетот за купопродажба на земјиштето споредбено со исплатената казнена камата буџетот е во добит од цели 6.708.000 денари или над 110.00 евра. Да почитувани, државата има добивка а не штета.
Во однос на овој економскиот дел исцрпно објаснување имав пред судот и обвинителството во мојот исказ, за што замолувам судот да го има во предвид при донесувањето на одлуката-го заврши своето обраќање Јанакиески.

https://republika.mk/vesti/makedonija/janakieski-mile-e-kriv-ako-postapi-mile-e-kriv-i-ako-ne-postapi/

The post Јанакиески: Не само што нема штета на Буџетот туку со спогодбата се успеа државата да се заштити од исплата на пет милиони евра штета и камата appeared first on Република.

]]>

Обвинет сум дека сум формирал комисија-нема доказ за тоа доставен и изведен! Обвинет сум дека сум ги знаел информациите од првиот Записник - не постои ниту вербален ниту материјален доказ дека тој Записник е доставен до мене, ниту пак истиот е насловен до мене Обвинет сум дека на комисијата сум и кажал да објави и спроведе јавно надавање за градежно земјиште – таков доказ не е доставен и изведен ниту пак комисијата врши објава! Обвинет сум дека сум дал согласност на јавна објава - таков доказ не е доставен и изведен . Обвинет сум дека иако сум знаел во 2007 година дека неможе да се реализира договорот сум потпишал Договор за купопродажба на градежно земјиште во 2007 година. Фактите покажауваат дека договоро е спроведен за што постои Решение и издадени се имотни листови. Но исто така и за ова тврдење не е доставен доказ. Се товарам за дејствија во 2007 година дека сум бил свесен дека во 2013 година ќе сум нанесол штета на Буџетот на РСМ со тоа што МТВ постапило по Судкса одлука и исплатило затезна камата со кој износ е оштетен Буџетот а апсурдноста да биде поголема е дека јас тој налог не сум го потпишал – за што доставен и изведен е доказ. Судската одлука – Спогодба со сила на извршност не сум ја донел јас, ја донел суд, ја потпишал ДП Александар Маринчевски врз основа не на моја согласност туку врз основа на согласност на ВРМ. Апсурдноста е и во тоа што сеуште на крајот на овој процес јас не знам каде е мојата вина и за што, резимира во својата одбрана за случајот „Топлик“ поранешниот министер Миле Јанакиски. Тој потсетува дека услов за исполнување на битието на ова кривично дело е постоење на штета.
Прашањето кое се поставува пред Вас е дали исплата на Законска затезна камата дури и по судска одлука е штета. Законот за Облигациони односи јасно разликува што е штета, а што е Законска затезна камата. Несакам да навлегувам верувам дека многу добро ги познавате законите и знаете дека ЗК исплатена по судска одлука не е штета и не е кривично дело.
Тој дообјаснува дека во оваа насока е и мислењето кое ЈО го има дадено на Информација доставена до ВРСМ од страна на ДП за склучување на Спогодбата – доказ доставен и изведен пред овој суд!
Јавното обвинителство дало позитивно мислење на спогодбата по која е исплатена законска затезна камата а потоа СЈО, кое исто така е обвинителство, гони за исплата на затезна камата. А на сето ова, МТВ дава мислење да се склучи спогодбата доколку не се предизвикува штета на Буџетот, а обвинителство гони вработени во МТВ, а влакно не им фали на тие што ја склучиле спогодбата и што предложиле склучување на Спогодбата!
Јанакиески му се обрати на судијата кој на 24.9.2021 година на реплика на Адвокатот Гоце Цоневски рече ,,Да немаше камата сега немаше да има предмет”. Тој потсетува дека за постоење на штета обвинителството не достави вештачење истата да се утврди, а исто така значајно е да истакнам дека ниту еден државен орган што е обрска согласно закон не пријави штета вклучувајќи ја Владата, МФ што е почетна точка за водење на кривична постапка.
МТВ најпрво даде мислење дека нема штета – доставен и изведен доказ во оваа постапка, за наредниот ден, што е евидентирано во исказот на сведокот Анета Јорданова, МТВ кажува дека доколку судот не осуди тогаш би пријавиле штета што не е законска форма, бидејќи ЗКП не познава условено пријавување на штета односно дека некој би барал штета само ако судот пресуди вина. Јас единствено можам да извлечам заклучок дека никој несака да се потпише на документ или да дојде и да предјави штета по основ на законска камата исплатена по судска одлука. За напоменување е и фактот дека МТВ не е надлежно за евентуално предјавување на штата до ДП од причини што согласно законските прописи во РСМ – МТВ е само буџетски корисник, истото нема надлежност да предјавува евентуална штета на Буџет на РСМ. Државниот правобранител во конкретниов предмет не го застапува МТВ туку ги штити имотно правните интереси на РСМ што по сила на закон единствена институција која може да му даде согласност на ДП за предјавување на некаква штета е единствено ВРСМ. Во овој контекст е и дописот од ДП до ВРСМ кој е доставен до судот. ВРСМ нема одговорено на ДП и таков одговор не е доставен до судот.

Јанакиески е убеден дека во овој предмет не постои ни еден доказ кој може да доведе до осудителна пресуда од кој може да се утврди вина.

Со самата Спогодба која впрочем ја склучува Државното правобранителство, а МТВ дава согласност само доколку не се нанесува штета на Буџетот на РМ, според она што го истакнал ДП на седница на ВРСМ максимално се заштитени интересите на РМ и во иднина нема да се ненасуваат штети, за што Владата на крај одлучувала.
Па ако законска затезна камата е штета почитувани судии почитувана јавност зошто само јас да одговарам за законска затезна камата кога последниве 11 години т.е за анализираниот период од 2010 до 31.08.2021 година, може да се констатира дека просечен годишен одлив од буџетот по наведените основи е во износ од 877.876.161,00 денари или секоја година во просек се исплаќаат фантастични 14.274.409 евра или за анализираниов период 150.мил евра, во кој период судовите кои треба да донесат пресуда имаат исплатено околу 5 мил евра законска затезна камата. И апсурдот да биде уште поголем налогот за исплата на таа затезна камата не е потпишан од мене.Замислете колку кривични постапки можат да се водат по овој основ дека некој нешто знаел и некој нешто предвидел за 10 години во иднина .Искрено се надевам дека судскиот систем ќе го обезбеди владеењето на правото.

Тој накратко ја објасни и економската анализа.

Сакам да истакнам дека не само што нема штета на Буџетот туку со Спогодбата се успеало државата да се заштити од исплата на 5 мил евра штета и камата на штета, во Буџетот на општината се задржани исплатените средства од данок на имот во висина од 6.682.824,50 денари или околу 110.000 евра а можеби и најбитно со уплатените средства во Буџетот за купопродажба на земјиштето споредбено со исплатената казнена камата буџетот е во добит од цели 6.708.000 денари или над 110.00 евра. Да почитувани, државата има добивка а не штета. Во однос на овој економскиот дел исцрпно објаснување имав пред судот и обвинителството во мојот исказ, за што замолувам судот да го има во предвид при донесувањето на одлуката-го заврши своето обраќање Јанакиески. https://republika.mk/vesti/makedonija/janakieski-mile-e-kriv-ako-postapi-mile-e-kriv-i-ako-ne-postapi/

The post Јанакиески: Не само што нема штета на Буџетот туку со спогодбата се успеа државата да се заштити од исплата на пет милиони евра штета и камата appeared first on Република.

]]>
Јанакиески: Во предметот „Титаник“ прифатив одговорност, но во „Топлик“ ќе ја докажам својата невиност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janakieski-vo-predmetot-titanik-prifativ-odgovornost-no-vo-toplik-kje-ja-dokazam-svojata-nevinost/ Wed, 16 Feb 2022 15:40:49 +0000 https://republika.mk/?p=459045

Во предметот Титаник прифатив одговорност и таквото прифакање го сметам за висок морален чин и ценам дека треба да се даде пример и да се почитува правната држава. Но, во овој предмет сигурен сум во мојата невиност и тоа ќе го потврдам во моите завршни зборови, вака го започна своето обраќање Миле Јанакиески за случајот „Топлик“.

Тој нагласи дека овдека треба да се вреднуваат факти.

Апсурдно е тврдењето е дека во 2007 година сме се организирале да направиме кривично дело знаејќи дека ќе настанат штетни последици 6 години во иднината, поточно во 2013 година. Ообвинет сум дека во 2007 година, 8 месеци од како сум станал Министер, заедно со останатите обвинети како соизвршители, со наводно искористување на нашата службена положба, сме биле свесни дека поради наводно наше сторување во тој временски момент, може да настанат штетни последици 6 години подоцна. Па така, наводно сите сме се согласиле и постапиле во 2007 година, за штетата да настапи во 2013 година. Замислете уште во 2007 година сме знаеле дека правобранителството ќе склучи спогодба и до денар сме знаеле колку средства ќе бидат исплатени во име на законска затезна камата, кое обвинителството ја смета за штета, објасни поранешниот министер.

Тој нагласува да ја имал умственатс надмоќ како што е презентирана во ОА во 2007 година ќе го предвидел се ова што се случувало во неговиот живот од 2015 година и ќе поднесел оставка во 2007 година т.е никогаш немало да се занимавал со политика.

Дејствијата кои ми се ставаат на товар во 2007 година како соизвршител е дека сум составил Комисија. Од исказите на обвинетите и мојот исказ но и исказите на членовите на првата комисија а и вработени во МТВ, сакам повторно да потенцирам дека истата како и останататие комисии кои се формирале пред а и после, не е наменска само за конкретната градежно земјиште и истата работела подолг период и учествувала во продажба на десетици и десетици локации по истиот принцип. Комисијата само технички го спроведува јавното наддавање, а останатите работи како што беше објаснето и документирано пред овој суд го правеле стручните служби на министерството т.е секторите кои ги обезбедуваат потребните податоци за градежно земјиште што е предмет на јавно надавање од страна на државни органи кои се создавачи и иматели на податоците за градежно земјиште. Членови на комисијата и тука обвинети, се луѓе кои цел свој работен век работеле во министерството, луѓе со интегритет кои професионално работеле во комисии и пред и после мене и биле вработени и пред и после мене како министер, посочи Јанакиески пред судот.

Според него, апсурдно е тврдењето почитувани дека сум ги знаел информациите од првиот Записник кога не постои ниту вербален ниту материјален доказ дека тој Записник е доставен до него, ниту пак истиот е насловен до него.

Фактите покажуваат дека преку записник претходната комисија доставила барање за разрешување, кој записник впрочем не е насловен до мене ниту обвинителството докажа дека ми е врачен лично на мене. Тоа се докажа во текот на главната расправа и преку изведување на материјалните докази и преку исказите на сите членови од првата комисија. Како последица на тој записник било изготвено ново Решение за формирање на нова комисија со членови кој во тој момент не сум ги познавал ниту сум имал било каков контакт нешто што се заклучува од вербалните докази изведени во текот на постапката-вели тој.

The post Јанакиески: Во предметот „Титаник“ прифатив одговорност, но во „Топлик“ ќе ја докажам својата невиност appeared first on Република.

]]>

Во предметот Титаник прифатив одговорност и таквото прифакање го сметам за висок морален чин и ценам дека треба да се даде пример и да се почитува правната држава. Но, во овој предмет сигурен сум во мојата невиност и тоа ќе го потврдам во моите завршни зборови, вака го започна своето обраќање Миле Јанакиески за случајот „Топлик“. Тој нагласи дека овдека треба да се вреднуваат факти.
Апсурдно е тврдењето е дека во 2007 година сме се организирале да направиме кривично дело знаејќи дека ќе настанат штетни последици 6 години во иднината, поточно во 2013 година. Ообвинет сум дека во 2007 година, 8 месеци од како сум станал Министер, заедно со останатите обвинети како соизвршители, со наводно искористување на нашата службена положба, сме биле свесни дека поради наводно наше сторување во тој временски момент, може да настанат штетни последици 6 години подоцна. Па така, наводно сите сме се согласиле и постапиле во 2007 година, за штетата да настапи во 2013 година. Замислете уште во 2007 година сме знаеле дека правобранителството ќе склучи спогодба и до денар сме знаеле колку средства ќе бидат исплатени во име на законска затезна камата, кое обвинителството ја смета за штета, објасни поранешниот министер.
Тој нагласува да ја имал умственатс надмоќ како што е презентирана во ОА во 2007 година ќе го предвидел се ова што се случувало во неговиот живот од 2015 година и ќе поднесел оставка во 2007 година т.е никогаш немало да се занимавал со политика.
Дејствијата кои ми се ставаат на товар во 2007 година како соизвршител е дека сум составил Комисија. Од исказите на обвинетите и мојот исказ но и исказите на членовите на првата комисија а и вработени во МТВ, сакам повторно да потенцирам дека истата како и останататие комисии кои се формирале пред а и после, не е наменска само за конкретната градежно земјиште и истата работела подолг период и учествувала во продажба на десетици и десетици локации по истиот принцип. Комисијата само технички го спроведува јавното наддавање, а останатите работи како што беше објаснето и документирано пред овој суд го правеле стручните служби на министерството т.е секторите кои ги обезбедуваат потребните податоци за градежно земјиште што е предмет на јавно надавање од страна на државни органи кои се создавачи и иматели на податоците за градежно земјиште. Членови на комисијата и тука обвинети, се луѓе кои цел свој работен век работеле во министерството, луѓе со интегритет кои професионално работеле во комисии и пред и после мене и биле вработени и пред и после мене како министер, посочи Јанакиески пред судот.
Според него, апсурдно е тврдењето почитувани дека сум ги знаел информациите од првиот Записник кога не постои ниту вербален ниту материјален доказ дека тој Записник е доставен до него, ниту пак истиот е насловен до него.
Фактите покажуваат дека преку записник претходната комисија доставила барање за разрешување, кој записник впрочем не е насловен до мене ниту обвинителството докажа дека ми е врачен лично на мене. Тоа се докажа во текот на главната расправа и преку изведување на материјалните докази и преку исказите на сите членови од првата комисија. Како последица на тој записник било изготвено ново Решение за формирање на нова комисија со членови кој во тој момент не сум ги познавал ниту сум имал било каков контакт нешто што се заклучува од вербалните докази изведени во текот на постапката-вели тој.

The post Јанакиески: Во предметот „Титаник“ прифатив одговорност, но во „Топлик“ ќе ја докажам својата невиност appeared first on Република.

]]>
„Toплик“ се одложи, еден од обвинетите има корона https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toplik-se-odlozi-eden-od-obvinetite-ima-korona/ Thu, 10 Feb 2022 10:16:25 +0000 https://republika.mk/?p=456657

Судењето за „Топлик“ се одложува за 16 февруари поради отсуство на еден од обвинетите, кој е позитивен на КОВИД-19.

На денешната расправа, како што беше најавено, Обвинителството требаше да почне со давање на завршни зборови.

Судијата Осман Шабани, на почетокот на денешното рочиште информираше дека од адвокатот Часлав Станоевиќ, бранител на обвинетиот Томе Ѓурчилов, на 8 февруари бил доставен поднесок со прилог медицинска документација по кое судот утврдил дека обвинетиот е спречен да присуствува на денешната главна расправа поради инфекција со КОВИД-19, утврдена на 5 февруари од страна на ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“.

Во случајот „Топлик“ првообвинет е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој заедно со уште пет лица од министерството, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања, се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Предметот, кој беше отворен од поранешното СЈО се однесува на продажба на градежо земјиште за изградба на населбата Сончев Град во Сопиште.

The post „Toплик“ се одложи, еден од обвинетите има корона appeared first on Република.

]]>

Судењето за „Топлик“ се одложува за 16 февруари поради отсуство на еден од обвинетите, кој е позитивен на КОВИД-19. На денешната расправа, како што беше најавено, Обвинителството требаше да почне со давање на завршни зборови. Судијата Осман Шабани, на почетокот на денешното рочиште информираше дека од адвокатот Часлав Станоевиќ, бранител на обвинетиот Томе Ѓурчилов, на 8 февруари бил доставен поднесок со прилог медицинска документација по кое судот утврдил дека обвинетиот е спречен да присуствува на денешната главна расправа поради инфекција со КОВИД-19, утврдена на 5 февруари од страна на ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“. Во случајот „Топлик“ првообвинет е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој заедно со уште пет лица од министерството, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања, се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувања. Предметот, кој беше отворен од поранешното СЈО се однесува на продажба на градежо земјиште за изградба на населбата Сончев Град во Сопиште.

The post „Toплик“ се одложи, еден од обвинетите има корона appeared first on Република.

]]>
Судијата Шабани за Јанакиески: Штом го спровеле значи е способен да го следи судењето https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sudijata-shabani-za-janakieski-shtom-go-sprovele-znachi-e-sposoben-da-go-sledi-sudenjeto/ Mon, 24 Jan 2022 09:26:31 +0000 https://republika.mk/?p=448619

Судијата Осман Шабани во овој момент одлучува дали ќе го прифати барањето на обвинителот Бурим Рустеми да се одбијат сите дополненија на доказите од одбраната во случајот „Топлик“.

Сметам дека треба да се одбијат сите барања за нови докази кои произлегуваат од одбраната, истакна Рустеми.

Бранителот Дончо Наков го запраша Шабани дали го праша обвинетиот Миле Јанакиески дали е способен да го следи судењето. На тоа судијата одговори:

Штом го спровеле значи е способен.

The post Судијата Шабани за Јанакиески: Штом го спровеле значи е способен да го следи судењето appeared first on Република.

Судијата Осман Шабани се заканува дека ќе го донесе Јанакиески на „Топлик“ со скршена нога и полиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sudijata-osman-shabani-se-zakanuva-deka-kje-go-donese-janakieski-na-toplik-so-skrshena-noga-i-policija/ Thu, 20 Jan 2022 16:13:04 +0000 https://republika.mk/?p=447243

На власта и на судот им се брза по секоја цена да има завршница за случајот „Топлик“. Како што дознава „Република“, судијата Осман Шабани се заканува ќе го донесе обвинетиот Миле Јанакиески во судница на 24 јануари кога треба да се одржи ново рочиште за овој случај.

Како што дознаваме, Османи дури и велел дека ќе испрати полиција по Јанакиески ако не дојде самоволно иако тој има доставено судско- медицинско вештачење за сериозноста на состојбата на неговата нога. Јанакиески правеше операција и сега се опоравува во домашни услови.

Но, тоа за Шабани не е важно кој велел дека во судот ќе го задржи Јанакиески само половина час и после е слободен.

Како веќе се говори во судските кругови, целта е јасна. Османи да не им прифати ниту еден доказ на одбраната. Потоа во следните десетина дена да бидат закажани завршните зборови а веднаш потоа и пресудата.

Случајот „Топлик“ од почеток се води во нерамноправна положба. Судот прифаќа се што ќе побара Обвинителството а речиси ништо на одбраната.

Според обвинението на СЈО, Јанакиески се терети дек спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“.

The post Судијата Осман Шабани се заканува дека ќе го донесе Јанакиески на „Топлик“ со скршена нога и полиција appeared first on Република.

]]>

На власта и на судот им се брза по секоја цена да има завршница за случајот „Топлик“. Како што дознава „Република“, судијата Осман Шабани се заканува ќе го донесе обвинетиот Миле Јанакиески во судница на 24 јануари кога треба да се одржи ново рочиште за овој случај. Како што дознаваме, Османи дури и велел дека ќе испрати полиција по Јанакиески ако не дојде самоволно иако тој има доставено судско- медицинско вештачење за сериозноста на состојбата на неговата нога. Јанакиески правеше операција и сега се опоравува во домашни услови. Но, тоа за Шабани не е важно кој велел дека во судот ќе го задржи Јанакиески само половина час и после е слободен. Како веќе се говори во судските кругови, целта е јасна. Османи да не им прифати ниту еден доказ на одбраната. Потоа во следните десетина дена да бидат закажани завршните зборови а веднаш потоа и пресудата. Случајот „Топлик“ од почеток се води во нерамноправна положба. Судот прифаќа се што ќе побара Обвинителството а речиси ништо на одбраната. Според обвинението на СЈО, Јанакиески се терети дек спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“.  

The post Судијата Осман Шабани се заканува дека ќе го донесе Јанакиески на „Топлик“ со скршена нога и полиција appeared first on Република.

]]>
Јанакиески денеска ќе се оперира, а обивнителот Рустеми бара да го спроведат во суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janakieski-deneska-kje-se-operira-a-obivnitelot-rustemi-bara-da-go-sprovedat-vo-sud/ Tue, 11 Jan 2022 07:00:05 +0000 https://republika.mk/?p=442796

Обвинителот Бурим Рустеми бара Миле Јанакиески стражарно да биде спроведен на рочиштата иако тој има уредна медицинска белешка дека има сериозни повреди. Неговите адвокати доставија медицинска документација за сите рочишта.

Така беше за „Шпански скали“ а така ќе биде и за денешното рочиште за случајот „ТНТ“.

Следното рочиште ќе биде за случајот „Топлик на 24 јануари. Рустеми и судот брзаат што поскоро да има пресуда.Доколку пак поминат 45 дена од едно до друго рочиште тогаш случајот мора да се врати на почеток.

Поранешниот министер има фрактура на колено и денеска треба да биде опериран. Тој имаше скршеница и скинат лигамент на коленото.

The post Јанакиески денеска ќе се оперира, а обивнителот Рустеми бара да го спроведат во суд appeared first on Република.

]]>

Обвинителот Бурим Рустеми бара Миле Јанакиески стражарно да биде спроведен на рочиштата иако тој има уредна медицинска белешка дека има сериозни повреди. Неговите адвокати доставија медицинска документација за сите рочишта. Така беше за „Шпански скали“ а така ќе биде и за денешното рочиште за случајот „ТНТ“. Следното рочиште ќе биде за случајот „Топлик на 24 јануари. Рустеми и судот брзаат што поскоро да има пресуда.Доколку пак поминат 45 дена од едно до друго рочиште тогаш случајот мора да се врати на почеток. Поранешниот министер има фрактура на колено и денеска треба да биде опериран. Тој имаше скршеница и скинат лигамент на коленото.

The post Јанакиески денеска ќе се оперира, а обивнителот Рустеми бара да го спроведат во суд appeared first on Република.

]]>