топлификација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toplifikacija/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Nov 2023 12:14:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png топлификација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toplifikacija/ 32 32 ЕСМ: За секое отстрането дрво во Битола поради цевките ќе засадиме по три нови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/esm-za-sekoe-otstraneto-drvo-vo-bitola-poradi-tsevkite-ke-zasadime-po-tri-novi/ Mon, 06 Nov 2023 12:14:15 +0000 https://republika.mk/?p=698781

„ЕСМ Топлификација“ - Битола во населбата Кланица, непосредно до улицата „Македонски гемиџии“, почна со подготвителните работи за изградба на кракот од топловодната мрежа што се протега кон улицата „Партизанска“.

Од „ЕСМ Топлификација“ соопштија дека на локацијата каде поминуваат цевките од топловодот, отстранети се дрвја и нискостеблести грмушки, за што претходно е обезбедено одобрение од Општина Битола.

По завршување на градежните работи, „ЕСМ Топлификација“ ќе засади по три нови дрвја за секое едно отстрането, а во соработка со општината, ќе биде реализирана и акција за засадување на нови садници на локации одредени од општинските надлежни служби, информираа од „ЕСМ Топлификација“ - Битола.

The post ЕСМ: За секое отстрането дрво во Битола поради цевките ќе засадиме по три нови appeared first on Република.

]]>

„ЕСМ Топлификација“ - Битола во населбата Кланица, непосредно до улицата „Македонски гемиџии“, почна со подготвителните работи за изградба на кракот од топловодната мрежа што се протега кон улицата „Партизанска“. Од „ЕСМ Топлификација“ соопштија дека на локацијата каде поминуваат цевките од топловодот, отстранети се дрвја и нискостеблести грмушки, за што претходно е обезбедено одобрение од Општина Битола.
По завршување на градежните работи, „ЕСМ Топлификација“ ќе засади по три нови дрвја за секое едно отстрането, а во соработка со општината, ќе биде реализирана и акција за засадување на нови садници на локации одредени од општинските надлежни служби, информираа од „ЕСМ Топлификација“ - Битола.

The post ЕСМ: За секое отстрането дрво во Битола поради цевките ќе засадиме по три нови appeared first on Република.

]]>
БЕГ бесправно стопанисува со топланите, им наплаќа на граѓаните, а парите никаде ги нема https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/beg-bespravno-stopanisuva-so-toplanite-im-naplakja-na-gragjanite-a-parite-nikade-gi-nema/ Fri, 30 Sep 2022 14:00:18 +0000 https://republika.mk/?p=555983

Адора инженериг и јас лично последниве 12 месеци поминуваме низ вистинска голгота по купувањето на Топлификација, вели бизнисменот Ванчо Чифлиганец во СТУДИО 10 на ТВ24.

Чифиганец вели дека топланите се платени 9,26 милиони евра и се купени на транспарентен начин. За мотивот за влегување во оваа инвестиција Чифлиганец вели дека дека е логичен след на растот на компанијата Адора која имаше 500 вработени, од кои 450 беа работници. За состојбата сега вели дека се останати само 27 вработени во менаџментот.

Кога дојдоа некои локални шерифи за градоначалници, на Адора ѝ беше оневозмоено да гради. Измислуваа мораториуми кои важеа само за Адора. Оттука, се решивме да влеземе во регулираниот бизнис на топланите. Пресметавме дека ќе можат да се вработат 100 врвни професионалци. Ние влеговме во топланите Исток и Запад за да и унапредиме, вели Чифлиганец.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/chifliganec-nasila-me-teraat-drzavni-institucii-da-potpisham-deka-gi-davam-pod-zakup-toplanite/

Тој објаснува дека Адора имала план да воведе еколошки иновации за загревање на Скопје преку т.н. базени со сол кои се загреваат на сончева енергија и се еколошки за азлика од мазутот.

Ние 12 месеци имаме сопственост над топланите но не се во наше владение. Стечајниот управник си зел награда од 150.000 евра, но ние владение немаме. Улогата на стечајниот управител е етичка и морална пред јавноста и пред купувачот. Министерството треба да ја преиспита оваа ситуација за понатаму да не се случуваат вакви работи. За платените пари треба да се добие наведената сопственост или да се вратат парите, но ништо од тоа иако на случајот работи цел тим адвокати, вели Чифлиганец.

Правниот тим на компанијата постојано поднесува барања и поднесоци до сите надлежни, меѓу кои и до Регулаторната комисија за енергетика, но без резултат.

Дали сегашната ситуација е времено преземање и национализација на Топлификација од страна на Владата, не знам, вели Чифлиганец.

Тој додава дека мора да се почитува приватната сопственост. Топланите се купени со кредит од НЛБ банка врз основа на хипотека во сооднос 1:4. Адора на овој кредит треба да врати камата од речиси милион евра во рок од десет години, вели Чифлиганец и додава дека годишната рата за кредитот е исто еден милион евра.

Чифлиганец објаснува дека недостигаат 1,6 милиони евра наплатени од граѓаните минатата година.

Адора нема да си дозволи да биде пречка скопјани да имаат топлинска енергија. Но, го бараме она што ни следува. Регулаторите не знаат каде се тие средства. БЕГ велат дека немаат пари и сметките им се празни. Технички, БЕГ веќе не постои во бизнис релациите. Долгот треба да го подмири Владата преку која било државна надлежна институција, а Адора ќе ги отстапи топланите на управување на државата со подмирување на закупнината за имотот за кој Адора плаќа данок на имот, вели Чифлиганец.

Од лани 22 декември БЕГ бесправно стопанисува со топланите без да има каков било договор со сопственикот, а тоа е Адора, објаснува Чифлиганец во СТУДИО 10 на ТВ24.

The post БЕГ бесправно стопанисува со топланите, им наплаќа на граѓаните, а парите никаде ги нема appeared first on Република.

]]>

Адора инженериг и јас лично последниве 12 месеци поминуваме низ вистинска голгота по купувањето на Топлификација, вели бизнисменот Ванчо Чифлиганец во СТУДИО 10 на ТВ24. Чифиганец вели дека топланите се платени 9,26 милиони евра и се купени на транспарентен начин. За мотивот за влегување во оваа инвестиција Чифлиганец вели дека дека е логичен след на растот на компанијата Адора која имаше 500 вработени, од кои 450 беа работници. За состојбата сега вели дека се останати само 27 вработени во менаџментот.
Кога дојдоа некои локални шерифи за градоначалници, на Адора ѝ беше оневозмоено да гради. Измислуваа мораториуми кои важеа само за Адора. Оттука, се решивме да влеземе во регулираниот бизнис на топланите. Пресметавме дека ќе можат да се вработат 100 врвни професионалци. Ние влеговме во топланите Исток и Запад за да и унапредиме, вели Чифлиганец.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/chifliganec-nasila-me-teraat-drzavni-institucii-da-potpisham-deka-gi-davam-pod-zakup-toplanite/ Тој објаснува дека Адора имала план да воведе еколошки иновации за загревање на Скопје преку т.н. базени со сол кои се загреваат на сончева енергија и се еколошки за азлика од мазутот.
Ние 12 месеци имаме сопственост над топланите но не се во наше владение. Стечајниот управник си зел награда од 150.000 евра, но ние владение немаме. Улогата на стечајниот управител е етичка и морална пред јавноста и пред купувачот. Министерството треба да ја преиспита оваа ситуација за понатаму да не се случуваат вакви работи. За платените пари треба да се добие наведената сопственост или да се вратат парите, но ништо од тоа иако на случајот работи цел тим адвокати, вели Чифлиганец.
Правниот тим на компанијата постојано поднесува барања и поднесоци до сите надлежни, меѓу кои и до Регулаторната комисија за енергетика, но без резултат.
Дали сегашната ситуација е времено преземање и национализација на Топлификација од страна на Владата, не знам, вели Чифлиганец.
Тој додава дека мора да се почитува приватната сопственост. Топланите се купени со кредит од НЛБ банка врз основа на хипотека во сооднос 1:4. Адора на овој кредит треба да врати камата од речиси милион евра во рок од десет години, вели Чифлиганец и додава дека годишната рата за кредитот е исто еден милион евра. Чифлиганец објаснува дека недостигаат 1,6 милиони евра наплатени од граѓаните минатата година.
Адора нема да си дозволи да биде пречка скопјани да имаат топлинска енергија. Но, го бараме она што ни следува. Регулаторите не знаат каде се тие средства. БЕГ велат дека немаат пари и сметките им се празни. Технички, БЕГ веќе не постои во бизнис релациите. Долгот треба да го подмири Владата преку која било државна надлежна институција, а Адора ќе ги отстапи топланите на управување на државата со подмирување на закупнината за имотот за кој Адора плаќа данок на имот, вели Чифлиганец.
Од лани 22 декември БЕГ бесправно стопанисува со топланите без да има каков било договор со сопственикот, а тоа е Адора, објаснува Чифлиганец во СТУДИО 10 на ТВ24.

The post БЕГ бесправно стопанисува со топланите, им наплаќа на граѓаните, а парите никаде ги нема appeared first on Република.

]]>
Чифлиганец: Насила ме тераат државни институции да потпишам дека ги давам под закуп топланите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/chifliganec-nasila-me-teraat-drzavni-institucii-da-potpisham-deka-gi-davam-pod-zakup-toplanite/ Fri, 30 Sep 2022 11:16:44 +0000 https://republika.mk/?p=555970

Адора инженеринг 12 месеци е сопственик на топланите Исток и Запад за кои има платено 9,26 милиони евра. Но, компанијата сѐ уште не може да добие владение врз топланите.

Поминуваме низ вистинска голгота по купувањето на Топлификација, вели бизнисменот Ванчо Чифлиганец во СТУДИО 10 на ТВ24.

Чифлиганец вели дека бизнисмените сакаат да работат во Македонија, но под услови на рамноправност и фер односи во државата, без фаворизирање поради политички интереси.

Јас се согласувам дури и само да ми се покријат финансиските загуби и ќе им ги предадам топланите на оние кои бесправно ги користат, вели Чифлиганец.

Тој вели дека поради тие долгови за првпат во 45 години кариера ќе мора да потпише негативна годишна сметка.

Мене насила ме тераат државни институции да потпишам дека ги давам под закуп топланите, но не се споменува исплатата на долговите од 550.000 евра за кои не се знае каде се. Се бара закуп во смисла на управување со топланите, а кредитите да продолжи да ги отплаќа Адора. Адора е спремна да направи купопродажен договор и да го продаде имотот за 8,8 милиони евра од кои 7 се отплата на преостанатиот кредит, објаснува Чифлиганец.

Чифлиганец вели дека се надева оти топланите функционираат оти тој воопшто не влегол таму и додава дека купиле „магла и ветер“.

The post Чифлиганец: Насила ме тераат државни институции да потпишам дека ги давам под закуп топланите appeared first on Република.

„Адора“: Носиме разумни одлуки за компанијата во склад со законите и во интерес на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/adora-nosime-razumni-odluki-za-kompanijata-vo-sklad-so-zakonite-i-vo-interes-na-gragjanite/ Fri, 23 Sep 2022 13:14:16 +0000 https://republika.mk/?p=553539

„Адора инженеринг“ во соопштение до медиумите ја појаснува постапката за купопродажба на топланите Исток и Запад, кои се важна алка за системот на централно греење во главниот град на државата. Притоа, како што потенцираат, носат разумни одлуки за компанијата во целосен склоп на законските прописи и максимален интерес на граѓаните. Притоа, како што потенцираат изгледите за постигнување на Договор само за закуп доколку нема јасна интенција за купопродажба во овој момент е енормно штетен за „Адора инженеринг“.

Соопштението го пренесуваме во целост:

Сакаме да потенцираме дека уште на 18.08.2022 година првично од страна на ЕСМ до Адора Инженеринг беше испратено Барање за доставување понуда за купопродажба на топланите Исток и Запад. Адора Инженеринг во најдобар интерес на граѓаните е многу јасна и транспарентна во одговорот дека е согласна со ова барање и сме подготвени доколку ги наплатиме побарувањата од изминатиот период, кој што законски ни следуваат, да го продадеме имотот по истата цена по која што го купивме. Секако сакаме сите процедури транспарентно да се спроведат во согласност со законските прописи.

Изгледите за постигнување на Договор само за закуп доколку нема јасна интенција за купопродажба во овој момент е енормно штетен за Адора Инженеринг, односно дополнително на досегашните загуби, би ја ставал компанијата во загуба од над 550.000 евра секоја година.

Доколку не се постигне договор за закуп и купопродажба, единствен пат до обезбедување на парно греење за град Скопје е БЕГ во деловно-техничка соработка со ЕСМ да продолжи бесправно да го користи имотот во сопственост на Адора Инженеринг, што е директна повреда на правото на сопственост.

Адора инженеринг, како и досега, останува до крај кооперативна во интерес на граѓаните и разговорите, меѓутоа мора да сме децидни дека во овие светски кризни времиња мораме да носиме разумни одлуки за нашата компанија.

The post „Адора“: Носиме разумни одлуки за компанијата во склад со законите и во интерес на граѓаните appeared first on Република.

]]>

„Адора инженеринг“ во соопштение до медиумите ја појаснува постапката за купопродажба на топланите Исток и Запад, кои се важна алка за системот на централно греење во главниот град на државата. Притоа, како што потенцираат, носат разумни одлуки за компанијата во целосен склоп на законските прописи и максимален интерес на граѓаните. Притоа, како што потенцираат изгледите за постигнување на Договор само за закуп доколку нема јасна интенција за купопродажба во овој момент е енормно штетен за „Адора инженеринг“. Соопштението го пренесуваме во целост:
Сакаме да потенцираме дека уште на 18.08.2022 година првично од страна на ЕСМ до Адора Инженеринг беше испратено Барање за доставување понуда за купопродажба на топланите Исток и Запад. Адора Инженеринг во најдобар интерес на граѓаните е многу јасна и транспарентна во одговорот дека е согласна со ова барање и сме подготвени доколку ги наплатиме побарувањата од изминатиот период, кој што законски ни следуваат, да го продадеме имотот по истата цена по која што го купивме. Секако сакаме сите процедури транспарентно да се спроведат во согласност со законските прописи. Изгледите за постигнување на Договор само за закуп доколку нема јасна интенција за купопродажба во овој момент е енормно штетен за Адора Инженеринг, односно дополнително на досегашните загуби, би ја ставал компанијата во загуба од над 550.000 евра секоја година. Доколку не се постигне договор за закуп и купопродажба, единствен пат до обезбедување на парно греење за град Скопје е БЕГ во деловно-техничка соработка со ЕСМ да продолжи бесправно да го користи имотот во сопственост на Адора Инженеринг, што е директна повреда на правото на сопственост. Адора инженеринг, како и досега, останува до крај кооперативна во интерес на граѓаните и разговорите, меѓутоа мора да сме децидни дека во овие светски кризни времиња мораме да носиме разумни одлуки за нашата компанија.

The post „Адора“: Носиме разумни одлуки за компанијата во склад со законите и во интерес на граѓаните appeared first on Република.

]]>
АД ЕСМ: Се поставуваат цевките од Топловодот од РЕК Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ad-esm-se-postavuvaat-cevkite-od-toplovodot-od-rek-bitola/ Fri, 29 Apr 2022 11:04:31 +0000 https://republika.mk/?p=495227

Започна поставувањето на цевките од топловодот од РЕК „Битола“ до Битола. Како што информираат од АД ЕСМ, со засилен интензитет се подготвува трасата низ која ќе поминува топловодот кој ќе обезбеди топлинска енергија за Битола, Новаци и Могила – трите општини во близина на РЕК „Битола“.

Првите цевки се поставени на излезот од РЕК „Битола“ кон Новаци и тие треба да ја прифаќаат топлинската енергија која се создава како нус производ во текот на производството на електрична енергија и да ја спроведуваат во системот за парно греење на трите општини. Изведувачите на работите, фирмите Рапид Билд и Гранит во оваа фаза имаат трасирано повеќе од два километри од топловодот, обезбедувајќи работен простор за машините кои ги транспортираат и поставуваат цевките, соопшти ЕСМ.

Оттаму потсетуваат дека почетокот на проектот Топлификација на Битола, Новаци и Могила беше означен во декември минатата година.

Проектот е во вредност од 46 милиони евра, од кои 39 милиони се кредит од германската КфВ банка, а 7 милиони се средства на АД ЕСМ. Рокот за изведба на проектот е две години. Согласно планот, на почетокот на топлификацијата ќе се приклучат 35 општински и државни институции во Битола кои ќе искористат една третина од капацитетот на системот. Со другите две третини ќе се задоволат потребите на големите станбени и деловни згради и на индивидуалните куќи во Битола, Новаци и Могила, велат од ЕСМ.

Како исклучително значајни ги оценуваат еколошките придобивки од Топлификацијата.

Со воведување на ваков вид на греење во голема мера ќе се исфрли од употреба загревањето на горива кои загадуваат, како во институциите, така и во домовите. На тој начин, создаваме долгорочно и одржливо решение за намалување на загадувањето во Битола и околината.Топловодот дополнително ќе даде можност и за загревање на земјоделски оранжерии, со што ќе се обезбеди поддршка на развојот на земјоделството во пелагонискиот регион, нагласуваат од АД ЕСМ.

The post АД ЕСМ: Се поставуваат цевките од Топловодот од РЕК Битола appeared first on Република.