топлани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toplani/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Dec 2022 12:24:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png топлани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toplani/ 32 32 Топланите може да користат мазут како резервен енергенс само 10 дена, за подолго потребна е согласност од МЖСПП https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/toplanite-moze-da-koristat-mazut-kako-rezerven-energens-samo-10-dena-za-podolgo-potrebna-e-soglasnost-od-mzspp/ Fri, 23 Dec 2022 12:24:58 +0000 https://republika.mk/?p=589177

Топланите „Запад“ и „Исток“ во Скопје во случај на недостиг на главниот енергенс – гасот, може да користат мазут како резервен енергенс во период од само 10 дена, а за негова понатамошна употреба потребна е согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање, изјави денеска директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски.

Ставот на Министерството за животна средина и просторно планирање е дека на пазарот има гас и нема да се дозволи овие постројки да работат на друг енергенс освен на гас. И во нивните дозволи е наведено дека во случај да нема гас на пазарот, тие може да работат 10 дена на мазут. Државниот инспекторат ќе ја следи исклучиво дозволата што им е издадена - изјави Стојковски на денешната прес-конференција посветена на тековното работење на Инспекторатот, во одговор на новинарско прашање во врска со „планот Б“ на ЕВН, доколку нема гас, да се користи мазут.

Дозвола за работа на мазут на топланите за 10 дена, вели им е издадена во претходниот период. Топланата „Скопје Север“, посочи тој, е под надлежност на Градот Скопје, а на останатите топлани за сите наредни активности по истекот на 10-те дена, потребна им е дополнителна дозвола.

За сите наредни активности што се надвор од дозволата, топланите мора да добијат согласност од МЖСПП. Државниот инспекторат за животна средина ги контролира актите што ги издава МЖСПП и тоа што пишува таму. Значи, не е стручен орган да дава мислење дали може да работат или не може. Ние го контролираме тој дел и кажуваме доколку сакате да работите повеќе од 10 дена треба да си обезбедите соодветна дозвола од МЖСПП - вели директорот на Државниот инспекторат.

Се што е надвор од она што е пропишано согласно законот, потенцира Стојковски, Државниот инспекторат ќе го санкционира, а зависно од големината на субјектот, казните се движат до 400 илјади евра.

Ние не сме орган којшто одлучува во однос кој енергенс тие ќе го користат, така што ако Министерството им издаде дозвола да користат, ние ќе ги почитуваме документи и дозволи што ги издава МЖСПП, вели Стојовски прашан во однос на можноста топланите да користат дизел гориво, за што, како што речи, и до нив стигнала таква информација.

The post Топланите може да користат мазут како резервен енергенс само 10 дена, за подолго потребна е согласност од МЖСПП appeared first on Република.

]]>

Топланите „Запад“ и „Исток“ во Скопје во случај на недостиг на главниот енергенс – гасот, може да користат мазут како резервен енергенс во период од само 10 дена, а за негова понатамошна употреба потребна е согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање, изјави денеска директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски.
Ставот на Министерството за животна средина и просторно планирање е дека на пазарот има гас и нема да се дозволи овие постројки да работат на друг енергенс освен на гас. И во нивните дозволи е наведено дека во случај да нема гас на пазарот, тие може да работат 10 дена на мазут. Државниот инспекторат ќе ја следи исклучиво дозволата што им е издадена - изјави Стојковски на денешната прес-конференција посветена на тековното работење на Инспекторатот, во одговор на новинарско прашање во врска со „планот Б“ на ЕВН, доколку нема гас, да се користи мазут.
Дозвола за работа на мазут на топланите за 10 дена, вели им е издадена во претходниот период. Топланата „Скопје Север“, посочи тој, е под надлежност на Градот Скопје, а на останатите топлани за сите наредни активности по истекот на 10-те дена, потребна им е дополнителна дозвола.
За сите наредни активности што се надвор од дозволата, топланите мора да добијат согласност од МЖСПП. Државниот инспекторат за животна средина ги контролира актите што ги издава МЖСПП и тоа што пишува таму. Значи, не е стручен орган да дава мислење дали може да работат или не може. Ние го контролираме тој дел и кажуваме доколку сакате да работите повеќе од 10 дена треба да си обезбедите соодветна дозвола од МЖСПП - вели директорот на Државниот инспекторат.
Се што е надвор од она што е пропишано согласно законот, потенцира Стојковски, Државниот инспекторат ќе го санкционира, а зависно од големината на субјектот, казните се движат до 400 илјади евра. Ние не сме орган којшто одлучува во однос кој енергенс тие ќе го користат, така што ако Министерството им издаде дозвола да користат, ние ќе ги почитуваме документи и дозволи што ги издава МЖСПП, вели Стојовски прашан во однос на можноста топланите да користат дизел гориво, за што, како што речи, и до нив стигнала таква информација.

The post Топланите може да користат мазут како резервен енергенс само 10 дена, за подолго потребна е согласност од МЖСПП appeared first on Република.

]]>
Набавен гас за топланите за цел декември https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nabaven-gas-za-toplanite-za-cel-dekemvri/ Wed, 30 Nov 2022 13:30:50 +0000 https://republika.mk/?p=580069

Топланите Исток и Запад и во текот на декември ќе продолжат да работат на природен гас и испораката на топлинска енергија до домовите на граѓаните и фирмите ќе се одвива непречено - велат од ЕСМ.

За месец декември е обезбеден природен гас од Макпетрол пром-гас и топлинска енергија од ТЕ-ТО – велат од компанијата.

The post Набавен гас за топланите за цел декември appeared first on Република.

]]>

Топланите Исток и Запад и во текот на декември ќе продолжат да работат на природен гас и испораката на топлинска енергија до домовите на граѓаните и фирмите ќе се одвива непречено - велат од ЕСМ. За месец декември е обезбеден природен гас од Макпетрол пром-гас и топлинска енергија од ТЕ-ТО – велат од компанијата.  

The post Набавен гас за топланите за цел декември appeared first on Република.

]]>
АД ЕСМ обезбеди гас за топланите Исток и Запад за до крајот на ноември, тестирање за дизел по добивање на соодветните дозволи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ad-esm-obezbedi-gas-za-toplanite-istok-i-zapad-za-do-krajot-na-noemvri-testiranje-za-dizel-po-dobivanje-na-soodvetnite-dozvoli/ Sat, 12 Nov 2022 10:00:42 +0000 https://republika.mk/?p=572990

АД ЕСМ ја обезбеди потребната количина природен гас за работење на топланите Исток и Запад за периодот 16-30 ноември 2022г. Гасот е обезбен од Макпетрол по цена од 1345 евра за 1000 нм3, соопшти компанијата.

АД ЕСМ, како што се наведува, и натаму ќе продолжи да врши набавки на гас за покуси временски периоди со цел да се искористи финансиската поволност од континуираното намалување на цената на гасот на пазарот.

Како што и претходно информиравме, топланите ќе продолжат да работат на природен гас во текот на грејната сезона како основен и најеколошки енергенс за нивно функционирање. Во меѓувреме, системот технички се подготвува за тестирање за користење на алтернативно гориво дизел, како резервно решение за во случаи во кои поради геополитички случувања во Европа гасот би станал недостапен на пазарот или би достигнал екстремно високи цени. Тестирањето ќе се врши по обезбедување на сите соодветни дозволи од надлежните институции и почитување на приписите за постапката, се наведува во соопштението од АД Електрани.

The post АД ЕСМ обезбеди гас за топланите Исток и Запад за до крајот на ноември, тестирање за дизел по добивање на соодветните дозволи appeared first on Република.

]]>

АД ЕСМ ја обезбеди потребната количина природен гас за работење на топланите Исток и Запад за периодот 16-30 ноември 2022г. Гасот е обезбен од Макпетрол по цена од 1345 евра за 1000 нм3, соопшти компанијата. АД ЕСМ, како што се наведува, и натаму ќе продолжи да врши набавки на гас за покуси временски периоди со цел да се искористи финансиската поволност од континуираното намалување на цената на гасот на пазарот.
Како што и претходно информиравме, топланите ќе продолжат да работат на природен гас во текот на грејната сезона како основен и најеколошки енергенс за нивно функционирање. Во меѓувреме, системот технички се подготвува за тестирање за користење на алтернативно гориво дизел, како резервно решение за во случаи во кои поради геополитички случувања во Европа гасот би станал недостапен на пазарот или би достигнал екстремно високи цени. Тестирањето ќе се врши по обезбедување на сите соодветни дозволи од надлежните институции и почитување на приписите за постапката, се наведува во соопштението од АД Електрани.

The post АД ЕСМ обезбеди гас за топланите Исток и Запад за до крајот на ноември, тестирање за дизел по добивање на соодветните дозволи appeared first on Република.

]]>
Ако нема гас, топланите за парно ќе работат на дизел гориво https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ako-nema-gas-toplanite-za-parno-kje-rabotat-na-dizel-gorivo/ Sat, 15 Oct 2022 17:08:40 +0000 https://republika.mk/?p=561441

Ако на светскиот пазар нема гас, тогаш топланите ќе работат на дизел гориво и Скопје ќе има парно, кажа директорот на Електрани на Македонија (ЕСМ) Васко Ковачевски. Од оваа грејна сезона со парното греење во главниот град ќе стопанисува државната компанија ЕСМ, откако Регулаторната комисија ги одзема трите лиценци на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ).

https://republika.mk/vesti/svet/zimava-kje-vozime-dizel-poskap-od-120-denari-po-litar/

Фирмите на ЕСМ за топлинска енергија имаат набавено гас само за октомври, но Ковачевски вели дека тие нема да престанат да работат и дека после 20 октомври ќе започнат со постапка за набавка на енергенси за ноември, но и да постигнат договор за 6-месечна испорака на природен гас со фиксна цена која ќе биде пониска од сегашната.

Доколку има криза за природен гас во европски рамки, ние се подготвуваме да имаме и втора варијанта односно ги подготвуваме топланите Исток и Запад да работат на дизел гориво. Претходно работеле на мазут, но тој повеќе загадува и затоа се одлучивме за дизел гориво - рече Ковачевски.

Утрово, 85 згради во Скопје немале парно, но Ковачевски вели дека тоа е вина на старите бидејќи не ги извршиле потребните подготовки.

Утрово во 5.50, преку топланите Запад и Исток почна испораката на топлинска енергија и се испорачуваше до 9.15 часот кога надворешната температура достигна 12 степени. Апелирам до граѓаните да се подготват за им се испорача топлинска енергија, одговорноста не е кај ЕСМ туку кај граѓаните - рече Ковачевски.

За топланата Север, која не може да почне со работа и 500 домаќинства од тој дел на Скопје нема да имаат парно, Ковачевски рече дека станува збор за посебна единица која е под Топлификација која е во стечај. Тие имаат долгови кон ЕСМ за помошта која ја дале минатата сезона и досега нема никаква иницијатива од нивна страна за се подмири долгот и да се најде начин како да работат зимава.

The post Ако нема гас, топланите за парно ќе работат на дизел гориво appeared first on Република.

]]>

Ако на светскиот пазар нема гас, тогаш топланите ќе работат на дизел гориво и Скопје ќе има парно, кажа директорот на Електрани на Македонија (ЕСМ) Васко Ковачевски. Од оваа грејна сезона со парното греење во главниот град ќе стопанисува државната компанија ЕСМ, откако Регулаторната комисија ги одзема трите лиценци на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ). https://republika.mk/vesti/svet/zimava-kje-vozime-dizel-poskap-od-120-denari-po-litar/ Фирмите на ЕСМ за топлинска енергија имаат набавено гас само за октомври, но Ковачевски вели дека тие нема да престанат да работат и дека после 20 октомври ќе започнат со постапка за набавка на енергенси за ноември, но и да постигнат договор за 6-месечна испорака на природен гас со фиксна цена која ќе биде пониска од сегашната.
Доколку има криза за природен гас во европски рамки, ние се подготвуваме да имаме и втора варијанта односно ги подготвуваме топланите Исток и Запад да работат на дизел гориво. Претходно работеле на мазут, но тој повеќе загадува и затоа се одлучивме за дизел гориво - рече Ковачевски.
Утрово, 85 згради во Скопје немале парно, но Ковачевски вели дека тоа е вина на старите бидејќи не ги извршиле потребните подготовки.
Утрово во 5.50, преку топланите Запад и Исток почна испораката на топлинска енергија и се испорачуваше до 9.15 часот кога надворешната температура достигна 12 степени. Апелирам до граѓаните да се подготват за им се испорача топлинска енергија, одговорноста не е кај ЕСМ туку кај граѓаните - рече Ковачевски.
За топланата Север, која не може да почне со работа и 500 домаќинства од тој дел на Скопје нема да имаат парно, Ковачевски рече дека станува збор за посебна единица која е под Топлификација која е во стечај. Тие имаат долгови кон ЕСМ за помошта која ја дале минатата сезона и досега нема никаква иницијатива од нивна страна за се подмири долгот и да се најде начин како да работат зимава.

The post Ако нема гас, топланите за парно ќе работат на дизел гориво appeared first on Република.

]]>
Чифлиганец: Купивме магла и ветер, топланите ги плативме а немаме владение над нив https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/chifliganec-kupivme-magla-i-veter-toplanite-gi-plativme-a-nemame-vladenie-nad-niv/ Fri, 30 Sep 2022 13:44:52 +0000 https://republika.mk/?p=556067

Адора инженеринг ниту ќе биде пречка, ниту ќе биде алиби за (не)производство на топлинска енергија во Скопје, изјави Чифлиганец во емисијата Студио 10.

Во оваа држава може да се напише докторат за невладеење на правото и она што постојано го констатираат во своите извештаи Европската Унија и Стејт департментот. Странските инвеститори ја заобиколуваат нашата земја поради правната несигурност, сега се гледа и преку домашната инвестиција на Адора инженеринг во Топланите Исток и Запад.

Водителот Мишко Иванов изненадено констатира и праша како е можно тоа што сте го платиле да не можете да го добиете во владение, во меѓувреме, веќе 12 месеци некој друг бесправно да го користи, а вие ги плаќате ратите за кредитот. Дали можеби станува збор за злосторничко здружување меѓу институциите на дражавата, бидејќи прво БЕГ, а сега и државата сакаат бесправно да стопанисуваат со Топланите

Овде не владее правото, сопственоста е нешто свето. Работите треба со разговор, со дебата да се решаваат. Јас сум пријател, инвеститор кој ја сака оваа држава. Ова е домашна македонска инвестиција. Не мора државата да ги употребува членот 33 од Законот за управување со кризи, или членот 6 од Законот за енергетика, повикувам на разумни разговори. Ако сум изброил речиси 10 милиони евра, сакам адекватно без финансиска корист, да си ги наплатиме побарувањата и да се договориме со надлежните институции, ова го изјави Ванчо Чифлиганец, генералниот директор на Адора инженеринг во Студио 10 на 24 вести.

Тој пред јавноста истакна дека Адора инженеринг нема да дозволи да биде ниту пречка, ниту алиби да не се произведува топлинска енергија во градот Скопје.

На институциите, на граѓаните, на скопјани, на метрополата на нашата земја Македонија, им порачувам дека ниту Ванчо Чифлиганец, ниту Адора инженеринг, ниту вработените, ниту моето семејство, нема да бидеме пречка или алиби за да нема топлинска енергија. И така немаме владение врз Топланите Исток и Запад, нека функционираат и нека работат. А јас ќе преживеам и ќе се борам понатаму. Кога ќе помине кризата, веројатно ќе покренам и некои други активности, со цел во Македонија да се менуваат состојбите на подобро, а не кон полошо, изјави Чифлиганец.

Тој додаде дека како бизнисмен се залага за владеење на принципот на еднаквост, на рамноправност, на владеење на правото.

Чифлиганец истакна дека поради нефункционирање на системот, на одредени институции и поединци, имотот на топланите е обезвреднет за 1,5 милиони евра. За амортизација секоја година од граѓаните се наплаќа по 600.000 евра, а од тоа само 10 отсто се инвестира, кај се тие пари, праша Чифлиганец.

И некој после на мене ќе покажува со прст дека условувам, напротив мене ме условуваат со невладеење на правото. Го бараме она што ни следува.  Регулаторната комисија треба да каже колку се тие средства и кој треба да ги исплати. БЕГ велат дека немаат пари и сметките им се празни. Технички, БЕГ веќе не постои во бизнис-релациите. Долгот треба да го подмири државата преку која било државна надлежна институција, а Адора ќе ги отстапи топланите на управување на државата со подмирување на закупнината за имотот, вели Чифлиганец.

Тој потенцира дека правниот тим на компанијата од 03.11. 2021 година, значи речиси една година се обидува и води голгота со институциите. А тоа значи дека од ноември лани БЕГ бесправно ги користи Топланите Исток и Запад. Поднесени се над 100 барања и поднесоци до сите надлежни институции.

Околу 25 дописи имаме поднесено до БЕГ за перземање на Топланите, исто толку и до стечајниот управник, до Регулаторната комисија за енергетика, до ЕСМ, до Владата, до надлежните министерства, но без резултат. Чифлиганец посочи дека бизнисмените сакаат да работат во Македонија, но под услови на рамноправност и фер односи во државата, без фаворизирање поради политички интереси.

Јас се согласувам дури и само да ми се покријат финансиските загуби и ќе им ги предадам топланите на оние кои бесправно ги користат, вели Чифлиганец.

Тој вели дека поради тие долгови за првпат во 45  години кариера ќе мора да потпише негативна годишна сметка. Чифлиганец се надева оти топланите функционираат,  бидејќи како што кажа тој воопшто не влегол таму и додава дека купиле „магла и ветер“. И покрај сето тоа Адора е спремна да направи купопродажен договор и да го продаде имотот за 8,8 милиони евра од кои 7 се отплата на преостанатиот кредит, објаснува Чифлиганец.

Чифиганец вели дека топланите се платени 9,26 милиони евра и се купени на најтранспарентен начин на јавна лицитација. За мотивот за влегување во оваа инвестиција Чифлиганец вели дека е логичен след на растот на компанијата Адора, која имаше 500 вработени, вредни инженери, техничари, архитекти, проектанти, пред се вредни работници.

Сега се останати само 27 вработени во компанијата.

Кога дојдоа некои локални шерифи за градоначалници, на Адора ѝ беше оневозможено да гради. Измислуваа мораториуми кои важеа за Адора и други компании. По сеопфатна анализа, направена од експерти се решивме да влеземе во регулираниот бизнис со топлинска енергија. Нашата мотивација беше да инвестираме во нови современи постројки, да добијат граѓаните подобра услуга и поволни цени. Сакавме да го имплементираме системот МОЛТЕН СОЛТ, инвестиција во фотоволтаици со кои се загрева солта, а солта ќе ја греа водата. Значи целосно нов, современ, еколошки начин на затоплување. Тоа значи целосно независен систем од енергенси како што е гасот, мазутот, нафтата. Сакавме сите 100 вработени во Топланите, врвни професионалци. Ние влеговме во топланите Исток и Запад за да ги унапредиме, вели Чифлиганец.

Зошто тоа не се случи, поради тоа што 12 месеци, плативме, имаме сопственост над топланите, но не се во наше владение. За платените пари треба да се добие наведената сопственост или да се вратат парите, но ништо од тоа во изминатите 12 месеци не се случи, вели Чифлиганец.

Стечајниот управник си зеде награда од 150.000 евра, но ние владение немаме, значи тој не си ја заврши работата. Министерството за правда треба да ја преиспита оваа ситуација за понатаму да не се случуваат вакви работи, додава тој.

Чифлиганец на крајот од интервјуто рече дека доколку некој не се согласува со изнесените ставови во интервјуто, повика на јавна дебата со него или со претставници на менаџментот на компанијата кои се одговорни за оваа инвестиција.

The post Чифлиганец: Купивме магла и ветер, топланите ги плативме а немаме владение над нив appeared first on Република.

]]>

Адора инженеринг ниту ќе биде пречка, ниту ќе биде алиби за (не)производство на топлинска енергија во Скопје, изјави Чифлиганец во емисијата Студио 10. Во оваа држава може да се напише докторат за невладеење на правото и она што постојано го констатираат во своите извештаи Европската Унија и Стејт департментот. Странските инвеститори ја заобиколуваат нашата земја поради правната несигурност, сега се гледа и преку домашната инвестиција на Адора инженеринг во Топланите Исток и Запад. Водителот Мишко Иванов изненадено констатира и праша како е можно тоа што сте го платиле да не можете да го добиете во владение, во меѓувреме, веќе 12 месеци некој друг бесправно да го користи, а вие ги плаќате ратите за кредитот. Дали можеби станува збор за злосторничко здружување меѓу институциите на дражавата, бидејќи прво БЕГ, а сега и државата сакаат бесправно да стопанисуваат со Топланите
Овде не владее правото, сопственоста е нешто свето. Работите треба со разговор, со дебата да се решаваат. Јас сум пријател, инвеститор кој ја сака оваа држава. Ова е домашна македонска инвестиција. Не мора државата да ги употребува членот 33 од Законот за управување со кризи, или членот 6 од Законот за енергетика, повикувам на разумни разговори. Ако сум изброил речиси 10 милиони евра, сакам адекватно без финансиска корист, да си ги наплатиме побарувањата и да се договориме со надлежните институции, ова го изјави Ванчо Чифлиганец, генералниот директор на Адора инженеринг во Студио 10 на 24 вести.
Тој пред јавноста истакна дека Адора инженеринг нема да дозволи да биде ниту пречка, ниту алиби да не се произведува топлинска енергија во градот Скопје.
На институциите, на граѓаните, на скопјани, на метрополата на нашата земја Македонија, им порачувам дека ниту Ванчо Чифлиганец, ниту Адора инженеринг, ниту вработените, ниту моето семејство, нема да бидеме пречка или алиби за да нема топлинска енергија. И така немаме владение врз Топланите Исток и Запад, нека функционираат и нека работат. А јас ќе преживеам и ќе се борам понатаму. Кога ќе помине кризата, веројатно ќе покренам и некои други активности, со цел во Македонија да се менуваат состојбите на подобро, а не кон полошо, изјави Чифлиганец.
Тој додаде дека како бизнисмен се залага за владеење на принципот на еднаквост, на рамноправност, на владеење на правото. Чифлиганец истакна дека поради нефункционирање на системот, на одредени институции и поединци, имотот на топланите е обезвреднет за 1,5 милиони евра. За амортизација секоја година од граѓаните се наплаќа по 600.000 евра, а од тоа само 10 отсто се инвестира, кај се тие пари, праша Чифлиганец.
И некој после на мене ќе покажува со прст дека условувам, напротив мене ме условуваат со невладеење на правото. Го бараме она што ни следува.  Регулаторната комисија треба да каже колку се тие средства и кој треба да ги исплати. БЕГ велат дека немаат пари и сметките им се празни. Технички, БЕГ веќе не постои во бизнис-релациите. Долгот треба да го подмири државата преку која било државна надлежна институција, а Адора ќе ги отстапи топланите на управување на државата со подмирување на закупнината за имотот, вели Чифлиганец.
Тој потенцира дека правниот тим на компанијата од 03.11. 2021 година, значи речиси една година се обидува и води голгота со институциите. А тоа значи дека од ноември лани БЕГ бесправно ги користи Топланите Исток и Запад. Поднесени се над 100 барања и поднесоци до сите надлежни институции. Околу 25 дописи имаме поднесено до БЕГ за перземање на Топланите, исто толку и до стечајниот управник, до Регулаторната комисија за енергетика, до ЕСМ, до Владата, до надлежните министерства, но без резултат. Чифлиганец посочи дека бизнисмените сакаат да работат во Македонија, но под услови на рамноправност и фер односи во државата, без фаворизирање поради политички интереси.
Јас се согласувам дури и само да ми се покријат финансиските загуби и ќе им ги предадам топланите на оние кои бесправно ги користат, вели Чифлиганец.
Тој вели дека поради тие долгови за првпат во 45  години кариера ќе мора да потпише негативна годишна сметка. Чифлиганец се надева оти топланите функционираат,  бидејќи како што кажа тој воопшто не влегол таму и додава дека купиле „магла и ветер“. И покрај сето тоа Адора е спремна да направи купопродажен договор и да го продаде имотот за 8,8 милиони евра од кои 7 се отплата на преостанатиот кредит, објаснува Чифлиганец. Чифиганец вели дека топланите се платени 9,26 милиони евра и се купени на најтранспарентен начин на јавна лицитација. За мотивот за влегување во оваа инвестиција Чифлиганец вели дека е логичен след на растот на компанијата Адора, која имаше 500 вработени, вредни инженери, техничари, архитекти, проектанти, пред се вредни работници. Сега се останати само 27 вработени во компанијата.
Кога дојдоа некои локални шерифи за градоначалници, на Адора ѝ беше оневозможено да гради. Измислуваа мораториуми кои важеа за Адора и други компании. По сеопфатна анализа, направена од експерти се решивме да влеземе во регулираниот бизнис со топлинска енергија. Нашата мотивација беше да инвестираме во нови современи постројки, да добијат граѓаните подобра услуга и поволни цени. Сакавме да го имплементираме системот МОЛТЕН СОЛТ, инвестиција во фотоволтаици со кои се загрева солта, а солта ќе ја греа водата. Значи целосно нов, современ, еколошки начин на затоплување. Тоа значи целосно независен систем од енергенси како што е гасот, мазутот, нафтата. Сакавме сите 100 вработени во Топланите, врвни професионалци. Ние влеговме во топланите Исток и Запад за да ги унапредиме, вели Чифлиганец.
Зошто тоа не се случи, поради тоа што 12 месеци, плативме, имаме сопственост над топланите, но не се во наше владение. За платените пари треба да се добие наведената сопственост или да се вратат парите, но ништо од тоа во изминатите 12 месеци не се случи, вели Чифлиганец.
Стечајниот управник си зеде награда од 150.000 евра, но ние владение немаме, значи тој не си ја заврши работата. Министерството за правда треба да ја преиспита оваа ситуација за понатаму да не се случуваат вакви работи, додава тој.
Чифлиганец на крајот од интервјуто рече дека доколку некој не се согласува со изнесените ставови во интервјуто, повика на јавна дебата со него или со претставници на менаџментот на компанијата кои се одговорни за оваа инвестиција.

The post Чифлиганец: Купивме магла и ветер, топланите ги плативме а немаме владение над нив appeared first on Република.

]]>
„Адора“: Подготвени сме за договор за закуп со АД ЕСМ и на наша штета, но само доколку се најде решение за барањата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/adora-podgotveni-sme-za-dogovor-za-zakup-so-ad-esm-i-na-nasha-shteta-no-samo-dokolku-se-najde-reshenie-za-baranjata/ Thu, 29 Sep 2022 14:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=555723

Компанијата „Адора инженеринг“, во чија сопственост се топланите Исток и Запад, денеска соопшти дека е согласна, доколку се изнајде модел за да се подмират нивните побарувања, да се премине кон краткорочен договор за закуп со АД ЕСМ до моментот на реализација на сите потребни услови за купопродажба.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден имавме опсежни состаноци со РКЕ, ЕСМ и БЕГ, каде што сите страни ги препознаваат ненаплатените побарувања кои законски ни следуваат, односно долгови кон Адора за изминатиот период. Договорено е РКЕ, ЕСМ и БЕГ да изнајдат модел во кој, во овој момент ќе се намират побарувањата кон Адора со цел да стапиме кон регулирање на идните односи за топланите со АД ЕСМ. Доколку постигнеме решение по ова разумно барање, Адора е спремна, иако на наша финансиска штета од 550 000 евра на годишно ниво, но во максимален интерес на граѓаните, да пријде кон краткорочен договор за закуп со АД ЕСМ до моментот на реализирање на сите потребни услови за купопродажба, се вели во денешното соопштение.

Доколку не се најде решение по овие прашања, велат од „Адора“, Владата има можност да ги употреби соодветните членови од законите за енергетика и справување со кризи, со цел да ги користи топланите без наша согласност кое би значело директна повреда врз правото на сопственост.

Барањата на Адора се разумни и имаат егзестенцијално значење за нашата компанија, но уште повеќе разбираме дека граѓаните на град Скопје немаат никаква вина во овие системски пропусти и недоследности, и на ниту еден начин нема да бидеме пречка за граѓаните на град Скопје да имаат парно греење, велат од „Адора инженеринг“, додавајќи дека од ноември лани досега имаат испратено 19 дописи до РКЕ, 10 дописи до АД ЕСМ и четири дописи до Владата во врска со проблематиката со производство на топлинска енергија.

The post „Адора“: Подготвени сме за договор за закуп со АД ЕСМ и на наша штета, но само доколку се најде решение за барањата appeared first on Република.

Ковачевски: Топланите ќе бидат во функција за загревање на градот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-toplanite-kje-bidat-vo-funkcija-za-zagrevanje-na-gradot/ Wed, 28 Sep 2022 20:59:35 +0000 https://republika.mk/?p=555348

Се одвиваат преговори помеѓу „Адора“ и ЕСМ, кој треба да го преземе затоплувањето на Скопје, и согласно Законот за енергетика топланите ќе бидат ставени во функција за загревање на градот, изјави премиерот Димитар Ковачевски на вонредната прес-конференција соопштувајќи ги одлуките за справување со енергетската криза од вечерашната седница на Економско-енергетски совет.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој рече дека државата ќе ги земе топланите согласно член 6 од Законот за енергетика и ќе го плаќа закупот кој следува со методологијата на Регулаторната комисија.

Со оглед дека „Адора“ инсистира за продажба на топланите, премиерот посочи дека продажбата се прави врз основа на постапка.

ЕСМ е државна компанија односно акционерско друштво во државна сопственост и кога ќе бидат спроведени сите постапки за купување на одреден инвестициски објект, согласно со закон, тогаш ќе може да се влезе во финални преговори, потпишување договор и преземање на сопственоста и управувањето комплетно со топланите, зашто тие се дел од системот на затоплување на градот Скопје - рече премиерот.

Појасни дека според законите за енергетика и за управување со кризи ќе се изврши преземање на топланите и затоплување на Скопје со плаќање на сите надоместоци на сопствениот кои следуваат во такви услови.

Во однос на преговорите со Србија за гас, рече дека не се работи за купопродажба на гас и дека Србија ќе треба финално да каже што може да реализира од претпоставената конструкција што се прави во однос на размена на гас за електрична енергија.

Ние ги имаме донесено сите одлуки и одобрено меморандум за соработка. Не се работи за купопродажба на гас туку за размена на гас за електрична енергија зашто ние имаме когенеративна централа која работи на гас. Србија има резерви односно складишта на гас кои може да бидат искористени за производство на електрична енергија во нашата централа. Врз основа на договор, кој се преговара и не е се уште финален, зашто од Србија треба да се проверат сите претпоставки за негово успешно реализирање, ќе биде доколку за тоа постојат 100 проценти шанси да биде реализирано. Нашите тимови и во моментов преговараат, ќе продолжат и утре и штом ќе имаме резултат, ќе им биде соопштено на граѓаните, рече Ковачевски.

Во однос на денешната презентација на Мицкоски со понуда на контакти за набавка на енергенси и производство на двојно поевтина струја за стопанството, премиерот одговори дека опозицискиот лидер внимателно ги следел сите негови прес-конференции и на владиниот економски тим на оваа тема и дека денеска направил, како што рече, добар сублимат од тоа што тие го имаат кажувано.

Владата донесе конкретни мерки и јас ги повикувам пратениците утре да ги изгласаат законите потребни за непречено снабдување со енергенси на граѓаните, додаде Ковачевски.

The post Ковачевски: Топланите ќе бидат во функција за загревање на градот appeared first on Република.

]]>

Се одвиваат преговори помеѓу „Адора“ и ЕСМ, кој треба да го преземе затоплувањето на Скопје, и согласно Законот за енергетика топланите ќе бидат ставени во функција за загревање на градот, изјави премиерот Димитар Ковачевски на вонредната прес-конференција соопштувајќи ги одлуките за справување со енергетската криза од вечерашната седница на Економско-енергетски совет. Одговарајќи на новинарски прашања, тој рече дека државата ќе ги земе топланите согласно член 6 од Законот за енергетика и ќе го плаќа закупот кој следува со методологијата на Регулаторната комисија. Со оглед дека „Адора“ инсистира за продажба на топланите, премиерот посочи дека продажбата се прави врз основа на постапка. ЕСМ е државна компанија односно акционерско друштво во државна сопственост и кога ќе бидат спроведени сите постапки за купување на одреден инвестициски објект, согласно со закон, тогаш ќе може да се влезе во финални преговори, потпишување договор и преземање на сопственоста и управувањето комплетно со топланите, зашто тие се дел од системот на затоплување на градот Скопје - рече премиерот. Појасни дека според законите за енергетика и за управување со кризи ќе се изврши преземање на топланите и затоплување на Скопје со плаќање на сите надоместоци на сопствениот кои следуваат во такви услови. Во однос на преговорите со Србија за гас, рече дека не се работи за купопродажба на гас и дека Србија ќе треба финално да каже што може да реализира од претпоставената конструкција што се прави во однос на размена на гас за електрична енергија. Ние ги имаме донесено сите одлуки и одобрено меморандум за соработка. Не се работи за купопродажба на гас туку за размена на гас за електрична енергија зашто ние имаме когенеративна централа која работи на гас. Србија има резерви односно складишта на гас кои може да бидат искористени за производство на електрична енергија во нашата централа. Врз основа на договор, кој се преговара и не е се уште финален, зашто од Србија треба да се проверат сите претпоставки за негово успешно реализирање, ќе биде доколку за тоа постојат 100 проценти шанси да биде реализирано. Нашите тимови и во моментов преговараат, ќе продолжат и утре и штом ќе имаме резултат, ќе им биде соопштено на граѓаните, рече Ковачевски. Во однос на денешната презентација на Мицкоски со понуда на контакти за набавка на енергенси и производство на двојно поевтина струја за стопанството, премиерот одговори дека опозицискиот лидер внимателно ги следел сите негови прес-конференции и на владиниот економски тим на оваа тема и дека денеска направил, како што рече, добар сублимат од тоа што тие го имаат кажувано. Владата донесе конкретни мерки и јас ги повикувам пратениците утре да ги изгласаат законите потребни за непречено снабдување со енергенси на граѓаните, додаде Ковачевски.

The post Ковачевски: Топланите ќе бидат во функција за загревање на градот appeared first on Република.

]]>
„Адора Инженеринг“ ги продава топланите: Ги нуди на ЕСМ по цена од 9,26 милиони евра колку што ги купи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/adora-inzenering-gi-prodava-toplanite-gi-nudi-na-esm-po-cena-od-9-26-milioni-evra-kolku-shto-gi-kupi/ Thu, 22 Sep 2022 11:53:08 +0000 https://republika.mk/?p=553165

Компанијата „Адора инженеринг“ која е сопственик на две од трите топлани во Скопје очекува да ги продаде на државната компанија ЕСМ која управува со парното за иста цена како што ги плати на Топлификација пред една година. Компанијата, како што соопшти, веќе испратила понуда до ЕСМ и очекува одговор.

Во соопштението упатено до јавноста компанијата информира дека и покрај тоа што очекувала инвестицијата во топланите да ѝ се исплати, досега има само загуби и неплатен долг од БЕГ за користењето на топланите во изминатата грејна сезона.

„Адора инженеринг“ на ден 01.09.2021 година, односно пред повеќе од една година, на транспарента јавна лицитација за сума од 9,26 милиони евра со вклучени даноци, ги купи имотите топлана Исток и топлана Запад, кои што претставуваат основни средства за регулирано производство на топлинска енергија во градот Скопје, а кои беа во стечајна постапка. Во тој момент, свесни за минималната економска оправданост на инвестицијата, нашата мотивација беше оваа стратешка дејност да се врати во домашни раце и про-активно да ја развиваме и унапредуваме сo сите последни трендови поврзани со дејноста, велат од компанијата.

Меѓутоа, од тогаш до денес, „Адора инженеринг“ нема добиено ниту владение врз купениот имот од страна на „Топлификација“ АД во стечај и БЕГ, ниту апсолутно никаков надомест за користење на имотот од страна на БЕГ, поради што се нанесува огромна штета врз работењето на „Адора инженеринг“.

БЕГ одби регулирање на меѓусебните односи за користење на топланите, односно ги користи топланите бесправно. Оваа проблематика не беше, а можеше да биде регулирана преку деловно-техничката соработка помеѓу ЕСМ и БЕГ која беше направена во јануари оваа година.

Дополнително, топланите во изминатите неколку години се драстично обезвреднети поради фактот што износот за амортизација на опремата кој е определен и контролиран од РКЕ, и граѓаните го плаќаат со цел одржување на топланите во добра кондиција, речиси целосно не бил вложуван во изминатите неколку години, што нанесува директна штета, пред сè, на квалитетот на дејноста и економската исплатливост во истата.

Дополнително, поради обезвреднувањето на топланите и останати системски недоследности, приносот на капитал, односно единствениот приход за сопственикот на топланите во оваа дејност од 960 000 евра во 2010-та година, во услови на огромна акумулирана инфлација низ годините, денес е доведен на рекордно ниски ниво од 365 000 евра годишно. Сето ова доведува до ситуација каде што според моменталните параметри во бизнисот не може да се најде апсолутно никаква економска издржаност. За илустрација, годишниот ануитет кој што „Адора инженеринг“ треба да го сервисира кон домашната банка за отплата на кредитот наменет за купување на топланите изнесува околу 900 000 евра, што значи дека директно Адора инженеринг е во загуба од над 550 000 евра годишно. Доколку овде се засметаат и сопствените средства дадени како учество и дополнително обезбедување кон кредитот загубата станува уште позначителна.

Со ЕСМ веруваме дека во наредниот период ќе изнајдеме заедничко прифатливо решение сè со цел општото добро и интересот на граѓаните. За „Адора инженеринг“ е потребно регулирање на досегашните долгови настанати во изминатата година по основ на принос на капитал и невложена амортизација со цел да пристапиме кон регулирање на идните односи.

Според моменталните регулирани параметри во дејноста сметаме дека единствено решение во интерес на граѓаните е ЕСМ да пристапи кон купување на топланите Исток и Запад, за што на 18.08.2022 година, ЕСМ до „Адора инженеринг“ испрати Барање за доставување на понуда за продажба на имотот, топланите Исток и Запад, со цел оваа енергетска дејност да биде обединета под државна контрола.

Во најдобар интерес на дејноста и граѓаните, „Адора инженеринг“ одговори дека е согласна со ова барање и сме спремни доколку ги наплатиме побарувањата од изминатиот период кој што законски ни следуваат, да го продадеме имотот по истата цена по која што го купивме, велат од „Адора инженеринг“.

The post „Адора Инженеринг“ ги продава топланите: Ги нуди на ЕСМ по цена од 9,26 милиони евра колку што ги купи appeared first on Република.

]]>

Компанијата „Адора инженеринг“ која е сопственик на две од трите топлани во Скопје очекува да ги продаде на државната компанија ЕСМ која управува со парното за иста цена како што ги плати на Топлификација пред една година. Компанијата, како што соопшти, веќе испратила понуда до ЕСМ и очекува одговор. Во соопштението упатено до јавноста компанијата информира дека и покрај тоа што очекувала инвестицијата во топланите да ѝ се исплати, досега има само загуби и неплатен долг од БЕГ за користењето на топланите во изминатата грејна сезона. „Адора инженеринг“ на ден 01.09.2021 година, односно пред повеќе од една година, на транспарента јавна лицитација за сума од 9,26 милиони евра со вклучени даноци, ги купи имотите топлана Исток и топлана Запад, кои што претставуваат основни средства за регулирано производство на топлинска енергија во градот Скопје, а кои беа во стечајна постапка. Во тој момент, свесни за минималната економска оправданост на инвестицијата, нашата мотивација беше оваа стратешка дејност да се врати во домашни раце и про-активно да ја развиваме и унапредуваме сo сите последни трендови поврзани со дејноста, велат од компанијата.
Меѓутоа, од тогаш до денес, „Адора инженеринг“ нема добиено ниту владение врз купениот имот од страна на „Топлификација“ АД во стечај и БЕГ, ниту апсолутно никаков надомест за користење на имотот од страна на БЕГ, поради што се нанесува огромна штета врз работењето на „Адора инженеринг“. БЕГ одби регулирање на меѓусебните односи за користење на топланите, односно ги користи топланите бесправно. Оваа проблематика не беше, а можеше да биде регулирана преку деловно-техничката соработка помеѓу ЕСМ и БЕГ која беше направена во јануари оваа година. Дополнително, топланите во изминатите неколку години се драстично обезвреднети поради фактот што износот за амортизација на опремата кој е определен и контролиран од РКЕ, и граѓаните го плаќаат со цел одржување на топланите во добра кондиција, речиси целосно не бил вложуван во изминатите неколку години, што нанесува директна штета, пред сè, на квалитетот на дејноста и економската исплатливост во истата. Дополнително, поради обезвреднувањето на топланите и останати системски недоследности, приносот на капитал, односно единствениот приход за сопственикот на топланите во оваа дејност од 960 000 евра во 2010-та година, во услови на огромна акумулирана инфлација низ годините, денес е доведен на рекордно ниски ниво од 365 000 евра годишно. Сето ова доведува до ситуација каде што според моменталните параметри во бизнисот не може да се најде апсолутно никаква економска издржаност. За илустрација, годишниот ануитет кој што „Адора инженеринг“ треба да го сервисира кон домашната банка за отплата на кредитот наменет за купување на топланите изнесува околу 900 000 евра, што значи дека директно Адора инженеринг е во загуба од над 550 000 евра годишно. Доколку овде се засметаат и сопствените средства дадени како учество и дополнително обезбедување кон кредитот загубата станува уште позначителна. Со ЕСМ веруваме дека во наредниот период ќе изнајдеме заедничко прифатливо решение сè со цел општото добро и интересот на граѓаните. За „Адора инженеринг“ е потребно регулирање на досегашните долгови настанати во изминатата година по основ на принос на капитал и невложена амортизација со цел да пристапиме кон регулирање на идните односи. Според моменталните регулирани параметри во дејноста сметаме дека единствено решение во интерес на граѓаните е ЕСМ да пристапи кон купување на топланите Исток и Запад, за што на 18.08.2022 година, ЕСМ до „Адора инженеринг“ испрати Барање за доставување на понуда за продажба на имотот, топланите Исток и Запад, со цел оваа енергетска дејност да биде обединета под државна контрола. Во најдобар интерес на дејноста и граѓаните, „Адора инженеринг“ одговори дека е согласна со ова барање и сме спремни доколку ги наплатиме побарувањата од изминатиот период кој што законски ни следуваат, да го продадеме имотот по истата цена по која што го купивме, велат од „Адора инженеринг“.

The post „Адора Инженеринг“ ги продава топланите: Ги нуди на ЕСМ по цена од 9,26 милиони евра колку што ги купи appeared first on Република.

]]>