топлана скопје север Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toplana-skopje-sever/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Feb 2024 11:03:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png топлана скопје север Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toplana-skopje-sever/ 32 32 Топланата Скопје Север продадена за 350 илјади евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/toplanata-skopje-sever-prodadena-za-350-iljadi-evra/ Tue, 27 Feb 2024 11:03:48 +0000 https://republika.mk/?p=748847

Топланата Скопје Север вчера е продадена за 350.000 евра. На берзанската аукција организирана на иницијатива на Комерцијална банка се продадени 77.414 обични акции што сочинуваат 99,98% од основната главнина на топланата.

Постигнатата цена по акција изнесува 278 денари за акција или во вкупен износ од 21.521.092 денари.

Продавачот Топлификација АД Скопје во стечај, а парите од реализираната јавна берзанска аукција, ќе станат дел од стечајната маса, која ќе се распореди меѓу доверителите.

Купувачот на оваа топлификација ќе се знае деновиве, откако официјално ќе заврши трансакцијата со уплата на 350.000 евра.

Ова е трет обид на продажба на топланата. Лани во септември беа понудени нејзините акции за вкупна цена од 605.000 евра или 482 денари за акција. Топланата се продаваше и во 2022 година кога акциите чинеа 780 денари за една акција, а вкупниот износ беше 980.000 евра.

The post Топланата Скопје Север продадена за 350 илјади евра appeared first on Република.

]]>

Топланата Скопје Север вчера е продадена за 350.000 евра. На берзанската аукција организирана на иницијатива на Комерцијална банка се продадени 77.414 обични акции што сочинуваат 99,98% од основната главнина на топланата. Постигнатата цена по акција изнесува 278 денари за акција или во вкупен износ од 21.521.092 денари. Продавачот Топлификација АД Скопје во стечај, а парите од реализираната јавна берзанска аукција, ќе станат дел од стечајната маса, која ќе се распореди меѓу доверителите. Купувачот на оваа топлификација ќе се знае деновиве, откако официјално ќе заврши трансакцијата со уплата на 350.000 евра. Ова е трет обид на продажба на топланата. Лани во септември беа понудени нејзините акции за вкупна цена од 605.000 евра или 482 денари за акција. Топланата се продаваше и во 2022 година кога акциите чинеа 780 денари за една акција, а вкупниот износ беше 980.000 евра.  

The post Топланата Скопје Север продадена за 350 илјади евра appeared first on Република.

]]>
ЕСМ ќе го преземе управувањето со Топлана Скопје Север, најави Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/esm-kje-go-prezeme-upravuvanjeto-so-toplana-skopje-sever-najavi-kovachevski/ Wed, 30 Nov 2022 14:56:54 +0000 https://republika.mk/?p=580112

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Топланата „Скопје Север“ и АД „Електрани на Македонија“ (ЕСМ) денеска ги завршуваат преговорите и ќе потпишат договор за деловно техничка соработка, со што ЕСМ го презема управувањето со топланата и затоплувањето на нејзините корисници.

– Раководството на Топланата „Север“ денеска во 13 часот е на состанок во АД ЕСМ каде треба да ги заврши преговорите, да потпишат договор за деловно техничка соработка и да се обезбеди затоплување на граѓаните во општините Чаир и Бутел, како и на институциите, градинките и училиштата, со оглед на тоа дека ЕСМ го презеде затоплувањето и на тој дел, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по настанот за завршување на изградбата на магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Битола.

Претходно АД ЕСМ објави дека испораката на топлинска енергија тече непречено и така и ќе продолжи и во следниот период, бидејќи за декември е обезбеден природен гас од „Макпетрол пром – гас“ и топлинска енергија од ТЕ-ТО.

Според Ковачевски, со ова се демантираат објавите дека утре ќе нема парно за скопјани и оти резерви на гас има само за уште денеска и нема нова набавка.

– Тоа не е точно, затоа што пред три дена ЕСМ имаше склучено договор за набавка на гас од „Макпетрол“ и за цел декември е обезбедно затоплување на градот Скопје, рече Ковачевски.

Тој информираше дека пристигнува опремата и се обезбедуваат дозволите за транспорт на 300 тони опрема – трансформатор од Труција, а привршуваат и ремонтите во ТЕЦ Осломеј кој треба да биде ставен во функција. Завршуваат, како што соопшти, работите на генераторот во ТЕЦ Неготино, кој што исто така треба да биде ставен во функција.

-Владата има обврска прво да обезбеди затоплување на граѓаните на Град Скопје од две причини за да може да се загреат и второ електродистрибутивната мрежа на град Скопје е направена компатибилно со затоплувањето на централно греење. Ако не е централното греење и ако 60 000 домаќинства во неколкуте општини се приклучат на средства за затоплување тогаш ќе дојде до пад на електродистрибутивната мрежа во градот Скопје, укажа Ковачевски.

Тој порача граѓаните  да не се грижат бидејќи до крајот на годината се обезбедени средства за енергенси, а за надминување на енергетската криза се предвидени и во буџетот за 2023 година.

Повторно ја повика опозицијата да не ги блокира законите кои се однесуваат на енергетиката.

The post ЕСМ ќе го преземе управувањето со Топлана Скопје Север, најави Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Топланата „Скопје Север“ и АД „Електрани на Македонија“ (ЕСМ) денеска ги завршуваат преговорите и ќе потпишат договор за деловно техничка соработка, со што ЕСМ го презема управувањето со топланата и затоплувањето на нејзините корисници.
– Раководството на Топланата „Север“ денеска во 13 часот е на состанок во АД ЕСМ каде треба да ги заврши преговорите, да потпишат договор за деловно техничка соработка и да се обезбеди затоплување на граѓаните во општините Чаир и Бутел, како и на институциите, градинките и училиштата, со оглед на тоа дека ЕСМ го презеде затоплувањето и на тој дел, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по настанот за завршување на изградбата на магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Битола.
Претходно АД ЕСМ објави дека испораката на топлинска енергија тече непречено и така и ќе продолжи и во следниот период, бидејќи за декември е обезбеден природен гас од „Макпетрол пром – гас“ и топлинска енергија од ТЕ-ТО. Според Ковачевски, со ова се демантираат објавите дека утре ќе нема парно за скопјани и оти резерви на гас има само за уште денеска и нема нова набавка.
– Тоа не е точно, затоа што пред три дена ЕСМ имаше склучено договор за набавка на гас од „Макпетрол“ и за цел декември е обезбедно затоплување на градот Скопје, рече Ковачевски.
Тој информираше дека пристигнува опремата и се обезбедуваат дозволите за транспорт на 300 тони опрема – трансформатор од Труција, а привршуваат и ремонтите во ТЕЦ Осломеј кој треба да биде ставен во функција. Завршуваат, како што соопшти, работите на генераторот во ТЕЦ Неготино, кој што исто така треба да биде ставен во функција.
-Владата има обврска прво да обезбеди затоплување на граѓаните на Град Скопје од две причини за да може да се загреат и второ електродистрибутивната мрежа на град Скопје е направена компатибилно со затоплувањето на централно греење. Ако не е централното греење и ако 60 000 домаќинства во неколкуте општини се приклучат на средства за затоплување тогаш ќе дојде до пад на електродистрибутивната мрежа во градот Скопје, укажа Ковачевски.
Тој порача граѓаните  да не се грижат бидејќи до крајот на годината се обезбедени средства за енергенси, а за надминување на енергетската криза се предвидени и во буџетот за 2023 година. Повторно ја повика опозицијата да не ги блокира законите кои се однесуваат на енергетиката.

The post ЕСМ ќе го преземе управувањето со Топлана Скопје Север, најави Ковачевски appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Законот предвидува алтернативно гориво за топланите, но законски и според процедурите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-zakonot-predviduva-alternativno-gorivo-za-toplanite-no-zakonski-i-spored-procedurite/ Tue, 22 Nov 2022 11:50:10 +0000 https://republika.mk/?p=576895

За нас е приоритет да не се доведеме во ситуација да користиме алтернативно гориво за топланите Исток и за Запад, а ако Скопје Север работи со мазут или со дизел, тоа треба да биде согласно со процедурите за што има надлежни институции, порача денеска министерот за економија Крешник Бекшети.

Во одговор на новинарско прашање Бектеши рече дека се уште немаат одговор од раководството на Скопје Север на понудите што ги достави државата и укажа дека за енергенсот што го користат надлежните институции треба да проверат дали е согласно со процедурите и законот.

Скопје Север е во сопственост на Топлификација која е во приватна сопственост. Како Влада сме дале две понуди. Првата понуда е да се склучи договор за деловно технилчка сораотка, а втората е да се склучи договор за закуп на топланата како што сме направиле и за Скопје Исток и за Скопје Запад во овој случај со Адаора која е исто така приватен субјект. Немаме повратен одговор од раководството на Скопје Север, а во делот на тоа што користат како енергенс да произведува топлинска енергија има надлежни институции согласно нивните лиценци кои треба да ги проверат дали се прекршуваат одредбите предвидени во лиценцата, во дозолата која ја имаат за производство на топлинска енергија. Во делот на мазутот секако тоа е Инспекторатот за животна средина - рече Бектеши, на прес-конференцијата на која ги објави заштедите на електрична енергија на државните компании во октомври.

До крајот на месецов, потсети, се обезбедени потребните количини топланите Исток и Запад да работат само на природен гас.

Во Законот е предвидено дека треба да има алтернативно гориво за производство на топлинска енергија, а тоа може да биде мазут или дизел, но кога ќе се користи тоа секако дека треба да се запазат процедурите во државава и согласно со лиценцата да се стават во функција ако е потребно. За нас е приоритет да не се доведеме во таква ситуација да треба да користиме алтернативно гориво за Исток и за Запад, со кои ние менаџираме како држава преку ЕСМ. Во делот на Скопје Север има Инспекторат за животна средина ако во случај работи со мазут или со дизел освен природен гас да ги проверат нивните лиценци и процедурите како ги ставиле овие енергенси во функција - рече Бекшети, на новинарско прашање.

Како што прецизираше, во случај да се префрлат на користење мазут или дизел ќе се следат сите процедури во делот на животната средина со Инспекторатот за животна средина, Министерството за животна средина и со другите надлежни институции.

Ние се повикуваме на податоци кои ги имаме од ЕСМ, на тоа што е обезбедено до овој момент, се повикуваме на Планот за производство и во делот на електрична и во делот на топлинска енергија. Граѓаните да бидат спокојни, нема да има никаков проблем во делот на снабдување со електрична и топлинска енергија - рече Бектеши.

The post Бектеши: Законот предвидува алтернативно гориво за топланите, но законски и според процедурите appeared first on Република.

]]>

За нас е приоритет да не се доведеме во ситуација да користиме алтернативно гориво за топланите Исток и за Запад, а ако Скопје Север работи со мазут или со дизел, тоа треба да биде согласно со процедурите за што има надлежни институции, порача денеска министерот за економија Крешник Бекшети. Во одговор на новинарско прашање Бектеши рече дека се уште немаат одговор од раководството на Скопје Север на понудите што ги достави државата и укажа дека за енергенсот што го користат надлежните институции треба да проверат дали е согласно со процедурите и законот.
Скопје Север е во сопственост на Топлификација која е во приватна сопственост. Како Влада сме дале две понуди. Првата понуда е да се склучи договор за деловно технилчка сораотка, а втората е да се склучи договор за закуп на топланата како што сме направиле и за Скопје Исток и за Скопје Запад во овој случај со Адаора која е исто така приватен субјект. Немаме повратен одговор од раководството на Скопје Север, а во делот на тоа што користат како енергенс да произведува топлинска енергија има надлежни институции согласно нивните лиценци кои треба да ги проверат дали се прекршуваат одредбите предвидени во лиценцата, во дозолата која ја имаат за производство на топлинска енергија. Во делот на мазутот секако тоа е Инспекторатот за животна средина - рече Бектеши, на прес-конференцијата на која ги објави заштедите на електрична енергија на државните компании во октомври.
До крајот на месецов, потсети, се обезбедени потребните количини топланите Исток и Запад да работат само на природен гас.
Во Законот е предвидено дека треба да има алтернативно гориво за производство на топлинска енергија, а тоа може да биде мазут или дизел, но кога ќе се користи тоа секако дека треба да се запазат процедурите во државава и согласно со лиценцата да се стават во функција ако е потребно. За нас е приоритет да не се доведеме во таква ситуација да треба да користиме алтернативно гориво за Исток и за Запад, со кои ние менаџираме како држава преку ЕСМ. Во делот на Скопје Север има Инспекторат за животна средина ако во случај работи со мазут или со дизел освен природен гас да ги проверат нивните лиценци и процедурите како ги ставиле овие енергенси во функција - рече Бекшети, на новинарско прашање.
Како што прецизираше, во случај да се префрлат на користење мазут или дизел ќе се следат сите процедури во делот на животната средина со Инспекторатот за животна средина, Министерството за животна средина и со другите надлежни институции.
Ние се повикуваме на податоци кои ги имаме од ЕСМ, на тоа што е обезбедено до овој момент, се повикуваме на Планот за производство и во делот на електрична и во делот на топлинска енергија. Граѓаните да бидат спокојни, нема да има никаков проблем во делот на снабдување со електрична и топлинска енергија - рече Бектеши.

The post Бектеши: Законот предвидува алтернативно гориво за топланите, но законски и според процедурите appeared first on Република.

]]>
ЕСМ: АД Скопје Север одби да го потпише договорот за соработка, на нив паѓа одговорноста за Чаир и Бутел https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/esm-ad-skopje-sever-odbi-da-go-potpishe-dogovorot-za-sorabotka-na-niv-pagja-odgovornosta-za-chair-i-butel/ Sun, 13 Nov 2022 18:54:42 +0000 https://republika.mk/?p=573356

АД Скопје Север одби да го потпише договорот за соработка, на нив паѓа одговорноста за прекин на греењето во Чаир и Бутел.

АД ЕСМ нема правен основ да му дава директни субвенции на АД Скопје Север, но може да помогне само преку договор за деловно техничка соработка кој приватниот субјект одбива да го потпише. Доколку АД Скопје Север не сака да ги прифати истите услови кои важат за сите други субјекти кои испорачуваа топлинска енергија за над 58 илјади потрошувачи, одговорноста за прекин на греењето на 500 потрошувачи кои ги снабдува во општините Чаир и Бутел паѓа исклучиво на АД Скопје Север, порачуваат од ЕСМ.

АД Скопје Север одби да го потпише договорот, затоа што овој субјект бара неповратни средства, односно смета дека треба да му се исплати финансиска помош која не треба да ја врати, иако АД ЕСМ истите средства ги должи кон државниот буџет. Скопје Север побарува субвенционирање директно од АД ЕСМ, кое нашата компанија ниту има правен основ, ниту смее да го прави, односно смее да постапува исклучиво по задолжението од Владата и во рамките на одобрениот договор од страна на Владата, велат од ЕСМ.

Нагласуваат дека Владата на 94-та седница донесе Заклучоци со кои го задолжи АД ЕСМ да склучи договор за деловно техничка соработка за грејна сезона 2022/2023 година , со иста содржина како и договорот склучен за 2021/22 година, со кој ќе се регулираат сите права и обврски на Друштвото Скопје Север АД Скопје.

Со Договорот се предвидува АД ЕСМ да му помогне на приватниот субјект АД Скопје Север со средства од државниот буџет во набавката на гас за потребите на испорачување греење кон дел од корисниците на градот Скопје. Средствата треба да бидат обезбедени со гаранција од страна на АД Скопје Север, прецизираат од ЕСМ.

После потпишување на договорот и после правењето на пресметки за цената за топлинската енергија кои треба да се достават во Влада и да се побараат субвенциите за грејната сезона 2022/23, додаваат, АД Скопје Север ќе ги добие субвенциите, исто како и топланите Исток, Запад и Енергетика.

Од примените субвенции и од остварената наплата од потрошувачите, АД Скопје Север ќе треба да ги врати средствата кон АД ЕСМ, примени како помош со договорот, прецизираат од ЕСМ.

The post ЕСМ: АД Скопје Север одби да го потпише договорот за соработка, на нив паѓа одговорноста за Чаир и Бутел appeared first on Република.

]]>

АД Скопје Север одби да го потпише договорот за соработка, на нив паѓа одговорноста за прекин на греењето во Чаир и Бутел. АД ЕСМ нема правен основ да му дава директни субвенции на АД Скопје Север, но може да помогне само преку договор за деловно техничка соработка кој приватниот субјект одбива да го потпише. Доколку АД Скопје Север не сака да ги прифати истите услови кои важат за сите други субјекти кои испорачуваа топлинска енергија за над 58 илјади потрошувачи, одговорноста за прекин на греењето на 500 потрошувачи кои ги снабдува во општините Чаир и Бутел паѓа исклучиво на АД Скопје Север, порачуваат од ЕСМ.
АД Скопје Север одби да го потпише договорот, затоа што овој субјект бара неповратни средства, односно смета дека треба да му се исплати финансиска помош која не треба да ја врати, иако АД ЕСМ истите средства ги должи кон државниот буџет. Скопје Север побарува субвенционирање директно од АД ЕСМ, кое нашата компанија ниту има правен основ, ниту смее да го прави, односно смее да постапува исклучиво по задолжението од Владата и во рамките на одобрениот договор од страна на Владата, велат од ЕСМ.
Нагласуваат дека Владата на 94-та седница донесе Заклучоци со кои го задолжи АД ЕСМ да склучи договор за деловно техничка соработка за грејна сезона 2022/2023 година , со иста содржина како и договорот склучен за 2021/22 година, со кој ќе се регулираат сите права и обврски на Друштвото Скопје Север АД Скопје.
Со Договорот се предвидува АД ЕСМ да му помогне на приватниот субјект АД Скопје Север со средства од државниот буџет во набавката на гас за потребите на испорачување греење кон дел од корисниците на градот Скопје. Средствата треба да бидат обезбедени со гаранција од страна на АД Скопје Север, прецизираат од ЕСМ.
После потпишување на договорот и после правењето на пресметки за цената за топлинската енергија кои треба да се достават во Влада и да се побараат субвенциите за грејната сезона 2022/23, додаваат, АД Скопје Север ќе ги добие субвенциите, исто како и топланите Исток, Запад и Енергетика.
Од примените субвенции и од остварената наплата од потрошувачите, АД Скопје Север ќе треба да ги врати средствата кон АД ЕСМ, примени како помош со договорот, прецизираат од ЕСМ.

The post ЕСМ: АД Скопје Север одби да го потпише договорот за соработка, на нив паѓа одговорноста за Чаир и Бутел appeared first on Република.

]]>
ЕСМ: АД Скопје Север одби да го потпише договорот за соработка, на нив паѓа одговорноста за прекин на греењето во Чаир и Бутел https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/esm-ad-skopje-sever-odbi-da-go-potpishe-dogovorot-za-sorabotka-na-niv-pagja-odgovornosta-za-prekin-na-greenjeto-vo-chair-i-butel/ Sun, 13 Nov 2022 17:23:49 +0000 https://republika.mk/?p=573323

АД ЕСМ нема правен основ да му дава директни субвенции на АД Скопје Север, но може да помогне само преку договор за деловно техничка соработка кој приватниот субјект одбива да го потпише. Доколку АД Скопје Север не сака да ги прифати истите услови кои важат за сите други субјекти кои испорачуваа топлинска енергија за над 58 илјади потрошувачи, одговорноста за прекин на греењето на 500 потрошувачи кои ги снабдува во општините Чаир и Бутел паѓа исклучиво на АД Скопје Север, порачуваат од ЕСМ.

АД Скопје Север одби да го потпише договорот, затоа што овој субјект бара неповратни средства, односно смета дека треба да му се исплати финансиска помош која не треба да ја врати, иако АД ЕСМ истите средства ги должи кон државниот буџет. Скопје Север побарува субвенционирање директно од АД ЕСМ, кое нашата компанија ниту има правен основ, ниту смее да го прави, односно смее да постапува исклучиво по задолжението од Владата и во рамките на одобрениот договор од страна на Владата, велат од ЕСМ.

Нагласуваат дека Владата на 94-та седница донесе Заклучоци со кои го задолжи АД ЕСМ да склучи договор за деловно техничка соработка за грејна сезона 2022/2023 година , со иста содржина како и договорот склучен за 2021/22 година, со кој ќе се регулираат сите права и обврски на Друштвото Скопје Север АД Скопје.

Со Договорот се предвидува АД ЕСМ да му помогне на приватниот субјект АД Скопје Север со средства од државниот буџет во набавката на гас за потребите на испорачување греење кон дел од корисниците на градот Скопје. Средствата треба да бидат обезбедени со гаранција од страна на АД Скопје Север, прецизираат од ЕСМ.

После потпишување на договорот и после правењето на пресметки за цената за топлинската енергија кои треба да се достават во Влада и да се побараат субвенциите за грејната сезона 2022/23, додаваат, АД Скопје Север ќе ги добие субвенциите, исто како и топланите Исток, Запад и Енергетика.

Од примените субвенции и од остварената наплата од потрошувачите, АД Скопје Север ќе треба да ги врати средствата кон АД ЕСМ, примени како помош со договорот, прецизираат од ЕСМ.

The post ЕСМ: АД Скопје Север одби да го потпише договорот за соработка, на нив паѓа одговорноста за прекин на греењето во Чаир и Бутел appeared first on Република.

ЕСМ ја презема и топланата Скопје Север https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/esm-ja-prezema-i-toplanata-skopje-sever/ Wed, 19 Oct 2022 15:19:33 +0000 https://republika.mk/?p=563216

На 94-та владина седница е најдено решение за затоплување и на граѓаните од Скопје Север. Владата jа разгледа и усвои Информацијата за реализација на Договорот за деловно-техничка соработка со Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, доставена од АД за производство на електрична енергија „Електрани на Македонија“, во државна сопственост, Скопје.

„Со донесените заклучоците од Владата, се овозможува решение за снабдување со топлинска енергија и на граѓаните корисници на услугите на Скопје Север АД, преку прифаќање на предлогот од АД ЕСМ - Скопје за начинот на премостување на отворените прашања помеѓу Скопје Север АД Скопје и АД „Електрани на Македонија“ – Скопје. Владата го задолжи Акционерското друштво за производство на електрична енергија „Електрани на Македонија“, во државна сопственост, Скопје, да склучи Договор за деловно-техничка соработка за грејната сезона 2022/2023 година со Друштво за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, во којшто ќе се регулираат сите права и обврски на Скопје Север АД Скопје“, велат од Владата.

Со потпишувањето на Договорот за грејна сезона 2022/2023 година, не се исклучува обврската за исполнување на правата и обврските по веќе склучениот Договорот за деловно-техничка соработка. Задолжено е Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, со потпишувањето на Договорот за грејна сезона 2022/2023 година, да ги исполни сите права и обврски од веќе потпишаниот Договор за деловно-техничка соработка, од 21.01.2022 година, со АД ЕЛЕМ - Скопје.

The post ЕСМ ја презема и топланата Скопје Север appeared first on Република.

ЕСМ го презема управувањето и со топланата Скопје Север https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/esm-go-prezema-upravuvanjeto-i-so-toplanata-skopje-sever/ Fri, 21 Jan 2022 18:19:16 +0000 https://republika.mk/?p=447887

Владата на денешната петта седница го одобри Договорот за деловно-техничка соработка со кој се регулираат меѓусебните права и обврски на Прокуристот како застапник на Електрани на Македонија (ЕСМ), со што ЕСМ ќе се стекне со право да управува со сите деловни активности на топланата Скопје Север АД – Скопје, со сите трансакциски сметки на Скопје Север АД – Скопје, како и со наменската сметка, која што топланата ќе ја отвори исклучиво за потребите на овој Договор за деловно-техничка соработка.
Како што информира владината прес-служба, Договорот е одобрен врз основа на овластувањата од прогласената кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

Договорот за реализација на деловно-техничка соработка има за цел да се обезбеди топлинска енергија за снабдување на жителите на Град Скопје, се наведува во соопштението.

Владата денеска донесе и Одлука со која се одобруваат текстовите на договорите со БЕГ и со топланата Скопје Север АД – Скопје и со која се одобрува работењето на Управниот одбор и на Надзорниот одбор на АД Електрани на Македонија во државна сопственост, со БЕГ и со Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД – Скопје.

The post ЕСМ го презема управувањето и со топланата Скопје Север appeared first on Република.

]]>

Владата на денешната петта седница го одобри Договорот за деловно-техничка соработка со кој се регулираат меѓусебните права и обврски на Прокуристот како застапник на Електрани на Македонија (ЕСМ), со што ЕСМ ќе се стекне со право да управува со сите деловни активности на топланата Скопје Север АД – Скопје, со сите трансакциски сметки на Скопје Север АД – Скопје, како и со наменската сметка, која што топланата ќе ја отвори исклучиво за потребите на овој Договор за деловно-техничка соработка. Како што информира владината прес-служба, Договорот е одобрен врз основа на овластувањата од прогласената кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.