тони симиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toni-simikj/ За подобро да се разбереме Wed, 15 Jun 2022 20:00:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тони симиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toni-simikj/ 32 32 Кошаркарската репрезентација до 18 години ги стартува подготовките за Европското првенство https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/kosharkarskata-reprezentacija-do-18-godini-gi-startuva-podgotovkite-za-evropskoto-prvenstvo/ Wed, 15 Jun 2022 20:46:29 +0000 https://republika.mk/?p=515710

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години ги почна подготовките за настап на претстојното Европско првенство во „А“ дивизијата на кое противници и на избраниците на селекторот Тони Симиќ ќе им бидат селекциите на Франција, Израел и Велика Британија.

Првата фаза од подготовките ќе се реализира во Маврово, по што ќе следуваат контролни натпревари на домашен терен против Бугарија, Швајцарија и Црна Гора, а во програмата се и два подготвителни дуели против Хрватска на гостински терен.

Имавме некои други планови, но со оглед на тоа дека ФИБА донесе одлука која ја промовира нашата селекција во учесник на Европското првенство во „А“ Дивизијата, извесно е дека мораше да направиме и извесни промени во првичните скици за работа во овој летен период. Едноставно, ФИБА ни постави нови граници кои мора да ги стигнеме во деновите кои следуваат. Сметам дека со одигрувањето на овие осум-девет натпревари ќе бидеме во посакуваната форма за настап на шампионатот во Турција - изјави селекторот Симиќ за официјалниот сајт на Кошаркарската федерација.

The post Кошаркарската репрезентација до 18 години ги стартува подготовките за Европското првенство appeared first on Република.

]]>

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години ги почна подготовките за настап на претстојното Европско првенство во „А“ дивизијата на кое противници и на избраниците на селекторот Тони Симиќ ќе им бидат селекциите на Франција, Израел и Велика Британија. Првата фаза од подготовките ќе се реализира во Маврово, по што ќе следуваат контролни натпревари на домашен терен против Бугарија, Швајцарија и Црна Гора, а во програмата се и два подготвителни дуели против Хрватска на гостински терен.