Тони Ѓоргиевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toni-gjorgievski/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Oct 2022 09:18:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тони Ѓоргиевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toni-gjorgievski/ 32 32 Ослободен Тони Ѓоргиевски, битолскиот суд потврди дека во самоодбрана го убил зетот кој на врата му зачука со мачета https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/osloboden-toni-gjorgievski-bitolskiot-sud-potvrdi-deka-vo-samoodbrana-go-ubil-zetot-koj-na-vrata-mu-zachuka-so-macheta/ Mon, 10 Oct 2022 09:18:06 +0000 https://republika.mk/?p=559366

Битолчанецот Тони Ѓорѓевски-Фердо доби ослободителна пресуда за убиството на зетот Стојанче Соколов (44). Судот ја прифати ваквата одбрана односно дека Ѓорѓевски го сторил делото во самоодбрана и нужна одбрана. Пресудата е донесена осум месеци по настанот.

Конечно судот по осум месеци донесе правилна пресуда, ослободителна за мојот татко. Тој е конечно слободен, фала ви на сите за поддршката, напиша неговиот син Јове Ѓоргиевски.

Ѓоргиевски додека траеше истрагата беше во притвор. Неговото семејство организираше и протест, на кој бараше слобода за битолчанецот. Битолското обвинителство го товареше за убиство.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ako-tatko-mi-ne-go-ubieshe-so-garancija-nie-kje-bevme-mrtvi-svedoshtvo-na-sinot-na-protestot-za-sloboda-na-toni-gjorgievski/

Семејството Ѓоргиевски 20 години имаше проблем со сега покојниот зет. Тие сведочеа дека пријавувале во полиција, социјални служби – но тоа било залудно. Убиениот рано наутро упаднал во домот на таткото на неговата поранешна сопруга и ѝ се заканувал држејќи во рацете мачета. Таткото во тој момент го извадил оружјето и пукал, по што неговиот поранешен зет починал.

The post Ослободен Тони Ѓоргиевски, битолскиот суд потврди дека во самоодбрана го убил зетот кој на врата му зачука со мачета appeared first on Република.

]]>

Битолчанецот Тони Ѓорѓевски-Фердо доби ослободителна пресуда за убиството на зетот Стојанче Соколов (44). Судот ја прифати ваквата одбрана односно дека Ѓорѓевски го сторил делото во самоодбрана и нужна одбрана. Пресудата е донесена осум месеци по настанот.
Конечно судот по осум месеци донесе правилна пресуда, ослободителна за мојот татко. Тој е конечно слободен, фала ви на сите за поддршката, напиша неговиот син Јове Ѓоргиевски.
Ѓоргиевски додека траеше истрагата беше во притвор. Неговото семејство организираше и протест, на кој бараше слобода за битолчанецот. Битолското обвинителство го товареше за убиство. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ako-tatko-mi-ne-go-ubieshe-so-garancija-nie-kje-bevme-mrtvi-svedoshtvo-na-sinot-na-protestot-za-sloboda-na-toni-gjorgievski/ Семејството Ѓоргиевски 20 години имаше проблем со сега покојниот зет. Тие сведочеа дека пријавувале во полиција, социјални служби – но тоа било залудно. Убиениот рано наутро упаднал во домот на таткото на неговата поранешна сопруга и ѝ се заканувал држејќи во рацете мачета. Таткото во тој момент го извадил оружјето и пукал, по што неговиот поранешен зет починал.

The post Ослободен Тони Ѓоргиевски, битолскиот суд потврди дека во самоодбрана го убил зетот кој на врата му зачука со мачета appeared first on Република.

]]>
Ако татко ми не го убиеше, со гаранција ние ќе бевме мртви: Сведоштво на синот на протестот за слобода на Тони Ѓоргиевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ako-tatko-mi-ne-go-ubieshe-so-garancija-nie-kje-bevme-mrtvi-svedoshtvo-na-sinot-na-protestot-za-sloboda-na-toni-gjorgievski/ Wed, 23 Feb 2022 19:52:17 +0000 https://republika.mk/?p=462675

Ако татко ми не пукаше ќе настрадаше дел од семејството со гаранција. Денес ние ќе бевме мртви. Дојде со намера да не̍ отепа. Кога ја скрши вратата видов зомби. Не беше човек, туку зомби. Беше подготвен и сопствените деца да ги убие - потресно сведочеше Јове Ѓоргиевски, син на осомничениот битолчанец Тони Ѓоргиевски - Фердо на денешниот мирен протест пред Основниот суд во Битола на кој битолчани побараа слобода за него со образложение дека си го заштитил семејството.

Тој пред пред два дена со пиштол го уби невенчаниот зет за ќерка откако овој му упадна насила во куќата со мачета во рацете и им се закануваше на домашните.

Синот Јове изјави дека починатиот Стојанче Соколов (44), кој добро ѝ е познат на полицијата како прекршител на закони, 20 години го малтретирал неговото семејство. Пред да се случи убиството, и се заканувал на неговата сестра и таа заедно со двете деца утрото побегнала кај својот татко.

Оваа работа се случи во самоодбрана. Дојде со намера да не̍ отепа. Не̍ нападна зомби, не човек. Не̍ нападна со ножот. Татко ми мораше да пука за да не̍ одбрани останатите петмина што бевме дома. Никој не сакаше тој да умри, но немавме друго решение освен да пука - изјави Јове.

Тој заедно со битолчаните побараа институциите да му дозволат на татко му да се брани од слобода затоа што нема намера да бега. Порача дека доколку сакал да побегне имал време да го стори тоа утрото по убиството. Но, тие веднаш повикале полиција и Брза помош. Кога тие дошле, немале викнато ни адвокат што покажува дека неговиот тетко немал намера да бега. Јове вели дека татко му е чесен човек, кому семејството му е се̍.

Во однос на изјавите од обвинителство дека е осомничен за убиство со умисла синот праша: „Да кажат судиите како ќе изреагираат да им влезе некој дома, да оди кон нив со намера да ги отепа и има оружје? Сакам да ми дадат одговор надлежните како ќе постапат тие ако гледаат дека некој им го напаѓа чедото и сака да го отепа?

Овој проблем го имаме повеќе од 20 години. Пријавуван е во полиција, во Центарот за социјални работи. Ќе дојдеше ќе се извинеше, ќе тераше некое време. Ќе се испијанеше, беше и конзуматор на дрога, ќе дојдеше дрогиран, ги малтетираше, тепаше. Имаше закани и кон мене, цело време кон сестра ми и внуците. Не̍ газеше со години, мајка ми и татко ми дома не можеа да преспијат мирно, спиеја со телефонот в раце да не се случи некому нешто - раскажа синот.

Повеќе на „апла.мк“.

The post Ако татко ми не го убиеше, со гаранција ние ќе бевме мртви: Сведоштво на синот на протестот за слобода на Тони Ѓоргиевски appeared first on Република.

]]>

Ако татко ми не пукаше ќе настрадаше дел од семејството со гаранција. Денес ние ќе бевме мртви. Дојде со намера да не̍ отепа. Кога ја скрши вратата видов зомби. Не беше човек, туку зомби. Беше подготвен и сопствените деца да ги убие - потресно сведочеше Јове Ѓоргиевски, син на осомничениот битолчанец Тони Ѓоргиевски - Фердо на денешниот мирен протест пред Основниот суд во Битола на кој битолчани побараа слобода за него со образложение дека си го заштитил семејството.
Тој пред пред два дена со пиштол го уби невенчаниот зет за ќерка откако овој му упадна насила во куќата со мачета во рацете и им се закануваше на домашните. Синот Јове изјави дека починатиот Стојанче Соколов (44), кој добро ѝ е познат на полицијата како прекршител на закони, 20 години го малтретирал неговото семејство. Пред да се случи убиството, и се заканувал на неговата сестра и таа заедно со двете деца утрото побегнала кај својот татко.
Оваа работа се случи во самоодбрана. Дојде со намера да не̍ отепа. Не̍ нападна зомби, не човек. Не̍ нападна со ножот. Татко ми мораше да пука за да не̍ одбрани останатите петмина што бевме дома. Никој не сакаше тој да умри, но немавме друго решение освен да пука - изјави Јове.
Тој заедно со битолчаните побараа институциите да му дозволат на татко му да се брани од слобода затоа што нема намера да бега. Порача дека доколку сакал да побегне имал време да го стори тоа утрото по убиството. Но, тие веднаш повикале полиција и Брза помош. Кога тие дошле, немале викнато ни адвокат што покажува дека неговиот тетко немал намера да бега. Јове вели дека татко му е чесен човек, кому семејството му е се̍. Во однос на изјавите од обвинителство дека е осомничен за убиство со умисла синот праша: „Да кажат судиите како ќе изреагираат да им влезе некој дома, да оди кон нив со намера да ги отепа и има оружје? Сакам да ми дадат одговор надлежните како ќе постапат тие ако гледаат дека некој им го напаѓа чедото и сака да го отепа?