Томислав Османли Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tomislav-osmanli/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Nov 2024 17:05:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Томислав Османли Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tomislav-osmanli/ 32 32 Томислав Османли на одбележување 20- години од Меѓународната асоцијација „Форум на словенски култури“ во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tomislav-osmanli-na-odbelezhuvane-20-godini-od-megunarodnata-asotsijatsija-forum-na-slovenski-kulturi-vo-srbija/ Sat, 16 Nov 2024 17:05:05 +0000 https://republika.mk/?p=838599

Со повеќе работни активности и свечености, деновиве во Белград и во Ужице, Србија, со присуство на голем број гости од повеќе земји се одбележува 20-годишнината на Меѓународната асоцијација „Форум на словенски култури“. Дел од неа е и проектот „100 словенски романи“ во чии рамки националните литератури на девет словенски земји членки на издавачкиот проект, меѓу кои и Македонија, меѓусебно ги објавуваат избраните книги.

Во тие рамки, како што е наведува во соопштението, на посебна програма во Ужице, годинашен српски Град на културата, се претставија книжевните портрети на пет истакнати писатели, словенечкиот автор Владо Жабот, македонскиот прозаист Томислав Османли, бугарската авторка Здравка Евтимова, како и српските писатели Владан Матијевиќ и Петар Матовиќ.

Модератор на книжевниот настан што се одржа во Народната библиотека на Ужице, е српскиот автор и критичар Младен Весковиќ, инаку главен и одговорен уредник на издавачкиот одбор на меѓународната едиција „100 словенски романи“. Пред многубројната публика, се претставија најнапред со читања одломки од сопствените романи, секој на својот јазик и низ актерски интерпретации на нивни дела и на српски јазик, а потоа и со искази за својата литературна дејност.

Османли, како што ќе посочи, прочитал фрагмент од својот роман „Бродот. Конзархија“ со поднаслов „Холограф“ кој во 2016 година го објави македонскиот издавач „Магор“, во 2022 српскиот издавач „Агора“ од Нови Сад, а годинава и московскиот издавач „Рудомино“. На српски јазик беше прочитана и одломка од неговиот роман "Зад аголот". Инаку, двата романа на Томислав Османли, покрај македонските, доживеаа повеќе позитивни критички огласи, како во Србија, така неодамна и во Русија.

 

The post Томислав Османли на одбележување 20- години од Меѓународната асоцијација „Форум на словенски култури“ во Србија appeared first on Република.

]]>

Со повеќе работни активности и свечености, деновиве во Белград и во Ужице, Србија, со присуство на голем број гости од повеќе земји се одбележува 20-годишнината на Меѓународната асоцијација „Форум на словенски култури“. Дел од неа е и проектот „100 словенски романи“ во чии рамки националните литератури на девет словенски земји членки на издавачкиот проект, меѓу кои и Македонија, меѓусебно ги објавуваат избраните книги. Во тие рамки, како што е наведува во соопштението, на посебна програма во Ужице, годинашен српски Град на културата, се претставија книжевните портрети на пет истакнати писатели, словенечкиот автор Владо Жабот, македонскиот прозаист Томислав Османли, бугарската авторка Здравка Евтимова, како и српските писатели Владан Матијевиќ и Петар Матовиќ. Модератор на книжевниот настан што се одржа во Народната библиотека на Ужице, е српскиот автор и критичар Младен Весковиќ, инаку главен и одговорен уредник на издавачкиот одбор на меѓународната едиција „100 словенски романи“. Пред многубројната публика, се претставија најнапред со читања одломки од сопствените романи, секој на својот јазик и низ актерски интерпретации на нивни дела и на српски јазик, а потоа и со искази за својата литературна дејност. Османли, како што ќе посочи, прочитал фрагмент од својот роман „Бродот. Конзархија“ со поднаслов „Холограф“ кој во 2016 година го објави македонскиот издавач „Магор“, во 2022 српскиот издавач „Агора“ од Нови Сад, а годинава и московскиот издавач „Рудомино“. На српски јазик беше прочитана и одломка од неговиот роман "Зад аголот". Инаку, двата романа на Томислав Османли, покрај македонските, доживеаа повеќе позитивни критички огласи, како во Србија, така неодамна и во Русија.  

The post Томислав Османли на одбележување 20- години од Меѓународната асоцијација „Форум на словенски култури“ во Србија appeared first on Република.

]]>
Драмата „Апокалиптична комедија“ на Томислав Османли објавена во српскиот литературен портал „Eckermann” https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dramata-apokaliptichna-komedija-na-tomislav-osmanli-objavena-vo-srpskiot-literaturen-portal-eckermann/ Mon, 02 Sep 2024 07:00:03 +0000 https://republika.mk/?p=812176

Српското електронско списание „Eckermann” во својот најнов, 44 број ја објави театарската пиеса „Апокалиптична комедија“ на Томислав Османли. Пиесата неодамна беше објавена од издавачот „Прометеј“ од Нови Сад исто така во Србија и е дел од книгата со три драмски текста на Османли, насловена „Пат во рајот“.

Оваа антивоена театарска пиеса на македонскиот прозаист и драмски автор е напишана пред честврт век, во времето на жестоките југословенските војни чии сенки опасно се надвиваа и над нашава земја. Во неа како лик се појавува Христос во своето „второ пришастие“ но како бог со изгубена моќ, неспособен среде омразата и жестокоста на бескрајните воени судири да ја оствари библиски пророкуваната Апокалипса. Денес, во екот на новата епоха на жестоки конфликти „Апокалиптична комедија“ работена како фантасмагорична гротеска, со бројни ликови и драмски и визуелни елементи на очудување, пиесата на Османли доживува нова актуелност, интересирања, следствено и нејзини драмски објави. https://eckermann.org.rs/apokalipticna-komedija/

Белградска „Политика“ неодамна објави осврт од книжевната критичарка Александра Ѓуричиќ. Инаку, објавата на антивоената гротеска на македонскиот драмски автор, на соседната книжевна сцена го привлече вниманието на тамошната театаролошка јавност: веднаш по објавата на книгата со три драмски текста на Османли насловена „Пат во рајот“, Марко Радојичиќ уредник на белградскиот портал Edt Culture кој ја следи целокупната кутурна актива на српската книжевна и театарска сцена, беше издвоена како еден од петте преведени наслови на годината. Натаму, белградскиот неделник „Novi magazin”, токму по повод најновата книга на Османли објавена во Србија, во мај годинава (14.05.2024) неодамна објави интервју на истакнатата новинарка и книжевна критичарка Анѓелка Цвијиќ со Османли. Најнова афирмација е објавата на пиесата „Апокалиптична комедија“ по барање на угледниот портал “Eckermann”.

Инаку, „Апокалиптична комедија“ на Томислав Османли за прв пат беше публикувана во 2000 година во списанието „Književna revija“, издание на Матица хрватска од Осијек, во превод на истакнатиот македонист проф. д-р Златко Крамариќ, во тоа време член на уредништвото на списанието, а во 2004 и во Грција во превод од македонски на проф. Костас Катсанос, во посебна книга на солунското книгоиздателство „University studio press”. Кај нас пиесата двојазично, на македонски и на англиски јазик, ја објави скопска „Култура“ во 2005 година.

Интернет списанието „Eckermann” е покренато 2006 година како портал за објавување литературни интервјуи , при што името го носи во чест на Јохан Петер Екерман авторот на првото книжевно интервју во историјата на литературата, остварено со големиот филозоф и писател Јохан В. Гете чиј пријател и личен секретар, инаку бил Екерман. Од 2015 година и како „веб списание за книжевност“ во кое се објавуваат творби од поезијата, прозата, драмската уметност, критиката, есеистиката, теми, видео-разговори и уметнички е-книги. Списанието се појавува шест пати во годината. Главен уредник на овој реномиран литературен портал е српскиот писател Енес Халиловиќ, истакнат поет и романописец.

Пред објавата на „Апокалиптична комедија“, на порталот „Eckermann” Османли години со ред објавувал свои поетски, прозни, една есеистичка и претходна драмска творба.

 

The post Драмата „Апокалиптична комедија“ на Томислав Османли објавена во српскиот литературен портал „Eckermann” appeared first on Република.

]]>

Српското електронско списание „Eckermann” во својот најнов, 44 број ја објави театарската пиеса „Апокалиптична комедија“ на Томислав Османли. Пиесата неодамна беше објавена од издавачот „Прометеј“ од Нови Сад исто така во Србија и е дел од книгата со три драмски текста на Османли, насловена „Пат во рајот“. Оваа антивоена театарска пиеса на македонскиот прозаист и драмски автор е напишана пред честврт век, во времето на жестоките југословенските војни чии сенки опасно се надвиваа и над нашава земја. Во неа како лик се појавува Христос во своето „второ пришастие“ но како бог со изгубена моќ, неспособен среде омразата и жестокоста на бескрајните воени судири да ја оствари библиски пророкуваната Апокалипса. Денес, во екот на новата епоха на жестоки конфликти „Апокалиптична комедија“ работена како фантасмагорична гротеска, со бројни ликови и драмски и визуелни елементи на очудување, пиесата на Османли доживува нова актуелност, интересирања, следствено и нејзини драмски објави. https://eckermann.org.rs/apokalipticna-komedija/ Белградска „Политика“ неодамна објави осврт од книжевната критичарка Александра Ѓуричиќ. Инаку, објавата на антивоената гротеска на македонскиот драмски автор, на соседната книжевна сцена го привлече вниманието на тамошната театаролошка јавност: веднаш по објавата на книгата со три драмски текста на Османли насловена „Пат во рајот“, Марко Радојичиќ уредник на белградскиот портал Edt Culture кој ја следи целокупната кутурна актива на српската книжевна и театарска сцена, беше издвоена како еден од петте преведени наслови на годината. Натаму, белградскиот неделник „Novi magazin”, токму по повод најновата книга на Османли објавена во Србија, во мај годинава (14.05.2024) неодамна објави интервју на истакнатата новинарка и книжевна критичарка Анѓелка Цвијиќ со Османли. Најнова афирмација е објавата на пиесата „Апокалиптична комедија“ по барање на угледниот портал “Eckermann”. Инаку, „Апокалиптична комедија“ на Томислав Османли за прв пат беше публикувана во 2000 година во списанието „Književna revija“, издание на Матица хрватска од Осијек, во превод на истакнатиот македонист проф. д-р Златко Крамариќ, во тоа време член на уредништвото на списанието, а во 2004 и во Грција во превод од македонски на проф. Костас Катсанос, во посебна книга на солунското книгоиздателство „University studio press”. Кај нас пиесата двојазично, на македонски и на англиски јазик, ја објави скопска „Култура“ во 2005 година. Интернет списанието „Eckermann” е покренато 2006 година како портал за објавување литературни интервјуи , при што името го носи во чест на Јохан Петер Екерман авторот на првото книжевно интервју во историјата на литературата, остварено со големиот филозоф и писател Јохан В. Гете чиј пријател и личен секретар, инаку бил Екерман. Од 2015 година и како „веб списание за книжевност“ во кое се објавуваат творби од поезијата, прозата, драмската уметност, критиката, есеистиката, теми, видео-разговори и уметнички е-книги. Списанието се појавува шест пати во годината. Главен уредник на овој реномиран литературен портал е српскиот писател Енес Халиловиќ, истакнат поет и романописец. Пред објавата на „Апокалиптична комедија“, на порталот „Eckermann” Османли години со ред објавувал свои поетски, прозни, една есеистичка и претходна драмска творба.  

The post Драмата „Апокалиптична комедија“ на Томислав Османли објавена во српскиот литературен портал „Eckermann” appeared first on Република.

]]>
Расказот на Томислав Османли од „Книгата за Петре“ објавен во Хрватска, Србија и Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/raskazot-na-tomislav-osmanli-od-knigata-za-petre-objaven-vo-hrvatska-srbija-i-grtsija/ Thu, 18 Jul 2024 06:56:32 +0000 https://republika.mk/?p=797880

Расказот „Удвојувања“, нова прозна творба на писателот Томислав Османи, е објавен во Хрватска, Србија и Грција. Најновите објави, како што информира авторот, доаѓаат по неодамнешното публикување на расказот во антологијата со која се чествува јубилејниот роденден на Петре М. Андреевски.

Расказот на Османли е една од 19-те прози на истакнати македонски раскажувачи, кои по иницијатива на авторката и уредничка Оливера Ќорвезироска и на книгоиздателството „Арс Ламина“ од Скопје, се специјално напишани за ова чествување со антологијата „Книга за Петре“, неодамна објавена и промовирана во МАНУ од академиците Влада Урошевиќ и Венко Андоновски.

Расказот „Удвојувања“ веднаш по неговата објава на македонски, деновиве доживува објави на грчки јазик во елитната ревија за култура и општествени прашања „ Ένεκεν“ од Солун, во српскиот литературен портал„Sinhro“ https://sinhro.rs/tomislav-osmanli-udvajanje-prica/ како и во подеднакво угледниот хрватски портал „Tris” https://tris.com.hr/2024/07/prica-tomislava-osmanlija-visestruko-nagradivanog-makedonskog-pisca-udvajanja-udvostrucenja/ со седиште во Шибеник. Преводите на трите јазици ги реализира самиот автор на расказот, наведува авторот.

„Удвојување“ е сторија за крајната отуѓеност на малиот човек и запоставениот граѓанин, административниот работник пред пензија Петар Петров кој, притиснат од сѐ поотуѓеното општество во кое и тој и сличните на него изгубиле секакво значење, одлучува да изведе еден особен, дискретен протест. И оваа проза му припаѓа на жанрот кој нашиот автор одамна го именуваше „капричо“ во кој клуч се напишани расказите од неговите збирки „Каприча – елегии и гротески, апсурди во проза“ и „Парадоксикон – 12 прози кај комични, таму и тажни за вчудовиденост, сатиричноста, сарказмот, очудноста, за гротеската, фарсата и за парадоксите што не престануваат да нѐ населуваат“ за која инаку Томислав Османли го доби Рациновото признание за 2020 година.

Брзиот одзив на регионалните списанија во објавата на новата творба на македонскиот писател е потврда дека и оваа ангажирана проза на Османли има не само домашно и локално, туку и општо знаење. Трите објави едновремено се и творечко потсетување на книжевниот лик на Петре М. Андреевски, еден од најзначајните македонски и бившо југословенски книжевни дејци.

Во спомнатите три книжевни медиуми, како и во повеќе други регионални и меѓународни списанија, портали и весници, Османли е повеќекратно објавуван автор.

The post Расказот на Томислав Османли од „Книгата за Петре“ објавен во Хрватска, Србија и Грција appeared first on Република.

]]>

Расказот „Удвојувања“, нова прозна творба на писателот Томислав Османи, е објавен во Хрватска, Србија и Грција. Најновите објави, како што информира авторот, доаѓаат по неодамнешното публикување на расказот во антологијата со која се чествува јубилејниот роденден на Петре М. Андреевски. Расказот на Османли е една од 19-те прози на истакнати македонски раскажувачи, кои по иницијатива на авторката и уредничка Оливера Ќорвезироска и на книгоиздателството „Арс Ламина“ од Скопје, се специјално напишани за ова чествување со антологијата „Книга за Петре“, неодамна објавена и промовирана во МАНУ од академиците Влада Урошевиќ и Венко Андоновски.
Расказот „Удвојувања“ веднаш по неговата објава на македонски, деновиве доживува објави на грчки јазик во елитната ревија за култура и општествени прашања „ Ένεκεν“ од Солун, во српскиот литературен портал„Sinhro“ https://sinhro.rs/tomislav-osmanli-udvajanje-prica/ како и во подеднакво угледниот хрватски портал „Tris” https://tris.com.hr/2024/07/prica-tomislava-osmanlija-visestruko-nagradivanog-makedonskog-pisca-udvajanja-udvostrucenja/ со седиште во Шибеник. Преводите на трите јазици ги реализира самиот автор на расказот, наведува авторот.
„Удвојување“ е сторија за крајната отуѓеност на малиот човек и запоставениот граѓанин, административниот работник пред пензија Петар Петров кој, притиснат од сѐ поотуѓеното општество во кое и тој и сличните на него изгубиле секакво значење, одлучува да изведе еден особен, дискретен протест. И оваа проза му припаѓа на жанрот кој нашиот автор одамна го именуваше „капричо“ во кој клуч се напишани расказите од неговите збирки „Каприча – елегии и гротески, апсурди во проза“ и „Парадоксикон – 12 прози кај комични, таму и тажни за вчудовиденост, сатиричноста, сарказмот, очудноста, за гротеската, фарсата и за парадоксите што не престануваат да нѐ населуваат“ за која инаку Томислав Османли го доби Рациновото признание за 2020 година. Брзиот одзив на регионалните списанија во објавата на новата творба на македонскиот писател е потврда дека и оваа ангажирана проза на Османли има не само домашно и локално, туку и општо знаење. Трите објави едновремено се и творечко потсетување на книжевниот лик на Петре М. Андреевски, еден од најзначајните македонски и бившо југословенски книжевни дејци. Во спомнатите три книжевни медиуми, како и во повеќе други регионални и меѓународни списанија, портали и весници, Османли е повеќекратно објавуван автор.

The post Расказот на Томислав Османли од „Книгата за Петре“ објавен во Хрватска, Србија и Грција appeared first on Република.

]]>
Промовирана руската објава на македонскиот роман „Бродот. Конзархија“ од Томислав Османли https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promovirana-ruskata-objava-na-makedonskiot-roman-brodot-konzarhija-od-tomislav-osmanli/ Fri, 24 May 2024 12:30:16 +0000 https://republika.mk/?p=781414

По повод Денот на словенските просветители, синоќа во Москва беше промовирана новата, руска објава на романот на македонскиот писател Томислав Османли „Бродот. Конзархија“, која е дел од меѓународната едиција „100 словенски романи“. Романот е во превод на преведувачка Олга Панкина, а го објави издавачката куќа Центар за книга „Рудомино” од Москва.

За време на промоцијата, авторот Томислав Османи преку видеоснимка рече дека станува збор за книга која не се базира само на изразувањето на сопственото авторско его, на интимата, тука се обидува да ја опфати и да ја согледа и судбината на современиот свет.

-Станува збор за книга којашто ми донесе голема сатисфакција со оглед на тоа, дека се изразив себеси - сметам на еден начин којшто, еве, барем мене како автор ме задоволува: не се базира само на изразувањето на сопственото авторско его, на интимата и така натаму, тука се обидува да ја опфати и да ја согледа и судбината на современиот свет, за прво на човекот во современото загрижувачки отуѓено општество, посочи Османли.

Проектот „100 словенски романи” со посебен акцент на најновиот роман на Томислав Османли на промоцијата го претстави Jулија Созина, соработник во Библиотеката за странска литература, координатор на овој меѓународен проект од руската страна.

На настанот присуствувал и Евгениј Резниченко, директорот на Издавачката куќа Центар за книга „Рудомино” кој истовремено е и директор на Институтот за превод во Москва. Тој го оцени романот „Бродот. Конзархија” како значајно дело кое покренува низа проблеми многу важни за цивилизацијата.

Панкина го претстави романот подетално, зборувајќи за неговите особини, за жанрот, естетиката и поетиката, за јазикот и литературните квалитети.

Инаку „Бродот. Конзархија“ е шестиот по ред роман од македонски автор кој се појавува на руски јазик во едицијата „100 словенски романи“, сите во превод на Олга Панкина.

The post Промовирана руската објава на македонскиот роман „Бродот. Конзархија“ од Томислав Османли appeared first on Република.

]]>

По повод Денот на словенските просветители, синоќа во Москва беше промовирана новата, руска објава на романот на македонскиот писател Томислав Османли „Бродот. Конзархија“, која е дел од меѓународната едиција „100 словенски романи“. Романот е во превод на преведувачка Олга Панкина, а го објави издавачката куќа Центар за книга „Рудомино” од Москва. За време на промоцијата, авторот Томислав Османи преку видеоснимка рече дека станува збор за книга која не се базира само на изразувањето на сопственото авторско его, на интимата, тука се обидува да ја опфати и да ја согледа и судбината на современиот свет.
-Станува збор за книга којашто ми донесе голема сатисфакција со оглед на тоа, дека се изразив себеси - сметам на еден начин којшто, еве, барем мене како автор ме задоволува: не се базира само на изразувањето на сопственото авторско его, на интимата и така натаму, тука се обидува да ја опфати и да ја согледа и судбината на современиот свет, за прво на човекот во современото загрижувачки отуѓено општество, посочи Османли.
Проектот „100 словенски романи” со посебен акцент на најновиот роман на Томислав Османли на промоцијата го претстави Jулија Созина, соработник во Библиотеката за странска литература, координатор на овој меѓународен проект од руската страна. На настанот присуствувал и Евгениј Резниченко, директорот на Издавачката куќа Центар за книга „Рудомино” кој истовремено е и директор на Институтот за превод во Москва. Тој го оцени романот „Бродот. Конзархија” како значајно дело кое покренува низа проблеми многу важни за цивилизацијата. Панкина го претстави романот подетално, зборувајќи за неговите особини, за жанрот, естетиката и поетиката, за јазикот и литературните квалитети. Инаку „Бродот. Конзархија“ е шестиот по ред роман од македонски автор кој се појавува на руски јазик во едицијата „100 словенски романи“, сите во превод на Олга Панкина.

The post Промовирана руската објава на македонскиот роман „Бродот. Конзархија“ од Томислав Османли appeared first on Република.

]]>
Томислав Османли добитник на книжевната награда „Донат“ за животно дело https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tomislav-osmanli-dobitnik-na-knizhevnata-nagrada-donat-za-zhivotno-delo/ Wed, 29 Nov 2023 07:45:56 +0000 https://republika.mk/?p=717364

Награди „Донат“ за литературни придонеси им се доделени на македонските писатели Даниела Андовска-Трајковска и Борче Панов како и на невладината организација Хрватско-македонска тангента со седиште во Шибеник, додека наградата „Горан Бујиќ“ ѝ е доделена на Марина Мијаковска.

На литературна свеченост одржана во Задар, беа доделени годишните награди „Донат” и „Горан Бујиќ“ кои ги доделува задарскиот одел на Хрватското книжевно друштво – оддел Задар. Лауреати на тие награди се и четворица македонски писатели: на Томислав Османли награда за животно дело и на книжевните творци Борче Панов, Даниела Андовска-Трајкова и Марина Мијаковска, како и невладината организација Хрватско-македонска тангента, сите наградени за видни книжевни придонеси. Предлозите за награди до жирито пристигале од сите пет ограноци на ХКД, а конечните одлуки ги донело жири од 21 член, на чело со претседателот на задарскиот огранок на Хрватската книжевна асоцијација, предводен од писателот Никола Шимиќ Тонин, поет, романописец, драмски автор и преведувач.

„‘Донат’ за животно дело ќе му се врачи на Томислав Османли, македонски писател, сценарист, драматург, теоретичар на медиуми, филмски и театарски критичар, новинар и есеист – стои во дел од подолгото образложение за високото хрватско книжевно признание – Автор е на 28 книги публицистика, драмски текстови, сценарија и прози. Неговата теоретска студија „Филмот и политичкото“ (1981) е првата книга во Македонија посветена на седмата уметност, онака како што ‘Стрип, запис со човечки лик’ (1987, 2002) е првата книга посветена на деветтата уметност во таа земја.“ Подеталните творечки биографии на македонските добитници се објавени во септемврискиот број на списанието „Kvaka“: https://www.casopiskvaka.com.hr/2023/09/poznati-lauerati-devete-po-redu.html#more

Инаку, високите признанија именувани „Донат“ и „Горан Бујиќ – книжевници и новинари“ се доделуваат во знак на почит и сеќавање на рано заминатиот задарски творец, новинарот, писател, критичар и уредник Горан Бујиќ (род. 1955) секоја година на 28 декември, роденденот на творецот. Годинава со двете награди се почестени четворицата македонски автори и асоцијацијата која создава бројни културни мостови меѓу Хрватска и Македонија, предводена од политикологот Сашо Георгиевски. На овој начин асоцијацијата на задарските книжевни дејци, дел на Хрватското книжевно друштво, ја потврди својата отвореност и респектот кон македонските литературни творци во доменот на романескното, поетското, мултимедиското и теоретското творештво. Најзаслужен з тоа уважување е првиот човек на задарскиот Огранок, писателот Никола Шимиќ, како и неговите соработници од Управата и независните интелектуалци од бројниот состав на годинашното жири на наградите „Донат“ и „Горан Бујиќ“.

Заблагодарувајќи се од името на лауреатот на највисокото признание, наградата „Донат“ за животно дело на Томислав Османли ја прими Секретарот на Хрватско-македонската тангента, Милена Георгиевска, новинарка и уредничка на списанието „Македонски глас“ од Хрватска.

Останати добитници се словенечкиот автор Марјан Пунгартник и Ана Чагаљ

Наградите се состојат од Диплома, Медалјон со ликот на Горан Бујиќ и уметничка слика/фотографија дела на еминентни задарски уметници.

The post Томислав Османли добитник на книжевната награда „Донат“ за животно дело appeared first on Република.

]]>

Награди „Донат“ за литературни придонеси им се доделени на македонските писатели Даниела Андовска-Трајковска и Борче Панов како и на невладината организација Хрватско-македонска тангента со седиште во Шибеник, додека наградата „Горан Бујиќ“ ѝ е доделена на Марина Мијаковска. На литературна свеченост одржана во Задар, беа доделени годишните награди „Донат” и „Горан Бујиќ“ кои ги доделува задарскиот одел на Хрватското книжевно друштво – оддел Задар. Лауреати на тие награди се и четворица македонски писатели: на Томислав Османли награда за животно дело и на книжевните творци Борче Панов, Даниела Андовска-Трајкова и Марина Мијаковска, како и невладината организација Хрватско-македонска тангента, сите наградени за видни книжевни придонеси. Предлозите за награди до жирито пристигале од сите пет ограноци на ХКД, а конечните одлуки ги донело жири од 21 член, на чело со претседателот на задарскиот огранок на Хрватската книжевна асоцијација, предводен од писателот Никола Шимиќ Тонин, поет, романописец, драмски автор и преведувач. „‘Донат’ за животно дело ќе му се врачи на Томислав Османли, македонски писател, сценарист, драматург, теоретичар на медиуми, филмски и театарски критичар, новинар и есеист – стои во дел од подолгото образложение за високото хрватско книжевно признание – Автор е на 28 книги публицистика, драмски текстови, сценарија и прози. Неговата теоретска студија „Филмот и политичкото“ (1981) е првата книга во Македонија посветена на седмата уметност, онака како што ‘Стрип, запис со човечки лик’ (1987, 2002) е првата книга посветена на деветтата уметност во таа земја.“ Подеталните творечки биографии на македонските добитници се објавени во септемврискиот број на списанието „Kvaka“: https://www.casopiskvaka.com.hr/2023/09/poznati-lauerati-devete-po-redu.html#more Инаку, високите признанија именувани „Донат“ и „Горан Бујиќ – книжевници и новинари“ се доделуваат во знак на почит и сеќавање на рано заминатиот задарски творец, новинарот, писател, критичар и уредник Горан Бујиќ (род. 1955) секоја година на 28 декември, роденденот на творецот. Годинава со двете награди се почестени четворицата македонски автори и асоцијацијата која создава бројни културни мостови меѓу Хрватска и Македонија, предводена од политикологот Сашо Георгиевски. На овој начин асоцијацијата на задарските книжевни дејци, дел на Хрватското книжевно друштво, ја потврди својата отвореност и респектот кон македонските литературни творци во доменот на романескното, поетското, мултимедиското и теоретското творештво. Најзаслужен з тоа уважување е првиот човек на задарскиот Огранок, писателот Никола Шимиќ, како и неговите соработници од Управата и независните интелектуалци од бројниот состав на годинашното жири на наградите „Донат“ и „Горан Бујиќ“. Заблагодарувајќи се од името на лауреатот на највисокото признание, наградата „Донат“ за животно дело на Томислав Османли ја прими Секретарот на Хрватско-македонската тангента, Милена Георгиевска, новинарка и уредничка на списанието „Македонски глас“ од Хрватска. Останати добитници се словенечкиот автор Марјан Пунгартник и Ана Чагаљ Наградите се состојат од Диплома, Медалјон со ликот на Горан Бујиќ и уметничка слика/фотографија дела на еминентни задарски уметници.

The post Томислав Османли добитник на книжевната награда „Донат“ за животно дело appeared first on Република.

]]>
Книжевна средба на Томислав Османли во Шибеник https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knizhevna-sredba-na-tomislav-osmanli-vo-shibenik/ Mon, 04 Sep 2023 07:22:22 +0000 https://republika.mk/?p=678559

„По трагата на напишаниот збор“ е насловот на средбата со македонскиот писател Томислав Османли на четвртите по ред „Денови на македонската култура“ во Шибеник што се одржуваат под организација на невладиното здружение „Хрватско-македонска тангента“ кое создава активни мостови меѓу двете култури, општества и држави.

На средбата писателот Никола Шимиќ – Тонин најави уште едно скорешно гостување на Османли во Хрватска, овој пат на книжевната манифестација во Задар, каде ќе му биде врачена реномираната литературна награда „Donat“

Шибенските „Денови на македонската култура“ се одржуваат под работна тема „Влијанието на традицијата врз современата култура и уметност“.

Меѓу учесниците е и театарскиот и филмски режисер Александар Поповски, актуелен уметнички директор на „Slovensko narodno gledališče“ од Марибор, Словенија, Христо Петрески претседател на Друштвото на писателите на Македонија, писател и сликар и Томислав Османли.

Книжевната средбата со Османли во хрватските медиуми е најавена како „Претставување на реномираниот македонски писател Томислав Османли и на неговиот богат книжевен опус“. Инаку овој авторски настап на македонскиот писател доаѓа по неговото неодамнешно гостување во Загреб, каде во Македонскиот културно-информативен центар беше одржан негов богат книжевен портрет.

Средбата со Османли, на шибенските „Денови на македонската култура“ се одржа во вилата Трутини двори на островот Зларин. Неа ја отвори претседателот на „Хрватско-македонската тангента“ Сашо Георгиевски, а авторскиот портрет на Османли го претстави директорката на Македонскиот КИЦ во Загреб, Наталија Поповска. Посебен осврт кон книжевната дејност на Османли имаше и писателот Никола Шимиќ – Тонин, претседател на Одделот на Друштвото на хрватските писатели од Задар. Тој најави уште едно скорешно гостување на Османли во Хрватска, овој пат на книжевната манифестација во Задар, каде ќе му биде врачена реномираната литературна награда „Donat“ што нејзиниот одбор неодамна му ја доделил на нашиот автор за неговата сестрана авторска работа и за книжевните афирмации на неговите творби, во регионот и посебно во Хрватска.

Настап имаше и македонскиот писател, кој говореше за своите литературни пристапи, за неговите лични и тематски врски со Медитеранот и за другите креативни искуства во домените на драмската уметност, сценаристиката и теоријата на вербо-визуелните медиуми, на кои инаку Османли перманентно работи. На крајот од неговиот исказ, македонскиот писател присутните ги освои со стиховите на неговата наградена (2018, во Италија) песна „Љубов“ богата со медитерански слики и чувствувања.

Инаку, на четвртите „Денови на македонската култура“, во присуство на авторот, беше прикажан филмот „Балканот не е мртов“ работен според пиесата на Дејан Дуковски, а во режија на Александар Поповски, уметнички директор на Словенско народно гледалишче од Марибор и истакнат македонски режисер кој непрекинато потпишува врвни театарски режии низ поширокиот регион. Д-р Христо Петрески, писател, сликар и актуелен претседател на Друштвото на писателите на Македонија се претстави со изложбата насловена „Моливот пишува со срцето – Христово“, a со ликовната изложба „Море“ на манифестацијата се претстави и авторката Гојка Скориќ - Пелајиќ. Директорот на македонската државната Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Д-р Љупчо Јаневски одржа забележано предавање на тема од еко-туризмот.
Македонските гости на манифестацијата ги прими и градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ, потоа и началникот на Примоштен, Стипе Петрина.

The post Книжевна средба на Томислав Османли во Шибеник appeared first on Република.

]]>

„По трагата на напишаниот збор“ е насловот на средбата со македонскиот писател Томислав Османли на четвртите по ред „Денови на македонската култура“ во Шибеник што се одржуваат под организација на невладиното здружение „Хрватско-македонска тангента“ кое создава активни мостови меѓу двете култури, општества и држави. На средбата писателот Никола Шимиќ – Тонин најави уште едно скорешно гостување на Османли во Хрватска, овој пат на книжевната манифестација во Задар, каде ќе му биде врачена реномираната литературна награда „Donat“ Шибенските „Денови на македонската култура“ се одржуваат под работна тема „Влијанието на традицијата врз современата култура и уметност“. Меѓу учесниците е и театарскиот и филмски режисер Александар Поповски, актуелен уметнички директор на „Slovensko narodno gledališče“ од Марибор, Словенија, Христо Петрески претседател на Друштвото на писателите на Македонија, писател и сликар и Томислав Османли. Книжевната средбата со Османли во хрватските медиуми е најавена како „Претставување на реномираниот македонски писател Томислав Османли и на неговиот богат книжевен опус“. Инаку овој авторски настап на македонскиот писател доаѓа по неговото неодамнешно гостување во Загреб, каде во Македонскиот културно-информативен центар беше одржан негов богат книжевен портрет. Средбата со Османли, на шибенските „Денови на македонската култура“ се одржа во вилата Трутини двори на островот Зларин. Неа ја отвори претседателот на „Хрватско-македонската тангента“ Сашо Георгиевски, а авторскиот портрет на Османли го претстави директорката на Македонскиот КИЦ во Загреб, Наталија Поповска. Посебен осврт кон книжевната дејност на Османли имаше и писателот Никола Шимиќ – Тонин, претседател на Одделот на Друштвото на хрватските писатели од Задар. Тој најави уште едно скорешно гостување на Османли во Хрватска, овој пат на книжевната манифестација во Задар, каде ќе му биде врачена реномираната литературна награда „Donat“ што нејзиниот одбор неодамна му ја доделил на нашиот автор за неговата сестрана авторска работа и за книжевните афирмации на неговите творби, во регионот и посебно во Хрватска. Настап имаше и македонскиот писател, кој говореше за своите литературни пристапи, за неговите лични и тематски врски со Медитеранот и за другите креативни искуства во домените на драмската уметност, сценаристиката и теоријата на вербо-визуелните медиуми, на кои инаку Османли перманентно работи. На крајот од неговиот исказ, македонскиот писател присутните ги освои со стиховите на неговата наградена (2018, во Италија) песна „Љубов“ богата со медитерански слики и чувствувања. Инаку, на четвртите „Денови на македонската култура“, во присуство на авторот, беше прикажан филмот „Балканот не е мртов“ работен според пиесата на Дејан Дуковски, а во режија на Александар Поповски, уметнички директор на Словенско народно гледалишче од Марибор и истакнат македонски режисер кој непрекинато потпишува врвни театарски режии низ поширокиот регион. Д-р Христо Петрески, писател, сликар и актуелен претседател на Друштвото на писателите на Македонија се претстави со изложбата насловена „Моливот пишува со срцето – Христово“, a со ликовната изложба „Море“ на манифестацијата се претстави и авторката Гојка Скориќ - Пелајиќ. Директорот на македонската државната Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Д-р Љупчо Јаневски одржа забележано предавање на тема од еко-туризмот. Македонските гости на манифестацијата ги прими и градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ, потоа и началникот на Примоштен, Стипе Петрина.

The post Книжевна средба на Томислав Османли во Шибеник appeared first on Република.

]]>
Расказ на Томислав Османли објавен во Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/raskaz-na-tomislav-osmanli-objaven-vo-hrvatska/ Mon, 26 Jun 2023 14:27:31 +0000 https://republika.mk/?p=655377

Реномираниот хрватски портал ‘TRIS’ деновиве го објави расказот „Сонот на Ангеле Богев“ на македонскиот писател Томислав Османли. Станува збор за еден од расказите кои авторот жанровски ги одредува како каприча и кои ги објави во истоимената книга во издание на „Магор“ од Скопје, а овој конкретен расказ во нејзината српска објава насловена „Збир-ка-прича“, издание на новосадски „Прометеј“.

Расказот има вербо-визуелна градба па вклучува и илустрации избрани од самиот автор. „Сонот на Ангеле Богев“ за оваа објава на хрватски го преведе уредничката на порталот, истакнатата хрватска новинарка Даворка Блажевиќ, инаку авторка од редовите на реномираниот сплитски весник „Слободна Далмација“.

Објавата на расказот „Сонот на Ангеле Богев“ е проследена со воведен текст како и со авторска биографија на македонскиот писател, преземена од хрватскиот портал Кnjiževnost.hr.

Хрватскиот портал ‘Tris’ по втор пат објавува проза на македонскиот автор, откако неодамна го објави неговиот расказ „Мајка“.

Инаку, двете прози објавени на порталoт ‘Tris’ се резултат на активноста на асоцијацијата Хрватско-македонска тангента која е општествен, дипломатски, деловен и културен мост на соработка што се реализира со креативно поврзување на субјекти од двете држави.

 

The post Расказ на Томислав Османли објавен во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Реномираниот хрватски портал ‘TRIS’ деновиве го објави расказот „Сонот на Ангеле Богев“ на македонскиот писател Томислав Османли. Станува збор за еден од расказите кои авторот жанровски ги одредува како каприча и кои ги објави во истоимената книга во издание на „Магор“ од Скопје, а овој конкретен расказ во нејзината српска објава насловена „Збир-ка-прича“, издание на новосадски „Прометеј“. Расказот има вербо-визуелна градба па вклучува и илустрации избрани од самиот автор. „Сонот на Ангеле Богев“ за оваа објава на хрватски го преведе уредничката на порталот, истакнатата хрватска новинарка Даворка Блажевиќ, инаку авторка од редовите на реномираниот сплитски весник „Слободна Далмација“. Објавата на расказот „Сонот на Ангеле Богев“ е проследена со воведен текст како и со авторска биографија на македонскиот писател, преземена од хрватскиот портал Кnjiževnost.hr. Хрватскиот портал ‘Tris’ по втор пат објавува проза на македонскиот автор, откако неодамна го објави неговиот расказ „Мајка“. Инаку, двете прози објавени на порталoт ‘Tris’ се резултат на активноста на асоцијацијата Хрватско-македонска тангента која е општествен, дипломатски, деловен и културен мост на соработка што се реализира со креативно поврзување на субјекти од двете држави.  

The post Расказ на Томислав Османли објавен во Хрватска appeared first on Република.

]]>
Во Србија објавена книга со три драми на Томислав Османли https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-srbija-objavena-kniga-so-tri-drami-na-tomislav-osmanli/ Wed, 14 Jun 2023 08:19:00 +0000 https://republika.mk/?p=651135

Новосадски „Прометеј“, едно од најугледните српски книгоиздателства, деновиве ја објави книгата со три драми на македонскиот писател и драмски автор Томислав Османли. Книгата го носи насловот „Пат за рајот“ и ги вклучува драмите „Пат за Парамарибо“, „Двајца во Еден“ и „Апокалиптична комедија“. Преводот од македонски го направи српскиот писател и преведувач Александар Турунџиќ.

Текстовите претходно беа објавени во нашава земја, во три различни, двојазични изданија, на македонски и на англиски јазик. Додека првите два текста беа поставени во земјава, вториот и во странство, во Соединетите држави, завршниот драмски текст „Апокалиптична комедија“ беше објавен во Хрватска како и, во посебна книга, во Грција. Станува збор за текстови кои ја третираат положбата на поединецот во турбулентни времиња и сите носат ангажиран пристап по кој Османли е познат и во неговото прозно творештво. Трите драми од нивата објава „Пат во рајот“ добиваа највисоки оцени од критиката и дома како и во странство, а сега им се претставуваат на љубителите на драмскиот збор во Србија.

Ова е, инаку, шеста објава на македонскиот автор во Србија каде до сега се објавени неговите романи „Дваесет и првиот“ во издание на „Дерета“, „Зад аголот“ публикуван од издавачката куќа „Албатрос плус“, двете од Белград, додека новосадска „Агора“ минатата година го објави дистопискиот роман „Бродот. Конзархија“. Новосадското книгоиздателство „Прометеј“ пред најновава, претходно публикуваше уште две книги на македонскиот писател, прозните збирки „Каприча“ во 2019 и „Светилка за Ханука“ во 2021 година.

 

The post Во Србија објавена книга со три драми на Томислав Османли appeared first on Република.

]]>

Новосадски „Прометеј“, едно од најугледните српски книгоиздателства, деновиве ја објави книгата со три драми на македонскиот писател и драмски автор Томислав Османли. Книгата го носи насловот „Пат за рајот“ и ги вклучува драмите „Пат за Парамарибо“, „Двајца во Еден“ и „Апокалиптична комедија“. Преводот од македонски го направи српскиот писател и преведувач Александар Турунџиќ. Текстовите претходно беа објавени во нашава земја, во три различни, двојазични изданија, на македонски и на англиски јазик. Додека првите два текста беа поставени во земјава, вториот и во странство, во Соединетите држави, завршниот драмски текст „Апокалиптична комедија“ беше објавен во Хрватска како и, во посебна книга, во Грција. Станува збор за текстови кои ја третираат положбата на поединецот во турбулентни времиња и сите носат ангажиран пристап по кој Османли е познат и во неговото прозно творештво. Трите драми од нивата објава „Пат во рајот“ добиваа највисоки оцени од критиката и дома како и во странство, а сега им се претставуваат на љубителите на драмскиот збор во Србија. Ова е, инаку, шеста објава на македонскиот автор во Србија каде до сега се објавени неговите романи „Дваесет и првиот“ во издание на „Дерета“, „Зад аголот“ публикуван од издавачката куќа „Албатрос плус“, двете од Белград, додека новосадска „Агора“ минатата година го објави дистопискиот роман „Бродот. Конзархија“. Новосадското книгоиздателство „Прометеј“ пред најновава, претходно публикуваше уште две книги на македонскиот писател, прозните збирки „Каприча“ во 2019 и „Светилка за Ханука“ во 2021 година.  

The post Во Србија објавена книга со три драми на Томислав Османли appeared first on Република.

]]>
Фантастичен расказ на Томислав Османли обjавен во турското списание „Критикбу“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/fantastichen-raskaz-na-tomislav-osmanli-objaven-vo-turskoto-spisanie-kritikbu/ Mon, 10 Apr 2023 11:44:05 +0000 https://republika.mk/?p=629459

Прозната фантазија „Корто Малтезе во скопската чаршија“, е најновата проза на писателот Томислав Османли објавена во превод на турски јазик во електронското списние „Kritikbu” (kritikbu.com).

Ова списание до сега објавило неколку прозни текстови на Османли. Како и тие, најновата објава со опсежната проза на истакнатит македонски писател, на турски јазик ја преведе нашиот познат преведувач Мехмед Јонуз.

„Корто Малтезе во скопската чаршија“, како што се наведува во објавта, е покрај „Малиот Немо во мундирот на Корто“, инаку еден од двата расказа, мета-стриповни фантазии во проза, кои нашиот автор, познат и како љубител и познавач на стрипот, ги создаде како сопствени книжевни посвети на универзално популарниот стрип-јунак на знаменитиот италијански стрип-сценарист и цртач Хуго Прат. Двата расказа се вградени во по една во двете најнови прозни збирки на Османли („Тајното братство на носталгичатите“ и „Океан од слики“), објавени од скопските книоиздателства „ВиГ Зеница“ и „АвантПрес“, и двете во 2018-та година.

Вториот од двата расказа на Османли посветени на легендарнио стрип јунак Корто Малтезе прв пат беше објавен на италијански портал „Bombagiu“ во превод на поетесата и италијанистка Билјана Билјановска, потоа во неговиот оригинален испис на македонски на неколку места, како и на книжевниот „Sehara“ портал во Босна и Херцеговина. Расказот, моментно, на грчки јазик го прведува лингвистката и преведувачка Марија Думба, за неговата претстојна објава во грчко книжевно списание.

И додека тој расказ е еден вид прозна химна на стрипот како своевиедн „Океан од слики“, но и проза за зреењето на младиот човек низ фантастичниот свет на деветтата уметност, „Корто Малтезе во скопската чаршија“ е фабуларно раскошна фантазија за Скопје од минатото и имагинарнат посета на светскиот патник и морнар на едно мистично Скопје во кое возбудлино но и благородно се машаат културите и луѓето од Истокот и од Западот, препознавани како ликови на добри намери, се наведува за расказот.

Инаку, Електронското списание за литература и култура има два домицила, уредничкиот во Турција и техничкиот во Германија, оттука и двојното значење на називот „Kritikbu” што на турски јазик знaчи „критика овде“, а на германски „книжевна критика“. Основач и главна уредничка е М-р Сема Ватансевер книжевна критичарка, теоретичарка и писателка. Таа ја потпишува и уредувачката и редакторската улога и во тукуто објавениот стриповен расказ на македонскиот писател. Во е-списанието „Kritikbu” прозната фантазија „Корто Малтезе во скопската чаршија“ на Томислав Османли се објавува во четири продолженија.

The post Фантастичен расказ на Томислав Османли обjавен во турското списание „Критикбу“ appeared first on Република.

]]>

Прозната фантазија „Корто Малтезе во скопската чаршија“, е најновата проза на писателот Томислав Османли објавена во превод на турски јазик во електронското списние „Kritikbu” (kritikbu.com). Ова списание до сега објавило неколку прозни текстови на Османли. Како и тие, најновата објава со опсежната проза на истакнатит македонски писател, на турски јазик ја преведе нашиот познат преведувач Мехмед Јонуз. „Корто Малтезе во скопската чаршија“, како што се наведува во објавта, е покрај „Малиот Немо во мундирот на Корто“, инаку еден од двата расказа, мета-стриповни фантазии во проза, кои нашиот автор, познат и како љубител и познавач на стрипот, ги создаде како сопствени книжевни посвети на универзално популарниот стрип-јунак на знаменитиот италијански стрип-сценарист и цртач Хуго Прат. Двата расказа се вградени во по една во двете најнови прозни збирки на Османли („Тајното братство на носталгичатите“ и „Океан од слики“), објавени од скопските книоиздателства „ВиГ Зеница“ и „АвантПрес“, и двете во 2018-та година. Вториот од двата расказа на Османли посветени на легендарнио стрип јунак Корто Малтезе прв пат беше објавен на италијански портал „Bombagiu“ во превод на поетесата и италијанистка Билјана Билјановска, потоа во неговиот оригинален испис на македонски на неколку места, како и на книжевниот „Sehara“ портал во Босна и Херцеговина. Расказот, моментно, на грчки јазик го прведува лингвистката и преведувачка Марија Думба, за неговата претстојна објава во грчко книжевно списание.
И додека тој расказ е еден вид прозна химна на стрипот како своевиедн „Океан од слики“, но и проза за зреењето на младиот човек низ фантастичниот свет на деветтата уметност, „Корто Малтезе во скопската чаршија“ е фабуларно раскошна фантазија за Скопје од минатото и имагинарнат посета на светскиот патник и морнар на едно мистично Скопје во кое возбудлино но и благородно се машаат културите и луѓето од Истокот и од Западот, препознавани како ликови на добри намери, се наведува за расказот.
Инаку, Електронското списание за литература и култура има два домицила, уредничкиот во Турција и техничкиот во Германија, оттука и двојното значење на називот „Kritikbu” што на турски јазик знaчи „критика овде“, а на германски „книжевна критика“. Основач и главна уредничка е М-р Сема Ватансевер книжевна критичарка, теоретичарка и писателка. Таа ја потпишува и уредувачката и редакторската улога и во тукуто објавениот стриповен расказ на македонскиот писател. Во е-списанието „Kritikbu” прозната фантазија „Корто Малтезе во скопската чаршија“ на Томислав Османли се објавува во четири продолженија.

The post Фантастичен расказ на Томислав Османли обjавен во турското списание „Критикбу“ appeared first on Република.

]]>
Расказ на Томислав Османли објавен на книжевен портал во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/raskaz-na-tomislav-osmanli-objaven-na-knizeven-portal-vo-turcija/ Thu, 17 Nov 2022 10:28:37 +0000 https://republika.mk/?p=574847

Расказот „Наредното евангелие“ на писателот Томислав Османли, заедно со биографија на авторот, е објавен на порталот за литература и книжевна критика „Kritikbu” (kritikbu.com) во Истанбул, двојазично – на турски и на англиски јазик.

Расказот на Османли, во кој се тематизира соочувањето на светот со пандемијата во последниве три години, првпат е објавен во 2020 во прилогот „Лик“ на весникот „Нова Македонија“ и оттогаш е објавен и во Хрватска, Босна и Херцеговина, Грција и Србија.

Станува збор за куса проза која го проблематизира отуѓениот свет на денешницата, фокусирајќи ја пандемијата како метафизичка казна и предупредување, за човештвото одродено од автентичните етички и морални вредности. Во видувањето на „Наредното евангелие“ пандемијата е конечна предупреда за глобалната цилизација која ризикува да се самоукине, крајно изневереувајќи ја филантопската бит која треба да ѝ е неотстапна одлика, вели авторот.

За објавата на расказот на порталот „Kritikbu”, преводот на турски е од Мехмед Јонуз, а на англиски го преведе Димитар Т. Османли.

 

The post Расказ на Томислав Османли објавен на книжевен портал во Турција appeared first on Република.

]]>

Расказот „Наредното евангелие“ на писателот Томислав Османли, заедно со биографија на авторот, е објавен на порталот за литература и книжевна критика „Kritikbu” (kritikbu.com) во Истанбул, двојазично – на турски и на англиски јазик. Расказот на Османли, во кој се тематизира соочувањето на светот со пандемијата во последниве три години, првпат е објавен во 2020 во прилогот „Лик“ на весникот „Нова Македонија“ и оттогаш е објавен и во Хрватска, Босна и Херцеговина, Грција и Србија.
Станува збор за куса проза која го проблематизира отуѓениот свет на денешницата, фокусирајќи ја пандемијата како метафизичка казна и предупредување, за човештвото одродено од автентичните етички и морални вредности. Во видувањето на „Наредното евангелие“ пандемијата е конечна предупреда за глобалната цилизација која ризикува да се самоукине, крајно изневереувајќи ја филантопската бит која треба да ѝ е неотстапна одлика, вели авторот.
За објавата на расказот на порталот „Kritikbu”, преводот на турски е од Мехмед Јонуз, а на англиски го преведе Димитар Т. Османли.  

The post Расказ на Томислав Османли објавен на книжевен портал во Турција appeared first on Република.

]]>
Објавен уште еден расказ на Томислав Османли во грчкото списание „Енекен“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/objaven-ushte-eden-raskaz-na-tomislav-osmanli-vo-grchkoto-spisanie-eneken/ Sun, 28 Aug 2022 07:58:15 +0000 https://republika.mk/?p=544850

Угледното списание за култура по петти пат објавува книжевен текст на македонскиот писател.

По претходниот, и во најновиот број 55/2022 на угледната ревија за култура „Енекен“, грчко списание за култура и општествени прашања кое се публикува во Солун, одново е објавна прозна творба на нашиот автор Томислав Османли. Станува збор за расказот „Лето, песок во косите“, инаку петта по ред книжевна содржина од македонскиот автор која ја објавува солунското списание. Расказот е летната повест, дел од циклусот од вкупно седум лирични прози насловен „Четири годишни времиња“, за прв пат објавен во прозната збирка „Приказни од Скопје“ што, во издание на скопска „Култура“, се појави во популарната едиција „Најчитаните“, во 2005 и одново во 2010 година.

Ревијата за култура „Енекен“ која се појавува сезонски, во новиот бр.55 за јануари-јуни 2022 година кој се појави деновиве, донесува голем број прозни, поетски текстови и книжевни осврти, како и студии, анализи текстови на општествени теми. Во него, покрај македонскиот, се застапени и автори од Грција, Русија, Кина, Франција и други култури.

Во претходниот број на грчкото списание македонскиот автор по четврти пат беше претствен со неговиот повеќекратно преведен и објавен расказ „Наредното евангелие“ тематски посветен на пандемијата во која нашиот автор препознава одглас на една, меѓусебно крајно оттуѓена цивилизација.

Новообјавениот расказ, пак, е љубовна проза за страстите на летото што живеат долго по одминување на најпосакуваното годишно, во зрелото животно доба. Ревијата „Енекен" до сега објавила и расказ и новела од прозната збирка „Светилка ѕа Ханука“, како и наградената песна „Љубов“ (" Έρως", "L'amore"), за која Османли во 2018 стана и прв добитник на главната награда на меѓународниот конкурс „Анте Поповски-Angelo LaVechia” во Италија.

Инаку, расказот „Лето, песок во косите“ претходно беше објавен и на српски, а во 2011 година, во преводот на француски јазик од страна на проф. Жана Ангеловска, беше објавен во париското списание за литература и општествени теми „Siècle 21“ („Дваесет и први век“) во избор на прози од писатели од неколку балкански писатели, именуван „Renaissance des Balkans“ („Ренесанса на Балканот“). Преводот на расказот „Песок во косите“ на грчки јазик објавен деновиве во Солун, беше правен токму од спомнатиот превод на француски јазик. Него го реализира главниот уредник на списанието Јоргос Јанопулос, поет и прозаист, критичар, активист и издавач.

 

The post Објавен уште еден расказ на Томислав Османли во грчкото списание „Енекен“ appeared first on Република.

]]>

Угледното списание за култура по петти пат објавува книжевен текст на македонскиот писател. По претходниот, и во најновиот број 55/2022 на угледната ревија за култура „Енекен“, грчко списание за култура и општествени прашања кое се публикува во Солун, одново е објавна прозна творба на нашиот автор Томислав Османли. Станува збор за расказот „Лето, песок во косите“, инаку петта по ред книжевна содржина од македонскиот автор која ја објавува солунското списание. Расказот е летната повест, дел од циклусот од вкупно седум лирични прози насловен „Четири годишни времиња“, за прв пат објавен во прозната збирка „Приказни од Скопје“ што, во издание на скопска „Култура“, се појави во популарната едиција „Најчитаните“, во 2005 и одново во 2010 година. Ревијата за култура „Енекен“ која се појавува сезонски, во новиот бр.55 за јануари-јуни 2022 година кој се појави деновиве, донесува голем број прозни, поетски текстови и книжевни осврти, како и студии, анализи текстови на општествени теми. Во него, покрај македонскиот, се застапени и автори од Грција, Русија, Кина, Франција и други култури. Во претходниот број на грчкото списание македонскиот автор по четврти пат беше претствен со неговиот повеќекратно преведен и објавен расказ „Наредното евангелие“ тематски посветен на пандемијата во која нашиот автор препознава одглас на една, меѓусебно крајно оттуѓена цивилизација. Новообјавениот расказ, пак, е љубовна проза за страстите на летото што живеат долго по одминување на најпосакуваното годишно, во зрелото животно доба. Ревијата „Енекен" до сега објавила и расказ и новела од прозната збирка „Светилка ѕа Ханука“, како и наградената песна „Љубов“ (" Έρως", "L'amore"), за која Османли во 2018 стана и прв добитник на главната награда на меѓународниот конкурс „Анте Поповски-Angelo LaVechia” во Италија. Инаку, расказот „Лето, песок во косите“ претходно беше објавен и на српски, а во 2011 година, во преводот на француски јазик од страна на проф. Жана Ангеловска, беше објавен во париското списание за литература и општествени теми „Siècle 21“ („Дваесет и први век“) во избор на прози од писатели од неколку балкански писатели, именуван „Renaissance des Balkans“ („Ренесанса на Балканот“). Преводот на расказот „Песок во косите“ на грчки јазик објавен деновиве во Солун, беше правен токму од спомнатиот превод на француски јазик. Него го реализира главниот уредник на списанието Јоргос Јанопулос, поет и прозаист, критичар, активист и издавач.  

The post Објавен уште еден расказ на Томислав Османли во грчкото списание „Енекен“ appeared first on Република.

]]>
„Столб што пее“ – нов роман на Томислав Османли https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/stolb-shto-pee-nov-roman-na-tomislav-osmanli/ Mon, 13 Jun 2022 07:19:06 +0000 https://republika.mk/?p=514285

Од печат излезе „Столб што пее“, новиот роман на македонскиот писател Томислав Османли, издание на книгоиздателтвото „ВиГ Зеница“ од Скопје. Ова е четврти роман на истакнатиот писател, добитник на високи домашни награди за своето книжевно творештво, автор на над триесет книги од различни жанрови и книжевник со бројни творби преведувани во странство.

„Столб што пее“ е роман со сложен хронотоп и наратив. Неговото дејство е транс-историско и се одвива паралелно: во антиката, во дваесеттото и во ова столетие. Почнува во првиот век на нашата ера кога еден умирачки антички мелограф и филозофски поет ќе нѝ ја остави најстарата преживеана песна од древните времиња, што се гласи со лирски тон и со оптимистичка порака; преку малоазиската војна 1919-1922 која е еден меѓунационален и меѓуверски масакр изведен во продолжение на Првата светска војна...; сѐ до нашево совремие, до оваа травматична 2022 година и новото опасно завојувано столетие. Романот дава жестока панорамска слика на вековите и посебно на оваа епоха на глобално распалувани војни.

Просторот на неговите паралелно водени фабули ги опфаќа древна и современа Мала Азија (Јонија со Анадолија, Сирија, Турција), суровите води на бегалскиот Медитеран по кој со годни допловуваат, но и потресно ги завршуваат животите безбројни бегалци од унесреќените земји на Третиот свет, пред негостољубивите води и граници на државите од Европа, во незгасната надеж дека некако ќе допрат до една од северните, главно недостижни земји; простори на надежта за конечно пројадена благосостојба и каков-таков спокој...

Книгата со романот „Столб што пее“ го вклучува предговорот на писателот и издавач Глигор Стојковски, насловен „Археологија на човековата омраза“.

„Новиот роман на Томислав Османли е еден вид книжевен крик за масовните човечки страдања од неизлечивата болест на историјата и на жестоките војни, на насилноста, одмаздољубивоста, суровоста како својства на т.н. цивилизација низ целиот нејзин тек, нараснати особено денес, вели Глигор Стојковски за романот „Столб што пее“.

„Оваа книга носи еден згуснат наратив посветен на драматичната разлика што постои меѓу мирољубивите учења, догми и доктрини на луѓето од дух, од морал и човекољубие... и на самата тврдокорна, насилна суштина на историјата на омразите, што Османли впечтливо ја истражува и разотрива во својот извонреден роман. Ова е уште едно ангажирано, возбудливо книжевно дело на Османли.

Сложениот наратив на романот го сочинуваат девет меѓусебно поврзани текови, соединети во матицата на романот, којшто, од друга страна, го следат и го засилуваат впечатливи документарни елементи: автентични фотографии, агенциски вести, tweet-ови, два природно вметнати расказни цитата од “Делата апостолски” на Новиот завет, интернет адреси и – посебно - четири музички QR-кодови во органска врска со насловот и метафората на „Столбот што пее“. На тој начин новиот роман на Османли се јавува и како фикционален, документарен и мултимедијален, делумно и интерактивен наратив од нов вид“.

Романот „Столб што пее“ во издание на „ВиГ Зеница“ се објавува со поддршка на Министерството за култура.

 

The post „Столб што пее“ – нов роман на Томислав Османли appeared first on Република.

]]>

Од печат излезе „Столб што пее“, новиот роман на македонскиот писател Томислав Османли, издание на книгоиздателтвото „ВиГ Зеница“ од Скопје. Ова е четврти роман на истакнатиот писател, добитник на високи домашни награди за своето книжевно творештво, автор на над триесет книги од различни жанрови и книжевник со бројни творби преведувани во странство. „Столб што пее“ е роман со сложен хронотоп и наратив. Неговото дејство е транс-историско и се одвива паралелно: во антиката, во дваесеттото и во ова столетие. Почнува во првиот век на нашата ера кога еден умирачки антички мелограф и филозофски поет ќе нѝ ја остави најстарата преживеана песна од древните времиња, што се гласи со лирски тон и со оптимистичка порака; преку малоазиската војна 1919-1922 која е еден меѓунационален и меѓуверски масакр изведен во продолжение на Првата светска војна...; сѐ до нашево совремие, до оваа травматична 2022 година и новото опасно завојувано столетие. Романот дава жестока панорамска слика на вековите и посебно на оваа епоха на глобално распалувани војни. Просторот на неговите паралелно водени фабули ги опфаќа древна и современа Мала Азија (Јонија со Анадолија, Сирија, Турција), суровите води на бегалскиот Медитеран по кој со годни допловуваат, но и потресно ги завршуваат животите безбројни бегалци од унесреќените земји на Третиот свет, пред негостољубивите води и граници на државите од Европа, во незгасната надеж дека некако ќе допрат до една од северните, главно недостижни земји; простори на надежта за конечно пројадена благосостојба и каков-таков спокој... Книгата со романот „Столб што пее“ го вклучува предговорот на писателот и издавач Глигор Стојковски, насловен „Археологија на човековата омраза“.
„Новиот роман на Томислав Османли е еден вид книжевен крик за масовните човечки страдања од неизлечивата болест на историјата и на жестоките војни, на насилноста, одмаздољубивоста, суровоста како својства на т.н. цивилизација низ целиот нејзин тек, нараснати особено денес, вели Глигор Стојковски за романот „Столб што пее“.
„Оваа книга носи еден згуснат наратив посветен на драматичната разлика што постои меѓу мирољубивите учења, догми и доктрини на луѓето од дух, од морал и човекољубие... и на самата тврдокорна, насилна суштина на историјата на омразите, што Османли впечтливо ја истражува и разотрива во својот извонреден роман. Ова е уште едно ангажирано, возбудливо книжевно дело на Османли. Сложениот наратив на романот го сочинуваат девет меѓусебно поврзани текови, соединети во матицата на романот, којшто, од друга страна, го следат и го засилуваат впечатливи документарни елементи: автентични фотографии, агенциски вести, tweet-ови, два природно вметнати расказни цитата од “Делата апостолски” на Новиот завет, интернет адреси и – посебно - четири музички QR-кодови во органска врска со насловот и метафората на „Столбот што пее“. На тој начин новиот роман на Османли се јавува и како фикционален, документарен и мултимедијален, делумно и интерактивен наратив од нов вид“. Романот „Столб што пее“ во издание на „ВиГ Зеница“ се објавува со поддршка на Министерството за култура.  

The post „Столб што пее“ – нов роман на Томислав Османли appeared first on Република.

]]>
Томислав Османли за белградски „Данас“: Воспитувањето по предметот „Човечност“ станува неопходно https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tomislav-osmanli-za-belgradski-danas-vospituvanjeto-po-predmetot-chovechnost-stanuva-neophodno/ Sat, 23 Apr 2022 09:32:21 +0000 https://republika.mk/?p=492583

Под насловот „Воспитувањето по предметот ‘Човечност’ станува неопходно“, угледниот белградски весник „Danas во неделниот прилог (Naslovna za 23. april 2022.  ), на две страници донесува интервју со нашиот писател Томислав Османли. Истакнатата српска новинарка,  уредничка и книжевна критичарка Анѓелка Цвијиќ овој разговор со нашиот автор го реализира фокусирајќи низа теми и аспекти за загрозувањето на хуманите вредности во историјата како и во современиот светРазговорот со македонскиот писател весникот Danas“ го објавува во празничниот број, што се појавува помеѓу еврејски Песах и православниот Велигден. Повод за интервју со македонскиот автор е неодамнешната објава на неговата книга „Светилка за Ханука“, што покрај големиот број меѓународни објави, неодамна, во превод на Зоран Ж. Пауновиќ, се појави во издание на реномираната куќа „Прометеј“ од Нови Сад.

Инаку, по неодамнешниот, получасовен разговор на Османли со уредникот на емисијата посветена на регионалните култури „Околу Балканот“ на Радио Белград 2 Светиљка за Хануку и Задња рука  - неговата книга, среде бујната книгоиздателска дејност на соседната култура, по втор пат го свртува вниманието на српските книжевни проследувачи.

Претставувајќи ја збирката раскази „Светилка за Ханука“ низ почетното објаснување на нашиот писател, авторката на интервјуто ги наведува и мотвите за нејзиното новинарско интересирање: „Книгата Светилка за Ханука – пишува таа –  спаѓа во редот на оние што не се забораваат. Со богат јазик, префинет стил и во неа се раскажаните притеснетите судбини на Евреите од балканските простори… Османли во расказите ја внел сета трагика на невините што страдаат во дијаболичните походи на оние, бесрамно убедените во своето месијанство. А кои, сведоци сме, и денес се неуморни во злосторите против човечноста...“

                Белградската авторка бележи дека Османли со „Светилката за Ханука“ започнал универзална тема на која тој ѝ го споветува и своето најновово дело, неговиот нов, штотуку завршен роман насловен „Столб што пее“ што наскоро треба да биде објавен во Македонија и што низ сложен наратив зборува за драстичната несогласност што постои меѓу миротворната свест на уметниците, филозофите од хуманиот дел на светот и - „сосем спротивната, насилна, ратоборна, масовно убиствена реалност“ како на минатите времиња, така и на ова отуѓено совремие…

                Со тоа белградската уредничка и книжевна критичарка интервјуто го постанува врз и живи теми и врз ангажирани содржини. Така, на нејзиното прашање: „Колку се знае за страдањето на Евреите од Балканот“, нашиот автор истакнува:

                „Се знае многу, но многу и се заборава. Среде овие, повторно многу 'етницифицирани' времиња, брзо бледнее сочувството за страдањето на Другиот. Тоа е ненаучената лекција од приказните за страдањата ширум светот, а посебно на Балканот. Многу е важно, особено книжевно да се потсетува на страдањата на другите, на блиските, кои се забораваат среде меркантилизмот на секојдневието свртено кон профитот и его-триповите на поединци меѓу политичките и деловните моќници, но веќе и меѓу обичните луѓе што животот сѐ почесто гопреживуваат без скрупули, и низ брзите бришење на историските сеќавања спрема Другиот. Медиумите, почнувајќи од пристрасните инфо-портали до високобуџетните  филмови, ја поттикнуваат таа цивилизација на самодоволноста во која речиси и да нема примери на алтруизам“, вели Османли и објаснува:

                „Во хибридниве времиња на пост-вистината, односно на легитимираните пропагандни лаги, разорно се развиваат не само средствата за масовното физичко, туку и оние за масмедиумското и духовното уништување на вистината. И Ковид е вкупната метафора за отровната пандемија на завладеаната карантинска и медиумска социопатија, спротивственоста помеѓу неконтролираната надмоќ и растечката масовна слабост и кревкост на поединците, на општествените слоеви, групи и народи. Ова некогаш жестоко го искусиле Евреите, но и Ромите и Србите, како и другите Словени, сите тие тевтонски проскрибирани и осудени на бескрупулозни исчезнувања. На овој начин, кога се пишува за страдањата на Евреите, дури и на Балканот, па и во минатото, тука по пат на уметничка дедукција нужно се подразбираат и современите Палестинци, Сиријци, Ирачани, Украинци... , луѓето од Донбас и Луганск па сѐ до Либија и до останатите, уште пострадални делови на светот. Во хипермедиумски покорените времиња кои создаваат расцепена свест, литературата е последниот бастион за чеситата, катарзична индивидуалност на авторите.“

                Авторката на интервјуто се интересира за причините за така масовното страдање на еврејското население, за тоа колку е тешко да се пишува на тема на холокаустот, за луѓето од други припадности што спасувале Евреи, на што писателот на книгата „Светилка за Ханука“ потсетува на позитивната улога на православните цркви во Втората светска војна, укажувајќи на примерите на владиците, Хрисостом од островот Закинтос и на Кирил од Пловдив, подоцна прв бугарски патријарх, кои со енергично спротивставување кон окупаторските нацисти од едната и на фашистичките власти на својата земја во другиот случај, ги спасиле комплетните еврејски заедници што живееле во нивние епархии.  

                По повеќе занимливо илустрирани одговори, на прашањето „Која вредност е најважна за да се спречи страдањето?“, писателот го дава следниот одговор:

                „ Човечноста, во секоја нејзина дименија. Социјална и индивидуална. Апсолутизираниот приватен интерес и немилосрдната алчност на новите моќници, домашните тајкуни и нивните корумпирани заштитници од државните „индустрии на моќта“ со новите, брендирани, 'fancy'  чизми на веќе легитимизираниот егоизам - газат сѐ пред себе. Човечноста пред сѐ; човечката сочувственост, солидарноста; а, меѓу учениците, пак, и доброто воспитание. Наместо социјална држава, на која бевме свикнати и покрај сите нејини недостатоци, ние - во новокомпонираново, распарчено општество за кое нѐ уверуваат дека тоа претставува демократски капитализам - добивме социјални држави. Не треба да си либерален марксист за да разбереш како воспитанувањето по предметот 'Човечност' станува неопходно...“

                Има ли доволно музеи кои би ги опоменувале луѓето, прашува новинараката на „Danas“:     „Ги има. И тие имаат многу важна улога. Го проблематиираат антисемитисмот и сите негови отворени или прикриени модалитети. Генерациите се учат како не смее да се постапува со Другите и со Различните. Но, во овој свет потопен во нови, масовни омрази и злочини, тие се на некој начин…доста осамени музеи…. Вистинскиот музеј што го чува интегритетот на луѓето, е човекот сам. Освестената иднивидуа, одново поопштествениот човек. Очовечениот човек, како основа на очовеченото општество.“ – заклучува македонскиот писател Томислав Османли во своето најново, белградско интервју.           

The post Томислав Османли за белградски „Данас“: Воспитувањето по предметот „Човечност“ станува неопходно appeared first on Република.

]]>

Под насловот „Воспитувањето по предметот ‘Човечност’ станува неопходно“, угледниот белградски весник „Danas во неделниот прилог (Naslovna za 23. april 2022.  ), на две страници донесува интервју со нашиот писател Томислав Османли. Истакнатата српска новинарка,  уредничка и книжевна критичарка Анѓелка Цвијиќ овој разговор со нашиот автор го реализира фокусирајќи низа теми и аспекти за загрозувањето на хуманите вредности во историјата како и во современиот светРазговорот со македонскиот писател весникот Danas“ го објавува во празничниот број, што се појавува помеѓу еврејски Песах и православниот Велигден. Повод за интервју со македонскиот автор е неодамнешната објава на неговата книга „Светилка за Ханука“, што покрај големиот број меѓународни објави, неодамна, во превод на Зоран Ж. Пауновиќ, се појави во издание на реномираната куќа „Прометеј“ од Нови Сад. Инаку, по неодамнешниот, получасовен разговор на Османли со уредникот на емисијата посветена на регионалните култури „Околу Балканот“ на Радио Белград 2 Светиљка за Хануку и Задња рука  - неговата книга, среде бујната книгоиздателска дејност на соседната култура, по втор пат го свртува вниманието на српските книжевни проследувачи. Претставувајќи ја збирката раскази „Светилка за Ханука“ низ почетното објаснување на нашиот писател, авторката на интервјуто ги наведува и мотвите за нејзиното новинарско интересирање: „Книгата Светилка за Ханука – пишува таа –  спаѓа во редот на оние што не се забораваат. Со богат јазик, префинет стил и во неа се раскажаните притеснетите судбини на Евреите од балканските простори… Османли во расказите ја внел сета трагика на невините што страдаат во дијаболичните походи на оние, бесрамно убедените во своето месијанство. А кои, сведоци сме, и денес се неуморни во злосторите против човечноста...“                 Белградската авторка бележи дека Османли со „Светилката за Ханука“ започнал универзална тема на која тој ѝ го споветува и своето најновово дело, неговиот нов, штотуку завршен роман насловен „Столб што пее“ што наскоро треба да биде објавен во Македонија и што низ сложен наратив зборува за драстичната несогласност што постои меѓу миротворната свест на уметниците, филозофите од хуманиот дел на светот и - „сосем спротивната, насилна, ратоборна, масовно убиствена реалност“ како на минатите времиња, така и на ова отуѓено совремие…                 Со тоа белградската уредничка и книжевна критичарка интервјуто го постанува врз и живи теми и врз ангажирани содржини. Така, на нејзиното прашање: „Колку се знае за страдањето на Евреите од Балканот“, нашиот автор истакнува:                 „Се знае многу, но многу и се заборава. Среде овие, повторно многу 'етницифицирани' времиња, брзо бледнее сочувството за страдањето на Другиот. Тоа е ненаучената лекција од приказните за страдањата ширум светот, а посебно на Балканот. Многу е важно, особено книжевно да се потсетува на страдањата на другите, на блиските, кои се забораваат среде меркантилизмот на секојдневието свртено кон профитот и его-триповите на поединци меѓу политичките и деловните моќници, но веќе и меѓу обичните луѓе што животот сѐ почесто гопреживуваат без скрупули, и низ брзите бришење на историските сеќавања спрема Другиот. Медиумите, почнувајќи од пристрасните инфо-портали до високобуџетните  филмови, ја поттикнуваат таа цивилизација на самодоволноста во која речиси и да нема примери на алтруизам“, вели Османли и објаснува:                 „Во хибридниве времиња на пост-вистината, односно на легитимираните пропагандни лаги, разорно се развиваат не само средствата за масовното физичко, туку и оние за масмедиумското и духовното уништување на вистината. И Ковид е вкупната метафора за отровната пандемија на завладеаната карантинска и медиумска социопатија, спротивственоста помеѓу неконтролираната надмоќ и растечката масовна слабост и кревкост на поединците, на општествените слоеви, групи и народи. Ова некогаш жестоко го искусиле Евреите, но и Ромите и Србите, како и другите Словени, сите тие тевтонски проскрибирани и осудени на бескрупулозни исчезнувања. На овој начин, кога се пишува за страдањата на Евреите, дури и на Балканот, па и во минатото, тука по пат на уметничка дедукција нужно се подразбираат и современите Палестинци, Сиријци, Ирачани, Украинци... , луѓето од Донбас и Луганск па сѐ до Либија и до останатите, уште пострадални делови на светот. Во хипермедиумски покорените времиња кои создаваат расцепена свест, литературата е последниот бастион за чеситата, катарзична индивидуалност на авторите.“                 Авторката на интервјуто се интересира за причините за така масовното страдање на еврејското население, за тоа колку е тешко да се пишува на тема на холокаустот, за луѓето од други припадности што спасувале Евреи, на што писателот на книгата „Светилка за Ханука“ потсетува на позитивната улога на православните цркви во Втората светска војна, укажувајќи на примерите на владиците, Хрисостом од островот Закинтос и на Кирил од Пловдив, подоцна прв бугарски патријарх, кои со енергично спротивставување кон окупаторските нацисти од едната и на фашистичките власти на својата земја во другиот случај, ги спасиле комплетните еврејски заедници што живееле во нивние епархии.                   По повеќе занимливо илустрирани одговори, на прашањето „Која вредност е најважна за да се спречи страдањето?“, писателот го дава следниот одговор:                 „ Човечноста, во секоја нејзина дименија. Социјална и индивидуална. Апсолутизираниот приватен интерес и немилосрдната алчност на новите моќници, домашните тајкуни и нивните корумпирани заштитници од државните „индустрии на моќта“ со новите, брендирани, 'fancy'  чизми на веќе легитимизираниот егоизам - газат сѐ пред себе. Човечноста пред сѐ; човечката сочувственост, солидарноста; а, меѓу учениците, пак, и доброто воспитание. Наместо социјална држава, на која бевме свикнати и покрај сите нејини недостатоци, ние - во новокомпонираново, распарчено општество за кое нѐ уверуваат дека тоа претставува демократски капитализам - добивме социјални држави. Не треба да си либерален марксист за да разбереш како воспитанувањето по предметот 'Човечност' станува неопходно...“                 Има ли доволно музеи кои би ги опоменувале луѓето, прашува новинараката на „Danas“:     „Ги има. И тие имаат многу важна улога. Го проблематиираат антисемитисмот и сите негови отворени или прикриени модалитети. Генерациите се учат како не смее да се постапува со Другите и со Различните. Но, во овој свет потопен во нови, масовни омрази и злочини, тие се на некој начин…доста осамени музеи…. Вистинскиот музеј што го чува интегритетот на луѓето, е човекот сам. Освестената иднивидуа, одново поопштествениот човек. Очовечениот човек, како основа на очовеченото општество.“ – заклучува македонскиот писател Томислав Османли во своето најново, белградско интервју.           

The post Томислав Османли за белградски „Данас“: Воспитувањето по предметот „Човечност“ станува неопходно appeared first on Република.

]]>
Османли: Време е да се прекинат „преговорите“ со Софија, од Македонија Бугарија не бидува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmanli-vreme-e-da-se-prekinat-pregovorite-so-sofija-od-makedonija-bugarija-ne-biduva/ Mon, 07 Feb 2022 12:16:20 +0000 https://republika.mk/?p=455117

За писателот Томислав Османли несфатливи се ставовите на историчарот Драги Ѓорѓиев, копретседател на мешовитата Комисија за историјата, според кој во Македонија имало бугарска окупација, инвазија но дека тоа не била фашистичка.

Од Македонија Бугарија не бидува, час поскоро да го сфатат западните партнери и да престанат да си играат со самобитниста на еден државотворен народ кој за слободата и државата се бореше во двата Илиндена.

Мене ми е преку глава од езоповскиот јазик на европејската политичка импотенција. Нашата волја за евроасоцирање останува отворена. И толку веќе. Тие треба да ни го испорачаат одамна заслуженото не да отвораат нови, бескрајни хипокритски игри и да ја тераат нашата врхушка (наша ли е?!) на самоуништувачки отстапки по диктат на својот конзервативизам и на бугарскиот шовинизам.

Време е да прекинеме со ‘преговорите’ со Бугарија во која тие поставуваат бескрајни живковистички барања, а нашата страна само ги прифаќа.

Постои за среќа и една друга Бугарија, онаа што изнедри синови јако Георги Димитров и редица интелектуалци кои го прифаќаат македонскиот идентитет. За жал, нив жестоко ги укина сталинизмот; и тој сe уште жари и пали по ‘националната’ свест на тамошните екстремисти од Каракачанов до Захариева. За домашните ‘еврофили по секоја цена’ (и јас сум, инаку, еврофил!) не треба да се губи простор, како и за секое идеолошко или лукративно слепило – пред неумолливите факти на политичката реалност“, напиша Османли.

The post Османли: Време е да се прекинат „преговорите“ со Софија, од Македонија Бугарија не бидува appeared first on Република.

]]>

За писателот Томислав Османли несфатливи се ставовите на историчарот Драги Ѓорѓиев, копретседател на мешовитата Комисија за историјата, според кој во Македонија имало бугарска окупација, инвазија но дека тоа не била фашистичка.
Од Македонија Бугарија не бидува, час поскоро да го сфатат западните партнери и да престанат да си играат со самобитниста на еден државотворен народ кој за слободата и државата се бореше во двата Илиндена. Мене ми е преку глава од езоповскиот јазик на европејската политичка импотенција. Нашата волја за евроасоцирање останува отворена. И толку веќе. Тие треба да ни го испорачаат одамна заслуженото не да отвораат нови, бескрајни хипокритски игри и да ја тераат нашата врхушка (наша ли е?!) на самоуништувачки отстапки по диктат на својот конзервативизам и на бугарскиот шовинизам. Време е да прекинеме со ‘преговорите’ со Бугарија во која тие поставуваат бескрајни живковистички барања, а нашата страна само ги прифаќа. Постои за среќа и една друга Бугарија, онаа што изнедри синови јако Георги Димитров и редица интелектуалци кои го прифаќаат македонскиот идентитет. За жал, нив жестоко ги укина сталинизмот; и тој сe уште жари и пали по ‘националната’ свест на тамошните екстремисти од Каракачанов до Захариева. За домашните ‘еврофили по секоја цена’ (и јас сум, инаку, еврофил!) не треба да се губи простор, како и за секое идеолошко или лукративно слепило – пред неумолливите факти на политичката реалност“, напиша Османли.

The post Османли: Време е да се прекинат „преговорите“ со Софија, од Македонија Бугарија не бидува appeared first on Република.

]]>
Новата проза на Томислав Османли објавена во Ревијата за култура и уметност „Енекен“ од Солун https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/novata-proza-na-tomislav-osmanli-objavena-vo-revijata-za-kultura-i-umetnost-eneken-od-solun/ Wed, 26 Jan 2022 13:50:08 +0000 https://republika.mk/?p=449812

Новата проза на македонскиот писател Томислав Османли е објавена во најновиот број на Ревијата за култура и уметност „Енекен“ од Солун. Станува збор за впечатлив расказ во која книжевно се прекршува најактуелната тема, пандемијата со која сѐ уште се соочува човештвото.

„Наредното евангелие“ тој феномен, што не престанува да ја оптоварува нашата севременост, го слика како стихија од библиски вид, епидемија што се шири одамна, а денес само експлодира. Во прозата на Османли, светот се соочува со сопствената длабока болест, крајно поделеното,  дистанцирано и изолирано човештво доведено до пароксизмот на искушувањето и на самиот бог.

Пандемијата што ја живееме како нова драма на човечката цивилизација во оваа кратка, густа и стежната проза е метафора за накажувањето поради отуѓувањето од основните човечки вредности – солидароноста, социјалната одговорност и сочувственост со Другиот, поради префитерскиот егоизам на моќните и на повластените во новото, протекционистичко масовно општество.

Пишувана со библиски израз, како што се појаснува, оваа проза на Османли гради есхатолошка визија на поделеното, егоизирано и спротивставено човечко општество соочено со пандемијата: глобалното отуѓување е причина и за епидемијата на глобалната осаменост. Општествената поделеност и егоизам, според авторот е повод и за социјалните дистанцирања во денешницата од затворања, самоизолации, осамувања, при што „новата реалност“ се држи на истенчените конци од сочувственоста. Сочувственоста која веќе не е дел од човековите препознатливи поведенија, авторот со горчлива иронија, му ја припишана единствено на бога. И таква, непостојна, таа веќе во следниот момент се заканува како неизустена катастрофа на светот.

Пред најновата, грчка објава, овој парадигматичен расказ што нашиот писател го напиша минатата година при трагичните кулминации на првиот бран од пандемијата, до сега го објавија неколку регионални медиуми, поточно хрватскиот портал „Kultura.hr“, српскиот „Sinhro.rs“, босанско-херцеговскиот „Astronaut.ba“..На македонски, расказот „Наредното евангелие“ е објавен во „ЛИК“, прилогот за култура и уметност на „Нова Македонија“, а може да се проследи и на сајтот на весникот.

The post Новата проза на Томислав Османли објавена во Ревијата за култура и уметност „Енекен“ од Солун appeared first on Република.

]]>

Новата проза на македонскиот писател Томислав Османли е објавена во најновиот број на Ревијата за култура и уметност „Енекен“ од Солун. Станува збор за впечатлив расказ во која книжевно се прекршува најактуелната тема, пандемијата со која сѐ уште се соочува човештвото. „Наредното евангелие“ тој феномен, што не престанува да ја оптоварува нашата севременост, го слика како стихија од библиски вид, епидемија што се шири одамна, а денес само експлодира. Во прозата на Османли, светот се соочува со сопствената длабока болест, крајно поделеното,  дистанцирано и изолирано човештво доведено до пароксизмот на искушувањето и на самиот бог. Пандемијата што ја живееме како нова драма на човечката цивилизација во оваа кратка, густа и стежната проза е метафора за накажувањето поради отуѓувањето од основните човечки вредности – солидароноста, социјалната одговорност и сочувственост со Другиот, поради префитерскиот егоизам на моќните и на повластените во новото, протекционистичко масовно општество. Пишувана со библиски израз, како што се појаснува, оваа проза на Османли гради есхатолошка визија на поделеното, егоизирано и спротивставено човечко општество соочено со пандемијата: глобалното отуѓување е причина и за епидемијата на глобалната осаменост. Општествената поделеност и егоизам, според авторот е повод и за социјалните дистанцирања во денешницата од затворања, самоизолации, осамувања, при што „новата реалност“ се држи на истенчените конци од сочувственоста. Сочувственоста која веќе не е дел од човековите препознатливи поведенија, авторот со горчлива иронија, му ја припишана единствено на бога. И таква, непостојна, таа веќе во следниот момент се заканува како неизустена катастрофа на светот.
Пред најновата, грчка објава, овој парадигматичен расказ што нашиот писател го напиша минатата година при трагичните кулминации на првиот бран од пандемијата, до сега го објавија неколку регионални медиуми, поточно хрватскиот портал „Kultura.hr“, српскиот „Sinhro.rs“, босанско-херцеговскиот „Astronaut.ba“..На македонски, расказот „Наредното евангелие“ е објавен во „ЛИК“, прилогот за култура и уметност на „Нова Македонија“, а може да се проследи и на сајтот на весникот.

The post Новата проза на Томислав Османли објавена во Ревијата за култура и уметност „Енекен“ од Солун appeared first on Република.

]]>