Томе Аџиевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tome-adhievski/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Nov 2023 07:41:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Томе Аџиевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tome-adhievski/ 32 32 Изложба на Томе Аџиевски во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-tome-adhievski-vo-chifte-amam/ Thu, 09 Nov 2023 07:41:15 +0000 https://republika.mk/?p=699709

Во галеријата Чифте амам вечер од 19.30 часот ќе биде отворена изложба на Томе Аџиевски, насловена „Once Upon A Time In The East“, во организација на Националната галерија. Најновиот творечки циклус на Аџиевски, како што информира Галеријата, претставува своевиден омаж на периодот на руската авангарда и нивната уметничка револуција - како реакција на општествената револуција.

Овој исклучително важен период од развојот на уметноста на минатиот век и историјата на уметноста генерално, преку неоавангардата, се уште има реминисценции врз уметноста на современоста, т.е. уметноста која се создава денес, колку и навидум анахроно самата неоавангарда да се перципира. Аџиевски „презема“ некои од искуствата на руската прогресивна уметничка интелигенција, предностите на апстрактната уметност, на конструктивизмот, на метафизичката уметност, супрематизмот, на уметноста како теорија, неоавангардата од 1970-те, постмодерната естетика, со цел да допре некои мошне акутни проблеми и денес. Преку ваквата визуелна предлошка, Аџиевски ја проблематизира и улогата на уметникот и уметноста од Источна Европа, каде геополитички припаѓа и нашата земја, тенденциозно говорејќи за потреба од поголемо вреднување на источната традиција, а не слепо следење на западниот глобализам на што сме сведоци децении наназад, наведува Националната галерија.

За своите дела авторот употребува користени и отпадни материјали или некои наменски снабдени за неговите скулптури. Станува збор за мултимедијални дела кои содржат лим, каширана хартија, пластика, метал, спирали од стари душеци, картони, туби, силикон, шипки, облека, мермер, јутени вреќи, ремени, пластични бардаци, текстил, дрвени плочи, асфалт, боја, катран итн.

Томе Аџиевски (1958, Струмица) дипломирал во 1983 година на Академијата за ликовни уметности во Загреб, во класата на скулпторот Иван Саболиќ. Истата година, како стипендист, остварил двомесечен студиски престој на Уметничката академија во Виена. Од 1984 година е член на ДЛУМ. Првпат самостојно се претставил во 1986, со проектот „Трчање на Запад“, кој ја разбранувал ликовната заедница со бескомпромисниот став кон темата. Во своето творештво се потпира на значајни моменти од историјата на уметноста на 20 век.

Контроверзен, но моќен, раскошен, но некогаш и оспоруван, Аџиевски отсекогаш со особена вештина создава дела кои имаат исклучителни просторно-естетски специфики, но ангажираниот општествено-политички дискурс доминира како важен белег на неговиот уметнички темперамент, наведува НГ во најавата за изложбата која ќе може да се посети до 29 ноември.

Куратор на проектот е Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија.

 

The post Изложба на Томе Аџиевски во Чифте амам appeared first on Република.

]]>

Во галеријата Чифте амам вечер од 19.30 часот ќе биде отворена изложба на Томе Аџиевски, насловена „Once Upon A Time In The East“, во организација на Националната галерија. Најновиот творечки циклус на Аџиевски, како што информира Галеријата, претставува своевиден омаж на периодот на руската авангарда и нивната уметничка револуција - како реакција на општествената револуција.
Овој исклучително важен период од развојот на уметноста на минатиот век и историјата на уметноста генерално, преку неоавангардата, се уште има реминисценции врз уметноста на современоста, т.е. уметноста која се создава денес, колку и навидум анахроно самата неоавангарда да се перципира. Аџиевски „презема“ некои од искуствата на руската прогресивна уметничка интелигенција, предностите на апстрактната уметност, на конструктивизмот, на метафизичката уметност, супрематизмот, на уметноста како теорија, неоавангардата од 1970-те, постмодерната естетика, со цел да допре некои мошне акутни проблеми и денес. Преку ваквата визуелна предлошка, Аџиевски ја проблематизира и улогата на уметникот и уметноста од Источна Европа, каде геополитички припаѓа и нашата земја, тенденциозно говорејќи за потреба од поголемо вреднување на источната традиција, а не слепо следење на западниот глобализам на што сме сведоци децении наназад, наведува Националната галерија.
За своите дела авторот употребува користени и отпадни материјали или некои наменски снабдени за неговите скулптури. Станува збор за мултимедијални дела кои содржат лим, каширана хартија, пластика, метал, спирали од стари душеци, картони, туби, силикон, шипки, облека, мермер, јутени вреќи, ремени, пластични бардаци, текстил, дрвени плочи, асфалт, боја, катран итн. Томе Аџиевски (1958, Струмица) дипломирал во 1983 година на Академијата за ликовни уметности во Загреб, во класата на скулпторот Иван Саболиќ. Истата година, како стипендист, остварил двомесечен студиски престој на Уметничката академија во Виена. Од 1984 година е член на ДЛУМ. Првпат самостојно се претставил во 1986, со проектот „Трчање на Запад“, кој ја разбранувал ликовната заедница со бескомпромисниот став кон темата. Во своето творештво се потпира на значајни моменти од историјата на уметноста на 20 век.
Контроверзен, но моќен, раскошен, но некогаш и оспоруван, Аџиевски отсекогаш со особена вештина создава дела кои имаат исклучителни просторно-естетски специфики, но ангажираниот општествено-политички дискурс доминира како важен белег на неговиот уметнички темперамент, наведува НГ во најавата за изложбата која ќе може да се посети до 29 ноември.
Куратор на проектот е Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија.  

The post Изложба на Томе Аџиевски во Чифте амам appeared first on Република.

]]>
ONCE UPON A TIME IN THE EAST – изложба на Томе Аџиевски во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/once-upon-a-time-in-the-east-izlozhba-na-tome-adhievski-vo-chifte-amam/ Tue, 31 Oct 2023 17:31:28 +0000 https://republika.mk/?p=696792

На 9 ноември, четврток, во 19.30 часот, во Националната галерија, објект Чифте амам, ќе се отвори најновата изложба на авторот Томе Аџиевски, насловена ONCE UPON A TIME IN THE EAST.

Томе Аџиевски е еден од исклучително важните уметници на т.н. средна генерација македонски современи уметници кои се појавуваат во 9 деценија (дипломира на Академијата за ликовни уметности во Загреб во 1983 година) и со својот младешко-бунтовнички карактер и желба за „револуционерни“ и брзи промени на уметноста кај нас влијае врз осовременување на македонскиот визуелен вокабулар како дел од македонската пост-модерна. Контроверзен но моќен, раскошен но некогаш и оспоруван, Аџиевски отсекогаш со особена вештина создава дела кои имаат исклучителни просторно-естетски специфики, но ангажираниот општествено-политички дискурс доминира како важен белег на неговиот уметнички темперамент. Се потпира на значајни моменти од историјата на уметноста на 20 век, кои како до ден денес да се движат по некоја циклична траекторија, со пресвртни револуционерни мигови кои доведуваат до смена на темпото, на разбирањето на уметноста и на нејзината улога и секако, улогата на уметникот во социо-општествениот хабитус.

Најновиот творечки циклус на Томе Аџиевски ONCE UPON A TIME IN THE EAST претставува своевиден омаж на периодот на руската авангарда и нивната уметничка револуција – како реакција на општествената револуција. Овој исклучително важен период од развојот на уметноста на минатиот век и историјата на уметноста генерално, преку нео-авангардата, сеуште има реминисценции врз уметноста на современоста, т.е. уметноста која се создава денес, колку и навидум анахроно самата нео-авангарда да се перципира. Аџиевски „превзема“ некои од искуствата на руската прогресивна уметничка интелигенција, предностите на апстрактната уметност, на конструктивизмот, на метафизичката уметност, супрематизмот, на уметноста како теорија, нео-авангардата од 70-те, пост-модерната естетика, со цел да допре некои мошне акутни проблеми и  денес. Преку ваквата визуелна предлошка Аџиевски ја проблематизира и улогата на уметникот и уметноста од Источна Европа, каде гео-политички припаѓа и нашата земја, тенденциозно говорејќи за потреба од поголемо вреднување на Источната традиција, а не слепо следење на Западниот глобализам на што сме сведоци децении наназад.

Сето тоа авторот го прави со една навидум „лесна“ и за него препознатлива визуелна матрица, употребувајќи користени и отпадни материјали или некои наменски снабдени за неговите скулптури, креирајќи просторно-формални конгломерации со трансгресивни и моќни скулпторски аспирации кои го освојуваат просторот на амамот. Станува збор за мултимедијални дела кои содржат лим, каширана хартија, пластика, метал, спирали од стари душеци, картони, туби, силикон, шипки, облека, мермер, јутени вреќи, каиши, пластични бардаци, текстил, дрвени плочи, асфалт, боја, катран итн.

Изложбата ќе трае до 29 ноември 2023, а куратор на проектот е Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија.

The post ONCE UPON A TIME IN THE EAST – изложба на Томе Аџиевски во Чифте амам appeared first on Република.

]]>

На 9 ноември, четврток, во 19.30 часот, во Националната галерија, објект Чифте амам, ќе се отвори најновата изложба на авторот Томе Аџиевски, насловена ONCE UPON A TIME IN THE EAST. Томе Аџиевски е еден од исклучително важните уметници на т.н. средна генерација македонски современи уметници кои се појавуваат во 9 деценија (дипломира на Академијата за ликовни уметности во Загреб во 1983 година) и со својот младешко-бунтовнички карактер и желба за „револуционерни“ и брзи промени на уметноста кај нас влијае врз осовременување на македонскиот визуелен вокабулар како дел од македонската пост-модерна. Контроверзен но моќен, раскошен но некогаш и оспоруван, Аџиевски отсекогаш со особена вештина создава дела кои имаат исклучителни просторно-естетски специфики, но ангажираниот општествено-политички дискурс доминира како важен белег на неговиот уметнички темперамент. Се потпира на значајни моменти од историјата на уметноста на 20 век, кои како до ден денес да се движат по некоја циклична траекторија, со пресвртни револуционерни мигови кои доведуваат до смена на темпото, на разбирањето на уметноста и на нејзината улога и секако, улогата на уметникот во социо-општествениот хабитус. Најновиот творечки циклус на Томе Аџиевски ONCE UPON A TIME IN THE EAST претставува своевиден омаж на периодот на руската авангарда и нивната уметничка револуција – како реакција на општествената револуција. Овој исклучително важен период од развојот на уметноста на минатиот век и историјата на уметноста генерално, преку нео-авангардата, сеуште има реминисценции врз уметноста на современоста, т.е. уметноста која се создава денес, колку и навидум анахроно самата нео-авангарда да се перципира. Аџиевски „превзема“ некои од искуствата на руската прогресивна уметничка интелигенција, предностите на апстрактната уметност, на конструктивизмот, на метафизичката уметност, супрематизмот, на уметноста како теорија, нео-авангардата од 70-те, пост-модерната естетика, со цел да допре некои мошне акутни проблеми и  денес. Преку ваквата визуелна предлошка Аџиевски ја проблематизира и улогата на уметникот и уметноста од Источна Европа, каде гео-политички припаѓа и нашата земја, тенденциозно говорејќи за потреба од поголемо вреднување на Источната традиција, а не слепо следење на Западниот глобализам на што сме сведоци децении наназад. Сето тоа авторот го прави со една навидум „лесна“ и за него препознатлива визуелна матрица, употребувајќи користени и отпадни материјали или некои наменски снабдени за неговите скулптури, креирајќи просторно-формални конгломерации со трансгресивни и моќни скулпторски аспирации кои го освојуваат просторот на амамот. Станува збор за мултимедијални дела кои содржат лим, каширана хартија, пластика, метал, спирали од стари душеци, картони, туби, силикон, шипки, облека, мермер, јутени вреќи, каиши, пластични бардаци, текстил, дрвени плочи, асфалт, боја, катран итн. Изложбата ќе трае до 29 ноември 2023, а куратор на проектот е Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија.

The post ONCE UPON A TIME IN THE EAST – изложба на Томе Аџиевски во Чифте амам appeared first on Република.

]]>