Тома Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toma/ За подобро да се разбереме Sun, 12 May 2024 09:10:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тома Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/toma/ 32 32 Денес е мал Велигден: На една недела по најголемиот празник се слави Томина недела, еве зошто од денес е добро да поверувате во Бог https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/denes-e-mal-veligden-na-edna-nedela-po-najgolemiot-praznik-se-slavi-tomina-nedela-eve-zoshto-od-denes-e-dobro-da-poveruvate-vo-bog/ Sun, 12 May 2024 09:10:43 +0000 https://republika.mk/?p=777180

Во недела е Томина Недела или Нова Недела, Антипасха, во западното христијанство позната како Бела Недела или Мал Велигден. Ова е значаен христијански празник кој се прославува во првата недела по Велигден и е посветен на светиот апостол Тома.

Кога Исус Христос се јавил на апостолите, Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот тој не поверувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“.

Поради тоа, апостолот Тома е наречен Неверен Тома. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Христос пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!“ На тоа Тома одговорил и рекол: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“.

The post Денес е мал Велигден: На една недела по најголемиот празник се слави Томина недела, еве зошто од денес е добро да поверувате во Бог appeared first on Република.

]]>

Во недела е Томина Недела или Нова Недела, Антипасха, во западното христијанство позната како Бела Недела или Мал Велигден. Ова е значаен христијански празник кој се прославува во првата недела по Велигден и е посветен на светиот апостол Тома. Кога Исус Христос се јавил на апостолите, Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот тој не поверувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“. Поради тоа, апостолот Тома е наречен Неверен Тома. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Христос пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!“ На тоа Тома одговорил и рекол: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“.

The post Денес е мал Велигден: На една недела по најголемиот празник се слави Томина недела, еве зошто од денес е добро да поверувате во Бог appeared first on Република.

]]>
Која е песната по која и Жељко и Бјела знаеја дека Ацо Пејовиќ ќе биде вистинскиот „Тома“? https://arhiva3.republika.mk/scena/film/koja-e-pesnata-po-koja-i-zeljko-i-bjela-znaeja-deka-aco-pejovikj-kje-bide-vistinskiot-toma/ Mon, 28 Mar 2022 12:18:58 +0000 https://republika.mk/?p=479848

На аудиција за гласот на легендарниот српски музичар Тома Здравковиќ за потребите на филмот „Тома“ поминале доста познати имиња од балканската сцена. Но, како дошло до тоа токму Ацо Пејовиќ да го позајмува гласот за песните во филмскиот хит, раскажува самиот во „Еден на Еден“.

Тој открива која била песната која ја извел пред продуцентите Жељко Јоксимовиќ и Драган Бјелогрлиќ:

The post Која е песната по која и Жељко и Бјела знаеја дека Ацо Пејовиќ ќе биде вистинскиот „Тома“? appeared first on Република.

]]>

На аудиција за гласот на легендарниот српски музичар Тома Здравковиќ за потребите на филмот „Тома“ поминале доста познати имиња од балканската сцена. Но, како дошло до тоа токму Ацо Пејовиќ да го позајмува гласот за песните во филмскиот хит, раскажува самиот во „Еден на Еден“. Тој открива која била песната која ја извел пред продуцентите Жељко Јоксимовиќ и Драган Бјелогрлиќ:

The post Која е песната по која и Жељко и Бјела знаеја дека Ацо Пејовиќ ќе биде вистинскиот „Тома“? appeared first on Република.

]]>
„Тома“ му донесе слава и нова девојка: Мариќ во врска со Миа Бјелогрлиќ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/toma-mu-donese-slava-i-nova-devojka-marikj-vo-vrska-so-mia-bjelogrlikj/ Sat, 05 Mar 2022 17:13:52 +0000 https://republika.mk/?p=468248

Актерот Милан Мариќ веќе еден месец е во среќна врска со Миа Бјелогрлиќ, ќерката на актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ.

Милан ја запознал Миа за време на снимањето на филмот „Тома“ во кој ја игра главната улога, а чиј автор е таткото на Миа, Драган Бјелогрлиќ- Бјела, пренесува „Блиц“.

Атрактивниот актер и убавата ќерка на Драган Бјелогрлиќ наводно се зближиле на новогодишна забава, а за љубовта не сакаат многу да зборуваат, па за нив знаат само најдобрите пријатели.

Нивната љубов цвета, велат блиски до овој млад пар и уживаат во секој момент од врската. И велат дека тато Бјела е среќен со новиот зет!

The post „Тома“ му донесе слава и нова девојка: Мариќ во врска со Миа Бјелогрлиќ appeared first on Република.

]]>

Актерот Милан Мариќ веќе еден месец е во среќна врска со Миа Бјелогрлиќ, ќерката на актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ. Милан ја запознал Миа за време на снимањето на филмот „Тома“ во кој ја игра главната улога, а чиј автор е таткото на Миа, Драган Бјелогрлиќ- Бјела, пренесува „Блиц“. Атрактивниот актер и убавата ќерка на Драган Бјелогрлиќ наводно се зближиле на новогодишна забава, а за љубовта не сакаат многу да зборуваат, па за нив знаат само најдобрите пријатели. Нивната љубов цвета, велат блиски до овој млад пар и уживаат во секој момент од врската. И велат дека тато Бјела е среќен со новиот зет!

The post „Тома“ му донесе слава и нова девојка: Мариќ во врска со Миа Бјелогрлиќ appeared first on Република.

]]>
Ќе ги пее сите песни што ги отпеа во „Тома“: Голем концерт на Ацо Пејовиќ во Скопје https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/kje-gi-pee-site-pesni-shto-gi-otpea-vo-toma-golem-koncert-na-aco-pejovikj-vo-skopje/ Tue, 18 Jan 2022 15:42:13 +0000 https://republika.mk/?p=446446

Моментално еден од најбараните и најслушани пејачи на Балканот, Ацо Пејовиќ со голем солистички концерт на 26-ти март ќе се претстави пред македонската публика. Концертот е закажан во спортската арена „Борис Трајковски“, а на неколкучасовниот концерт, миленикот на публиката ќе ги испее неговите најголеми хитови како што се: „Не питај“, „Да си ту“, „Година и јаче“, „Макар задњи пут“, „Неверна“ и уште многу други.

Особено Пејовиќ последниве месеци е актуелен по мега-популарниот филм „Тома“, бидејќи токму тој ги пее песните кои се пеат во филмот, а пред триесет години ги испеа легендарниот Тома Здравковиќ. Македонската публика ќе има прилика да ги слушне песните на Тома испеани од грлото на Ацо Пејовиќ, песни без кои денеска не поминува ниту една забава. „Свирајте ночас“, „Јелена“, новокомпонираната „Поноќ“, „За Лилјану“ и уште неколку други ќе се пеат во живо на 26-ти март.

Многу се радувам на овој концерт. Сум настапувал многупати во Македонија, публиката е феноменална, дружбите кај вас се паметат долго. Но, овој концерт посебно ме радува, бидејќи ќе се одржи во спортската сала каде настапувале многу големи имиња и од балканската, па и светската сцена. Што се однесува до репертоарот, ќе пеам тоа што сака публиката, ќе пеам и мои песни, а се разбира, неизбежни се и песните од филмот „Тома“, ексклузивно изјави Пејовиќ за македонските медиуми.

Организаторите  „Балкан медиа“ велат дека се подготвува музички спектакл каков досега немало во нашата земја.

Интересот е преголем. Секојдневно на социјалните мрежи добивавме прашања кога ќе организираме концерт на Ацо Пејовиќ. Ве уверуваме дека секој што ќе присуствува на 26-ти во „Борис Трајковски“ ќе ја памети таа ноќ. Едниствено што нас не плаши, е тоа што очигледно ќе се бара влезница повеќе, а ги знаеме капацитетите на салата, нè информираат од „Балкан Медиа“.

Тимот со кој доаѓа Пејовиќ во Скопје ќе биде голем. Од најсовремена техника, па сè до најситни детали ќе мора да бидат овозможени за неколкучасовниот концерт.

Исто така, неколку дена пред концертот, во Скопје ќе пристигне токму Ацо Пејовиќ на дружење со медиумите во Македонија, каде присутните ќе имаат прилика од блиску, односно лице во лице да поразговараат со големата музичка ѕвезда и да ги дознаат сите детали за концертот, но и за филмот „Тома“.

Инаку влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба и се по цена од 600 денари за стоење и 800 денари за седење. Истите можат да се купат преку мрежата на www.kupikarta.com, „Југотон“ и “Розе Веро 2“.

The post Ќе ги пее сите песни што ги отпеа во „Тома“: Голем концерт на Ацо Пејовиќ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Моментално еден од најбараните и најслушани пејачи на Балканот, Ацо Пејовиќ со голем солистички концерт на 26-ти март ќе се претстави пред македонската публика. Концертот е закажан во спортската арена „Борис Трајковски“, а на неколкучасовниот концерт, миленикот на публиката ќе ги испее неговите најголеми хитови како што се: „Не питај“, „Да си ту“, „Година и јаче“, „Макар задњи пут“, „Неверна“ и уште многу други. Особено Пејовиќ последниве месеци е актуелен по мега-популарниот филм „Тома“, бидејќи токму тој ги пее песните кои се пеат во филмот, а пред триесет години ги испеа легендарниот Тома Здравковиќ. Македонската публика ќе има прилика да ги слушне песните на Тома испеани од грлото на Ацо Пејовиќ, песни без кои денеска не поминува ниту една забава. „Свирајте ночас“, „Јелена“, новокомпонираната „Поноќ“, „За Лилјану“ и уште неколку други ќе се пеат во живо на 26-ти март.
Многу се радувам на овој концерт. Сум настапувал многупати во Македонија, публиката е феноменална, дружбите кај вас се паметат долго. Но, овој концерт посебно ме радува, бидејќи ќе се одржи во спортската сала каде настапувале многу големи имиња и од балканската, па и светската сцена. Што се однесува до репертоарот, ќе пеам тоа што сака публиката, ќе пеам и мои песни, а се разбира, неизбежни се и песните од филмот „Тома“, ексклузивно изјави Пејовиќ за македонските медиуми.
Организаторите  „Балкан медиа“ велат дека се подготвува музички спектакл каков досега немало во нашата земја. Интересот е преголем. Секојдневно на социјалните мрежи добивавме прашања кога ќе организираме концерт на Ацо Пејовиќ. Ве уверуваме дека секој што ќе присуствува на 26-ти во „Борис Трајковски“ ќе ја памети таа ноќ. Едниствено што нас не плаши, е тоа што очигледно ќе се бара влезница повеќе, а ги знаеме капацитетите на салата, нè информираат од „Балкан Медиа“. Тимот со кој доаѓа Пејовиќ во Скопје ќе биде голем. Од најсовремена техника, па сè до најситни детали ќе мора да бидат овозможени за неколкучасовниот концерт. Исто така, неколку дена пред концертот, во Скопје ќе пристигне токму Ацо Пејовиќ на дружење со медиумите во Македонија, каде присутните ќе имаат прилика од блиску, односно лице во лице да поразговараат со големата музичка ѕвезда и да ги дознаат сите детали за концертот, но и за филмот „Тома“. Инаку влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба и се по цена од 600 денари за стоење и 800 денари за седење. Истите можат да се купат преку мрежата на www.kupikarta.com, „Југотон“ и “Розе Веро 2“.

The post Ќе ги пее сите песни што ги отпеа во „Тома“: Голем концерт на Ацо Пејовиќ во Скопје appeared first on Република.

]]>
По Тома, спремете се за филм за Ноле https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/po-toma-spremete-se-za-film-za-nole/ Fri, 14 Jan 2022 08:27:46 +0000 https://republika.mk/?p=444437

Се подготвува документарен филм за Новак Ѓоковиќ во форма на серијал кој ќе има неколку епизоди. Серијата ќе го прати неговиот врв кон светскиот тенис и малтретирањето во Австралија

Повеќе информации ќе бидат познати наскоро, додека режисер би требало да биде Џејмс Геј Рис, кој веќе ја достигна славата со документарниот филм за Формула 1, насловен „Вози да преживее“.

Дејли Мејл во својот текст наведува и дека камерманите се веќе во Австралија и го следат целиот расплет на настаните со Новак Ѓоковиќ и австралиските власти.

The post По Тома, спремете се за филм за Ноле appeared first on Република.

]]>

Се подготвува документарен филм за Новак Ѓоковиќ во форма на серијал кој ќе има неколку епизоди. Серијата ќе го прати неговиот врв кон светскиот тенис и малтретирањето во Австралија Повеќе информации ќе бидат познати наскоро, додека режисер би требало да биде Џејмс Геј Рис, кој веќе ја достигна славата со документарниот филм за Формула 1, насловен „Вози да преживее“. Дејли Мејл во својот текст наведува и дека камерманите се веќе во Австралија и го следат целиот расплет на настаните со Новак Ѓоковиќ и австралиските власти.

The post По Тома, спремете се за филм за Ноле appeared first on Република.

]]>
Лоши вести за оние на кои им е преку глава од „Тома“ – по филмот доаѓа и серија https://arhiva3.republika.mk/scena/film/loshi-vesti-za-onie-na-koi-im-e-preku-glava-od-toma-po-filmot-doagja-i-serija/ Fri, 07 Jan 2022 11:19:11 +0000 https://republika.mk/?p=441634

По хит филмот „Тома“, доаѓа и истоимената серија. Зоран Лисинац, еден од режисерите и сценаристи, вели дека таа ќе биде поразлична од филмот.

„Серијата има осум епизоди и потемелно го следи неговиот живот и ги опфаќа сите негови жени. Во серијата ќе има 400 минути материјал“, изјави Лисинац за српските медиуми.

Серијата ќе почне да се прикажува оваа есен.

Биографскиот филм за фолк легендата Тома Здравковиќ, со Милан Мариќ во насловната улога, оствари голем успех во целиот регион. Во режија на Лисинац и Драган Бјелогрлиќ, „Тома“ го прикажува Здравковиќ на почетоците и на врвот на славата, но и како го допрел дното во приватниот живот. Филмот имаше премиера на 15 октомври.

The post Лоши вести за оние на кои им е преку глава од „Тома“ – по филмот доаѓа и серија appeared first on Република.

]]>

По хит филмот „Тома“, доаѓа и истоимената серија. Зоран Лисинац, еден од режисерите и сценаристи, вели дека таа ќе биде поразлична од филмот. „Серијата има осум епизоди и потемелно го следи неговиот живот и ги опфаќа сите негови жени. Во серијата ќе има 400 минути материјал“, изјави Лисинац за српските медиуми. Серијата ќе почне да се прикажува оваа есен. Биографскиот филм за фолк легендата Тома Здравковиќ, со Милан Мариќ во насловната улога, оствари голем успех во целиот регион. Во режија на Лисинац и Драган Бјелогрлиќ, „Тома“ го прикажува Здравковиќ на почетоците и на врвот на славата, но и како го допрел дното во приватниот живот. Филмот имаше премиера на 15 октомври.

The post Лоши вести за оние на кои им е преку глава од „Тома“ – по филмот доаѓа и серија appeared first on Република.

]]>
Сцените на кои плачевме, сепак, не се случиле и во вистинскиот живот https://arhiva3.republika.mk/scena/film/scenite-na-koi-plachevme-sepak-ne-se-sluchile-i-vo-vistinskiot-zivot/ Wed, 05 Jan 2022 09:04:49 +0000 https://republika.mk/?p=440808

Филмот за животот на еден од најавтентичните уметници од Југославија, Тома Здравковиќ, минатата година расплака многу луѓе и се уште е апсолутен хит во регионот. „Тома“ ја имаше својата телевизиска премиера на 1 јануари, а наскоро доаѓа и истоимената серија.

Бидејќи се работи за романтизирана биографија, а не за документарен филм, тимот што учествуваше во проектот, предводен од Драган Бјелогрлиќ, имаше слобода на авторот да менува, додава и менува некои работи за приказната за Тома да биде што подобра.

Така настанаа некои од најдобрите сцени во овој филм, но тие не се случиле во реалниот живот.

Тома и Силвана никогаш не снимиле дует

Иако биле најблиски соработници и пријатели кои заедно поминале добар дела од животот и кариерата, Тома Здравковиќ и Силвана Арменулиќ никогаш не снимиле дует. Песната „Полноќ“ ја напиша Жељко Јоксимовиќ со помош на легендарниот Предраг Живковиќ Тозовац (кој пишувал и за Силвана), а желбата на тимот била песната да биде „народна од тоа време“, т.е. да звучи што поавтентично и пред се да ја покаже блискоста меѓу овие два лика.

„За Љиљана“ не е за Љиљана на докторот

Ова е една од најемотивните сцени. Нема кој не заплакал додека ја гледал сцената кога јаизведува песната „За Љиљана“ додека д-р Хаџипоповиќ танцува со сопругата Љиљана која умира. Сепак, тоа навистина не се случило.

Тома Здравковиќ пишувал песни за жени кои го инспирирале. Песната „За Љиљана“ всушност е посветена, според приказната на нејзината ќерка, за актерката Љиљана Благојевиќ, со која Тома работел на серијата „Докторот во село“.

D-р Хаџиповиќ (не) постоел

Ликот на строгиот доктор Хаџипоповиќ кој во текот на филмот претрпува трансформација и почнува да го разбира Том и неговата душа е измислен за да ѝ даде тежина и емоции на приказната.

Сепак, според сопругата на Тома, Гордана, има малку вистина. Имено, Том всушност го лекувале пет лекари, од кои најблизок бил еден од Воено-медицинската академија, кој дури неколку пати одел на патувања со Тома.

Тома се оженил четири пати

Ова едноставно било исфрлено од филмот. Се прикажува дека Тома се оженил двапати, додека во реалноста дури четири пати го изговорил судбоносното „да“. Првата сопруга се викала Олгица, втората Милица, третата Нада Радановиќ од Цетиње (прикажана во филмот), додека се смирил само со четвртата сопруга Гордана.

Имал две деца

Слично на тоа, филмот покажува дека Тома има само еден син од бракот со Гордана. Во реалноста, Тома Здравковиќ најпрвин ја добил ќерката Жаклина со првата сопруга Олгица.

Имал тројца браќа и една сестра

Родителите на Тома, мајката Косара и таткото Душан имале пет деца – четири сина и една ќерка. Тома е роден трет по ред. Во филмот е само неговиот брат Новица, кој исто така беше пејач.

Менаџерот Дрнда не постоел

Менаџерот на Дрнда е измислен лик. Но, слично на ликот на доктор Хаџиповиќ, веројатно се базира на односот на Тома со неговите пет менаџери, колку што имал во текот на кариерата.

„Што те нема“?

На самиот крај од филмот, Тома ја изведува песната „Што те нема“ на Јадранка Стојаковиќ со Кемал Монтено и Даворин Поповиќ на концерт во Сараево, во време кога Југославија веќе се распаѓа. Тоа е една од најемотивните сцени во филмот затоа што симболизира, исто како што Тома од филмот вели: „Оние кои повеќе ги нема и што повеќе нема да бидат“.

Иако Тома Здравковиќ бил навистина голем пријател и со Кемал и со Даворин и одржал еден од последните концерти во сараевската Зетра, ова е исто така измислена сцена. Идејата за песната, како и за репликата на Тома, неодамна ја кажа Драган Бјелогрлиќ, а ја дала неговата ќерка бидејќи е „најтажната песна што постои“.

The post Сцените на кои плачевме, сепак, не се случиле и во вистинскиот живот appeared first on Република.

]]>

Филмот за животот на еден од најавтентичните уметници од Југославија, Тома Здравковиќ, минатата година расплака многу луѓе и се уште е апсолутен хит во регионот. „Тома“ ја имаше својата телевизиска премиера на 1 јануари, а наскоро доаѓа и истоимената серија. Бидејќи се работи за романтизирана биографија, а не за документарен филм, тимот што учествуваше во проектот, предводен од Драган Бјелогрлиќ, имаше слобода на авторот да менува, додава и менува некои работи за приказната за Тома да биде што подобра. Така настанаа некои од најдобрите сцени во овој филм, но тие не се случиле во реалниот живот.

Тома и Силвана никогаш не снимиле дует

Иако биле најблиски соработници и пријатели кои заедно поминале добар дела од животот и кариерата, Тома Здравковиќ и Силвана Арменулиќ никогаш не снимиле дует. Песната „Полноќ“ ја напиша Жељко Јоксимовиќ со помош на легендарниот Предраг Живковиќ Тозовац (кој пишувал и за Силвана), а желбата на тимот била песната да биде „народна од тоа време“, т.е. да звучи што поавтентично и пред се да ја покаже блискоста меѓу овие два лика.

„За Љиљана“ не е за Љиљана на докторот

Ова е една од најемотивните сцени. Нема кој не заплакал додека ја гледал сцената кога јаизведува песната „За Љиљана“ додека д-р Хаџипоповиќ танцува со сопругата Љиљана која умира. Сепак, тоа навистина не се случило. Тома Здравковиќ пишувал песни за жени кои го инспирирале. Песната „За Љиљана“ всушност е посветена, според приказната на нејзината ќерка, за актерката Љиљана Благојевиќ, со која Тома работел на серијата „Докторот во село“.

D-р Хаџиповиќ (не) постоел

Ликот на строгиот доктор Хаџипоповиќ кој во текот на филмот претрпува трансформација и почнува да го разбира Том и неговата душа е измислен за да ѝ даде тежина и емоции на приказната. Сепак, според сопругата на Тома, Гордана, има малку вистина. Имено, Том всушност го лекувале пет лекари, од кои најблизок бил еден од Воено-медицинската академија, кој дури неколку пати одел на патувања со Тома.

Тома се оженил четири пати

Ова едноставно било исфрлено од филмот. Се прикажува дека Тома се оженил двапати, додека во реалноста дури четири пати го изговорил судбоносното „да“. Првата сопруга се викала Олгица, втората Милица, третата Нада Радановиќ од Цетиње (прикажана во филмот), додека се смирил само со четвртата сопруга Гордана.

Имал две деца

Слично на тоа, филмот покажува дека Тома има само еден син од бракот со Гордана. Во реалноста, Тома Здравковиќ најпрвин ја добил ќерката Жаклина со првата сопруга Олгица.

Имал тројца браќа и една сестра

Родителите на Тома, мајката Косара и таткото Душан имале пет деца – четири сина и една ќерка. Тома е роден трет по ред. Во филмот е само неговиот брат Новица, кој исто така беше пејач.

Менаџерот Дрнда не постоел

Менаџерот на Дрнда е измислен лик. Но, слично на ликот на доктор Хаџиповиќ, веројатно се базира на односот на Тома со неговите пет менаџери, колку што имал во текот на кариерата.

„Што те нема“?

На самиот крај од филмот, Тома ја изведува песната „Што те нема“ на Јадранка Стојаковиќ со Кемал Монтено и Даворин Поповиќ на концерт во Сараево, во време кога Југославија веќе се распаѓа. Тоа е една од најемотивните сцени во филмот затоа што симболизира, исто како што Тома од филмот вели: „Оние кои повеќе ги нема и што повеќе нема да бидат“. Иако Тома Здравковиќ бил навистина голем пријател и со Кемал и со Даворин и одржал еден од последните концерти во сараевската Зетра, ова е исто така измислена сцена. Идејата за песната, како и за репликата на Тома, неодамна ја кажа Драган Бјелогрлиќ, а ја дала неговата ќерка бидејќи е „најтажната песна што постои“.

The post Сцените на кои плачевме, сепак, не се случиле и во вистинскиот живот appeared first on Република.

]]>
Уште еден изменет детаљ: „За Љиљана“ не била посветена за сопругата на докторот на Тома https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/ushte-eden-izmenet-detalj-za-ljiljana-ne-bila-posvetena-za-soprugata-na-doktorot-na-toma/ Tue, 04 Jan 2022 22:56:10 +0000 https://republika.mk/?p=440685

Актерката Љиљана Благојевиќ е всушност Љиљана на која легендарниот пејач Тома Здравковиќ ѝ ја посвети песната „За Љиљана“. Во емисијата „Шок поток“, Љиљана откри дека Тома имаше задача да напише песна посветена на докторката Ана, чиј лик Љиљана го толкуваше во серијата „Докторот од селото“. Така настанал големиот хит на Тома „За Љиљана“.

Љиљана истакнува дека Тома бил многу талентиран, дека бил одличен текстописец, пејач, композитор, писател, но и актер.

Беше прекрасно, бев пресреќна кога првпат ја слушнав песната, рече таа.

Во филмкиот хит Тома“ Љиљана е сопруга на докторот кој го лекуваше Тома.

https://youtu.be/drRbq-h8DdI

The post Уште еден изменет детаљ: „За Љиљана“ не била посветена за сопругата на докторот на Тома appeared first on Република.

]]>

Актерката Љиљана Благојевиќ е всушност Љиљана на која легендарниот пејач Тома Здравковиќ ѝ ја посвети песната „За Љиљана“. Во емисијата „Шок поток“, Љиљана откри дека Тома имаше задача да напише песна посветена на докторката Ана, чиј лик Љиљана го толкуваше во серијата „Докторот од селото“. Така настанал големиот хит на Тома „За Љиљана“. Љиљана истакнува дека Тома бил многу талентиран, дека бил одличен текстописец, пејач, композитор, писател, но и актер.
Беше прекрасно, бев пресреќна кога првпат ја слушнав песната, рече таа.
Во филмкиот хит Тома“ Љиљана е сопруга на докторот кој го лекуваше Тома. https://youtu.be/drRbq-h8DdI

The post Уште еден изменет детаљ: „За Љиљана“ не била посветена за сопругата на докторот на Тома appeared first on Република.

]]>
Жељко Јоксимовиќ пред четири години за „Република“ најави дека со Бјелогрлиќ ќе го снимаат филмот „Тома“ https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/zeljko-joksimovikj-pred-chetiri-godini-za-republika-najavi-deka-so-bjelogrlikj-kje-go-snimaat-filmot-toma/ Tue, 04 Jan 2022 14:10:35 +0000 https://republika.mk/?p=440524

Жељко Јоксимовиќ, во ексклузивно интервју за „Република.мк“ дадено на 10 ноември 2017 година најави дека со Драган Бјелогрлиќ подготвуваат филм за животот на Тома Здравковиќ.

Во интервјуто, Јоксимовиќ објаснува дека тој и Бјелогрлиќ добиле дозвола за снимање на филмот од Бане Обрадовиќ кој е носител на правата на ликот и делото на Тома Здравковиќ и кој го организираше подигањето споменик на Тома Здравковиќ во Лесковац, како и спомен-плоча во Белград.

Јас и Драган Бјелогрлиќ веќе две години зборуваме за филм за Тома Здравковиќ. Се уште не е сигурно дали тој филм ќе се снима. Ако имаме сретства ќе се реализира проектот. Тој филм е нешто многу скапо. Се разбира, ние се трудиме да го снимиме, но доколку не се обезбедат сретства секако нема да го правиме.

 

Наша желба е да ги сочуваме великаните од заборав. Тоа е како некакво потсетување со обврска. Филмот нема да биде за Тома, туку како го гледавме, уметничко гледање на сето она што тој за време на животот успеа да го направи и да го остави зад себе. Филмот треба да се прави според новелата која ја напиша Никола Пејаковиќ со кој пејачот пред точно дваесет години соработуваше на песната „Хаљиница боје лила“, во 1997 година, а која јас ја аранжирав - изјави тогаш Жељко Јоксимович за „Република“.

Времето покажа дека нивните надежи се исполнија и повеќе од успешно.

Целото интервју на Јоксимовиќ може да го прочитате на следниот ЛИНК.

The post Жељко Јоксимовиќ пред четири години за „Република“ најави дека со Бјелогрлиќ ќе го снимаат филмот „Тома“ appeared first on Република.

]]>

Жељко Јоксимовиќ, во ексклузивно интервју за „Република.мк“ дадено на 10 ноември 2017 година најави дека со Драган Бјелогрлиќ подготвуваат филм за животот на Тома Здравковиќ. Во интервјуто, Јоксимовиќ објаснува дека тој и Бјелогрлиќ добиле дозвола за снимање на филмот од Бане Обрадовиќ кој е носител на правата на ликот и делото на Тома Здравковиќ и кој го организираше подигањето споменик на Тома Здравковиќ во Лесковац, како и спомен-плоча во Белград.
Јас и Драган Бјелогрлиќ веќе две години зборуваме за филм за Тома Здравковиќ. Се уште не е сигурно дали тој филм ќе се снима. Ако имаме сретства ќе се реализира проектот. Тој филм е нешто многу скапо. Се разбира, ние се трудиме да го снимиме, но доколку не се обезбедат сретства секако нема да го правиме.   Наша желба е да ги сочуваме великаните од заборав. Тоа е како некакво потсетување со обврска. Филмот нема да биде за Тома, туку како го гледавме, уметничко гледање на сето она што тој за време на животот успеа да го направи и да го остави зад себе. Филмот треба да се прави според новелата која ја напиша Никола Пејаковиќ со кој пејачот пред точно дваесет години соработуваше на песната „Хаљиница боје лила“, во 1997 година, а која јас ја аранжирав - изјави тогаш Жељко Јоксимович за „Република“.
Времето покажа дека нивните надежи се исполнија и повеќе од успешно. Целото интервју на Јоксимовиќ може да го прочитате на следниот ЛИНК.

The post Жељко Јоксимовиќ пред четири години за „Република“ најави дека со Бјелогрлиќ ќе го снимаат филмот „Тома“ appeared first on Република.

]]>
Актерката што ја игра Силвана Арменулиќ во „Тома“: Се утепав од плачење кога ја видов сцената со песната за Лилјана https://arhiva3.republika.mk/scena/film/akterkata-shto-ja-igra-silvana-armenulikj-vo-toma-se-utepav-od-plachenje-koga-ja-vidov-scenata-so-pesnata-za-liljana/ Mon, 03 Jan 2022 13:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=440044

Стрпската актерка, Тамара Драгичевиќ, се најде во центар на интересот на српските медиуми отркако со улогата на Силвана Арменулиќ, во филмскиот хит „Тома“ на Драган Бјелогрлиќ ги освои срцата на балканската публика.

Тамара за српските медиуми вели дека самата била многу трогната за време на снимањето на филмот и дека емоциите и впечатоците се уште се присутни кај неа.

Сè уште не сум свесна за успехот и влијанието што го предизвикува филмот. Ќе ми требаат неколку години, можеби и десетина, за да сфатам каков филм направивме и колку навистина оставивме длабока трага. Сè уште не можам да го гледам како публика, ниту пак да се збогувам со себе и со колегите - вели Драгичевиќ.

Тамара при снимањето на филмот соработуваше со својот сопруг, Петар Бенчина, кој го длуми докторот на Тома Здравковиќ, но тие двајца немаат заедничка сцена.

Шармот на нашиот бизнис е што никогаш не знаеме што е следно. Во актерството најмногу ми се допаѓа бидејќи не знам кој е следниот телефонски разговор и кој проект ќе работиме. Јас и Петар внимателно ги избираме улогите, но би сакале да споделиме кадар - вели актерката.

Тамара вели дека токму сцената во која се појавува нејзиниот сопруг кога во кафеаната Тома Здравковиќ ја пее „Љиљана“ оставила најголем впечаток врз неа.

Многу плачев кога првпат ја видов таа сцена. Бев како обична публика и како некој што нема никаква врска со тој проект. Сцената со Петар и Паулин Манов е клучна за целиот филм од аспект на емоциите. Мене ми беше прекрасно - вели Тамара Драгичевиќ.

The post Актерката што ја игра Силвана Арменулиќ во „Тома“: Се утепав од плачење кога ја видов сцената со песната за Лилјана appeared first on Република.

]]>

Стрпската актерка, Тамара Драгичевиќ, се најде во центар на интересот на српските медиуми отркако со улогата на Силвана Арменулиќ, во филмскиот хит „Тома“ на Драган Бјелогрлиќ ги освои срцата на балканската публика. Тамара за српските медиуми вели дека самата била многу трогната за време на снимањето на филмот и дека емоциите и впечатоците се уште се присутни кај неа.
Сè уште не сум свесна за успехот и влијанието што го предизвикува филмот. Ќе ми требаат неколку години, можеби и десетина, за да сфатам каков филм направивме и колку навистина оставивме длабока трага. Сè уште не можам да го гледам како публика, ниту пак да се збогувам со себе и со колегите - вели Драгичевиќ.
Тамара при снимањето на филмот соработуваше со својот сопруг, Петар Бенчина, кој го длуми докторот на Тома Здравковиќ, но тие двајца немаат заедничка сцена.
Шармот на нашиот бизнис е што никогаш не знаеме што е следно. Во актерството најмногу ми се допаѓа бидејќи не знам кој е следниот телефонски разговор и кој проект ќе работиме. Јас и Петар внимателно ги избираме улогите, но би сакале да споделиме кадар - вели актерката.
Тамара вели дека токму сцената во која се појавува нејзиниот сопруг кога во кафеаната Тома Здравковиќ ја пее „Љиљана“ оставила најголем впечаток врз неа.
Многу плачев кога првпат ја видов таа сцена. Бев како обична публика и како некој што нема никаква врска со тој проект. Сцената со Петар и Паулин Манов е клучна за целиот филм од аспект на емоциите. Мене ми беше прекрасно - вели Тамара Драгичевиќ.

The post Актерката што ја игра Силвана Арменулиќ во „Тома“: Се утепав од плачење кога ја видов сцената со песната за Лилјана appeared first on Република.

]]>
Ќерката на Силвана Арменулиќ со трогателна порака: Копнеев по тебе мајко https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/kjerkata-na-silvana-armenulikj-so-trogatelna-poraka-kopneev-po-tebe-majko/ Sun, 02 Jan 2022 21:29:55 +0000 https://republika.mk/?p=439728

По повод 45-годишнината од заминувањето на Силвана Арменулиќ, големата љубов на Тома Здравковиќ, и по повод филмот „Тома“, нејзината ќерка Гордана остави трогателна емотивна порака на социјалните мрежи.

Драга мајко, се враќам во детството во тие среќни денови што ги поминавме заедно… Тешко е без тебе… Ти благодарам за сите прегратки, топли зборови и бакнежи што ми ја загреваат душата. Живееш секој ден низ моите мисли сите овие години. Ќе живееш во мене засекогаш. Копнеев по тебе, мајко. Нека те чуваат ангелите и бог. Те сакам многу.

The post Ќерката на Силвана Арменулиќ со трогателна порака: Копнеев по тебе мајко appeared first on Република.

]]>

По повод 45-годишнината од заминувањето на Силвана Арменулиќ, големата љубов на Тома Здравковиќ, и по повод филмот „Тома“, нејзината ќерка Гордана остави трогателна емотивна порака на социјалните мрежи.
Драга мајко, се враќам во детството во тие среќни денови што ги поминавме заедно… Тешко е без тебе… Ти благодарам за сите прегратки, топли зборови и бакнежи што ми ја загреваат душата. Живееш секој ден низ моите мисли сите овие години. Ќе живееш во мене засекогаш. Копнеев по тебе, мајко. Нека те чуваат ангелите и бог. Те сакам многу.

The post Ќерката на Силвана Арменулиќ со трогателна порака: Копнеев по тебе мајко appeared first on Република.

]]>