Токио Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tokio/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 11:40:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Токио Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tokio/ 32 32 Премиера на две композиции на Дарија Андовска во Токио и Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-dve-kompozitsii-na-darija-andovska-vo-tokio-i-skopje/ Mon, 04 Nov 2024 11:40:22 +0000 https://republika.mk/?p=833979

Светската премиера на „Сношти минав” за тенор, гудачки оркестар и пијано од Дарија Андовска ќе се случи вечерва во Токио. Композицијата е напишана за нашиот светски реномиран тенор, Благој Нацоски, кој ќе ја изведе заедно со Tokyo Vranec Chamber Orchestra, под диригентската палка на нам веќе многу познатиот љубител на македонска музика, Казухиро Котецу, на концертот по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Македонија и Јапонија.

Исто така вечерва, во Скопје е светската премиера на „Со маки сум се родила” за сопран, флејта и пијано од Дарија Андовска. Композицијата е напишана за Altus New Breath ансмблот, кој е на релација Франција – Македонија, а ќе ја изведат Гонца Богоромова-Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта и Маријана Николоска – пијано.

Дарија Андовска е една од најплодните, најреномираните и најизведуваните македонски композитори на светските подиуми. Таа е редовен професор на Факултетот за музичка уметност – Скопје при УКИМ, каде моментално ја извршува функцијата декан.

The post Премиера на две композиции на Дарија Андовска во Токио и Скопје appeared first on Република.

]]>

По земјотресот, страшна авионска несреќа во Јапонија – најмалку петмина загинати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-zemjotresot-strashna-avionska-nesreka-vo-japonija-najmalku-petmina-zaginati/ Tue, 02 Jan 2024 12:53:36 +0000 https://republika.mk/?p=728994

Безбедно се евакуирани сите 379 патници и членови на екипажот од авионот на „Џапан Ерлајнс“ (Japan Airlines), што се запали при слетувањето на аеродромот Ханеда, во Токио, соопшти пред малку компанијата, пренесе ДПА.

Авионот се судри на пистата со авион на јапонската крајбрежна стража, претходно јавија јапонските медиуми, повикувајќи се на Министерството за транспорт.

Пријавено е дека пет лица од авионот на крајбрежната стража се мртви. Тешко е повреден пилотот на авионот, еден од шестмината во екипажот на леталото на крајбрежната стража.

Летот 516, на патничкиот авион на “Џапан Ерлајнс“, што сообраќаше од Хокаидо, во северна Јапонија, за Токио, се судри со другиот авион, потоа се запали на пистата и на крајот целосно изгоре. Во авионот имаше 367 патници и 12 членови на екипажот, и сите успееја да го напуштат леталото и безбедно да се евакуираат.

Според телевизиската станица ТБС, авионот на крајбрежната стража превезувал материјал за зоната на земјотресот на западниот брег на земјата, каде досега најмалку 48 лица го загубија животот.

На снимки од ТВ станицата ТБС се гледа како патниците од патничкиот авион се евакуираат од леталото преку гумен лизгач за итни случаи, во време кога спасувачките служби од аеродромот изведуваат операциите на гаснење на пожарот.

Сите писти на токискиот аеродом се затворени, соопшти Министерството за транспорт.

The post По земјотресот, страшна авионска несреќа во Јапонија – најмалку петмина загинати appeared first on Република.

]]>

Безбедно се евакуирани сите 379 патници и членови на екипажот од авионот на „Џапан Ерлајнс“ (Japan Airlines), што се запали при слетувањето на аеродромот Ханеда, во Токио, соопшти пред малку компанијата, пренесе ДПА. Авионот се судри на пистата со авион на јапонската крајбрежна стража, претходно јавија јапонските медиуми, повикувајќи се на Министерството за транспорт. Пријавено е дека пет лица од авионот на крајбрежната стража се мртви. Тешко е повреден пилотот на авионот, еден од шестмината во екипажот на леталото на крајбрежната стража. Летот 516, на патничкиот авион на “Џапан Ерлајнс“, што сообраќаше од Хокаидо, во северна Јапонија, за Токио, се судри со другиот авион, потоа се запали на пистата и на крајот целосно изгоре. Во авионот имаше 367 патници и 12 членови на екипажот, и сите успееја да го напуштат леталото и безбедно да се евакуираат. Според телевизиската станица ТБС, авионот на крајбрежната стража превезувал материјал за зоната на земјотресот на западниот брег на земјата, каде досега најмалку 48 лица го загубија животот. На снимки од ТВ станицата ТБС се гледа како патниците од патничкиот авион се евакуираат од леталото преку гумен лизгач за итни случаи, во време кога спасувачките служби од аеродромот изведуваат операциите на гаснење на пожарот. Сите писти на токискиот аеродом се затворени, соопшти Министерството за транспорт.

The post По земјотресот, страшна авионска несреќа во Јапонија – најмалку петмина загинати appeared first on Република.

]]>
Јапонија ги моли семејствата да се иселат од Токио, ќе им плати по 7.500 долари по дете https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/japonija-gi-moli-semejstvata-da-se-iselat-od-tokio-ke-im-plati-po-7-500-dolari-po-dete/ Tue, 03 Jan 2023 14:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=593226

Јапонската Влада нуди милион јени (7.500 долари) по дете на семејствата што ќе се иселат од главниот град Токио, со цел да ја насочи популацијата кон послабо населените региони во земјата.

Властите во Јапонија ги засилуваат стимулациите за да ги намамат луѓето во помалите регионални области со мала, главно постара популација.

Стимулациите чиј износ е многу поголем во споредба со минатогодишниот надоместок за „преселување”, ќе бидат дистрибуирани во април, објавуваат јапонските медиуми.

Иако населението во Токио минатата година за првпат забележа намалување што делумно се препишува на епидемијата на коронавирусот, властите веруваат дека треба да се направи повеќе за да се намали густината на населението во градот и да се охрабрат луѓето да започнат нов живот во делови од земјата каде има стареење на населението како и миграција на помлади луѓе кон центрите како Токио, Осака и другите големи градови.

Финансиската поддршка ќе им биде понудена на семејствата кои живеат во 23 централни области на Токио и соседните префектури Саитама, Чиба и Канагава.

За да ги добијат бенефициите семејствата треба да се преселат надвор од поширокото подрачје на Токио, додека некои би можеле да добијат пари ако се преселат во планинските области околу градот.

Владата се надева дека до 2027 година околу десет илјади луѓе ќе се преселат од Токио во руралните области.

The post Јапонија ги моли семејствата да се иселат од Токио, ќе им плати по 7.500 долари по дете appeared first on Република.

]]>

Јапонската Влада нуди милион јени (7.500 долари) по дете на семејствата што ќе се иселат од главниот град Токио, со цел да ја насочи популацијата кон послабо населените региони во земјата. Властите во Јапонија ги засилуваат стимулациите за да ги намамат луѓето во помалите регионални области со мала, главно постара популација. Стимулациите чиј износ е многу поголем во споредба со минатогодишниот надоместок за „преселување”, ќе бидат дистрибуирани во април, објавуваат јапонските медиуми. Иако населението во Токио минатата година за првпат забележа намалување што делумно се препишува на епидемијата на коронавирусот, властите веруваат дека треба да се направи повеќе за да се намали густината на населението во градот и да се охрабрат луѓето да започнат нов живот во делови од земјата каде има стареење на населението како и миграција на помлади луѓе кон центрите како Токио, Осака и другите големи градови. Финансиската поддршка ќе им биде понудена на семејствата кои живеат во 23 централни области на Токио и соседните префектури Саитама, Чиба и Канагава. За да ги добијат бенефициите семејствата треба да се преселат надвор од поширокото подрачје на Токио, додека некои би можеле да добијат пари ако се преселат во планинските области околу градот. Владата се надева дека до 2027 година околу десет илјади луѓе ќе се преселат од Токио во руралните области.  

The post Јапонија ги моли семејствата да се иселат од Токио, ќе им плати по 7.500 долари по дете appeared first on Република.

]]>
Две преполни проекции на „Кајмак“ во Тајпеј, Манчевски цел час делеше автограми на публиката https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dve-prepolni-proekcii-na-kajmak-vo-tajpej-manchevski-cel-chas-deleshe-avtogrami-na-publikata/ Fri, 04 Nov 2022 09:11:43 +0000 https://republika.mk/?p=569450

„Кајмак“ на Милчо Манчевски ја доживеа и премиерата во Тајван, каде се прикажува вон конкуренција на Филмскиот фестивaл Златен коњ (Golden Horse) во Тајпеј. Вчера и завчера имаше две преполни проекции и едночасовни редици на публиката за автограм од македонскиот режисер. Ова следеше по сесиите разговори со публиката која ја пофали приказната и кажа дека постојано изненадува.

https://www.youtube.com/watch?v=PC--Ci5C-F0

По премиерата завчера, „Кајмак“ или „Дует во страст“ како што е тајванскиот превод на филмот, имаше и втора проекција, и уште еден разговор со публиката, а предвидени се уште две прикажувања. Во моментов, „Кајмак“ е на второ место по популарност кај публиката на фестивалот Златен коњ.

Во рецензијата за „Кајмак“ која е проследена со интервју со Манчевски на порталот „A Good Movie to Watch“, се вели дека режијата на Манчевски има „мајсторски фат“ и дека „разноликоста на расположението се протега на изведбата на ансамблот, кој се покажа повеќе од кадарен да ги игра обете страни на истата пара“.

Филмот има непредвидливo гледиште за кармичка правда и тоа треба да биде уникатно, трагикомично искуство за секој кој ќе има среќа да го гледа, се вели во рецензијата.

Во Тајпеј, каде штотуку малку се олабавија строгите ковид протоколи, проекциите на фестивалот се дозволени со 70% исполнетост на киносалите, а за „Кајмак“ вчера и завчера поради големиот интерес за средбата со режисерот Манчевски организаторот дури мораше да го ограничи времето за средбите со фановите. Исто така, пред и по проекцијата можеа да се забележат многубројни упорни фанови на Манчевски како го следат пред кино-салата и по блиските улици, барајќи автограми и да се сликаат со него.

Пред три години, на истиот фестивал тајванската публика час и половина чекаше во 20-метарска редица за автограм од Манчевски, кога премиерно беше прикажан филмот „Врба“. Овој пат, освен фотографирањата и автограмите ја искористија и шансата во двете сесии љубопитно да прашуваат и да продискутираат со него.

„Филмот ми побуди емоции и не ме остави рамнодушна“, „’Кајмак’ ме насмеа, но и ми отвори некои дилеми“, „’Кајмак’ е многу поразличен од ‘Пред дождот’, кој го имам гледано повеќе пати“... се дел од впечатоците и прашањата до Манчевски.

Тој одговори:

Сакам да правам филмови кои меѓу себе се разликуваат. Ако го повторувате истиот сентимент, тогаш сте само добар бизнисмен, но не и добар уметник. Во ‘Кајмак’, раскажувам љубовна приказна за возрасни. Постојат многу филмови кои го симплифицираат интимниот однос меѓу возрасните, ама во животот љубовните врски не функционираат на принципот - принцот и принцезата живеат долго долго среќно. ‘Кајмак’ е повеќе филм за тоа какви сме, отколку какви сакаме да бидеме“.

На втората проекција дојде и најславниот тајвански режисер Цаи Минг-Лианг со кого Манчевски се сретна и на светската премиера во Токио минатата недела.

https://www.youtube.com/watch?v=enVx3_nebnM

За Манчевски особено драга беше средбата со професор Шанг-Синг Гуо, негов студент од Њујоршкиот универзитет, сега универзитетски професор. Гуо како студент два пати дојде во Македонија, за да присуствува снимањето на спотот„Македонија вечна“ и да учествува во снимањето на филмот „Мајки“.

Ти благодарам Милчо што го направи ‘Кајмак’, беше огромно задоволство да се гледа на големо платно со многу публика. Каква ноќ!“ напиша на социјалните мрежи композиторот Томас Фоген, еден од авторите на музиката за филмот, кој живее во Тајпеј.

„Лирска премиера“, изјави еден гледачите.

Филмскиот фестивал во Тајпеј, кој постои од 1962 и е еден од најстарите во Азија е конгломерат во кој се споени престижните награди Златен коњ за најдобар филм од азиски автор, промоцијата на светските филмови и филмската академија.

Досега, во Тајван се прикажани речиси сите филмови на Манчевски, а во 2019 година за првпат беше гостин на овој фестивал, кога беше прикажан филмот Врба“.

По премиерата во Тајван, „Кајмак“ наскоро ќе ја има и македонска премиера, и потоа веднаш ќе биде на редовен репертоар во сите киносали низ земјава.

The post Две преполни проекции на „Кајмак“ во Тајпеј, Манчевски цел час делеше автограми на публиката appeared first on Република.

]]>

„Кајмак“ на Милчо Манчевски ја доживеа и премиерата во Тајван, каде се прикажува вон конкуренција на Филмскиот фестивaл Златен коњ (Golden Horse) во Тајпеј. Вчера и завчера имаше две преполни проекции и едночасовни редици на публиката за автограм од македонскиот режисер. Ова следеше по сесиите разговори со публиката која ја пофали приказната и кажа дека постојано изненадува. https://www.youtube.com/watch?v=PC--Ci5C-F0 По премиерата завчера, „Кајмак“ или „Дует во страст“ како што е тајванскиот превод на филмот, имаше и втора проекција, и уште еден разговор со публиката, а предвидени се уште две прикажувања. Во моментов, „Кајмак“ е на второ место по популарност кај публиката на фестивалот Златен коњ. Во рецензијата за „Кајмак“ која е проследена со интервју со Манчевски на порталот „A Good Movie to Watch“, се вели дека режијата на Манчевски има „мајсторски фат“ и дека „разноликоста на расположението се протега на изведбата на ансамблот, кој се покажа повеќе од кадарен да ги игра обете страни на истата пара“.
Филмот има непредвидливo гледиште за кармичка правда и тоа треба да биде уникатно, трагикомично искуство за секој кој ќе има среќа да го гледа, се вели во рецензијата.
Во Тајпеј, каде штотуку малку се олабавија строгите ковид протоколи, проекциите на фестивалот се дозволени со 70% исполнетост на киносалите, а за „Кајмак“ вчера и завчера поради големиот интерес за средбата со режисерот Манчевски организаторот дури мораше да го ограничи времето за средбите со фановите. Исто така, пред и по проекцијата можеа да се забележат многубројни упорни фанови на Манчевски како го следат пред кино-салата и по блиските улици, барајќи автограми и да се сликаат со него. Пред три години, на истиот фестивал тајванската публика час и половина чекаше во 20-метарска редица за автограм од Манчевски, кога премиерно беше прикажан филмот „Врба“. Овој пат, освен фотографирањата и автограмите ја искористија и шансата во двете сесии љубопитно да прашуваат и да продискутираат со него. „Филмот ми побуди емоции и не ме остави рамнодушна“, „’Кајмак’ ме насмеа, но и ми отвори некои дилеми“, „’Кајмак’ е многу поразличен од ‘Пред дождот’, кој го имам гледано повеќе пати“... се дел од впечатоците и прашањата до Манчевски. Тој одговори:
Сакам да правам филмови кои меѓу себе се разликуваат. Ако го повторувате истиот сентимент, тогаш сте само добар бизнисмен, но не и добар уметник. Во ‘Кајмак’, раскажувам љубовна приказна за возрасни. Постојат многу филмови кои го симплифицираат интимниот однос меѓу возрасните, ама во животот љубовните врски не функционираат на принципот - принцот и принцезата живеат долго долго среќно. ‘Кајмак’ е повеќе филм за тоа какви сме, отколку какви сакаме да бидеме“.
На втората проекција дојде и најславниот тајвански режисер Цаи Минг-Лианг со кого Манчевски се сретна и на светската премиера во Токио минатата недела. https://www.youtube.com/watch?v=enVx3_nebnM За Манчевски особено драга беше средбата со професор Шанг-Синг Гуо, негов студент од Њујоршкиот универзитет, сега универзитетски професор. Гуо како студент два пати дојде во Македонија, за да присуствува снимањето на спотот„Македонија вечна“ и да учествува во снимањето на филмот „Мајки“.
Ти благодарам Милчо што го направи ‘Кајмак’, беше огромно задоволство да се гледа на големо платно со многу публика. Каква ноќ!“ напиша на социјалните мрежи композиторот Томас Фоген, еден од авторите на музиката за филмот, кој живее во Тајпеј.
„Лирска премиера“, изјави еден гледачите. Филмскиот фестивал во Тајпеј, кој постои од 1962 и е еден од најстарите во Азија е конгломерат во кој се споени престижните награди Златен коњ за најдобар филм од азиски автор, промоцијата на светските филмови и филмската академија. Досега, во Тајван се прикажани речиси сите филмови на Манчевски, а во 2019 година за првпат беше гостин на овој фестивал, кога беше прикажан филмот Врба“. По премиерата во Тајван, „Кајмак“ наскоро ќе ја има и македонска премиера, и потоа веднаш ќе биде на редовен репертоар во сите киносали низ земјава.

The post Две преполни проекции на „Кајмак“ во Тајпеј, Манчевски цел час делеше автограми на публиката appeared first on Република.

]]>
Сакам да знам сè за Македонија и да се обидам да јадам кајмак! https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sakam-da-znam-se-za-makedonija-i-da-se-obidam-da-jadam-kajmak/ Mon, 31 Oct 2022 08:05:54 +0000 https://republika.mk/?p=567618

По светската премиера на „Кајмак“ и трите распродадени проекции на Токискиот фестивал, режисерот Милчо Манчевски е во центарот на збиднувањата во Токио. Тој одржа мастерклас кој имаше голем одглас кај публиката. Најголемото стручно списание „Варајати“ објави голем текст посветен на предавањето.

Милчо Манчевски перфектно ја одигра ролјата на ѕвезда на уметничкиот филм на ТИФФ во четвртокот, кога одржа мастерклас што беше елоквентен, хумористичен, пркосен и по малку заканувачки“, пишува „Варајати“ во текстот во кој се цитираат делови од излагањето на Манчевски на мастеркласот. Меѓу нив и советот кој тој го дава на студентите: „Сите кратки филмови што ги снимив беа обид да купам време и да го научам занаетот. Мој совет е снимај, снимај, снимај. Па снимај уште повеќе. Прави филмови наместо да зборуваш за нив“. Зборувајќи за креативните предизвици, авторската слобода и одлуките да снима вон холувудскиот систем и за тоа дека повеќе му лежи европската врска која публиката ја има со уметникот, на прашањето дали треба да се биде верен на жанрот, Манчевски меѓу другото вели: „Сакам нови предизвици. Мислам, особено за уметниците, тоа те држи буден и жив. А како уметник, суштествено е да си играш како дете. Но, потоа да си многу дисциплиниран во изведбата“. Тој кажува и за тоа колку му е важен долгиот процес на кастинг на глумци и долгите проби пред снимањето и заклучува: „Енергијата и изгледот на актерот се донекаде важни, но не толку многу“.

Организаторот на фестивалот го покани Манчевски да одржи мастерклас за јапонските студенти и публика, укажувајќи му исклучителна чест затоа што тој е единствен претставник од Европа и Америка покрај претседателката на жирито Џули Тејмур.

Присутните бевме потикнати и инспирирани од начинот на кој размислувате и како му пристапувате на филмот, рече Шозо Ичијама, програмскиот директор на фестивалот, кој го модерираше мастеркласот.

Во публиката, покрај бројните студенти и професионалци, беше и јапонскиот оскаровец, Рјусуке Хамагучи, режисерот на „Вози ја мојата кола“. Тој дојде да го слушне предавањето и да се запознае со Манчевски. По мастеркласот двајцата наградувани автори зборуваа подолго за нивните индивидуални пристапи кон режисерскиот занает.

Во меѓувреме, излезе и интервју со Манчевски за „Холивуд репортер“ во кој режисерот зборува за тешкотиите да се остане верен на уметноста, за „Кајмак“ како собирање крем на животот, за мајчинство, за антолошкото хип-хоп видео...

Средбите на Манчевски со неколку од највидните азиски режисери беа проследени со внимание, а фановите пишуваат за филмот и постојано бараат автограми и селфиња.

Освен, Хамагучи, кој рече дека средбата со нашиот режисер била стимулативно искуство за него, на мастеркласот дојде и еден од најитересните јапонски режисери Јоичиро Такахаши, долгогодишен пријател и колега на Манчевски. Покрај режирање, тој сега работи и како ментор на млади режисери во други земји низ Азија во име на јапонската национална телевизија НХК.

Македонскиот режисер помина време во дружба и со најславниот тајвански режисер Цаи Минг-Лианг, со кого пред 25 години во Венеција го освоија Златниот лав, а првпат после толку години се видоа во Тајпеј 2019 година, кога „Врба“ на Манчевски беше премиерно прикажан на фестивалот „Златен коњ“. Минг-Лианг, кој идниот месец има голема ретроспектива во центарот Жорж Помпиду во Париз, одушевен од наградуваниот експериментален филм на Манчевски, кубанско-американската ко-продукција „Крајот на времето“, понуди да работат филм заедно.

И амбасадорот на Македонија во Јапонија, Горан Цеков, беше присутен на премиерата на Кајмак во Токио и на мастеркласот, и по тој повод рече:

„Со маестралниот „Кајмак“, Манчевски, постепено со секој следен кадар и дијалог, ги освои суптилните Јапонци, тие ги почувствуваа животните дилеми на ликовите и предизвиците на обичниот човек, кои се секаде исти на планетава. Уште едно силно дело на Милчо и неговата извонредна екипа, кое значително ја збогатува светската кинематографија“.

Манчевски имаше и формални разговори со публиката по првите две проекции. Потоа беше окружен од Јапонците која бараше селфиња и автограми, но организаторите кои се придржуваат на строгиот ковид-протокол, инсистираа ова да се случува во блискиот парк. Некои од фановите, возбудени од средбата со режисерот, напишаа на Твитер:

„Кајмак беше поуникатен, отколку што очекував. Филмот има многу смешни ситуации, но содржи во себе и чувство на иронија, која го осудува морализирањето“ ... „Слатка и горчлива комедија... Кремаст Кајмак... Комплициран вкус на животот“.

“Ви благодариме многу за прекрасниот филм!
Го гледав „Кајмак“.
Филмот изобилува со прекрасна енергија, па се исполнив со среќа. Навистина ме трогна секој лик... Сакам да знам сè за Македонија и да се обидам да јадам Кајмак!!!!! Ви благодариме што дојдовте во Јапонија“.

Исто така, книгите на Манчевски станаа дел и од библиотеките Шочику и Националниот филмски архив на Јапонија.

Македонската премиера на „Кајмак“ е предвидена за средината на ноември, а филмот веднаш ќе биде на редовен репертоар во сите киносали низ земјава.

The post Сакам да знам сè за Македонија и да се обидам да јадам кајмак! appeared first on Република.

]]>

По светската премиера на „Кајмак“ и трите распродадени проекции на Токискиот фестивал, режисерот Милчо Манчевски е во центарот на збиднувањата во Токио. Тој одржа мастерклас кој имаше голем одглас кај публиката. Најголемото стручно списание „Варајати“ објави голем текст посветен на предавањето.
Милчо Манчевски перфектно ја одигра ролјата на ѕвезда на уметничкиот филм на ТИФФ во четвртокот, кога одржа мастерклас што беше елоквентен, хумористичен, пркосен и по малку заканувачки“, пишува „Варајати“ во текстот во кој се цитираат делови од излагањето на Манчевски на мастеркласот. Меѓу нив и советот кој тој го дава на студентите: „Сите кратки филмови што ги снимив беа обид да купам време и да го научам занаетот. Мој совет е снимај, снимај, снимај. Па снимај уште повеќе. Прави филмови наместо да зборуваш за нив“. Зборувајќи за креативните предизвици, авторската слобода и одлуките да снима вон холувудскиот систем и за тоа дека повеќе му лежи европската врска која публиката ја има со уметникот, на прашањето дали треба да се биде верен на жанрот, Манчевски меѓу другото вели: „Сакам нови предизвици. Мислам, особено за уметниците, тоа те држи буден и жив. А како уметник, суштествено е да си играш како дете. Но, потоа да си многу дисциплиниран во изведбата“. Тој кажува и за тоа колку му е важен долгиот процес на кастинг на глумци и долгите проби пред снимањето и заклучува: „Енергијата и изгледот на актерот се донекаде важни, но не толку многу“.
Организаторот на фестивалот го покани Манчевски да одржи мастерклас за јапонските студенти и публика, укажувајќи му исклучителна чест затоа што тој е единствен претставник од Европа и Америка покрај претседателката на жирито Џули Тејмур.
Присутните бевме потикнати и инспирирани од начинот на кој размислувате и како му пристапувате на филмот, рече Шозо Ичијама, програмскиот директор на фестивалот, кој го модерираше мастеркласот.
Во публиката, покрај бројните студенти и професионалци, беше и јапонскиот оскаровец, Рјусуке Хамагучи, режисерот на „Вози ја мојата кола“. Тој дојде да го слушне предавањето и да се запознае со Манчевски. По мастеркласот двајцата наградувани автори зборуваа подолго за нивните индивидуални пристапи кон режисерскиот занает. Во меѓувреме, излезе и интервју со Манчевски за „Холивуд репортер“ во кој режисерот зборува за тешкотиите да се остане верен на уметноста, за „Кајмак“ како собирање крем на животот, за мајчинство, за антолошкото хип-хоп видео... Средбите на Манчевски со неколку од највидните азиски режисери беа проследени со внимание, а фановите пишуваат за филмот и постојано бараат автограми и селфиња. Освен, Хамагучи, кој рече дека средбата со нашиот режисер била стимулативно искуство за него, на мастеркласот дојде и еден од најитересните јапонски режисери Јоичиро Такахаши, долгогодишен пријател и колега на Манчевски. Покрај режирање, тој сега работи и како ментор на млади режисери во други земји низ Азија во име на јапонската национална телевизија НХК. Македонскиот режисер помина време во дружба и со најславниот тајвански режисер Цаи Минг-Лианг, со кого пред 25 години во Венеција го освоија Златниот лав, а првпат после толку години се видоа во Тајпеј 2019 година, кога „Врба“ на Манчевски беше премиерно прикажан на фестивалот „Златен коњ“. Минг-Лианг, кој идниот месец има голема ретроспектива во центарот Жорж Помпиду во Париз, одушевен од наградуваниот експериментален филм на Манчевски, кубанско-американската ко-продукција „Крајот на времето“, понуди да работат филм заедно. И амбасадорот на Македонија во Јапонија, Горан Цеков, беше присутен на премиерата на Кајмак во Токио и на мастеркласот, и по тој повод рече:
„Со маестралниот „Кајмак“, Манчевски, постепено со секој следен кадар и дијалог, ги освои суптилните Јапонци, тие ги почувствуваа животните дилеми на ликовите и предизвиците на обичниот човек, кои се секаде исти на планетава. Уште едно силно дело на Милчо и неговата извонредна екипа, кое значително ја збогатува светската кинематографија“.
Манчевски имаше и формални разговори со публиката по првите две проекции. Потоа беше окружен од Јапонците која бараше селфиња и автограми, но организаторите кои се придржуваат на строгиот ковид-протокол, инсистираа ова да се случува во блискиот парк. Некои од фановите, возбудени од средбата со режисерот, напишаа на Твитер:
„Кајмак беше поуникатен, отколку што очекував. Филмот има многу смешни ситуации, но содржи во себе и чувство на иронија, која го осудува морализирањето“ ... „Слатка и горчлива комедија... Кремаст Кајмак... Комплициран вкус на животот“.
“Ви благодариме многу за прекрасниот филм! Го гледав „Кајмак“. Филмот изобилува со прекрасна енергија, па се исполнив со среќа. Навистина ме трогна секој лик... Сакам да знам сè за Македонија и да се обидам да јадам Кајмак!!!!! Ви благодариме што дојдовте во Јапонија“. Исто така, книгите на Манчевски станаа дел и од библиотеките Шочику и Националниот филмски архив на Јапонија. Македонската премиера на „Кајмак“ е предвидена за средината на ноември, а филмот веднаш ќе биде на редовен репертоар во сите киносали низ земјава.  

The post Сакам да знам сè за Македонија и да се обидам да јадам кајмак! appeared first on Република.

]]>
Светска премиера на „Кајмак“ на Милчо Манчевски на Фестивалот во Токио на 26 октомври https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svetska-premiera-na-kajmak-na-milcho-manchevski-na-festivalot-vo-tokio-na-26-oktomvri/ Wed, 21 Sep 2022 11:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=552867

„Кајмак“, новиот филм на најнаградуваниот филмски режисер Милчо Манчевски ќе има светска премиера на 26 октомври на 35. Меѓународен филмски фестивал во Токио (ТИФФ). Филмот ќе биде дел од официјалната конкуренција, со што ќе се бори за награди, а ќе има три проекции во рамките на фестивалот.

Фестивалот почнува на 24 октомври и ќе трае до 2 ноември. Фестивалот во Токио е на А-листата заедно со Берлин, Кан и Венеција, најголем е во Азија и еден од најголемите во светот.

Манчевски и дел од актерската екипа на „Кајмак“ ќе продефилираат на црвениот килим во Токио и ќе учествуваат во два разговори со публиката. Манчевски ќе одржи и специјален мастерклас за јапонската стручна публика и за студенти.

Јане Ќортошев, македонскиот копродуцент на „Кајмак“ најави дека по светската премиера, македонската премиера се очекува да биде во средината на ноември.

Македонија до Токио! Филмот добива прекрасен старт на својот живот и сигурен сум дека ќе има богат фестивалски живот и понатаму, рече на денешната прес-конференција Ќортошев.

Манчевски, кој е многу популарен во Јапонија, беше првиот македонски автор кој ги проби границите за македонскиот филм и во Азија. Тој беше во селекцијата на Токио уште со „Пред дождот“ и со „Прашина“, а сите негови филмови се исклучително почитувани. Всушност во Азија, не само македонската кинематографија, туку и името Македонија, како и нејзиното место на светската мапа се директно поврзани со филмовите на Манчевски.

Кога првиот пат бев во Токио го држев во раце златниот лав од Венеција на Куросава (за „Рашомон“) и видов дека дизајнот на лавот се разликува од мојот – организаторите во Венеција ја промениле формата на трофејот во тие 30-тина години што поминале. Сега одам да проверам дали е сè во ред со лавот од Токио“, рече Манчевски.

На прес-конференцијата беше и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска која рече дека Манчевски повторно нè носи во Јапонија со неговиот најнов филм.

Во меѓувреме светот дозна за Македонија преку неговите филмови. Тие ги пренесоа на сите континенти, во стотина земји, убавините на нашата земја, ама – уште поважно – вредноста на македонската култура и македонскиот јазик, рече министерката.

„Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода.

Во „Кајмак“ поголем дел од финансиите доаѓаат од странство - 52 проценти се од државните фондови на Данска, Холандија и Хрватска, како и од најреномираниот европски фонд Еуроимаж. Агенцијата за филм на Македонија обезбеди 48 проценти од буџетот, а Македонската Радио Телевизија е копродуцент. Во екипата се вклучени и независни филмски работници од Англија, Италија и Србија.

По сценарио и режија на Милчо Манчевски, во филмот играат: Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.

Дански копродуцент на „Кајмак“ е Мета Луис Фолдагер Соренсен, продуцентка на филмовите „Антихрист“ и „Меланхолија“ на Ларс Фон Трир, како и на данскиот кандидат за Оскар „Кралската афера“ и на „Сопругата“ со Глен Клоуз. Холандски копродуценти се Изабела Депевег и Елс Вандерворст, една од најискусните холандски продуценти („Мандерлеј“, „Догвил“ и „Танчер во мракот“ на Ларс Фон Трир и „Сè е тоа за љубов“ на Томас Винтерберг). Хрватски копродуцент е Синиша Јуричиќ. Извршен продуцент е Иан Прајор од британската Скала Продакшнс.

Македонски продуцент на филмот е Банана филм. Продуцира Јане Ќортошев. Продукциски дизајнер е Дејвид Манс од Англија, директор на фотографија Данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Емил Нунинга, дизајнер на звукот Херман Пиете, кастинг директор Милка Анчевска, костимограф Жаклина Крстевска, а дизајнер на шминка е италијанската легенда Марио Микисанти. Музиката е на култниот Дејниш стринг квартет, а дополнителната музика на Игор Василев-Новоградска.

The post Светска премиера на „Кајмак“ на Милчо Манчевски на Фестивалот во Токио на 26 октомври appeared first on Република.

]]>

„Кајмак“, новиот филм на најнаградуваниот филмски режисер Милчо Манчевски ќе има светска премиера на 26 октомври на 35. Меѓународен филмски фестивал во Токио (ТИФФ). Филмот ќе биде дел од официјалната конкуренција, со што ќе се бори за награди, а ќе има три проекции во рамките на фестивалот. Фестивалот почнува на 24 октомври и ќе трае до 2 ноември. Фестивалот во Токио е на А-листата заедно со Берлин, Кан и Венеција, најголем е во Азија и еден од најголемите во светот. Манчевски и дел од актерската екипа на „Кајмак“ ќе продефилираат на црвениот килим во Токио и ќе учествуваат во два разговори со публиката. Манчевски ќе одржи и специјален мастерклас за јапонската стручна публика и за студенти. Јане Ќортошев, македонскиот копродуцент на „Кајмак“ најави дека по светската премиера, македонската премиера се очекува да биде во средината на ноември.
Македонија до Токио! Филмот добива прекрасен старт на својот живот и сигурен сум дека ќе има богат фестивалски живот и понатаму, рече на денешната прес-конференција Ќортошев.
Манчевски, кој е многу популарен во Јапонија, беше првиот македонски автор кој ги проби границите за македонскиот филм и во Азија. Тој беше во селекцијата на Токио уште со „Пред дождот“ и со „Прашина“, а сите негови филмови се исклучително почитувани. Всушност во Азија, не само македонската кинематографија, туку и името Македонија, како и нејзиното место на светската мапа се директно поврзани со филмовите на Манчевски.
Кога првиот пат бев во Токио го држев во раце златниот лав од Венеција на Куросава (за „Рашомон“) и видов дека дизајнот на лавот се разликува од мојот – организаторите во Венеција ја промениле формата на трофејот во тие 30-тина години што поминале. Сега одам да проверам дали е сè во ред со лавот од Токио“, рече Манчевски.
На прес-конференцијата беше и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска која рече дека Манчевски повторно нè носи во Јапонија со неговиот најнов филм.
Во меѓувреме светот дозна за Македонија преку неговите филмови. Тие ги пренесоа на сите континенти, во стотина земји, убавините на нашата земја, ама – уште поважно – вредноста на македонската култура и македонскиот јазик, рече министерката.
„Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода. Во „Кајмак“ поголем дел од финансиите доаѓаат од странство - 52 проценти се од државните фондови на Данска, Холандија и Хрватска, како и од најреномираниот европски фонд Еуроимаж. Агенцијата за филм на Македонија обезбеди 48 проценти од буџетот, а Македонската Радио Телевизија е копродуцент. Во екипата се вклучени и независни филмски работници од Англија, Италија и Србија. По сценарио и режија на Милчо Манчевски, во филмот играат: Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други. Дански копродуцент на „Кајмак“ е Мета Луис Фолдагер Соренсен, продуцентка на филмовите „Антихрист“ и „Меланхолија“ на Ларс Фон Трир, како и на данскиот кандидат за Оскар „Кралската афера“ и на „Сопругата“ со Глен Клоуз. Холандски копродуценти се Изабела Депевег и Елс Вандерворст, една од најискусните холандски продуценти („Мандерлеј“, „Догвил“ и „Танчер во мракот“ на Ларс Фон Трир и „Сè е тоа за љубов“ на Томас Винтерберг). Хрватски копродуцент е Синиша Јуричиќ. Извршен продуцент е Иан Прајор од британската Скала Продакшнс. Македонски продуцент на филмот е Банана филм. Продуцира Јане Ќортошев. Продукциски дизајнер е Дејвид Манс од Англија, директор на фотографија Данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Емил Нунинга, дизајнер на звукот Херман Пиете, кастинг директор Милка Анчевска, костимограф Жаклина Крстевска, а дизајнер на шминка е италијанската легенда Марио Микисанти. Музиката е на култниот Дејниш стринг квартет, а дополнителната музика на Игор Василев-Новоградска.

The post Светска премиера на „Кајмак“ на Милчо Манчевски на Фестивалот во Токио на 26 октомври appeared first on Република.

]]>
Токио четири дена по ред бележи рекордни бројки на заболени од Корона https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tokio-chetiri-dena-po-red-belezi-rekordni-brojki-na-zaboleni-od-korona/ Sat, 22 Jan 2022 15:35:40 +0000 https://republika.mk/?p=448135

Во Токио денеска, четврти ден по ред, е потврден рекорден број новозаразени со коронавирусот. Главниот град на Јапонија регистрира 11.227 нови случаи на ковид-19, соопшти локалната власт еден ден откако повторно воведе ограничувања за движење и за бизнисите, кои ќе бидат во сила до 13 февруари.

Во последните 24 часа од ковид-19 починале три лица, а денеска е потврдено дека 12 пациенти се во тешка состојба, соопшти градската управа на Токио.

The post Токио четири дена по ред бележи рекордни бројки на заболени од Корона appeared first on Република.

]]>

Во Токио денеска, четврти ден по ред, е потврден рекорден број новозаразени со коронавирусот. Главниот град на Јапонија регистрира 11.227 нови случаи на ковид-19, соопшти локалната власт еден ден откако повторно воведе ограничувања за движење и за бизнисите, кои ќе бидат во сила до 13 февруари. Во последните 24 часа од ковид-19 починале три лица, а денеска е потврдено дека 12 пациенти се во тешка состојба, соопшти градската управа на Токио.

The post Токио четири дена по ред бележи рекордни бројки на заболени од Корона appeared first on Република.

]]>
Токио регистрира рекорден број новозаразени со коронавирусот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tokio-registrira-rekorden-broj-novozarazeni-so-koronavirusot/ Sat, 22 Jan 2022 14:42:50 +0000 https://republika.mk/?p=448117

Во Токио денеска, четврти ден по ред, е потврден рекорден број новозаразени со коронавирусот.

Главниот град на Јапонија регистрира 11.227 нови случаи на Ковид-19, соопшти локалната власт еден ден откако повторно воведе ограничувања за движење и за бизнисите, кои ќе бидат во сила до 13 февруари.

Во последните 24 часа од Ковид-19 починале три лица, а денеска е потврдено дека 12 пациенти се во тешка состојба, соопшти градската управа на Токио.

The post Токио регистрира рекорден број новозаразени со коронавирусот appeared first on Република.

]]>

Во Токио денеска, четврти ден по ред, е потврден рекорден број новозаразени со коронавирусот. Главниот град на Јапонија регистрира 11.227 нови случаи на Ковид-19, соопшти локалната власт еден ден откако повторно воведе ограничувања за движење и за бизнисите, кои ќе бидат во сила до 13 февруари. Во последните 24 часа од Ковид-19 починале три лица, а денеска е потврдено дека 12 пациенти се во тешка состојба, соопшти градската управа на Токио.

The post Токио регистрира рекорден број новозаразени со коронавирусот appeared first on Република.

]]>