тојота Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tojota/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Jun 2024 08:50:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тојота Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tojota/ 32 32 Скандал во Тојота: Ги фалсификувале тестовите за моќност на моторот на автомобилите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/skandal-vo-tojota-gi-falsifikuvale-testovite-za-moknost-na-motorot-na-avtomobilite/ Mon, 10 Jun 2024 08:50:58 +0000 https://republika.mk/?p=786094

Акциите на јапонскиот производител на автомобили Тојота Мотор паднаа за повеќе од 5,4%, откако јапонското Министерство за транспорт откри дека фирмата користела лажни податоци при тестирање на одредени модели на автомобили.

Пазарната вредност на јапонската компанија падна за само една недела за 2,45 трилиони јапонски јени, или за повеќе од 14,5 милијарди евра, пренесоа медиумите.

Истрагата покажа дека тестовите за моќност на моторот биле фалсификувани, додека тестовите за судар и воздушни перничиња користеле несоодветни или застарени податоци.

По овој скандал, Toyota Motor го суспендираше производството на три модели на возила, Corolla Fielder, Corolla Akio и Yaris Cross.

Претседателот на јапонската компанија Тојота Мотор, Акио Тојода, веднаш по избивањето на скандалот на 3 јуни, се извини за масовното мамење при тестирањето на седум модели на автомобили.

– Искрено се извинуваме – им рече Тојода на прес-конференциите на кои компаниите се извинуваат за лошото однесување.

Компанијата на 8 мај објави дека нејзината добивка за фискалната година која заврши на 31 март се удвои на рекордни 4,94 трилиони јапонски јени, или околу 29,6 милијарди евра.

Во истиот период, приходите на Тојота исто така соборија рекорд, бидејќи пораснаа за 21,4 отсто на годишно ниво, на 270,4 милијарди евра.

The post Скандал во Тојота: Ги фалсификувале тестовите за моќност на моторот на автомобилите appeared first on Република.

]]>

Акциите на јапонскиот производител на автомобили Тојота Мотор паднаа за повеќе од 5,4%, откако јапонското Министерство за транспорт откри дека фирмата користела лажни податоци при тестирање на одредени модели на автомобили. Пазарната вредност на јапонската компанија падна за само една недела за 2,45 трилиони јапонски јени, или за повеќе од 14,5 милијарди евра, пренесоа медиумите. Истрагата покажа дека тестовите за моќност на моторот биле фалсификувани, додека тестовите за судар и воздушни перничиња користеле несоодветни или застарени податоци. По овој скандал, Toyota Motor го суспендираше производството на три модели на возила, Corolla Fielder, Corolla Akio и Yaris Cross. Претседателот на јапонската компанија Тојота Мотор, Акио Тојода, веднаш по избивањето на скандалот на 3 јуни, се извини за масовното мамење при тестирањето на седум модели на автомобили. – Искрено се извинуваме – им рече Тојода на прес-конференциите на кои компаниите се извинуваат за лошото однесување. Компанијата на 8 мај објави дека нејзината добивка за фискалната година која заврши на 31 март се удвои на рекордни 4,94 трилиони јапонски јени, или околу 29,6 милијарди евра. Во истиот период, приходите на Тојота исто така соборија рекорд, бидејќи пораснаа за 21,4 отсто на годишно ниво, на 270,4 милијарди евра.

The post Скандал во Тојота: Ги фалсификувале тестовите за моќност на моторот на автомобилите appeared first on Република.

]]>
Тојота во САД повлекува милион возила поради неисправни сензори за воздушни перничиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tojota-vo-sad-povlekuva-milion-vozila-poradi-neispravni-senzori-za-vozdushni-pernichina/ Thu, 21 Dec 2023 07:55:44 +0000 https://republika.mk/?p=725087

Тојота Моторс соопшти дека ќе повлече милион свои возила во САД поради дефект на сензорот што може да предизвика краток спој и да ги деактивира воздушните перничиња.

Поради дефекти на сензорот повлекувањето ги опфаќа возилата од 2020 до 2022 година кои вклучуваат различни модели Avalon, Camry, Corolla, RAV4, Lexus ES250, ES300H, ES350, RX350 Highlander и Sienna Hybrid.

Сензорите обезбедуваат воздушните перничиња да не се активираат ако мало возрасно лице или дете седи на предното седиште. Најавено е дека сензорите ќе бидат проверени и ако е потребно ќе бидат заменети.

The post Тојота во САД повлекува милион возила поради неисправни сензори за воздушни перничиња appeared first on Република.

]]>

Тојота Моторс соопшти дека ќе повлече милион свои возила во САД поради дефект на сензорот што може да предизвика краток спој и да ги деактивира воздушните перничиња. Поради дефекти на сензорот повлекувањето ги опфаќа возилата од 2020 до 2022 година кои вклучуваат различни модели Avalon, Camry, Corolla, RAV4, Lexus ES250, ES300H, ES350, RX350 Highlander и Sienna Hybrid. Сензорите обезбедуваат воздушните перничиња да не се активираат ако мало возрасно лице или дете седи на предното седиште. Најавено е дека сензорите ќе бидат проверени и ако е потребно ќе бидат заменети.

The post Тојота во САД повлекува милион возила поради неисправни сензори за воздушни перничиња appeared first on Република.

]]>
„Тојота“ e лидер на светскиот автомобилски пазар во првата половина од 2023 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tojota-e-lider-na-svetskiot-avtomobilski-pazar-vo-prvata-polovina-od-2023-godina/ Fri, 28 Jul 2023 18:06:57 +0000 https://republika.mk/?p=666421

Јапонската корпорација „Тојота“ (Toyota Motor Corp.) е лидер на светскиот автомобилски пазар во првите шест месеци од 2023 година, надминувајќи го четврта година по ред (за периодот од првата половина од годината), германскиот концерн „Фолксваген“ и другите главни конкуренти.

Автомобилската индустриска групација „Тојота“ објави дека во првата половина од 2023 година продале 5,42 милиони возила ширум светот, што е 5,5 отсто повеќе од истиот период лани. Ова ја вклучува продажбата на нејзиниот оддел „Дајхатсу мотор“ (Daihatsu Motor Co.), што е специјализиран за производство на мали моторни возила, како и другата компанија во сопственост на „Тојота“ - производителот на камиони „Хино моторс Лтд“ (Hino Motors Ltd.).

Во првото полугодие од 2023., германскиот концерн „Фолксваген“ продал 4,37 милиони возила, што претставува зголемување од 12,8 отсто.

The post „Тојота“ e лидер на светскиот автомобилски пазар во првата половина од 2023 година appeared first on Република.

]]>

Јапонската корпорација „Тојота“ (Toyota Motor Corp.) е лидер на светскиот автомобилски пазар во првите шест месеци од 2023 година, надминувајќи го четврта година по ред (за периодот од првата половина од годината), германскиот концерн „Фолксваген“ и другите главни конкуренти. Автомобилската индустриска групација „Тојота“ објави дека во првата половина од 2023 година продале 5,42 милиони возила ширум светот, што е 5,5 отсто повеќе од истиот период лани. Ова ја вклучува продажбата на нејзиниот оддел „Дајхатсу мотор“ (Daihatsu Motor Co.), што е специјализиран за производство на мали моторни возила, како и другата компанија во сопственост на „Тојота“ - производителот на камиони „Хино моторс Лтд“ (Hino Motors Ltd.). Во првото полугодие од 2023., германскиот концерн „Фолксваген“ продал 4,37 милиони возила, што претставува зголемување од 12,8 отсто.

The post „Тојота“ e лидер на светскиот автомобилски пазар во првата половина од 2023 година appeared first on Република.

]]>
Целосно изгоре „Тојота“ кај Мајчин дом https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/celosno-izgore-tojota-kaj-majchin-dom/ Tue, 21 Jun 2022 21:24:46 +0000 https://republika.mk/?p=518239

Вчеравечер целосно изгоре „Тојота“ во населбата Аеродром кај „Мајчин дом“. Од автомобилот нема ништо останато и во целост е уништен.

Се уште не се знае која е причината, дали пожарот е подметнат или пак се работи за дефект на возилото поради неисправна инсталација.

 

The post Целосно изгоре „Тојота“ кај Мајчин дом appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер целосно изгоре „Тојота“ во населбата Аеродром кај „Мајчин дом“. Од автомобилот нема ништо останато и во целост е уништен. Се уште не се знае која е причината, дали пожарот е подметнат или пак се работи за дефект на возилото поради неисправна инсталација.  

The post Целосно изгоре „Тојота“ кај Мајчин дом appeared first on Република.

]]>