Тодор Проески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/todor-proeski/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Aug 2023 10:16:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тодор Проески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/todor-proeski/ 32 32 Поради очајната состојба: Стадионот „Тодор Проески“ доби забрана од УЕФА https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/poradi-ochajnata-sostojba-stadionot-todor-proeski-dobi-zabrana-od-uefa/ Sat, 05 Aug 2023 10:16:09 +0000 https://republika.mk/?p=668909

Македонскиот фудбал се соочува со уште еден непредвиден проблем. Тревникот на нашиот најголем стадион „Тодор Проески“ е во очајна кондиција и Европската фудбалска унија (УЕФА) не даде дозвола за натпревари од европските клупски натпреварувања во август на таков тревник.

Тоа е голем проблем за цело фудбалско движење кај нас, за Струга Трим Љум која игра во Европа, за прволигашите од Скопје, кои го пријавија овој стадион како домашен терен (Вардар и Работнички) и за националната репрезентација која на деветти септември треба да ја пречека Италија на „Тодор Проески“, пишува gol.mk.

Веќе и официјално Струга Трим Љум натпревар од третото квалификациско коло во Конференциската лига против Есперанж од Луксембург, на десетти август, ќе го игра на стадионот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Заради грешка на изведувачот тревата е во очајна состојба и потребен е нов процес на поставување на тревни бусени, па ниту една екипа нема да игра на нашиот најголем стадион до почетокот на септември. Прволигашите Вардар и Работнички своите домашни натпревари ќе ги играат на алтернативен терен.

Колку голема вест и срамота е ова покажува и заинтересираноста на порталите од земјите од регионот да ја пренесат веста. Така босанскиот Klix.ba оди со наслов дека „Еден од најмодерните стадиони во регионот доби забрана од УЕФА поради очајниот терен“.

И српски B92 оди со сличен наслов: „УЕФА забрани играње на еден од најмодерните стадиони во регионот“.

The post Поради очајната состојба: Стадионот „Тодор Проески“ доби забрана од УЕФА appeared first on Република.

]]>

Македонскиот фудбал се соочува со уште еден непредвиден проблем. Тревникот на нашиот најголем стадион „Тодор Проески“ е во очајна кондиција и Европската фудбалска унија (УЕФА) не даде дозвола за натпревари од европските клупски натпреварувања во август на таков тревник. Тоа е голем проблем за цело фудбалско движење кај нас, за Струга Трим Љум која игра во Европа, за прволигашите од Скопје, кои го пријавија овој стадион како домашен терен (Вардар и Работнички) и за националната репрезентација која на деветти септември треба да ја пречека Италија на „Тодор Проески“, пишува gol.mk. Веќе и официјално Струга Трим Љум натпревар од третото квалификациско коло во Конференциската лига против Есперанж од Луксембург, на десетти август, ќе го игра на стадионот „Петар Милошевски“ во Скопје. Заради грешка на изведувачот тревата е во очајна состојба и потребен е нов процес на поставување на тревни бусени, па ниту една екипа нема да игра на нашиот најголем стадион до почетокот на септември. Прволигашите Вардар и Работнички своите домашни натпревари ќе ги играат на алтернативен терен. Колку голема вест и срамота е ова покажува и заинтересираноста на порталите од земјите од регионот да ја пренесат веста. Така босанскиот Klix.ba оди со наслов дека „Еден од најмодерните стадиони во регионот доби забрана од УЕФА поради очајниот терен“. И српски B92 оди со сличен наслов: „УЕФА забрани играње на еден од најмодерните стадиони во регионот“.

The post Поради очајната состојба: Стадионот „Тодор Проески“ доби забрана од УЕФА appeared first on Република.

]]>