тодор јанев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/todor-janev/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Feb 2024 09:34:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тодор јанев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/todor-janev/ 32 32 Победа на родителите во Чашка! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pobeda-na-roditelite-vo-chashka/ Wed, 14 Feb 2024 07:56:40 +0000 https://republika.mk/?p=743856

Во основното училиште „Тодор Јанев“ во Општина Чашка е изнајдено решение за продолжување на воспитно образовниот процес за сите ученици, на нивниот мајчин јазик. Учениците од утре се враќаат на настава, информираат од владината прес-служба.

Наставата за сите ученици од ова училиште времено ќе се реализира во постојниот објект, односно до крајот на учебната година и по адаптирани наставни програми, со цел совладување на материјалот кој е пропуштен поради неодржувањето на часовите во изминатиот период.

Одлуката е донесена под покровителство на премиерот во техничката Влада, Талат Џафери, во координација на Министерството за образование и наука, а со учество на пратениците од сите политички партии, претставниците на локалната самоуправа и засегнатите страни.

Решението на горливиот проблем, кое во форма на спогодба е потпишано од министерот за образование и наука, градоначалникот на Чашка и директорката на училиштето, предвидува враќање на одземените ингеренции на градоначалникот во делот на управување со училиштето од страна на Министерството за образование и наука, како и изградба на нов училишен објект, како трајно решение на предизвикот кој го доведе во прашање образованието на мајчин јазик на учениците од оваа општина, се вели во владиното соопштение.

Како што информираат, изградбата на објектот ќе биде заедничка обврска на министерството и општината. Чашка ќе отпочне иницијатива за основање на нов правен субјект, ќе обезбеди локација и комплетна урбанистичко – планска документација, додека МОН ќе обезбеди финансиски средства и ќе го реализира инфраструктурниот проект. Новото училиште треба да биде изградено до крајот на тековната календарска година.

Дека проблемот со ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка е решен и официјално, потврди и пратеникот Игор Здравковски, кој објави дека блокадите запираат, учениците продолжуваат со наставата, тензиите стивнуваат...

После три месеци борба за правда, таа е издејствувана.

Најпрвин сакам да им упатам честитки на издржливоста и решителноста на родителите и Советот на родители од ООУ „Тодор Јанев“ кои бескомпромисно застанаа на страната на вистината, на страната на заштитата на интересот на образовниот процес и интересот на своите деца и сите овие месеци покрај безброј притисоци останаа на ставот свесно ризикувајќи и губење на учебната година на своите најмили.
Благодарност и до сите вклучени во процесот на преговори, во кој и јас бев вклучен, и пред се сакам да изразам задоволство од разбирањето и давањето шанса на дијалогот.
Статутот на училиштето ќе остане непроменет!
Ингеренциите ќе бидат вратени на општината и ќе биде назначен нов директор на училиштето.
Учениците Албанци ќе продолжат со настава на албански јазик до завршувањето на учебната година во просториите на Тодор Јанев, но административно ќе бидат под Лирија затоа што таму согласно статутот се учи на албански наставен јазик.
Она што го бараме долги години, а последно ми беше одбиено во расправата за буџетот за 2024, во с.Бањица ќе се изгради ново училиште и тоа е превземена обврска од МОН, за од септември да се одвива таму наставата наместо во Чашка со што учениците нема да губат време во патување
Се формира нов правен субјект, ново училиште и веднаш кога ќе се исполнат условите овие ученици ќе продолжат со настава под новото училиште наместо под Лирија.
За крај уште еднаш, капа долу до сите родители кои беа крајно трпеливи и решителни. Покажавме дека некогаш блокадите се единствен начин да се крене гласот и да се најде решение на проблемот.
Да живее Чашка!
Чашка е срцето на Македонија!, порача тој.

The post Победа на родителите во Чашка! appeared first on Република.

]]>

Во основното училиште „Тодор Јанев“ во Општина Чашка е изнајдено решение за продолжување на воспитно образовниот процес за сите ученици, на нивниот мајчин јазик. Учениците од утре се враќаат на настава, информираат од владината прес-служба. Наставата за сите ученици од ова училиште времено ќе се реализира во постојниот објект, односно до крајот на учебната година и по адаптирани наставни програми, со цел совладување на материјалот кој е пропуштен поради неодржувањето на часовите во изминатиот период. Одлуката е донесена под покровителство на премиерот во техничката Влада, Талат Џафери, во координација на Министерството за образование и наука, а со учество на пратениците од сите политички партии, претставниците на локалната самоуправа и засегнатите страни.
Решението на горливиот проблем, кое во форма на спогодба е потпишано од министерот за образование и наука, градоначалникот на Чашка и директорката на училиштето, предвидува враќање на одземените ингеренции на градоначалникот во делот на управување со училиштето од страна на Министерството за образование и наука, како и изградба на нов училишен објект, како трајно решение на предизвикот кој го доведе во прашање образованието на мајчин јазик на учениците од оваа општина, се вели во владиното соопштение.
Како што информираат, изградбата на објектот ќе биде заедничка обврска на министерството и општината. Чашка ќе отпочне иницијатива за основање на нов правен субјект, ќе обезбеди локација и комплетна урбанистичко – планска документација, додека МОН ќе обезбеди финансиски средства и ќе го реализира инфраструктурниот проект. Новото училиште треба да биде изградено до крајот на тековната календарска година. Дека проблемот со ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка е решен и официјално, потврди и пратеникот Игор Здравковски, кој објави дека блокадите запираат, учениците продолжуваат со наставата, тензиите стивнуваат... После три месеци борба за правда, таа е издејствувана.
Најпрвин сакам да им упатам честитки на издржливоста и решителноста на родителите и Советот на родители од ООУ „Тодор Јанев“ кои бескомпромисно застанаа на страната на вистината, на страната на заштитата на интересот на образовниот процес и интересот на своите деца и сите овие месеци покрај безброј притисоци останаа на ставот свесно ризикувајќи и губење на учебната година на своите најмили. Благодарност и до сите вклучени во процесот на преговори, во кој и јас бев вклучен, и пред се сакам да изразам задоволство од разбирањето и давањето шанса на дијалогот. Статутот на училиштето ќе остане непроменет! Ингеренциите ќе бидат вратени на општината и ќе биде назначен нов директор на училиштето. Учениците Албанци ќе продолжат со настава на албански јазик до завршувањето на учебната година во просториите на Тодор Јанев, но административно ќе бидат под Лирија затоа што таму согласно статутот се учи на албански наставен јазик. Она што го бараме долги години, а последно ми беше одбиено во расправата за буџетот за 2024, во с.Бањица ќе се изгради ново училиште и тоа е превземена обврска од МОН, за од септември да се одвива таму наставата наместо во Чашка со што учениците нема да губат време во патување Се формира нов правен субјект, ново училиште и веднаш кога ќе се исполнат условите овие ученици ќе продолжат со настава под новото училиште наместо под Лирија. За крај уште еднаш, капа долу до сите родители кои беа крајно трпеливи и решителни. Покажавме дека некогаш блокадите се единствен начин да се крене гласот и да се најде решение на проблемот. Да живее Чашка! Чашка е срцето на Македонија!, порача тој.

The post Победа на родителите во Чашка! appeared first on Република.

]]>
Ќерката на директорката што сосила отвори албанска паралелка во Чашка е вработена во Просветниот инспекторат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kerkata-na-direktorkata-shto-sosila-otvori-albanska-paralelka-vo-chashka-e-vrabotena-vo-prosvetniot-inspektorat/ Fri, 22 Dec 2023 15:34:52 +0000 https://republika.mk/?p=725759

Додека повеќе од еден месец, учениците од основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка ја бојкотираат наставата поради незаконско воведувањето на паралелка на албански јазик во населено место само со Македонци, излегува на површина причината за сервилноста на ВД директорката, Елена Николова, кон надлежните образовни институции, со кои раководат кадри на ДУИ и на Алијанса на Албанците.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-veshtachki-i-nezakonski-sozdava-albanski-paralelki-vo-veles/

Имено, за послушноста и лојалноста на Николова, нејзината ќерка од неодамна е вработена како советник на директорот на Државниот просветен инспекторат, Халит Фератов, кој сега ја турка приказната околу отворањето паралелка на албански јазик, во место каде што нема никаква логична оправданост.

За личните интереси на директорката Николова, денеска во колумна за „Нетпрес“, откри Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија.

По одземањето на ингеренциите на градоначалникот на општината Чашка од ООУ „Тодор Јанев“ – Чашка и разрешување на директорот, министерот Јетон Шаќири ја назначува за ВД директор одделенската наставничка Елена Николова. Таа треба да ги извршува сите одлуки по барање на министерот и директорот на Државниот просветен инспекторат Халит Фератов, без учество на органот на управување (незаконски), односно, поконкретно кажано училиштето е оставено без орган на управување. За ваквиот незаконски и политички акт, ВД директорката Елена Николова, е наградена со вработување на нејзината ќерка Теодора Матиевиќ во Државниот просветен инспекторат-Советник на директорот Халит Фератов. А, покрај ќерката на ВД директорката, наградени ќе бидат со унапредување во повисоко звање и некои просветни инспектори.

Повеќе тука

The post Ќерката на директорката што сосила отвори албанска паралелка во Чашка е вработена во Просветниот инспекторат appeared first on Република.

]]>

Додека повеќе од еден месец, учениците од основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка ја бојкотираат наставата поради незаконско воведувањето на паралелка на албански јазик во населено место само со Македонци, излегува на површина причината за сервилноста на ВД директорката, Елена Николова, кон надлежните образовни институции, со кои раководат кадри на ДУИ и на Алијанса на Албанците. https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-veshtachki-i-nezakonski-sozdava-albanski-paralelki-vo-veles/ Имено, за послушноста и лојалноста на Николова, нејзината ќерка од неодамна е вработена како советник на директорот на Државниот просветен инспекторат, Халит Фератов, кој сега ја турка приказната околу отворањето паралелка на албански јазик, во место каде што нема никаква логична оправданост. За личните интереси на директорката Николова, денеска во колумна за „Нетпрес“, откри Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија.
По одземањето на ингеренциите на градоначалникот на општината Чашка од ООУ „Тодор Јанев“ – Чашка и разрешување на директорот, министерот Јетон Шаќири ја назначува за ВД директор одделенската наставничка Елена Николова. Таа треба да ги извршува сите одлуки по барање на министерот и директорот на Државниот просветен инспекторат Халит Фератов, без учество на органот на управување (незаконски), односно, поконкретно кажано училиштето е оставено без орган на управување. За ваквиот незаконски и политички акт, ВД директорката Елена Николова, е наградена со вработување на нејзината ќерка Теодора Матиевиќ во Државниот просветен инспекторат-Советник на директорот Халит Фератов. А, покрај ќерката на ВД директорката, наградени ќе бидат со унапредување во повисоко звање и некои просветни инспектори.
Повеќе тука

The post Ќерката на директорката што сосила отвори албанска паралелка во Чашка е вработена во Просветниот инспекторат appeared first on Република.

]]>