Тодор Чепреганов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/todor-chepreganov/ За подобро да се разбереме Mon, 08 May 2023 12:48:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тодор Чепреганов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/todor-chepreganov/ 32 32 Чепреганов: Македонија нема заедничка историја со Бугарија за заеднички да одбележува историски датуми и личности https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chepreganov-makedonija-nema-zaednichka-istoija-so-bugarija-za-zaednichki-da-odbelezhuva-istoriski-datumi-i-lichnosti/ Mon, 08 May 2023 12:04:24 +0000 https://republika.mk/?p=638382

„Договорот за пријателство и соработка со Бугарија е клучниот создавач на сите проблеми во односите меѓу двете земји, кои се на најниско ниво во последните 80 години. Тие односи ќе продолжат уште повеќе да се влошуваат, ако бугарската страна продолжи со агресивната експанзионистичка политика.’ – сметаат соговорниците-историчари, аналитичари и професори.“ Ова се наведува во анализата со наслов „Македонија сама најдобро си ги слави историските личности и датуми“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Заедничкото чествување датуми и личности со Бугарија се покажува како контрапродуктивно

Покрај другото, во анализата пишува: Без инциденти, протестни ноти и вербални закани за нови блокади од страна на Бугарија помина неодамнешното одбележување на 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје. Тоа е најдобра потврда дека заедничкото чествување е погрешен пристап, кој само дополнително ги конфронтира двете држави и двата народа.

Годинашново одбележување на денот на убиството на Гоце Делчев, иако со засилено полициско присуство и контроли, сепак помина во една понормална атмосфера, слична на оние кога Македонија сама ги одбележуваше датумите од сопствената историја. Во исто време, Бугарија сама го одбележа овој датум со својот познат став дека Гоце Делчев „се борел за слободата на Бугарија“.

Историчарот Тодор Чепреганов целосно се согласува дека проблемите настанале во оној момент кога во Договорот за пријателство и соработка се спомнало заедничко чествување на важните датуми и личности. „Ние треба да си се вратиме на чествувањето на Гоце Делчев како што беше пред потпишувањето на Договорот за пријателство и соработка. Додека не беше потпишан тој договор, ние си имавме многу нормално чествување секоја година, како на 4 февруари, така и на 4 мај. Секоја година сме оделе и сме положувале цвеќе без никаков проблем – вели Чепреганов.

Според него, ова е вистинскиот начин како Македонија треба да си ги одбележува важните датуми од сопствената историја.„Не се потребни никакви заеднички чествувања. Бугарите нека си го прославуваат како што сакаат, ние ќе си го прославуваме како што нам ни одговара. Ова важи за сите датуми од нашата историја.“ – истакнува Чепреганов.

Тој укажува дека Бугарија во целата работа настапува со стремеж да да наметне дека Македонија има заедничка историја со Бугарија. „ Што ќе чествуваме заеднички со нив? Гоце Делчев се борел за санстефанска Бугарија? Не. Гоце Делчев се борел за македонска држава и самостојност. Како ќе ги споиме тие две работи на заедничко чествување? Тоа се две спротивни идеологии.“

The post Чепреганов: Македонија нема заедничка историја со Бугарија за заеднички да одбележува историски датуми и личности appeared first on Република.

]]>

„Договорот за пријателство и соработка со Бугарија е клучниот создавач на сите проблеми во односите меѓу двете земји, кои се на најниско ниво во последните 80 години. Тие односи ќе продолжат уште повеќе да се влошуваат, ако бугарската страна продолжи со агресивната експанзионистичка политика.’ – сметаат соговорниците-историчари, аналитичари и професори.“ Ова се наведува во анализата со наслов „Македонија сама најдобро си ги слави историските личности и датуми“, која ја објави весникот „Нова Македонија“. Заедничкото чествување датуми и личности со Бугарија се покажува како контрапродуктивно Покрај другото, во анализата пишува: Без инциденти, протестни ноти и вербални закани за нови блокади од страна на Бугарија помина неодамнешното одбележување на 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје. Тоа е најдобра потврда дека заедничкото чествување е погрешен пристап, кој само дополнително ги конфронтира двете држави и двата народа. Годинашново одбележување на денот на убиството на Гоце Делчев, иако со засилено полициско присуство и контроли, сепак помина во една понормална атмосфера, слична на оние кога Македонија сама ги одбележуваше датумите од сопствената историја. Во исто време, Бугарија сама го одбележа овој датум со својот познат став дека Гоце Делчев „се борел за слободата на Бугарија“. Историчарот Тодор Чепреганов целосно се согласува дека проблемите настанале во оној момент кога во Договорот за пријателство и соработка се спомнало заедничко чествување на важните датуми и личности. „Ние треба да си се вратиме на чествувањето на Гоце Делчев како што беше пред потпишувањето на Договорот за пријателство и соработка. Додека не беше потпишан тој договор, ние си имавме многу нормално чествување секоја година, како на 4 февруари, така и на 4 мај. Секоја година сме оделе и сме положувале цвеќе без никаков проблем – вели Чепреганов. Според него, ова е вистинскиот начин како Македонија треба да си ги одбележува важните датуми од сопствената историја.„Не се потребни никакви заеднички чествувања. Бугарите нека си го прославуваат како што сакаат, ние ќе си го прославуваме како што нам ни одговара. Ова важи за сите датуми од нашата историја.“ – истакнува Чепреганов. Тој укажува дека Бугарија во целата работа настапува со стремеж да да наметне дека Македонија има заедничка историја со Бугарија. „ Што ќе чествуваме заеднички со нив? Гоце Делчев се борел за санстефанска Бугарија? Не. Гоце Делчев се борел за македонска држава и самостојност. Како ќе ги споиме тие две работи на заедничко чествување? Тоа се две спротивни идеологии.“

The post Чепреганов: Македонија нема заедничка историја со Бугарија за заеднички да одбележува историски датуми и личности appeared first on Република.

]]>
Чепреганов: Бугарски модел за ревизија на историјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chepreganov-bugarski-model-za-revizija-na-istorijata/ Thu, 24 Nov 2022 13:51:18 +0000 https://republika.mk/?p=577857

На 23. 11 2022 година БГНЕС пренесе вест под наслов ИСТОРИЧАРИ: ФАШИЗМОТ НИКОГАШ НЕ ДОЈДЕ НА ВЛАСТ ВО БУГАРИЈА.

Во него се соопштува на јавноста дека група „водечките бугарски историчари: проф. Даниел Вачков, Николај Попетров, проф. Ангел Димитров, вонреден професор Наум Кајчев, проф. Иван Илчев, проф. Веселин Јанчев, проф. Ивајло Знеполски, Ангел Јонев, вонреден професор Александар Гребенаров и други., пази молим те, даваат „мислење“ дека „фашизмот никогаш не доаѓа на власт во Бугарија. Фашистичките организации не учествуваа во владеењето на земјата во текот на целиот период од 1920-тите до есента 1944 година“.

Меѓу другото во „мислењето“, испратено до БГНЕС, „Бугарските историчари нагласуваат дека во Бугарија не е создадена водечка фашистичка партија, која би имала можност да бара политичка моќ. Режимот воспоставен по 1934 година не го води фашистичка партија, не исфрла фашистички лидер. Покрај тоа, тој е во конфликт со фашистичките организации, забележуваат историчарите. Ни режимот нема фашистичка идеологија. Колку и да е чудно, тој воопшто не создава систематизирана идеологија“ и заклучуваат дека „власта на земјата од 1934 до 1944 година беше авторитарна, но не и фашистичка. За целата деценија од своето постоење, политичкиот режим остана целосно непартиски“,

По се изгледа се нема мерка од бугарска страна во обидот да се прикажат пред светот дека Бугарија не била фашистичка држава туку дека биле на страната на Антифашистичката коалиција и во тој контекст не бираат начини и форми како тоа да го изведат. Ова е само еден од примерите како работат бугарските историчари и прават ревизија на историјата.

Сигурно дека можност нешто да променат гледаат преку работата на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања во која тројца од потписниците на „мислењето“ се членови на Комисијата и можат да го наметнат истото „мислење“, на македонскиот дел од Комисијата дека Бугарија не била фашистичка држава туку дека била „авторитарна“ што секако би било прифатливо за двете Комисии и прашањето во однос на именувањето на Бугарите во учебниците како фашисти ќе биде заменето со авторитарна држава и во тој контекст понатаму ќе нема антифашистика војна туку таа ќе биде антиавторитарна, во Бугарија ќе нема монархо фашистичка диктатура туку монархо авторитарна диктатура, договорите од Париската мировна конференција ќе добијат друга конотација и така со мислењето на своите „водечки бугарски истричари“ Бугарија ќе го „измие“ своето наци-фашистичко минато.

Меѓутоа, од ова „мислење“ на „водечките бугарските историчари“ може да се заклучи дека во бугарското општество постојат струи, за жал и од историската наука, кои без скурпули настојуваат да направат ревизија на историјата со цел да го избришат фашизмот од својата меморија. Но, од друга страна, има и историчари, социолози, политиколози и др. кои ја прифаќаат реалноста и за нив нема сомневање за тоа дали Бугарија била или не била наци-фашистичка држава,пишува за „Пресинг ТВ“ историчарот Тодор Чепреганов.

Тој „историски судир“ меѓу самите Бугарски историчари, социолози, политиколози и др. научни работници само покажува дека самите тие не можат да се излезат од магичниот круг во кој се наоѓаат во обидите за ревизија на сопственото минато и уште повеќе тоа да биде прифатено од другите.

Но по се изгледа, тоа е тешко остварливое затоа што заборавањето води кон повторување на минатото некогаш како фарса, а почесто како трагедија. Затоа секој со својот товар на историјата. Од тоа бегање нема.
Во прилог пренесуваме само неколку фрагменти од научни трудови на бугарски научни работници во однос на тоа дали Бугарија била или не била фашистичка држава:

Проф. дфн. д-р ист. Нако Стефанов, во својот труд „ Фашизмот – вчера, денес, утре – суштина и цели “ истакнува:

„Значи, на прашањето дали имало фашизам во Бугарија и од кога почнува тој, мислам дека одговорот може да биде потврден. Да, имаше! Веќе на 9 јуни 1923 година, беше првиот бран на фашизмот, кој понатаму се развиваше по ‘колеблива крива’. Се додека не се достигне зрелата, врвна фаза во историјата на бугарскиот фашизам во првата половина на 1940-тите на XX век. Иако и тогаш му недостигаат дел од клучните карактеристики на класичните примери во лицето на италијанскиот фашизам и германскиот национал социјализам. Но и покрај оваа ‘нецелосност’ уште во својата врвна фаза режимот на монархофашистичката моќ целосно се вклопи како еден од одредите на светскиот фашизам со неговите најважни карактеристики.

„Тој е дефинитивно терористичка диктатура. Жив пример за државниот тероризам врз сопствениот народ и соседните народи кога во поддршка на ‘пријателот Хитлер’ делува како окупаторска сила во територии за кои Бугарија има морално и национално право… Но, кога ова ‘национално обединување’ беше постигнато со помош и поддршка на Хитлерова Германија, нашата држава го губи ова морално право. Излегува точно спротивното. Срамниот сојуз со Хитлер ја доведе Бугарија на работ на уште една национална катастрофа изразена во отцепување не само на ‘новите земји’, но и во опасност од одземање територии од ‘Стара Бугарија’, од која опасност нашата татковина е спасена од ‘проклетиот Сталин и Советскиот Сојуз’“.

И Симеон Игнатов, претседател на Бугарскиот Антифашистички Сојуз, во својот труд „Фашизам и неофашизам“, прашува „Дали и порано имало фашизам кај нас до 9 септември 1944. Дали постоеле монархофашизам, антифашистичка борба и антифашисти“.
„Ние, убедени во историските факти, секогаш тврдевме, ние и денес тврдиме дека имало и фашизам и антифашистичка борба. Еве ги фактите: Герила и членови на борбени групи – 30.000. Убиени партизани – 9140. Јатаци и помагачи – 200.000. Убиени јатаци и
помагачи – 20 070. Поминале низ полициски станици – 64 345. Поминале низ затвори и концентрациони логори – 31 250. Учесници во патриотската војна – 416 854. Загинале во патриотската војна – 10.753. Може да се наведат бројки. Тие го одредуваат интензитетот на зборување факти. Но, историски е неточно да се тврди дека немало фашизам и антифашистичка борба.

И поради спротивставените изјави, Бугарија е единствената земја во Европа и во светот во кој врховниот државен орган – Народното собрание, не ги признава учесниците во антифашистичката борба за учесници во Втората светска војна. Овој факт го претставува Бугарија и бугарскиот народ на светската сцена и историјата како непостоечка држава и заедница, кога целиот свет во тие години гори во пламен, давајќи жртви, тука е Холокаустот – борба нечовечка, сурова на живот и смрт. Во спротивно остануваме народ – без историја и без иднина!“

Дали Бугарија била фашистичка држава пишува и доц. д-р Минчо Најденов кој истакнува:
„Во Бугарија, фашистичката диктатура е воспоставена на 9 јуни 1923 година, кога политичката група Народен Сговор со крвав пуч ја собори легитимната влада на Бугарскиот земјоделски сојуз (БЗНС). Бугарскиот фашизам е антидемократски, антисоцијален, со јасни форми на насилство врз општеството. Тие беа особено видливи во бруталното задушување на Септемвриското востание од 1923 година и во априлските настани од 1925 година, кога беа убиени илјадници работници, селани, левичарски интелектуалци, писатели, новинари и прогресивни граѓани. Во суштина, во 1923 година кај нас започна необјавена граѓанска војна, која траеше до 9 септември 1944 година.

„Фашизмот во Бугарија покажува најцелосен и најбрутален ѕверски мизантропски облик во периодот 1941-1944 година, кога на целата територијата на земјата избувна моќна антифашистичка борба. За за разлика од Југославија, Грција и Албанија, каде што државниот и полицискиот апарат беше тотално поразен, бугарската антифашистичка борба дејствуваше под целосно зачувани државни структури, војска и полиција. Уште повеќе, фашистичката влада го донесе Закон за заштита на државата и беа формирани жандармерија и специјални ловни единици, кои заедно со војската и полицијата ги гонеа и убиваа антифашистите…

Важна карактеристика на бугарскиот антикомунизам стана препишувањето на историјата пред 1944 година. Најсуштинскиот елемент на оваа дејност е негирањето дека во Бугарија од 1923 до 1944 г. царуваше фашизмот. Бидејќи нема фашизам, затоа нема и антифашистичка борба. Таа е целосно отфрлена. Тоа е лесно заборавање на илјадниците жртви – антифашисти, а нивните џелати незаконски изградија параклис во паркот пред НДК, цинично наречена споменик на жртвите на комунизмот. Интересно е да се забележи дека покрај нив пишува и имиња на вистински убиЈци, до нив се испишани имињата на семејствата на криминалци и на лицата кои починале од природна смрт. Не престануваат обидите да се прогласи Народниот суд за нелегитимен и суров, бидејќи со неговите пресуди бил ликвидиран цветот на бугарската интелигенција.

Мора јасно да кажеме, дека Народниот суд не е бугарски изум. Слични судови се создадена во сите земји кои се бореа против фашизмот, со одлука на конференцијата во Техеран во 1943 година со учество на Сталин, Рузвелт и Черчил, што беше потврдено на Конференцијата во Јалта во 1945 година, на која повторно големата тројка зборуваше за идниот поредок на светот. И лагата дека Националниот суд кај нас ја уништи интелигенцијата на земјата, лесно се побива со статистичките податоци за казните изречени од него. За време на октомври 1944-март 1945 година обвинети во 125 судења пред Националниот имало 21024 луѓе. Вкупно 9.191 од нив беа осудени како што следува: – 1305 – „доживотно“
– 4348 – од 1 до 20 години затвор
– 808 – осуден на условна казна
– 11.833 – беа ослободени
– 2730 – добија смртни казни,
од кои 1.376 се спроведени, а останатите се откажани.

„Само за споредба ќе забележиме дека во Франција народните судовите осудуваат на смрт 6102 соработници на фашистичкиот режим и илјадници други добија различни казни.
„Учесниците во антифашистичката борба се нарекуваат ‘фанатици’, ‘кашкавалаџии’, ‘бандити’, ‘разбојници’, ‘кокошкари’, односно антифашистичкиот отпор кај нас се делегитимира. Во истата шема социјалистичката револуција од 9 септември 1944 година, која спроведе квалитативни социо-економски и социо-класни промени во Бугарија, е опишана како чист воен удар“.

Сигурно дека секој може да мисли што сака. Но како историчари, пред се, треба да ги оставиме историските документи да го дадат своето „мислење“, ни се допаѓало тоа или не. Останува надежта дека еден ден ќе има и такви доблесни бугарски историчари, како горенаведените, кои нема да „бегаат“ од историската вистина.

The post Чепреганов: Бугарски модел за ревизија на историјата appeared first on Република.

]]>

На 23. 11 2022 година БГНЕС пренесе вест под наслов ИСТОРИЧАРИ: ФАШИЗМОТ НИКОГАШ НЕ ДОЈДЕ НА ВЛАСТ ВО БУГАРИЈА. Во него се соопштува на јавноста дека група „водечките бугарски историчари: проф. Даниел Вачков, Николај Попетров, проф. Ангел Димитров, вонреден професор Наум Кајчев, проф. Иван Илчев, проф. Веселин Јанчев, проф. Ивајло Знеполски, Ангел Јонев, вонреден професор Александар Гребенаров и други., пази молим те, даваат „мислење“ дека „фашизмот никогаш не доаѓа на власт во Бугарија. Фашистичките организации не учествуваа во владеењето на земјата во текот на целиот период од 1920-тите до есента 1944 година“. Меѓу другото во „мислењето“, испратено до БГНЕС, „Бугарските историчари нагласуваат дека во Бугарија не е создадена водечка фашистичка партија, која би имала можност да бара политичка моќ. Режимот воспоставен по 1934 година не го води фашистичка партија, не исфрла фашистички лидер. Покрај тоа, тој е во конфликт со фашистичките организации, забележуваат историчарите. Ни режимот нема фашистичка идеологија. Колку и да е чудно, тој воопшто не создава систематизирана идеологија“ и заклучуваат дека „власта на земјата од 1934 до 1944 година беше авторитарна, но не и фашистичка. За целата деценија од своето постоење, политичкиот режим остана целосно непартиски“, По се изгледа се нема мерка од бугарска страна во обидот да се прикажат пред светот дека Бугарија не била фашистичка држава туку дека биле на страната на Антифашистичката коалиција и во тој контекст не бираат начини и форми како тоа да го изведат. Ова е само еден од примерите како работат бугарските историчари и прават ревизија на историјата.
Сигурно дека можност нешто да променат гледаат преку работата на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања во која тројца од потписниците на „мислењето“ се членови на Комисијата и можат да го наметнат истото „мислење“, на македонскиот дел од Комисијата дека Бугарија не била фашистичка држава туку дека била „авторитарна“ што секако би било прифатливо за двете Комисии и прашањето во однос на именувањето на Бугарите во учебниците како фашисти ќе биде заменето со авторитарна држава и во тој контекст понатаму ќе нема антифашистика војна туку таа ќе биде антиавторитарна, во Бугарија ќе нема монархо фашистичка диктатура туку монархо авторитарна диктатура, договорите од Париската мировна конференција ќе добијат друга конотација и така со мислењето на своите „водечки бугарски истричари“ Бугарија ќе го „измие“ своето наци-фашистичко минато.
Меѓутоа, од ова „мислење“ на „водечките бугарските историчари“ може да се заклучи дека во бугарското општество постојат струи, за жал и од историската наука, кои без скурпули настојуваат да направат ревизија на историјата со цел да го избришат фашизмот од својата меморија. Но, од друга страна, има и историчари, социолози, политиколози и др. кои ја прифаќаат реалноста и за нив нема сомневање за тоа дали Бугарија била или не била наци-фашистичка држава,пишува за „Пресинг ТВ“ историчарот Тодор Чепреганов.
Тој „историски судир“ меѓу самите Бугарски историчари, социолози, политиколози и др. научни работници само покажува дека самите тие не можат да се излезат од магичниот круг во кој се наоѓаат во обидите за ревизија на сопственото минато и уште повеќе тоа да биде прифатено од другите.
Но по се изгледа, тоа е тешко остварливое затоа што заборавањето води кон повторување на минатото некогаш како фарса, а почесто како трагедија. Затоа секој со својот товар на историјата. Од тоа бегање нема. Во прилог пренесуваме само неколку фрагменти од научни трудови на бугарски научни работници во однос на тоа дали Бугарија била или не била фашистичка држава: Проф. дфн. д-р ист. Нако Стефанов, во својот труд „ Фашизмот – вчера, денес, утре – суштина и цели “ истакнува: „Значи, на прашањето дали имало фашизам во Бугарија и од кога почнува тој, мислам дека одговорот може да биде потврден. Да, имаше! Веќе на 9 јуни 1923 година, беше првиот бран на фашизмот, кој понатаму се развиваше по ‘колеблива крива’. Се додека не се достигне зрелата, врвна фаза во историјата на бугарскиот фашизам во првата половина на 1940-тите на XX век. Иако и тогаш му недостигаат дел од клучните карактеристики на класичните примери во лицето на италијанскиот фашизам и германскиот национал социјализам. Но и покрај оваа ‘нецелосност’ уште во својата врвна фаза режимот на монархофашистичката моќ целосно се вклопи како еден од одредите на светскиот фашизам со неговите најважни карактеристики. „Тој е дефинитивно терористичка диктатура. Жив пример за државниот тероризам врз сопствениот народ и соседните народи кога во поддршка на ‘пријателот Хитлер’ делува како окупаторска сила во територии за кои Бугарија има морално и национално право… Но, кога ова ‘национално обединување’ беше постигнато со помош и поддршка на Хитлерова Германија, нашата држава го губи ова морално право. Излегува точно спротивното. Срамниот сојуз со Хитлер ја доведе Бугарија на работ на уште една национална катастрофа изразена во отцепување не само на ‘новите земји’, но и во опасност од одземање територии од ‘Стара Бугарија’, од која опасност нашата татковина е спасена од ‘проклетиот Сталин и Советскиот Сојуз’“. И Симеон Игнатов, претседател на Бугарскиот Антифашистички Сојуз, во својот труд „Фашизам и неофашизам“, прашува „Дали и порано имало фашизам кај нас до 9 септември 1944. Дали постоеле монархофашизам, антифашистичка борба и антифашисти“. „Ние, убедени во историските факти, секогаш тврдевме, ние и денес тврдиме дека имало и фашизам и антифашистичка борба. Еве ги фактите: Герила и членови на борбени групи – 30.000. Убиени партизани – 9140. Јатаци и помагачи – 200.000. Убиени јатаци и помагачи – 20 070. Поминале низ полициски станици – 64 345. Поминале низ затвори и концентрациони логори – 31 250. Учесници во патриотската војна – 416 854. Загинале во патриотската војна – 10.753. Може да се наведат бројки. Тие го одредуваат интензитетот на зборување факти. Но, историски е неточно да се тврди дека немало фашизам и антифашистичка борба. И поради спротивставените изјави, Бугарија е единствената земја во Европа и во светот во кој врховниот државен орган – Народното собрание, не ги признава учесниците во антифашистичката борба за учесници во Втората светска војна. Овој факт го претставува Бугарија и бугарскиот народ на светската сцена и историјата како непостоечка држава и заедница, кога целиот свет во тие години гори во пламен, давајќи жртви, тука е Холокаустот – борба нечовечка, сурова на живот и смрт. Во спротивно остануваме народ – без историја и без иднина!“
Дали Бугарија била фашистичка држава пишува и доц. д-р Минчо Најденов кој истакнува: „Во Бугарија, фашистичката диктатура е воспоставена на 9 јуни 1923 година, кога политичката група Народен Сговор со крвав пуч ја собори легитимната влада на Бугарскиот земјоделски сојуз (БЗНС). Бугарскиот фашизам е антидемократски, антисоцијален, со јасни форми на насилство врз општеството. Тие беа особено видливи во бруталното задушување на Септемвриското востание од 1923 година и во априлските настани од 1925 година, кога беа убиени илјадници работници, селани, левичарски интелектуалци, писатели, новинари и прогресивни граѓани. Во суштина, во 1923 година кај нас започна необјавена граѓанска војна, која траеше до 9 септември 1944 година. „Фашизмот во Бугарија покажува најцелосен и најбрутален ѕверски мизантропски облик во периодот 1941-1944 година, кога на целата територијата на земјата избувна моќна антифашистичка борба. За за разлика од Југославија, Грција и Албанија, каде што државниот и полицискиот апарат беше тотално поразен, бугарската антифашистичка борба дејствуваше под целосно зачувани државни структури, војска и полиција. Уште повеќе, фашистичката влада го донесе Закон за заштита на државата и беа формирани жандармерија и специјални ловни единици, кои заедно со војската и полицијата ги гонеа и убиваа антифашистите…
Важна карактеристика на бугарскиот антикомунизам стана препишувањето на историјата пред 1944 година. Најсуштинскиот елемент на оваа дејност е негирањето дека во Бугарија од 1923 до 1944 г. царуваше фашизмот. Бидејќи нема фашизам, затоа нема и антифашистичка борба. Таа е целосно отфрлена. Тоа е лесно заборавање на илјадниците жртви – антифашисти, а нивните џелати незаконски изградија параклис во паркот пред НДК, цинично наречена споменик на жртвите на комунизмот. Интересно е да се забележи дека покрај нив пишува и имиња на вистински убиЈци, до нив се испишани имињата на семејствата на криминалци и на лицата кои починале од природна смрт. Не престануваат обидите да се прогласи Народниот суд за нелегитимен и суров, бидејќи со неговите пресуди бил ликвидиран цветот на бугарската интелигенција. Мора јасно да кажеме, дека Народниот суд не е бугарски изум. Слични судови се создадена во сите земји кои се бореа против фашизмот, со одлука на конференцијата во Техеран во 1943 година со учество на Сталин, Рузвелт и Черчил, што беше потврдено на Конференцијата во Јалта во 1945 година, на која повторно големата тројка зборуваше за идниот поредок на светот. И лагата дека Националниот суд кај нас ја уништи интелигенцијата на земјата, лесно се побива со статистичките податоци за казните изречени од него. За време на октомври 1944-март 1945 година обвинети во 125 судења пред Националниот имало 21024 луѓе. Вкупно 9.191 од нив беа осудени како што следува: – 1305 – „доживотно“ – 4348 – од 1 до 20 години затвор – 808 – осуден на условна казна – 11.833 – беа ослободени – 2730 – добија смртни казни, од кои 1.376 се спроведени, а останатите се откажани. „Само за споредба ќе забележиме дека во Франција народните судовите осудуваат на смрт 6102 соработници на фашистичкиот режим и илјадници други добија различни казни. „Учесниците во антифашистичката борба се нарекуваат ‘фанатици’, ‘кашкавалаџии’, ‘бандити’, ‘разбојници’, ‘кокошкари’, односно антифашистичкиот отпор кај нас се делегитимира. Во истата шема социјалистичката револуција од 9 септември 1944 година, која спроведе квалитативни социо-економски и социо-класни промени во Бугарија, е опишана како чист воен удар“. Сигурно дека секој може да мисли што сака. Но како историчари, пред се, треба да ги оставиме историските документи да го дадат своето „мислење“, ни се допаѓало тоа или не. Останува надежта дека еден ден ќе има и такви доблесни бугарски историчари, како горенаведените, кои нема да „бегаат“ од историската вистина.

The post Чепреганов: Бугарски модел за ревизија на историјата appeared first on Република.

]]>
Чепреганов: Има ли контроверза во делувањето на Иван (Ванчо) Михајлов? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chepreganov-ima-li-kontroverza-vo-deluvanjeto-na-ivan-vancho-mihajlov/ Thu, 17 Nov 2022 12:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=574952

ИМА ЛИ КОНТРОВЕРЗА ВО ДЕЛУВАЊЕТО НА ИВАН (ВАНЧО) МИХАЈЛОВ?!

Повторно овие денови македонската јавност ја бранува прашањето за значењето на ликот и делото на Иван (Ванчо) Михајлов во македонскиот општествен дискурс visa-vi отворањето на бугарските клубови „Иван Михајлов“ и „Цар Борис“ во Битола. За тоа дали е „контроверзна“ или „чиста како солза“ неговата активност во однос на македонската кауза во прилог приложуваме делови од текст од книгата на бугарскиот историчар Георги ДаскаловКлио наспроти Темида, Антон Калчев хуманист или воен злосторник, Воена издавачка куќа, 2013.(Клио срещу Темида, Антон Калчев, хуманист или военнопрестъпник, Военно Издателство, 2013), која е пишувана врз база на обемна библиографија од бугарска, германска, грчка и македонска провиниенција. (Цитатите се превод од книгата на Георги Даскалов, а текстот е парафразиран)

По распаѓањето на Кралството Југославија и формирањето на Независна Хрватска Држава на покана од Анте Павелиќ во Загреб се населува Иван Михајлов кој дотогаш бил во емиграција., пишува за „Пресинг ТВ„ поранешниот директор на Институтот за национална историја Тодор Чепреганов.

Уште во првите денови по поднесувањето на акредитацијата во хрватскиот главен град, во текот на јули 1941 година, новоназначениот бугарски полномоштен министер Јордан Мечкаров се среќава со И. Михајлов. Во таа прилика лидерот на ВМРО пред дипломатот изразува радост што иако не целосно „Македонија е веќе при мајката – Татковината“ и дека „друго решение не можеше да има. Нашите слогани за ‘автономија на Македонија’ за ‘самостојност’ и сл. беа само конјуктурни т. е. привремени. Главната, нашата далечна цел беше да се присоединиме кон Бугарија. Кој го зборува спротивното не е вистински Бугарин и доведува во заблуда“,

После неколку дена Ј. Мечкаров повторно се среќава со И. Михајлов, при што Михајлов истакнува: „Најважното е да не се дели Македонија. Нашите сили треба да бидат да ја задржиме цела, недопрена кон нас…Тешка загуба за Бугарите ќе биде ако треба да изгубиме такви убави и здрави бугарски краишта како Тетово, Струга, Гостивар, Кичево, Лерин, Воден Костур“.

Своето сфаќање во однос на идејата за автономна и независна Македонија И. Михајлов го изнесува и пред претставникот на германската телеграфска агенција дека „денешните Македонци не се ништо друго освен македонски Бугари…Теоријата за постоење на македонската нација – со свој јазик и т. н. е болшевички изум. Барањето за автономија и независност на Македонија се проповедала од нашата организација, бидејќи не можеше отворено да се сака обединувањето со Бугарија, и освен тоа, бидејќи на друг начин не можеше да се истакне појасно идејата за целокупноста на Македонија. За нас прашањето за слободата на Македонија е толку важна, колку и прашањето за целоста на Македонија, тие се неразделно поврзани помеѓу себе. Затоа присоединувањето на делови од Македонија кон Бугарија не претставува ослободување на Македонија бидејќи бевме принудени поради тактички размислувања во текот на десетлетија да се бориме со слоганот за автономија и независност. Некои лица од младото поколение ги сфатија неправилно задачите на нашата борба и така станаа плен на болшевизмот. Тие се сега имено во планините, сепак тие банди не бројат повеќе од 1000 души“.

Уште во текот на пролетта 1943 година веќе бил воспоставен контакт меѓу Берлин и И. Михајлов. Бил постигнат договор за подготовка од страна на германски специјалисти на радиотелеграфисти и диверзантски кадри од организацијата ВМРО. Било договорено и прашањето за формирање на бугарски доброволечки корпус во Егејска Македонија. Тоа се потврдува и со фактот што на покана на Михајлов, кон крајот на август 1943 година, во Загреб пристигнува Г. Димчев. Двајцата ја разгледуваат можноста за формирање на доброволечки корпус во Егејска Македонија.

Во разговорот од 4 ноември 1943 година меѓу раководителот на Абвер во Бугарија д-р Делиус (Ото Вагнер) и Хајдер од СС, последниот соопштува дека е договорено да се формираат доброволечки „македонски делови“ во грчка Македонија и во доверба истакнал дека „иницијативата за таа задача и овој потфат потекнува од познатиот македонски лидер Иван Михајлов“.

Кон крајот на 1943 година Берлин постигнува договор со ВМРО. Имено во писмото од 22 октомври 1943 година од кабинетот на СС Хајнрих Химлер до германското министерство за надворешни работи меѓу другото се истакнува: „Според договорот на рајхсминистерот на СС и соодветните надлежни места, македонското ВМРО во окупираните од Германија краишта на Јужна Македонија – што значи надвор од територијата на бугарската држава – е на располагање на рајхсфирерот на СС“.

На 4 ноември 1943 година во Загреб пристигнува Хајдер. При средбата со Михајлов биле прецизирани прашањата за воена соработка во рамките на еден „политички договор“. По враќањето на Хајдер во Берлин, Химлер дозволува формирање на бугарски вооружени единици. Таа идеја е поддржана од полномошникот на Рајхот за Југоисток Нојбахер. Според него тоа се вклопувало во германската стратегија „за поттикнување и обединување“ на сите сили во балканските држави, коишто војуваат против местните вооружени комунистички сили.

Во текот на ноември 1943 година И. Михајлов на покана од Берлин пристигнува во германскиот главен град. Примен е во одделот на Химлер и се среќава со Адолф Хитлер. При таа средба „договорено е формирање на 2-3 батаљони од егејските Бугари кои требало да бидат вооружени и опремени од германска страна“. Еден од условите бил бугарската влада да се согласи 500 македонски бегалци да преминат од Бугарија во Егејска Македонија за да се формира јадрото на замислените воени единици. Според д-р Ернст Катенбрунер, шеф на службата за сигурност, нивната главна задача била „уништување на комунистичките чети во Северна Грција“ и дека тие единици не требало да дејстуваат надвор од определените рамки за било какво остварување на политички цели бидејќи во спротивно ќе бидат „превземени репресивни мерки спрема И. Михајлов“.

На 26 ноември 1943 година меѓу Химлер и началникот на штабот на Врховното главно командување на Вермахтот генерал-фелдмаршал Вилхелм Кајтел е постигнат договор „најдобрите луѓе на ВМРО да се примат во служба во заштитните полициски сили“. Реализирањето на таа идеја им е доверена на Вецлер и Хелман во Софија кои во практика требало да ги ангажираат дејците на ВМРО за идните германски планови. Нивната мисија се држи во тајност од официјалните германски претставници во Бугарија, како и од самите бугарски власти.

Во исполнувањето на договореното на ВМРО со Германците во текот на декември 1943 година, членовите на илегалниот ЦК на ВМРО В. Куртев и Г. Настев развиваат во Софија и низ Бугарија активна дејност и ги организираат поранешните стари „војводи, четници и терористи“. Сите „со голем ентузијазам“ ја прифаќаат задачата да бидат префрлени во Егејска Македонија за заедничка борба со „местните Бугари“ против „грчките андарти“.

На 21 март 1944 година во Солун притигнува Д. Цилев, еден од најблиските соработници на И. Михајлов. „Тој е придодаден на Хајдер, како советник по прашањето на бугарското малцинство во Грција“. Од 1941 година кога се населува во Загреб И. Михајлов е во постојан контакт со своите соработници во Бугарија: В. Куртев, Г. Настев, Д. Цилев, А. Аврамов, К. Дрангов, Ј. Марков и др. Многу од нив го посетуваат во Загреб. Исполнувајќи ги неговите директиви тие воспоставуваат врски со бившите членови на ВМРО и ја возобновуваат нејзината организациона структура. Г. Димчев ги посетува Штип, Велес и Скопје каде се среќава со истомисленици. Во Скопје е одржана конференција на 25 души меѓу кои Димитар Чкатров, Димитар Ѓузелов и Стефан Светиев. Учесниците на конференцијата биле критички настроени кон линијата на ВМРО во лицето на И. Михајлов сметајќи дека ангажирањето со Германците е опасно и дека отишол многу далеку. Било разгледано и прашањето за односите со Титовите партизани во лицето на Македонската народноослободителна војска. По жестоки расправии е донесено решение да се воспостави контант со македонските партизани. Месните дејци на ВМРО во Македонија веќе биле убедени дека единствената алтернатива на идејата за присоединување на Македонија кон Бугарија е повторно враќање на слоганот „независна Македонија“. Во тој период Михајлов веќе располагал со информации дека Германците ја форсираат идејата за прогласување на независна Македонија. Уште кон крајот на јули 1944 година, кога започнува заладувањето на бугарско-германските односи, германското раководство гледа извесна можност да ги зајакне своите позиции на Балканот. За нејзиното реализирање се смета на И. Михајлов кој прифаќа, гледајќи го тоа како последна можност за реализирање на неговите планови за обединување на Македонија со Бугарија. Во почетокот на август 1944 година Михајлов преку В. Куртев ги запознава останатите раководители на ВМРО со германската идеја за прогласување на независна Македонија. За реализирањето на таа идеја по негови насоки се пристапува кон подготовките на неопходните услови за тоа во Вардарска Македонија. За таа цел во текот на август во Скопје престојуваат: В. Куртев, Г. Настев, А. Аврамов, Г. Атанасов, К. Дрангов и др.

Постепеното дистанцирање на Бугарија од нацистичка Германија и објавената кон крајот на август бугарска неутралност се причина Берлин се повеќе да игра на македонската карта. Во однос на ова е и залагањето на бугарскиот министер д-р Александар Станишев кој кон крајот на август 1944 година му предлага на германскиот полномошен министер Бекерле да објави „независност“ на Македонија и да биде ставена под германска заштита. Во контакт со соработниците на Михајлов тој започнува подготовка за реализирање на таа замисла во Вардарска Македонија. Во меѓувреме Станишев испраќа директива до скопскиот областен директор Тома Петров да подготви терен за прогласување на „независна Македонија“. Тоа прашање било разгледано и при средбата на членовите на ЦК на ВМРО, В. Куртев и Г. Настев. Се донел заклучок И. Михајлов да замине за Скопје. Во меѓувреме прашањето за заминувањето на Михајлов било дискутирано на 30 август 1944 година во Загреб со официјален германски претставник. На 4 септември 1944 година И. Михајлов пристигнува во Скопје. За време на дводневниот престој има средби со своите приврзаници: Куртев, Настев, Цилев, Аврамов, Атанасов и др. Поголемиот дел од присутните ја отфрлаат идејата за прогласување на независна Македонија, што нешто го поддржува и Михајлов имајќи го предвид развојот и успехот на НОВ и ПО на Македонија. На 7 септември 1944 година заминува од Македонија и завршува со неуспех неговата епизода околу прогласувањето на независна Македонија со Бугари, останувајќи доследен до крајот на својот живот негирајќи го сосема постоењето на македонска нација, јазик и култура.

The post Чепреганов: Има ли контроверза во делувањето на Иван (Ванчо) Михајлов? appeared first on Република.

Бугарската академија самата со себе ќе дебатира дали Бугарите биле фашисти, ќе им се придружат ли Заев и Ѓоргиев? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskata-akademija-samata-so-sebe-kje-debatira-dali-bugarite-bile-fashisti-kje-im-se-pridruzat-li-zaev-i-gjorgiev/ Thu, 03 Nov 2022 07:55:46 +0000 https://republika.mk/?p=569023

Пред некој ден добив информација дека на 4 ноември оваа година, Институтот за историски проучувња при Бугарската академија на нуките (БАН) организира национална тркалезна маса на тема „Имало ли фашистички режим или фашистичка управа во Бугарија?“, пишува проф.Тодор Чепреганов.

Притоа, главните прашања кои ќе се дискутираат ќе бидат:

1. „Какви се основните карактеристики на фашистичкиот тоталитарен режим,

2. Какви се карактеристиките на политичката управа воспоставена во Бугарија по 19 мај1934 година и

3. Како еволуира политичкиот режим во Бугарија, особено во периодот 1941–1944 година“, пишува проф. Тодор Чепреганов за Пресинг ТВ.

На бугарските колеги им посакувам успех во нивната работа со надеж дека ќе соберат храброст самокритички да се осврнат на сопствената историја и да ја изнесат целата вистина за тоа каде во периодот меѓу двете светски војни се движеше бугарското општество.

Интересно е што ова не е прв пат во бугарскиот научен дискурс да се зборува за фашизмот. Во 2016 година беше објавен зборникот „Неофашизам: суштината и современите манифестации“, чии автори се осврнуваат на фашизмот и неофашизмот во Бугарија од сите аспекти до денес. Но, по се изгледа дека тоа не било доволно и јасно во текстовите објавени во тој зборник, па ајде сега повторно ќе се прави осврт за улогата на Бугарија во тој период. Треба да го дочекаме крајот на тркалезната маса за да видиме дали нејзината цел е врз база на „ново откриени документи“ и „толкувања“ бугарските научни работници да му дадат нов наратив и дали ќе го рехабилитираат бугарскиот наци-фашизам од 1934 година до 1944 година.

За што всушност ќе расправаат бугарските научни работници на округлата маса во БАН!? Ќе ја ревидираат историјата во однос на наци-фашизмот во Бугарија како што го правеле многу пати во историјата!?-прашува професрот?

Ќе креираат нова колективна меморија на своите сограѓани за тоа дали Бугарија била наци-фашистичка држава или не!? Ќе го заборават Холокаустот и екстреминацијата на 98% од Евреите во Македонија?! Дека биле антифашисти, а не наци-фашисти!? Ќе ги негираат убиствата и теророт во Македонија во текот на Втората светска војна!?

Несомнено темата на националната округла маса е многу интересна пред се и од фактот што и ние сме засегнати преку договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија. Посебно треба да бидат заинтересирани копретседателот и членовите на Комисијата за образовни и историски прашања. Веројатно драгоцена би им била и помошта од поранешниот премиер Зоран Заев. Тој и копретседателот со своите претходно искажани настапи и ставови се имаат изјаснето дека Бугарија не е фашистичка држава. А кој знае, може да се и поканети?! Во рехабилитацијата на бугарскиот наци-фашизам како да сме малку понапред од бугарските колеги.

Уште на 25 ноември 2020 година З.З. излезе со став дека „Бугарија не е фашистичка земја. Бугарија е наш пријател. Новите генерации не ја знаат оваа реалност и тоа мора да не обедини…Во тоа време, на почетокот, имаше администрација. Потоа Бугарија се приклучи кон антифашистичкиот фронт“. Само неколку дена потоа кон ова се приклучи и копретседателот на Комисијата за историски и образовни прашања академик Драги Горѓиев кој излезе со став дека „мисли дека Бугарија не била фашистичка држава“. Но, на 6 февруари 2022 година во интервју за Радио Слободна Европа, не само што мисли, туку и категорички тврди дека „Бугарија не може да ја дефинираме како класична фашистичка земја, како што може да се каже за фашистичка Италија или нацистичка Германија.

Ние може да ја третираме Бугарија како пронацистичка и профашистичка земја, меѓутоа Бугарија не е фашистичка држава во тоа време“. Сигурно дека оваа констатација и тоа како и оди во прилог на Бугарија, уште повеќе што е изјавена од две не случајни личности, туку од тогашен премиер и академик, актуелен копретседател на Комисијата. Овие нивни изјави ми личат на поговорката „брзата кучка слепи кучуња раѓа“. Бугарите, денес повторно ќе расправаат дали Бугарија била фашистичка држава или не, а во Македонија премиерот како претставник на државниот врв и претставникот на Академијата, Горѓиев, веќе го имаат решено тоа прашање. Според она што го имаат кажано, нивното присуство таму е неопходно потребно, бидејќи ќе ги просветлат Бугарите и ќе им кажат и потврдат дека Бугарија:

а) не била наци-фашистичка држава,

б) не била окупатор,

в) дека ја администрирала Македонија,

г) дека сме еден ист народ,

д) дека јазикот ни е јазична норма на бугарскиот,

ѓ) дека ја ослободиле Македонија,

Со тоа, секако, многу би придонеле во донесувањето на заклучок на националната тркалезна маса на БАН дека Бугарија неоправдано се третира како наци-фашистичка држава и дека во Македонија за време на Втората светска војна се водела граѓанска војна и се било во најдобар ред.

Секако дека за поздравување се научните работници од Бугарија, кои не бегаат од фактите и имаат сила да се лустрираат за она што го направиле нивните предци и не бегаат од судот на историјата. Тоа најдобро го покажува доц. д-р Минчо Најденов, кој во својот напис „Неофашизмот денеска и борбата против него“ ќе истакне:

„Во Бугарија, фашистичката диктатура е воспоставена на 9 јуни 1923 година, кога политичката група Народен Сговор со крвав пуч ја собори легитимната влада на Бугарскиот замјоделски сојуз (БЗНС). Бугарскиот фашизам е антидемократски, антисоцијален, со јасни форми на насилство врз општеството. Тие беа особено видливи во бруталното задушување на Септемврското востание во 1923 година и во априлските настани од 1925 година, кога беа убиени илјадници работници, селани, левичарски интелектуалци, писатели, новинари и прогресивни граѓани. Во суштина, во 1923 година кај нас започна небјавена граѓанска војна, која траеше до 9 септември 1944 година.

Фашизмот во Бугарија покажува најцелосен и најбрутален ѕверски мизантропски облик во периодот 1941-1944 година, кога на целата територија на земјата избувна моќна антифашистичка борба.

За разлика од Југославија, Грција и Албанија, каде што државниот и полицискиот апарат беше тотално поразен, бугарската антифашистичка борба дејствуваше под целосно зачувани државни структури, војска и полиција.

Уште повеќе, фашистичката влада донсе Закон за заштита на фржавата и беа формирани жандармерија и специјални ловни единици, кои заедно со војската и полицијата ги гонеа и убиваа антифашистите. Во различни битки загинале 9.140 герилци и борбени групи, 31.250 бугарски државјани биле приведени во затвори и концентрациони логори, а полицијата запалила 2.139 куќи на антифашисти.

И уште нешто, на 18 ноември 1944 година министерот за народна просвета на Бугарија, Чолаков, ги наоѓа „за виновни во смисла на Законот за прочистување, затоа што биле предводници на фашистичката идеологија и ја заслужуваат казната пензионирање…“ 45 професори од Универзитетот. А, Цола Драгојчева ќе истакне „Универзитетот беше расадник на реакционерни фашистички и велико бугарски идеи. Тешко можеше на Универзитетот да влезе прогресивен професор…Како втора основна задача…било прочистување на универзитетските дисциплини од сите фашистички, велико бугарски, схоластички и секакви ненаучни елементи“. Од крајот на декември 1944 до април 1945 година Народниот суд во Бугарија имал „64 состави – 4 врховни и 64 областни. Формира 135 процеси со 11.122 обвинети. Од нив на смрт се осудени 2.730 души (вклучувајќи 3 регенти, 22 министри, 8 царски советници, 67 пратеници, 47 генерали и полковници и т.н.“ Сите биле осудени како фашисти или соработници на фашистите.

А ШТО ТОА БЕШЕ ТЕМАТА НА НАЦИОНАЛНАТА ТРКАЛЕЗНА МАСА?!

The post Бугарската академија самата со себе ќе дебатира дали Бугарите биле фашисти, ќе им се придружат ли Заев и Ѓоргиев? appeared first on Република.

Чепреганов: Дојдено е време за обединување и заедничко дејствување на сите политички државни чинители во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chepreganov-dojdeno-e-vreme-za-obedinuvanje-i-zaednichko-dejstvuvanje-na-site-politichki-drzavni-chiniteli-vo-makedonija/ Sun, 23 Oct 2022 12:25:01 +0000 https://republika.mk/?p=564624

-Овој ден 1893 година е една црвена нитка која ги поврзува сите национално ослободителни движења се до 2 август 1944 година. Без овој датум немаше да се случат ниту другите настани кој што доведоа до формирање на македонската држава, истакна проф. д-р Тодор Чепреганов на денешниот научен симпозиум 129 години ВМРО „Борба за Македонија која трае“.

Тој во текот на своето обраќање укажа дека Британците веднаш излегле со став дека македонската револуционерна организација, нејзина изворна идеја е независно на цела Македонија базирана на еднакви права и однос кон сите нејзини жители без разлика на раса.

-Веднаш по формирањето на организацијата ние збориме дека таа се борела за автономна Македонија, но Британците веднаш излегле со став дека тие македонската револуционерна организација, нејзина изворна идеја е независно на цела Македонија базирана на еднакви права и однос кон сите нејзини жители без разлика на раса. Британците уште на стартот ја дефинирале организацијата онака како што за таа се бори. Она што е интересно е што Британците во тие сите историски контексти не дозволуваат формирање на самостојна македонска држава, тие сметаа дека македонското прашање ќе биде решено со асимилирање и денационализација на државите во кој што се наоѓа македонскиот народ во Бугарија, Грција, Србија, дека тие ќе бидат денационализирани со тек на време и се држат на тој став некаде 38-39 година има еден документ во кој што тие велат добро е во Југославија, уште малку остана, Македонците ќе станат Срби нема никаква потреба да реагираме. Она кое што претставува пресвртница во однос на британската политика е 43 година, до 43 година Македонците воопшто не споменуваат во ниту еден договор меѓу големите тројца Черчил, Рузвелт и Сталин, за нив македонското прашање е решено во рамките на југословенско-грчката федерација. Бидејќи мигрантските влади на земјите кои што беа окупирани се наоѓаат во Лондон, 41 година се прават договори за југословенско-грчка федерација и во тие разговори Македонија не се споменува. Договорот е склучен јануари 41 година со цел да влезат и други балкански држави и со тоа прашањето за нив е завршено. Но 43 година настанува шок кога дознаваат, кога Британските мисии кои што се наоѓаат во Албанија известуваат дека на територијата на Македонија постојат партизански одреди кои што се борат за македонска држава и на ова Британците веднаш реагираат и бара да му се испрати Меморандум што е тоа македонското прашање, за што се работи. По сите анализи кои што се направени заклучок е никако македонско обединета држава, може Македонија само во рамките на југословенската федерација и никако југословенско-бугарска федерација. Ова го направиле затоа што стравот од словенска држава која што ќе ги загрози грчките интереси е многу голем и затоа тие застануваат на тој став, истакна Чепреганов.

Чепреганов посочи дека стравот од обединета македонска држава е многу голем и затоа на првото заседание на АСНОМ присуствуваат британски и американски претставници и ја известуваат централата дека Македонците се борат за обединување.

-Стравот од обединета македонска држава е многу голем и затоа на првото заседание на АСНОМ присуствуваат британски и американски претставници и ја известуваат централата дека Македонците се борат за обединување затоа што таму во говорот Панко Брашнаров и Ченто зборуваат за обединета Македонија и Македонија така почнува да живее 44 година по 2 август до крајот на декември 44 година, значи живее независна држава, дури има склучување на договори соседните држави, разговори на билатерална основа, кажа тој.

На крај професорот Чепреганов порача:

-Дојдено е време за обединување и заедничко дејствување на сите политички државни чинители во Македонија.

The post Чепреганов: Дојдено е време за обединување и заедничко дејствување на сите политички државни чинители во Македонија appeared first on Република.

Чепреганов: Maкедонскиот народ темелите ги постави со востанието на 11 октомври 1941 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chepreganov-makedonskiot-narod-temelite-gi-postavi-so-vostanieto-na-11-oktomvri-1941-godina/ Fri, 14 Oct 2022 09:18:19 +0000 https://republika.mk/?p=560982

Проф. д-р Тодор Чепреганов излезе со реакција на текстот на  Александар Јорданов во кој бугарскиот пратеник тврди дека  востанието на 11 октомври во Прилеп го кренале  терористи.

Пишувате дека на „11 октомври 1941 година неколкумина терористи, кои подоцна ќе бидат наречени ‘борци од Првиот прилепски партизански одред’ ја напаѓаат полициската станица во градот Прилеп и ги пресекуваат телефонски жици. Тие убиваат татко на три деца“. И за да додадете малу повеќе патетика, емоција и емпатија па во продолжение велите „зацрнето е добро семејство што верува во Бога. Три деца остануваат сираци“. Сигурно дека убиениот е Бугарин. И не само за вас туку и за секој еден кој добро ја познава воената историја и терорија му е јасно дека војникот носел бугарска униформа и чувал стража пред бугарскиот участок и ја симболизира бугарската фашистичка власт и окупација па и да бил Македонец, Србин, Ром, Албанец или Влав. Униформата не прави разлика во националноста, етничката припадност-пишува Чепреганов за „Пресинг ТВ“.

Чепреганов нема дилеми дека сите кои ја носеле таа униформа биле окупатори на македонскиот народ.

(Не)почитуван Јорданов македонските партизани кои излегоа на 11 октомври 1941 година, во добро припремена акција под раководство на Покраинскиот комитетет на КПЈ за Македонија и на Местниот комитет во Прилеп, а на 12 октомври и во Куманово излгоа да се борат против наци-фашизмот на Германија, Италија, Унгарија, Бугарија и други фашистички држави. Војникот кој што беше убиен пред участокот носеше униформа на наци-фашистичка Бугарија. Македонските партизани пукаа во униформата на војникот што ја носеше што беше олицетворение на наци-фашизмот, окупацијата и идентитетското обезличување. Велите дека човекот кој е убиен оставил три деца сираци?! Со ова само покажувате дека немате ни малку морал, етика.

Тој му посочува на Јорданов дека наци-фашистичка војска убиваше не само родители на деца кои не можеа да им се израдуваат и да гледаат како стануваа возрасни, со свои деца и на старост да се грижат за нив, туку ТВОИТЕ сонародници во бугарски униформи убиваа деца коишто само што беа зачекориле во младоста.

Не им дадовте да ја изживеат и да се радуваат на она што го носи младоста. Не само што ги убивавте туку за да влеете страв кај македонскиот народ ги масакриравте до непрепознавање. А тоа го правевте затоа што беа комунисти и антифашисти и се бореа за самостојна македонска држава со Македонци, со македонски јазик. Тоа Ви сметаше. Само да Ве потсетам на бугарското учество во едно од најголемите злосторства во историјата на човештвото - Холокаустот. Вашата, како што самите ја нарекуваа бугарските комунисти монархофашистичка влада, а јас би додал и нацистичка, цар Борис, Филов, Габровски, Александар Белев и др. испратија во смрт 7140 Евреи од Македонија во логорот на смртта, Треблинка. И познато Ви е дека сите до еден беа убиени. Ако не знаете, да Ви кажам, 2000 од нив беа деца. Може да замислите 2000 деца!? Зборувате за три деца кои останале сирачиња. Како не Ви е срам. Зар имате малку совест. Тие останале живи. Продолжиле со животот. Но 2000 еврејски деца ја немаа таа среќа да му се радуваат на животот. Тоа им го ускрати Вашата бугарска-наци фашистичка политичка гарнитура. Сигурно дека родителите на тие еврејски деца би се жртвувале само децата да останат живи. Но Вие немавте милост ниту за тоа. Бевте немилосрдни џелати.

Чепреганов укажува дека прехтодниците на Јорданов се претходници со идеите на наци-фашизмот беа тие кои вршеа државен тероризам врз македонскиот народ, Евреите и сите останати антифашисти кои ви се спротиставуваа беа убивани без преседан.

Велите дека „оваа антибугарска акција денеска се слави како официјален државен празник во Република Македонија“. Сигурно се чувствувате погоден, зошто како што велите тоа е антибугарски гест. Како гледате Вие на тоа е Ваша работа. Но едно треба да Ви биде јасно таа акција не е само антобугарски гест, таа акција е АНТИ-НАЦИ-ФАШИСТИЧКИ гест. Со таа акција на тие млади македонски партизани на 11 октомври 1944 година, македонскиот народ обзнани пред светот дека се става на страната на АНТИФАШИСТИЧКАТА КОАЛИЦИЈА и дека со останатите анти фашисти ќе се бори против силите на Оската. А Вие бевте дел од Оската. Таа борба беше крунисана со формирањето на македонската држава на АСНОМ на 2 август 1944 година, а Вашите „ослободители“ и „администратори“, преку трупа ја напуштија Македонија некои дури и на „бели гаќи“. Од тие причини 11 октомври ќе остане еден од најсветлите и најголеми празници на македонскиот народ.

Понатаму велите дека „прославувањето на нападите врз Бугарите, прогласувањето на Бугарите за фашисти и окупатори не ги подобрува билатералните односи“. (Не)почитуван Јорданов како може да зборувате за „подобување на билатералните односи“ кога не признавате македонска нација, јазик и култура и барате да се обезличиме до 1944 година како Бугари и дека сме Коминтерновска и Титова творба. Тоа е надвор од здравиот памет. Тоа е невозможна мисија.

П. С. На крајот велите дека „Криминалци кај нас како и во Македонија беа само комунистите“. Значи Вие сте израснале во криминална држава, период 1944-1991, кој не го признавате, и сте се оформиле како личност во таа држава. Заклучок: Вие сте криминалец, а на криминалец никој не му верува бидејќи тој останува криминалец до крај.

П.П.С. За разлика од кај Вас во Македонија македонските комунисти се спротиставија на наци-фашистичкиот бугарски окупатор и окупацијата, истиот го поразија сами, формираа македонска држава и во периодот од 1944 до 1991 година го афирмираа во светски рамки македонскиот национален идентитет, јазик и култура. Заклучок: Темелите кои македонскиот народ ги постави со востанието од 11 октомври 1941 година, под раководство на комунистите, ќе бидат фаќел кој вечно ќе сјае над македонската држава.
СМРТ НА ФАШИЗМОТ –СЛОБОДА НА НАРОДОТ

The post Чепреганов: Maкедонскиот народ темелите ги постави со востанието на 11 октомври 1941 година appeared first on Република.

]]>

Проф. д-р Тодор Чепреганов излезе со реакција на текстот на  Александар Јорданов во кој бугарскиот пратеник тврди дека  востанието на 11 октомври во Прилеп го кренале  терористи.
Пишувате дека на „11 октомври 1941 година неколкумина терористи, кои подоцна ќе бидат наречени ‘борци од Првиот прилепски партизански одред’ ја напаѓаат полициската станица во градот Прилеп и ги пресекуваат телефонски жици. Тие убиваат татко на три деца“. И за да додадете малу повеќе патетика, емоција и емпатија па во продолжение велите „зацрнето е добро семејство што верува во Бога. Три деца остануваат сираци“. Сигурно дека убиениот е Бугарин. И не само за вас туку и за секој еден кој добро ја познава воената историја и терорија му е јасно дека војникот носел бугарска униформа и чувал стража пред бугарскиот участок и ја симболизира бугарската фашистичка власт и окупација па и да бил Македонец, Србин, Ром, Албанец или Влав. Униформата не прави разлика во националноста, етничката припадност-пишува Чепреганов за „Пресинг ТВ“.
Чепреганов нема дилеми дека сите кои ја носеле таа униформа биле окупатори на македонскиот народ.
(Не)почитуван Јорданов македонските партизани кои излегоа на 11 октомври 1941 година, во добро припремена акција под раководство на Покраинскиот комитетет на КПЈ за Македонија и на Местниот комитет во Прилеп, а на 12 октомври и во Куманово излгоа да се борат против наци-фашизмот на Германија, Италија, Унгарија, Бугарија и други фашистички држави. Војникот кој што беше убиен пред участокот носеше униформа на наци-фашистичка Бугарија. Македонските партизани пукаа во униформата на војникот што ја носеше што беше олицетворение на наци-фашизмот, окупацијата и идентитетското обезличување. Велите дека човекот кој е убиен оставил три деца сираци?! Со ова само покажувате дека немате ни малку морал, етика.
Тој му посочува на Јорданов дека наци-фашистичка војска убиваше не само родители на деца кои не можеа да им се израдуваат и да гледаат како стануваа возрасни, со свои деца и на старост да се грижат за нив, туку ТВОИТЕ сонародници во бугарски униформи убиваа деца коишто само што беа зачекориле во младоста.
Не им дадовте да ја изживеат и да се радуваат на она што го носи младоста. Не само што ги убивавте туку за да влеете страв кај македонскиот народ ги масакриравте до непрепознавање. А тоа го правевте затоа што беа комунисти и антифашисти и се бореа за самостојна македонска држава со Македонци, со македонски јазик. Тоа Ви сметаше. Само да Ве потсетам на бугарското учество во едно од најголемите злосторства во историјата на човештвото - Холокаустот. Вашата, како што самите ја нарекуваа бугарските комунисти монархофашистичка влада, а јас би додал и нацистичка, цар Борис, Филов, Габровски, Александар Белев и др. испратија во смрт 7140 Евреи од Македонија во логорот на смртта, Треблинка. И познато Ви е дека сите до еден беа убиени. Ако не знаете, да Ви кажам, 2000 од нив беа деца. Може да замислите 2000 деца!? Зборувате за три деца кои останале сирачиња. Како не Ви е срам. Зар имате малку совест. Тие останале живи. Продолжиле со животот. Но 2000 еврејски деца ја немаа таа среќа да му се радуваат на животот. Тоа им го ускрати Вашата бугарска-наци фашистичка политичка гарнитура. Сигурно дека родителите на тие еврејски деца би се жртвувале само децата да останат живи. Но Вие немавте милост ниту за тоа. Бевте немилосрдни џелати.
Чепреганов укажува дека прехтодниците на Јорданов се претходници со идеите на наци-фашизмот беа тие кои вршеа државен тероризам врз македонскиот народ, Евреите и сите останати антифашисти кои ви се спротиставуваа беа убивани без преседан.
Велите дека „оваа антибугарска акција денеска се слави како официјален државен празник во Република Македонија“. Сигурно се чувствувате погоден, зошто како што велите тоа е антибугарски гест. Како гледате Вие на тоа е Ваша работа. Но едно треба да Ви биде јасно таа акција не е само антобугарски гест, таа акција е АНТИ-НАЦИ-ФАШИСТИЧКИ гест. Со таа акција на тие млади македонски партизани на 11 октомври 1944 година, македонскиот народ обзнани пред светот дека се става на страната на АНТИФАШИСТИЧКАТА КОАЛИЦИЈА и дека со останатите анти фашисти ќе се бори против силите на Оската. А Вие бевте дел од Оската. Таа борба беше крунисана со формирањето на македонската држава на АСНОМ на 2 август 1944 година, а Вашите „ослободители“ и „администратори“, преку трупа ја напуштија Македонија некои дури и на „бели гаќи“. Од тие причини 11 октомври ќе остане еден од најсветлите и најголеми празници на македонскиот народ.
Понатаму велите дека „прославувањето на нападите врз Бугарите, прогласувањето на Бугарите за фашисти и окупатори не ги подобрува билатералните односи“. (Не)почитуван Јорданов како може да зборувате за „подобување на билатералните односи“ кога не признавате македонска нација, јазик и култура и барате да се обезличиме до 1944 година како Бугари и дека сме Коминтерновска и Титова творба. Тоа е надвор од здравиот памет. Тоа е невозможна мисија. П. С. На крајот велите дека „Криминалци кај нас како и во Македонија беа само комунистите“. Значи Вие сте израснале во криминална држава, период 1944-1991, кој не го признавате, и сте се оформиле како личност во таа држава. Заклучок: Вие сте криминалец, а на криминалец никој не му верува бидејќи тој останува криминалец до крај. П.П.С. За разлика од кај Вас во Македонија македонските комунисти се спротиставија на наци-фашистичкиот бугарски окупатор и окупацијата, истиот го поразија сами, формираа македонска држава и во периодот од 1944 до 1991 година го афирмираа во светски рамки македонскиот национален идентитет, јазик и култура. Заклучок: Темелите кои македонскиот народ ги постави со востанието од 11 октомври 1941 година, под раководство на комунистите, ќе бидат фаќел кој вечно ќе сјае над македонската држава. СМРТ НА ФАШИЗМОТ –СЛОБОДА НА НАРОДОТ

The post Чепреганов: Maкедонскиот народ темелите ги постави со востанието на 11 октомври 1941 година appeared first on Република.

]]>
Чепреганов: Ова е некомпетентна комисија за историски прашања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chepreganov-ova-e-nekompetentna-komisija-za-istoriski-prashanja/ Tue, 16 Aug 2022 15:31:07 +0000 https://republika.mk/?p=541019

Ова е некомпетентна Комисија за историски прашања и таа некомпетентна Комисија донесе некомпетентни заклучоци кои ги подриваат македонскиот идентитет, јазик и култура.

Ова во разговор за ТВ24 денеска го изјави историчарот Тодор Чепреганов, откако Комисијата за историски и образовни прашања вчера ги соопшти усогласените препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците во Бугарија и во Македонија во врска со античкиот период, како и на заедничкото чествување на личности од Средниот век.

– Станува збор за некомпетентна Комисија за историски и образовни прашања која носи некомпетентни заклучоци. Со ваквите најнови одлуки силно се удира врз македонскиот национален идентитет и култура. Со ова се прави обид да се смени или да се избрише колективната меморија на македонскиот народ. Јас лично сум против за заедничко чествување на историски личности, оти заедничко чествување може да прави еден ист народ, а не два различни народа. Ние и Бугарите сме сосема различни народи. Во 10-вековната историја само 120 години сме имале каква-таква врска со Бугарите, и тоа кога тие биле окупатори – изјави Чепреганов.

The post Чепреганов: Ова е некомпетентна комисија за историски прашања appeared first on Република.

Чепреганов: Ванчо Михајлов е бугаризиран Македонец, бил наследник на Тодор Александров https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chepreganov-vancho-mihajlov-e-bugariziran-makedonec-bil-naslednik-na-todor-aleksandrov/ Tue, 03 May 2022 17:04:57 +0000 https://republika.mk/?p=497043

Јас би го нарекол тоа упад во систем. Организрана група на „ослободители“ влезе во Македонија за да ни покаже кои и што се. Името Ванчо Михајлов, тоа е човек кој не признава македонска нација и култура. Тоа беше на 16-ти април, само еден ден откако во 1941 бугарските војски влегоа и ја окупираа Македонија, што значи ништо не е случајот. Тоа беше акција на бугарскиот државен врв, за жал не за добрососедство, вели историчарот Тодор Чепреганов во емисијата „Само вистина“ за отворањето на бугарскиот клуб во Битола.

Според него, тоа беше илегално изведена акција на бугарските власти.

-Едноставно се добива впечаток дека тие влегоа како во село без кучиња, си се прошетаа низ Охрид и се вратија назад. Петков сака да покаже западна култура, но изгледа многу се посилни елементите кои влечат назад во бугарското општество. Според нив, Македонија е втора бугарска држава. Михајлов е многу јасен и чист, тој секогаш се борел за интересите на Бугарија. Тој е бугаризиран Македонец, кој што примил туѓо национално чувство. Тој кажува каков бил. Треба да имаме во предвид дека тој е наследник на Тодор Александров. Ученикот го прифатил тоа што го научил од ученикот. Зошто се кревале овде споменици на Александров? Тој зборува за обединување со бугарското племе, констатира Александров.

The post Чепреганов: Ванчо Михајлов е бугаризиран Македонец, бил наследник на Тодор Александров appeared first on Република.

Чепреганов: Државата да одговори кој дозволил регистрација на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chepreganov-drzavata-da-odgovori-koj-dozvolil-registracija-na-bugarskiot-kulturen-klub-vancho-mihajlov/ Mon, 18 Apr 2022 10:50:02 +0000 https://republika.mk/?p=489952

Државата не смее да се однесува како село без кучиња и треба да одговори кој дозволил да се регистрира бугарскиот културен клуб со име на контраверзна личност за македонската историја, рече историчарот Тодор Чепреганов во Студио 10 на ТВ24, кој праша и зошто клубот е отворен токму во Битола и дали пробугарската струја е најсилна во Битола.

Не можете вие да бегате од историските факти, тоа што било се случило, Бугарија била не само фашистичка, туку и нациофашистичка држава. Зошто Петков и неговата политичка свита вчера не отидоа да се извинат и да се поклонат на споменикот на 3.000 евреи кои што беа депортирани од Битола, а дојдоа да се поклонат на отворање на културен клуб кој носи име Иван Михајлов, вели тој.

Чепреганов ја искоментира и изјавата на Ципрас и Заев на конгресот на СИРИЗА, посочувајќи дека не може Заев да биде патриот а го променил името на сопствената држава.

Еве сега видовме во Грција на конгрес на СИРИЗА, Ципрас кажа дека со Заев биле патриоти. Па како може Заев да биде патриот а е за Грција. Пазете на сопствениот народ да му го промените името, да го негирате постоењето на македонско малцинство во Егејска Македонија и тоа да го сметате за патриотизам, кажа Чепреганов.

The post Чепреганов: Државата да одговори кој дозволил регистрација на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ appeared first on Република.

Чепреганов: Петков и Јотова промовираа говор на омраза и тоа од најдолен вид, недобрососедство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chepreganov-petkov-i-jotova-promoviraa-govor-na-omraza-i-toa-od-najdolen-vid-nedobrososedstvo/ Sun, 17 Apr 2022 10:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=489520

На 16 април оваа година бугарските медиуми јавија дека Кирил Петков, премиер на Бугарија, и Илијана Јотова, вицепретседатлка на државата, „на покана на Културниот центар „Иван Михајлов“ ќе го отворат новиот „клуб на ова здружение во Битола…“. Меѓу две „нормални“ и соседни држави ништо чудно. Може да помине само како информација во средствата за јавно информирање и да биде акт за меѓусебно почитување и зголемување на довербата и како мост за зближување. Но, во нашиот случај не е така, пишува за „Пресинг ТВ“ проф. Тодор Чепреганов.

Што во суштина требаше да покаже овој чин?! Чин на добрососедство, чин на пријателство, чин на престанок на говорот на омраза, чин на почитување на различностите?! Или спротивното, чин на недобрососедство, чин на непријателство, чин на говор на омраза, чин на непочитување на различностите?!

Јас го доживеав како промоција на јавна сцена, во туѓа држава, на наци-фашисти и убијци. И тоа не било од кого, туку од бугарскиот политички врв премиерот Петков, вицепретседателкатаа Јотова, членот на парламентот Захариева и другата свита, која ги придружуваше. Сите до еден „докажани“ борци за европски вредности и стандарди!?

И сите тие во името на европските стандарди и вредности во Битола политички амнестираат и рехабилитираат човек кој го носи името на културниот центар Иван Ванчо Михајлов со 7 (седум) смртни пресуди и 1 (една) доживотен затвор. Шест му се изречени од воениот суд во Софија, 1 (една) од окружниот суд во Горна Џумаја и 1 (една) доживотен затвор од воениот суд во Софија. Човек кој никако не може да се стави во рамките на обединувач меѓу Бугарија и Македонија. Напротив, тоа е човек за кој постојат „говеда македонски“, а не Македонци со македонски јазик, историја и култура. Сигурно дека Петков знае дека за Иван Михајлов, Македонците не постојат, како и за него самиот. Па како може културен центар со такво име да обединува?! Тој може само да дели. Зарем немаа попогодна личност од асли бугарската историја да стават за име на културниот центар, а не да ги користат македонските историски личности и тоа одродените?! Сигурно дека ништо не е случајно.

Дали Петков и Јотова беа свесни што промовираат во Битола при отворањето на новиот клуб, на културниот центар „Иван Михајлов“? Ако не знаат да им кажеме. Говор на омраза и тоа од најдолен вид, недобрососедство, не соработка, не почитување на различностите. Дојдоа со цела политичка свита за да ни промовираат пропаганда, повторо да не потсетат на бугаризацијата, србизацијата и еленизацијата. Нешто што ние Македонците го влечеме до денес преку меѓусебните поделби. Наполно му дадоа легитимитет на наци-фашизмот, убиствата и тоталната негација на еден свој сосед во 21 век и сето тоа повикувајќи се на европските вредности.

Во овој случај, Петков и политичката свита која дојде со него во Македонија, амнестираа и рехабилитираа еден етнички одроден Македонец, со туѓа национална свест, кој не признава македонска нација, јазик и култура и се борел за бугаризација на Македонците. Наместо осуда за она што го направил Иван Михајлов, соработка со наци-фашистички држави и личности, наредбодавач на многу братоубиства меѓу Македонците, гледаме дека денешниот политички врв во Бугарија го амнестира и му дава легитимитет. Малку е чудно што во триесетите години на 20 век во тогашното Царство Бугарија постоеле судови, кои санкционирале одредени појави надвор од законот, што биле насочени против тогашниот систем, а тоа го покажуваат казните кои му биле изречени на Михајлов, во отсуство, за сторените дела.

Сигурно дека овој потег на бугарскиот политички врв не води кон добрососедство, пријателство и соработка. Напротив, како што можевме да видиме во Битола, тоа предизвика гнев од страна на Македонците кон гостите од Бугарија. И сосема во право. Промовирањето на клубови со задни намери, а за реализирање на свои политички, ниски цели се со краток век.

Прашањето е зошто македонскиот политички врв не презеде реципрочна мерка и не отиде во Пиринска Македонија и да отвори некој клуб на Македонците, кои живеат таму?! Вака испаѓа дека Македонија е „село без кучиња“ и секој може да прави што сака. Политичкиот врв молчи. „Не биле поканети“, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи-прашува професорот.

Па кој ја контролира државата?! Македонци или Бугари!!! Тие можат да се шетаат како сакаат и кога сакаат. Според оваа логика, државата е без контрола! Политички врв на туѓа држава ви влегува во државата, а вие имате по се изгледа само информација од амбасадата на дотичната држава и тие отвораат, затвораат клубови без да се има увид во тоа за што во суштина се работи.

Каде е македонскиот врв да реагира и да се произнесе за овие активности? Нема оправдување ид типот “не биле поканети“. Молчењето е знак на одобрување. Ова не е говор на омраза, ова е говор на разум и како историчар ме интересира и би сакал да знам дали може некој клуб во Македонија да се именува „Адолф Хитлер“, „Менгеле“, „Ајхман“ и дали државните органи, кои се одговорни за тоа, тоа ќе го дозволат? Имаме некои такви примери во Македонија преку кои молкум се поминува. Но, тоа го дозволува државата за мир во куќа. Што потоа се враќа како бумеранг.

Многу ме интересира дали и Иван Михајлов, според бугарската логика, ќе стане жртва на комунизмот и ќе го добие своето место во бугарскиот Пантеон на жртвите на фашизмот?!

Извор: Pressing TV

The post Чепреганов: Петков и Јотова промовираа говор на омраза и тоа од најдолен вид, недобрососедство appeared first on Република.

]]>

На 16 април оваа година бугарските медиуми јавија дека Кирил Петков, премиер на Бугарија, и Илијана Јотова, вицепретседатлка на државата, „на покана на Културниот центар „Иван Михајлов“ ќе го отворат новиот „клуб на ова здружение во Битола…“. Меѓу две „нормални“ и соседни држави ништо чудно. Може да помине само како информација во средствата за јавно информирање и да биде акт за меѓусебно почитување и зголемување на довербата и како мост за зближување. Но, во нашиот случај не е така, пишува за „Пресинг ТВ“ проф. Тодор Чепреганов.   Што во суштина требаше да покаже овој чин?! Чин на добрососедство, чин на пријателство, чин на престанок на говорот на омраза, чин на почитување на различностите?! Или спротивното, чин на недобрососедство, чин на непријателство, чин на говор на омраза, чин на непочитување на различностите?! Јас го доживеав како промоција на јавна сцена, во туѓа држава, на наци-фашисти и убијци. И тоа не било од кого, туку од бугарскиот политички врв премиерот Петков, вицепретседателкатаа Јотова, членот на парламентот Захариева и другата свита, која ги придружуваше. Сите до еден „докажани“ борци за европски вредности и стандарди!? И сите тие во името на европските стандарди и вредности во Битола политички амнестираат и рехабилитираат човек кој го носи името на културниот центар Иван Ванчо Михајлов со 7 (седум) смртни пресуди и 1 (една) доживотен затвор. Шест му се изречени од воениот суд во Софија, 1 (една) од окружниот суд во Горна Џумаја и 1 (една) доживотен затвор од воениот суд во Софија. Човек кој никако не може да се стави во рамките на обединувач меѓу Бугарија и Македонија. Напротив, тоа е човек за кој постојат „говеда македонски“, а не Македонци со македонски јазик, историја и култура. Сигурно дека Петков знае дека за Иван Михајлов, Македонците не постојат, како и за него самиот. Па како може културен центар со такво име да обединува?! Тој може само да дели. Зарем немаа попогодна личност од асли бугарската историја да стават за име на културниот центар, а не да ги користат македонските историски личности и тоа одродените?! Сигурно дека ништо не е случајно.
Дали Петков и Јотова беа свесни што промовираат во Битола при отворањето на новиот клуб, на културниот центар „Иван Михајлов“? Ако не знаат да им кажеме. Говор на омраза и тоа од најдолен вид, недобрососедство, не соработка, не почитување на различностите. Дојдоа со цела политичка свита за да ни промовираат пропаганда, повторо да не потсетат на бугаризацијата, србизацијата и еленизацијата. Нешто што ние Македонците го влечеме до денес преку меѓусебните поделби. Наполно му дадоа легитимитет на наци-фашизмот, убиствата и тоталната негација на еден свој сосед во 21 век и сето тоа повикувајќи се на европските вредности.
Во овој случај, Петков и политичката свита која дојде со него во Македонија, амнестираа и рехабилитираа еден етнички одроден Македонец, со туѓа национална свест, кој не признава македонска нација, јазик и култура и се борел за бугаризација на Македонците. Наместо осуда за она што го направил Иван Михајлов, соработка со наци-фашистички држави и личности, наредбодавач на многу братоубиства меѓу Македонците, гледаме дека денешниот политички врв во Бугарија го амнестира и му дава легитимитет. Малку е чудно што во триесетите години на 20 век во тогашното Царство Бугарија постоеле судови, кои санкционирале одредени појави надвор од законот, што биле насочени против тогашниот систем, а тоа го покажуваат казните кои му биле изречени на Михајлов, во отсуство, за сторените дела. Сигурно дека овој потег на бугарскиот политички врв не води кон добрососедство, пријателство и соработка. Напротив, како што можевме да видиме во Битола, тоа предизвика гнев од страна на Македонците кон гостите од Бугарија. И сосема во право. Промовирањето на клубови со задни намери, а за реализирање на свои политички, ниски цели се со краток век.
Прашањето е зошто македонскиот политички врв не презеде реципрочна мерка и не отиде во Пиринска Македонија и да отвори некој клуб на Македонците, кои живеат таму?! Вака испаѓа дека Македонија е „село без кучиња“ и секој може да прави што сака. Политичкиот врв молчи. „Не биле поканети“, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи-прашува професорот.
Па кој ја контролира државата?! Македонци или Бугари!!! Тие можат да се шетаат како сакаат и кога сакаат. Според оваа логика, државата е без контрола! Политички врв на туѓа држава ви влегува во државата, а вие имате по се изгледа само информација од амбасадата на дотичната држава и тие отвораат, затвораат клубови без да се има увид во тоа за што во суштина се работи. Каде е македонскиот врв да реагира и да се произнесе за овие активности? Нема оправдување ид типот “не биле поканети“. Молчењето е знак на одобрување. Ова не е говор на омраза, ова е говор на разум и како историчар ме интересира и би сакал да знам дали може некој клуб во Македонија да се именува „Адолф Хитлер“, „Менгеле“, „Ајхман“ и дали државните органи, кои се одговорни за тоа, тоа ќе го дозволат? Имаме некои такви примери во Македонија преку кои молкум се поминува. Но, тоа го дозволува државата за мир во куќа. Што потоа се враќа како бумеранг.
Многу ме интересира дали и Иван Михајлов, според бугарската логика, ќе стане жртва на комунизмот и ќе го добие своето место во бугарскиот Пантеон на жртвите на фашизмот?!
Извор: Pressing TV

The post Чепреганов: Петков и Јотова промовираа говор на омраза и тоа од најдолен вид, недобрососедство appeared first on Република.

]]>
Проф. Чепреганов му одговара на Георгиев: Бугарија не само што била фашистичка држава туку била наци-фашистичка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-chepreganov-mu-odgovara-na-georgiev-bugarija-ne-samo-shto-bila-fashistichka-drzava-tuku-bila-naci-fashistichka/ Mon, 07 Feb 2022 09:42:03 +0000 https://republika.mk/?p=455017

Професорот Тодор Чепреганов му одговара на претседателот на комисијата со Бугарија Драги Ѓоргиев кој  на поставеното прашање „кое често предизвикува несогласување, кога и да се спомене, е терминот бугарски фашистички окупатор“ тој одговара „Бугарија не може да ја дефинираме како класична фашистичка земја, како што може да се каже за фашистичка Италија или нацистичка Германија.

Ние може да ја третираме Бугарија како пронацистичка и профашистичка земја, меѓутоа Бугарија не е фашистички држава во тоа време“-рече Ѓоргиев.

Чепреганов оваа изјава на Ѓорѓиев ја споредува со она фамозно интервју на поранешниот премиер ЗЗ за БГНЗ кој во екстаза изјавува дека Бугарија не била фашистичка држава во текот на Втората светска војна. Горгиев во иста егстазична состојба на ТВ го изјавува истото.

НЕ ДИРЕКТОРЕ, НЕ ПРОФЕСОРЕ, НЕ АКАДЕМИЧЕ Горгиев Бугарија не само што била фашистичка држава туку била наци-фашистичка. Говорите за авторитарен режим на цар Борис, кој го суспендирал работењето на бугарското собрание но немала фашистичко уредување. Продолжувате и велите „постојат внатре условно кажано, фашистички движења, кои имаат фашистички идеи во себе, меѓутоа тие не се во рамките на самата бугарска држава во структурите на владините тела“.

Ова излегува како Бугарија да била „село без кучиња“ и секој можел да прави што сака без контрола на државата. Ме чуди што на секој начин гледате да ги оправдате Бугарите и да ги амнестирате од нивното наци-фашистичко минато без аргументи или Вие имате свои, непознати за историската наука?! Камо толку да се залагавте за Гоце Делчев, а не политиката да Ве користи како нејзина продолжена рака па вие да се вадите. Самото тоа што го зборувате дека во Бугарија владеел авторитатвиен систем под цар Борис го зборува спротивното. Сакате да кажете дека царот и неговата камарила биле хуманисти, а некои таму од граѓанските партии биле фашистички и нацистички.

НЕ АКАДЕМИЧЕ целиот бугарски политички врв и воен апарат бил наци фашизиран. Видете ги зачуваните видео снимки и документи од тоа време. Самите бугарски научни работници објавиле томови документи во кои се говори за расчистување со фашизмот по војната и тоа од политичкиот врв па надолу, а не како што Вие сакате да кажете тоа биле „профашистички“ организации. ГРЕШКА самиот врв: цар Борис, председателот на владата Богдан Филов, министерот за внатрешни работи и народно здравје Петар Габровски стојат на врвот на таа наци-фашизирана држава. Тие ги влечат конците.

За Ваша информација во периодот од декември 1944 до април 1945 година Народниот суд во Бугарија имал „68 состави-4 врховни и 64 областни. Формира 135 процеси со 11 122 обвинети. Од нив на смрт се осудени 2730 души (вклучувајќи три регенти, 22 министри, 8 царски осветници, 67 пратеници, 47 генерали и полковници и т. н.“. Од ова се гледа дека Вашето тврдење се коси со историскиот факт дека не постои фашистичко движење во „рамките на самата бугарска држава во структурите на владините тела“.
Вие како да сакате преку Комисијата да провнете амнестија т.е. рехабилитација на бугарскиот наци-фашизам како што тоа тие самите го направија, по 1991 година, осудувајќи го комунизмот и неговите жртви ги претворија во херои.

Дали може да ми одговорите што претставува „Заканот за заштита на нацијата“ која го потпиша царот Борис, го усвои собранието и еден цел народ, Еврејскиот, беше ставен надвор од било кој закон. Секој можеше да се иживува со нив, немаа никакви човекови права?! Тоа го направи политичкиот врв на Бугарија. Александар Белев беше специјално испратен во Германија за правнички да ги „проучи“ Нирнбершките закони и истите ги примени во Бугарија. И тоа го направи. Тој закон ги испрати македонските Евреи (7.144) во Треблинка и многу други. Тоа, АКАДЕМИЧЕ, беа НАЦИСТИЧКИ ЗАКОНИ и за тоа нема те биле профашистички, те пронацистички. НЕ, тие беа НАЦИ-ФАШИСТИ и за тоа самиот бугарски народ ги осуди. Немој да се обидуваш, како што го правиш тоа, да ги амнестираш дека политичко воениот врв не бил фашизиран.

Напротив под негова директива се одвива општествено политичкиот живот во Бугарија во текот на Втората светска војна. Тука амнестија нема. За тоа што го направија како наци-фашисти треба да се извинат.

Уште нешто.

Ако немало фашизам како што велите Вие, тогаш Вие ја негирате антифашистичката војна и на македонскиот и на бугарскиот народ. Ако немало фашизам значи немало ниту антифашизам. Се поставува прашањето, тогаш против кого се бореле македонските партизани исто и бугарските и оние во Пиринска Македонија. Самите против себе?! Комунистичка измислица?! Од кого е убиен Методија Шаторов Шарло. Треба да го посетите неговиот гроб на кој пишува дека е убиен од тамошните „бугарски фашисти“ или според Вас тоа е измислица на комунистите. Или ја оправдувате „брусилица“ историјата на ЗЗ да се брише бугарски пред фашизам?!

Тврдите дека сето она што се случи во Македонија во текот на Втората светска војна убиствата (Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Вера Јоциќ, Ваташките деца, Дабничкото клање и др), интернациите не беше резултат на фашистите туку на профашисти. И овде ГРЕШИТЕ. Немаме антипрофашистичка војна имаме антифашистичка војна и се знае кој ја водел, како завршила и кои се оние кои ја изгубија. Секој обид, денес, за нивна рехабилитација поради задоволување на лукративни политички цели на одредена политичка гарнитура е рамно на злосторство со кое сите жртви на антифашизмот и на Холокаустот повторно се убиваат.
Ќе Ви приопштам два документи од бугарски извори за тоа дали Бугарија била профашистичка или фашистичка држава.

На 18 декември 1944 година Дамјан Велчев, министер на војната во наредбата бр. 481 истакнува: „Народна по состав нашата армија беше претворена од ФАШИСТИЧКИОТ РЕЖИМ во противнародна и против национална како по својот дух така и по своите цели. Од заштитник на народот таа беше претворена во негов гонител и жандарм…Сенародното востание на 9 септември, во кое зедоа учество и нашите родољубиви војници и стави крај на сепак крвавиот и предавнички ФАШИСТИЧКИ РЕЖИМ…Дури сега ни претстои огромна работа за искоренување на омразеното ФАШИСТИЧКО НАСЛЕДСТВО во СИТЕ ОБЛАСТИ НА НАШИОТ ЖИВОТ“.

На 10 јануари 1945 четирите партии кои влегуваат во Отечествениот фронт објавуваат декларација во која истакнуваат:

1. „Отечествениот фронт не е времена политичка комбинација. Таа е еден траен борбен сојуз на народните сили, и презема голема задача да го ликвидира тешкото наследство оставено од минатите ФАШИСТИЧКИ РЕЖИМИ и да изгради нова слободна, демократска и силна Бугарија;
2. Групите на Отечествениот фронт ќе ги вложат сите сили во поддршка на народната армија која заедно со братските армии на СССР, на нова Југославија и тие на Англија, Америка и Франција и другите слободољубиви народи води тешка борба за конечен пораз на ФАШИЗМОТ;
3. За да се создаде еден здрав кадар чиновници и вработени во ДРЖАВНИТЕ И ОПШТЕСТВЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ…неопходна е чистка на ФАШИСТИЧКИТЕ ЕЛЕМЕНТИ во тие институции…
4. Групите на Отечествениот фронт ќе ги преземат сите мерки за да се парираат обидите на ФАШИСТИЧКИТЕ ЕЛЕМЕНТИ да влезат во нејзините редови…“

Објаснување

(Големите букви и болдираното е мое за да можете да забележите што пишува во оригиналните бугарски документи, а не Вие да им припишувате дека биле профашисти или пронацисти. Документите кажуваат се). Нема ПРОФАШИСТИ има ФАШИСТИ.
Почитуван АКАДЕМИК Горгиев, со ова само покажувате дека Вие лично, како и Вашите колеги од Комисијата немате капацитет да излезете на крај со периоди за кои не сте квалификувани, а за кои ќе треба да дискутирате со Вашите бугарски колеги. Од овие Ваши истапи резултатите веќе ни се познати. Целосно прифаѓање на бугарските ирационални барања и уцени и се поблиску до заедничка (бугарска) историја на еден народ во две држави.

https://republika.mk/vesti/makedonija/gjorgiev-imalo-bugarska-okupacija-ili-invazija-no-ne-fashistichka/

The post Проф. Чепреганов му одговара на Георгиев: Бугарија не само што била фашистичка држава туку била наци-фашистичка appeared first on Република.

]]>

Професорот Тодор Чепреганов му одговара на претседателот на комисијата со Бугарија Драги Ѓоргиев кој  на поставеното прашање „кое често предизвикува несогласување, кога и да се спомене, е терминот бугарски фашистички окупатор“ тој одговара „Бугарија не може да ја дефинираме како класична фашистичка земја, како што може да се каже за фашистичка Италија или нацистичка Германија.
Ние може да ја третираме Бугарија како пронацистичка и профашистичка земја, меѓутоа Бугарија не е фашистички држава во тоа време“-рече Ѓоргиев.
Чепреганов оваа изјава на Ѓорѓиев ја споредува со она фамозно интервју на поранешниот премиер ЗЗ за БГНЗ кој во екстаза изјавува дека Бугарија не била фашистичка држава во текот на Втората светска војна. Горгиев во иста егстазична состојба на ТВ го изјавува истото.
НЕ ДИРЕКТОРЕ, НЕ ПРОФЕСОРЕ, НЕ АКАДЕМИЧЕ Горгиев Бугарија не само што била фашистичка држава туку била наци-фашистичка. Говорите за авторитарен режим на цар Борис, кој го суспендирал работењето на бугарското собрание но немала фашистичко уредување. Продолжувате и велите „постојат внатре условно кажано, фашистички движења, кои имаат фашистички идеи во себе, меѓутоа тие не се во рамките на самата бугарска држава во структурите на владините тела“.
Ова излегува како Бугарија да била „село без кучиња“ и секој можел да прави што сака без контрола на државата. Ме чуди што на секој начин гледате да ги оправдате Бугарите и да ги амнестирате од нивното наци-фашистичко минато без аргументи или Вие имате свои, непознати за историската наука?! Камо толку да се залагавте за Гоце Делчев, а не политиката да Ве користи како нејзина продолжена рака па вие да се вадите. Самото тоа што го зборувате дека во Бугарија владеел авторитатвиен систем под цар Борис го зборува спротивното. Сакате да кажете дека царот и неговата камарила биле хуманисти, а некои таму од граѓанските партии биле фашистички и нацистички. НЕ АКАДЕМИЧЕ целиот бугарски политички врв и воен апарат бил наци фашизиран. Видете ги зачуваните видео снимки и документи од тоа време. Самите бугарски научни работници објавиле томови документи во кои се говори за расчистување со фашизмот по војната и тоа од политичкиот врв па надолу, а не како што Вие сакате да кажете тоа биле „профашистички“ организации. ГРЕШКА самиот врв: цар Борис, председателот на владата Богдан Филов, министерот за внатрешни работи и народно здравје Петар Габровски стојат на врвот на таа наци-фашизирана држава. Тие ги влечат конците. За Ваша информација во периодот од декември 1944 до април 1945 година Народниот суд во Бугарија имал „68 состави-4 врховни и 64 областни. Формира 135 процеси со 11 122 обвинети. Од нив на смрт се осудени 2730 души (вклучувајќи три регенти, 22 министри, 8 царски осветници, 67 пратеници, 47 генерали и полковници и т. н.“. Од ова се гледа дека Вашето тврдење се коси со историскиот факт дека не постои фашистичко движење во „рамките на самата бугарска држава во структурите на владините тела“. Вие како да сакате преку Комисијата да провнете амнестија т.е. рехабилитација на бугарскиот наци-фашизам како што тоа тие самите го направија, по 1991 година, осудувајќи го комунизмот и неговите жртви ги претворија во херои. Дали може да ми одговорите што претставува „Заканот за заштита на нацијата“ која го потпиша царот Борис, го усвои собранието и еден цел народ, Еврејскиот, беше ставен надвор од било кој закон. Секој можеше да се иживува со нив, немаа никакви човекови права?! Тоа го направи политичкиот врв на Бугарија. Александар Белев беше специјално испратен во Германија за правнички да ги „проучи“ Нирнбершките закони и истите ги примени во Бугарија. И тоа го направи. Тој закон ги испрати македонските Евреи (7.144) во Треблинка и многу други. Тоа, АКАДЕМИЧЕ, беа НАЦИСТИЧКИ ЗАКОНИ и за тоа нема те биле профашистички, те пронацистички. НЕ, тие беа НАЦИ-ФАШИСТИ и за тоа самиот бугарски народ ги осуди. Немој да се обидуваш, како што го правиш тоа, да ги амнестираш дека политичко воениот врв не бил фашизиран. Напротив под негова директива се одвива општествено политичкиот живот во Бугарија во текот на Втората светска војна. Тука амнестија нема. За тоа што го направија како наци-фашисти треба да се извинат.

Уште нешто.

Ако немало фашизам како што велите Вие, тогаш Вие ја негирате антифашистичката војна и на македонскиот и на бугарскиот народ. Ако немало фашизам значи немало ниту антифашизам. Се поставува прашањето, тогаш против кого се бореле македонските партизани исто и бугарските и оние во Пиринска Македонија. Самите против себе?! Комунистичка измислица?! Од кого е убиен Методија Шаторов Шарло. Треба да го посетите неговиот гроб на кој пишува дека е убиен од тамошните „бугарски фашисти“ или според Вас тоа е измислица на комунистите. Или ја оправдувате „брусилица“ историјата на ЗЗ да се брише бугарски пред фашизам?! Тврдите дека сето она што се случи во Македонија во текот на Втората светска војна убиствата (Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Вера Јоциќ, Ваташките деца, Дабничкото клање и др), интернациите не беше резултат на фашистите туку на профашисти. И овде ГРЕШИТЕ. Немаме антипрофашистичка војна имаме антифашистичка војна и се знае кој ја водел, како завршила и кои се оние кои ја изгубија. Секој обид, денес, за нивна рехабилитација поради задоволување на лукративни политички цели на одредена политичка гарнитура е рамно на злосторство со кое сите жртви на антифашизмот и на Холокаустот повторно се убиваат. Ќе Ви приопштам два документи од бугарски извори за тоа дали Бугарија била профашистичка или фашистичка држава. На 18 декември 1944 година Дамјан Велчев, министер на војната во наредбата бр. 481 истакнува: „Народна по состав нашата армија беше претворена од ФАШИСТИЧКИОТ РЕЖИМ во противнародна и против национална како по својот дух така и по своите цели. Од заштитник на народот таа беше претворена во негов гонител и жандарм…Сенародното востание на 9 септември, во кое зедоа учество и нашите родољубиви војници и стави крај на сепак крвавиот и предавнички ФАШИСТИЧКИ РЕЖИМ…Дури сега ни претстои огромна работа за искоренување на омразеното ФАШИСТИЧКО НАСЛЕДСТВО во СИТЕ ОБЛАСТИ НА НАШИОТ ЖИВОТ“. На 10 јануари 1945 четирите партии кои влегуваат во Отечествениот фронт објавуваат декларација во која истакнуваат: 1. „Отечествениот фронт не е времена политичка комбинација. Таа е еден траен борбен сојуз на народните сили, и презема голема задача да го ликвидира тешкото наследство оставено од минатите ФАШИСТИЧКИ РЕЖИМИ и да изгради нова слободна, демократска и силна Бугарија; 2. Групите на Отечествениот фронт ќе ги вложат сите сили во поддршка на народната армија која заедно со братските армии на СССР, на нова Југославија и тие на Англија, Америка и Франција и другите слободољубиви народи води тешка борба за конечен пораз на ФАШИЗМОТ; 3. За да се создаде еден здрав кадар чиновници и вработени во ДРЖАВНИТЕ И ОПШТЕСТВЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ…неопходна е чистка на ФАШИСТИЧКИТЕ ЕЛЕМЕНТИ во тие институции… 4. Групите на Отечествениот фронт ќе ги преземат сите мерки за да се парираат обидите на ФАШИСТИЧКИТЕ ЕЛЕМЕНТИ да влезат во нејзините редови…“ Објаснување (Големите букви и болдираното е мое за да можете да забележите што пишува во оригиналните бугарски документи, а не Вие да им припишувате дека биле профашисти или пронацисти. Документите кажуваат се). Нема ПРОФАШИСТИ има ФАШИСТИ. Почитуван АКАДЕМИК Горгиев, со ова само покажувате дека Вие лично, како и Вашите колеги од Комисијата немате капацитет да излезете на крај со периоди за кои не сте квалификувани, а за кои ќе треба да дискутирате со Вашите бугарски колеги. Од овие Ваши истапи резултатите веќе ни се познати. Целосно прифаѓање на бугарските ирационални барања и уцени и се поблиску до заедничка (бугарска) историја на еден народ во две држави.   https://republika.mk/vesti/makedonija/gjorgiev-imalo-bugarska-okupacija-ili-invazija-no-ne-fashistichka/

The post Проф. Чепреганов му одговара на Георгиев: Бугарија не само што била фашистичка држава туку била наци-фашистичка appeared first on Република.

]]>
Чепреганов: Македонскиот Устав како да е пачавра, па кој како изрази желба може да го отвора и затвора https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chepreganov-makedonskiot-ustav-kako-da-e-pachavra-pa-koj-kako-izrazi-zelba-moze-da-go-otvora-i-zatvora/ Tue, 11 Jan 2022 16:11:38 +0000 https://republika.mk/?p=443261

Историчарот Тодор Чепрегановво интервју за Плусинфо одговора на горливите прашања поврзани со историјата на Македонија, но и за историјата на македонскиот народ.

Во последните неколку денови сме сведоци на паушални квалификации, дека во „раните фази на комунизмот“ голем број на Бугари во Македонија биле асимилирани во Македонци. Дали е тоа точно?

Зачудува констатацијата на одредени научни работници во Бугарија, пред сè историчари, кои тврдат дека во „раните фази на комунизмот голем број на Бугари во Македонија биле асимилирани“. Се работи за паушални изјави без било каква документирана подлога. Со ова тие сакаат да заборават, да ја избришат од свото сеќавање асимилацијата и денационализацијата на Македонците во текот на Втората светска војна, кога фашистичката бугарска окупаторска војска ја окупира Македонија и „администраторите“ присилно ги променија имињата и презимињата на Македонците. Што претставува злодело без преседан. Денес, бугарската политика настојува сите свои злодела да ги препише на Македонците. Ова е истата онаа теза која ја верглаат бугарските историчари дека во Пиринскиот дел на Македонија, Бугарите биле принудувани да се декларираат како Македонци во време на културната автономија. Многу, многу извртени тези кои не држат. Македонците во Пиринска Македонија сè уште се таму каде што биле во Пиринска Македонија и сè уште се не признаени од „демократска европска Бугарија“. Демек нивнот Устав не признавал етнички групи и не можел да се отвора. Како да е херметички затворен. А македонскиот Устав, како да е пачавра, па кој како изрази желба може да го отвора и затвора. И сега желба изразија Бугарите од Македонија да бидат дел од Уставот. Немам ништо против да бидат дел од Уставот како малцинство во Македонија. Но, секоја држава која држи до себе тоа треба да го прави на реципроцитетна основа. Ние нив во Уставот, тие Македонците во Уставот. Тоа е израз на добрососедство и меѓусебно почитување на различностите. Но за жал не ќе да е така. Тие зборуваат за асимилирани Бугари по војната, а тие тоа го прават денес пред очите на целокупната светска јавност и покрај 14 пресуди добиени на судот во Стрзбур.

Устите им се полни со зборови дека ја поддржуваат Македонија на патот кон Европската Унија, но за да се случи тоа Македонците треба да прифатат и признаат дека до 1945 година биле Бугари, а дека по 1945 година и македонските Бугари биле присилувани да го прифатат македонизмот и врз таа основа со присила се формирал македонскиот народ, јазик, култура, обичаи. Ова може да го зборуваат само луѓе кои сè уште не излегле од матрицата на XIX век во однос на идеите за големи држави т.е. вечно неотсонуваниот сон за Санстефанска Бугарија. Тоа се идеите кои се шират и преку системот на образованието во Р. Бугарија. И затоа не треба да чуди што над 80% од Бугарите го подржуват бугарското вето за интеграцијата на Македонија во Европската Унија. Зар е тоа „братски“?!

Сигурно дека ваквите писанија не одат во прилог на градењето на добро соседските односи меѓу Р. Бугарија и Р. Македонија. За да тврдите дека имало асимилација и денаионализација на Бугари во Македонци треба тоа да го аргументирате со архивски документи, а не паушално да се зборува и пишува и врз база на поединечни случаи да се гради историскиот наратив.

Во последно време некои бугарски историчари излегоа со написи за „крвавото коледе“ во кое даваат фантастични бројки за убиени, затворени и интернирани „Бугари“. Нека предочат документ или да дадат список на „Бугари“ кои биле стрелани на плошдатот и на Калето поради тоа што биле „Бугари“, како што направи професорот Стојко Стојков со книгата „Табу“ во која се дадени со име и презиме Македонците кои биле репресирани во Пиринска Македонија од страна на бугарската УДБ-а поради тоа што не сакале да се откажат од својата македонска национална припадност.

А во пописите на населението по војната секој еден заинтересиран може да види колку од населението се декларирало за Бугари во Македонија.

Целото интервју ТУКА

The post Чепреганов: Македонскиот Устав како да е пачавра, па кој како изрази желба може да го отвора и затвора appeared first on Република.

]]>

Историчарот Тодор Чепрегановво интервју за Плусинфо одговора на горливите прашања поврзани со историјата на Македонија, но и за историјата на македонскиот народ. Во последните неколку денови сме сведоци на паушални квалификации, дека во „раните фази на комунизмот“ голем број на Бугари во Македонија биле асимилирани во Македонци. Дали е тоа точно? Зачудува констатацијата на одредени научни работници во Бугарија, пред сè историчари, кои тврдат дека во „раните фази на комунизмот голем број на Бугари во Македонија биле асимилирани“. Се работи за паушални изјави без било каква документирана подлога. Со ова тие сакаат да заборават, да ја избришат од свото сеќавање асимилацијата и денационализацијата на Македонците во текот на Втората светска војна, кога фашистичката бугарска окупаторска војска ја окупира Македонија и „администраторите“ присилно ги променија имињата и презимињата на Македонците. Што претставува злодело без преседан. Денес, бугарската политика настојува сите свои злодела да ги препише на Македонците. Ова е истата онаа теза која ја верглаат бугарските историчари дека во Пиринскиот дел на Македонија, Бугарите биле принудувани да се декларираат како Македонци во време на културната автономија. Многу, многу извртени тези кои не држат. Македонците во Пиринска Македонија сè уште се таму каде што биле во Пиринска Македонија и сè уште се не признаени од „демократска европска Бугарија“. Демек нивнот Устав не признавал етнички групи и не можел да се отвора. Како да е херметички затворен. А македонскиот Устав, како да е пачавра, па кој како изрази желба може да го отвора и затвора. И сега желба изразија Бугарите од Македонија да бидат дел од Уставот. Немам ништо против да бидат дел од Уставот како малцинство во Македонија. Но, секоја држава која држи до себе тоа треба да го прави на реципроцитетна основа. Ние нив во Уставот, тие Македонците во Уставот. Тоа е израз на добрососедство и меѓусебно почитување на различностите. Но за жал не ќе да е така. Тие зборуваат за асимилирани Бугари по војната, а тие тоа го прават денес пред очите на целокупната светска јавност и покрај 14 пресуди добиени на судот во Стрзбур. Устите им се полни со зборови дека ја поддржуваат Македонија на патот кон Европската Унија, но за да се случи тоа Македонците треба да прифатат и признаат дека до 1945 година биле Бугари, а дека по 1945 година и македонските Бугари биле присилувани да го прифатат македонизмот и врз таа основа со присила се формирал македонскиот народ, јазик, култура, обичаи. Ова може да го зборуваат само луѓе кои сè уште не излегле од матрицата на XIX век во однос на идеите за големи држави т.е. вечно неотсонуваниот сон за Санстефанска Бугарија. Тоа се идеите кои се шират и преку системот на образованието во Р. Бугарија. И затоа не треба да чуди што над 80% од Бугарите го подржуват бугарското вето за интеграцијата на Македонија во Европската Унија. Зар е тоа „братски“?! Сигурно дека ваквите писанија не одат во прилог на градењето на добро соседските односи меѓу Р. Бугарија и Р. Македонија. За да тврдите дека имало асимилација и денаионализација на Бугари во Македонци треба тоа да го аргументирате со архивски документи, а не паушално да се зборува и пишува и врз база на поединечни случаи да се гради историскиот наратив. Во последно време некои бугарски историчари излегоа со написи за „крвавото коледе“ во кое даваат фантастични бројки за убиени, затворени и интернирани „Бугари“. Нека предочат документ или да дадат список на „Бугари“ кои биле стрелани на плошдатот и на Калето поради тоа што биле „Бугари“, како што направи професорот Стојко Стојков со книгата „Табу“ во која се дадени со име и презиме Македонците кои биле репресирани во Пиринска Македонија од страна на бугарската УДБ-а поради тоа што не сакале да се откажат од својата македонска национална припадност. А во пописите на населението по војната секој еден заинтересиран може да види колку од населението се декларирало за Бугари во Македонија. Целото интервју ТУКА

The post Чепреганов: Македонскиот Устав како да е пачавра, па кој како изрази желба може да го отвора и затвора appeared first on Република.

]]>