тодор александров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/todor-aleksandrov/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 12:01:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тодор александров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/todor-aleksandrov/ 32 32 Тодор Александров е еден од најмоќните и највлијателните лидери на ВМРО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/todor-aleksandrov-e-eden-od-najmoknite-i-najvlijatelnite-lideri-na-vmro/ Wed, 23 Oct 2024 11:49:50 +0000 https://republika.mk/?p=830161

Оваа година се навршија 100 години од убиството на Тодор Александров.
Соред многумина историчари тој бил еден од најмоќните и највлијателните лидери на ВМРО. Ја издигнал организацијата од рушевини и ја направил најмоќната организација во Европа, со која сите сакале да соработуваат и од која сите се плашеле, истакна во својот говор премиерот Христијан Мицкоски .

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vmro-nerazdvojno-i-nepokoleblivo-mu-pripaga-na-makedonskiot-narod/

За нејзе слушнале од Даблин до Москва. За нејзе учеле сите од регионот, и од нејзе учеле сите кои знаеле што е борба за сопствена држава и идеја. Сакам на овој ден на денот на формирањето на македонската револуционерна организација да му оддадам почит, и да ги кажам зборовите кои одекнуваа при неговата смрт, а со кои соопштението за смртта до јавноста го завршиле во тој период. Во тоа соопштение објаснувајќи кои се убијците кои го сториле тоа убиство и објаснувајќи што се случило завршило со реченицата: Тодор Александров е мртов! Живее Тодор Александров!

Има ли помоќни зборови за некоја личност, кога човек ќе каже дека и покрај насилната смрт на тој човек, тој продолжува да живее. Заради неговото дело, заради неговата идеја, заради тоа што го направил за Македонија.
Слава му!

The post Тодор Александров е еден од најмоќните и највлијателните лидери на ВМРО appeared first on Република.

]]>

Оваа година се навршија 100 години од убиството на Тодор Александров. Соред многумина историчари тој бил еден од најмоќните и највлијателните лидери на ВМРО. Ја издигнал организацијата од рушевини и ја направил најмоќната организација во Европа, со која сите сакале да соработуваат и од која сите се плашеле, истакна во својот говор премиерот Христијан Мицкоски . https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vmro-nerazdvojno-i-nepokoleblivo-mu-pripaga-na-makedonskiot-narod/
За нејзе слушнале од Даблин до Москва. За нејзе учеле сите од регионот, и од нејзе учеле сите кои знаеле што е борба за сопствена држава и идеја. Сакам на овој ден на денот на формирањето на македонската револуционерна организација да му оддадам почит, и да ги кажам зборовите кои одекнуваа при неговата смрт, а со кои соопштението за смртта до јавноста го завршиле во тој период. Во тоа соопштение објаснувајќи кои се убијците кои го сториле тоа убиство и објаснувајќи што се случило завршило со реченицата: Тодор Александров е мртов! Живее Тодор Александров!
Има ли помоќни зборови за некоја личност, кога човек ќе каже дека и покрај насилната смрт на тој човек, тој продолжува да живее. Заради неговото дело, заради неговата идеја, заради тоа што го направил за Македонија. Слава му!

The post Тодор Александров е еден од најмоќните и највлијателните лидери на ВМРО appeared first on Република.

]]>
Како српските медиуми известувале за смртта на Тодор Александров https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kako-srpskite-mediumi-izvestuvale-za-smrtta-na-todor-aleksandrov/ Sun, 01 Sep 2024 10:47:08 +0000 https://republika.mk/?p=811971

Култната „Политика“ во изданието од 16 септември 1924 година пишува за загинувањето на „Тодор Александров“.

Во крава пресметка меѓу поединци од Македонската револуционерна организација загина нивниот водач.Убиствата продолжуваат.Во Џумаја и Петрич се водат борби.Вознемиреност во Бугарија-пишува „Политика“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/na-deneshen-den-na-pirin-planina-vo-1924-ta-e-ubien-todor-aleksandrov/

The post Како српските медиуми известувале за смртта на Тодор Александров appeared first on Република.

]]>

Култната „Политика“ во изданието од 16 септември 1924 година пишува за загинувањето на „Тодор Александров“.
Во крава пресметка меѓу поединци од Македонската револуционерна организација загина нивниот водач.Убиствата продолжуваат.Во Џумаја и Петрич се водат борби.Вознемиреност во Бугарија-пишува „Политика“.
https://republika.mk/vesti/makedonija/na-deneshen-den-na-pirin-planina-vo-1924-ta-e-ubien-todor-aleksandrov/

The post Како српските медиуми известувале за смртта на Тодор Александров appeared first on Република.

]]>
100 години од убиството на Тодор Александров https://arhiva3.republika.mk/kolumni/100-godini-od-ubistvoto-na-todor-aleksandrov/ Sat, 31 Aug 2024 16:34:18 +0000 https://republika.mk/?p=811834

Никола Жежов

Историјата на македонското револуционерно движење во XX век паметела многу заговори, нерасчистени ликвидации, атентати кои оставиле трајни белези врз судбината на Македонија. ВМРО како организација станала место на бројни физички ликвидации, арена на крвави судири и влијанија на некои од балканските држави. Организацијата која ги одбележала годините помеѓу двете светски војни била место каде се судирале и амбициите за престиж, водство и лидерство што од своја страна предизвикувало фракционерски борби, прегрупирања што ја слабееле силата на ВМРО и ја правеле подложна на надворешни влијанија. Тодор Александров како водечка личност во ЦК на ВМРО во време од 13 години колку што бил во раководството на оваа македонска организација, успеал да создаде едно привидно единство, да ги сплоти различните теченија и струи и како резултат на неговото харизматично владеење да ја насочи борбата кон првобитната цел-автономна или независна македонска држава. Прагматичниот Александров успевал да ги држи настрана различните влијанија и надворешни интереси на странски фактори и релативно да ја зачува независноста на ВМРО. Во негово време, Организацијата станала влијателен фактор и во македонското револуционерно движење се издигнала како единствен репрезент на македонскиот народ во неговата борба за државност и независност. Тоа претставувало доволна причина, Тодор Александров да си создаде непријатели и во самата Организација, но и кај различни воено-политички фактори на Балканот и во Европа. Подемот на Александров претставувал аларм за негово отстранување од раководството на ВМРО. Кој се имаше мотив да го ликвидира харизматичниот вожд на ВМРО? Директните атентатори се познати, но нарачателите на неговото убиство и покрај бројните претпоставки, можно е сеуште да се добро скриени во сенката на историјата.

Планот за ликвидација на Тодор Александров веројатно бил подготвен повеќе месеци наназад од денот на самиот чин на убиството. Се чекал погодниот момент за неговото убиство. Тоа било во предвечерието на одржувањето на окружниот конгрес на Серскиот револуционерен округ на ВМРО кога Тодор Александров се обидувал да ги среди состојбите во Организацијата по бурните настани што следувале со потпишувањето на Мајскиот манифест и новата ориентација и цели на македонското револуционерно движење. Новата политика на Александров и поставувањето на ВМРО на македонски национални и државни позиции била еден од мотивите за неговото отстранување. Вториот мотив, којшто исто така бил пресуден да се активира изречената смртна пресуда врз Александров бил неговиот обид да ги отстрани финансиските аномалии што се јавиле во редовите на Организацијата и чии главни протагонисти биле одредени личности во самиот врв кои биле осомничени за проневера на милионски суми на организациони пари.

Според верзијата од архивата на ВМРО, базирана на искази на одделни нејзини членови, директната ликвидација на Тодор Александров ја предводел раководителот на Серскиот револуционерен округ на ВМРО, Алеко Василев-Пашата. Според исказот на Динчо Сугарски, заговорничката група се состоела од неколкумина четници и војводи на ВМРО кои ги координирал Алеко Пашата. Блиските соработници на Василев, најпрво се сретнале во селото Горна Сушица, каде во куќата на Гоце Манолев на групата и било соопштено дека треба да ги пречекаат Тодор Александров и Александар Протогеров. Војводите Штерју Влахов и Динчо Вретенаров под заклетва им соопштиле на присутните дека по наредба на Алеко Василев треба да биде убиен водачот на ВМРО-Тодор Александров. Тоа претставувало гром од ведро небо за присутните, но и покрај тоа по извесно време сите се согласиле да го спроведуваат планот на Вретенаров и Влахов. Кон групата околу 11 часот се придружиле Александров, неговиот телохранител Панзо Зафиров и Александар Протогеров и сите заедно се упатиле кон селото Лопово. По пат Александров, без да ја претчувствува опасноста по неговиот живот бил весел и разговарал за различни теми со членовите на групата. Во близина на едно планинско изворче, групата застанала да се одмори и да каснат од храната што ја носеле со себе. По ручекот, Тодор Александров му ја дал својата пушка на Панзо Зафиров, но веднаш се придодал војводата Влахов кој побарал оружјето да го земе Динчо Сугарски за да не му биде на товар на личниот телохранител на Александров. Тоа всушност претставувало сигнал дека планот за ликвидација веќе започнал. Во близина на Сугарска река, Александров предложил да се застане за да се нахранат коњите. Тодор Александров и Александар Протогеров се тргнале настрана и започнале разговор, а по малку време легнале да отпочинат. Телохранителот Зафиров исто така задремал. Во тој момент, Сугарски ги тргнал коњите настрана, додека Штерју Влахов и Динчо Вретенаров се доближиле до членовите на ЦК. Во исто време војводите стрелале кон Александров. Панзо Зафиров се разбудил и се обидел да дојде до својата пушка, но веднаш бил застрелан од од курирот Динчо Балкански. Александар Протогеров кој бил изненаден од молскавичната терористичка акција, се онесвестил. Штерју Влахов го утешувал генералот Протогеров дека на него ништо нема да му сторат и дека ќе го остават жив. Впрочем, при самиот чин на убиството на Александров според документите на Организацијата, Штерју Влахов извикал: „Место ти да ме убиеш, јас те убив. Ти толку невини души изеде, та и мене сакаше да ме изедеш“. Војводите Влахов и Вретенаров заедно со присутните набрзина ги сокриле труповите на убиените во блиската шума и се упатиле кон колибите во близина на селото Лопово каде што ги чекал Алеко Василев-Пашата. Подоцна, кога ВМРО спровела истрага за нарачателите на атентатот врз Тодор Александров, под силен притисок, од дел од македонските дејци пред се од Илинденската организација биле извлечени признанија дека зад ликвидацијата стоеле лично Алеко Василев-Пашата и Георги Атанасов, двајцата од раководството на Серскиот револуционерен округ на ВМРО.

На тој начин трагично завршил животот на Тодор Александров, еден од најхаризмаичните и најавторитетни водачи на ВМРО. Кој го испланирал атентатот врз Александров? Дали тоа навистина било спонатано убиство на неколку претенденти за неговото место во ЦК или неговата ликвидација имала многу подлабока позадина? Втората претпоставка е далеку поверојатна. Во прилог на тоа одат многу показатели кои не се воопшто случајни и имаат поврзаност помеѓу себе.

И покрај сите овие претпоставки, голема е веројатноста врз основа на документите и фактите, кругот на познати учесници во планот за ликвидација на Александров да застане кај Алеко Пашата и Георги Атанасов. Особено силен мотив за тоа биле најавите на водачот на ВМРО дека ќе се вложи во расчистувањето на сите матни финансиски зделки во кои биле вклучени последните двајца при што Петричко и околината ги претвориле во вистинско феудално владение или како што некои го нарекувале „пашалак“. Според сведенија од архивата на ВМРО на својата лична сметка, од трговијата со тутун и лихва од разни заеми, Алеко Василев-Пашата располагал со околу 7 милиони лева, додека Атанасов имал добивка од околу 2 милиони лева што претставувало вистинско богатство. Ваквата состојба во голем степен била неиздржлива и го подривала угледот на ВМРО во Пиринска Македонија, особено во Петричко. Тоа ги алармирало двајцата водечки личности на ВМРО во Серскиот револуционерен округ да започнат да подготвуваат планови за елиминирање на харизматичниот и авторитативен водач на ВМРО.

Постои и една верзија дека убиството на Тодор Александров било дело на комунистите - Комунистичката интернационала, БКП, СССР во соработка со македонските левичарски организации во Бугарија. Оваа претпоставка, која е помалку веројатна, се базира на фактот што Тодор Александров се откажал од потписот на Мајскиот манифест и тој чин го прогласил за мистификација на комунистите за чие потпишување голема заслуга имаат и Коминтерната и СССР. Како показател кој ја поткрепувал оваа теза послужил и фактот што Мајскиот манифест под влијание на Димитар Влахов бил објавен во весникот „Балканска федерација“ и покрај барањето на Александров да се почека уште извесно време додека да се подготви членството на ВМРО за тој радикален пресврт во политиката на Организацијата кон македонското прашање. Објавувањето на манифестот значела индиректна ликвидација на Александров и тоа со заслуга на комунистичкото движење. Покрај објавената брошура во издание на ВМРО под наслов „Заговорот против Тодор Александров“ каде се наведуваат аргументи за учество и на комунисти по убедување во убиството на Александров, други конкретни документи кои го наведуваат можното учество на комунистите во овој настан се и некои документи од архивата на Коминтерната каде индиректно од некои кругови се посочувало дека подобро било Тодор Алесандров да биде убиен и да го нема отколку тој да ги убие сите припадници на левичарските организации и комунистите во Бугарија. Сепак тоа не е доволен конкретен доказ дека во тој правец од страна на Коминтерната или БКП било и дејствувано или предложен некаков план.

Најверојатна теза за организатор на убиството на Тодор Александров е дека зад целиот план стоела бугарската влада на Александар Цанков. Во поткрепа на тоа има повеќе аргументи. Бугарската влада имала интерес да го отстрани Тодор Александров од челното место во ВМРО. Владата на Цанков, иако декларативно имала добри односи со Организацијата, во суштина се наоѓала во речиси непријателски односи со оваа македонска организација. Ваквата ситуација се создала од оној момент кога бугарската влада на Цанков се обидела да ги подобри своите односи со Кралството на СХС. Тоа било доволна причина раководството на ВМРО да упати остри критики до владата во Софија и да ја предупреди дека Кралството на СХС е најголемиот непријател на Организацијата и на правилното решавање на македонското прашање. Во 1924 година, Тодор Александров на неколку пати упатувал остри писма до бугарски министри во владата на Цанков во кои им се заканувал дека ВМРО ќе се пресмета и со нив како и со владата на Стамболиски доколку се посегне по нејзините интереси. Ваквите изјави на Александров секако дека не ја оставиле рамнодушна бугарската власт која се повеќе стравувала од моќта на ВМРО и влијателноста на водачот на ВМРО во бугарското општество. Се чекал погодниот момент и повод да се започне решителна акција против Александров и неговата улога во македонското револуционерно движење. Тоа било потпишувањето на Мајскиот манифест на ВМРО во кој, меѓу другото Организацијата се оградувала и од бугарската држава и политика по македонското прашање. Александар Цанков добил моќно оружје во своите раце за конечна пресметка со авторитетниот Тодор Александров. Започнале притисоците врз Тодор Александров кој се нашол во една незавидна позиција поради новиот правец на ВМРО во нејзината револуционерна дејност и борба за ослободување на Македонија. Прагматичниот Александров се наоѓал и порано во вакви ситуации, но успевал да се извлече од амбисот. Сега ситуацијата била далеку посложена за него. Тој започнал со подготовки за организирање на општ конгрес на ВМРО каде се подготвувал да ја објасни новата ситуација, но и да се пресмета со растечката опозиција против него во самата организација, но и во македонското револуционерно движење.

Уште во периодот додека во Бугарија се наоѓала на власт земјоделската партија на Стамболиски, Тодор Александров бил интензивно надгледуван од службите на државната безбедност, а информации за неговата активност до бугарските тајни служби биле испраќани од луѓе во врвот на ВМРО. За тоа сведочи писмото на началникот на штабот на бугарската армија Точков до генералот Александар Протогеров во кое го известувал дека во негова рака дошле писма од архивата на Тодор Александров кои му биле лично доставувани и на самиот бугарски премиер Стамболиски и тоа преку лице кое имало псевдоним и не се знае точно за која личност се работи. Во делот од писмото до Протогеров се истакнува и дека за согласноста за давање на писмата на Александров на увид на бугарскиот премиер давале премолчена согласност и некои други луѓе, веројатно од врвните структури на ВМРО, за кои бугарскиот генерал не сакал да даде податоци за нивниот идентитет. Ова сведочи дека околу Александров уште во време на земјоделската власт се плетела заговорничка мрежа во која биле вмешани и луѓе од раководството на Организацијата, но и лица од Воено-офицерската лига на Бугарија и најмногу луѓе од високите политички кругови на Бугарија.

Констатацијата на Воено-офицерските кругови во Бугарија била навистина реална, особено од стравот дека Тодор Александров, иако не директно, се потпишал врз еден документ кој на македонското прашање му давал и национален и државен карактер. Во една таква констелација кога постоело премолчано одобрување од бугарската власт, на воените кругови не им било тешко да ги придобијат на своја страна Алеко Пашата и Атанасов за спроведување на својот пеколен план. Ако на ова се додаде и признанието на бугарскиот премиер Александар Цанков кога ја слушнал веста за убиството на Тодор Александров: „ Слава му на Бога, се заврши и со него„ а пренесено во бугарската историографија уште во 90-тите години на 20 век, јасно се заокружува мозаикот на учесници во ликвидацијата на Тодор Александров, со тоа што на врвот на таа сложена пирамида застанала бугарската влада на Александар Цанков. Сликата за директното или индиректно учество на бугарската влада во ликвидацијата на Александров уште повеќе ја потполнуваат и спомените на македонски дејци-учесници во настаните кои колку во некои моменти и да се субјективни треба да се компарираат со веќе воочливите факти.

Сепак, и покрај сите претпоставки, тези, мислења од кои најголем дел се засновани на научни истражувања, историска аргументација и документи и понатаму со целосна сигурност не може да се утврди нарачателот на убиството на Тодор Александров. Кој и да го нарачал и испланирал отстранувањето на Александров од водечкото место во ВМРО, факт е дека постигнал добро смислена криза и раскол и во Организацијата и во македонското револуционерно движење што имаше далекусежни последици затоа што го смениле текот на македонската историја во сосема друг правец-туѓ за македонската кауза и за трајното решавање на горливото македонско прашање.

The post 100 години од убиството на Тодор Александров appeared first on Република.

]]>

Никола Жежов

Историјата на македонското револуционерно движење во XX век паметела многу заговори, нерасчистени ликвидации, атентати кои оставиле трајни белези врз судбината на Македонија. ВМРО како организација станала место на бројни физички ликвидации, арена на крвави судири и влијанија на некои од балканските држави. Организацијата која ги одбележала годините помеѓу двете светски војни била место каде се судирале и амбициите за престиж, водство и лидерство што од своја страна предизвикувало фракционерски борби, прегрупирања што ја слабееле силата на ВМРО и ја правеле подложна на надворешни влијанија. Тодор Александров како водечка личност во ЦК на ВМРО во време од 13 години колку што бил во раководството на оваа македонска организација, успеал да создаде едно привидно единство, да ги сплоти различните теченија и струи и како резултат на неговото харизматично владеење да ја насочи борбата кон првобитната цел-автономна или независна македонска држава. Прагматичниот Александров успевал да ги држи настрана различните влијанија и надворешни интереси на странски фактори и релативно да ја зачува независноста на ВМРО. Во негово време, Организацијата станала влијателен фактор и во македонското револуционерно движење се издигнала како единствен репрезент на македонскиот народ во неговата борба за државност и независност. Тоа претставувало доволна причина, Тодор Александров да си создаде непријатели и во самата Организација, но и кај различни воено-политички фактори на Балканот и во Европа. Подемот на Александров претставувал аларм за негово отстранување од раководството на ВМРО. Кој се имаше мотив да го ликвидира харизматичниот вожд на ВМРО? Директните атентатори се познати, но нарачателите на неговото убиство и покрај бројните претпоставки, можно е сеуште да се добро скриени во сенката на историјата. Планот за ликвидација на Тодор Александров веројатно бил подготвен повеќе месеци наназад од денот на самиот чин на убиството. Се чекал погодниот момент за неговото убиство. Тоа било во предвечерието на одржувањето на окружниот конгрес на Серскиот револуционерен округ на ВМРО кога Тодор Александров се обидувал да ги среди состојбите во Организацијата по бурните настани што следувале со потпишувањето на Мајскиот манифест и новата ориентација и цели на македонското револуционерно движење. Новата политика на Александров и поставувањето на ВМРО на македонски национални и државни позиции била еден од мотивите за неговото отстранување. Вториот мотив, којшто исто така бил пресуден да се активира изречената смртна пресуда врз Александров бил неговиот обид да ги отстрани финансиските аномалии што се јавиле во редовите на Организацијата и чии главни протагонисти биле одредени личности во самиот врв кои биле осомничени за проневера на милионски суми на организациони пари. Според верзијата од архивата на ВМРО, базирана на искази на одделни нејзини членови, директната ликвидација на Тодор Александров ја предводел раководителот на Серскиот револуционерен округ на ВМРО, Алеко Василев-Пашата. Според исказот на Динчо Сугарски, заговорничката група се состоела од неколкумина четници и војводи на ВМРО кои ги координирал Алеко Пашата. Блиските соработници на Василев, најпрво се сретнале во селото Горна Сушица, каде во куќата на Гоце Манолев на групата и било соопштено дека треба да ги пречекаат Тодор Александров и Александар Протогеров. Војводите Штерју Влахов и Динчо Вретенаров под заклетва им соопштиле на присутните дека по наредба на Алеко Василев треба да биде убиен водачот на ВМРО-Тодор Александров. Тоа претставувало гром од ведро небо за присутните, но и покрај тоа по извесно време сите се согласиле да го спроведуваат планот на Вретенаров и Влахов. Кон групата околу 11 часот се придружиле Александров, неговиот телохранител Панзо Зафиров и Александар Протогеров и сите заедно се упатиле кон селото Лопово. По пат Александров, без да ја претчувствува опасноста по неговиот живот бил весел и разговарал за различни теми со членовите на групата. Во близина на едно планинско изворче, групата застанала да се одмори и да каснат од храната што ја носеле со себе. По ручекот, Тодор Александров му ја дал својата пушка на Панзо Зафиров, но веднаш се придодал војводата Влахов кој побарал оружјето да го земе Динчо Сугарски за да не му биде на товар на личниот телохранител на Александров. Тоа всушност претставувало сигнал дека планот за ликвидација веќе започнал. Во близина на Сугарска река, Александров предложил да се застане за да се нахранат коњите. Тодор Александров и Александар Протогеров се тргнале настрана и започнале разговор, а по малку време легнале да отпочинат. Телохранителот Зафиров исто така задремал. Во тој момент, Сугарски ги тргнал коњите настрана, додека Штерју Влахов и Динчо Вретенаров се доближиле до членовите на ЦК. Во исто време војводите стрелале кон Александров. Панзо Зафиров се разбудил и се обидел да дојде до својата пушка, но веднаш бил застрелан од од курирот Динчо Балкански. Александар Протогеров кој бил изненаден од молскавичната терористичка акција, се онесвестил. Штерју Влахов го утешувал генералот Протогеров дека на него ништо нема да му сторат и дека ќе го остават жив. Впрочем, при самиот чин на убиството на Александров според документите на Организацијата, Штерју Влахов извикал: „Место ти да ме убиеш, јас те убив. Ти толку невини души изеде, та и мене сакаше да ме изедеш“. Војводите Влахов и Вретенаров заедно со присутните набрзина ги сокриле труповите на убиените во блиската шума и се упатиле кон колибите во близина на селото Лопово каде што ги чекал Алеко Василев-Пашата. Подоцна, кога ВМРО спровела истрага за нарачателите на атентатот врз Тодор Александров, под силен притисок, од дел од македонските дејци пред се од Илинденската организација биле извлечени признанија дека зад ликвидацијата стоеле лично Алеко Василев-Пашата и Георги Атанасов, двајцата од раководството на Серскиот револуционерен округ на ВМРО. На тој начин трагично завршил животот на Тодор Александров, еден од најхаризмаичните и најавторитетни водачи на ВМРО. Кој го испланирал атентатот врз Александров? Дали тоа навистина било спонатано убиство на неколку претенденти за неговото место во ЦК или неговата ликвидација имала многу подлабока позадина? Втората претпоставка е далеку поверојатна. Во прилог на тоа одат многу показатели кои не се воопшто случајни и имаат поврзаност помеѓу себе. И покрај сите овие претпоставки, голема е веројатноста врз основа на документите и фактите, кругот на познати учесници во планот за ликвидација на Александров да застане кај Алеко Пашата и Георги Атанасов. Особено силен мотив за тоа биле најавите на водачот на ВМРО дека ќе се вложи во расчистувањето на сите матни финансиски зделки во кои биле вклучени последните двајца при што Петричко и околината ги претвориле во вистинско феудално владение или како што некои го нарекувале „пашалак“. Според сведенија од архивата на ВМРО на својата лична сметка, од трговијата со тутун и лихва од разни заеми, Алеко Василев-Пашата располагал со околу 7 милиони лева, додека Атанасов имал добивка од околу 2 милиони лева што претставувало вистинско богатство. Ваквата состојба во голем степен била неиздржлива и го подривала угледот на ВМРО во Пиринска Македонија, особено во Петричко. Тоа ги алармирало двајцата водечки личности на ВМРО во Серскиот револуционерен округ да започнат да подготвуваат планови за елиминирање на харизматичниот и авторитативен водач на ВМРО. Постои и една верзија дека убиството на Тодор Александров било дело на комунистите - Комунистичката интернационала, БКП, СССР во соработка со македонските левичарски организации во Бугарија. Оваа претпоставка, која е помалку веројатна, се базира на фактот што Тодор Александров се откажал од потписот на Мајскиот манифест и тој чин го прогласил за мистификација на комунистите за чие потпишување голема заслуга имаат и Коминтерната и СССР. Како показател кој ја поткрепувал оваа теза послужил и фактот што Мајскиот манифест под влијание на Димитар Влахов бил објавен во весникот „Балканска федерација“ и покрај барањето на Александров да се почека уште извесно време додека да се подготви членството на ВМРО за тој радикален пресврт во политиката на Организацијата кон македонското прашање. Објавувањето на манифестот значела индиректна ликвидација на Александров и тоа со заслуга на комунистичкото движење. Покрај објавената брошура во издание на ВМРО под наслов „Заговорот против Тодор Александров“ каде се наведуваат аргументи за учество и на комунисти по убедување во убиството на Александров, други конкретни документи кои го наведуваат можното учество на комунистите во овој настан се и некои документи од архивата на Коминтерната каде индиректно од некои кругови се посочувало дека подобро било Тодор Алесандров да биде убиен и да го нема отколку тој да ги убие сите припадници на левичарските организации и комунистите во Бугарија. Сепак тоа не е доволен конкретен доказ дека во тој правец од страна на Коминтерната или БКП било и дејствувано или предложен некаков план. Најверојатна теза за организатор на убиството на Тодор Александров е дека зад целиот план стоела бугарската влада на Александар Цанков. Во поткрепа на тоа има повеќе аргументи. Бугарската влада имала интерес да го отстрани Тодор Александров од челното место во ВМРО. Владата на Цанков, иако декларативно имала добри односи со Организацијата, во суштина се наоѓала во речиси непријателски односи со оваа македонска организација. Ваквата ситуација се создала од оној момент кога бугарската влада на Цанков се обидела да ги подобри своите односи со Кралството на СХС. Тоа било доволна причина раководството на ВМРО да упати остри критики до владата во Софија и да ја предупреди дека Кралството на СХС е најголемиот непријател на Организацијата и на правилното решавање на македонското прашање. Во 1924 година, Тодор Александров на неколку пати упатувал остри писма до бугарски министри во владата на Цанков во кои им се заканувал дека ВМРО ќе се пресмета и со нив како и со владата на Стамболиски доколку се посегне по нејзините интереси. Ваквите изјави на Александров секако дека не ја оставиле рамнодушна бугарската власт која се повеќе стравувала од моќта на ВМРО и влијателноста на водачот на ВМРО во бугарското општество. Се чекал погодниот момент и повод да се започне решителна акција против Александров и неговата улога во македонското револуционерно движење. Тоа било потпишувањето на Мајскиот манифест на ВМРО во кој, меѓу другото Организацијата се оградувала и од бугарската држава и политика по македонското прашање. Александар Цанков добил моќно оружје во своите раце за конечна пресметка со авторитетниот Тодор Александров. Започнале притисоците врз Тодор Александров кој се нашол во една незавидна позиција поради новиот правец на ВМРО во нејзината револуционерна дејност и борба за ослободување на Македонија. Прагматичниот Александров се наоѓал и порано во вакви ситуации, но успевал да се извлече од амбисот. Сега ситуацијата била далеку посложена за него. Тој започнал со подготовки за организирање на општ конгрес на ВМРО каде се подготвувал да ја објасни новата ситуација, но и да се пресмета со растечката опозиција против него во самата организација, но и во македонското револуционерно движење. Уште во периодот додека во Бугарија се наоѓала на власт земјоделската партија на Стамболиски, Тодор Александров бил интензивно надгледуван од службите на државната безбедност, а информации за неговата активност до бугарските тајни служби биле испраќани од луѓе во врвот на ВМРО. За тоа сведочи писмото на началникот на штабот на бугарската армија Точков до генералот Александар Протогеров во кое го известувал дека во негова рака дошле писма од архивата на Тодор Александров кои му биле лично доставувани и на самиот бугарски премиер Стамболиски и тоа преку лице кое имало псевдоним и не се знае точно за која личност се работи. Во делот од писмото до Протогеров се истакнува и дека за согласноста за давање на писмата на Александров на увид на бугарскиот премиер давале премолчена согласност и некои други луѓе, веројатно од врвните структури на ВМРО, за кои бугарскиот генерал не сакал да даде податоци за нивниот идентитет. Ова сведочи дека околу Александров уште во време на земјоделската власт се плетела заговорничка мрежа во која биле вмешани и луѓе од раководството на Организацијата, но и лица од Воено-офицерската лига на Бугарија и најмногу луѓе од високите политички кругови на Бугарија. Констатацијата на Воено-офицерските кругови во Бугарија била навистина реална, особено од стравот дека Тодор Александров, иако не директно, се потпишал врз еден документ кој на македонското прашање му давал и национален и државен карактер. Во една таква констелација кога постоело премолчано одобрување од бугарската власт, на воените кругови не им било тешко да ги придобијат на своја страна Алеко Пашата и Атанасов за спроведување на својот пеколен план. Ако на ова се додаде и признанието на бугарскиот премиер Александар Цанков кога ја слушнал веста за убиството на Тодор Александров: „ Слава му на Бога, се заврши и со него„ а пренесено во бугарската историографија уште во 90-тите години на 20 век, јасно се заокружува мозаикот на учесници во ликвидацијата на Тодор Александров, со тоа што на врвот на таа сложена пирамида застанала бугарската влада на Александар Цанков. Сликата за директното или индиректно учество на бугарската влада во ликвидацијата на Александров уште повеќе ја потполнуваат и спомените на македонски дејци-учесници во настаните кои колку во некои моменти и да се субјективни треба да се компарираат со веќе воочливите факти. Сепак, и покрај сите претпоставки, тези, мислења од кои најголем дел се засновани на научни истражувања, историска аргументација и документи и понатаму со целосна сигурност не може да се утврди нарачателот на убиството на Тодор Александров. Кој и да го нарачал и испланирал отстранувањето на Александров од водечкото место во ВМРО, факт е дека постигнал добро смислена криза и раскол и во Организацијата и во македонското револуционерно движење што имаше далекусежни последици затоа што го смениле текот на македонската историја во сосема друг правец-туѓ за македонската кауза и за трајното решавање на горливото македонско прашање.

The post 100 години од убиството на Тодор Александров appeared first on Република.

]]>
На стогодишнината од смртта на Тодор Александров, откриен споменик во штипско Ново Село https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-stogodishninata-od-smrtta-na-todor-aleksandrov-otkrien-spomenik-vo-shtipsko-novo-selo/ Sat, 31 Aug 2024 12:19:41 +0000 https://republika.mk/?p=811779

По повод 100 години од смртта на Тодор Александров денеска беше одржана панихида во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и откриен споменик во паркот, спроти Музејот на ВМРО во старата штипска населба Ново Село, каде што е роден. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов изјави дека на сто годишнината од смртта на Александров, а  на иницијатива на патриотското здружение „Мише Развигор“ и со одлука на Совет на Општина Штип, во штипско Ново Село е поставен споменикот кој што ќе го продолжува неговото дело.

-Сум сигурен дека целта на убиството пред 100 години била да згасне идејата за независна суверена Македонија, по 100 години го продолжуваме делото на Тодор Александров со поставување на ова спомен-обележје, но и идејата за Маекдонија. Нека му е вечна славата и борбата за Македонија нека продолжи, вели Јорданов.

Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“, Александар Пандов истакна дека Александров е еден од најголемите Македонци.

-Еден од најголемите Македонци, а јас секогаш велам дека по Гоце Делчев или рамо до рамо со големиот Гоце Делчев е Тодор Александров. На 100 годишнината добива спомен-обелејжје тука во Ново Село. Срамота е што досега не сме го направиле ова, но да повторам,благодарност до градоначалникот Јорданов што сега го имаме Тодор Александров во Ново Село, во местото на неговото раѓање,  изјави Пандов.

Игор Ефтимов од Здружението на почитувачи на историските личности од Ново Село во Штип истакна дека Александров е еден од најголемите водачи на историското ВМРО.

- Тој е човек кој, кога сите мислеле дека македонската идеја е умрена, успева да го обнови македонското прашање и кога сите мислеле дека Македонија треба да биде управувана од други, тој изјавува дека Македонија е само на Македонците и не може да биде управувана ниту од Срби, ниту од Бугари, ниту од Грци. Исто така денес одбележуваме и 30 години од поставување на спомен-обележјето на Тодор Александров во штипско Ново Село, но во таа чест денес се поставува и споменик на Тодор Александров во штипско Ново Село, рече Ефтимов.

На настанот учествуваа коњаници, граѓани од земјава, а настапи и групата „Некст тајм“

The post На стогодишнината од смртта на Тодор Александров, откриен споменик во штипско Ново Село appeared first on Република.

]]>

По повод 100 години од смртта на Тодор Александров денеска беше одржана панихида во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и откриен споменик во паркот, спроти Музејот на ВМРО во старата штипска населба Ново Село, каде што е роден. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов изјави дека на сто годишнината од смртта на Александров, а  на иницијатива на патриотското здружение „Мише Развигор“ и со одлука на Совет на Општина Штип, во штипско Ново Село е поставен споменикот кој што ќе го продолжува неговото дело.
-Сум сигурен дека целта на убиството пред 100 години била да згасне идејата за независна суверена Македонија, по 100 години го продолжуваме делото на Тодор Александров со поставување на ова спомен-обележје, но и идејата за Маекдонија. Нека му е вечна славата и борбата за Македонија нека продолжи, вели Јорданов.
Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“, Александар Пандов истакна дека Александров е еден од најголемите Македонци.
-Еден од најголемите Македонци, а јас секогаш велам дека по Гоце Делчев или рамо до рамо со големиот Гоце Делчев е Тодор Александров. На 100 годишнината добива спомен-обелејжје тука во Ново Село. Срамота е што досега не сме го направиле ова, но да повторам,благодарност до градоначалникот Јорданов што сега го имаме Тодор Александров во Ново Село, во местото на неговото раѓање,  изјави Пандов.
Игор Ефтимов од Здружението на почитувачи на историските личности од Ново Село во Штип истакна дека Александров е еден од најголемите водачи на историското ВМРО.
- Тој е човек кој, кога сите мислеле дека македонската идеја е умрена, успева да го обнови македонското прашање и кога сите мислеле дека Македонија треба да биде управувана од други, тој изјавува дека Македонија е само на Македонците и не може да биде управувана ниту од Срби, ниту од Бугари, ниту од Грци. Исто така денес одбележуваме и 30 години од поставување на спомен-обележјето на Тодор Александров во штипско Ново Село, но во таа чест денес се поставува и споменик на Тодор Александров во штипско Ново Село, рече Ефтимов.
На настанот учествуваа коњаници, граѓани од земјава, а настапи и групата „Некст тајм“

The post На стогодишнината од смртта на Тодор Александров, откриен споменик во штипско Ново Село appeared first on Република.

]]>
На денешен ден на Пирин Планина во 1924-та е убиен Тодор Александров https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-deneshen-den-na-pirin-planina-vo-1924-ta-e-ubien-todor-aleksandrov/ Sat, 31 Aug 2024 07:32:25 +0000 https://republika.mk/?p=811720

На 31 август 1924 година кај селото Лопово, на Пирин Планина, е убиен Тодор Александров.

За убиството и нарачателот во историската наука постојат повеќе верзии. Тој бил македонски политички лидер и еден од водачите на ВМРО. Во 1898 година се приклучил во ТМОРО.

Бил учител и раководител на месните комитети во Кочани, Виница, Кратово, Ново Село и Штип, секретар на четата на штипскиот војвода Мише Развигоров и на кочанскиот околиски војвода Симеон Георгиев – Кочански, окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ, член на ЦК на ВМОРО, член во Штабот на III македонска бригада во Балканските војни и во Штабот на партизанската чета на III бригада на XI македонска дивизија во Првата светска војна.

По војната, заедно со Александар Протогеров и Петар Чаулев, ја обновил организацијата под името ВМРО (1919) и во 1920 ја зацврстил во Пиринскиот дел на Македонија, каде што создал организациона и воена база и оттаму ги обновил оружените четнички акции во Вардарскиот дел на Македонија. Дејствувал против политиката на земјоделската влада на Александар Стамболиски за зближување со Кралството на СХС.

The post На денешен ден на Пирин Планина во 1924-та е убиен Тодор Александров appeared first on Република.

]]>

На 31 август 1924 година кај селото Лопово, на Пирин Планина, е убиен Тодор Александров. За убиството и нарачателот во историската наука постојат повеќе верзии. Тој бил македонски политички лидер и еден од водачите на ВМРО. Во 1898 година се приклучил во ТМОРО. Бил учител и раководител на месните комитети во Кочани, Виница, Кратово, Ново Село и Штип, секретар на четата на штипскиот војвода Мише Развигоров и на кочанскиот околиски војвода Симеон Георгиев – Кочански, окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ, член на ЦК на ВМОРО, член во Штабот на III македонска бригада во Балканските војни и во Штабот на партизанската чета на III бригада на XI македонска дивизија во Првата светска војна. По војната, заедно со Александар Протогеров и Петар Чаулев, ја обновил организацијата под името ВМРО (1919) и во 1920 ја зацврстил во Пиринскиот дел на Македонија, каде што создал организациона и воена база и оттаму ги обновил оружените четнички акции во Вардарскиот дел на Македонија. Дејствувал против политиката на земјоделската влада на Александар Стамболиски за зближување со Кралството на СХС.

The post На денешен ден на Пирин Планина во 1924-та е убиен Тодор Александров appeared first on Република.

]]>
Транспарент на фановите на Левски: Ако некој ми каже дека не сум Македонец ќе му го отсечам јазикот, ако ми каже дека не сум Бугар – главата! https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/transparent-na-fanovite-na-levski-ako-nekoj-mi-kazhe-deka-ne-sum-makedonets-ke-mu-go-otsecham-jazikot-ako-mi-kazhe-deka-ne-sum-bugar-glavata/ Thu, 03 Aug 2023 19:42:23 +0000 https://republika.mk/?p=668443

Навивачите на Левски на мечот против Шкупи имаа политички транспаренти и навредливи слогани.

Најпрво истакнаа транспарент дека за нив „Илинденското востание е Велигден“ за потоа да цитираат мисла на Тодор Александров дека „ако некој му каже дека не е Македонец ќе му го отсече јазикот а ако му каже дека не е Бугар - главата“.

https://republika.mk/sport/fudbal/nova-provokatsija-na-navivachite-na-levski-ilinden-majko-ilinden-za-bugarite-veligden/

The post Транспарент на фановите на Левски: Ако некој ми каже дека не сум Македонец ќе му го отсечам јазикот, ако ми каже дека не сум Бугар – главата! appeared first on Република.

]]>

Навивачите на Левски на мечот против Шкупи имаа политички транспаренти и навредливи слогани. Најпрво истакнаа транспарент дека за нив „Илинденското востание е Велигден“ за потоа да цитираат мисла на Тодор Александров дека „ако некој му каже дека не е Македонец ќе му го отсече јазикот а ако му каже дека не е Бугар - главата“. https://republika.mk/sport/fudbal/nova-provokatsija-na-navivachite-na-levski-ilinden-majko-ilinden-za-bugarite-veligden/

The post Транспарент на фановите на Левски: Ако некој ми каже дека не сум Македонец ќе му го отсечам јазикот, ако ми каже дека не сум Бугар – главата! appeared first on Република.

]]>
Избегнувајте ја ул.Тодор Александров, ќе се работи на неа https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/izbegnuvajte-ja-ul-todor-aleksandrov-kje-se-raboti-na-nea/ Tue, 06 Dec 2022 17:55:26 +0000 https://republika.mk/?p=582676

Ве известуваме дека на ден 7.12.2022г./среда/ и ден 8.122022г./четврток/ од 8.00ч. до 12:00часот екипи на ЈП Улици и патишта Скопје ќе ја  асфалтираат улицата Тодор Алексадров и поради изведба на градежните активности ќе биде воведен времен сообраќаен режим на двете коловозни ленти и обележана со соодветна сигнализација.

Во среда ќе бидат затворени коловозните ленти на потегот од ИЗИИС до Турската Амбасада, а во четврток на потегот од Турската Амбасада до кривната кај МВР.  Апелираме до граѓаните за трпеливост во сообраќајот до завршување на градежните активности со цел побезбедно и непречено движење со новата асфалтирана површина на улицата.

The post Избегнувајте ја ул.Тодор Александров, ќе се работи на неа appeared first on Република.

]]>

Ве известуваме дека на ден 7.12.2022г./среда/ и ден 8.122022г./четврток/ од 8.00ч. до 12:00часот екипи на ЈП Улици и патишта Скопје ќе ја  асфалтираат улицата Тодор Алексадров и поради изведба на градежните активности ќе биде воведен времен сообраќаен режим на двете коловозни ленти и обележана со соодветна сигнализација. Во среда ќе бидат затворени коловозните ленти на потегот од ИЗИИС до Турската Амбасада, а во четврток на потегот од Турската Амбасада до кривната кај МВР.  Апелираме до граѓаните за трпеливост во сообраќајот до завршување на градежните активности со цел побезбедно и непречено движење со новата асфалтирана површина на улицата.

The post Избегнувајте ја ул.Тодор Александров, ќе се работи на неа appeared first on Република.

]]>
Груевски со статус за годишнината од смртта на Тодор Александров https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gruevski-so-status-za-godishninata-od-smrtta-na-todor-aleksandrov/ Wed, 31 Aug 2022 08:45:56 +0000 https://republika.mk/?p=545969

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук објави статус по повод годишнината од смртта на Тодор Александров.

На денешен ден - 31 август, во 1924 година е убиен Тодор Александров. Формално и де јуре тој бил член на тричлениот централен комитет (колективно извршно раководство на ВМРО), а не формално и де факто како резултат на авторитетот кој го уживал и влијанието кое го имал бил лидер на ВМРО и еден од нејзините најславни лидери во 41 година постоење на Организацијата-пишува Груевски.

Неговиот статус прочитајте го во целост.

 

The post Груевски со статус за годишнината од смртта на Тодор Александров appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук објави статус по повод годишнината од смртта на Тодор Александров. На денешен ден - 31 август, во 1924 година е убиен Тодор Александров. Формално и де јуре тој бил член на тричлениот централен комитет (колективно извршно раководство на ВМРО), а не формално и де факто како резултат на авторитетот кој го уживал и влијанието кое го имал бил лидер на ВМРО и еден од нејзините најславни лидери во 41 година постоење на Организацијата-пишува Груевски. Неговиот статус прочитајте го во целост.  

The post Груевски со статус за годишнината од смртта на Тодор Александров appeared first on Република.

]]>
Георгиевски: Тодор Александров и Ванчо Михајлов се синоним за автономна и обединета Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/georgievski-todor-aleksandrov-i-vancho-mihajlov-se-sinonim-za-avtonomna-i-obedineta-makedonija/ Tue, 03 May 2022 20:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=497155

Поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски вели дека името ВМРО е име кое Тодор Александров и Ванчо Михајлов го поставуваат на меѓународната сцена.

Во времето на Гоце, Даме, историските личности тоа беше ВМРО. Самото име е име на Александров и Михајлов. Тие сами по себе контроверзни и ги спомнувавме во пакет. Со тек на времето, Александров доби легитимитет и го рехабилитираа. Кога зборуваме за Ванчо Михајлов, не зборуваме за да му се постави улица, но не можете да го етикетирате во македонската историја, затоа што се двата лидери на ВМРО кои го држат македонското прашање меѓу двете светски војни. Тие се двајцата лидери чии имиња е синоним за автономна, самостојна и обединета Македонија, кажа Георгиевски во емисијата „Клик плус“.

The post Георгиевски: Тодор Александров и Ванчо Михајлов се синоним за автономна и обединета Македонија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски вели дека името ВМРО е име кое Тодор Александров и Ванчо Михајлов го поставуваат на меѓународната сцена.
Во времето на Гоце, Даме, историските личности тоа беше ВМРО. Самото име е име на Александров и Михајлов. Тие сами по себе контроверзни и ги спомнувавме во пакет. Со тек на времето, Александров доби легитимитет и го рехабилитираа. Кога зборуваме за Ванчо Михајлов, не зборуваме за да му се постави улица, но не можете да го етикетирате во македонската историја, затоа што се двата лидери на ВМРО кои го држат македонското прашање меѓу двете светски војни. Тие се двајцата лидери чии имиња е синоним за автономна, самостојна и обединета Македонија, кажа Георгиевски во емисијата „Клик плус“.

The post Георгиевски: Тодор Александров и Ванчо Михајлов се синоним за автономна и обединета Македонија appeared first on Република.

]]>