Тоде Новачевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tode-novachevski/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Jul 2024 11:29:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тоде Новачевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tode-novachevski/ 32 32 „Незаборав“ на „Бит фест“: Песните на познатиот композитор Тоде Новачевски ќе ги отпеат во живо познати македонски изведувачи https://arhiva3.republika.mk/scena/nezaborav-na-bit-fest-pesnite-na-poznatiot-kompozitor-tode-novachevski-ke-gi-otpeat-vo-zhivo-poznati-makedonski-izveduvachi/ Sun, 28 Jul 2024 12:07:19 +0000 https://republika.mk/?p=801022

Од 3 јули до 31 август во склоп на Битолското Културно лето ќе се одржи „Бит фест“.

Матија Дедиќ, Љубојна, Горан Бојчевски, Дарко Лешоски, Ана Бунтеска се дел од манифестацијата на која една вечер ќе биде посветена на творештвото на Тоде Новачевски.

На 5 август свој настап ќе има групата „Љубојна“, која преку својот автентичен музички стил, на присутните гости секогаш им нуди незаборавни моменти на музичко уживање, водено од македонската традиција и мелос.

Љубителите на класичната музика, ќе имаат ретка можност да бидат дел од настапот на врвниот светски познат пијанист Матија Дедиќ, кој ја продолжува музичката традиција на неговото семејство, Арсен Дедиќ и Габи Новак, на 9 август. Заедно со Матија Дедиќ, ќе настапи и битолчанецот Горан Бојчевски, магистер по кларинет и композитор, кој магистрираше на признатиот Моцартеуму во Салзбург, а музичките критичари го вбројуваат во еден од најдобрите кларинетисти во светот.

За љубителите на домашното вино, на 10 август во организација на Slow Wine – Вински салон, ќе бидат промовирани малите семејни производители на вино, кои преку дегустација ќе ја раскажат својата уникатна винска приказна, произлезена од локалните сорти на грозје, растени на ова поднебје.

Манифестацијата ќе биде надополнета со настап на музички групи

И за вљубениците во пишаниот збор, понудата на креативното изразување ќе биде изразена преку средбата со најпознатите македонски писатели. Преку целодневна работилница, публиката ќе може да се сретне со Ана Бунтеска, Дарко Лешоски, Ана Јовковска, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Јасмина Атанасова.

Ликовната и применетата уметност, како форма за промоција на културата, традицијата и уметноста на градот, преку работилници ќе биде доближана до пошироката јавност преку Ателје Солак, а изработените творби од секој учесник ќе бидат изложени на финална изложба кон крајот на месец август.

Финалето на 16-тото издание на битолско културно лето „БИТ ФЕСТ“, ќе биде посветено на уште еден значаен битолчанец, преку манифестацијата „Незаборав“. Песните на познатиот композитор Тоде Новачевски, ќе бидат отпеани на концерт во живо, со познати македонски изведувачи.

Ова се само дел од настаните, кои ќе бидат реализирани до 31.08.2024 година, во рамките на „БИТ ФЕСТ“ 2024, а комплетната програма ќе биде дополнително објавена.

The post „Незаборав“ на „Бит фест“: Песните на познатиот композитор Тоде Новачевски ќе ги отпеат во живо познати македонски изведувачи appeared first on Република.

]]>

Од 3 јули до 31 август во склоп на Битолското Културно лето ќе се одржи „Бит фест“. Матија Дедиќ, Љубојна, Горан Бојчевски, Дарко Лешоски, Ана Бунтеска се дел од манифестацијата на која една вечер ќе биде посветена на творештвото на Тоде Новачевски. На 5 август свој настап ќе има групата „Љубојна“, која преку својот автентичен музички стил, на присутните гости секогаш им нуди незаборавни моменти на музичко уживање, водено од македонската традиција и мелос. Љубителите на класичната музика, ќе имаат ретка можност да бидат дел од настапот на врвниот светски познат пијанист Матија Дедиќ, кој ја продолжува музичката традиција на неговото семејство, Арсен Дедиќ и Габи Новак, на 9 август. Заедно со Матија Дедиќ, ќе настапи и битолчанецот Горан Бојчевски, магистер по кларинет и композитор, кој магистрираше на признатиот Моцартеуму во Салзбург, а музичките критичари го вбројуваат во еден од најдобрите кларинетисти во светот. За љубителите на домашното вино, на 10 август во организација на Slow Wine – Вински салон, ќе бидат промовирани малите семејни производители на вино, кои преку дегустација ќе ја раскажат својата уникатна винска приказна, произлезена од локалните сорти на грозје, растени на ова поднебје. Манифестацијата ќе биде надополнета со настап на музички групи И за вљубениците во пишаниот збор, понудата на креативното изразување ќе биде изразена преку средбата со најпознатите македонски писатели. Преку целодневна работилница, публиката ќе може да се сретне со Ана Бунтеска, Дарко Лешоски, Ана Јовковска, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Јасмина Атанасова. Ликовната и применетата уметност, како форма за промоција на културата, традицијата и уметноста на градот, преку работилници ќе биде доближана до пошироката јавност преку Ателје Солак, а изработените творби од секој учесник ќе бидат изложени на финална изложба кон крајот на месец август. Финалето на 16-тото издание на битолско културно лето „БИТ ФЕСТ“, ќе биде посветено на уште еден значаен битолчанец, преку манифестацијата „Незаборав“. Песните на познатиот композитор Тоде Новачевски, ќе бидат отпеани на концерт во живо, со познати македонски изведувачи. Ова се само дел од настаните, кои ќе бидат реализирани до 31.08.2024 година, во рамките на „БИТ ФЕСТ“ 2024, а комплетната програма ќе биде дополнително објавена.

The post „Незаборав“ на „Бит фест“: Песните на познатиот композитор Тоде Новачевски ќе ги отпеат во живо познати македонски изведувачи appeared first on Република.

]]>
СОКОМ се прости од Тоде Новачевски: Неговото творештво е препознатливо по големиот опус на народни и забавни песни, скоро сите антологиски хитови https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sokom-se-prosti-od-tode-novachevski-negovoto-tvoreshtvo-e-prepoznatlivo-po-golemiot-opus-na-narodni-i-zabavni-pesni-skoro-site-antologiski-hitovi/ Fri, 11 Feb 2022 21:38:58 +0000 https://republika.mk/?p=457377

Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ со огромно жалење соопштува дека во текот на вчерашниот ден (10 февруари) почина истакнатиот македонски композитор, музичар, педагог и долгогодишен член на СОКОМ, Тоде Новачевски, стои во дописот на асоцијацијата.

Творечки опус на Тоде Новачевски опфаќа оркестарски, камерни, вокално-инструментални дела и кантата за хор. Неговото творештво е препознатливо по големиот опус на народни и забавни песни, скоро сите антологиски хитови.
Тоде Новачевски својот музичко-едукативен пат го проследува најпрво во средното музичко училиште во Битола. Потоа се запишува на наставно-теоретскиот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Две години подоцна, се запишува на одделот по композиција, во класата на Тома Прошев. На наставно-теоретскиот оддел дипломира во 1979 година, а на одделот по композиција во 1985 година. Од 1979 до 1982 година работи во Музичката продукција на РТС, а од 1982 година работи најпрво како корепетитор, а потоа како наставник во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Подоцна се преселува во Мелбурн, Австралија каде живееше и работеше повеќе од 30 години.

 Нека му е Вечен споменот!

The post СОКОМ се прости од Тоде Новачевски: Неговото творештво е препознатливо по големиот опус на народни и забавни песни, скоро сите антологиски хитови appeared first on Република.

]]>

Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ со огромно жалење соопштува дека во текот на вчерашниот ден (10 февруари) почина истакнатиот македонски композитор, музичар, педагог и долгогодишен член на СОКОМ, Тоде Новачевски, стои во дописот на асоцијацијата.
Творечки опус на Тоде Новачевски опфаќа оркестарски, камерни, вокално-инструментални дела и кантата за хор. Неговото творештво е препознатливо по големиот опус на народни и забавни песни, скоро сите антологиски хитови. Тоде Новачевски својот музичко-едукативен пат го проследува најпрво во средното музичко училиште во Битола. Потоа се запишува на наставно-теоретскиот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Две години подоцна, се запишува на одделот по композиција, во класата на Тома Прошев. На наставно-теоретскиот оддел дипломира во 1979 година, а на одделот по композиција во 1985 година. Од 1979 до 1982 година работи во Музичката продукција на РТС, а од 1982 година работи најпрво како корепетитор, а потоа како наставник во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Подоцна се преселува во Мелбурн, Австралија каде живееше и работеше повеќе од 30 години.
 Нека му е Вечен споменот!

The post СОКОМ се прости од Тоде Новачевски: Неговото творештво е препознатливо по големиот опус на народни и забавни песни, скоро сите антологиски хитови appeared first on Република.

]]>
Тивко живееше, тивко си замина: Росана се прости од Тоде Новачевски, поранешен сопруг на нејзината сестра Маријана https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/tivko-ziveeshe-tivko-si-zamina-rosana-se-prosti-od-tode-novachevski-poraneshen-soprug-na-nejzinata-sestra-marijana/ Thu, 10 Feb 2022 20:37:29 +0000 https://republika.mk/?p=456944

По долго боледување од рак на белите дробови, почина Тоде Новачевски, еден од најдобрите македонски композитори и поранешен сопруг на пејчката Маријана.

По тој повод, нејзината сестра, Росана, со емотивна објава се прости од Новачевски.

Нашиот композитор, еден и единствен. Човек кој ни ги подари најубавите евергрини на сите времиња, скромен, голем, татко на моите внуци си замина во вечноста. Сега заедно со нашиот брат горе некаде нека компонираат, музицираат бидејки музиката им беше живот. Голема благодарност и почит до него. Спомените за него и неговите песни секогаш ќе бидат во моето срце. Тивко живеесе, тивко и си замина. Почивај во мир, мој Тоде - напиша Росана на Фејсбук.

Тоде ќе остане запомнет по неговите антологиски песни кои ги напиша за нив две, „А од љубов не се бега“, „Ако не исчезнам“, „Признавам“, и многу други.

Тој лани во интервју за Свет Австралија раскажа за својата двегодишна борба со ракот.

The post Тивко живееше, тивко си замина: Росана се прости од Тоде Новачевски, поранешен сопруг на нејзината сестра Маријана appeared first on Република.

]]>

По долго боледување од рак на белите дробови, почина Тоде Новачевски, еден од најдобрите македонски композитори и поранешен сопруг на пејчката Маријана. По тој повод, нејзината сестра, Росана, со емотивна објава се прости од Новачевски.
Нашиот композитор, еден и единствен. Човек кој ни ги подари најубавите евергрини на сите времиња, скромен, голем, татко на моите внуци си замина во вечноста. Сега заедно со нашиот брат горе некаде нека компонираат, музицираат бидејки музиката им беше живот. Голема благодарност и почит до него. Спомените за него и неговите песни секогаш ќе бидат во моето срце. Тивко живеесе, тивко и си замина. Почивај во мир, мој Тоде - напиша Росана на Фејсбук.
Тоде ќе остане запомнет по неговите антологиски песни кои ги напиша за нив две, „А од љубов не се бега“, „Ако не исчезнам“, „Признавам“, и многу други. Тој лани во интервју за Свет Австралија раскажа за својата двегодишна борба со ракот.

The post Тивко живееше, тивко си замина: Росана се прости од Тоде Новачевски, поранешен сопруг на нејзината сестра Маријана appeared first on Република.

]]>