точаци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tochaci/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jun 2024 07:17:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png точаци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tochaci/ 32 32 Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје: „Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/poseben-rezhim-na-soobrakaj-vo-tsentarot-na-skopje-vozi-pravo-vozi-zdravo-osmi-pat-niz-skopskite-ulitsi/ Sun, 02 Jun 2024 07:26:57 +0000 https://republika.mk/?p=784008

Поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска трка, како и трка на родители со бебешки колички, насловена како „Вози право, вози здраво“ денеска од 11:00 до 12:00 часот во центарот на Скопје ќе има посебен режим на сообраќај по сообраќајниците каде ќе се движат учесниците на трката.

Како што информираат од МВР, стартната позиција на трката е од Порта Македонија, десно вдолж улицата „Димитрие Чупоски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до крстосницата со улицата „Наум Наумовски Борче“– Градски парк, кај споменикот на Гоце Делчев.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот

Во Скопје денеска по осми пат се одржува најмасовниот ревијален настан на тркала „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД - Скопје. Центарот на Скопје повторно ќе биде преплавен со најразлични видови превозни средства кои не ја загадуваат животната средина и нудат алтернативни опции за превоз низ градските улици, со што се поттикнуваат здрави животни навики и начин на живот. Стартот на трката е од Порта Македонија, а возењето завршува во Градскиот парк со голема забава на отворено.

Осмото издание на „Вози право, вози здраво“ се одржува во јубилејната година на Стопанска банка, кога се одбележуваат 80 години од нејзиното основање. Големиот јубилеј е отсликан и во наградите за лотаријата каде што ќе бидат доделени по осум награди од 10 категории: Specialized велосипеди за деца и за возрасни, Specialized заштитни кациги, тротинети, Garmin паметни часовници, ролерки, спортски ранци, хамоци, JBL слушалки и Stanley термоси. Покрај лотаријата, за учесниците ќе има организирана забава со уникатните 5+ фамилија, DJ, забавни и спортски активности, освежување и подароци – пластични шишиња, торби за велосипеди и маички.

Минатогодишното издание на „Вози право, вози здраво“ обедини околу 8.000 учесници од сите возрасни категории, при што сите од нив беа победници. Настанот е наменет за забава, дружење и промоција на здравите животни навики и затоа на трката не се мери времето и не се прогласуваат поединечни победници. Најважно е сите учесници да ја пренесат пораката за користење алтернативни начини на превоз со што ќе се намали сообраќајниот метеж низ градските улици и загадувањето на воздухот, а Банката како и претходните години продолжува да донира урбана опрема во поддршка на велосипедизмот за Градот Скопје.

The post Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје: „Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици appeared first on Република.

]]>

Поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска трка, како и трка на родители со бебешки колички, насловена како „Вози право, вози здраво“ денеска од 11:00 до 12:00 часот во центарот на Скопје ќе има посебен режим на сообраќај по сообраќајниците каде ќе се движат учесниците на трката. Како што информираат од МВР, стартната позиција на трката е од Порта Македонија, десно вдолж улицата „Димитрие Чупоски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до крстосницата со улицата „Наум Наумовски Борче“– Градски парк, кај споменикот на Гоце Делчев. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот Во Скопје денеска по осми пат се одржува најмасовниот ревијален настан на тркала „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД - Скопје. Центарот на Скопје повторно ќе биде преплавен со најразлични видови превозни средства кои не ја загадуваат животната средина и нудат алтернативни опции за превоз низ градските улици, со што се поттикнуваат здрави животни навики и начин на живот. Стартот на трката е од Порта Македонија, а возењето завршува во Градскиот парк со голема забава на отворено. Осмото издание на „Вози право, вози здраво“ се одржува во јубилејната година на Стопанска банка, кога се одбележуваат 80 години од нејзиното основање. Големиот јубилеј е отсликан и во наградите за лотаријата каде што ќе бидат доделени по осум награди од 10 категории: Specialized велосипеди за деца и за возрасни, Specialized заштитни кациги, тротинети, Garmin паметни часовници, ролерки, спортски ранци, хамоци, JBL слушалки и Stanley термоси. Покрај лотаријата, за учесниците ќе има организирана забава со уникатните 5+ фамилија, DJ, забавни и спортски активности, освежување и подароци – пластични шишиња, торби за велосипеди и маички. Минатогодишното издание на „Вози право, вози здраво“ обедини околу 8.000 учесници од сите возрасни категории, при што сите од нив беа победници. Настанот е наменет за забава, дружење и промоција на здравите животни навики и затоа на трката не се мери времето и не се прогласуваат поединечни победници. Најважно е сите учесници да ја пренесат пораката за користење алтернативни начини на превоз со што ќе се намали сообраќајниот метеж низ градските улици и загадувањето на воздухот, а Банката како и претходните години продолжува да донира урбана опрема во поддршка на велосипедизмот за Градот Скопје.

The post Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје: „Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици appeared first on Република.

]]>
Доколку го видите, да знаете дека не е за добро: Овој човек „оперира“ велосипеди низ Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dokolku-go-vidite-da-znaete-deka-ne-e-za-dobro-ovoj-chovek-operira-velosipedi-niz-skopje/ Tue, 28 Feb 2023 21:49:40 +0000 https://republika.mk/?p=614390

Чисто за инфо до сите ... доколу го видите човекот да знаете дека не е за добро...
Во зграда кај нас си влага(во тафталиџе кај катастар), 1 и пол саат си оперира (проверува се, што има, каде има), се крие кога влага некој со кола.... и на крај си излага со точакот што му се свиѓал од неколку паркирани и врзани.

The post Доколку го видите, да знаете дека не е за добро: Овој човек „оперира“ велосипеди низ Скопје appeared first on Република.

]]>

Чисто за инфо до сите ... доколу го видите човекот да знаете дека не е за добро... Во зграда кај нас си влага(во тафталиџе кај катастар), 1 и пол саат си оперира (проверува се, што има, каде има), се крие кога влага некој со кола.... и на крај си излага со точакот што му се свиѓал од неколку паркирани и врзани.

The post Доколку го видите, да знаете дека не е за добро: Овој човек „оперира“ велосипеди низ Скопје appeared first on Република.

]]>